You are on page 1of 30

УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ


-ИНДУСТРИСКА ЛОГИСТИКА

ЗАВРШЕН ИСПИТ

Тема: МОДЕЛИРАЊЕ НА ТРАНСПОРТНИ ПРОБЛЕМИ

Ментор: Изработил:
Проф.Д-р.Зоран Десподов Филип Сулев
Бр. на индекс: 131925
Содржина
o Краток извадок...................................................................................................2
o Абстракт...............................................................................................................3
o Вовед....................................................................................................................4
o Формулирање на транспортниот проблем...................................................6
o Методи за одредување на базичното (почетно) решение на
транспортниот проблем....................................................................................8
o Дијагонална метода (метода на северозападен агол).............................9
o Метода на најмали единечни цени..............................................................12
o Методи за одредување на оптимално решение.........................................14
o Метода на коефициенти или модифицирана метода на
дистрибуција – MODI......................................................................................14
o Двофазен (двоетапен) транспортен проблем............................................19
o Решен пример од двофазен транспортен проблем..................................23
o Заклучок.............................................................................................................28
o Користена литература.....................................................................................29

Штип,2020
1
МОДЕЛИРАЊЕ НА ТРАНСПОРТНИТЕ ПРОБЛЕМИ

Краток извадок

Во последните години науката се поголемо внимание им посветува на


прашањата за организација и планирање, посебно во доменот на транспортот,
бидејќи прашањата за рационализација во оваа стопанска гранка станаа многу
сложени.

Посебен случај на општиот проблем на линеарното програмирање е т.н.


транспортен проблем.

Меѓу проблемите на линеарното програмирање посебно место завземаат


транспортните проблеми. Издвојувањето на транспортниот проблем е воведено
поради карактеристичните поставки на неговиот математички модел кој
овозможува значајни поедноставувања во процесот на наоѓање на оптимално
решение.

Со транспортниот проблем се одредува оптималниот план на транспортот


на истовидна стока.

Под оптимален план на транспортот се подразбира оној план на транспорт


на стоката од товарниот до истоварниот пункт кој има минимални вкупни трошоци
за транспорт.

Клучни зборови

 Транспорт
 Проблем
 Оптимален план

Штип,2020
2
TRANSPORT PROBLEM MODELING

Abstract

In recent years, science has focused more and more on the issues of
organization and planning, especially in the field of transport, because the issues of
rationalization in this industry have become very complex.

A special case of the general problem of linear programming is the so-called


transport problem.

Among the problems of linear programming, transport problems occupy a special


place. The separation of the transport problem has been introduced due to the
characteristic settings of its mathematical model that allows significant simplifications in
the process of finding the optimal solution.

The transport problem determines the optimal transport plan of the same type of
goods.

The optimal transport plan means the transport plan of the goods from the freight
to the unloading point, which has minimal total transport costs.

Key Words

 Transport
 Problem
 Optimal Plan

Штип,2020
3
1.Вовед
Овој труд се заснова на олеснување на транспортните проблеми. Се
поголемо внимание им посветува на прашањата за организација и планирање,
посебно во доменот на транспортот, бидејќи прашањата за рационализација
станаа многу сложени.

Посебен случај на општиот проблем на линеарното програмирање е т.н.


транспортен проблем.

Меѓу проблемите на линеарното програмирање посебно место завземаат


транспортните проблеми. Издвојувањето на транспортниот проблем е воведено
поради карактеристичните поставки на неговиот математички модел кој
овозможува значајни поедноставувања во процесот на наоѓање на оптимално
решение.

Со транспортниот проблем се одредува оптималниот план на транспортот


на истовидна стока.

Под оптимален план на транспортот се подразбира оној план на транспорт


на стоката од товарниот до истоварниот пункт кој има минимални вкупни трошоци
за транспорт.

Решавањето на транспортниот проблем, како и секој друг проблем од


линеарното програмирање, започнува со одредување на почетното базично
решение

Постојат повеќе методи и тоа: дијагонална метода (метод на


северозападен агол), метода на најмали единечни цени, методи за одредување
оптимално решение и двофазен (двоетапен) транспопртен прблем.

Штип,2020
4
2.МОДЕЛИРАЊЕ НА ТРАНСПОРТНИ ПРОБЛЕМИ

Во последните години науката се поголемо внимание им посветува на


прашањата за организација и планирање, посебно во доменот на транспортот,
бидејќи прашањата за рационализација во оваа стопанска гранка станаа многу
сложени.

