You are on page 1of 26

Simplification of procedures for reporting and payment of Personal

Income Tax for taxpayer - individuals

The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a m m e

Лот 3: Телекомуникациски и информатички технологии EuropeAid/132633/C/SER/multi

Договор бр. 12-7270/1

Барање број.: IPA/TAIB2012/9.11/LOT3/10

Корисничко упатсво за е-PDD v1.1

Изработка: Ултра доо, Скопје

Датум: 24.10.2017

This Project is funded by the European Union The project is implemented by


Danish Management and Alternative Consulting
Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

1 еПресметка .................................................................................................................................... 3
1.1 АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД ПРАВНИ ЛИЦА .................................................................. 3

1.2 АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА ............................................................... 9

1.2.1 Пријава на имот ........................................................................................................... 14

1.2.2 Капитални добивки ..................................................................................................... 18

2 Паушално оданочување ............................................................................................................. 20


2.1 Извештаи на корисници за зелени пазари ....................................................................... 20

2.2 Барање за паушално оданочување ................................................................................... 23

3 Барања за ослободување/олеснување/враќање на повеќе/погрешно платен данок ......... 24


3.1 Барање за нерезиденти ...................................................................................................... 24

3.2 Барање за резиденти .......................................................................................................... 25

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 2


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

1 еПресметка

Аконтативната пресметка може да се внесува од правни, физички лица и службени лица. Под правни
лица се сметаат правни субјекти како фирми, СВД, буџетски и ФЗО корисници. Под физички лица се
сметаат физички и странски лица.

Самата пресметка може да биде Регуларна, Исправка и Службена пресметка. Регуларните пресметки и
Исправките ги креираат обврзниците најавени на системот. Службените пресметки ги креираат
службените лица.

Екранот со листа на постоечки пресметки го гледаат сите видови на корисници на системот, но секој со
своите ограничувања. Физичко лице може да ги гледа неговите пресметки и оние пресметки на оние
лица на кои им е дефиниран како овластено лице. За правните лица, односно корисниците кои се
овластени во име на правно лице ги гледаат само нивните пресметки. Службените лица пак можат да ги
гледаат сите пресметки од сите обврзници, со тоа да оние пресметки кои се креирани од корисници , а
сеуште немаат статус на пресметки со креирани налози не ги гледаат.

На екранот за преглед се појавува листа на пресметки која се однесува на соодветникот даночен


обврзник или даночни обврзници за кои најавеното лице е овластено.

1.1 АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД ПРАВНИ ЛИЦА


Аконтативната пресметка кај правните лица ќе се одвива на два начина. Еден е преку XML file, а вториот
е рачен внес.

Внесот преку XML file може да се направи преку менито Аконтативна пресметка  Внес XML

По клик на линкот се отвара страна

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 3


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Каде на Избери треба да се избере веќе подготвен XML file, кој потоа треба да се Закачи. На самата
страна има упатство како да се пристапи потоа до Пресметката. За да го објасниме вториот дел , односно
целиот процес на креирање на пресметката , ќе се вратиме на вториот начин на внес, односно рачен
внес.

На клик на линкот Внес се отвара екран за пополнување на основните податоци. Прво се оди десно на
екранот и се клика на икончето покрај празниот текст ЕДБ/ЕМБГ. Се избира оној ЕДБ/ЕМБГ за кој ќе се
креира пресметка.

По изборот на ЕДБ/ЕМБГ ќе се пополнат податоците кои претходно се преземени за обврзникот.


Полињата Од датум и До датум се сетирани на денешниот датум, но истите може да се променат за да
го дадат периодот за кој се однесува пресметката. Следно поле во Аконтативната пресметка за правни
лица е трансакциска сметка.

По внесот на трансакциската сметка има избор за корекција на постоечка пресметка и овој дел ќе биде
покасно објаснет.

Под полето за избор на корекција се наоѓаат две копчиња Внеси ставки и Назад.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 4


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
Копчето Назад означува дека не сакаме да одиме понатаму со внес на пресметката и не враќа на страна
за преглед на пресметки.

Копчето Внеси ставки ги запишува претходно внесените податоци и отвара панел за внес на ставка од
пресметката. Притоа се појавуваат и пораки за внесот.

