You are on page 1of 2

Име и презиме Дата:

Тест по македонски јазик за V одделение

(Именки,придавки (присвојни,материјални и бројни),јазик).

1. Подвлечи ги збирните именки во речениците!

Баба Дара си купи нов мебел.

Во светот има многу гладни деца.

Зоран кога ќе порасне сака да се вработи во чиновништвото.

На плоштадот излезе многу народ.

Итар Пејо го собра цело селанство. /5

2. Наброј ги трите видови придавки (кои сме ги учеле) ________________________ ,

________________и __________________. /3

3. Од следниве именки образувај присвојни придавки и употреби ги во реченица!

(училиште)

(град)

(Бојан)

(мајка) /8

4. Подвлечи ги бројните придавки во речениците!

а) Вториот ден јас и двајца другари отидовме во блиската шумичка.

б)Првото кокиче беше преубаво и на него имаше три капки роса.

в)Шестиот и седмиот ден се за одмор,а другите пет дена се за одење во училиште.

г)Трет пат победив на трката на 100 м во која имаше триесет учесници. /4


5. Кои именки не образуваат множина?

а) збирни именки б) сопствени именки в) општи именки /1

6. Бројните придавки се образуваат од:

а) заменки б) броеви в) именки /1

7.Луѓето меѓусебе општат,комуницираат со најсовршеното средство _____________________ /2

8.Согласките се делат на ___________________ и ________________________ /4

9.Покрај јазикот како основно средство за општење ,луѓето може да се разбираат и со:

____________________________________ /3

10. Подвлечи ги придавките во песната ,,Врата,, а потоа класифицирај ги според видот во дадената
табела ..

ВРАТА Описни Материјални Присвојни Бројни


придавки придавки придавки придавки
Вратата е бела, сина, зелена, висок,
тешка или мала.

Вратата е куќна, дворска, школска,


селска или царска.

Вратата е дрвена, златна, платнена,

бетонска или стаклена.

Позади првата врата патче светка

До некоја тајна, до некое срце. /10

Бодовна Оцена
листа
Ниво на реализирани цели
Вкупно 41
бод
Одлично реализирани задачи
Трудот секогаш наградува – Браво!
38-41
Успешно реализирани задачи 31-37
Вниманието не смее да те напушти ни за миг!
Средно ниво на реализација 23-30
Читај ги внимателно барањата !
Реализација со потешкотии 13-22
Не треба да си задоволен/а ! – Можеш повеќе..
Недоволно реализирани цели 0-12
Успехот се постигнува, само ако ТИ одлучиш да бидеш успешен...
Родител ______________ Наставник__________________

You might also like