Посебен случај на општиот проблем на линеарното програмирање е т.н.


транспортен проблем. Уште пред појавата на научните трудови од областа на
линеарното програмирање, некои специјални случаи на транспортен проблем ги
изучувале економистите. Прв кој ги поставил основите на транспортниот проблем
е научникот Hičkok во 1941 година, па поради тоа транспортниот проблем
честопати се нарекува “проблем на Hičkok”.

Hičkok го формулирал транспортниот проблем на следниот начин:

Дадено е m производни центри или складишта, кои нудат одредена стока во


количества a1, a2, …………,am и n потрошувачи кои таа стока ја побаруваат во
количества b1, b2, …………., bn. Се претпоставува дека збирот на понудата е
еднаков на збирот на побарувачката: a1 + a2 +………….+am = b1 + b2 + ………….+ bn.
Исто така, дадени се броеви cij кои ја означуваат цената на превозот на единица
стока од i-от произведувач до j-от потрошувач. Треба да се најдат такви вредности
xij ≥ 0, каде xij означуваат количество на товар кој треба да се превезе од од i-от
произведувач до j-от потрошувач, така да вкупните трошоци на транспорт бидат
минимални.

m n
F=∑ ∑ cij ∙ x ij
i=1 j=1

Штип,2020
5
2.1. Формулирање на транспортниот проблем

Меѓу проблемите на линеарното програмирање посебно место завземаат


транспортните проблеми. Издвојувањето на транспортниот проблем е воведено
поради карактеристичните поставки на неговиот математички модел кој
овозможува значајни поедноставувања во процесот на наоѓање на оптимално
решение.

Со транспортниот проблем се одредува оптималниот план на транспортот


на истовидна стока, ако е познато:

 бројот на товарните места ( производни центри, дистрибутивни


центри, складишта, локации на поединечни ресурси и др.),
 бројот на истоварните места (потрошувачки центри, градилишта,
преработувачки центри и др.),
 количествата на товарот во товарните пунктови,
 количествата на товарот кои ги побарува секој истоварен пункт –
потрошувачки центар,
 цената на транспортот по единица товар од секое товарно до секое
истоварно место.

Под оптимален план на транспортот се подразбира оној план на транспорт


на стоката од товарниот до истоварниот пункт кој има минимални вкупни трошоци
за транспорт.
За да би се добила математичката формулација на транспортниот проблем
се воведуваат следните претпоставки и ознаки.
Нека имаме m товарни пунктови и n истоварни пунктови.Товарните пунктови ќе ги
означиме со: S1, S2, ................,Sm, а истоварните со P1, P2, ………………, Pn.
Количеството на товарот во товарните места, понудата, се обележува со a1, a2,
…………,am а побарувачката во истоварните места со b1, b2, …………., bn. Ако

Штип,2020
6
овие големини, кои можат да бидат изразени во тони, парчиња, вагони, часови и
др., ја задоволуваат равенката:

a1 + a2 +………….+am = b1 + b2 + ………….+ bn

тогаш транспортниот проблем се нарекува затворен. Ако пак е исполнето:

m n m n

∑ ai >∑ b j или ∑ ai < ∑ b j


i=1 j=1 i=1 j=1

тогаш транспортниот проблем се нарекува отворен.

Ако понатаму се означи со cij , i=1,2,……….,m; j=1,2,……………..,n цените


на транспортот на единица товар од i-от произведувач до j-от потрошувач, а со xij
– количествата на тварот кој треба да се превезат од i-от произведувач до j-от
потрошувач. Сите тие податоци можат прегледно да се прикажат во табела
(табела 1.1).

Табела 1.1

ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ понуда

Складови P1 P2 ……… Pn ai
S1 c11 c21 c1n a1
x11 x12 x1n
S2 c21 c22 c2n a2
x21 x22 x2n
………………….
……. …….. ……. . ……… ………
Sm cm1 cm2 cmn
xm1 xm2 xmn am
побарувачк
а b1 b2 ……………….. bn
Штип,2020
7
bj

Обично во левиот горен агол од полињата во Табелата 1.1 се внесуваат


единечните цени на транспорт cij, а во десниот долен агол од полињата се
внесуваат количествата за транспорт xij.
За затворен модел на транспортен проблем вредностите xij , I = 1,2,……..,m и
j=1,2,…………,n го сочинуваат допуштивиот или можен план за транспорт ако ги
задоволуваат следните ограничувања:

