You are on page 1of 8

Програма за доплнителна настава

по предметот Техничко образование


за V одделение
учебна 2011/2012 година

ОУ" Лазо Ангеловски"-Скопје


Наставник: Благоја Николовски
Програма за дополнителна настава по предметот
Техничко образование

Дополнителната настава се организира по потреба, за учениците кои имаат


потешкотии во учењето или побавно напредуваат. Во овој вид на настава се
применуваат индивидуални форми на работа, како и групна работа во микро групи.
Програмата за работа е според потребите индивидуално за секој ученик, во рамките
на критериумите и стандардите за постигањата на учениците. Се изработуваат
задачи по нивоа.

Наставни теми

тема бр. 1:Сообраќај

Наставни содржини:

Елементи на улицата и објекти на патот


Правила и прописи за учество на велосипедист во јавниот сообраќај
Решавање на сообраќајни ситуации
Мојот велосипед - технички карактеристики и одржување

Цели:
 идентификува елементи на улицата и објекти на патот;
 разликува елементи на улицата и објекти на патот;
 објаснува кои се елементите на улицата;
 дискутира за објектите на патот и нивната функција;
 набројува услови за учество на велосипедист во јавниот сообраќај;
 разликува регулирана од нерегулирана раскрсница;
 да ги знае и применува сообраќајните правила и прописи;
 безбедно да се вклучи во патниот сообраќај како велосипедист;
 препознава делови и уреди на велосипед;
 објаснува за функцијата на деловите на велосипедот;
 објасува за уредите на велосипедот и нивната функција;
 дискутира за хигиенско техничко одржување на велосипедот;

Активности и методи:
Активности, методи и наставни средства:
Воведна активност: Наставникот преку дијагностички метод го проверува нивото на знаења
за сообраќај, што е тоа сообраќај и како е поделен истиот. Се задржува на патниот сообраќај,
за значењето на патиштата, прави осврт на патиштата од порано со денешните,
демонстрирајќи слики и фотографии на патишта.
Активност 1: На учениците им дава задача да набљудуваат раскрсница од слики, зидни
плакати или паноа. Учениците внимателно ја разгледуваат раскрсницата, ги воочуваат
елементите, а потоа ги набројуваат и дискутираат за што служат истите.
Наставникот заедно со учениците ги објаснува посебно сите елементи на улицата (коловоз,
коловозна лента, сообраќајна лента, пешачки остров, пешачки премин, тротоар, велосипедска
патека, велосипедска лента, зелена површина) и која е нивната намена.
Активност 2: Ги наведува учениците да размислат на што сé наидуваат на патот кога
патуваат. Учениците ги набројуваат бензиските пумпи, наплатни рампи, мотели, мостови,
тунели, технички преглед. Наставникот објаснува заедно со учениците за улогата на овие
објекти покрај патиштата. Потенцира за важноста од одржување на патиштата за правилно и
безбедно одвивање на сообраќајот.
Наставникот преку прашања го проверува нивото на знаење за движење на пешаците. Ги
поттикнува учениците да размислат дали секој може да се вози каде сака или пак има некои
правила. Преку добиените одговори се доаѓа до целта на часот. Ги дефинира условите кои
важат за учество на велосипедист во сообраќајот, секој услов посебно се разгледува и
објаснува. Учениците внимателно слушаат и активно се вклучуваат во дискусија.
Потоа наставникот прашува што е раскрсница и какви раскрници има, демонстрира плакат на
кој има повеќе раскрсници. Се пронаоѓаат регулирани и нарегулирани раскрсници. Преку
демонстрација на ротопроекции или дијафилмови прво се запознаваат со регулираните
раскрсници (со полицаец, семафори и сообраќајни знаци). Посебно се објаснува
регулирањето на раскрсниците со објаснување на знаците што ги дава полицаецот, со боите
на семафорот и сообраќајните знаци што се поставуваат на раскрсниците.
Потоа наставникот ги запознава учениците со нерегулираните раскрсници, демонстрира
ротопроекции или дијафилмови, објаснува посебно за секое правило што важи на
нерегулирана раскрсница (правило од десна страна, приоритетност на специјални и шински
возила). Потенцира за постојано почитување на правилата и прописите од сите учесници во
сообраќајот.
Учениците ги набљудуваат сообраќајните ситуации презентирани од страна на наставникот,
внимателно слушаат и активно учествуваат во дискусијата за правилата на регулирана и
нерегулирана раскрсница.
На крај учениците решаваат сообраќајни ситуации од учебникот, од ротопроекции,
дијафилмови, ги анализираат и дискутираат за правилата и прописите, како и важноста од
почитување на сите сообраќајни правила и прописи.

