You are on page 1of 2

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделенски наставник: Тања Метикош


Дата: Одделение:
Тема: Личноста во групата и во општеството
25.02.2018 V-2
Предмет Содржина и тип на час
ОПШТЕСТВО Личноста во групата и во општеството - повторување
ЦЕЛИ: ИСХОДИ:
- да се повторат и систематизираат стекнатите знаења - усно одговара на прашања за личноста во групата и во
за личноста во групата и во општеството, општеството, социјализација на личноста, девијација и
социјализација на личноста, девијација и девијантно девијантно однесување, правила на однесување и правата
однесување, правила на однесување и правата на на човекот во општествот,о конфликти и решавање на
човекот во општеството, конфликти и решавање на конфликтите
конфликтите
Диференцирани цели: Диференцирани исходи:
/ /
Наставни форми: Групна работа;
Наставни методи: Усно излагање;
Наставни средства: Компјутер, ЛЦД прожектор
Место на реализација: Училница; ;
Планирање на оценувањето:
Методи и техники на оценувањето: Квизови; Усни одговори на прашања поставени од наставникот;
Стратегии за оценување: скала на проценка
Повратна информација: усна повратна информација,
Инструменти за следење:, листа за бодување

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ
- Воведни активности: Учениците се делат во хетерогени 6 групи од по 4 ученика. Се запознаваат со целта и
планираната активност. Секоја група преку ждрепка добива реден број. Наставникот ги запознава учениците со правилата
на квизот.
- Учечко поучувачки активности: Групите одговараат на прашања по редоследот од ждрепката. Секоја група ќе
одговори на 4 прашања. Наставникот со помош ЛЦД прожектор го презентира прашањето на првата група. Членовите на
групата го читаат прашањето и имаат време од 30-тина секунди да размислат и да го споделат одговорот меѓусебно, сите
групи го прават истото за секое прашање затоа што доколку групата што е на ред не даде целосен или точен одговор се
дава можност тоа да го направи следната група. Одговорот го презентира ученик кој ќе го избере наставникот. За точен
одговор групата добива 2 бода, за делумно точен одговор добива 1 бод и за неточен одговор 0 бодови, групата што
дополнува исто така се бодува односно само за дополнување добива 1 екстра бод, за целосен одговор добива 2 екстра
бодови.
1. Што е личност?
2.Кои се формални групи?
3.За кои групи велиме дека се неформални?
4. Што е социјализација?
5. Кога започнува процесот на социјализација?
6. За која личност велиме дека е недоволно социјализирана?

7. Како се однесува недоволно социјализирана личност?


8.Што значи да бидеш солидарен?
9. Објасни го зборот егоизам!
10.Зошто некои деца се егоисти?
11. Која е причината за егоизам?
12.Што е семејство?

13. Како треба да функционира едно семејство?


14. Кои се основните фактори на социјализација?
15. Како влијае групата врсници врз формирање на личноста?
16. Зошто училиштето е значаен фактор за социјализирање на личноста?
17. Објасни какво е влијанието на мас-медиумите врз социјализацијата?
18. Кој е најважниот фактор на социјализација? Зошто?

19.Што е девијација?
20. Која е причината за девијантното однесување?
21. Што е тоа СОС телефон?
22. Што би направил доколку твојот најдобар другар девијантно се однесува?
23. Како е уреден животот во општествената средина?
24. Што овозможуваат правилата?

25. Што се тоа санкции?


26.Што се тоа права?
27.Објасни ја еднаквоста и рамноправноста во човековите права.
28.Зошто велиме дека Декларацијата за човекови права е универзална?
29.Што е тоа конфликт?
30. Кога имаме конфликт?

31. Каков може да биде конфликтот?


32. Наброј ги методите за разрешување на конфликтите и објасни ги!

Наставникот ги запишува бодовите во табела.


БОДОВНА ЛИСТА

ВКУПНО
ГРУПА БОДОВИ
БОДОВИ
I група
II група
III група
IV група
V група
VI група

- Евалвациони активности: Сумирање на бодовите прогласување на победници, анализа на сопственото учество на


секоја група ( причини за успехот т.е. неуспехот)
- Диференцирани активности: Учествува во работата на групата, ги чита прашањата, ги слуша одговорите на
другарчињата од групата, презентира одговори.
РЕФЛЕКСИЈА
Групите беа релативно успешни при одговарање на прашањата, воочив дека најчесто исти ученици ги знаеја одговорите
но во групата го споделуваа знаењето и во секој круг одговараше различен ученик. Сметам дека часот ја постигна својата
цел.

You might also like