∑ x ij❑=ai i=1,2 , ..., m (1.2)


j=1

∑ x ij=b j j=1,2 ,... , n (1.3)


i=1

x ij ≥ 0 , i=1,2 , ..., m ; j=1,2 ,... , n (1.4)

Допуштивото (можно) решение се нарекува базично ако во него бројот на


позитивни вредности xij не е поголем од r = m + n – 1, додека останатите
променливи xij во базичното решение се еднакви на нула. Тоа значи дека во секој
базичен план нема повеќе од r = m + n – 1 превезувања.
Базичното решение се нарекува оптимално ако ги дава минималните вкупни
транспортни трошоци, т.е. ако ја дава минималната вредност на функцијата:

m n
F=∑ ∑ cij ∙ x ij → min (1.5)
i=1 j=1

Затворениот модел на транспортен проблем е наједноставен случај на


транспортен проблем од линеарното програмирање, поради тоа најпрвин ќе се
обработи решавање на затворен модел на транспортен проблем.

Штип,2020
8
2.2 Методи за одредување на базичното (почетно) решение на
транспортниот проблем

Решавањето на транспортниот проблем, како и секој друг проблем од


линеарното програмирање, започнува со одредување на почетното базично
решение (почетен план). Тоа представува прва етапа во решавањето на
транспортниот проблем.
Ако во таа прва етапа не е добиено оптималното решение, се применува кон
втората етапа, т.е. на етапа каде со редица на итерации се преминува од
почетното базично решение на базични решениjа кои се се поблиску до
оптималното решение.
Постојат повеќе методи за одредување на почетното базично решение. Една
од првите методи за наоѓање на почетното базично решение е “дијагоналната
метода” или “метода на северозападен агол”. Останатите методи, кои подоцна се
пронајдени имале за цел да се дојде до почетното базично решение, кое ќе биде
поблиску до оптималното решение. Меѓутоа, при користење на компјутер поважна
е едноставноста на соодветниот програм за компјутерот, отколку бројот на
итерации со кои се доаѓа до оптималното решение.Поради тоа, при користење на
компјутери, најчесто се користат наједноставните методи за одредување на
почетниот базичен план. Освен дијагоналната метода ќе се разгледа уште една
метода за одредување на почетниот базичен план која при рачното решавање на
транспортниот проблем ја скратува постапката.

Штип,2020
9
2.2.1 Дијагонална метода (метода на северозападен агол)

Оваа метода наједноставно ќе се објасни на конкретен пример.Во табела


1.1 се дадени количините на товарот кои треба да се превезат од товарните
места/доставувачите (Si), количините на товарот кои се побаруваат во
истоварните места/потрошувачите (Рj), како и цените на транспортот од секој
доставувач до секој потрошувач. Секое поле во табела 1.1 ќе се означува со (i,j) ,
i=1,2,……..,m; j=1,2,……,n.
Во левиот горен агол на секое такво поле (i,j) од табела 1.1 е запишана
единечната цена cij . Во десниот долен агол на секое поле (i,j), во табелата
запишана е вредноста на променливата/варијабилата xij , т.е. запишана е
количината на товарот која треба да се од i-то товарно место/доставувач во j-то
истоварно место/потрошувач. Во овој пример е даден транспортен проблем со
m=4 товарни места и n=5 истоварни места.

понуд
Табела 1.1 ПОТРОШУВАЧИ а
P1 P2 P3 P4 P5 ai
5 12 1 4 13
S1 13 23       36
7 8 14 6 5
СКЛАДОВИ S2   1 15 7   23
(ДОСТАВУВАЧ
И) 15 4 2 7 9
S3       14 15 29
6 11 5 16 3
S4         12 12
100

