You are on page 1of 6

Информативно писмо

Седма Меѓународна научна конференција


«МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД»
работни јазици: македонски, руски, српски, хрватски, бугарски и англиски

Почитувани колеги,
Ве покануваме да учествувате на седмата Меѓународна научна конференција
«МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД» (со објавување на трудовите во
истоименото меѓународно списание), која ќе се одржи во Свети Николе, Р. Македонија, во
периодот од 15-ти до 16-ти април, 2016 година.
Во прилог се дадени деталите за конференцијата, правилата за учество и начинот на
пријавување. Како и секоја година, па така и сега, конференцијата е со меѓународен
Организациски и Уредувачки Одбор од следниве држави: Македонија, Србија, Русија,
Бугарија и Босна и Херцеговина.

Организациски Одбор:

Претседател: д-р Јордан Ѓорчев, Македонија


Заменик Претседател: д-р Владислав М. Јурјев, Русија
Член: м-р Борче Серафимовски, Македонија

Уредувачки Одбор:

Проф. д-р Душан Николовски, Македонија


Доц. д-р Александар Илиевски, Македонија
Проф. д-р Мирослав Крстиќ, Србија
Проф. д-р Здравко Гаргаров, Бугарија
Доц. д-р Хаџиб Салкич, Босна и Херцеговина
д-р Татјана Осадчаја, Русија
msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk

Научни насоки на конференцијата:

I. Право и политикологија

1. Теорија и историја на државата и правото, уставно право


2. Граѓанско право, граѓански и арбитражен процес
3. Kривично право и постапка
4. Меѓународните односи и светската политика
5. Политичките институции процеси и технологии
6. Административно право и јавна администрација
7. Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија
8. Финансии и деловно право
9. Човекот и општеството: граѓанското општество во постсоцијалистичките земји
10. Од партиите на власт кон партиски проекти: партиските системи во
постсоцијалистичките земји
11. Судир на интереси: политичките и воените конфликти во постсоцијалистички
простор
12. Нови глобални групирања - интересни сфери и геополитички доктрини во светот
13. Поларизацијата и кризата како стратегија која поттикнува тероризам
14. Новиот светски поредок како стратешка перспектива или критичко пишување на
историјата
15. Европската унија, поларизацијата исток-запад и владеењето со промените

II. Психологија и педагогија

1. Персонална и интерперсонална, национална и интернационална, етничка и


меѓуетничка... толеранција и прифаќање – Психологија на мирот
2. Сексуалност – стереотипи, предрасуди, трендови
3. Од вулнерабилност до резилиентност – психотерапевтски пристапи
4. Закон и ред: Психологијата во правниот систем
5. Интердисциплинарен пристап во унапредувањето на менталното здравје
6. Семејство, брак, партнерски релации – предизвици и пристапи до повисока
функционалност
7. Психолошки аспекти на современа организација на настава
8. Предности и недостатоци на екстерното тестирање
9. Превенција на “burn out” и мобинг во работна организација
10. Мешањето на културите како реалност на модерниот свет
11. Психолошка толеранција од интерперсонални и интеркултурни аспекти
12. Колективниот предмет како феномен на современи односи
13. Духовноста како извор на ориентација на личноста и колективот
14. Социо-психолошки истражувања на агресивноста
15. Глобализацијата и современите модели на воспитување

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад


msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk

III. Економија

1. Нови предизвици во економската ефикасност


2. Економијата и политичката мисла во развој на глобалната економија
3. Улогата и ефикасноста на фискалната политика во стабилизација на
економиите
4. Современите економии низ призмата на новите економски и политички
случувања
5. Нова агенда на менаџментот на човечки ресурси и организациска ефективност
6. Интернационалниот карактер на промените и менаџмент практиката
7. Финансиските институции и новите глобални трендови
8. Современи трендови и предизвици во областа на сметководството и ревизијата
9. Предизвици на современиот маркетинг во пазарната економија
10. Нови содржини на маркетинг трендови во социјалните и дигиталните медиуми
11. Социо-економски проблеми на современото општество и начинот на нивното
решавање
12. Трендови и модели на развој на туристичката индустрија
13. Применети аспекти на развој на економијата во регионот
14. Информациски технологии во економијата и бизнисот
15. Теоретски и применети аспекти на меѓународната соработка на Русија и
Македонија

