You are on page 1of 1

ПОЛСКО УЧИЛИШТЕ

Годишно време,месец,ден в сјај

Од сламка и од кал да свие гнездо-рај

Чедото да го подготви за лет во својот роден крај

Од каде научила оваа птица толку жедно?

Во полското училиште учела вредно.

Црвен,син,виолетов,жолт цвет по цвет

Вредната пчела ги посетува в лет

Од каде ги знае патиштата на овој свет

Надолници,угорници,брда,потоци бесконечно?

Во полското училиште учела вредно.

Пајакот,малечката бубачка со гордост сјае

На ќерка си чеиз да ткае

Оваа кинеска тантела што ја знае

На кој ѓепѓеф го везела вешто?

Во полското училиште учела вредно.

Али Акбаш

You might also like