You are on page 1of 7

МОДЕЛ НА ДОГОВОР

Договор
за сеча со дотур и превоз на дрвни сортименти

Склучен помеѓу:

1. ЈП „Национални Шуми" п.о. Скопје, со седиште на Булевар „Свети Климент Охридски“ бр.68, матичен број
5204160, даночен број 4030998338949, со жиро сметка број 500-0000014294-19, депонент на Стопанска банка
АД Битола, претставувано од Директорот Валентин Груевски, и Раководител на подружница "Кајмакчалан
Битола" Стеван Бошковски, во понатамошниот текст /Договорен орган/ и

2. А-Тигри- Транс Дооел увоз извоз Меџитлија, Битола со седиште на 1 бр.7 Меџитлија Битола матичен број
7221932, даночен број 4002017551075, со жиро сметка број 240150107378033 депонент на Уни Банк,
претставувано од Аднан Мустафа во понатамошниот текст /Носител на набавката/

(ИЛИ ПРИ ГРУПНА ПОНУДА)

2. Носител на група __________________ со седиште на ____________________ матичен број


________________, даночен број ___________________, со жиро сметка број __________________ депонент
на ___________________, претставувано од _________________________ согласно Договор за ГРУПНА
ПОНУДА бр. ___________ од __________________ склучен помеѓу економскиот оператор (носител на
групата) и операторот ___________________ со седиште на ________________________ матичен број
________________, даночен број ___________________, со жиро сметка број __________________ депонент
на ______________________, претставувано од _________________________
во понатамошниот текст /Носител на набавката/

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ

член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски помеѓу Договорниот орган и Носителот
на набавката, кои произлегуваат од склучувањето на овој Договор за јавна набавка за изведување на услуги
според условите од тендерската документација и техничката спецификација - преглед на шумско стопански
единици по оддели/пододдели за секоја ПШС, со планирани количини за сеча со дотур на дрвни сортименти
и/или превоз со утовар и растовар на дрвни сортименти.
Договорот се склучува врз основа на усвоена понуда доставена преку Електронскиот систем за јавни
набавки, согласно дадената техничка спецификациjа и Одлука за избор на најповолен понудувач по отворена
постапка со Оглас 00051/2023 објавен во ЕСЈН.

член 2
Носителот на набавката се обврзува да изврши сеча со дотур на дрвни сортименти произведени во
вкупна (максимална) количина од 3000 м3 и превоз со утовар и растовар на дрвни сортименти произведени во
вкупна (максимална) количина од _____________ м3 од кои:

СЕЧА со ДОТУР ПРЕВОЗ со


Вид на дрво
Вид на сеча

на дрвни сортименти утовар и растовар


пододдел
Оддел/

Дел ШСЕ Едине. Едине. Едине.


Огревно Техничко Огревно
цена без цена без цена без
дрво м3 дрво м3 дрво м3
ДДВ ДДВ ДДВ
Дир.кон
169 21/а бука 1,500 770,00
Баба верзи.
Дир.кон
170 22/а бука 1,500 770,00
Баба верзи.

Договорниот орган го задржува правото да изврши промена на договорените количини предвидени


во став 1 од овој член согласно укажаните потреби или непредвидени околности, односно согласно
фактичката состојба на дрвните сортименти на терен:
 помали количини на дрвна маса во одделот/пододделот (огревно и/или техничко дрво);
 поголема количина на техничко од огревно дрво кај лисјарски дрвни видови (оваа измена на
количината на дрвна маса ќе се регулира со склучување на Анекс на Договорот).
 промена на количината на огревно дрво за превоз со утовар и растовар на дрвни сортименти,
доколку дојде до промена на количините во претходните фази на шумарски услуги (оваа измена на
количината за превоз на дрвни сортименти ќе се регулира со склучување на Анекс на Договорот).
член 3
Носителот на набавката треба да започне со изведување на услугите предмет на Договорот од денот
на склучување на овој Договор па се до завршување на истиот, односно 1 /еден/ година од денот на
склучување на договорот.
член 4
Рокот на извршување на услугите предмет на Договорот е согласно динамиката за извршување на
услугите – термински план која е составен дел на ово Договор.

ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
член 5
Јазик на договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на овој договор е
Македонскиот јазик.
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е Македонскиот јазик.

ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА


член 6
Носителот на набавката е должен предметот на набавката да го извршува согласно важечките
нормативи за изведување на услуги во шума.

Сеча со дотур на дрвни сортименти


Носителот на набавката е должен да врши квалитетна изработка на дрвните сортименти согласно
стандардите на Договорниот орган и тоа:
 Огревното дрво со пречник од 15 см нагоре обавезно да биде цепено.
 Да врши квалитетно кроење и изработка на трупците согласно стандардите.
 При изработка (кроење) на трупците да се придржува да бидат изработени предвидените количини
на квалитетни класи дадени во налозите од раководителот на шумскостопанската единица за секој
оддел/пододдел посебно.
 Исечените огревни дрва да ги фигурира-реди во фигури на висина од 120 см при што фигурата на
огревното дрво да не биде помала од 1 метар.
 Дотурот на дрвните сортименти да го извршува со ред, да не остава недотурени дрвни сортименти и
да внимава при дотурот да не го оштетува шумскиот подмладок.
 Сите дрвни сортименти ги дотура франко камионски пат, фигурирани и складирани со надмер од 10
см.
 При фигурирање на дрвните сортименти не смее да се блокира шумско камионскиот пат.
 Ризикот од пропаѓање на дрвните сортименти поради ненавремено извршен дотур паѓа на товар на
Носителот на набавката.
 Носителот на набавката е должен да се придржува кон спроведување на шумскиот ред.

Превоз со утовар и растовар на дрвни сортименти


Носителот на набавката е должен:
 Сите дрвни сортименти ги: утовара, превезува франко склад во подружницата истоварени.
 Ризикот од пропаѓање на дрвните сортименти поради ненавремено извршен превоз паѓа на товар на
Носителот на набавката.
 Носителот на набавката, услугите предмет на овој договор ќе ги извршува со свои основни средства
за работа и работна рака.
член 7
Носителот на набавката, услугите - предмет на овој договор ќе ги извршува со свои основни
средства за работа и работна рака.
Носителот на набавката е должен да обезбеди услови за работа на своите работници за квалитетно
и навремено извршување на услуги предмет на ово Договор.

член 8
Носителот на набавката е должен при изведување на услугите да применува мерки за заштита при
работа согласно законските прописи.
Договорниот орган не одговара за било какви повреди нанесени на Носителот на набавката или на
лица ангажирани од негова страна, како и на трети лица настанати при извршувањето на услугите.

член 9
Носителот на набавката се обврзува да ги изведува услугите, предмет на овој договор, согласно
налозите на раководителот на шумско стопанската единица.
Носителот на набавката ги изведува услугите квалитетно и навремено во согласност со динамиката
за извршување на услуги (термински план) потпишан од Раководителот на подружницата и Носителот на
набавката и е во Прилог на овој Договор.
член 10
За секоја пречка при тековното изведување на услугите која го доведува во прашање исполнувањето
на договорните обврски, Носителот на набавката е должен веднаш да го извести овластеното лице на
Договорниот орган во писмена форма.

член 11
Доколку Носителот на набавката не ги почитува позитивните законски прописи од член 58 од Законот
за шумите (Службен весник на РМ бр.64/09, 24/11,53/11,25/13,79/13,147/13,43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15,
7/16, 39/16 и 147/17) за одржување на шумски ред како и Упатството за начинот на работа во процесот на
производство во шумарството, договорниот орган може за сметка на Носителот на набавката да воспостави
шумски ред и истиот трошоците да ги наплати од Носителот на набавката.
член 12
По завршувањето на услугите предмет на овој договор, овластени претставници на двете договорни
страни Записнички го утврдуваат квалитетот на извршената услуга.

ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН


член 13
Договорниот орган се обврзува до крајот на месецот да изврши квалитативен и квантитативен прием
на посечените и/или дотурените дрвни сортименти и за извршениот прием да издаде документ - приемница
за сеча или приемница за дотур. Договорниот орган го задржува правото на рекламација при приемот на
стоката.
Приемниците за сеча и за дотур се издаваат на име на економскиот оператор кој ги врши шумарските
услуги: сеча и дотур на дрвни сортименти согласно овој Договор.
Договорниот орган се обврзува: за вршење на превоз на дрвните сортименти (од шумско камионски
пат до склад во подружница), на секое товарно возило му издаде документ испратница за превоз.
Испратницата за превоз се издава на секое товарено превозно средство на економскиот оператор кој
е задолжен за извржување на услугата: превоз со утовар и растовар на дрвни сортименти согласно овој
Договор.

