You are on page 1of 2

22.07.

2021

По долгата кавга околу традиционалната


фирма, семејните племиња го делат
концернот Dr. Oetker

Во 1984 д-р Август Еткер го произведе првиот пудинг во прав готов


за употреба
Д-р Еткер се вбројува во најпознатите прехранбени концерни во Германија –
речиси секој граѓанин има дома производи од овој голем концерн. Семејната
фирма сега стои пред ново преструктуирање.
По долгогодишните превирања во кулоарите, сега е и
официјално: По желба на семејните племиња, Dr. Oetker
треба да се подели. Поделбата се планира за оваа година,
соопштија во четвртокот од фирмата во Билефелд.
„Со оваа одлука, групите од акционери ги надминаа различните идеи во врска
со управува и стратегијата на Групацијата Oetker. Сите сопственици
потпишаа соодветна спогодба за одвојување“, стои во официјалното
соопштение од Групацијата Oetker.
Владее уверување дека децентрализираното и самостојно водење на
компанијата ќе има „неоптоварена перспектива за профитабилен
раст“ на нејзините пазари. Одлуката нема да има никакви
последици за вработените. Се преговарало „веќе подолго време“, се
вели во официјалното соопштение на компанијата.
На поделбата ù претходеше децениски спор околу наследството
на Рудолф Август Еткер (†90). Teмa: идното преструктуирање на
концернот.
Патријархот, кој почина во 2007 година, зад себе остави осум наследници
од три брака:
 од првиот брак со Марлене: Розели Швајцер
 од вториот брак со Сузане: Aвгуст Еткер (†2018), Бергит
Даглас, Карл Кристијан Еткер, Рихард Еткер
 од третиот брак со Маха: Aлфред Еткер, Карл Фердинанд Еткер,
Jулија Еткер
▶︎Aкционерите Aлфред, Карл Фердинанд и Јулија Јохана Еткер во иднина
ќе ги преземат под еден кров фирмите-ќерки Henkell & Co. (шампањско,
вино и сл.), Martin Braun Backmittel KG (додатоци за печење), хемиската
фабрика Budenheim (прехранбрени производи, лекови, фосфати), како и
некои објекти од хотелскиот сектор. Уметничката колекција на Август
Еткер исто така оди кај најмладите браќа и сестри.
▶︎Делот од традиционалата фирма со најголем промет (пица, мешавини
за печење, замрзнати торти и пудинг), Dr. August Oetker Nahrungsmittel
KG, Слаткарницата Coppenrath & Wiese KG и Групацијата Radeberger
Gruppe KG, како и некои хотели, остануваат во рацете на акционерите
Рихард и Филип Еткер, Рудолф Луис Швајцер, Маркус фон Лутиц и
Лудвиг Даглас. Тука останува и штотуку преземената служба за испорака
на пијалаци Flaschenpost.
Со својот асортиман од пици, мешавини за печење, замрзнати торти и
пудинг, компанијата се утврди и на меѓународниот пазар. Во 2020
година, Dr. Oetker извести дека остварил продажба од 7,3 милијарди
евра. Во компанијата и во нејзините филијали ширум светот работат
околу 37 000 вработени.
Крај на долгиот спор околу Dr. Oetker
Спорот во компанијата не беше само околу желето и
замрзнатата пица. Напротив, се работеше за тоа кој од
членовите на семејството (меѓу кои има разлика во
возраста дури и до 40 години) ќе го има последниот збор.
► Aвгуст Еткер, најстариот син од вториот брак, уште од 1981 година
формално е шеф на Групацијата, но конечниот збор го имаше неговиот
татко. Кога тој умре во 2007, Август ја презеде командата, но веќе имаше
63 години. Затоа, побара да може да остане на врвот од компанијата и
после наполнети 65 години. Неговите тројца помлади полубраќа го
спречија тоа и, наместо тоа, во 2010 за управител на концернот го
поставија својот помлад брат Рихард.
► Откако во 2007 година почина Рудолф Август Еткер, одговорноста за
управувањето со компанијата ја презеде Aлфред Еткер, најстариот син
од третиот брак. Рихард и Август, синовите од вториот брак, се обидоа да
го спречат тоа. Последицата беше: меѓусебно кодошење, притисоци и
недоверба.
Кон крајот на 2016 година, според Статутот, и Рихард Еткер
мораше со 65 години да поднесе оставка од местото управител
на концернот. На почетокот од 2017, негов наследник, и тоа
како прв менаџер на врвот од концернот којшто не е од
семејството, стана Алберт Кристман.

You might also like