Панелот за внес на ставка може да се менува во зависност од избор на одредени податоци за кои ќе
објасниме подетално.

Доколку не внесеме ниеден податок, а кликнеме на копчето Сними тогаш се појавува поцрвенето првиот
податок во црвено, а исто така се појавува и порака.

По внес на ЕМБГ полето, доколку истиот е постоечки обврзник, се пополнуваат полињата за име,
презиме и општина. Доколку не се пополнат овие полиња најавениот корисник ги внесува истите.

По овие полиња има две полиња кои се веќе сетирани, и тоа се Држава во која е резидент исплатувачот
и начин на плаќање.

Државата е сетирана на Македонија и таа кај правните лица не се менува. Полето Начин на плаќање е
сетиран на Трансакциска сметка, но се нуди и можност за Друг начин, кога не се генрираат налози за
нето. Последно поле во првиот ред е полето Трансакциска сметка, која е задолжителна кога имаат внес
Правните лица. Ова поле не е задолжително во два случаи, кога се работи за странско лице и во случај
кога е избран начин на плаќање Друг начн. Доколку не е внесена , или пак е неправилно внесена
(пример помалку карактери), ќе се појави подоцна грешка. Во вториот ред се поставени полињата за

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 5


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
избор Вид на приход и Подвид на приход кои се задолжителни полиња. Под нив има поле за внес на
забелешка на исплатувачот, кое не е задолжително поле, па датум на исплата кое е задолжително поле
само во ситуација кога има избор на начин на плаќање Друг начин или кога се работи за странско лице.
Во зависност од изборот на вид и подвид на приход, може да се појави дополнително поле за внес, и тоа
кај одредени избори, тоа е полето Аванс,

Додека во друг избор се појавува полето ДДВ износ.

Кога има внес на странско лице, тогаш се појавуваат две полиња за внес Бр. Решение и Датум решение,
кои се однесуват на одобрено барање за ослободување.

Во последниот ред се наоѓа полето Бруто приход/основица кое е задолжително за внес. По него се
наоѓаат полињата Одбитоци, Персонален данок и Нето, кои се пополнуваат автоматски по пресметката,
а тоа се случува по клик на копчето Сними или Промени. Приказ на внесена ставка има на сликата
подолу.

Внесената ставка по копчето Сними изгледа вака:

Истата е обоена со црвено што значи дека има некаква грешка. Ако застанеме со курсорот на редот ќе ја
покаже грешката, а во случајот подолу се гледа “Трансакциската сметка не е валидна.”

Доколу сакаме да ја исправиме грешката , се клика на стрелката на почетокот од редот и истата го отвара
редот за промена.

Тогаш повторно се отвара панелот со сите податоци кои може да се менуваат.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 6


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Во него може да се менуваат повеќе податоци, а истиот панел ќе се отвори и доколку нема грешки во
редот од типот погрешно внесени податоци, но доколку е погрешно внесен некој од податоците, како на
пример подвид на приход, бруто приход и слично. Како што можеме да видиме најдолу во панелот на
ставката сега има три копчиња: Промени, Откажи и Бриши ставка. На копчето Промени се менуваат
податоците, на копчето Откажи не се менува ништо само се затвора панелот, а на копчето Бриши ставка
се брише ставката и не влегува истата во пресметката. Во нашиот пример ја променивме трансакциската
сметка и тогаш редот во пресметката стана сиво обоен.

На крајот од редот може да се појави линк за документи, а ако според избраните податоци има
дефинирано задолжителни документи, тогаш редот ќе биде црвен и ќе се појавува грешка се додека не
се пополнат задолжителните документи. На клик на линкот се отвара страна

По изборот и прикачувањето на документот/тите истите секогаш ќе може да се видат преку системот.


Додека се работи на пресметката и не е затворена, овие документи имаат опција да бидат избришани, а
во секое време може да се отворат.

Копчето Назад не враќа на страната на Пресметката.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 7


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
Доколку се внесе одреден вид на приход , како на пример Вид на приход Плата, други лични примања..,
тогаш во ставката се овозможени за внес дополнително некои полиња, како Месец и Година се внесува.

