You are on page 1of 17

ЖИТО ЛУКС АД СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ
ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДРУШТВОТО ВО 2013 ГОДИНА

СКОПЈЕ, ФЕВРУАРИ 2014


Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

СОДРЖИНА
страна

1. Економскo и деловно опкружување 3


2. Остварени финансиски резултати 5
3. Позајмици од банки 7
4. Управување со ризици 8
5. Маркетинг и промотивни активности 10
6. Корпоративна општествена одговорност 11
7. Човечки ресурси 13
8. Корпоративно управување 14
9. Заклучни согледувања 16

2
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

1. Економско и деловно опкружување


Показателите за глобалната економија укажуваат на постојано, но бавно
заздравување, во услови на различно темпо на раст на одделни економски
региони.Имено, развиените економии растеа побрзо во споредба со претходниот
квартал, додека брзо растечките економии растеа позабавено. И покрај позитивниот
економски раст во евро-зоната во двата последователни квартали во 2013, како и
релативно поволните индикации добиени од последните високофрекфентни
показатели за четвртиот квартал, се смета дека закрепнувањето ке продолжи да се
одвива забавено.1

Во текот на 2013 домашниот економија забележа пораст како резултат на


позитивните движења во градежниот сектор и закрепнување на индустријата, како и
ефектот на специфичните фактори на нови странски инвестиции и улогата на
фискалните стимулации. Според последните податоци објавени од страна на
Државниот завод за статистика, стапката на раст на БДП за третиот квартал на 2013
година изнесува 3,3%, при што најголем пораст е забележан во следниве сектори:
градежништво, сообраќај, складирање и врски, трговски и финанскиски
посредувавања и активности во врска со недвижен имот, лизинг и деловни
активности.

Во однос на вработувањето, бројот на вработени лица бележи постојан пораст во


2013. Овој индикатор покажува позитивен тренд во шест последователни квартали.
Овие движења на пазарот на трудот се во согласност со показателите на реалниот
сектор ,кои се исто така поволни. Посебна анализа покажува дека отварањето на
нови работни места е поврзана со отварање на слободните економски зона, како и
други фискални иницијативи, земјоделски субвенции, програми за самовработување.

Инфлацијата во домашната економија продолжува да се намалува и во последниот


квартал на 2013 година изнесува 1,3% годишно. Намалувањето е резултат на
забрзаното опаѓање на сите 3 компоненти на инфалцијата, особено во категоријата
храна. Годишна стапка на инфлација достигна ниво од 2,8%

Физичкиот обем на индустриското производство бележи пораст од 3,2% следено за


периодот јануари-декември 2013 и 2012, при што гледано по сектори, секторот
рударство и вадење камен бележи пораст од 3,4%, секторот преработувачка
индустрија од 2,8% и секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација од 5,3%. Обемот на стоковната размена во периодот од јануари-
декември 2013 е за 3,4% поголем во споредба со истиот период минатата година,
при што вкупната вредност на извозот изнесува 4.266,9 милиони УСД, а на увозот
6.599,8 милиони УСД. Покриеноста на увозот со извозот е 64.7%, а трговскиот
дефицит во периодот јануари-декември 2013 година изнесува 2.332,9 милиони УСД. 2

1
Извор: Народна Банка Најнови макроекономски показатели Преглед на тековната состојба Јануари
2014
2
Извор: Државен завод за статистика
3
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

Гледано од монетарен аспект, во овој период се забелжани релативно позитивни


движења. Централната банка ја намали основната каматната стапка на ниво од
3,25%. Дополнително се олесни и монетарната политика, со цел да се олеснат
кредитните услови и да се поттикне економската активност. Во четвртиот квартал
кредитната активност беше значително забрзана, придружена со солиден раст на
депозитниот потенцијал на банките. На крајот на годината кредитите се зголемија за
6,5% во споредба со претходната година. Во исто време, кредитната структура се
промени во корист на корпоративниот сектор. Оваа промена е првиот знак на
стабилен поглед на банките во однос на кредитирањето на корпоративниот сектор.