побарувачка bj 13 24 15 21 27 100

Штип,2020
10
Вкупната количина на товарот во складовите (понуда) е: a1+a2+a3+a4=
36+23+29+12=100; и тоа е еднакво на вкупната количина на товарот кој се
побарува во потрошувачките центри: b1+b2+b3+b4+b5= 13+24+15+21+27 = 100.
Според дијагоналната метода, првин се одредува вредноста на
променливата x11 на следниов начин:
x11=min {a1, b1} = min {36, 13} = 13
Како што се гледа, првиот доставувач може да испорача 36 единици товар,
а првиот потрошувач бара 13 единици товар. Земајќи за x11=13 побарувачката на
првиот потрошувач во целост е задоволена; оваа вредност за x11 се запишува во
десниот долен агол на полето (1,1). Складот S1 може да испорача уште 36-13 = 23
единици товар до преостанатите потрошувачи.
На потрошувачот Р2 му се дава најмногу што е можно, т.е. променливата x12 се
одредува според:
x12 = min {36-13, 24} = 23
На тој начин товарот (понудата) од првиот склад е исцрпен, променливите:
x13, x14 и x15 се еднакви на нула. Од практични причини тие не се запишуваат во
табелата.
Првиот потрошувач е задоволен, а на вториот потрошувач ќе се дополни
една единица товар од вториот склад. Променливите x2j (j=1,2,……,5), во вториот
ред се одредуваат на следниот начин:
x21 = 0 , x22 = min {23, 24-23} = 1
x23 = min {23-1, 15} = 15
x24 =min {23-1-15, 21} = 7
x25 =0
Понатаму е:
x31 = 0, x32 = 0, x33 = 0
x34 = min {29, 21-7} = 14
x35 = min {29-14, 27} = 15
и
x41 = 0, x42 = 0, x43 = 0, x44 = 0
x45 = min {12, 27-15} = min {12, 12} = 12.
Штип,2020
11
Базичните променливи на овој начин се распоредени долж “дијагоналата”
на табелата па одовде и потекнал називот на методата. Но исто така, тој правец
потсетува на правецот северозапад, па методата се нарекува и метода на
северозападен агол или теме.
Карактеристично е дека пополнувањето на табелата секогаш започнува од
полето (1,1), а се завршува во полето (m,n).
За да би се истакнале визуелно полињата во кои на тој начин се добиени
базичните променливи, се заокрушуваат или подвелукуваат вредностите xij > 0 во
тие полиња. Како што се гледа, постои m+n-1 = 4+5-1 = 8 кругчиња (подвлечени
полиња), т..е. осум xij > 0, додека останатите променливи m∙n – (m+n-1) = (m-1)(n-
1) = 3∙4 = 12 се еднакви на нула.

Вкупните трошоци за транспорт според овој прв базичен план изнесуваат:

To = c11∙x11 + c12∙x12 + c22∙x22 + c23∙x23 + c24∙x24 + c34∙x34 + c35∙x35 + c45∙x45 = 5∙13 + 12∙23
+ 8∙1 + 14∙15 + 6∙7 + 7∙14 + 9∙15 + 3∙12 = 870 парични единици.

2.2.2 Метода на најмали единечни цени

При составувањето на почетното базично решение со дијагоналната


метода, не се земаат воопшто во обзир единечните цени на транспортот, па
добиеното базично решение е доста оддалечено од оптималното. Интуитивно е
јасно дека барањето на базични променливи во полињата каде цените на
транспортот се помали, дава помала вредност на функцијата на цел отколку што
се добива со дијагоналната метода. За првата базична променлива се зема
најголемиот можен товар во табела 1.2, каде единечната цена на транспортот е
најмала (податоците во табела 1.2 се исти како во табела 1.1).

Штип,2020
12
понуд
Табела 1.2: ПОТРОШУВАЧИ а
P1 P2 P3 P4 P5 ai
5 12 1 4 13
S1     15 21   36
7 8 14 6 5
СКЛАДОВИ S2 8 0 0 0 15 23
(ДОСТАВУВАЧ
И) 15 4 2 7 9
S3 5 24   0 0 29
6 11 5 16 3
S4         12 12
100
побарувачка bj 13 24 15 21 27 100
Во примерот кој е даден во табела 1.2 се гледа дека цената c13 = 1, па за x13
се зема вредноста:
x13 =min {36,15} = 15
Таа вредност за x13 се запишува во долниот десен аголна полето (1,3) од табелата
1.2. На тој начин потребите на третиот потрошувач се задоволени, а првиот склад
има на располагање уште 36-15 = 21 единици товар.
Следната најмала цена е c33 = 22, но потребите на третиот потрошувач се
задоволени и се бара следната најмала цена. Тоа е c45 = 3, па е:
x45 = min {12,27} = 12
Со тоа е исцрпен складот S4.
Следната најмала цена е c14 = 4 и c32 =4. Н а полето (1,4) може да се стави
товар x14 = 21, така е задоволена понудата на потрошувачот Р 4 и истовремено е
исцрпен првиот склад. На полето (3,2) се става x32 = min {29,24} = 24
x25 = min {23,27-12} = min {23,15} = 15
Бидејќи потрошувачот Р4 е пополнет најниската цена c24 = 6 се скокнува, а
истото се однесува и за цената c41 = 6 бидејќи складот S4 е исцрпен, па затоа се
оди на цената c21 = 7, и тогаш се добива:
x21 = min {23-15,13} = min {8,13} = 8

