You are on page 1of 6

Виктор Иго 

(француски: Victor Hugo), (Безансон, 26 февруари 1802 – Париз, 22 мај 1885) бил еден од


великаните на францускиот романтизам кој покрај Балзак е најголема фигура во француската книжевност во
деветнаесеттиот век.

Негови најпознати дела се Богородичната црква во Париз (Notre-Dame de Paris) и Клетници (Les Misérables),


но неговото творештво е огромно.

Неговите романи „Биг Жаргал“, „Богородичната црква во Париз“, „Клетници“, „Морските работници“,
драмите „Кромвел“, „Лукреција Борџија“, поетските дела „Оди и балади“, „Ориентални песни“ и многу
други дела претставуваат ремек-дела на светската литература.

Како политичар бил голем борец против деспотизмот и тиранијата.

Поголемиот дел на животот го поминал во Франција, но во еден период бил прогонет од државата од страна
на Наполеон III. Во 1851 живеел во Брисел, од 1852до 1855 живеел на Џерси, а од 1855 до 1870 и повторно
од 1872 до 1873 на Гернзи.

Неговото детство било исполнето со многу настани. Во векот пред неговото раѓање, со Француската
револуција, завршил периодот на династијата Бурбони, а самиот Иго бил сведок на издигнувањето и падот
на Првата Република и создавањето на Првото Царство под водство на Наполеон Бонапарта. Наполеон се
прогласил за цар кога Виктор Иго имал само 2 години, а династијата Бурбони се вратила на престолот пред
неговиот 18 роденден. Родителите на Иго се бореле за превласт во Франција во текот на целиот негов живот.
Татко му на Виктор Иго бил командант во војската на Наполеон кого го сметал за херој, додека неговата
мајка била католичка ројалистка која по некои приказни за љубовник го избрала генералот Виктор Лаори кој
во 1812 е погубен поради сомнеж дека ковал планови против Наполеон Бонапарта.

Софи го следела својот маж на задачите во Италија и Шпанија. Свесна за проблемите од постојаното
преселување поради војничкиот живот и поради можноста дека нејзиниот неверен маж ќе ја изневери, Софи
во 1803 година привремено го оставила својот маж и се сместила во Париз. Оттогаш се грижела за
образованието и развојот на Виктор. Резултатот од тоа е забележлив во неговите први песни во кои главни
теми биле кралот и верата.

Виктор Иго се трудел да пишува како таткото на романтизмот Франсоа Рене де Шатобријан. Во својата
младост, Иго ја развил тезата „Шатобријан или ништо”. Виктор Иго помогнал во развојот на романтизмот и
бил поврзан со политиката како херој на републиканизмот и бил протеран од татковината поради своите
политички мислења.

Предвремената страст и елоквенцијата на неговите први дела, му донеле успех и слава на младост. Неговата
прва збирка на песни „Нови оди и други песни“ (Nouvelles odes et poésies diverses) била објавена во 1824,
кога Иго имал само 23 години, и му донела кралска плата од Луј XVIII. Наредната збирка која е објавена
во 1826 „Оди и балади“ го открила Иго како голем и одличен поет, мајстор за лирски и креативни песни.
Иако неговата мајка не сакала, младиот Иго се вљубил и тајно се свршил со другарка му од детството, Адел
Фуше (1803-1868). Поради необичната блискост со мајка му, Иго дури после нејзината смрт се осетил
слободен за да се ожени со Адел (1822). Своето прво дете го добиле во 1823, но детето умрело уште во
првата година од животот. Иго ги имал уште четири деца, ќерките Леополдина и Адел, и синовите Шарл и
Франсоа-Виктор. Иго својот прв роман „Хан од Исланд” го објавил во 1823, а својот втор роман „Биг
Жаргал“ го објавил три години подоцна во 1826. Во периодот помеѓу 1829 и 1840 Иго објавил уште пет
збирки на песни „Ориентални песни“ (Les orientales), 1829.; „Есенски лисја“ (Les feuilles d'automne), 1831.;
„Песни од самракот“ (Les chants du crépuscule), 1835; „Внатрешни гласови“ (Les voix intérieures), 1837.; и
„Зраци и сенки“ (Les rayons et les ombres), 1840.) и со тоа потврдил дека е еден од најголемите и најдобри
лирски писатели.

Драмски дела
Иго не постигнал така брз успех со драмските дела. Во 1827 год. ја објавил никогаш изведената драма
„Кромвел” која е позната повеќе по авторовиот предговор отколку по нејзината содржина. Во воведот, Иго
ги советува француските писатели да се ослободат од класичниот стил на театарот и така предизвикал војна
помеѓу францускиот класицизам и романтизмот кој после тој настан ќе трае многу години. После „Кромвел”
во 1828 следела драмата „Еми Робсар”. Оваа драма успеала да издржи само еден настап.

Првата драма што ја продуцирал самиот била „Марион Делорм”. Иако на почетокот била забранета поради
својата критика на монархијата, забраната била укината, а премиера имала во 1829, но и ова дело не
доживеало успех.