Иако кредитните активности се зголемија во текот на 2013, ризиците во врска со


кредитната поддршка за следниот период остануваат како резултат на
конзервативните стратегии на големите банкарски групации на домашниот пазар и
неизвесностите во однос на заздравувањето на економијата.

Деловното окружување во земјата е значително подобрено во последните години.


Намалувањето на персоналниот и корпоративниот данок, како и владиниот проект
регулаторна гилотина која во голема мера ја намали бирокраијата со
поедноставување на прописите во насока на намалување и елиминирање на
административни бариери за водење бизнис и започнување на нови инвестиции, се
покажа како поволно за странските инвеститори. Растот на потрошувачката на
населението ке доведе до продолжување на растот на домашната економија во
текот на 2013 и понатаму. Неизвесниот извоз и намалувањето на тековните
трансфери ке влијаат за зголемување на дефицитот на тековната сметка и во блиска
иднина.

Во Октомври 2013, агенцијата за кредитен рејтинг ,,Фич’’ ја потврди фискалната


стабилност и го задржа кредитниот рејтинг на земјата на стабилен ,,ББ+’’ како
резултат на подобрени проекции за економскиот раст на земјата, умерениот
буџетски дефицит и државен долг, стабилната валута и стабилниот банкарски
сектор. Во ноември агенцијата за кредитни рејтинзи ,,Standard&Poor’s’’ го потврди
долгорочниот кредитен рејтинг на земјата во домашна и странска валута ,,ББ- ’’
(намален во мај од постојниот ББ) и го потврди краткорочниот рејтинг ,,Б’’, со
стабилни изгледи. Намалувањето на долгорочниот рејтинг во месец мај се темели
на намалената предвидливост на растот и на ефектите од фискалната политика.

4
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

2. Остварени финансиски резултати

За периодот јануари-декември 2013 година, во споредба со истиот период минатата


година, Друштвото евидентираше намалени приходи од продажба за 6% во двата
сегмента:

2013 2012

Продажби на домашен пазар 1,217,154 1,292,318


Продажби на странски пазар 58,816 62,269
1,275,970 1,354,587

Намалувањето на приходите од продажба се должи на намалувањето на цените. За


да се следат условите на пазарот, компанијата во септември ги намали цените во
двете категории- леб и брашно. Негативното влијание имаше и постепено
делистирање на приватните марки почнувајќи од јуни.

Меѓутоа, поради намалувањето на останатите оперативни трошоци (за 4% во


споредба со минатата година), компанијата успеа да постигне позитивен
оперативен профит од 12.368 илјади Денари и да ја заврши годината со намалена
загуба за 41%.

Основни ставки од билансот на успех (износите се во ‘000


Денари)

2013 2012
Продажба 1,275,970 1,354,587
Трошоци на продажбата (986,153) (1,054,198)
Бруто добивка 289,817 300,389

Останати деловни приходи 30,558 28,253


Трошоци на дистрибуција (227,511) (242,759)
Административни трошоци (72,638) (77,042)
Останати деловни трошоци (7,888) (7,943)
Добивка од деловни активности 12,368 898

Финансиски приходи 1,902 878


Финансиски (расходи) (42,364) (45,581)
Нето финансиски (расходи) (40,462) (44,703)
5
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

(Загуба)/Добивка пред оданочување (28,094) (43,805)


Данок на добивка (2,164) (7,181)
Нето (Загуба)/Добивка за годината (30,240) (50,986)

Извештај за паричните текови


(износите се во ‘000 Денари)

2013 2012
Оперативни активности
Приливи од купувачите 1,395,121 1,305,230
Исплати на добавувачи и вработени (1,322,041) (1,270,104)
Парични средства добиени од / (употребени
во) оперативно работење 73,080 35,126

Примена камата 918 123


(Платена) камата (36,368) (42,178)
Нето парични средства (употребени
во) оперативни активности 35,630 (6,929)