Наставникот врши кус преглед на предзнаења за велосипедот како нивно прво возило, кој
каков велосипед има, да се опише истиот. На дадена слика или пак на велосипед ученикот ги
набројува деловите на велосипедот (рамка, управувач, предно и задно тркало, уред за пренос
на движење, уред за сопирање, уред за осветлување на патот, звонче, седиште).
Потоа наставникот ги објаснува техничките карактеристики на велосипедот, се објаснува дел
по дел, ја објаснува нивната функција, истовремено демонстрирајќи велосипед. Посебно се
задржува на преносниот уред, ги наведува учениците да ги пронајдат елементите за пренос
на движење (педала лост, погонски запченици и синџир). Ги појаснува и уредите за
сопирање, управување и осветлување на патот. Потенцира за важноста од редовно чистење и
одржување на велосипедот, заради нивна лична безбедност, како и безбедноста на другите
учесници во сообраќајот, а ги потсетува дека технички исправниот велосипед е и услов за
вклучување во јавниот сообраќај.
Учениците набљудуваат велосипед, идентификуваат составни делови и уреди на велосипед,
ја откриваат нивната конструктивна изведба и функција, дискутираат за секој дел посебно.
Дискутираат и за тоа како се чува и одржува велосипедот, наведуваат примери што би се
случило ако нема светло, исправни сопирачки или пак синџирот не е затегнат или лабав и сл.
Ја утврдуваат потребата од редовно проверување на велосипедот пред да се вклучат во
сообраќај.
Стандарди-ниво на знаење и способности
 Набројува елементи на улицата и патот
 Знае за последиците од непочитување а правила и прописи во сообраќајот
 знае за значењето на одржувањето на велосипедот
 Разликува и групиравидови сообраќајни знаци
 лоцира елементи за пренос на сила и движење кај велосипедот

тема бр. 2:Графичко комуницирање


наставни содржини:

Техничко цртање – прибор и материјал


Формати на хартија
Графичка писменост – правила за изработка на технички цртеж
Технички цртеж – цртање на едноставен предмет
Читање на работилнички и монтажен цртеж
Цртање на едноставен технички цртеж на компјутер

Цели:
 Го организира уредно работното место во училишната работилница;
 Ги применува и почитува културните навиќи во работењето.
 Да знае да ракува со приборот за техничко цртање;
 Правилно да го употребува приборот за техничко цртање.

 да знае за значењето на рамката и составницата

 да скицира едноставни предмети

 да ги применува правилата за скица и технички цртеж


 пишува и црта едноставни скици и технички цртежи;
 ги применува правилата за цртање на технички цртеж;
 толкува технички цртеж за дадена макета;
Активности и методи:
Наставникот објаснува за приборот и материјалот што се користи за техничко цртање. Тука
спаѓаат: моливот, гумата, триаголниците и шестарот. Преку повеќе примери наставникот
демонстрира постапки и објаснува за правилната примена на моливот и двата триаголника.
Учениците ги следат инструкциите од наставникот за правилната примена на моливот и ги
применуваат во своите технички цртежи.
На пример:
а) аголот помеѓу моливот и линијата треба да биде
60 степени;
б) правилно поставување на моливот и линијарот;
в) неправилно потпирање на моливот на линијарот.

Наставникот демонстрира примена на два триаголника и ги објаснува постапките:


 Кога повлекуваш паралелни линии користи два триаголника
 Со левата рака држи го триаголникот што мирува, а со десната триаголникот што се
двжи
Потоа учениците демонстрираат пред наставникот.

Наставникот на учениците им задава задача преку зададен технички цртеж да го применат


приборот за цртање.

Наставникот и учениците ги разгледуваат нацртаните цртежи, ги истакнуват важните


елементи и дискутираат.

 Наставникот дискутира со учениците за правилата во техничкото цртање при цртање


на технички цртеж. Им објаснува за потребата на рамката и составницата во еден
технички цртеж. Тој им демонстрира како се црта рамка и составница, учениците ги
следат постапките и ги цртаат истите во своите работни тетратки.
Наставникот им објаснува на учениците дека:
 Скицата е првата фаза при цртање на технички цртеж;
 Тоа е постапка со која се соопштува идејата на хартија;
 Скицата ги има сите елементи, димензии и графички симболи.

