You are on page 1of 3

Обработка на лектира Бојан - Глигор Поповски

БОЈАН

Во романот Бојан од писателот Глигор Поповски се


опишани доживувањата на детето Бојан за време на
неговиот престој во планинската колиба на дедо му Димо.
Откако Бојан го испратил својот дедо во селото, останал
сам во колибата грижејќи се за стоката. Во меѓу време, тој
се спријателил со старецот, дедо Иван кој живеел сам во
неговата планинска колиба. Кога зафатило големо невреме,
Бојан спасил една повредена срна, а се грижел и за јагнето
чија мајка во меѓувреме умрела. Набргу, колибата ја
нападнале волците, кои го растргнале кучето Караман, но
Бојан пронашол стара пушка и така ги растерал. Потоа, тој
се разболел, но по неколку дена, во колибата пристигнале
дедо му и татко му кои го пронашле веќе исцрпениот Бојан.
Пролетта, во селото дошле двајца учени луѓе од Скопје, а
Бојан се пријателил со детето Денко. Еднаш, тие го спасиле
девојчето Иринка, кое за малку ќе се удавело. По некое
време во селото пристигнало и девојчето Елена во кое се
вљубил Бојан. Набргу се случиле немили настани: од удар
на гром загинале две овчарчиња, а потоа Бојан морал да се
раздели со дедо Иван, кој се разболел и го однесле во
градот. Еден ден, Бојан и Денко се искачиле на карпестиот
врв Орелска Чука, а Елена му се налутила на Бојан зашто
не ја зеле со неа. Поради некои итни работи, учените луѓе
морале да се вратат во градот, така што Бојан не стигнал
да се поздрави со Елена. Сепак, таа му оставила писменце
во кое жалела за лошиот однос кон него. Од жал за неа,
Бојан по вторпат, овојпат сам, се искачил на Орелска Чука.
Кон крајот на летото, тој добил писмо и фотографија од
Елена, а потоа, со тешко срце морал да ја напушти
планината и да се врати во градот.

Белешка за авторот

Авторот Глигор Поповски е истакнат македонски писател


роден на 1.4 1928 во малешевското село Будинарци. Се
школува во Берово. Струмица и Скопје каде што завршува
учителска школа. Работел во Редакцијата пионерски
весник. Работниот стаж му траел од 1949-1988. Исто така
работел во издавачката куќа Детска радост, како уредник на
Титов пионер а потоа на Развигор, Другарче, Росица, бил и
главен уредник.
Тој исто така преведувал книги и поезии за деца од руски
исрпски јазик. Неговите книги биле преведени на албански,
српски, словенечки, турски, хрватски итн.
Негови позначајни дела: Билјана, Црвената рака, Бојан,
Морнарот нет, учителката и многу други
За својата литературна дејност добитник е на следниве
награди: Младо поколење (Белград) за книгата Билјана
Партизански курир (Марибор) за своето целокупно
литературно творештво на тена на НОБ: 13 Ноември
(Скопје) за книгата Најтемната ноќ и многу други.

You might also like