You are on page 1of 2

20.05.2020г.

Македонски јазик:
Броеви до 20 – вежби

 Задача: Пронајди ги и подвлечи ги грешките:

петнаесет, идинајсет, четрнаес, шеснаес, дванаес, седумнаесет, дваес.

 Задача: Бројот замени го со збор:

1. На дрвото има 13 гранки .

2. Видов 11 ластовици !
3. Зошто дојдоа само 14 деца на час ?
Замена:
1.
Напатствие: Во училишна тетратка да ја препишат првата задача,
па да подвлечат со моливче според барањата во задачата.
Втората задача да ја препишат целосно, па после подвлеченото
Замена, повторно да ги препишат речениците, заменувајќи ги
броевите со зборови и на крај на секоја реченица после знакот,
во заграда да напишат каков вид на реченица е.
(расказна), (прашална) или (извична).

Домашна работа: Во учебникот да ги напишат броевите со зборови и


обратно. Само горната задача со линии. стр. 136.

Математика:

Собирање до 100 без премин – повторување

Задачи:

1. Пресметај го збирот.

25 + 3 = ____ 42 + 10 = ____ 63 + 36 = _____


51 + 7 = ____ 30 + 57 = _____ 52 + 17 = ______
2. Определи го непознатиот број во равенството.

62 + ____ = 69 ____ + 13 = 83 ____ + 15 = 47 4 + ____ = 76

3. Првиот собирок е 43, а вториот собирок 15. Пресметај го збирот.

Решение: _______________________

Напатствие: Во училишната тетратка да ги напишат и решат задачите.


Од секое барање до задача да прескокнуваат по 3 квадратчиња.
За првата задача да оставаат по 5 квадратчиња надесно после цртка, а
до вториот ред да прескокнат 2 квадратчиња. После секоја решена
задача да прескокнат 3 квадратчиња надолу до барање за наредната
задача.
Цртките да ги препишуваат обавезно.

You might also like