You are on page 1of 2

НАЈУБАВИОТ ПОДАРОК

1 ДЕТЕ(Магде): Од мојов подарок мама ќе биде восхитена.


2 ДЕТЕ(Андреа) Знам дека мама најмногу сака цвеќе. Гледајте колку е убаво! (Го истакнува
цвеќето)
3 ДЕТЕ(Ања):( (Посочувајќи го ѓерданот) Мама сака убав фустан, убави чевли. Но сето тоа не оди
без ѓердан.
4 ДЕТЕ(Теона): И тоа без тој твој ѓердан! Види го овој парфем!Само како убаво ќе мириса кога
мама ќе го стави!
1 ДЕТЕ: Цвеќето свенува, ѓерданот е вештачки украс. Само од помадата мајчиното лице станува
младо, мазно и добива убав тен. Многу ќе и се допаднат на мама!
2 ДЕТЕ: (ја наоѓа својата касичка) Ќе ги извадам сите денарчиња и на мама ќе и купам уште три
каранфили.
3 ДЕТЕ: (се врти кон Ангела) А она што го пукна стаклото на регалот кога го бришеше! Ќе и го
покажеш на неа?!
2 ДЕТЕ: А ти, кога на Николче му го тегнеше увцето!
3 ДЕТЕ: Кога утко?
4 ДЕТЕ: Пред да го однесат во болница. Знаеш ти...
1 ДЕТЕ: Дрдорка!
2 ДЕТЕ:Ти си дрдорка!
(Влегува таткото)
ТАТКОТО(Таркан): (Незадоволен) Браво! Браво! (Децата се збунети) Прекрасен панаѓур! И тоа на
самиот празник на мајка ви! Кога Кога ќе се врати и кога ќе ве види како се карате, се ќе и се
разубави пред очите. (Засрамените деца готови да се расплачат) Ха, и треба уште тоа да ве види
вака расплачени. А згора на сето и Николче е во болница! ( Им приоѓа, им ги помазнува косите).
Ајде смирете се. Смирете се и гледајте во мене. Не, почекајте. (излегува и се враќа со некоја
издолжена кошничка). Овде е мојот подарок.
ДЕЦАТА: Тато, можеме да го видиме?
ТАТКОТО: Засега нека остане тајна. Во кошничкава ставете ги и вашите подароци. Подарокот ќе
ни биде заеднички. Може?
ДЕЦАТА: Може!
1 ДЕТЕ:(со рацете на глава) Како не се сетивме на тоа?
(Своите подароци ги ставаат во кошничката. Се слуша ѕвонче. Истрчуваат на вратата.)
ДЕЦАТА: Мамоооо! Мамичкеее!
(Влегува мајката и децата и го даваат подарокот)
МАЈКАТА(Михаела): (восхитена) Немам зборови! Ако не ме лажат солзиве радосници вие сте
плачеле. Ако, знам дека е од радост.
ТАТКОТО: Главниот подарок уште не е подарен.
3 ДЕТЕ Мамо, тој чува најчуден подарок! Ќе видиш!
МАЈКАТА: Знам, примил плата. Не си морал да се трошиш. (одеднаш ја однесуваат мислите и и
станува тешко)
4 ДЕТЕ: Мамичке зар не си среќна?
МАЈКАТА: Си реков во себе: се радувам јас, а кутриот Николче лежи во болницата со исчашено
ноженце!
2 ДЕТЕ: Мамо, не грижи се, веднаш ќе го посетиме.
ТАТКОТО: (Превесел) Нема да го посетиме Николчета се додека не го врачам својот скап подарок!
2 ДЕТЕ (Нестрплива како и сите други) Побрзај, тато! (Таткото излегува и се враќа со Николчета)
ТАТКОТО: Мојов подарок за мама!Подароков не е исчашен и здрав е како тигар!
МАЈКАТА: (Го гушка Николчета) Златен подарок! Не постои поубав подарок! Ќе ја направам
најголемата торта на светот!
НИКОЛЧЕ(Стефан): (Од своето џепче вади некој цртеж) Мамичке, сакаш ли да ти го подарам?
МАЈКАТА: Што е тоа синче?
НИКОЛЧЕ: Маче.Го нацртав само за тебе додека бев во болница.Срекен празник-мамо!
МАЈКАТА: О, па ти си научил да црташ. Навистина, убав подарок. Фала синче. А сега кој ќе ми
помогне да ја направам најслатката торта на светот?
ДЕЦАТА: Јас!... Јас!... Јас!... (се растрчуваат низ куќата)

You might also like