Инвестициони активности
Приливи од оттуѓување на недвижност,
постројки и опрема и нетековни средства
кои се чуваат за продажба 7,717 32,840
(Набавка) на недвижности, постројки, и
опрема и нематеријални средства (19,892) (33,759)
Приливи по дивиденди 278 556
Приливи од продажба на акции и
обврзници 6,318 -
Приливи по дадени кредити 106 107
Нето парични средства од
инвестициони активности (5,473) (256)

Финансиски активности
Примања од краткорочни кредити 477,235 335,383
(Плаќање) на краткорочни кредити (416,689) (365,481)
Примања од долгорочни кредити - 61,500
Плаќање ) на долгорочни кредити (90,109) (48,331)
Нето парични средства (употребени (1
во) финансиски активности (29,563) 6,929)

Парични средства и еквиваленти на


почетокот на годината 5,821 29,935
Нето промена на паричните средства и
еквиваленти 594 (24,114)

6
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

Парични средства и еквиваленти на


крајот на годината 6,415 5,821

3. Позајмици од банки

Во однос на позајмици од банки, следниве промени се забележани во текот на 2013


година:

- Краткорочната кредитна линија со Стопанска банка е зголемена од 2,815 илјади


Евра.
- Краткорочната кредитна линија со Комерцијална банка е зголемена од 6,500
илјади Евра.
- Каматната стапка применета за позајмиците на Друштвото во Денари во текот
на 2013 година варираше помеѓу 6,85% и 7,00% годишно (2012:7,25%-8, 00%).

Салдата на обврските по кредити од 31/12/2013 презентирани по банки се:

Износите се во ‘000 Денари 31.12.2013


Стопанска Банка 172,225
Комерцијална Банка 268,852
Охридска Банка 51,852
Вкупно 492,929

На датумот на Извештајот за финансиската состојба, анализата на доспеаноста на


позајмиците на Друштвото врз основа на договорните рокови на отплата е следната:

Износите се во 000 Денари 2013 2012

До 12 месеци 462,093 401,332


Помеѓу 1 и 2 години 29,961 90,112
Помеѓу 2 и 5 години 875 30,833
Вкупно 492,929 522,277

7
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

4. Управување со ризици

Програмата за управување со ризици на Друштвото се фокусира врз


непредвидливоста на финансиските пазари и се стреми кон минимизирање на
потенцијалните негативни влијанија врз финансиското работење на Друштвото.
Друштвото е изложено на различни финансиски ризици: ризик од кредитирање,
ризик од ликвидност и пазарен ризик.

 Пазарен ризик

Пазарен ризик е ризикот каде што промените на пазарните цени, како што се
промените во девизните курсеви и каматните стапки, може да влијае на приходите
на компанијата или на вредноста на финансиските инструменти. Целта на
управувањето со пазарен ризик е насочување и контрола на изложеноста на
Друштвото на прифатени параметри и во исто време да се оптимизира на вракање.

(i) Ризик од курсни разлики

Друштвото има деловни активности на меѓународните пазари, и е изложено на ризик


од курсни разлики кој се јавува од изложеноста кон различни валути. Валутата која
пред се предизвикува ваков ризик е еврото. Друштвото има многу мали парични
резерви во американски долари.

Друштвото не користи инструменти за обезбедување од ризик од курсни разлики.


Раководството на Друштвото е одговорно за одржување на соодветна нето позиција
за секоја валута поединечно и вкупно за сите валути.

(ii) Ценовен ризик

Друштвото е изложено на ценовен ризик на сопственички хартии од вредност


поради вложувањата кои се поседуваат (класифицираат во извештајот за
финансиска состојба како расположливи за продажба), кои може да бидат под
влијание на фактори на ризици како што се цените на берза.

8
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

(iii) Ризик од каматни стапки врз готовинските текови и oбјективната вредност

Каматниот ризик претставува ризикот дека објективната вредност на идните


парични текови на финансискиот инструмент ќе флуктуира поради промените на
пазарните каматни стапки. Изложеноста на Друштвото на ризикот од промени на
пазарните каматни стапки пред се е поврзана со долгорочните должнички обврски
на Друштвото со променливи каматни стапки. Позајмиците кои се даваат по
променливи каматни стапки го изложуваат Друштвото на ризик од каматни стапки
врз паричните текови.

