You are on page 1of 2

ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА БР.

1
составен на 24.06.2021 г.

ПРОДАВАЧ: Земјоделска задруга „Ливада“, село Ливада,


струшко

КУПУВАЧ: „ПОВАРДАРИЕ-КОМЕРЦ“ – Скопје, работна единица


за промет со земјоделски производи – Скопје,
„Илинденска“ бб

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР:12.000 килограми компири и 5.000 килограми грав од


поднебјето на струшкиот крај.

ЦЕНА: За компирот: 5,00 ден. за еден килограм


За гравот: 25,00 ден. за еден килограм.

КВАЛИТЕТ: За компирот: здрав, сув, немиен. Се толерира 3% земја.


Големина на јајце од кокошка, со отстапување од 10%.
За гравот: здрав, сув и I класа.

РОК НА ИСПОРАКА: Најдоцна до 30.06.2021 г.

МЕСТО НА ИСПОРАКА: Стоката да се испорача на адреса: „Стара Гаража“ –


Скопје, „Јабланица“ – 6.

НАЧИН НА ИСПОРАКА: Со камион на означената адреса на купувачот.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Купувачот се обврзува стоката да ја плати во рок од 15


дена по примањето на фактурата на сметка КБ – 5-89

ПАКУВАЊЕ НА За компирот во најлон мрежести вреќи што ги даде


АМБАЛАЖА: продавачот на услуга, а за гравот во суви и чисти
конопни вреќи. Купувачот се обврзува вреќите да ги
врати во рок од 15 дена по приемот на стоката.

УТВРДУВАЊЕ НА Квантитетот и квалитетот на стоката ќе се утврди


КВАЛИТЕТОТ И НА комисиски во магацинот на купувачот. Во комисијата
КВАНТИТЕТОТ НА влегува еден претставник од продавачот.
СТОКАТА:

РОК НА РЕКЛАМАЦИИ: 3 (три) дена од приемот на стоката, кога се составува


и записник.
КАЗНИ: Ако купувачот не ја испорача стоката во
определениот рок должен е да плати договорна казна
– 5% од вредноста на цената, а ако купувачот не ја
врати амбалажата, должен е на продавачот да му
плати 5,00 ден. за секоја вреќа. Добавувачот
(продавачот) има право да му засмета затезна камата
ако купувачот не ја подмири обврската во
определениот рок.

НАДЛЕЖНОСТ ВО Во случај на спор по овој договор, надлежен ќе биде


СПОРОТ: Стопанскиот суд во Битола.

РАСКИНУВАЊЕ НА Договорот ќе биде раскинат во случај на виша сила.


ДОГОВОРОТ:

ПРИМЕРОЦИ ОД Договорот е изготвен во 3 (три) примероци, од кои


ДОГОВОРОТ: два за продавачот и еден за купувачот.

24.06.2021 г.
Скопје

ЗА КУПУВАЧОТ, ЗА ПРОДАВАЧОТ
ДИРЕКТОР, ПОЛНОМОШНИК,
Павле Кочковски Љупчо Бојковски

You might also like