Другите податоци се исти.

Кога се внесени ставки кои треба да ги содржи пресметката, и истата има статус Внесена коректно тогаш
пресметката може да се затвори. Затоа постои копчето Затвори пресметка. Поради специфичните
контроли кои ги содржи пресметката, по клик на копчето Затвори пресметка се врши проверка на
паровите Трансакциска сметка-ЕМБГ.

- Доколку се е во ред ќе се појави копче за потпишување, “Потпиши”.


- Доколку не е во ред проверката, ќе се променат оние редови во пресметката за кои парот
Трансакциска сметка-ЕМБГ не е валиден. Воедно ќе се појави и копчето Печати, на кое може да
се видат типовите на грешки од проверката.

Пред потпишувањето пресметката добива статус Прифатена непотпишана. Потпишување на една


пресметка може да прави само корисник кој има валиден дигитален сертификат за потпис. Доколку
потпишувањето помине , самата пресметка добива статус Прифатена потпишана, и се појавува копче
Потврди пресметка. Овој процес е неопходен бидејки во позадина се случуваат многу контролни
процеси. По клик на ова копче, ќе се појави порака за креиран налог и на маил на корисикот ќе
пристигне Рекапитулација на пресметката.

На почетокот на делот за внес на пресметка, напишавме дека има избор на корекција. Корекција може
да се прави на оние пресметки кои имаат статус Прифатена неплатена или Прифатена платена. Затоа по
чекирање на корекција се отвара избор на пресметка и се појавува поле забелешка во кое може да се
внесе некаков слободен текст.

По клик на иконата десно на крајот од полето Претходна пресметка се отвара екран за избор на
пресметка

Каде може да се избере период, а може да се внесе и бројот на пресметката која треба да се промени.
По изборот на пресметката , екранот се затвора и

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 8


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

и ако се кликне на копчето корекција се креира копија на пресметката која сега има вид Исправка и на
која може да се прават одредени промени.

Постапката понатаму е иста како за внес на нова пресметка, а она што е ограничување во ваква исправка
е делот кога се потврдува новата пресметка.

Пресметките кои биле прифатени неплатени, при потврда на новата пресметка добиваат статус
Отфрлена /Заменета, се поништуваат претходните налози, и се креираат нови налози за плаќање.
Пресметките кои биле претходно прифатени и платени, за нив е лимитиран процесот на промени. Тие си
остануваат со статус Прифатена платена, а она што може да се прифати кај нив е промена на вид или
подвид на приход, промена на трансакциска сметка или промена на ембг и во овие случаи може да се
креира налог за пренасочување или поради промена на видот/подвидот на приход да се променил
персоналниот данок, па тогаш има и налог за плаќање само на разликата. Во случаи на промена на
нетото, новата пресметка .

1.2 АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА


Во менито Аконтативна пресметка на линкот Внес се отвара екран за внес на Пресметка. Екранот е
почетно празен и најдесно се наоѓа popup за избор на Обврзник.

Овој избор е направен на овој начин бидејки е дозволено физичко лице корисник да биде овластено
лице за друго физичко лице. По избор на обврзникот за кој се прави пресметката, се пополнуваат
неговите податоци, а дозволена е промена на телефонот, а и на датумите Од датум и До датум кои го
одразуваат периодот за кој се прави пресметката.

Под полето за избор на корекција се наоѓаат две копчиња Внеси ставки и Назад.

Копчето Назад означува дека не сакаме да одиме понатаму со внес на пресметката и не враќа на страна
за преглед на пресметки.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 9


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
Копчето Внеси ставки ги запишува претходно внесените податоци и отвара панел за внес на ставка од
пресметката. Притоа се појавуваат и пораки за внесот.

Панелот за внес на ставка може да се менува во зависност од избор на одредени податоци за кои ќе
објасниме подетално.

