You are on page 1of 2

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Список
на пријавени кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на
членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Одлуката е
објавена во “Службен весник на Република Северна Македонија” број 234 од 7
ноември 2023 година

Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 2


ноември 2023 година, донесе Одлука за објавување јавен оглас за избор на членови
на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

I. Собранието на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за избор


на четири члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и тоа за
три члена со мандат од пет години и за еден член со мандат од една година два
месеца и осум дена.

II. За член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација може да


биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
1) да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) да има стекнато 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование и
има минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои
пет години во областа на еднаквост и недискриминација;
3) во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена
казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење професија, дејност или
должност и
4) да не е носител на функција во политичка партија.
III. Пријавата за учество на овој оглас, личната биографија и потребните
документи за докажување на исполнувањето на условите од точката II. од оваа
одлука, во оригинал или заверена копија на нотар, се поднесуваат до Собранието на
Република Северна Македонија. За исполнување на условот од точката II. потточка 4)
од оваа одлука кандидатот треба да достави и лична изјава заверена на нотар дека не
е носител на функција во политичка партија.
IV. Огласот трае 30 дена од денот на неговото објавување во „Службен весник
на Република Северна Македонија“.
V. Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи
Одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување
и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Северна Македонија“
број 34/23).
VI. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник
на Република Северна Македонија“, а ќе се објави и во весниците „Слободен печат“,
„Нова Македонија“ и „Koha“, на веб-страницата на Собранието на Република Северна
Македонија и на веб-страницата на Комисијата за спречување и заштита од
дискриминација, на сите јазици на заедниците во Република Северна Македонија

1
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ:

1. Енвер Салихи, дипломиран правник од Куманово,


2. Елена Кочоска, дипломиран економист од Прилеп,
3. Албрим Положани, дипломиран економист од Струга,
4. Маријан Поњавиќ, дипломиран правник од Скопје,
5. Исмаил Камбери, дипломиран правник од Тетово,
6. Душан Томшиќ, дипломиран социјален работник од Скопје,
7. Љупка Гугучевска Филипоска, дипломиран правник од Скопје,
8. Зоран Биковски, дипломиран социолог од Делчево,
9. Бесире Мјаки, дипломиран правник од Скопје,
10. Гајур Рамадани, дипломиран новинар од Гостивар,
11. Татјана Михајлова, дипломиран правник од Скопје,
12.Добре Јанчев, дипломиран правник од Скопје,
13. Весна Бендевска, дипломиран психолог од Битола,
14. Давид Тасевски, дипломиран психолог од Скопје,
15. Мухамед Точи, дипломиран правник од Гостивар,
16.Зекир Абдулов, дипломиран правник од Делчево,
17. Доан Сулејмановски, дипломиран правник од Прилеп,
18.Флора Кадриу, дипломиран професор по одделенска настава од Скопје,
19. Несиме Јашари Лума, дипломиран правник од Прилеп,
20.Марина Бојковска, дипломиран професор по одделенска настава од Кратово,
21.Драгана Дрндаревска, дипломиран правник од Скопје
22.Ибрахим Ибрахими, дипломиран економист од Гостивар,
23.Маја Атанасова, дипломиран правник од Скопје,
24.Марика Чанева, дипломиран правник од Штип.

You might also like