Штип,2020
13
x31 = min {29-24,13-8} = min {5,5} = 5

Се доби можното решение, сите понуди се исцрпени и побарувачките


задоволени.

Вкупните трошоци за транспортот се:

To = c13∙x13 + c14∙x14 + c21∙x21 + c25∙x25 + c31∙x31 + c32∙x32 + c45∙x45 =1∙15 + 4∙21 +7∙ + 5∙15
+ 15∙5 + 4∙24 + 3∙13 = 437 парични единици.

При користење на методата за најмали цени може да се случи да во некој


чекор постои најмала цена на повеќе места. Тогаш се зема она поле во кое е
најмала цената и во редот и во колоната истовремено. Во тоа поле се става нај
малиот можен товар.

Во табела 1.2 се подвлечени 7 броеви (xij > 0) што е помало од m+n-1 = 4+5-
1=8, во овој случај се вели дека транспортниот проблем дегенерира.

Се воочува дека вкупните транспортни трошоци од транспортниот план кој е


добиен со методата за намали цени се помали од транспортните трошоци за
планот добиен со дијагоналната метода кои изнесуваа 870 парични единици.

2.3 Методи за одредување на оптимално решение

2.3.1. Метода на коефициенти или модифицирана метода на дистрибуција


– MODI
Оваа метода представува поедноставување на методата на распределба,
која врз основа на општата simpleks метода ја разработил Dantzig.
Методата на коефициенти ја има таа предност што не треба да се
конструира синџир за сите полиња, без товар (xij = 0), бидејќи со помош на
коефициентите на редовите и колоните непосредно се добиваат карактеристиките
на синџирите. А самата конструкција на синџирот со најмала негативна
карактеристика служи за распределување на доставата во новиот базичен план.

Штип,2020
14
Проверка на оптималноста на базичниот план се изведува само со помош на
коефициентите на редовите и колоните. Тие коефициенти се бираат така да
нивниот збир биде еднаков на единечната цена во полето со базично решение (xij
> 0), која се наоѓа на пресекот на колоната и редот чии коефициенти се собираат.
Коефициентите можат да бидат позитивни, негативни и еднакви на нула.
Ако ги означиме коефициентите на редовите со ri (i = 1,2,……….m) и
коефициентите на колните со kj (j = 1,2,………n). Единечните цени од бзичните
променливи ја исполнуваат релацијата:
c ij =r i +k j
Бидејќи базични променливи има m+n-1 , а непознати коефициенти на редови и
колони m + n, еден коефициент се одредува произволно.
Обично се зема кофициентот на првиот ред да биде 0, т.е. r1 = 0, иако на
тој коефициент може да му се даде и произволна останата вредност. За
транспортниот проблем во табела 1.3.1, каде е дадено почетното базично
решение добиено со дијагонална метода, ќе се најде оптималното решение со
користење на методата на коефициенти.

Табела 1.3.1 ПОТРОШУВАЧИ Понуда


Штип,2020
15
P1 P2 P3 ai ri
5 4 16
S1 16     16 0
7 3 4
СКЛАДОВИ S2 21     21 2
(ДОСТАВУВАЧИ
) 2 8 7
S3 19 14   33 -3
11 5 1
S4   12   12 -6
13 6 4
S5   8 10 18 -5
Побарувачк
а 100
bj 56 34 10 100
kj 5 11 9

