You are on page 1of 53

ДИЈАГНОСТИКА

НА ПАРОДОНТАЛНАТА БОЛЕСТ

Дијагностичка постапка
Вовед
 Пародонтопатијата е хронично, про-
гресивно и деструктивно заболување
на пародонтално ткивниот комплекс
чиј што краен исход е предвремено
расклатување и губење на забите.
 Заболувањето е асимптомно, без бурни
клинички симптоми и се јавува кај
сите старосни групи.
 Ова заболување е присутно кај сите
возрасни луѓе, но и кај голем број на
деца.
Дијагностичка постапка

 Во дијагностичката постапка на паро-


донтопатијата потребно е да се утврди
присуството на сите клинички симпто-
ми, како и степенот на оштетувањата
на пародонциумот.

 Од правилното дијагностицирање ќе
зависи прогнозата и планот на тера-
пијата на ова заболување.
Дијагностичка постапка
 Дијагностичката постапка на паро-
донталната болест вклучува:

 Анамнеза

 Клинички преглед

 Ренгенографија
Анамнеза
 Анамнестичката постапка кај пациен-
тите со пародонтопатија опфаќа:

 Главни тегоби
 Сегашна болест
 Податоци за одржување на оралната
хигиена
 Претходна терапија на заболениот
пародонциум
 Лична и фамилијарна анамнеза
Анамнеза
 Субјективните тегоби се незначителни, а како
последица на деструктивните процеси се
појавуваат сериозни функ-ционални
пореметувања кои се ма-нифестираат преку
расклатување и миграција на забите.
 Кај пациентите со пародонтопатија се
јавуваат различни симптоми (спонтано
крварање или на лесна провокација,
непријатен здив, метален вкус во уста-та,
чувство на страно тело помеѓу за-бите,
осетливост во пределот на вра-тот на забите
и др.

 А
Анамнеза

 Во почетокот на болеста симптомите се


слабо изразени. Со развивањето на
клиничката слика симптомите се по-
изразени и најчесто тоа се: раскла-
тување на забите и повлекување на
гингивата.
Анамнеза
 Во такот на анамнестичката постапка
неопходно е да се утврди:
 Кога започнала болеста и со кои симп-
томи
 Како болеста се развивала
 Дали болеста претходно е дијагно-
стицирана и лекувана
 Како и со што е болеста лекувана
Анамнеза
 Во врска со податоците за
оддржувањето на оралната хигиена,
анамнестички треба да се утврди:
 Дали пациентот одржува орална хи-
гиена
 Кои средства ги корист за таа намена
 Која техника на четкање ја користи
 Времетраењето и бројот на четкање во
текот на еден ден
Од овие податоци се констатира степе-
нот на оралната хигиена
Анамнеза
 Со помош на анамнезата се добиваат
податоци за претходно примена
терапија на ово заболување. Во тој
контекст неопходно е да се утврди:
 Кога за првпат болеста е дијагно-
стицирана
 Дали пациентот е третиран (лекуван)
 Кои терапевтски методи се примену-
вани
 Какви терапевтски резултати се
постигнати
Анамнеза
 Преку анамнестичките податоци за
лична и семејна анамнеза се испитува
присуството на некои системски
заболувања, како што се:
 Кардиоваскуларни заболувања
(инфаркт, хипертензија, ендокардитис
и др.)
 Крвни заболувања (анемии, хемофи-
лија, леукемии и др.)
 Ендокрини заболувања (дијабет и др.)
 Специфични заболувања (ТБЦ, Луес...)
Клинички преглед

 При клиничкиот преглед на


парадонциумот се користат следниве
методи:
 Инспекција
 Палпација
 Перкусија
 Сондирање
Клинички преглед - инспекција

 Со инспекција на пародонциумот се
утврдува:
 Состојбата на гингивата
 Присуство на супрагингивален забен
камен
 Присуство на субгингивален забен ка-
мен во услови при рецесија на гинги-
вата
 Изменета положба на забите
 Промени во оклузијата и артикулација
Клинички преглед - инспекција

 Со инспекција систематски се
прегледува пародонциумот во пре-
делот на сите површини на забите во
горната и долната вилица