IV. Филозофија, лингвистика и културологија

1. Филозофија и образование – филозофски проблематики во образованието


2. Природата и границите на филозофијата на образование
3. Етика и историја на филозофијата - традиција, меморија, идентитет
4. Филозофијата, културата и обликувањето на погледот на светот
5. Филозофија на пол, раса, сексуалност
6. Филозофска теорија на вредностите
7. Применета етика
8. Филозофијата и општеството
9. Културните карактеристики на рускојазичната средина во Македонија
10. Компаративна анализа на културата на градови во Македонија
11. Континуитет на античката култура на Македонија и модерниот свет
12. Современите лингво-културолошки тенденции
13. Хуманизмот како цел на литературното и уметничкото творештво
14. Интерпретативен потенцијал на лексичките категории
15. Когнитивни механизми на интерпретативните функции на јазикот

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад


msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk

Пријавување за учество:

Со пополнување на Барањето дадено подолу Вие аплицирате за учество на


конференцијата. Учесниците кои се пријавуваат со заеднички труд пополнуваат заедничкo
барање. Барањето може да биде преземено од нашата веб страница
http://msu.edu.mk/konferencija)

1. (презиме, име и фотог рафија на прв автор)


1. А) Презиме и име, на автор/и 2. (презиме, име и фото. на втор автор, доколку има)
Б) Фотографија во боја (презиме, име и фото. на трет автор, доколку има)
3.
(портрет, се внесува во барањето)
4. (презиме, име и фото. на четврти автор, доколку има)

(на мајчин јазик)


2. Наслов на статијата:
(на анг лиски јазик)

3. Кон која од дадените теми се


однесува трудот:
1. (податоци за прв автор)
4. Работна организација и должност:
2. (податоци за втор автор, доколку има)
учење (цело име на универзитетот, должност,
3. (податоци за трет автор, доколку има)
научен степен и титула)
4. (податоци за четврти автор, доколку има)
1. (податоци за прв автор)
5. Адреса на живеење со град, 2. (податоци за втор автор, доколку има)
поштенски број, држава (податоци за трет автор, доколку има)
3.
(за достава на списанието)
4. (податоци за четврти автор, доколку има)

1. (податоци за прв автор)


2. (податоци за втор автор, доколку има)
6. Телефон со меѓународен код:
3. (податоци за трет автор, доколку има)
4. (податоци за четврти автор, доколку има)
1. (податоци за прв автор)
2. (податоци за втор автор, доколку има)
7. Е-маил адреса: (податоци за трет автор, доколку има)
3.
4. (податоци за четврти автор, доколку има)
8. Форма на учество на
конференцијата:
(редовно или вонредно)*

*Под редовно учество се подразбира земање учество со презентирање на трудот на денот


на одржување на конференцијата. Вонредното учество се однесува само на објавување на
доставениот труд во списанието.

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад


msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk

Финансиски услови:

Партиципација: Редовно Редовно со престој Вонредно


1 автор 70 € 100 € 70 €
2 автори 100 € 130 € 100 €
Повеќе од 2 автори* 130 € Според учесници 130 €

*Бесплатно списание добиваат максимум тројца учесници кои се автори на еден ист труд. За секој нареден
автор што сака да подигне списание се доплаќа 15 евра на денот на подигнување на списанието.

За учесниците од Македонија уплатата се врши на следнава смeтка:

Сметка: 320100002856845
Депонент: ЦКБ
Примач: Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” - Св. Николе.