Прво, во овој пример е изберено r1 =0. Првиот ред со товар x11 = 16, е
поврзан со првата колона, па од условот c11 = r1 + c1, односно 5 = 0 + k1 следува
дека k1 = 5.
Првата колона е поврзана со вториот ред, со базична променлива x21=21, па
е c21 = 7 = r2 + k2 = r2 + 5, од каде r2 = 2.
Првата колона исто така, е поврзана со третиот ред, па е c31 = 2 = r3 + k1 = r3
+ 5 од каде е r3 = -3. Третиот ред е поврзан со втората колона во полето (3,2), па е
исполнето c32 = 8 = r3 + k2 = -3 +k2 → k2 = 11.
Понатаму е:
C42 = 5 = r4 + k2 = r4 + 11 → r4 = - 6
C52 = 6 = r5 + k2 = r5 + 11 → r5 = - 5
C53 = 4 = r5 + k3 = (-5) + k3 → k3 = 9.
Ако разликите:
d ij =c ij −(r i+k j)

Штип,2020
16
се позитивни за полињата (i,j) каде е xij = 0, тогаш таквиот базичен план е
оптимален.
Разликата d ij =c ij −(r i+ k j) е еднаква на карактеристиката на синџирот на полето (i,j)
каде е xij = 0.
Ако се земе, на пример, полето (1,2) разликата d12 = c12 – (r1 + k2) = 4 – (0+11) = -7 и
пресмета карактеристиката на синџирот (1,2) → (1,1) → (3,1) → (3,2), тогаш е: k12 =
4 - 5 + 2 - 8 = -7.
Исто како кај методата на распределба, базичниот план се подобрува се
додека се појавува барем една негативна карактеристика/разлика.
Да ги пресметаме разликите на празните полиња од табела 1.3.1:
(1,2): d12 = c12 – (r1 + k2) = 4 – (0 + 11) = -7
(1,3): d13 = c13 – (r1 + k3) = 16 –(0 +9 ) = 7
(2,2): d22 = c22 – (r2 + k2) = 3 – (2 + 11) = -10
(2,3): d23 = c23 – (r2 + k3) = 4 – (2 + 9) = -7
(3,3): d33 = c33 – (r3 + k3) = 7 –[(-3) + 9] = 1
(4,1): d41 = c41 – (r4 + k1) = 11 – [(-6) + 5]= 12
(4,3): d43 = c43 – (r4 + k3) = 1 – [(-6) + 9] = -2
(5,1): d51 = c51 – (r5 + k1) = 13 – [(-5) + 5] = 13.
Бидејќи е најмала негативната карактеристика/разлика на полето (2,2), по
синџирот на ова поле ќе се пресметаат промените во доставите. Синџирот на
полето (2,2) ги спојува во себе полињата (2,1), (3,1), (3,2).
Големината x32 = 14 = min {14,21} одзема од доставите во полињата (2,1) и (3,2), а
се додава во полињата на доставите (2,2) и (3,1). Второто базично решение е
дадено во табелата 1.3.2.

Табела 1.3.2 ПОТРОШУВАЧИ понуда


P1 P2 P3 ai ri

Штип,2020
17
5 4 16
S1 16     16 0
7 3 4
СКЛАДОВИ S2 7 14   21 2
(ДОСТАВУВАЧИ) 2 8 7
S3 33 0   33 -3
11 5 1
S4   12   12 4
13 6 4
S5   8 10 18 5
побарувачк
а 100
bj 56 34 10 100
kj 5 1 -1

Во табела 1.3.2. според претходно опишаниот начин се пресметани


коефициентите на редовите и колоните и истите испишани во табелата.
Разликите на празните полиња се пресметани исто така според претходно
опишаниот начин, и се дадени подолу:
(1,2): d12 = 3; (1,3): d13 = 17; (2,3): d23 = 3; (3,2): d32 =10; (3,3): d33 = 11; (4,1): d41=2;
(4,3): d43 = -2; (5,1): d51 = 3.
Како што се гледа, во ова второ базично решение има само една негативна
разлика/карактеристика за полето (4,3). Синџирот на ова поле е:
(4,3)(4,2)(5,2)(5,3).
На полето (4,3) и (5,2) се додава x43 = 10 = min {12,10}, а на полињата (4,2) и (5,3)
се одзема 10.
Новото базично решение е прикажано во табела 1.3.3.

понуд
ПОТРОШУВАЧИ а
Табела 1.3.3 P1 P2 P3 ai ri
5 4 16

Штип,2020
18
S1 16     16 0
7 3 4
СКЛАДОВИ S2 7 14 21 2
(ДОСТАВУВАЧИ) 2 8 7
S3 33 9   33 -3
11 5 1
S4   2 10 12 4
13 6 4
S5   18 18 5
побарувачка 100
bj 56 34 10 100
kj 5 1 -3

Во табела 1.3.3 се пресметани коефициентите на редовите ri и колоните kj.