Кај физичките лица внесеното лице на избор на обврзник на почетокот се внесува и во ставката. После
првите превземени податоци во ставката, прво поле кое е овозможено за внес, односно промена е
полето Држава во која е резидент исплатувач. Ова поле е сетирано на Македонија, но за приходи од
странство се избира држава во која е направен приходот. Полето Начин на плаќање е сетиран на
Трансакциска сметка, но ова поле не игра никаква улога кај пресметките кај физички лица, бидејки за
истите не се пресметува нето. Последно поле во првиот ред е полето Трансакциска сметка, кое исто така
не се пополнува. Потоа се внесуваат Видот на приход и подвид на приход. Во зависност од полињата
Држава во која е резидент исплатувач, Вид на приход и Подвид на приход во подолниот дел може да се
менуваат полињата за внес.

Изборот на полето Држава во која е резидент исплатувач, се менува доколку се работи за приходи
остварени во странство. Во тој случај, за избрана држава различна од Македонија, се отвараат
дополнителни полиња за внес, како панелот обележан со црвено прикажан подолу на сликата.

Овде прво се избира Валута, а потоа се внесуваат Бруто валута, Платен данок валута и датум на плаќање
данок, како и може да се менува Датум на плаќање бидејки истиот е сетиран на денешен ден.

Доколку се внесе одреден вид на приход , како на пример Вид на приход Плата, други лични примања
по основ на работен однос и пензии, тогаш во ставката се овозможени за внес дополнително некои
полиња, како Едб (овде се избира ДКП), Месец и Година се внесува.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 10


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Откако се внесе Бруто се клика на копчето Сними. Доколку се е во ред со внесот, ставката по снимањето
е посивена

А доколку нешто не е во ред со податоците, тогаш ставката се појавува со црвени карактери.

Ако го поставиме маусот на редот кој е црвен, ќе се појави грешката која е пронајдена.

Грешката може да биде од карактер дека некои внесени податоци се грешни, или пак во случајот од
сликата дека не се прикачени задолжителни документи.
Доколу сакаме да ја исправиме грешката , се клика на стрелката на почетокот од редот и истата го отвара
редот за промена.

Тогаш повторно се отвара панелот со сите податоци кои може да се менуваат.

Во него може да се менуваат повеќе податоци, а истиот панел ќе се отвори и доколку нема грешки во
редот од типот погрешно внесени податоци, но доколку е погрешно внесен некој од податоците, како на
пример подвид на приход, бруто приход и слично. Како што можеме да видиме најдолу во панелот на
ставката сега има три копчиња: Промени, Откажи и Бриши ставка. На копчето Промени се менуваат
податоците, на копчето Откажи не се менува ништо, а на копчето Бриши ставка се брише ставката и не
влегува истата во пресметката.
Доколку се работи за грешка од типот “не се прикачени задолжителни документи”, тогаш на крајот од
самиот ред се појавува линк Документи на кој се клика, и кој не носи на нов екран за внес. На екранот се
гледаат Листа со задолжителни документи, како и дел за прикачување на незадолжителни документи.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 11


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

По прикачување на задолжителниот документ, на страната сега има две копчиња Спушти документ и
избриши документ.

Со клик на копчето Спушти документ се отвара документот за преглед, додека копчето Избриши
документ може да го избрише документот додека не е затворена пресметката.
Бидејки е внесен задолжителниот документ , на копчето назад ставките се сега во ред

И се гледа копчето Затвори пресметка.


Доколку пак пресметка содржи црвен/и ред-ови:

Во ваква ситуација оваа пресметка има статус Внесена со грешки и истата не може да се Затвори и за неа
да се искреираат налози за плаќање.. За една пресметка да може да се Затвори, потребно е во оваа фаза
да има статус Внесена коректно, а тоа се добива ако сите внесени ставки се во ред.

На клик на копчето Затвори пресметка се отвара панел за внес на Пин код , кој во меѓувреме треба да
пристигне на маил-от на најавениот корисник.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 12


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

На маил –от пристига порака

А во апликацијата го внесуваме

и се клика на потврди код. Ако се потврди кодот, во зависност од внесените податоци, една пресметка
може да има креирани налози,

Во овој случај на маил на најавениот корисник пристига порака за Рекапитулација на пресметката. На


страната се појавува и копче Печати и за оваа пресмметка секогаш може да се види рекапитулацијата.

Пресметката може да добие статус За проверка / Без налог за плаќање, како на сликата подолу.

