You are on page 1of 3

Инструкции бр.

ПРЕДМЕТ: ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ И ЖИВОТНА СРЕДИНА (2015/16)


ПРОЕКТНА ЗАДАЧА: ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ
ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
ИНСТРУКЦИИ БР.3 - ПОГЛАВЈЕ: РАЗГЛЕДУВАНИ АЛТЕРНАТИВИ

Целта на оваа активност е да се даде опис на разгледуваните алтернативи за


проектот „Изградба на автопат А4, делница Скопје – Блаце“. Разгледувањето на
алтернативите се врши по различни основи и тоа: по однос на локацијата за
проектот, по однос на технолoгијата, распоредот на објектите во рамки на
проектот, економската оправданост на проектот и техничките карактеристики за
дадениот проект. Кон ова се додаваат и се разгледуваат влијанијата од
изградбата на проектот врз животната средина.

Вовед: Ова се Инструкции бр.3. Една од основните цели на Процесот на оцена


на влијанието врз животната средина е да покаже дека уште во фаза на
проектирање се разгледани повеќе проектни алтернативи со цел да се намалат,
минимизираат или компензираат негативните влијанија од развојот на проектот.
Најпрво се разгледува т.н. Алтернатива „да не се прави ништо“ или
алтернатива „без проект“ или „нулта“ алтернатива. Понатаму се прават
уште најмалку 2 други алтернативи. Методите за избор на најповолна
алтернатива се многубројни а најповеќе се користат т.н. Леополдови и тежински
матрици.

Метод на работа: На групата ќе и биде даден соодветен материјал за


разгледуваните алтернативи.
Поголемиот дел од податоците за разгледуваните алтернативи се веќе дадени и
истите треба да се внесат во проектната задача, со тоа што, повторно им се дава
можност на студентите да изберат дали ќе ги внесат сите податоци, или ќе
изостават некои или пак ќе приберат нови релевантни податоци.

Алтернатива бр. 1 - „да не се прави ништо“ или алтернатива „без проект“:


За оваа алтернатива, групата треба да даде кус осврт што би било доколку
соодветниот проект не се изгради, т.е. да се обиде да даде одговор на
прашањето – зошто е потребно да се изгради проектот?
Студентите треба да се концентрираат на позитивните придобивки од развојот
на проектот и евентуалните негативни консеквенции за регионот доколку
истиот не се реализира. На пример, може да се прикажат и претпоставени
позитивни ефекти врз унапредувањето на економијата, животот на луѓето и
животната средина.

Алтернатива бр. 2 - „изградба на проектот“:


Во рамките на оваа основна алтернатива се разгледуваат неколку под-
алтернативи во однос на технички, финансиски, економски и параметри на
животната средина. Во однос на овие под-алтернативи на студените ќе им биде
даден материјал кој треба соодветно да се вгради во проектната задача.

Препорачана алтернатива:
На крајот од Поглавјето „Разгледувани алтернативи“ треба да стои јасен
поднаслов кој, врз основа на претходно разгледаните алтернативи ќе даде јасен

1
Инструкции бр.3

став за препорачаната алтернатива. При изборот на препорачната алтернатива


најчесто се користат матрици.
Како вежба, студентите може да прикажат обична дводимензионална матрица за
симулација на изборот на најдобра алтернатива, по следниот пример:

Компоненти Алтернатива Алтернатива Алтернатива Алтернатива


на ж. средина бр.1 „без бр.2- бр.3 – бр.3 - ...
проект“ варијанта 1 варијанта 2а
Површински 0 - - -
води
Подземни 0 0 0 -
води
Квалитет на + - - -
водухот
Пејзаж + - - -
Флора + - - -
Фауна + - - -
Бучава + - - -
Вработување - + + +
Здравје на + - + +
луѓето
Рушење на 0 - + 0
куќи
+, позитивно влијание
-, негативно влијание
0, без влијание (ниту позитивно, ниту негативно влијание)

При одредувањето на типот на влијание врз животната средина, студените треба


да го користат досегашниот материјал за опис на проектот и на животната
средина, како и дадениот материјал за разгледувани алтернативи. Пример за
пополнување на табелата ќе се врши за време на часовите за вежби со
учесто на сите студенти!

Неколку корисни линкови кои студентите може да ги користат при изработка на


Поглавејто:
www.moepp.gov.mk – Министерство за животна средина и просторно планирање
www.meteo.gov.mk – Управа за хидрометеоролошки работи
www.stat.gov.mk – Државен завод за статистика
http://www.zels.org.mk/ - Заедница на едниниците на локална самоуправа на РМ
http://mtc.gov.mk - Министерство за транспорт и врски

Форма и стил на пишување:

Поглавјето, во принцип, треба да го следи веќе подготвениот опис, кој Ви е


даден во принтана верзија и/или во електронски формат. Текстуалниот дел на
документот треба да биде околу 5 страници, притоа не вклучувајќи ги табелите,
сликите, графиконите и прилозите (доколу ги има).
Граматиката и стилот на пишување, исто така се важен дел од проектна задача!

2
Инструкции бр.3

Доколку во групата, си ги поделите обврските за подготовка на Поглавјето, сите


заедно, а посебно Координаторот на групата, треба да внимава стилот и
форматот на пишување да бидат усогласени.

Следете го следниот формат (или Вашата работа ќе Ви биде вратена на


доработка):

- користете единствено Microsoft Word (формат .doc, или .docx);


- користете проред 1.5;
- користете стандардни маргини, целиот текст треба да биде во една колона;
- користете Times New Roman со македонска поддршка, фонт 12 за главниот
текст;
- насловите - нумерирани со бројка (пр. 1), со големи букви и болдирани, со
лево порамнување, фонт 14.
- поднасловите – нумерирани со два броја (пр. 1.1.) со големи букви, болдирани,
со лево порамнување, фонт 12.
- под-поднасловите – нумерирани со три броја (пр. 1.1.1.) со мали букви,
болдирани со лево порамнување, фонт 12.
- Сликите и табелите се нумерираат посебно. На пример: „Слика 1. Локација на
постројката за согорување на отпадот“, „Табела 1. Измерени температури на
локацијата“. Насловите на сликите се поставуваат централно под самата слика, а
оние на табелите, над соодветната табела.

You might also like