You are on page 1of 2

Императив во современиот концепт при терапијата на беззабоста со скелетирана парцијална

протеза, е фактот дека за вадење на протезата од потпорните ткива потребна е најмала сила

од правецот на внесување, а најголема од правецот на поместување на протезата. Ваквиот

концепт има биолошки пристап и на забнопротетските надоместоци им обезбедува

профилактичка вредност. За време на планирањето на скелетираните парцијални протези кај

голем број пациенти може да се јави потреба за припрема на ретенционите заби. Припремата

на ретенционите заби е условена од состојбата на нивното здравје и потпорните ткива, како и

од дизајнот на идниот скелет. Припремата се прави после анализа на дијагностичкиот модел и

одредување на прелиминарниот план на терапија. Само правилно припремените ретенциони

заби можат да остварат функционално единство со соодветните елементи на идната

скелетирана протеза и на тој начин да овозможат голема профилактичка вредност. Основната

задача на припремата на ретенционите заби за прифаќање на елементите на скелетираната

протеза е обезбедувањето на сигурно и нетрауматско “водење“ на скелетираната парцијална

протеза до носечките ткива при апликација in situ, како и осигурување на условите за

ретенција, стабилизација на протезата и пренос на силите на џвакање низ надолжната оска на

забите без трауматски ефекти.

Ретенцијата се јавува како резултат на :


 Силите кои натануваат поради еластична деформација на раката на
кукицата
 Триењето (фрикцијата ) помегу ретенциониот заб и кукицата
 Непосредниот контакт на протезата со мукозата од преостанатиот
алвеоларен гребен

Примарна ретенција кај парцијална протеза


 Механички својства на ретенционите елементи ( кукици и современи
системи за ретенција -атечмени , неменски коронки и др

Секнударна ретенција кај працијална протеза


 Атхезија
 Кохезија
 Анатомски детали на зидуалниот алвеоларен гребен

You might also like