Разликите на празните полиња се пресметани исто така според претходно
опишаниот начин, и се дадени подолу:

(1,2): d12 = 3; (1,3): d13 = 19; (2,3): d23 = 5; (3,2): d32 =10; (3,3): d33 = 13; (4,1): d41=2;
(5,1): d51 = 3. (5,3): d53 = 2.
Бидејќи се сите разлики/карактеристики на полето (i,j) каде е xij = 0, во
табела 4.3.3 позитивни, па следува дека ова трето базично решение е оптимално.
Вкупните транспортни трошоци според оптималниот план изнесуваат:

Tmin = T3 = x11c11 + x21c21 + x22c22 + x31c31 + x42c42 + x43c43 + x52c52 = 5∙16+7∙7+3∙14 +2∙33
+5∙2 +1∙10 + 6∙18 = 356 парични единици.

3. Двофазен (двоетапен) транспортен проблем

Транспортните проблеми кои претходно беа разгледани ги опишуваа


случаите на директен транспорт од производителите до потрошувачите. Во пракса

Штип,2020
19
често пати се случува стоката да не се испраќа директно до потрошувачите, туку
најпрвин се довезува до складови/магацини или центри за преработка, а потоа до
потрошувачите (сл.1.4.1).

сл.1.4.1. Шема на двофазен(двоетапен) транспортен проблем

При двофазниот транспортен проблем состојбата е следнава:


 најпрвин се поставува прашњето како да се превезе стоката од
производителите до складовите, а потоа прашањето:
 како да се превезе стоката од складовите до потрошувачите.

Математичкиот модел на двофазната транспортна задача се формулира на


следниов начин:

Нака местата на производство се: А 1, А2, ..... , Аi, ……., Am каде во тек на
разгледуваниот временски период се произведува иста стока во количини:

а1, а2,........,аi, …….., am. Познати се и побарувачките кај потрошувачите B1, B2,……,
Bj, ..............,Bn на иста стока во количини: b1, b2, ………, bj, ……..,bn. Секоја единица
стока се превезува од производителите во некој од складовите: S1, S2, ……., Sk,
…..,Sr во кои можат да се складираат количините: s1, s2, ………, sk, ….., sr.

Штип,2020
20
Нека се cik трошоци за транспорт на единица стока од производителот Ai до
складот Sk, ckj – трошоци за трнспорт од складот Sk до потрошувачот Bj и ck –
трошоци за складирање на единица стока во складот Sk.

Вкупниот капацитет на складовите не може да биде помал од вкупната количина


на произведена стока, т.е.:

r m

∑ s k ≥ ∑ ai (1.4.1)
k =1 i=1

и вкупната количина на произведена стока не може да биде помала од вкупната


побарувачка на потрошувачите:

m n

∑ ai ≥ ∑ b j (1.4.2)
i=1 j=1

Имајќи ги во предвид наведените релации, оптималниот план мора да обезбеди


минимум вкупни трошоци за транспорт и трошоци за складирање.

Во моделот се воведуваат следните променливи:

xik – вредност на количината за стоката која се доставува од производителот


Аi до складот Sk

xkj – вредност на количината за стоката која се доставува од складот Sk до


потрошувачот Bj.

Овие променливи ги задоволуваат следниве услови:

1.Секој потрошувач се опслужува со стока од складовите така да ги пополни


своите потреби:

Штип,2020
21
r

∑ x kj =b j, j = 1,2, ……., n (1.4.3)


k =1

2.Количината на стоката произведена од секој производител која се


превезува до сите складови не може да биде поголема од капацитетот на тој
производител:

∑ x ik ≤ ai, i = 1,2, ……. m (1.4.4)


k =1

3.Количината на стоката која се довезува во секој склад не го надминува


капацитетот на тој склад:

∑ x ik ≤ s k , k = 1,2, ……. r (1.4.5)


i=1

4.Количината на стоката која се довезува во секој склад е еднаква на


количината на стоката која се одвезува од тој склад до потрошувачот:

m n

∑ x ik =∑ x kj, (1.4.6)
i=1 j=1

Функцијата на цел ги опфаќа трошоците за транспорт и складирање, и таа е:

m r r n r n
F=∑ ∑ cik x ik + ∑ ∑ c kj x kj + ∑ ∑ x kj → min (1.4.7)
i=1 k=1 k=1 j=1 k=1 j=1

Каде првата сума ги означува трошоците за транспорт на стоката од


производителите до складовите, втората сума ги означува трошоците за
транспорт од складовите до потрошувачите и третата сума ги означува трошоците
за складирање.