Друштвото ја анализира својата изложеност на ризикот од каматни стапки на


динамична основа. Се разгледуваат разновидни сценарија, а во предвид се земаат
обновата на постоечките позиции, повторно финансирање и алтернативно
финансирање.

Камaтните ризици се управуваат преку диверзификација на кредитните поддршки


од неколку банки, со различни услови на финансирање.

б) Кредитен ризик

Ризик од кредитирање настанува од паричните средства и паричните еквиваленти,


депозитите во банки, како и изложеноста на купувачи.

Процесот на управување со кредитниот ризик од деловните активности вклучува


превентивни мерки како што се проверка на кредибилитетот и превентивни
препреки, корективни мерки за време на некој правен однос како што се
потсетување и исклучување, соработка со агенции за наплата и наплата по некој
правен однос од видот на парници, судски процеси, инволвираност на извршните
единици и факторинг. Заостанатите исплати се проследуваат преку постапка на
зголемување на долг врз основа на видот на клиентот, кредитната категорија и
износот на долгот.

Кредитниот ризик се контролира преку проверки на кредибилитетот – со што се


одлучува дали клиентот е задолжен и се одредува неговата кредитна способност,
како и преку превентивни препреки – со што се одредува кредитниот лимит врз
основа на претходните приходи од промет на клиентот.

Од 2010, друштвото има воспоствено процедура за обезбедување на долгови на


клиенти преку банкарски гаранции во износи кои го покриваат кредитниот лимит на
клиентите, како и преку хипотеки на недвижности и подвижен имот на клиентите.

9
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

Процедурите на Друштвото се со цел постојано да обезбедат дека продажба се врши


до клиенти со соодветна кредитна историја и дека истите не ги надминуваат
прифатливите лимити на кредитна изложеност.

в) Ризик од ликвидност

Ризикот од ликвидност се дефинира како ризик дека Друштвото нема да може


навремено да ги подмири или исполни своите обврски.

Друштвото има политика да одржува доволно парични средства и парични


еквиваленти за да ги подмири своите обврски во блиска иднина. Финансискиот
сектор ги предвидува паричните текови за барањата за ликвидност со цел да
осигура дека има доволно парични средства за во секое време да се исполнат
оперативните потреби. Предвидувањето ги зема предвид плановите за финансирање
на долгови на Друштвото и усогласеноста со целите за внатрешните билансни
показатели. Сите вишоци од парични средства кои ги чува Друштовто, а кои го
надминуваат салдото кое се бара за потребите на работниот капитал, вообичаено се
депонираат во комерцијални банки или се инвестираат во хартии од вредност со кои
може да се тргува.

5. Маркетинг и промотивни активности

Во 2013 година Жито Лукс воведе 3 нови иновативни производи кои бележат голем
успех и веднаш беа прифатени од страна на потрошувачите. Новата палета на
Медитерано леб ( Медитерано леб со маслинки и Медитерано леб со лук и оригано)
ги потсетува потрошувачите на Медитеранската кујна и на уникатниот вкус и мирис
на летните денови низ целата година .Од друга страна, лебот Бриош, како дел од
класичниот спектар на тост леб, има маслен вкус и се прави според француски
рецепт.

Овие иницијативи беа поддржани со специфични промоции, како што се дегустација


на производите во поголеми маркети, ТВ и печатена кампања Медитерано
производната линија.

Со цел да се поддржи постоечкиот бизнис, компанијата инвестираше во ТВ реклама


како подршка за својот иновативен асортиман на тост леб, како и за Т-400 екстра
бело брашно кое традиционално е познато по својот висок квалитет. Во фокусот на
тост кампањата беше да се нагласат сите можни креативни начини за употреба на
лебовите, да се нагласи специфичниот карактер на овој асортиман и да се вклучи
тост лебот како инспиративен и позитивен дел од животот на луѓето , како
задоволство, вкус и удобност што ќе ги преточи обичните и секојдневни мигови во
10
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

специјално, позитивно искуство.