ЦЕНА НА УСЛУГАТА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ


член 14
За извршените услуги Носителот на набавката има право на надоместок.
Надоместокот за извршените шумарски услуги се утврдува согласно прифатената понуда и
важечките акти на Договорниот орган за висината на надоместокот при ангажирање на трети лица и тоа:
 за сеча на огревно дрво при чиста сеча 770 денари/м3

 за сеча на огревно дрво при прореди, пребирни и оплодни сечи _________ денари/м3
 за сеча на трупци при сите видови сечи _________ денари/м3
 за дотур на огревно дрво при чиста сеча 770 денари/м3
 за дотур на огревно дрво при прореди, пребирни и оплодни сечи _________ денари/м3
 за дотур на трупци при сите видови сечи _________ денари/м3
 за сеча со дотур на огревно дрво при чиста сеча 770 денари/м3
 за сеча со дотур на огревно дрво при прореди, пребирни и оплодни сечи _________ денари/м3
 за сеча со дотур на трупци при сите видови сечи __________ денари/м3
Цената на извршената работа е без пресметан ДДВ.
Вкупна вредност за максимално планираните шумарски услуги без вкалкулиран ДДВ изнесува
________________ денари, или со вкалкулиран ДДВ изнесува ________________ денари.

Надоместокот за извршената услуга Превоз со утовар и растовар на дрвни сортименти се утврдува


согласно прифатената понуда.
Цената на извршената услуга предмет на овој Договор е без пресметан ДДВ.
Вкупна вредност за максимално планираните количини за превоз со утовар и растовар на дрвни
сортименти без вкалкулиран ДДВ изнесува ___________________ денари, или со вкалкулиран ДДВ изнесува
___________________ денари.

Вкупната вредност на овој Договор изнесува 2 310 000.00 денари без ДДВ, или 2 725 800.00 денари со
вкалкулиран ДДВ.

РОК И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ


член 15
Носителот на набавката фактурите заедно со приемниците за сеча и приемниците за дотур на дрвни
сортименти, како и фактурите заедно со испратниците ги доставува во подружницата во која се изведувани
услугите.
Договорниот орган се обврзува плаќањето на износот од член 14 од овој Договор да се изврши на
следниот начин:
 вирмански, после четириесеттиот ден, од денот на доставување на фактурата заедно со
приемниците за сеча и приемниците за дотур на дрвни сортименти на име на економскиот оператор
кој ги врши шумарските услуги сеча и дотур на дрвни сортименти.
 вирмански, после четириесеттиот ден, од денот на доставување на фактурата заедно со
испратниците за превоз на име на економскиот оператор кој ја врши услугата превоз со утовар и
растовар на дрвни сортименти.

ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ


член 16
Како гаранција за навремено и квалитетно извршување на превземените обврски, согласно
одредбите од овој Договор, Носителот на набавката на услугите доставува безусловна банкарска гаранција
од банка прифатлива за набавувачот во висина од 5% од вредноста на договорот (со вкалкулиран ДДВ).
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на Договорот ќе биде со важност до важноста
на Договорот или целосното реализирање на договорот плус 14 дена, односно гаранцијата мора да има рок
на важност најмалку 14 дена од денот на истекот на важноста на договорот. За овој предмет на набавка
гаранцијата треба да е со важност од една година и 14 дена.
Гаранцијата за извршување на Договорот во услови на навремено и квалитетно извршување на
Договорот му се враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена по извршувањето на Договорот.
Гаранцијата се наплаќа во следните случаи:
 Доколку Носителот на набавката на услугите и по дополнително доставеното писмено известување
од страна на Договорниот орган не го почитува рокот за изведување на договорените услуги.
 Доколку Носителот на набавката на услугите и по дополнително доставеното писмено известување
од страна на Договорниот орган не ги почитува налозите на одговорното лице за динамиката на
извршување на договорените услуги.
 Во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативни карактеристики на извршените услуги со
важечките нормативи за изведување на услуги во шума.

