You are on page 1of 11

Содржина:

1. Вовед:........................................................................................ 2
2. Раните римски верувања..................................................... 3
3. Раните божества................................................................... 3
4. Раната митологија за историјата на Рим......................4
5. Домашни Римски и Италски богови...................................4
6.Прифаќање на странски божества.....................................5
7. Позначајни божества од Римскиот пантеон..................6
8. Заклучок:................................................................................ 10
9. Користена литература...................................................... 11

1. Вовед:

1
1
Збир на митови, тело од приказни врзани за одредена култура,
институција или личност; наука што се занимава со изучување на
митовите. Приказните што претставуваат дел од одредена митологија
обично се врзани за одредено верување или религија и објаснуваат
универзален или локален почеток, природна појава или друг сегмент од
културата на која и припаѓаат а кој е невозможно поинаку да се опише.
Римската митологија, односно митските верувања на луѓето од Антички
Рим, може да се рече дека се состои од две фази: првата, кога
Римјаните имале автентични верувања и божества, и подоцнежната
втора фаза кога речиси целосно ги пресликале грчките богови во својата
митологија.

1
http://mythos.blog.mk/2010/03/05/mit-i-mitologija/

2
2. Раните римски верувања

Римјаните немале систем на систематски раскажувања за боговите и


односите помеѓу нив, се додека не ги презеле грчките приказни. Од друга
страна, тие имале:

 високо развиен систем на ритуали, свештенички здруженија и


храмови за нивните божества,

 богат систем на историски митови за основањето и растот на


нивниот град Рим вклучувајќи и улоги на луѓето, со повремени
божествени интервенции. Тие дури немале ни збор за вулкан,
но подоцна го создале од името на богот на огнот - Вулкан.

3. Раните божества

Римскиот митолошки модел вклучувал многу различен начин на


определување и размислување околу боговите од грчкиот. На пример,
кога би можеле да го прашаме античкиот Римјанин за божицата Церес,
тој не би ви раскажал некоја приказна за божицата какви што развивале
Грците, но би рекол дека таа имала свои свештеници, наречени
фламени, кои биле подредени на фламените на Јупитер и Марс, но
надредени на фламените на Флора и Помона. Тој би можел да раскаже и

3
дека Церес е во група со две други земјоделски божества, Либер и
Либера, и дека и служат други помали божества: на жетвата (Месор), на
сеењето (Инситор), плевењето (Саритор), итн. Значи, изворната римска
религија била составена не од приказни, туку од сложена хиерархија на
поврзани односи помеѓу боговите.

Оваа изворна религија со време се менувала поради воведувањето на


конфликтни верувања во подоцнежниот период на Рим, особено под
влијание на грчката митологија.

4. Раната митологија за историјата на Рим

Спротивно на непостоењето на приказни за боговите, старите Римјани


имале богато милје на легенди за основањето и раниот развој на градот.
На овие домашни традиции, подоцна им надградиле и делови од грчките
легенди.2

Пример за ова се Енеидата напишана од поетот Виргилиј помеѓу 29. и


19. г.п.н.е. која раскажува легенда за Ениј, тројанец кој патувал во
Италија и станал предок на Римјаните. Уште еден пример се првите
книги на Тит Ливиј (59.п.н.е. - 17.н.е.) кој пишувал за историјата на Рим
од основањето (за кое се верувало дека се случило во 753.п.н.е.).

5. Домашни Римски и Италски богови

Римската ритуална пракса разликувала две класи на божества - главни,


кои биле 30 на број, за секој од нив имале фиксна дата од календарот
кога го славеле неговиот ден, и нови, за кои подоцна решиле дека треба
да ги прославуваат, поради некој настан или потреба. Покрај овие две

2
http://mythos.blog.mk/2010/03/05/mit-i-mitologija/

4
класи, постоеле и многу помошни божества кои „служеле“ за определени
работи, нпр. жетва, орање и сл. Речиси за секоја работа постоело
„помошно“ божество кое се повикувало на помош кога таа работа се
изведувала.

Карактерот на божествата и начинот на прославување го отсликувале


секојдневниот живот на Римјаните. Во раниот период на Рим, кога
жителите сѐ уште главно се занимавале со земјоделство, и божествата
повеќе биле заштитници на земјоделството. Така, Ларес го штител
полето и куќата, Палес - пасиштата, Сатурн - сеењето, Церес - растот на
житата, Промона - овошките, а Консус и Опс - жетвата. Дури и семоќниот
Јупитер, врховниот бог на римјаните, бил замолуван да помонгне со
дождовите и сонцето за да ги помогне фармите и лозјата.

