You are on page 1of 5

ООУ„Васил Главинов“ - Велес

TЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Одделение: IX (деветто)
Учебна година: 2020 / 2021
Број на часови: 108 годишно / 3 неделно
Наставник: Aлександра Крстовска

ТЕМА 1
Главни активности

 обработка на текстови со цел проширување на културолошките сознанија за фестивали и


прослави во Британија, на сознанијата за стрип културата во Јапонија, спортски тинејџерски
феномени и безбедноста на мобилните телефони
 усни дискусии базирани на претходно обработени текстови
 повторување на стекнатите знаења од Present Simple Tense and Adverbs of frequency преку
писмени и усни вежби
 повторување на стекнатите знаења од Present Continuous Tense
 споредување на двете сегашни времиња – Сегашно просто и Сегашно трајно време преку
писмени и усни вежби и вежби од слушање со разбирање
 искажување заповеди за давање инструкции преку усни вежби
 употреба на can / can't модални глаголи во поширок контекст
 вежбање на кажување на време, датуми и цени
 совладување на употребата на модални глаголи must / have to, mustn't / don't have to

Главни цели и очекувани резултати

По обработка на планираните содржини на темата ученикот треба:

 да знае да сподели информации и да дискутира на обработените теми – фестивали во


Британија, стрип култура во Јапонија, тинејџерски спортски феномени и безбедноста и
мобилните телефони
 да умее да ги оформува и користи сегашните времиња при искажување повторливи дејства и
факти (Сегашно просто време) и моментни дејства (Сегашно трајно време)
 да може да искажува заповеди
 да може да искажува способност или неспособност, како и барање и давање дозвола како и
тврдења со употреба на модалните глаголи can / can't / could
 да може да каже правилно датуми, време и цени
 да може да искаже обврска, лична или наметната од страна на трето лице со употреба на
must / have to
 да може да искаже забрана или немање потреба од нешто со употреба на модалните глаголи

Интеграција: македонски јазик, информатика, географија, историја, физичко и здравствено


образование, еко содржини

Наставни методи и форми: Communicative language teaching,direct method, grammar-translation method,


audio-lingual, the structural approach, suggestopedia, TPR (total physical response),монолошки, дијалошки /
разговор, демостративен, аудио-визуелен, фронтална, индивидуална, работа во групи и парови
При реализацијата на содржините по потреба ќе бидат вклопени современи техники на обработка како
Вен дијаграм, т-табела, инсерт техника, грозд техника и сл.

Наставни средства и помагала: учебник Pet buster, книга со ресурси за наставникот, ЦД, ЦД плеер,
работна тетратка за наставникот, Интернет материјали, презентации, флеш карти, постери и други
визуелни изработки од наставникот и учениците, компјутери со Интернет пристап и разни линкови и веб
страници со соодветни игри и вежби за полесно и поинтересно совладување на материјалот

Оценување на учениците: Се вреднува залагањето и постигањето на ученикот, се прибира показатели


за нивото на успешноста во постигањето,мотивираноста за учење, соработката со соучениците итн. а
вреднувањето е интегрален дел од часот. Наставникот води евиденција за напредокот на секој ученик
користејќи однапред подготвени евалуациони листи, чек листи, аналитички или холистички листи, и
други инструменти за оценување. Во текот на обработката на активностите наставникот континуирано
дава усна повратна информација,а кога има време и потреба за тоа, пишува и писмена повратна
информација.

Форми, методи и техники за оценување:


Набљудување
Усни одговори на прашања од наставникот
Усни одговори на прашања од учениците
Дискусија
Самооценување на учениците
Директно оценување на задача – техника семафор

Инструменти за оценување:
Евалуациона листа
Чек листа
Листа за самооценување
Бодовна листа
Холистичка листа

Месец / Лексички Граматички Јазични Слушање со Говорење Пишување


седмица единици структури функции разбирање
Прва седмица Фестивали и Сегашно просто Читање текст – Дискусија на Нов вокабулар
(час бр.1,2,3 ) прослави време Festival Fun! тема фестивали
Писмени
одговори на
прашања
Втора седмица Повторување на Сегашно просто Наведување Разговор меѓу Усна дискусија Писмени
(час бр.4,5,6) вокабулар за време факти и тинејџери на на тема граматички
фестивали и карактеристики тема прослави прослави и вежби
прослави Императиви на настан фестивали
Вокабулар од Прашања во Читање текст – Усна дискусија Запишување
Трета седмица стрип култура сегашно просто Manga time на тема стрип нов вокабулар
(час бр.7,8,9) време култура
Четврта Сегашно трајно Јазичен модел на Интервју на Пишување мејл
седмица време искажување тема до пријател
(час моментни дејства библиотека
бр.10,11,12)
Петта седмица Вокабулар – Модални Јазичен модел за Читање текст – Усна дискусија Писмени вежби
(час спорт и глаголи – can / искажување Teenage Sports на тема млади од модалните
бр.13,14,15) спортисти can't можност и Phenomena спортисти глаголи
забрана
Шеста Повторување на Поставување Читање текст – Слушање кратки Писмени вежби
седмица вокабулар – прашања во Are mobile коментари од граматичка
(час спортови и сегашно време phones safe? содржина
бр.16,17,18) спортисти
Модални
глаголи can /
can't
Седма Модални Искажување Усна дискусија Писмени вежби
седмица (час глаголи must / обврска на тема од граматичка
бр. 19,20,21 mustn't; have to / мобилни содржина
don't have to телефони
Осма седмица Повторување на Повторување на Повторување на Читање Усна дискусија
(час бр. изучен вокабулар употреба на изучени јазични изучени на обработени
22,23,24) модални модели текстови теми
глаголи
Деветта Повторување на Повторување на Повторување на Читање Усна Писмен тест
седмица (Час изучен вокабулар употреба на изучени јазични изучени презентација на
бр. 25,26,27 модални модели текстови знаењата од
глаголи тема 1

