Professional Documents
Culture Documents
Гаврило Принцип
Гаврило Принцип
Гаврило Принцип (25 јули [ст. ст. 13 јули] 1894 — 28 април 1918) — член на Млада
Босна, југославска организација која барала крај на австроунгарската власт во Босна и
Херцеговина. Тој го убил надвојводата Франц Фердинанд на Австрија и неговата
сопруга Софи Хотек во Сараево на 28 јуни 1914 година, продолжувајќи еден синџир на
настани кои довеле до почетокот на Првата светска војна. Принцип и неговите
соучесници биле уапсени, вмешувајќи го српското националистичко тајно друштво
познато како Црна Рака, што довело Австроунгарија да издаде демарш на Србија
познат како Јулски ултиматум. Ова се користело како изговор за
австроунгарската инвазија на Србија, која потоа доведе до Првата светска војна.
Принцип беше југословенски националист поврзан со движењето Млада Босна која
главно беше составена од Срби, но исто така и од Бошњаци и Хрвати. За време на
неговото судење, тој изјавил: "јас сум југословенски националист со цел обединување
на сите Југословени, не ми е важно во каков вид на држава, но таа мора да биде
ослободена од Австрија."
Принцип починал на 28 април 1918 година од туберкулоза предизвикана од лошите
затворски услови, поради кои загубил и рака.
Родителите на Гаврило, Петар и Марија (со моминско име Мичич), биле сиромашни
земјоделци кои опстојувале од малото парче на земја кое го поседувале. Тие
припаѓале на групата на христијански селани познати како кметови кои често биле
угнетувани од страна на муслиманските земјопоседници. Петар, кој инсистирал на
"строга коректност", никогаш не пиел или се заколнал дека нема да пие и бил
исмејуван од страна на неговите соседи поради тоа. Во неговата младост, тој се
бореше во Херцеговското востание против Отоманското Царство.