Покрај тоа, Римјаните сакале и да војуваат, па имале две божества за


кои верувале дека им помагаат во војните: Марс, богот на војната и
Квиринус - заштитник на војската.3

На чело на најстариот Римски пантеон биле Јупитер, Марс и Квиринус, и


нивните свештеници биле од највисок ранг. Потоа следеле Јанус богот
на вратите, почетоците и краевите (по кој е именуван месецот јануари) и
Веста - божица на срцето, домот и семејството. Подоцна и Минерва,
божицата на мудроста, медицината, трговијата, занаетите, поезијата и
музиката се придружила помеѓу најважните божества.

6.Прифаќање на странски божества

Како што се ширело Римското царство, така и Римјаните усвојувале


божества кои им припаѓале на други народи. Но, никој не извршил
посилно влијание од античките грци. Особено се засилило влијанието во
римската митологија по освојувањето на античка Грција во 150.г.п.н.е.
Најважните римски божества биле изедначени со грчките, а биле
3
http://wapedia.mobi/mk/Римска_религија

5
преземени и други, нови. Покрај тоа, божествата попримиле човечка
форма, а ги усвоиле и приказните за нивните односи и врски на
античките грци.

7. Позначајни божества од Римскиот пантеон

Јупитер (бог)
Јупитер4 е главниот бог во римскиот пантеон - господар на небото и на
светот, син на Сатурн и на Реја. Јупитер според римската митологија бил
крал на сите богови, владетел на Олимп (пандан на Зевс во грчката) и
патрон на целата Римска Империја. Зевс бил син на Хронус (Сатурн).
Во грчката митологија се среќава како Зевс

Венера (божица)
Венера е римска божица на пролетта и заштитничка на градините, а
подоцна и божица на убавината, љубовта и животот. Се родила од
морска пена. Венера била сопруга на богот Вулкан и мајка
на Купидон (Амур). Го изневерила Вулкан со Марс и со Адонис, Анхиз.
Согласно митот, со тројанецот Анхиз го родила јунакотЕнеј. Во Рим се
празнувале таканаречените Венералии во чест на Венера Вертикордија,
„онаа која ги отвара срцата“. Исто така во Рим бил подигнат храм во
чест на божицата Венера и градот Рим.

Вулкан (бог)
Вулкан во римската митологија е бог на огинот и на ковачкиот занает.
Бил сопруг на најубавата римска божица - Венера. Во грчката
митологија e Хефест.

4
http://mk.wikipedia.org/wiki/Римска_митологија

6
Квирин
Квирин (на латински:Quirinus) римски бог, споредуван со Ромул, основач
на Рим. Неговото име е сврзано со сабинскиот град Кура (Cures), или со
сабинскиот збор за копје –quiris. Во почетокот Квирин живеел на ридот
Квиринал. Заедно со Јупитер и Марс ја опфаќале како главни богови.

Конвектор
Во римската митологија, богот Конвектор бил надлежен за зреењето на
житните култури.

Луперк
Во римската митологија, Луперк било име на богот Фаун како и уште
еден друг бог.

Луперк бил богот на овчарите. Неговиот фестивал (заедно со тој


на Фаун) се нарекувал Луперкалии и се славел на годишнината од
основањето на неговиот храм, 15 февруари. Неговите свештеници
(Луперки) носеле козји кожи и ги удирале посматрачите со појаси од козја
кожа. Лупрерк бил позврзуван со пештерата каде Ромул и Рем ги
доела волчицата. Тој исто така би поврзуван со кози и кучиња.

Марс (бог)
Марс (латински: Mars) бил бог на војната во римската митологија.

Меркур (бог)
Меркур според митологијата на Стариот Рим бил син на Јупитер, бог на
овчарите, стадата, патниците, трговијата, итрината и кражбите, како и на
говорништвото и поезијата. Грчкиот еквивалент му е Хермес, син
на Зевс и татко на Пан. Меркур станал посредник меѓу боговите и луѓето.
Најчесто се прикажува со лик на момче со крилја на нозете или на капата
и со гласнички стап во рацете.