Техничките цртежи се изработуваат според однапред определени правила. Ако тие правла се
применуваат кај цртањето со слободна рака, се добива скица.
 Учениците цртаат по неколку примери на скици, а потоа од истите цртаат и технички
цртежи;
 Ги презентираат цртежите пред другите ученици;
 Наставникот заедно со учениците прават критериуми за оценување на цртежите и ги
споредуваат, рангираат и оценуваат;
 Наставникот ги следи постигањата на учениците, води евиденција/чек листи и ги
бележи во ученичките досиеа.

Стандарди-ниво на знаење и способности


 Знае да ракува со приборот за техничко цртање
 Разликува видови технички линии
 Дава примери за котирање и размер
 Пишува и црта едноставни скици и технички цртежи

тема бр. 3:-МАТЕРИЈАЛИ ГРАДБА И ОБЛИКУВАЊЕ

наставни содржини:

Материјали: хартија и картон


Карактеристики на хартија и картон: Проектна задача за истражување особини
на хартија и картон

Цели:
 разликува материјали за градба на макети и модели;
 опишува технички својства на материјалите;
 објаснува за видови материјали (хартија, картон, меко дрво);
 Да знае да ги објасни карактеристиките на картонот;
 Да дава идеи за нови истражувања во проектни задачи.
Активности и методи:
Наставникот ги потсетува учениците дека во претходното одделение тие изучуваа за
добивање на хартијата и картонот. Заедно со насочени прашања кои им ги поставува
наставникот, го повторуваат материјалот.
Од кое растение се добива хартијата?
Од кој дел од растението се добива?
На кој начин се добивала?
Како денес се добива хартијата?
На колку начини се изведува целата технологија за добивање на хартијата?

Тој им објаснува на кој начин се добива високо квалитетна хартија од памук, за нејзиниот век
на траење и нејзините карактеристики.
Ги потсетува учениците за добивањето на картонот.

Наставникот на учениците им поставува прашање што е тоа рециклажа?


Тој им објаснува за значењето на рециклирање на хартијата. Тој ги мотивира како да
осмислат и како да организираат една акција собирање на стара харија во своето училиште за
понатамошно рециклирање.
Учениците ги искажуваат своите идеи и замисли.

Наставникот на учениците од претходниот час им задава задолженија на учениците, што


треба да донесат како потребен материјал за да направат испитување на особините на
хартијата и картонот. Пет различни примероци на хартија: салвета, мрсна хартија, картон,
хартија за пишување и весник. Пластична чаша или сад со вода.
Наставникот ги замолува учениците да се групираат во 5 групи.
Ги информира дека секоја група треба за има и свој лидер, кој на крајот од испитувањето ке ја
презентира работата во групата.

Тој дискутира со учениците дали го донеле потребниот материјал што им е потребен за


нивната задача за испитување.
Учениците прво изготвуваат план за работа – што треба да направат и колку време им е
потребно? Потоа учениците во своите групи го вршат испитувањето на особините на харијата
потопувајки го во вода секое од парчињата.
Секоја група треба во своите тетратки да ги забележат промените односно карактеристиките
на секое парче хартија.
Лидерот во групата ја презентира работата од истражувањето.
Учениците со наставникот водат дискусија за изработките, а потоа заедно прават
критериум за вреднување на изработките.
Стандарди-ниво на знаење и способности
 Објаснува за видови материјали
 Знае за карактеристиките на хартија и картон

тема бр. 4:Конструкторско творештвото


наставни содржини:
 Заштита при ракување со технички средства
 Сила пренос на сила и движење
 Елементи за пренос на сила и движење
 Користење на енергијата на сонцето, водата и ветарот

Цели:
 препознава технички средства во домот;
 разликува технички средства кои користат извор на електрична енергија;
 знае да ракува со електричните апарати;
 рационално да ја користи електричната енергија;

 Набројува примери каде се употребува силата;


 Открива и набројува елементи за пренос на сила и движење;
 Објаснува за елементи за пренос на сила и движење;
 Знае што е лост и која е неговата улога;
 Ги препознава едноставните машини и нивната примена.
 препознава едноставни машини;
 открива како функционираат елементите за пренос на сила и движење;
 дискутира за елементите за пренос кај велосипедот и други направи,
машини;

 препознава видови на енергии;
 разликува природни (обновливи) енергии;
 објаснува како се претвора енергијата од еден во друг вид;
 дискутира/дебатира како може да се искористи енергијата;