Кампањата за брашно, на емотивен начин, потсетува дека нашето брашно е верен


придружник во текот на времето и секогаш успешно помага во создавањето на
вкусни ремек дела за сите прилики- родендени, свечености.... Вкусот и мирисот на
домашната кујна создава спомени, и ние сме особено горди да бидеме дел од тие
сеќавања. Затоа, Жито Лукс организираше неколку промоции. Првата промоција
вклучуваше подарок со самото пакување на брашното (прашок за пециво и ванилин
шеќер), а другата беше промотивна/намалена цена на брашното од 1кг и 2кг.

Како дел од стратегијата за развој, Жито Лукс организираше промотивна активност


за мини маркети во Скопје. Целта беше да се создаде интересна промоција за сите
видови леб и брашно, да ги поттикне мини маркетите да ги зголемат нарачките за
леб и брашно и во исто време да ја зголемат лојалноста кон компанијата. За нето
продажбата од 100 леба (тост, Нутри и специјални лепчиња категорија грахам и
баварски, леб со диетски влакна, био интегрален леб, р’жан леб, сомун и рустика),
мини маркетите беа наградени со ваучери од Жито Лукс.

Со цел да се стимулира продажбата на целокупниот асортиман на Жито Лукс


производите организираше промоција на сите пазарни синџири на поголеми маркети
во земјата. Потрошувачите добија 15% попуст за секој купен износ од 100 Денари за
Жито Лукс производи и 10% попуст за секој купен износ од 50 Денари во Жито Леб
пекарите.

6. Корпоративна општествена одговорност

Во 2013 година, Друштвото уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност


преку следните проекти:

 Едукативни тури за деца

Жито Лукс организираше едукативни тури за децата од основни училишта и


градинките.Го посетија производниот погон на Друштвото, каде што можат лично да
го следат и да присуствуваат при процесот на производство на леб. За децата, ова е
животно искуство што ја прави компанија како дефиниција за вкусен и свеж леб.

 Рето Надеж: Училиште за лица со посебни потреби “Иднина”

Трета година по ред Жито Лукс учествува во донирање на свеж леб на дневна
основа до Фондацијата Рето Надеж и училишниот центар за деца со посебни
потреби "Иднина". На овој начин Жито Лукс им помага на институции кои се грижат

11
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

за и третираат ранливи категории, а во крајна цел има позитивно влијание врз


општеството во целина.

 Солидарен оброк

Жито Лукс редовно учествува во хуманитарни акции, како што е ,,Солидарен оброк’’,
каде одредена количина леб се донира на бездомници. Оваа акција е во соработка
со Црвен крст, што е уште еден доказ дека Жито Лукс е општествено одговорна
компанија.

 Спонзорство за студенти по биологија на Природно–математичкиот


факултет

Жито Лукс донираше производи и ја потпомогна реализацијата на едукативна,


научна и истражувачка акција на планината Кораб од страна на 40 студенти од
Институтот за биологија Природно-математичкиот факултет во Скопје.

 AIESEC- Меѓународен семинар за лидерство и развој

Жито Лукс ги поддржа младите и талентираните луѓе со лидерски потенцијал од


различни страни на светот кои учествуваа на Меѓународниот семинар за лидерство и
развој во земјата. Поддршката на млади луѓе со идеи секогаш биле приоритет на
политиката за општествената одговорност на Жито Лукс и така ке продолжи во
иднина.

 ,,АЈВАРИЈАДА’’ во Струмица со леб од Жито Лукс

Жито Лукс донираше бел леб на кришки на ,,Ајваријадата’’ што беше организирана
по трет пат во Струмица. На овој начин Жито Лукс придонесува за развојот на
локалните вредности, поддржувајќи важни настани кои прераснуваат во традиција.