Во ваков случај службено лице ја одобрува пресметката или пак ја одбива и корегира по што физичкото
лице ќе добие Решение со променети податоци. Доколку службеното лице одобри пресметка, на
корисникот ќе му пристигне маил со порака дека има рекапитулација со креирани налози. Доколку пак
ја одбие и промени, тогаш на корисникот на маил ќе му пристигне порака дека има решение и
рекапитулација.
На почетокот на делот за внес на пресметка, напишавме дека има избор на корекција. Корекција може
да се прави на оние пресметки кои имаат статус Прифатена неплатена или Прифатена платена. Затоа по
чекирање на корекција се отвара избор на пресметка и се појавува поле забелешка во кое може да се
внесе некаков слободен текст.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 13


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

По клик на иконата десно на крајот од полето Претходна пресметка се отвара екран за избор на
пресметка

Каде може да се избере период, а може да се внесе и бројот на пресметката која треба да се промени.
По изборот на пресметката , екранот се затвора и

и ако се кликне на копчето корекција се креира копија на пресметката која сега има вид Исправка и на
која може да се прават одредени промени. Пресметките кои се нудат за корекција се оние кои не се
одобрени од службено лице.

Постапката понатаму е иста како за внес на нова пресметка, а она што е ограничување во ваква исправка
е делот кога се потврдува новата пресметка.

Пресметките кои биле прифатени неплатени, при потврда на новата пресметка добиваат статус
Отфрлена /Заменета, се поништуваат претходните налози, и се креираат нови налози за плаќање.
Пресметките кои биле претходно прифатени и платени, за нив е лимитиран процесот на промени. Тие си
остануваат со статус Прифатена платена, а она што може да се прифати кај нив е промена на вид или
подвид на приход, промена на трансакциска сметка или промена на ембг и во овие случаи може да се
креира налог за пренасочување или поради промена на видот/подвидот на приход да се променил
персоналниот данок, па тогаш има и налог за плаќање само на разликата. Во случаи на промена на
нетото, новата пресметка .......

Кај физичките лица има два посебни екрани за внес на Имот и Капитални добивки, од кои се креираат
пресметки.

1.2.1 Пријава на имот


Внесот на Имот се однесува на закуп или подзакуп на имот. Од него се креира пресметка, за која потоа
се креираат налози за плаќање за секој месец.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 14


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
Во менито Аконтативна пресметка има линк Внес на имот, кој по клик отвара екран за внес. Внесот се
состои од внес на повеќеподатоци на неколку таба.

На првиот таб сите податоци се задолжителни, повеќето од нив се избор од листа или избор на датум.
Полето Цел на пополнување на пријава се однесува на внес на нова пријава или пак замна на веќе
постоечка пријава. Потоа се внесува обврзникот кој издава, а потоа се избира дали се работи за закуп
или подзакуп. Потоа се внесува периодот за кој се однесува закупот (подзакупот). Можен е внес на
датум до 31.12 во тековната година. По нив се внесуваат бројот на договорот и датумот на договорот.
Пример е

На клик на копчето Следно најдолу десно на екранот носи на следниот таб Податоци за закупецот/
сопственикот. На сликата подолу се прикажани податоци за внес од кои некои се задолжителни, а некои
не.

Потоа се оди на следниот таб Податоци за имотот / имотното право.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 15


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

На овој таб прво се избира видот на имотот, и во зависност од изборот во десната листа се прикажуваат
различни податоци за избор, а тоа придонесува и долниот дел од екранот да прикажува различни
податоци за пополнување.

- Пример избор на недвижен имот

Во листата за Недвижен /Подвижен имот се појавуваат повеќе избори кои може да донесат некои
одредени дополнителни податоци. Останатите податоци во овој избор се однесуваат на недвижениот
имот кој е под закуп.

- Пример избор Подвижен имот

Во листата за Недвижен /Подвижен имот се појавуваат сега други податоци за избор, а во долниот дел
од екранот се гледаат други податоци за внес.

-Пример избор Имотно право

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 16


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

По внесот на овие податоци , се оди на следиот таб Податоци за приходите (месечен износ).

