You are on page 1of 6

ЗАПИСНИК

од одржан Состанок на Советот на родители при „ООУ Димитар Поп Георгиев –


Беровски“ со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски

На ден 14.09.2022 година Советот на родители при „ООУ Димитар Поп Георгиев –
Беровски“ одржа состанок со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров,
Александар Стојковски.

На состанокот се дискутираше за „Актуелните состојби и проблеми во


училиштетото“, со посебен осврт на прашања кои се однесуваат на Централното
училиште ДПГ Беровски и ДПГ Беровски – Хром, како подрачно училиште.

На состанокот присуствуваа раководството и членови на Советот на родители,


членови на управувачките и раководните органи на училиштето и претставници на
општината со што, покрај формалните, беа исполнети и суштинските услови за
одржување на состанок кој ќе овозможи сеопфатна и аргументирана дебата.

Во врска со генералната точка на дневниот ред, произлегоа повеќе прашања од


страна на членовите на Советот и од страна на родителите кои како сублимиран
документ му беа претставени на градоначалникот, а со цел непосредно, од страна
и од перспектива на родителите, да се запознае со тековната состојба во
училиштата и со постоечките проблеми.

На почетокот на состанокот беше истакнато значењето на овие состаноци со


акцент дека ваквите состаноци континуирано и интензивно ќе се одржуваат што ќе
даде голем придонес во унапредувањето на соработката помеѓу органите на
училиштето и на родителите со градоначалникот и со локалната власт, а во
согласност со прописите за локалната самоуправа и за основното образование,
како и во интерес на учениците и на образовниот процес.

Поконкретно на состанокот се дискутираа темите во релација со точката


„Актуелни состојби и проблеми во училиштето“, како што се:

1) Пуштањето на новата училишна зграда во ДПГ Беровски – Хром;


2) Проблемот со спортската сала во истото училиште;
3) Проблемот со сообраќајното решение во Централното и во подрачното
училиште;
4) Прашањето за исхраната на децата со посебен фокус на проблемот со
„Специјал“,
5) Можноста за одвојување на двете учлишта;
6) Потребата од стручни служби во Беровски- Хром;
7) Прашањето за базенот во Централното училиште;
8) Прашањето со енергетската криза и влијанијата врз образовниот процес;
9) Тековните проблеми на поединечни класови по поглед на наставата;
10) Предлози за подобрување на наставата и хигиената во училиштето.

По одржаните дискусии, Советот на родители во разговор и договор со


градоначалникот заклучија дека:

1) Мора итно да се пристапи кон пуштање на новата училишна зграда во Беровски


– Хром, со заеднички и постојани притисоци и барања од МОН во делот на
неговата клучна надлежност во таа насока, исполнување на надлежностите на
Општината во тој дел, како воспоставување конкретна комуникација, взаемна
помош и силна соработка помеѓу Советот и Општината за реализација на крајната
цел, како приоритетна заложба на Советот на родители.
2) Се дава поддршка на Иницијативата на градоначалникот за Спортската сала во
Беровски -Хром како усвоена точка на Советот на Општината, во која е
интегриран предлог за изградба на салата по основ на кредитни линии од
деловните банки со оглед на актуелноста на проблемот кој покрај подобрување на
образовниот процес според стандардите за образованието, се однесува и на
психофизичкиот развој на децата и заштитата на нивното здравје, како најважен
дел и мотив во поглед на финализирањето на овој проект.

3) За проблемот со сообраќајното решение во двете училишта потребен е


темелен пристап за да има финално решение кое ќе гарантира безбедност на
учениците. Конкретно, потребен е проект за посебен паркинг простор во
Централното училиште со кој ќе се острани сообраќајниот застој и опасности пред
училиштето и целосно ќе се ослободи просторот кај влезот на училиштето кој
всушност треба да има хумана димензија и уредување во насока на повеќе
зеленило и безбеден пристап до училиштето. Се дава поддршка за идејата за
нова градинка и комплетно преуредување на просторот во рамки на која активност
ќе се реализира и просторот за сообраќајното решение.

Исто така, се дава поддршка на барањето на Општината до МВР за регулирање


на сообраќајот како интегрален проект за целото населено место, но воедно, со
оглед на итноста и акутноста на проблемот, се дава поддршка и се акцентира
барање и за решенија од времен карактер како што е поставување на легнати
полицајци и комплетна сообраќајна опрема (знаци, столпчиња), а се со цел да се
заштити безбедноста на децата. Советот како позитивен го оценува предлогот за
ангажман на полицијата или пак на овластени сообраќајни редари кои ќе имаат
должност да интеревенираат во часовите кога се создава сообраќаен хаос пред
училиштата што ја загрозува безбедноста и здравјето не само на учениците, туку
и на граѓаните.

