You are on page 1of 2

24.06.

2020
23 oд 50 вработени позитивни на тестот

Корона сега и во Визенхоф


Следното корона-жариште во една кланица – овојпат во „Визенхоф“!

Погодената кланица во Вилдесхаузен

Во една фабрика на најголемиот производител на месо од живина PHW


(меѓу другите и „Wiesenhof“, „Bruzzler“) во Вилдесхаузен (Долна
Саксонија) при едно редовно тестирање, 23 oд 50 вработени беа позитивни
на тестот.
Сега сите 1100 вработени во кланицата ќе бидат испитани дали се
инфицирани. На тој начин треба да се ограничи ширењето на вирусот во
Северна Рајна Вестфалија, изјави oкружниот администратор Карстен
Харингс.
Додека Округот Гутерслох беше под изолација, таму причинителот на
кризата беше во офанзива!
Кратко по објавувањето на заострените корона-прописи, фирмата за
преработка на месо „Tönnies“ го соопшти својот став. Во него, газдата
Клеменс Тенис ветува: „Сè ќе биде подобро!“ Договорите за работа со
подпретприемачите ќе биле укинати „во сите клучни сектори од
производството на месо“, работниците ќе биле вработени директно кај
„Tönnies“. А освен тоа, фирмата планирала „веднаш да создаде соодветен
животен простор за работниците“.
„Сакаме и во иднина да се произведуваме месо во Германија“, велат од
„Tönnies“. „За то ни треба општествена прифатливост.“
Оваа фабрика за месо веќе најави дека ќе ги преземе комплетните трошоци
за корона-тестовите во целиот округ. Уште на првиот ден, стотици жители
на Гутерслох чекаа во редица пред тест-центарот на Здравственото
осигурување.

Помошници во корона тест-центарот

You might also like