You are on page 1of 2

ДОГОВОР

за закуп на недвижен имот-деловен простор


Склучен на ден 02.11.2020 година помеѓу

1.-Матеј Костовски од Скопје-Карпош ул.МАНАПО бр.3/1-44 со ЕМБГ


1104997420008, со лична карта А2396327 издадена од МВР Скопје на ден 29.12.2019
година, од една страна како закуподавач (во понатамошниот текст закуподавач) и

2.-Друштво за производство и трговија МАРТАН-СЕБА ДООЕЛ Скопје со ЕМБС


6027253 со седиште на ул.Лондонска бр.2/9 Скопје-Карпош со ЕДБ 4030005561850
претставувано преку управител Љупчо Танаскоски од Скопје-Карпош Булевар
Партизански Одреди бр.64А-2/7 со ЕМБГ 0706961450004, од друга страна како закупец
(во понатамошниот текст закупец).

Договорните страни изразија правно релевантна волја за склучување на следниов


договор под следниве услови :

ПРЕДМЕТ
Член 1
Закуподавачот е сопственик и единствен владетел на недвижен имот-деловен
простор заведен во Имотен лист 22492 за КО Карпош и тоа:

-КП бр.1696 дел 6, адреса Н.РУСИНСКИ 3 бр.на згр.1, намена на згр.згради во


останато стопанство, влез 001, кат пр, број 005 со внатрешна површина од 24 м2, право на
сопственост.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Закуподавачот му го издава под закуп на закупецот недвижниот имот опишан во
чл.1 од овој договор за определен временски период од 4 (четири) години сметано од
01.11.2020 година до 01.11.2024 година.
Договорните страни имаат право предметниот договор да го раскинат и пред
истекот на времето за закуп и тоа со отказен рок од 30 (триесет дена), за кое нешто се
обврзуваат по писмен пат благовремено да ја известат спротивната договорна страна.

ЦЕНА И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ


Член 3
За месеците ноември и декември 2020 година закупнината за предметниот
недвижен имот ќе изнесува 120,00 (сто и дваесет) Евра во денарска противвредност по
среден курс на НБРСМ на денот на уплата, а започнувајќи од 01.01.2021 година па се до
истекот на договорот закупнината ќе изнесува 150,00 (сто и педесет) Евра во денарска
противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на уплата.
Закупецот ќе врши плаќање на закупнината однапред за секој месец на
трансакциска сметка на закуподавачот и тоа на две еднакви рати и тоа прва рата најдоцна
на 1ви (први) во месецот и (втора) рата најдоцна до 15ти во месецот.
Закупопримачот се обврзува да го плаќа персоналниот данок на име закупнина.

ОБВРСКИ НА ЗАКУПОДАВАЧОТ

1
Член 4
Закуподавачот му ја предава на закупецот предметната недвижност во исправна
состојба со подмирени обврски за потрошена електрична енергија, вода и останати
комунални такси.
Закуподавачот гарантира за материјалните и правни недостатоци на недвижниот имот
опишан во член 1 од договорот.

ОБВРСКИ НА ЗАКУПЕЦОТ
Член 5
Закупецот се обврзува редовно и навремено да ја плаќа закупнината, како и да ги
сноси сите трошоци за тековното одржување на деловниот простор, трошоците за
потрошена електрична енергија, вода и останати комунални такси кои паѓаат на негов
терет како закупец.
Закупецот се обврзува предметниот деловен простор да го чува и према него да се
однесува во својство на добар стопанственик и по раскинување на предметниот договор
недвижниот имот му го предаде во владение на закуподавачот во исправна состојба со
подмирени сметки за временскиот период додека траел договорот за закуп.

ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 6
За се што не е регулирано со овој договор важат одредбите на Законот за
облигационите односи како и останатите позитивно правни прописи во Република
Северна Македонија.
Член 7
Во случај на спор настанат по повод правата и обврските настанати од овој договор
стварно и месно надлежен да постапува ќе биде Основен граѓански суд Скопје.

Член 8
Овој договор е сочинет врз основа на слободно изразена волја на договорните
страни кое нешто го потврдуваат своерачните потписи подолу.
Во моментот на склучувањето на договорот закуподавачот му го предава во
владение предметниот деловен простор на закупецот.

Член 9
Овој договор е сочинет во 3 (три) еднообразни примероци од кои по 1 (еден) за
секоја од странките, а останатите да послужат за службена потреба.

ЗАКУПОДАВАЧ ЗАКУПЕЦ

_________________ __________________________
Матеј Костовски ДПТ МАРТАН-СЕБА ДООЕЛ Скопје
преку управител
Љупчо Танаскоски

You might also like