 Донација во општина Шуто Оризари

Жито Лукс ја поддржува општина Шуто Оризари преку донирање хуманитарни


пакети леб за објекти од исламска вероисповед за време на големиот муслимански
празник Курбан Бајрам. Ова е уште еден доказ како компанијата се грижи и ги
потпомага ранливите општествени категории.

12
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

7. Човечки ресурси

Со состојба на 31.12.2013 година Друштвото брои 377 вработени, со следната


квалификациона структура:

Квалификациона структура 31.12.2013


Магистер по науки 5
Високо образование (VII1)- седми степен 47
Вишо образование (VI) - шести степен 7
Средно образование (IV) - четврти степен 137
Средно образование во занимање(III) -трет степен 129
occupations
Полу квалификуван (II) - втор степен 8
Неквалификуван (I) - прв степен 44
Вкупно 377

Вкупните трошоци за вработените за 2013 година изнесуваат 151,092 илјади


Денари како што е прикажано во долната табела:

2013 2012
Плати и останати краткорочни користи 102,849 107,784
Придонеси и даноци 46,732 49,598
Надоместоци за престанок на работен однос 1,511 4,035
Вкупно 151,092 161,417

13
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

8. Корпоративно управување

Во деловната година на известување, Друштвото ги вршеше своите активности со


три тела на управување: Собрание на акционери, Управен одбор и Надзорен одбор.

Акционерското собрание одржа еден состанок на 24 Април 2013 година, на кој


акционерите гласаа за и ги усвоија финансиските извештаи, годишната сметка и
годишниот извештај од работењето на друштвото за деловната 2012 година, се
донесе Одлука за покривање на загубата од 2012 година, Одлуки за усвојување на
ревизорскиот извештај за 2013 година и назначување овластен ревизор за
финансиските извештаи за 2012 година, Одлука за усвојување на годишниот
извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2012 година, беа усвоени сите
предложени одлуки за работата на органите на управување за 2012 година, се
утврди месечниот надоместок на членовите на Надзорниот одбор за 2013 година и
се пристапи кон ре-избор на членовите на Надзорниот одбор.

Надзорниот одбор ги вршеше своите должности во согласност со Законот за


трговски друштва и Статутот на Друштвото.
Во текот на 2013 година, Надзорниот одбор одржа 7 седници и ги обавуваше своите
функции во следниот состав:

1. Г-ѓа Наташа Трпеноска-Тренчевска-Претседател (Адвокат, основач и


управувачки партнер на Адвокатска канцеларија Трпеноски);
2. Г-ѓа Ирини Патерас - Заменик-претседател - (Директор на Службата за
Истражување и Развој на ELBISCO SA);
3. Г-дин Ставрос Бозикас - член - (Директор за човечки ресурси на ELBISCO SA);
4. Г-дин Ристо Хаџи-Мишев - член - (Главен економист во Стопанска банка АД
Скопје);
5. Г-дин Петрос Карампас – член – (Главен директор за финансии на Palas SA и
Agnan SA).
14
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

На годишното собрание на акционери одржано на 24 Април 2013, е назначен Г-дин


Евангелос Ризос за нов член на Надзорен одбор на местото од претходниот член Г-
дин Петрос Карампас.

Управниот одбор работеше во согласност со Законот за трговски друштва, Статутот


и Општиот колективен договор, редовно одржуваше седници и ги презеде сите
потребни активности за обезбедување на непречено работење на Друштвото.
Во текот на 2013 година Управниот одбор одржа 13 седници, во следниот состав:

1. Г-дин Рамантанис Димостенис - Претседател - (Генерален директор на Жито Лукс


АД/Извршен директор на ELBISCO SA);
2. Г-дин Димитриос Плакуцис-Заменик-претседател на одборот и Заменик-
генерален директор на Жито Лукс АД Скопје;
3. Г-ѓа Нада Вујиќ - член на одборот, одговорна за финансии и сметководство во
Жито Лукс АД Скопје;
4. Г-ѓа Аглаиа Склави – член на одборот (Главен финансов директор на
ELBISCO  SA);
5. Г-ѓа Емилија Дубарџиева - член на одборот, одговорна за прашања од областа на
човечки ресурси и администрација во Жито Лукс АД Скопје;
6. Г-ѓа Наташа Черековиќ - член на одборот, одговорна за комерцијални и технички
прашања во Жито Лукс АД Скопје;
7. Г-ѓа Даниела Нонкуловска - член на одборот, одговорна за прашања за
Производство 8-ми Март, Мелница, Обезбедување и контрола на квалитетот,
истражување и развој во Жито Лукс АД Скопје;

Надоместоците на членовите на Управниот и Надзорниот одбор по основ на плати и


останати краткорочни бенефиции изнесуваа 11.121 илјади Денари (2012: 11.795
илјади Денари). Согласно со одлуката донесена од страна на Надзорниот одбор,
месечниот надоместок за членовите на Управниот одбор изнесува 12.000,00 Денари.
Според одлука донесена на Годишното собрание, месечниот надоместок за
членовите на Надзорниот одбор изнесува 300 евра месечно во денарска
противвредност сметана по средниот курс на денот на исплатата.

Во 2013 година Друштвото има склучено договор за залог на недвижен и подвижен


имот чија вредност е над 20% од нето книговодствената вредност на вкупните
средства кои согласно со Законот за трговски друштва се смета како голема зделка.
Во 2013 година компанијата нема трансакции со поврзани страни од кои би можело
да произлезат конфликт на интереси.

15
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

9. Заклучни согледувања

Постојано вложување во нови производи и производни технологии, следење на


највисоките светски стандарди за квалитет и континуирано подобрување на
квалитетот се клучни чекори за градење на успешна бизнис приказна. И оваа
година, нашата посветеност кон работата ни го донесе признанието "Супербренд".
Овој успех е резултат кој не може да се постигне преку ноќ. Потребни е постојана
посветеност и инвестирање во новитети и иновации во одржувањето на постојан
квалитет, подготвеност да се задоволат најспецифичните барања на потрошувачите
за вкусна, здрава и квалитетна храна. Сите овие карактеристики го прават Жито
Лукс брендот посебен, со што се разликува од сите свои конкуренти.

Во однос на идни согледувања и развојни стратегии се очекува следново:

Се очекува глобалното окружување да продолжи со раст во 2014 и 2015 година, но


побрзо во споредба со 2013. Инфлационата стапка се очекува да се намалува,
следејќи го намалувањето на цената на храната и енергијата.

Во 2014, реалниот раст на БДП во земјата се очекува да достигне 3,2%, што ке го


презентира умереното зголемување на растот во споредба со 2013 година. Во услови
на неизвесно опоравување на надворешната побарувачка, растот на економијата на
земјата во 2014 ке биде поддржана од страна на домашната побарувачка. Клучните
фактори се на личната потрошувачка и бруто-инвестициите. Личната потрошувачка
се зголемува како резултат на очекуваното зголемување на вработеноста, делумно
тоа се должи на странски директни инвестиции. Исто така, раст се очекува кај
платите, пензиите, социјални надоместоци, а не значаен придонес се очекува и кај
растот на јавната потрошувачка. Во делот на бруто инвестициите, планираната
реализација на големи капитални инвестиции во инфраструктурата ќе доведе до

16
Жито Лукс АД Скопје – Годишен Извештај 2013

зголемување на јавните инвестиции, кои треба да ги интензивираат активностите во


градежништвото и индустријата.

Целта на компанијата за следната година е континуирано подобрување на


оперативната добивка и остварување на позитивен финансиски резултат.
Стратегијата е насочена кон проширување на постојните пазари и навлегување во
нови, лансирање на производи со додадена вредност кои ќе ги задоволат
специфичните потреби на потрошувачите и силна рекламна покриеност на овие
иницијативи. Покрај тоа, планираните инвестиции во областа на зголемување на
работната ефикасност ќе доведат до рационализација на оперативните трошоци и
поддршка на целта.

Управен Одбор

17

You might also like