Овде се внесуваат дел од податоците, дел автоматски се пресметуваат од нив, а на крај се внесува
транскациската сметка на обврзникот. Исто така има податок и за начинот на плаќање, месечно или
еднократно.

На клик на следниот таб може да се прикачуваат документи доколку е потребно како на пример докази
за трошоци, копија од договор и слично.

По овој таб, на крај има таб во кој се гледаат сите важни внесени податоци, а најдолу на екранот има

На клик на копчето Креирај се креира Пријавата на имот. Оваа пријава на имот сеуште може да се
менува, бидејки за неа не е искреирана пресметка, а тоа може да се види на истиот екран најдолу, каде
се гледаат копчиња Промена и Пресметка.

На клик на копчето Пресметка се појавува мал панел

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 17


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
Ако се кликне на Да се појавува панелот за внес на Пин код, на маилот на најавениот корисник
пристигнува пин кодот за потпис, а на екранот покрај панелот се пјавува и порака за креирана
пресметка.

По внес на пин кодот, и потврда на кодот, на страната се појавува копче Одјава.

На клик на ова копче може да се одјави Пријава на имот која има пресметка.

За Пријавата на имот важи дека истата по ова добива статус За проверка / Без наог за плаќање и истата
може да добие налози за плаќање само од службено лице. Во Преглед на пресметки може да се види
оваа пресметка.

Доколку се прави Замена на пријава, тогаш се оди на Внес на нова пријава, но во листата се избира

Замена на пријава, и се појавува popup за избор за постоечка пријава од листа. Кај замената има
лимитиран број на податоци кои може да се менуваат, останатите не се дозволени за промена.

1.2.2 Капитални добивки


Во менито Аконтативна пресметка има линк Внес на капитални добивки, каде по клик не носи на екран
кој има три таба.
На првиот екран се внесува прво трансакциската сметка, а потоа се избира обврзникот од popup, во

Кој се наогаат најавениот корисник и оние обврзници на кои истиот им е овластено лице. По изборот на
обврзникот, во полињата подолу се пополнуваат неговите податоци, а под нив се наоѓа листа за избор
на поднесена пријава или исправка на постоечка пријава. Кај изборот на поднесена пријава, автоматски
се пополнува бројот на пријавата и се појавува листа за избор

Во зависност од изборот на видот на капитална добивка, на вториот таб се гледаат различни полиња за
внес.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 18


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
- Капитална добивка од продажба на удел во капитал

Во примерот се внесени некакви податоци

На третиот таб се гледаат сите внесени податоци и најдолу на екранот десно има копче Креирај кое
ја креира пријавата на капитална добивка.

Потоа се појавува екран на кој се гледаат внесените податоци и се прикачуваат документи. Во


наведениот случај има 2 типа на документи кои се задолжителни за прикачување, а тоа се документ
за продажба на капитална добивка и документ за набавка на капитална добивка.

Откако ќе се прикачат задолжителните документи, на сликата подолу може да се види дека сеуште
може да се менуваат податоците за капиталната добивка.

- Капитална добивка од продажба на недвижен имот вториот таб

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 19


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

На третиот таб се наоѓаат внесените податоци за проверка и има копче Креирај


На клик на истото се креира Пријавата, и се појавува најдолу на екранот панел за внес на задолжителни
и други документи, како во претходниот случај на продажба на удели.

Понатаму важат истите постапки за двата вида на капитални добивки.


По клик на копчето Пресметка се појавува панелот со прашање,

кое ако се одговори со да, се појавува

Панелот за внес на пин код , кој е еден вид на потпис на физичкото лице. На маилот на најавениот
корисник ќе пристигне пин кодот кој откако ќе се внесе и потврди, самата пријава добива статус
Прифатена пријава, креирана е пресметка која има статус За проверка/Без налог за плаќање и на
екранот се појавува копче Сторно, со кое може да се сторнира Пресметката и Пријавата.

Пријавите од капитални добивки секогаш треба да ги одобри или промени службено лице.

2 Паушално оданочување

2.1 Извештаи на корисници за зелени пазари


Обврска за поднесување на извештаите за закуп на зелени пазари се даночни обврзници кои се
сопственици на пазарите. Процесот се состои од поднесување на 2 специфични типови на извештаи:

- Годишен извештај

- Месечен извештај

Интерфејсот за внес на податоците и во двата извештаи се слични.

