GIMP е скратеница од GNU Image Manipulation Program.
GIMP претставува програма која
може слободно и бесплатно да се дистрибуира и се користи за ретуширање на фотографии, создавање и обработка на слики; со еден збор - се користи за манипулација со растерска графика. Може да се користи и за создавање на икони, конвертирање од еден тип во друг и други намени.