Формулата (1.4.7) покажува дека поставениот линеарен проблем на


минимизација на трошоците е сличен со класичниот транспортен проблем.

Штип,2020
22
Ако сумата на капацитетите на складовите е еднаква на вкупното
производство од производителите и на вкупната побарувачка на потрошувачите,
т.е. ако е исполнето:

r m n

∑ s k =∑ a i =∑ b j (1.4.8)
k =1 i=1 j=1

тоа значи дека капацитетот на секој склад ќе биде потполно искористен, па планот
на транспортот од складовите до потрошувачите не зависи од планот на
транспортот од производителите до складовите. Во таквиот случај двофазниот
транспортен проблем се разделува на два независни транспортни проблеми:
посебно се одредува оптималниот план за транспорт од производителите до
складовите, а потоа од складовите до потрошувачите.

Меѓутоа, во општ случај е:

r m

∑ s k >∑ ai и
k =1 i=1

r n

∑ sk>∑ b j
k =1 j =1

и двофазниот транспортен проблем не може да се дели на два независни


транспортни проблеми. Всушност, се покажува дека во општ случај збирот на
оптимумите на парцијалните задачи не го дава оптимумот на комплетната задача,
што значи дека е неправилно да се дели општата задача на делови и да се
решава по делови. Само во некои случаи, од кои еден е наведен може на тој
начин да се најде оптималното решение.

Методата за решавање на двофазните и повеќефазните транспортни


проблеми ја предложил рускиот математичар В.А.Маш, но аналогна идеја нешто
порано дал и американскиот математичар A.Orden.

Поради сложеноста при рачно решавање на двофазниот транспортен


проблем изработени се алгоритми и компјутерски програми за решавање на

Штип,2020
23
истите со цел за скратување на времето на наоѓање на оптималното решение.
Една од таквите компјутерски програми е програмата LINGO.

4. Решен пример од двофазен транспортен проблем

Пример 1: Да се реши двофазниот транспортен проблем каде производи од


три фабрики: F1, F2 и F3 се транспортираат до два склада: W1 и W2. Потоа
производите од складовите се транспортираат до три потрошувачи: R1, R2 и R3.
Понудите на фабриките се: 100; 80 и 60, а побарувачките на потрошувачите се:
90; 70 и 80.Се претпоставува дека складовите можат да ги прифатат понудите од
фабриките каде се произведуваат соодветните производи. Единечните трошоци
за транспорт од фабриките до складовите, и од складовите до потрошувачите се
прикажани во табела 1.

Табела 1. Единечни транспортни трошоци

Бр. Од - до Ед.трошок
1 F1 - W1 8
2 F1 – W2 7
3 F2 - W1 9

Штип,2020
24
4 F2 – W2 5
5 F3 – W1 7
6 F3 – W2 4
7 W1 – R1 10
8 W2 – R2 5
9 W1 – R3 9
10 W2 – R1 8
11 W2 – R2 6
12 W2 – R3 3

сл.1.Шематски приказ на двофазниот транспортен проблем од пример 1

Табела 2. Почетна табела за решавање на двофазен транспортен проблем

W1 W2 R1 R2 R3
90 70 80
8 7
F1 100 X11 X12
9 5
F2 80 X21 X22
7 4
F3 60 X31 X32
10 5 9
W1 Y11 Y12 Y13
8 6 3
W2 Y21 Y22 Y23

Штип,2020
25
Сл.2 Програма за решавање на двофазен транспортен проблем во LINGO

Штип,2020
26
Сл.3. Излезни резултати (решение) од програмата LINGO

Штип,2020
27
5. Заклучок

Целта на овој дипломски труд е со помош на сите овие истражувања да се


направи оптимален план за транспортот.

Со помош на дијагоналната метода, методата на најмали единечни цени,


потоа методите за оптимално решение каде што влегува методата на
коефициенти или модифицирана метода на дистрибуција MODI, како и решавање
на двофазниот транспортен проблем.

За прецизно решавање на двофазниот транспортен проблем се користи


програмот LINGO.

Штип,2020
28
Користена литература

Штип,2020
29

You might also like