4) Во врска со прашањето за „Специјал“, Советот на родители, во согласност со


разговорот со правното лице, ќе формира работно тело за ревидирање на
договорот, а во насока на допрецизирање и дополнување на одредби со кои ќе се
избалансира облигациониот однос преточен во договорниот акт, притоа правно
заштитувајќи ги правата на родителите како договорна страна и посредно,
интересите и правата на децата, за што има разбирање и согласност од
Општината. Советот потенцира дека договорот мора да е во согласност со
прописите од областа на образованието, но, воедно е согласен, дека исхраната
која би била по пат на слободен избор како можност, да биде во согласност со
нормативите и стандардите за здрава исхрана. Советот ја поздравува одредбата
од договорот на Општината (училиштето) со „Специјал“ во врска со јавната
набавка за можноста родителите да вршат увид за квалитетот на храната.

Советот нагласува дека континуитетот на квалитетната храна е гаранција и мотив


за потпишување на договорите со „Специјал“ и дека неговите намери не се да ги
обесхрабри или да ги „задолжи“ родителите да не потпишуваат договор, исто
онака, како што од правен аспект гледано, не може да постојат ни „насоки за
задолжителна исхрана како услов за дневен престој/целоднавна настава“.
Советот го нагласува значењето за правилната исхрана од хуман и здравствен
аспект и препорачува да се потпишуваат новите ревидирани договори со
„Специјал“, но само доколку се опстои на континуитетот за квалитетна храна. Исто
така, Советот генерално препорачува - децата кои не се хранат со храна од
„Специјал“, да се хранат според стандардите за здрава исхрана. Советот ќе биде
во постојана комуникација со Општината за квалитетот на храната и изразува
силна поддршка на ставот на градоначалникот дека доколку се отстапи од
договорениот квалитет на храната, генералниот договор со Специјал ќе биде
раскинат.

5) Можноста за одвојување на двете училишта Советот ја оценува како


исклучителна и единствена можност за финално решение на проблемите,
особено на оние со кои се соочува подрачното училиште. Со забрзаното
зголемување на населението во ова место и нагласената урбанизација која го
следи овој процес неминовното е подрачното училиште да прерасне во самостоен
образовен субјект, со посебен правен субјективитет и соодветни образовни
перформанси од техничка, градежна и едукативна природа. Советот е согласен
дека оваа фаза на осамостојување треба, со оглед на реалните околности, да се
одвива етапно и првенствено со исполнување на сите правни и фактички
претпоставки во согласност со легислативата. Советот ја охрабрува Општината во
исполнување на оваа цел, која всушност претставува најперспективно решение.

6) Потребата од стручни служби во подрачното училиште е факт. Советот


апелира и бара од Општината во рамки на можностите да се изнајде решение за
недостатокот на ваквите служби што ќе даде особен придонес за психофизичкиот
развој на децата. Советот е свесен дека фазата на пополнување на работните
места е процедура која зависи од повеќе фактори во поглед на надлежностите и
правниот субјективитет на училиштата, но силно акцентира дека мора да се
размислува и да се реализира некаква опција за да се реши овој проблем.

7) За базенот во Централното училиште беше констатирано дека е во надлежност


на Агенцијата за спорт и млади и дека застојот на изградбата е од финансиски
причини. Советот истакнува дека потребата од овој проект е несомнена и дека во
понатамошниот период потребно е изградбата на базенот да заврши, а не да
остане само нереализиран проект. Без разлика на временската динамика на
изградбата, проектот треба да се финализира бидејќи е во директна врска со
психофизичкиот развој на децата, како и во врска со имплементирање на
концептот за современо образование и модернизација на училиштетото. Советот
и Општината во рамки на своите надлежности континуирано ќе се заложуваат овој
значаен проект да се финализира и конечно учениците да ги користат
бенифициите од спортските активности во вода кои од многу аспекти потврдуваат
дека имаат незаменлива улога во правилниот развој.

8) Советот на родители е согласен со ставот на градоначалникот дека мора има


силни напори за справување со енергетската криза од аспект на одржување на
настава со физичко присуство, како најдобар, најпедагошки и најцелисходен
начин на едукација во образовниот процес. Советот на родители е запознаен со
ризиците и можните негативни реперкусии од енергетско-економската криза во
поглед на образовниот процес и поширокиот општествен контекст и ги истакнува
заложбите за кооперативност и разбирање во таа насока, со оглед на фактот дека
образованието не е изолирана сфера од другите општествени сегменти.

9) Советот бара приоритетно решавање на проблемот со поединечните класови,


поконкретно со класови од подрачното училиште кои се однесуваат на
просторните условите во училните кои имаат мал и крајно несоодветен капацитет
за настава, како и за класови од централното кои бараат враќање на наставници
поради одржување персонален континуитет на наставата во интерес на децата,
за што стручните служби од општината во делот на образованието и училиштето
беа задолжени да реагираат и итно да интеревенираат за изнаоѓање конкретни
солуции за проблемот.

10) Советот заклучи дека сите предлози за подобрување на наставата ќе бидат


проследени до училиштето и до општината, што всушност е и една од
надлежностите на ова тело. Советот, исто така, нагласува дека хигиената во
двете училишта е висок приоритет и побара континуирано да се применуваат
стандардите за хигиената во надворешните и во внатрешните делови на
училиштата.

Милчо Велјаноски 15.09.2022

Претседател на Совет на родители

с.р.

You might also like