You are on page 1of 8

Хипотези и грешки

Статичка хипотеза
 Хипотеза е претпоставка која мора да биде проверлива и заснована на претходни набљудувања или
продолжение на научни теории.

 Секоја претпоставка за популацијата, за распределбата на некое нејзино обележје, за


вредностите на некои параметри на обележјето и сл. Се вика статичка хипотеза.
 Постапката со која се проверува точноста на поставената хипотеза врз основа на податоците
од даден примерок се нарекува статички тест.
o Пример за статичка хипотеза: Кога некој е обвинет за кражба, судот смета дека е невин, се
додека не се докаже дека е виновен. Обвинителот собира докази и ги презентира на судот, со
цел да ја оспори претпоставката, и обвинетиот да биде осуден. Меѓутоа ако обвинителот не
успее да ја оспори претпоставката “не е виновен“, тогаш не е покажано дека обвинетиот е
невин, туку нема доволно докази за тој да се прогласи за виновен.
 Како што може да се види од примерот, постапката на тестирање се сведува на одлучување за
една од двете хиппотези кои се исклучуваат една со друга. Ако едната се прифати, другата
автоматски се отфрла, и обратно.
Нулта и алтернативна хипотеза
 Хипотезата која се тестира се нарекува нулта
хипотеза (H0).За нулта хипотезата обично се
избира онаа во која се зададени некои
стандарди за конкретната карактеристика или
вредностите кои биле актуелни до последното
мерење.

 Алтернативната хипотеза (Ha), од друга


страна, е онаа што се стреми да ја замени
нултата хипотеза. Оваа хипотеза обично
наведува дека постојат разлики или
ефект
o Пример за нулта и алтернативна хипотеза: Вработените во една
компанија за млеко се сомневаат дека производителите додаваат
вода во млекото. Вишокот на вода во млекото може да се открие со
определување на температурата на замрзнување на млекото. Точката
на замрзнување на природното млеко е околу -0,5 С, но ако се
додаде вода, млекото замрзнува на повисока тмпература од -0,5 С.
Врз основа на добиените резултати се спроведува статички тест.
 Во овој пример како нултата хипотеза е од облик:
H0=-0,5 С
а алтернативната хипотеза:
Ha: t>-0,5 С
Проста нулта
хипотеза

 Проста нулта хипотеза имаме ако со неа се тврди дека параметарот на


масата е еднаков на точно определена бројчена вредност, која притоа
е и хипотетичка вредност (М0).
 Записот на простата нулта хипотеза гласи: H0 : М = М0
Сложена нулта
хипотеза

 Сложена нулта хипотеза е онаа која опфаќа поголем број на


можни вредности за параметарот на масата.

 Записот на сложената нулта хипотеза гласи: H0 : М ≤ М0 или


H0: М ≥ М0
Видови грешки
 Нултата хипотеза е главна хипотеза и нејзината точност ќе биде
валидна, само ако не постои доволно силен доказ кој ќе ја потрди
точноста на алтернативната хипотеза (H1). При тоа се јавуваат два
типа на грешки:

-грешка од прв вид: веројатноста дека нултата хипотеза ќе се отфрли,


иако H0 е точна. Овој тип на грешка се дефинира како α-ниво на
значајност на тестот. Може да се изрази како процент, така што тестот на
ниво на значајност α се нарекува и тест на ниво од 100α%. Обратната
веројатност, односно да не се отфрли H0, кога таа е точна е еднаква на 1-
α.
-грешка од втор вид: нултата хипотеза се прифаќа, иако H0 е погрешна.
Се означува со β и се нарекува условна веројатност. Веројатноста, пак, да
се отфрли погрешната H0 се нарекува јачина на тестот (1-β).
 Најголемата дозволена веројатност на грешка од прв тип се вика
ниво на значајност на тестот.
 Веројатноста да се отфрли нултата хипотеза кога таа е неточна се
нарекува моќ на тестот и се означува со p.

Идни настани
Одлуки за нултата Нултата хипотеза е Нултата хипотеза е
хипотеза точна погрешна

H0 не се отфрла Точна одлука Грешка од втор вид


Веројатност = 1-α Веројатност = β
Грешка од прв вид Точна одлука
H0 се отфрла Веројатност = α (ниво Веројатност = 1-β
на значајност) (јачина на тестот)

You might also like