 Инспекцијата може да биде директна


или индиректна со стоматолошко
огледало
Клинички преглед - инспекција

 Со инспекција на гингивата се
открива:

 Промени во бојата
 Промени на површинската структура
 Промени во големината, обликот и
конзистенцијата
 Евентуално присуство на лезии
Клинички преглед - инспекција

 Боја на здрава гингива е светло розева и


наликува на бојата на не-обработен корал.
 Бојата на здравата гингива варира и зависи
од: дебелината на епителот, степенот на
кератинизација на епи-телот, бројот на
крвните садови во епителот и нивната
оддалеченост од површината на гингивата,
односот на артериската и венската крв и
крвните садови и присуството и активноста на
меланоцитите во базалниот слој на епителот.

 А
Клинички преглед - инспекција

 Патолошките процеси на гингивата


предизвикуваат промени во нејзината
боја.
 Таа зависи од: видот на воспалението,
акутно или хронично, интензитетот и
карактерот на инфламаторниот про-
цес, ексудативен или пролиферативен
тип и др.
 Бојата на воспалената гингива може да
биде: црвена, ливидна и др.
Клинички преглед - инспекција

 Со помош на инспекција се утврдува


кои делови од гингивата се со
изменета боја: пределот на еден или
повеќе заби, сите анатомски делови на
гингивата и вестибуларната и орална
страна на гингивата.
Клинички преглед – инспекција

 Големината на гингивата се менува


поради или како последица на инфла-
мацијата. Промените се најизразени во
пределот на интерденталните папили кои
проминираат од интерденталните
простори.
 Кај ексудативните воспаленија зголе-
мувањето е последица на едемот и
клеточната инфилтрација, а кај проли-
феративните воспаленија е последица на
пролиферацијата на сврзното ткиво.

 А
Клинички преглед - инспекција

 Во текот на парадонтопатијата доаѓа до


пропаѓање на гингивата (рецесија), како
резултат на васкуларни промени во гингивата
и деструкција на ко-лагените влакна.
 Предилекциони места се: вестибу-ларната
површина на долните инци-зиви,
палатиналната површина на гор-ните молари
и вестибуларната повр-шина на долните
премолари и молари.
 Рецесијата може да биде изолирана или
генерализирана.

 А
Клинички преглед - инспекција

 Поради инфламација се менува и


обликот на гингивата во пределот на
интерденталните папили и слободната
(маргинална гингива)

 Интерденталните папили се заоблу-


ваат и проминираат надвор од интер-
денталните простори, а слободната ги-
нгива се задебелува.
Клинички преглед - инспекција

 Поради инфламаторните процеси во


гингивата се губи нормалниот зрнест
изглед и со помош на инспекција се
констатира дека нејзината површина е
глатка и сјајна.
Клинички преглед - инспекција

 Со помош на инспекција многу лесно


се детектира супрагингивалниот забен
камен, а супгингивалниот само до-
колку е присутна рецесија на
гингивата.

 Супгингивалниот забен камен (т.н.


субгингивални конкременти) се темни
наслаги во облик на зрна, траки или
плочи кои секогаш се локализирани
само на тврдиот ѕид на паро-
донталниот џеб.
Клинички преглед - инспекција

 Со помош на инспекција се констатира


и патолошката миграција на забите
која се јавува во текот на паро-
донталната болест, како резултат на
деструктивните процеси.

 Миграцијата на забите може да е


резултат на ортодонски аномалии. Од
тие причини при дијагностицирањето
на миграцијата на забите покрај
инспекција се вклучува и анамнеза.
Клинички преглед - инспекција

 Со помош на инспекција се дијагности-


цираат и клиничките знаци на
трауматската оклузија:
 Задебелување на слободната гингива
(мекколови семиуларни задебелува-
ња)
 Патолошки абразивни фасети
 Изолирана рецесија на забите
 Промена на забите во забниот низ
(миграција)
Клинички преглед - палпација

 Палпацијата е постапка со чија помош


во склоп на клиничкиот преглед на
пародонциумот се утврдува:
 Конзистенцијата на гингивата
 Откривање на трауматската оклузија
 Констатирање на егзостози на
вилиците
 Откривање на чувствителни места на
алвеоларната коска
 Палпација на регионалните лимфни
жлезди
Клинички преглед - палпација

 Палпацијата најчесто се изведува со


помош на јагодицата на показалецот.
 Во текот на пародонтопатијата, како
резултат на деструкција на сврзните
елементи во крзното гингивата добива
мека конзистенција.
 Променетата конзистенција на
гингивата најлесно се констатира со
палпација на интерденталните папили.
Клинички преглед - палпација

 Со палпација може да се утврди и


постоењето на трауматска оклузија.

