You are on page 1of 15

ХИПОТЕЗИ И ГРЕШКИ

Статистички Хипотези
Најголем број од проблемите во статистиката се
сведуваат на определување на непознатата
распределба на обележјето или
определување на бројните карактеристики,
оценување на некои непознати параметри за
обележјето и сл.
Во поголем број случаи, определувањето на
овие карактеристики се врши со задавање на
некои претпоставки чија точност ,потоа треба
да се провери т.е. тестира.
Секоја претпоставка за популацијата ,за
распределбата на некое нејзино
обележје ,за вредностите на некои
параметри на обележјето и слично се вика
статистичка хипотеза.

Постапката со која се проверува точноста на


поставената хипотеза врз основа на
податоците од даден примерок се
нарекува статистички тест.
Пример 1:Постапката за тестирање на
статистичките хипотези е многу
слична на постапката за донесување
на судска пресуда.Имено кога некој е
обвинет за кражба,судот смета дека е
невин се додека не се докаже дека е
виновен.Обвинителот бара докази и
ги презентира во судот, со цел да ја
оспори претпоставката -не е виновен-
и обвинетиот да биде
осуден.Меѓутоа,ако обвинението не
успее да ја оспори претпоставката- не
е виновен- тогаш не е покажено дека
обвинетиот е невин ,туку нема
доволно докази за тој да се прогласи
за виновен.
Од примерот може да се види дека
постпката на тестирање се
сведува на одлучување за една
од две хипотези кои се
исклучуваат една со друга.Имено
ако едната се прифати, другата
автоматски се отфрла и
обратно.Така ,во примерот двете
спротиставени претпоставки се
дека обвинетиот е виновен и
дека не е виновен.
• Статистичката хипотеза претставува прецизно
формулирано тврдење (претпоставка) за вредноста
на непознатиот параметар на популацијата:
Обвинетиот е виновен
М = 100
• Секоја хипотеза има алтернатива:
Обвинетиот не е е виновен
 М <>100
• Хипотезата е или точна или неточна, и вие може да
ја прифатите или да ја отфрлите врз основа на
информациите:
Сведочења и докази
Податоци од примерокот
Хипотезата која се тестира се нарекува нулта хипотеза
(Н0) и се означува со H0 a спротивната се нарекува
алтернативна хипотеза(Н1) и се означува со Ha.
За нулта хипотеза обично се избира онаа во која се
зададени некои стандарди за конкрената
карактеристика или вредности кои биле актуелни
до последното мерење.

H0 и H1 се:
 Меѓусебно исклучувачки
– Само едната може да биде вистинита.
Сеопфатни
– Заедно тие ги опфаќаат сите можни вредности на
параметарот на основната маса, затоа едната или
другата мора да биде вистинита.
Скоро во секоја ситуација се поставува
прашањето како да се избере
алтарнативната хипотеза. Експлицитен
одговор на ова прашање кој ќе важи за
секој проблем ,не постои. Што ке се избере
за алтернативна хипотеза секогаш зависи
од конкретната задача.
Пример 2: Во една млекара се произведува
јогурт чија масленост треба да е 3 единици.
За да се провери дали една серија ја
поседува бараната масленост,се избира
примерок од неколку пакувања јогурт и се
мери масленоста .Во овој случај ,би можело
да се тастира преку нулта хипотезата

H0 : а=3, наспроти алтернативната Ha : а ≠ 3 .


Оваа алтернативна е најдобрата бидејки ако
алтернативната хипотеза е Ha : а < 3 и ако
таа помине како точна тоа би значело дека
масленоста е помала од тоа што е
пропишано, а ако алтернативната хипотеза е
Ha : а > 3
и ако таа помине во точна ,тогаш млекарата
би била во загуба.
Ако алтернативната хипотеза е
Ha : а ≠ 3 како во примерот
велиме дека тестот е двостран

Ако се избере алтернативна


хипотеза Ha : а < 3или Ha : а > 3
велиме дека тестот е едностран.
Да претпоставиме дека распределбата на
едно обележје X зависи од непознат
параметар b а сите останати параметри се
познати. Нека хипотезата која ја
поставуваме за да се определи вредноста
на непознатиот параметар е од облик H0 : b
= b0 каде што b0 е фиксен реален број.
Ваквите хипотези во кои се јавува само
една вредност на непознатиот параметар
се нарекуваат прости хипотези.
Ако пак, се постави хипотеза од облик
H : b > b0 (( или нулта или алтернативна)
тогаш параметарот b може да прими повеќе
вредности т.е b=( b0, ∞) .Хипотезата со која
за параметарот се допуштени повеќе
вредности се нарекува сложена хипотеза.

Во практични примери може да се тестира


проста наспроти проста хипотеза, проста
наспроти сложена или сложена наспроти
сложена хипотеза.
Пример 3: Составот на една кутија
во која има 20 топчиња не е
наполно познат. Да ги
дефинираме следниве хипотези:

H0 : во кутијат има 6 црвени и 14


бели ;
Ha : во кутијата има 5 црвени и 15
бели топчиња.
Во овој случај имаме проста хипотеза бидејки
ако сметаме дека параметарот бројот на
црвени топчиња ,тогаш тој е еднозначно
зададен и во нултата и во алтернативната
хипотеза.Да воочиме дека ако е познат
бројот на црвени топчиља ,тогаш бројот на
бели топчиња во кутијата е наполно
определен. Но, ако хипотезите се
дефинираат на следниот начин:

H0 : во кутијат има 6 црвени и 14 бели


Ha : во кутијата има повеќе од 5 црвени
топчиња;

тогаш алтернативната хипотеза е


сложена.Имено, бројот на црвените топчиња
можен да биде 6,..20,т.е постојат повеќе
вредности за разгледуваниот параметар.
ИЗРАБОТИЛЕ:
Влатко Манчев
Никола Андонов
Костадин Циев

You might also like