Бр. на Наставна единица


час
1 Разгледување на наставната програма за IX одделение
2 Фестивали во Британија – презентација ИКТ
3 Обработка на текст Festival Fun!
4 Граматички вежби – Present Simple Tense и императиви ИКТ
5 Вежба слушање - прослави
6 Повторување за фестивали и прослави
7 Вежби од запознавање и претставување
8 Обработка на текст – Manga Time
9 Дискусија на тема стрип култура ИКТ
10 Вежби од Сегашно трајно време
11 Вежба слушање – интервју и пишување мејл до пријател
12 Повторување за сегашни времиња ИКТ
13 Обработка на текст – Teenage sports Phenomena
14 Усна дискусија на тема спорт и млади спортисти
15 Вежби од модалните глаголи can / can't, датуми и цени
16 Вежба слушање – Basketball is best!
17 Повторување на модалните глаголи, сегашни времиња и датуми ИКТ
18 Обработка на текст – Are mobile phones safe?
19 Дискусија на тема мобилни телефони
20 Вежби од модални глаголи must / mustn't; have to / don't have to IKT
21 Вежба слушање – начини на комуникација
Повторување за модални глаголи can / can't; must / mustn't; have to / don't
22 have to ИКТ
23 Повторување за сегашни времиња, датуми и цени
24 Дискусија на обработени теми
25 Тематски тест 1
26 Усно утврдување на знаењата од тема 1
27 Пишување есеј на обработена тема

КРИТЕРИУМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА ОД ТЕМА 1

ОЦЕНКА КРИТЕРИУМ
5 Ученикот:
-може да дискутира на тема фестивали и прослави, стрип култура, успешни
млади спортисти и безбедност на мобилни телефони според претходно
обработени тестови
- знае да наведе информации кои ги сретнал во текстовите и ги дава во облик
на одговор на прашања или во вид на монолог по дадени инструкции
- може да анализира и дава свое мислење во врска со темите обработени во
текстовите
- правилно оформува реченици во Сегашно просто и Сегашно трајно време
запазувајќи ги правилата за потврдна, одречна и прашална форма
- знае да ги наведе правилата за оформување на сегашните времиња
- ги разликува употребите на сегашните времиња и правилно ги применува
- може да издвои информации од подолг контекст при вежба слушање со
разбирање
- правилно ги користи модалните глаголи must / mustn't; have to / don't have to;
can / can't во поширок контекст
- знае да искаже датуми и цени
- активно учествува во реализирањето на часот при фронтална работа и се
истакнува при активностите во групи
- има и споделува предзнаења и други сознанија од темите кои се
обработуваат на час
- може правилно да се изразува писмено, со минимални грешки во спелување
или граматика, со точно запазена тема на есејот и застапени останати
пропозиции на истиот

4 Ученикот:
-може да дискутира на тема фестивали и прослави, стрип култура, успешни
млади спортисти и безбедност на мобилни телефони според претходно
обработени тестови користејќи селективни информации и пократки реченици
- знае селективно да наведе информации кои ги сретнал во текстовите и ги
дава во облик на одговор на прашања или во вид на монолог по дадени
инструкции користејќи поедноставни реченици
- правилно оформува реченици во Сегашно просто и Сегашно трајно време
запазувајќи ги правилата за потврдна, одречна и прашална форма
- знае да ги наведе правилата за оформување на сегашните времиња
- ги разликува употребите на сегашните времиња и правилно ги применува
- може да издвои информации од подолг контекст при вежба слушање со
разбирање со мали грешки
- правилно ги користи модалните глаголи must / mustn't; have to / don't have to;
can / can't во поширок контекст
- знае да искаже датуми и цени
- активно учествува во реализирањето на часот при фронтална работа и се
истакнува при активностите во групи
- може да се изразува писмено со мали грешки или благи отстапки од темата
и пропозициите на есејот
3 Ученикот:
- може да прочита и преведе обработен текст и зема активно учество во тоа
на час
- знае селективно да наведе информации кои ги сретнал во текстовите и ги
дава во облик на одговор на прашања со помош или насоки од наставникот
- правилно оформува кратки реченици во Сегашно просто и Сегашно трајно
време со грешки во запазување на правилата за потврдна, одречна и
прашална форма
- знае да ги наведе правилата за оформување на сегашните времиња
- може да селективно да издвои информации од подолг контекст при вежба
слушање со разбирање со грешки
- правилно ги користи модалните глаголи must / mustn't; have to / don't have to;
can / can't во реченици по сопствен избор или по сугестија од наставникот
- знае да искаже датуми и цени

2 Ученикот:
- може да прочита дел од текст по сопствен избор
- може да ги користи модалните глаголи со помош од наставникот во кратки и
едноставни реченици
- може да оформи потврдни реченици од сегашните времиња
- може да даде краток одговор на поставено да / не прашање

You might also like