You are on page 1of 11

Саливарни жлезди

Воспаленија на саливарни жлезди


Syaloadenitis – претставува воспаление на саливарните жлезди,
кое може да биде акутно и хронично.
Syaloadenitis acuta – претставува акутно воспаление на
саливарните жлезди. Предиспонирачки фактори за настанување
на ова воспаление се: сијалолитијаза (калкулус во дуктусите на
саливарната жлезда), намалена хидратација на организмот, како
што се состојби на дехидратација, постоперативни состојби или
делување на некои лекови, лоша орална хигиена.
Макроскопски: постои болен оток во пределот на саливарната
жлезда, кожата е црвена, локално постои покачена температура,
малаксалост. Во крвната слика постои леукоцитоза, покачен
ЦРП (Ц реактивен протеин). На притисок од дуктусот на
саливарната жлезда се цеди гноен содржај.
Хистолошки, нарушена е архитектониката на саливарната
жлезда. Во септумите и перидуктално се наоѓаат инфилтрати
од полиморфонуклеари, колонии бактерии кои ги
обструираат дуктусите. Можат да бидат присутни и
микроабсцеси и зони на некрози.
Syaloadenitis chronica – вообичаено е унилатерален, постои
лесна болка и оток, најчесто после јадење.Отворот на
дуктусот во оралната празнина е вообичаено стеснет и со
намален лумен, а може да биде присутен и калкулус.
Хистолошки, нарушена е лобулартноста на саливарната
жлезда, постои изразена перидуктална склероза, атрофија на
ацинусите, инфилтрирани со лимфоцити и плазма клетки.
Една варијанта на хроничниот сиалоаденитис претставува
хроничен склерозирачки сиалоаденитис кај кој скоро секогаш
постои калкулус или некаква друга причина за опструкција
или стаза на секретот. Опструкцијата предизвбикува зони на
некроза на ацинусите, дилатација на дуктусите, ретенција на
секрет, што предизвикува силно изразена фиброза, атрофија
на паренхимот и имунолошка реакција.
Од етиолошките фактори кои го предизвикуваат ова
воспаление се бактерии, вируси и група на други фактори. Од
бактериите најчести предизвикувачи се stafilococcus aureus,
streptococcus, haemophilus influenzae. Од вирусите најчесто е
паротитис вирус, а можат да бидат ХИВ вирусот, инфлуенца
вирус тип 1 и 2 и херпес вирус.
Во групата на други фактори влегуваат Сјогрен
синдром, саркоидоза, состојби на дехидратација,
зрачења на глава и врат, неадекватна орална
хигиена.
Возраст: болеста е честа околу 65 г.
Компликации: најчесто се формираат абсцеси.
Тумори на саливарни жлезди
Туморите на саливарните жлезди се почести на големите саливарни
жлезди:паротис, субмадибуларните и сублингвалните. Паротидната
жлезда е најчесто зафатена со тумори и тоа почесто бенигни.
Малигните тумори се почести на малите сублингвални жлезди.
Во причините за настанување на тумори во саливарните жлезди се
обвинув зрачење, ерадијација во терапеутски сврхи, инхалација на
дрвена прашина (особено за аденокарциномите), инфекција со
херпес вирус.
Макроскопски се работи за туморска маса која проминира во усната
празнина, со оток на ткивото, болки, тешкотии во зборувањето и
голтањето.
Од бенигните тумри на саливарните жлезди најчести се плеоморфен
аденом (tumor mixtus) и Warthin-ов тумор .
Adenoma pleomorphae (tumor mixtus) претставува најчест
бенигни тумор на саливарните жлезди, особено на
паротидната жлезда. Граден е од епителна и мезенхимална
компонента.
Макроскопски, во пределот на паротидната жлезда се
забележува безболен оток, цврст , со нодулирана нерамна
површина. Туморот може да рецидивира после хируршкото
отстранување, а поретко може и да малигнизира.
Хистолошки, во туморското ткиво се наоѓаат полигонални
епителни клетки, вретеновидни миоепителни клетки, строма
која е мукоидно дегенерирана, островца од рскавица. Туморот
има псеудокапсула со различна дебелина, но туморското ткиво
прави псеудоподи низ капсулата и навлегува во околно ткиво.
Warthin-ov tumor (cystadenoma papillare lymphomatosum)
Преставува бенигни цистичен тумор кој во својата строма содржи
многу лимфоции који на места формираат и герминативни центри
и наликуваат на структура на лимфна жлезда.
Етиологијата на туморот е непозната, но туморот е во тесна врска
со пушењето (8 пати е почест кај пушачи). Туморот најчесто се
јавува на паротидната жлезда, околу 60-70 год. и нешто е почест
кај жени. Туморот споро расте, безболен е и се јавува како оток
околу аголот на мандибула. Може да се јави и билатерално.
Хистолошки, туморот е граден од цистични простори обложени со
епител кој формира папили. Стромата е инфилтрирана со густ
инфилтрат од лимфоцити који формираат герминативни центри.
..
Малигни тумори на саливарни жлезди
Малигните тумори на саливарните жлезди се воглавно
карциноми (епително потекло) и ретко лимфом. Во
зависност од јкој епиртел потекнуваак, тие можат да
бидат:
Carcinoma mucoepidermoidale
Carcinoma acinocellulare
Adenocystic carcinoma (cylindroma)
Tumor mixtus malignisatus
Adenocarcinoma
Carcinoma anaplasticum
Carcinoma mucoepidermoidale – потекнува од епителните клетки на
изводните канали на саливарните жлезди, и тоа почесто на малите.
Туморот се претставува како безболна маса, од 3-5см. , релативно
добро ограничена. Хистолошки се работи за аденокарцином со сите
карактеристики на малигнитет. Туморот метастазира во регионални
лимфни јазли и во внатрешни органи.
Carcinoma acinocellulare потекнува од клетките на ацинусите на
саливарните жлезди. Туморот инфилтративно расте , може да фиксира
кожа над туморот, да предизвика парализа на фацијалниот нерв. Овој
карцином има релативно добар тек со преживување од 5год. кај 90% од
пациентите.
Adenocystic carcinoma (cylindroma) потекнува од малите саливарни
жлезди, најчесто од палатум. Овој тумор има тенденција да
инфилтрира вио нерви и да се шири перинеурално, при што
предизвикува силни болки.
Tumor muxtus malignumn (carcinoma in tumnor mixtus) – претставува
тумор микстус во кој една од епителните компоненти покажува малигни
карактеристики. Малигна алтерација на тумор микстус настанува
вообичаено после 7-10 години од негово постоење. Туморот почнува
побрзо да расте, инфилтрира
 околина и кожа над него. На кожата се појавува нагласен васкуларен
цртеж (телеангиектазии).
Adenocarcinoma-потекнува од дисталните делови на одводните
каналчиња на саливарната жлезда. Претставува високо малигни тумор, со
израсен инфилтративен раст. Метастазира во лимфни јазли и внатрешни
органи.
Carcinoma anaplasticum-се јавува најчесто на паротидна жлезда. Тоа е
изразито малигни тумор кој брзо расте и инфилтрира.
Lymphoma-малигни тумор од лимфатично потекло. Се јавува како
компликација на Сјогрен синдром.

You might also like