 Договорниот орган е овластен да го раскине Договорот доколку Носителот на набавката изврши


промена на цената или некој друг битен елемент од наведената понуда и погоре наведените
случаеви, односно одредбите прифатени во Тендерската документација за предметот на набавката.
 Доколку Договорот се раскине пред истекот на важноста на Договорот или пред исполнувањето на
обврските по вина на Носителот на набавката, Договорниот орган ќе ја реализира банкарската
гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот која Носителот на набавката ја
доставил. Носителот на набавката е одговорен за направена штета доколку при раскинување на
Договорот допринесе до нарушување на текот на производството или друга штета кај Договорниот
орган.

ДОГОВОРНА КАЗНА
член 17
За непочитување на динамиката за извршување на договорените услуги утврдена во налозите на
одговорното лице на Договорниот орган, Носителот на набавката ќе му плати на Договорниот орган
договорна казна во висина од 2‰ од вкупната вредност на договорот за секој ден доцнење, но не повеќе од
5% од вредноста на договорот.
Наплатата на договорната казна не го ослободува Носителот на набавката од одговорноста за
претрпена штета кај Договорниот орган.
член 18
Договорниот орган е овластен да го раскине договорот доколку Носителот на набавката изврши
промена на понудената цена, не ги изврши услугите навремено и квалитетно или некој друг битен елемент –
одредба од договорот или понудата.
Доколку договорот се раскине пред истекот на важноста или пред исполнување на обврските по вина
на Носителот на набавката, Договорниот орган ќе ја реализира гаранцијата за навремено и квалитетно
извршување на договорот.
член 19
Договорниот орган не превзема одговорност доколку Носителот на набавката во делот каде што
работи направи штета на приватни шуми или други приватни имоти. При евентуален спор, при направена
штета на приватни шуми или други приватни имоти, целосна одговорност презема Носителот на набавката.

член 20
Носителот на набавката е одговорен за направена штета доколку при раскинување на Договорот
допринесе до нарушување на текот на производството или друга штета кај Договорниот орган.

ВИША СИЛА
член 21
Договорниот орган и Носителот на набавката се ослободуваат од одговорноста, ако по склучувањето
на овој договор настапат околности од било која страна потписник на договорот кои не можеле да се
предвидат, отклонат или спречат, а за што страната кај која настанале околностите е должна да ја извести
другата страна.
Како виша сила ќе се сметаат и ситуации на блокада на службеност на користење на пат, блокада од
страна на државни институции и органи, како и од месно население.

ОПШТИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ


член 22
Овој договор се смета за склучен со денот на неговото потпишување од двете страни.
Договорот со сите одредби и цени важи една година од денот на склучување на истиот.
Извршувањето на предметот на набавката ќе биде согласно динамиката за извршување на услугите –
термински план потпишан од двете страни кој е составен дел на овој договор, а за времетраење на важноста
на договорот.
За правата и обврските кои не се регулирани со овој договор, а се во врска со неговото исполнување
ќе се применува Законот за облигациони односи.
член 23
Договорните страни може да ги дополнат или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена или дополнување е должна своето барање до другата страна
да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор може да се изменат или дополнат со склучување на Анекс на Договорот.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмен облик и согласно
позитивните законски прописи во Република Северна Македонија, како и Законот за Јавни набавки, Законот
за облигациони односи, Законот за превоз во патниот сообраќај, Закон за договорите за превоз во патниот
сообраќај.

член 24
Сите евентуални спорови странките ќе ги решаваат спогодбено, а доколку не можат да ги решат по
мирен пат истите ќе се разрешат пред надлежниот суд во Скопје.
член 25
Договорот е составен во 6 /шест/ еднообразни примероци од кои 4 /четири/ примероци задржува
Договорниот орган, а 2 /два/ примероци се за Носителот на набавката.

ДОГОВОРЕН ОРГАН, НОСИТЕЛ НА НАБАВКА,


ЈП „Национални шуми" п.о. Скопје А- Тигри- Транс дооел Меџитлија
Битола Директор, Управител,
Валентин Груевски Аднан Мустафа
___________________ ___________________

ПШС „__________________"
________________________
Раководител,
________________________
________________________

Комисија за контрола:
________________________
________________________
________________________

You might also like