You are on page 1of 4

ПОТЕКЛО НА ГРЧКОТО ПИСМО И ЛАТИНИЦАТА

Најраните археолошки наоди со грчко писмо


датираат од 8 век пр.н.е., но според Енциклопедија
Британика, се смета дека грчкото писмо датира од
1000 г. п.н.е.
На територија на стара Грција, претходно се
користело микенското – линеарно Б писмо, но тоа
се изгубило околу 1100 г. п.н.е.
Грчката азбука е приспособена од феникискиот
систем на пишување, по истиот принцип на глас =
буква. Тие ги презеле истите букви за согласките
кои постоеле во двата јазика и вовеле за прв пат
знаци за самогласките, користејќи букви од
феникиското писмо за согласки кои не постоеле во
грчкиот јазик. Со ова упростување, каде што мал
број на знаци можеле точно да го пренесат говорот,
пишувањето станало подостапно за обичните луѓе.
Од најраните верзии на текстови напишани со грчко
писмо, се гледа дека грчкото писмо настанало со
модифкации на феникиското писмо во еден точен
момент во времето и можеби како инвенција на
еден човек. Сл. 1

Сл.1 го прикажува грчкото писмо,и еквивалентите на микенското линеарно писмо, каде што
постојат.

На почетокот, грците се придржувале до праксата на пишување од десно кон лево, а буквите


биле свртени кон лево. По ова, имало период на двонасочно пишување наизменично во секој
ред, а буквите се вртеле според насоката на пишување (boustrophedon- бустрофедон, прикажан
на слика 2). Од 5 век п.н.е. насоката на пишување била стандардизирана од лево кон десно а сите
букви добиле фиксна ориентација кон десно.
Пред 5 век п.н.е. грчката азбука можела да биде поделена на два система на пишување со мали
разлики меѓу нив: јонски (источен) и халкидиски (западен). Во 403 г. п.н.е. Атина официјално ја
усвоила јонската азбука и во следните 50 г.сите други стилови биле заменети од јонското писмо,
кое на овој начин станало грчка азбука во класичниот период.
.2
Халкидискиот стил бил преземен на запад, и од него се создало етрурското писмо во Италија во 8
век п.н.е. Со повеќе измени на буквите од ова етрурско, староиталско писмо произлегла
латиницата. Латините усвоиле 21 од оригиналните 26 етрурски букви, и направиле измени преку
стилски варијации. Така буквата G е варијација на C , J произлегла од I, U и V се поделиле и исто
така од нив подоцна се формира W. Во 1 век п.н.е., по римското освојување на Грција повторно се
усвоиле Y и Z од грчката азбука, и со тоа латиницата стигнала до 23 букви.

Латиница во класичниот период

Буква A B C D E F G H I K L M N O P Q R S T V X Y Z

Латинско ЁI
Á BÉ CÉ DÉ É EF GÉ HÁ I KÁ EL EM EN Ó PÉ QV́ ER ES TÉ V́ IX ZÉTA
име (majus) GRAECA

Разликата меѓу пишување со рамна четка или


длето на камени табли и секојдневно
пишување белешки на рака условило развој на
2 стила: римски големи букви (Capitalis
monumentalis), од кој произлегле денешните
печатни латинични букви, и римскиот курзив –
ракописно писмо, кој го користеле, како
ракописни букви за секојдневно пишување
трговците и учениците. Стариот римски курзив
се користел од 1 век п.н.е. до 3 век, но тој за
денешните читатели би бил тежок за читање.
Од него се развил новиот римски курзив, кој се користел од 3 до 7 век.
Користена литература:

https://www.ancient.eu/Greek_Alphabet/#:~:text=With%20the%20passage%20of%20time,king%20of
%20Thebes%20in%20Boeotia.
https://www.britannica.com/topic/Greek-alphabet
https://en.wikipedia.org/wiki/Roman_cursive
https://en.wikipedia.org/wiki/History_of_the_Latin_script

You might also like