You are on page 1of 1

Чита текстови и со помош усно и писмено раскажува и прераскажува по даден план.

При анализа на текст со


помош определува место, време на настанот и ликови.Со помош рецитира песни и разликува видови песни, и
определува порака на песната. Препознава видови именки, придавки, броеви, глаголи и нивните граматички категории
(род, број, време)

Со помош разложува броеви до милион на илјади, стотки, десетки и единици. Множи и дели броеви од 1 до 10
000 со 10 или 100 со помош. Користи дропки за да ја опише и утврди вредност на дел од цело. Идентификува
триаголници, и ги класифицира според страните и аглите,разликува видови агли. Делумно ги препознава единиците
мерки за должина, тежина,зафатнина, температура и време и ги користи за да изврши соодветни мерења. Се обидува да
чита и представува податоци.

Со помош изговара и разбира ограничен фонд на зборови и јазични целини на англиски јазик. Потребна му е
помош и при читање, составување и пишување реченични структури со употреба на основниот вокабулар и граматика.

Ги искажува своите сознанија, доживувања и впечатоци, мисли и фантазија со помош на ликовниот јазик и
творештво; Твори самостојно, тандемски, групно и колективно и умее да направи избор на идеја..Развива способност за
разликување на уметнички дела од различни ликовни подрачја (цртеж, слика, скулптура, архитектура);

Пее песни со разновидна, различни по карактер и содржина.Има навики за активно слушање музика и
препознава и именува основни видови на динамика и темпо. Ги усвојува елементите на нотното писмо .Препознава
музички инструменти.

Делумно ги разбира кондензацијата и испарувањето. Со поттик разликува супстанции што се разложуваат во


вода, како и процесот на правење на раствори. Препознава одредени извори на светлина. Со помош го разбира патот на
светлината, промената на нејзината насока, функцијата на огледалата и боите. Го разбира движењето на Земјата –
ротација и револуција. Со помош ги набројува планетите во сончевиот систем.

Има знаења од темата, ги познава видовите технички линии но неправилно ги применува при изработка на
технички цртежи, правилно го употребува приборот за техничко цртање, ги распознава форматите на хартија, знае да
чита работилнички и монтажен технички цртеж, знае да изработи технички цртеж во размер, но слабо ги препознава
елементите на котирање.

Постојано се поттикнува за правилна позиција на телото при користење на компјутер, лаптоп, таблет, смартфон
.Ги идентификува функциите на основните делови на компјутерскиот систем, Ги знае поимите вирус и антивирусна
програма. Креира и форматира текст. Делумно селектира, преместува и копира делови на текст.. Со помош додава и
уредува графички објекти, аудио и видео записи...Го препознава алгоритмот како редослед. Ги објаснува поимите
компјутерска мрежа и интернет.

Делумно ги применува стекнатите знаења за својата татковина Република Северна Македонија и ја одредува
местоположбата на нашата татковина..Знае за одделните периоди од македонското минато, и за формирањето на
суверена РС Македонија. Го разбира поимот население и структурата на населението.Со помош го објаснува значењето
на поимите култура и верските потреби како и религиите во РС Македонија,знае за правата и должностите на граѓаните
во РС Македонија.

Знае и може да ја одржува и подобрува основната физичка подготовка правилно да се поставува при
координација на движењата на локомоторниот апарат. Правилно трча, ги применува техниките: скокање „ножици“ и
„згрчна“ техника. Има развиена способности за движење и игра во просторот,

Знае да состави свој текст за честитка, покана, благодарница; да напише текст според сопствена замисла.
Учествува во драматизирање на краток текст, да ја изрази својата музичка мисла преку пеење, да ги применува
цртачките техники, открива својства на различни материјали на применетата уметност.

You might also like