7
Минерва
Минерва е ќерка на Јупитер, 5древна римска божица на мудроста и
војната за благородна кауза, покровитeлка на занаетот, искуствата и
науките, почитана уште и како Медика (Лечителка); Во грчката
митологија е позната како Атина.

Палес
Во римската митологија, Палес бил божество на овчарите, крдата и
добитокот. Некои го сметале ова божество за машки, а некои за женско,
а постои и можност да биле две божества во пар (бидејќи Pales може да
биде и еднина и множина на латински). Палес бил малку познато
божество за кое имаме многу малку информации.

Фестивалот на Палес се нарекувал Парилии, и се славел на 21 април.


На овој ден добитокот се водел преку логорски огништа. Друг фестивал
во чест на Палес, но сега посветен на „двата Пала“ (Palibus duobus) се
одржувал на 7 јули.

Марко Атилиј Регул изградил храм на Палес во Рим по неговата победа


над Салентините во 267 BC. Се смета дека тој бил лоциран
наПалатинското брдо, но, можно е и да се наоѓал на патот на тиумфот,
на Марсовото поле или на Авентинското брдо.

Помона
Во римската митологија, Помона била божица на овошките. Таа ја
презирала љубовта на Силван и Пик, но се омажила со Вертумн одкако
тој ја надитрил, преправен како старица. Нејзиниот висок свештеник бил
нареченflamen Pomonalis. Ножот за кроење бил нејзин атрибут. Таа е
исклучиво римска божица и особено била поврзувана со цветањето на
дрвјата пред берба.

5
http://mk.wikipedia.org/wiki/Римска_митологија

8
Помона исто така се поврзувала со изобилството. На статуи и фасадни
украси од 19-тиот век таа е прикажана како носи голема чинија со овошје
или рог на изобилството (корнукопија).

Фауна (божица)
Во римската митологија, фауна е име на:6

 Бона Деа, која била божица на плодноста, лечењето,


девственоста и жените. Таа исто така е позната како Марика.
 Опс, божество на плодноста и божица на земјата
од сабинско потекло.
 Тера (божица), божица на Земјата.

Флора (божица)
Во римската митологија, Флора била божица на цвеќињата и пролетта.
Додека Флора била релативно ниж лик во римската митологија, заради
тоа што била една од неколкуте божици на плодноста и заради нејзината
поврзаност со пролеетта, таа сепак играла некоја улога, посебно при
доаѓањето на ова годишно време. Нејзиниот фестивал, Флоралии се
одржувал во арпил или рано во мај и го симболизирал обновувањето на
животниот циклус. карактеристики на овој фестивал биле играњето,
пеењето и цвеќињата. Нејзиниот грчки еквивалент била Хлора. Флора
била омажена за Фавонј, богот за ветерот. Заради нејзината поврзаност
со растенијата, поимот „флора“ на македонски се однесува на
растителниот свет.

Флора добила на поголемо значење во неопаганската обнова


кај Ренесансните хуманисти одколку што имала во Стариот Рим.

6
http://mk.wikipedia.org/wiki/Римска_митологија

9
Фортуна (божица)
Фортуна (лат. Fortuna) божица на среќата и успехот, една од
најпочитаните богови од римјаните и италјанците. Се сметало дека од
неа зависат како народот така и другите богови.

8. Заклучок:

Римската религија била комбинација од неколку различни култови и


практикувала неколку вида на обичаи.Римјаните првобитно ја следеле
руралната анимистичка традиција, во која многу разни духови биле
одговорни за разни сфери на живеењето, како да речеме орање. Раните
римјани овие богови ги нарекуваленумени. Друг аспект на ова
анимистичко верување било обожувањето на предците, со тоа што секое
семејство ги обожувало своите предци со сопствени обреди. Римската
религија била главно заснована на грчката и етрурската митологија. Таа
прифатила и стотици други религии, содзавајќи богата и
комплексна митологија.Најпосле,  христијанството го заменило
постариот пантеон како државна религија на Рим, и римската религија
избледела, иако многу аспекти од нејзината хиерархија останале во
христијанскиот ритуал и возападните традиции.

10
9. Користена литература

1. http://mythos.blog.mk/2010/03/05/mit-i-mitologija/

2. http://wapedia.mobi/mk/Римска_религија

3. http://panoptikum.com.mk/2009-11-08-15-10-52/paralelen-svet/386-2010-
01-31-10-24-32.html

4. http://mk.wikipedia.org/wiki/Римска_митологија

11

You might also like