Активности и методи:
- Наставникот поттикнува дискусија за техничките средства што ги имаат во домот,
поставува прашања како работат тие, на пр. телефонот, телевизор, пеглата, бојлерот и
сл. Учениците активно се вклучуваат во дискусија, набројуваат апарати, уреди што ги
имаат дома, поставуваат прашања. Наставникот преку разговор им објаснува како
работат, ги класифицира техничките средства посебно за комуникација (телефон,
телевизор, компјутер (интернет), технички средства што создаваат топлина или
ладење (фен, пегла, бојлер, шпорет, фрижидер, климатизер) и технички средства што
извршуваат некоја работа (машина за перење алишта, садови и сл.) На тој начин
заедно со учениците се открива дека повеќето средства во домот користат како извор
електрична енергија. Демонстрира како работи фен, пегла, ел. дупчалка. Потенцира
колку е важно правилно да се употребуваат ел. апарати, посочува кои се најголеми
потрошувачи на ел. енергија (ел.шпорет, бојлер, машина за перење) и истите да се
вклучуваат на ефтина/економична струја.
Учениците внимателно набљудуваат и слушаат, поставуваат прашања ако не им е јасно,
опишуваат работа на некој апарат, откриваат разни опасности при ракување со елктричните
апарати ако не се користат правилно.
За цело време наставникот ја следи заинтересираноста и ангажираноста на учениците.
Компјутери, лцд – проектор, модели, предмети и механизми, слики, интернет, материјали,
конструкторски кутии со материјали и сл.
 Наставникот врши кус преглед на предзнења за силата и машина. Ја најавува целта на
часот за едноставните машини (лост, макара и преносно тркало, коса рамнина, завртка
и клин). Учениците во оваа содржина треба да разберат за основните елементи за
пренос на силата. Наставникот треба да направи демонстрирање со одредени
предмети и едноставни машинки. Да покаже што ќе се случи кога ќе дејствува
применетата сила, како таа преку овие механизми дејствува врз предметот и ја
извршува работата. Наставникот треба да објасни што е тоа осовина, користејќи
пример на движењето на тркалата од сите возила, работата на осовината на
велосипедот, а може да го земе и примерот за осовината на цилиндричното тркало кај
бунарот, кој учениците како модел најчесто го прават на самите часови. Наставникот
демонстрира и примери на пренос на сила и движења на некои механизми како што
се: запчестите парови, макарите, косата рамнина и завртката. За ова може да се
искористат и разни слики со истражување на интернет, како и разни конструкторски
кути со пластични елементи за кои денешните технологии ни даваат многу можности.

Демонстрира клешта, ножички, пинцета, објаснува дека тие работат на принципот на лост,
објаснува кои се главните елементи на лостот (применета сила, отпор или товар и потпорна
точка). На готови модели (бунарче и др.) демонстрира и појаснува што е оска, а што
осовинка, а потоа ја опишува работата кај макарата и преносното тркало. Потоа го објаснува
системот од ремен и макари (ременични тркала), запчести тркала, завртки истовремено
демонстрирајќи модели и направи, покажува како работат тие. На крај со помош на слики
или екперимент појаснува за косата рамнина.
Учениците внимателно набљудуваат и ја пратат демонстрацијата на наставникот,
прашуваат ако не им е јасно, сами испитуваат на одредени модели како
функционираат тие. Ги откриваат елементите за пренос на сила и
движење.Наставникот за цело време ја следи заитересираноста на учениците.
 Мотивација
На почетокот на оваа содржина наставникот и учениците повторуваат за претходната
содржина од оваа тема. Учениците научија за силата, разбраа за применетата сила и
нејзиното дејствувањето, за извршената работа од дејствувањето на силата. Наставникот со
слики на разни модели и предмети како: хевталката, оревокршачот и ножичките покажува и
демонстрира за да објасни за силата. Со тоа во оваа содржина треба да постигне мотивација
со која учениците полесно ќе се воведат во оваа содржина.
Наставникот преку прашања ја најавува целта на часот за сила. На учениците им дава да
сечат хартија со ножици, спојуваат листови со хефталка, бара да опишат како се работи со
ножичките, хефталката, оревокршачката. Прашува како се возат со велосипед, како својата
сила ја употребуваат за да се превезат од едно до друго место. Се доаѓа до поимот применета
сила. Објаснува за сите конструкции кои извршуваат определена работа, дека тие се
нарекуваат алатки, направи или машини, кои може да бидат прости и сложени. Со нивна
примена се зголемува силата, се пренесува од едно до друго место и силата може да го
промени обликот на телото или предметот.

Стандади-ниво на знаење и способности

You might also like