 При трауматскиот контакт на


јагодицата на показалецот се чувст-
вува удар на долните и горни заби
(т.н. фремитус).
Клинички преглед - палпација

 Егзостозите на алвеоларната коска со


палпација се откриваат како задебе-
лување на коската.

 Палпацијата се изведува по надворе-


шната, односно внатрешната површи-
на на алвеоларниот гребен.
Клинички преглед - палпација

 Со палпација на алвеоларната коска


може да се откријат чувствителни
места кои се последица на:
 Хронични периапикални процеси
 Апцеси
 Цисти
 Заостанати корени
 Присуство на страни тела и др.
Клинички преглед - палпација

 Палпацијата на регионалните лимфни


жлезди (субментални и субмакси-
ларни) се изведува со сите прсти на
раката.

 За таа цел неопходно е пациентот да


седи во исправена состојба со благо
наведната глава према градите.
Клинички преглед - перкусија

 Перкусијата на забите е метода за


клинички преглед на пародонциумот
со чија помош се поставува дијагноза
и диференцијална дијагноза на забо-
лениот пародонциум и заболената
забна пулпа.
 Се изведува со помош на дршката од
стоматолошката сонда или стома-
толошкото огледало.
Клинички преглед - перкусија

 Перкусијата може да биде


хоризонтална или вертикална.
 Болката која се јавува по хори-
зонталната перкусија најчесто укажува
на заболување на паро-донциумот.
 Болката која се јавува по вертикална
перкусија укажува на заболување на
пулпата и периапикални процеси.
Клинички преглед - сондирање

 Сондирањето е метода која се користи


во клиничкиот преглед на пародонци-
умот и забите.
 Сондирањето се користи за:
 Откривање на гингвални и пародон-
тални џебови
 Одредување на нивото на припојниот
епител
 Мерење на деструкција на гингивата
 Откривање на крварање на гингивата
Клинички преглед - сондирање

 Докажување на присиство на супра-


гингивални и субгингивален забен ка-
мен
 Откривање на кариозни лезии и не-
адекватни стоматолошки изработки
 Откривање на супрагингивален и суб-
гингивален дентален плак.
Клинички преглед - сондирање

 За сондирање се користи:

 Стоматолошка сонда
 Апроксимална сонда
 Градуирана сонда
Клинички преглед - сондирање

 Гингивалните и пародонталните џебо-


ви најчесто се идентификуваат по пат
на сондирање.

 Пародонталните џебови се патогно-


моничен симптом за пародонтопатија и
со нивното откривање по пат на сон-
дирање се поставува сигурна дија-
гноза на болеста.
Клинички преглед - сондирање

 Идентификацијата на пародонталните
џебови, поточно анализата на вредно-
ста на длабочината, нивото на припој-
ниот епител, атрофија на гингивата и
некои други параметри овозможуваат
поставување на прогноза и план на
терпија на болеста.
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата
 Ренгенографијата е помошна дијагнос-
тичка метода која кај пацинетите со
пародонтопатија има повеќекратна
намена:

 Поставување на дијагноза
 Одредување на прогноза
 Донесување на план на терапија
 Контрола на резултатите од терапија
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата

 Rtg – наодот нетреба да се анализира


изолирано, туку во склоп со оста-
натите симптоми и наоди на забо-
лувањето.
 На Rtg филмот се воочуваат само
промените на минерализираните ткива
(коска, цемент, корен на забот, емајл)
 Меките ткива (гингива, периодонциум)
неможе да се анализираат.
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата
 При поставувањето на дијагнозата на
пародонталната болест со помош на
Rtg наодот се утврдува состојбата на:
 Обликот на алвеоларната коска
 Густината на алвеоларната коска
 Количината на сочуваната или изгубе-
ната алвеоларна коска
 Присуство на знаци на трауматска
оклузија
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата

 Во текот на пародонтопатијата нај


воочливи се промените во обликот на
интерденталните септуми.