Годишниот извештај се поднесува до 15.01. во годината за која се однесува извештајот. Податоци кои се
внесуваат се :

- Датум на поднесување , односно тековен датум

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 20


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
- ЕДБ на сопственикот на зелениот пазар

- Период од - до - автоматски се пополнува од системот и доколку е извештајот Годишен,


периодот е 01.01.тековна година - 31.12.тековна година

- Избор од листа на зелени пазари кои се внесени како референтни податоци

По внесот на наведените податоци, се овозможува внес на ставки, односно ЕМБГ или ЕДБ на СВД, број
на тезга/и, износ на закупнина и дејност. За годишниот извештај полето статус е поставено на Нов
корисник.

По внесот на ставките во извештајот истиот треба да се потпише со соодветен дигитален сертификат. Со


завршување на процесот на потпишување, извештајот веќе не може да се менува. Врз основа на
податоците во извештајот се генерираат еПресметки за сите лица корисници за зелени пазари.

Месечниот извештај се разликува од Годишниот според периодот на кој се однесува, односно се избира
тековен или претходен месец, како и изборот на Одјава како вид на промена.

Во месчниот извештај се внесуваат податоци за нови корисници кои не биле пријавени во Годишниот
извештај, корисници на кои им е променет износот на закупнина, корисници кои се погрешно внесени
или корисници на тезги кои престанале со користење на тезга.

Доколку се внесува нов корисник, внесот е ист како и за Годишен извештај, при што се избира вид на
промена Нов корисник, и се внесуваат податоци за период на закуп, дејност, броеви на тезги и износ на
вкупна закупнина за сите тезги од соодветниот пазар доколку корисникот има една или повеќе тезги.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 21


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Потоа се притиска копчето Сними и се појавува опција за внес на Нова ставка.

Во случај кога се одјавува корисник тогаш во податоците се внесува само Вид промена (ОДЈАВА на
корисник) и датум на одјава. Датумот на одјава е датум на престанок на користење на тезгата или истото
поле може да се користи за внес на датум ист како и датум на почеток доколку се работи за погрешно
внесен корисник.

Доколку корисникот има сменето закупнина, истото се внесува во 2 чекори и тоа: најпрво корисникот се
внесува со Вид промена : Одјава на корисник, се внесува датум за престанок, и се избир опцијата за
Корекција на закупнина. Откако ќе се сними ставката, се внесува истиот корисник со избор на Вид
промена: Нов корисник и се внесува новиот период и новиот износ на закупнина.

Потврдата на извештаите се извршува со дигитално потпишување. Откако ќе заврши процесот на


дигитално потпишување, извештаите немаат можност за промена. Промените се внесуваат следниот
месец со новиот Месечен извештај.

Во системот постои опција, за внес на извештаи преку XML датотека. При избор на опцијата Внес преку
XML file се појавува следниот екран:

Со избор на опцијата тука, може да се симне ZIP датотека во која има упатство за креирање на
датотеката.

Доколку имате изгенерирано XML датотека, истата ја избирате со опцијата Избери. Откако ќесе избере
соодветната датотека, се избира опцијата Закачи со што се врши внес на датотеката во системот. По
потврдата, датотеката се процесира. Во случај кога има грешки на екранот се појавува информација за
грешки. Истите треа да се исправат и да се закачи новата корегирана датотека,а ако датотеката е
успешно процесирана, Извештајот се прикажува на екран. Последен чекор е повторно дигитално
потпишување. Се додека Извештајот не е потпишан, корисникот може да ги промени податоците.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 22


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
2.2 Барање за паушално оданочување

Во системот е имплементирана опција за внес на барања за паушално оданочување. Барањето ги


содржи следните групи на податоци:

- Основни податоци за барањето, како број и датум

- Податоци за даночен обврзник, како адресни податоци и дејност

- Податоци за вршење на дејност

- Податоци за трансакциска сметка

- Податоци за прилози

Основните поатоци кои се внесуваат од даночниот обврзник се обележани на седната слика.