Уплатата за странските државјани се врши на следнава сметка во евра:

IBAN: MK07200002273146492
SWIFT CODE: STOBMK2X
Банка на примач: Стопанска Банка АД Скопје
Примач: Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Св. Николе

На котизацијата задолжително да се посочи насловот на конференцијата, презиме и


име на учесникот, или доколку се повеќе автори, името на првиот автор.
Сместувањето и оброците за учесниците на конференцијата се обезбедени од
страна на организаторите на конференцијата.
Патните трошоци се на трошок на учесниците на конференцијата.

Технички барања за статијата:

 Задолжителен превод на насловот на англиски јазик.


 Да се вклучи апстракт на мајчин јазик со превод на англиски (до 100 зборови секој)
 Задолжително внесување на клучни зборови на мајчин јазик со превод на англиски
 Големина на статијата: од 3 до 5 страници.
 Материјалите треба да бидат подготвени во Microsoft Office Word (.doc или .docx)
 Големина на фонт: 12;
 Фонт: Times New Roman (со македонска/кирилична поддршка);
 Line spacing (проред): 1.0
 Маргините: лево 30 mm, десно 15 mm, горе и долу 20 mm
 Консултираната литература може да биде додадена на крајот од трудот или низ текстот
во форма на фуснота. Фуснотите треба да бидат последователно нумерирани со арапски
броеви.

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад


msu.edu.mk/konferencija/ • konferencija@msu.edu.mk

Бидејќи Вашиот труд ќе влезе во EBSCO (водечки светски агрегатор на електронски


бази и банки на податоци, од високоцитирани научни списанија), Вашата статија
задолжително мора да содржи наслов, апстракт и клучни зборови како на мајчин, така и на
англиски јазик, што е наведено во техничките барања.

Пример за целосно подготвен труд веќе објавен во списанието ќе Ви биде доставен


заедно со информативното писмо. Истиот ќе можете да го најдете и на нашата веб страница:
http://msu.edu.mk/konferencija

Доставување на материјалите:

Барањето, материјалите и потврдата за уплата за котизација се испраќаат во посебни


фајлови, но во иста електронска порака, со назнака „За учество на седма Меѓународна
конференција“. Ве молиме обратете внимание на следново:

 Името на фајлот со трудот треба да биде „труд (и презимето на авторот)“


 Името на фајлот со барањето треба да биде „барање“
 Името на фајлот со скенираната уплатница за уплатена котизација треба да
биде „уплата (и презимето на авторот)“

Барањето за учество и статијата Ве молиме да ги испратите на следнава e-маил


адреса: konferencija@msu.edu.mk, најдоцна до 15.03.2016. По доставувањето на трудот,
доколку не добиете одговор во рок од 48 часа на меил адресата од која сте го пратиле трудот,
Ве молиме контактирајте не на еден долунаведените телефонски броеви.
Трудовите кои ќе бидат доставени после горенаведениот рок, нема да бидат
објавувани.
Организациониот комитет го задржува правото за избор на статиите.
Конференцијата ќе се одржи на 15-ти и 16-ти aприл 2016 година во просториите на
Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе.
Учесниците кои доаѓаат од други градови (земји) ги молиме да го потврдат своето
присуство најдоцна до 1-ви април 2016-та година и да остават телефон за контакт.
Трудовите на учесниците на конференцијата ќе бидат издадени во публикација по
одржувањето на конференцијата. Примероците од списанието на учесниците ќе им бидат
доставени по пошта на адресата која ќе ја наведат во барањето.

Контакт:

Технички раководител на конференцијата:


Ѓорчева Михаела • + 389 75 226 775 • konferencija@msu.edu.mk

Технички секретар на конференцијата:


Милена Спасовска • + 389 78 827 914 • konferencija@msu.edu.mk

Адреса на комисијата:
Ул. „Маршал Тито“ 77 • Свети Николе • Р. Македонија

Седма Меѓународна научна конференција | Меѓународен дијалог: исток-запад

You might also like