 Поради прекинот на континуитетот на


ламина дура врвовите на интерден-
талните септуми поради ресорптивните
промени на спонгиозата се заравну-
ваат
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата
 Со напредување на болеста ресор-
птвините промени продолжуваат и во
одреден момент нивото на сочуваната
коска со надолжната осовина на забот
формираат агол од 90 степени.

 Ваквиот тип на коскена деструкција се


нарекува хоризонтална ресорпција на
коската, се одвива поспоро и има
подобра прогноза.
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата

 При хоризонталната ресорпција се


создаваат т.н. супракоскени џебови

 Ѕидовите на овие џебови од едната


страна ги сочинува коренот на забот, а
од другата мекото ткиво на гингивата
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата
 Доколку нивото на сочуваната коска
создава остар агол со надолжната
осовина на забот таквиот тип се
означува како вертикална ресорпција
на коската
 Последица на ваквиот тип на ресорп-
ција се т.н. инфракоскени џебови, чиј
ѕид од едната страна е коренот на за-
бот, а од другата алвеоларната коска.
 Вертикалната ресорпција има полоша
прогноза и побрзо доведува до
расклатување на забите.
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата

 Во текот на пародонтопатијата инфла-


маторните процеси доведуваат до
истенчување на коскените гредички во
интерденталните септуми
 На Rtg наодот поради ваквите промени
се забележуваат проширени коскено-
сржни простори т.н. Појава на ререфи-
кација на коската.
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата
 Како последица на коскената ресор-
пција во текот на пародонталната
болест доаѓа до помало или поголемо
губење на алвеоларната коска.

 Со анализа на Rtg наодот неможе да се


одрди количината на изгубента коска,
па затоа заклучоците се носат
индиректно со помош на одредени
мерења.
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата
 Трауматската оклузија предизвикува
промени на пародонциумот
 На Rtg наодот тие промени се конста-
тираат преку прекинот на ламинадура како
и преку почетните ресорптивни промени на
интерденталните септуми
 Во понатамошниот тек симптомите на
трауматската оклузија на Rtg наодот
доведуваат до вертикален кос тип на
коскена деструкција и формирање на
инфракоскени пародонтални џебови.

 А
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата
 Како последица на трауматската оклу-
зија на Rtg наодот се забелжуваат и
промени на цементот на коренот на
забот

 Со помош на ренгенографија може да


се откријат и фактори значајни за
етиологијат и развојот на пародонто-
патијата (забен камен, субгингивални
конкременти, јатрогени фактори и
др.).
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата
 Со помош на ренгенографска анализа
може да се предвиди прогнозата на
пародонталната болест како за пое-
дини заби, така и за целиот забен ста-
тус.

 Колку е поголема количината на изгу-


бената коска, колку е нејзината гус-
тина помала и доколку доминира
косиот тип на ресорпција прогнозата е
полоша.
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата

 При донесувањето на одлуката за пла-


нот на терапијата ренгенографијата
има дополнително помошна улога и
служи првенствено за проценка на
состојбата на алвеоларната коска.
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата
 Ренгенолошкиот наод има значајна улога
при контрола на резултатите од
терапијата, при што мошне позитивен
наод е престанокот на понатамошните
ресорптивни промени на алвеоларната
коска.
 За успешна терапија се смета открива-
њето на задебелени коскени гредички и
намалени коскено сржни простори.
 Значаен сипмтом за успешна терапија е
создавањето на компактната коска на
површината на спонгиозата на ниво на
очувна коска.
Ренгенографија (Rtg - наод) во
пародонтопатијата

 Кај заболените од пародонтопатија се


применуваат различни ренгенографски
методи:

 Интраорални (ретроалвеоларни сним-


ки)
 Екстраорални (ортопатомографско
снимање).

You might also like