Другите податоци автоматски се внесуваат од страна на системот.

Втор дел на податоци се податоците за вршење на дејност

Доколку се работи за вршење на дејност од Времен карактер, тогаш се избира опцијата за Времен
карактер и се внесува периодот на вршење на дејноста.

Класата на дејност се избира од листа.

Корисникот е должен да избере една од опциите за регистрација, во однос на Околностите, корисникот


може да избере повеќе од една опција.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 23


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
Во полето Датум на регистрација се внесува соодветниот податок. Последно поле од оваа група на
податоци се внес на адреса на деловната просторија во која се врши дејноста.

Следна група на податоци се податоците за транскациска сметка.

Последна група на податоци се податоците за Ослободување, доколку корисникот има соодветен


документ со кој го докажува барањето за Ослободување. Документот кој служи како доказ за барањето
за ослободување се прикачува во овој дел.

Во случај кога корисникот нема сеуште добиен доказ за ослободување, исиот има можност на веќе
поднесено барање да направи исправка, односно корисникот од листата на барања, го избира
соодветното барање и избира Исправка, а потоа го прикажува документот за ослободување и ја чекира
опцијата за Ослободување.

Последниот чекор е потврда и дигитално потпишување.

3 Барања за ослободување/олеснување/враќање на повеќе/погрешно


платен данок

3.1 Барање за нерезиденти

Во рамките на системот овозможен е внес на барања за ослободување/олеснување/враќање на


повеќе/погрешно платен данок.

Доколку се избере опцијата од мени структурата за Барања за даночно олеснување се појавува следниот
екран:

Зависно од изборот се појавува соодветниот екран.

За Барање за ослободување се внесуваат следните податоци:

- Датум на барање
- ЕДБ на барател (Правно лице)

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 24


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
- ЕМБГ на примател (Странско лице)

Во вториот дел од внесот на податоци се внесуваат податоците за приходот.

Се избира од листа на Видови и соодветни подвидови на приходи, за да може да се искористи за


ослободување при внес на еПресметка. Потоа се внесува датум на исплата, се избира Меќународниот
договор, Член и став од договорот.

Последни податоци кои се внесуваат се изјавите од корисникот, кои треба да се изберат.

Податоците кои се внесуваат и за Барањето за олеснување, односно ослободување по видови приходи


се идентични како и за претходното Барање.
Барање за враќање на данок од доход по видови на приходи ги има податоците за исплатувач и
примател на приход, слично како и претходните 2 барања.

Податоците за приходот се следните:

- Избор на вид и соодветно подвид приход


- Износ на приход
- Избор на веќе внесена пресметка покоја се бара враќање на данок
- Износ на платен данок и данок по договор
- Износ на данок за враќање
- Податоци за меѓународен договор со челн и став

Ова барање ги има и сетот на податоци за Изјава ,Трансакциска сметка и полномошник.

Последното барање од се разликува од претходното со тоа што нема податоци за исплатувач, туку
директно за примател. Другите податоци се идентични.

3.2 Барање за резиденти

Покрај погоре наведените барања во системот е имплементирано и Барање за враќање на


повеќе/погрешно платен данок за резиденти на РМ.

Во Барањето се внесуваат следните групи на податоци:


- Избор на опција за повеќе или погрешно платен данок
- Датум на барање
- Даночен обврзник (доколку се работи за полномошник)
- Податоци за данокот

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 25


Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок
- Податоци за сметка
- Податоци за исплатувач
- Податоци за Административна такса
- Изјави

Податоци кои се внесуваат за данокот се следните:


- Број на пресметка по која се бара враќање
- Избор од опции Персонален данок од доход, Камата, Еднократна посебна такса за присилна
наплата, Износ за враќање и датум на уплата.

Корисникот мора да избере и опција за начинот на плаќање на административната такса со цел побрза
контрола на плаќањето.

Доколку Барањата имаат недостаток, тогаш се печати формален недостаток, кориснкот може да ги
исправи грешките на веќе внесено барање, со избор на опција за Исправка.

Барањето се разгледува од службено лице на УЈП и по истото се добива Решение за одобрување или
Решение за Одбивање на барањето.

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 26

You might also like