Но неговата следна драма „Ернани” се покажала како една од најуспешните драми во 19 век.

Иго во 1832, инспириран од „Ернани” објавил уште една драма „Кралот се забавува”. Драмата била
забранета уште првата вечер, поради исмејувањето на француското благородништво, но била популарна во
печатена форма. Мотивиран од забраната, Иго следната драма „Лукреција Борџија” ја напишал за 14 дена.
Драмата е изведена во 1833 год. и постигнала голем успех.

Драмата „Анџело“ имала премиера во 1835 и исто така постигнала голем успех. Набргу потоа грофот од
Орлеан (брат на кралот и голем поклоник на Иго) основал свој театар за да може да ги изведува новите
драми. „Ренесансниот театар“ (Théâtre de la Renaissance) е отворен во 1838 и првата претстава која била
изведена во него била „Руј Блаз”. Иако денес оваа драма се смета за една од неговите најдобри драми, во
негово време не била многу прифатена од страна на публиката. Следната драма „Бирграви” била изведена
само 33 пати и малку по малку почнала да ги губи гледачите. Во 1862 ја напишал „Торквемада”, а во 1864 го
напишал есејот за Вилијам Шекспир.

Дела за возрасни
Првото дело на Иго за возрасни се појавило во 1829. „Последниот ден на човекот кој е осуден на смрт“ е
дело што влијаело на писателите како што се Алберт Ками, Чарлс Дикенс и Фјодор Михајлович Достоевски.
„Клод Ге” е кратка документарна приказна за убиецот од реалниот живот кој бил погубен во Франција,
истата била издадена во 1834. Првиот вистински роман на Иго бил „Ѕвонарот на Богородичната црква”, кој
бил објавен во 1831 и веднаш бил преведен на скоро сите европски јазици. Иго почнал да прави планови за
својот најголем роман за социјалните страдања и неправдата во 1830-тите години, но биле потребни 17
полни години за да се реализира неговото најуспешно дело „Клетници”, и конечно во 1862 да се објави.
„Клетници” и денес се популарни во целиот свет, според него снимен е филм и напишани се неколку книги
кои на некој начин се сметаат како продолженија на романот.

Иго од социјално-политичките проблеми се оддалечил во следниот роман „Морските работници“ (Les


travailleurs de la mer) кој бил објавен во 1866. И овој роман бил добро прифатен од страна на народот. Во
романот кој бил посветен на каналскиот остров Гернзи, на кој Иго бил 15 год. во прогонство. Иго во овој
роман ги опишува човековите војни со морето и со страшните суштества кои живеат под површината. На
политичко-социјалните проблеми се вратил во следниот негов роман „Човекот кој се смее” кој е објавен во
1869. Со тој роман ја критикувал аристократијата. Овој роман не бил толку успешен како претходните
романи, а и самиот Иго рекол дека се зголемува разликата помеѓу него и неговите современици Густав
Флобер и Емил Зола. Нивните натуралистички дела биле поуспешни и попознати од романтичните дела на
Иго. Последниот роман кој Виктор Иго го напишал бил „Деведесет и третата”. Иако неговата популарност
се намалувала, некои го сметаат за едно од неговите најдобри дела.

Политичкиот живот и прогонството


После три неуспешни обиди, Виктор Иго во 1841 бил избран за член на Француската академија и со тоа ја
потврдил својата улога во француската книжевност. После тоа се вклучил во политичкиот живот и постанал
голем поборник на републиката. Кралот Луј-Филип во 1841 го поставил за кралски генеалог и со тоа влегол
во големите одаи како што била „Пер д Франс” и на таа позиција зборувал против смртната казна и
социјалната неправда. Подоцна бил избран во Законодавната и Конститутивната асамблеја.

Кога Луј Наполеон (Наполеон III) ја презел целосно власта во 1851, и кога донесол анти-парламентарen
устав, Иго јавно го прогласил за предавник на својата татковина. Плашејќи се за својот живот, Иго побегнал
во Брисел, па во Џерси, а со фамилијата конечно се сместил на еден од каналските острови каде што живеел
во прогонство до 1870.

Додека бил на островот, Иго ги напишал познатите памфлети за Наполеон Бонапарта, „Наполеон Малиот” и
„Историја на едно злосторство“ (Histoire d'un crime). Памфлетите биле забранети во Франција, но имале
големо влијание. Иго исто така додека бил на островот го напишал познатотo дело „Клетници“ и неговите
многу ценети збирки на песни („Казни“ (Les châtiments), 1853.; „Контемплации“ (Les contemplations), 1856.;
и „Легендата на вековите“ (La légende des siècles), 1859). Иако Наполеон Бонапарта во 1859 ги помилувал
политичарите кои биле прогонети, Виктор Иго одбил да се врати во Франција, бидејќи тоа би значело дека
треба да ги повлече своите критики и мислења за владата и кралот. Кога Наполеон Бонапарта паднал од
власт и се создала Третата Република, Иго се вратил во родната земја во 1870, и бил избран во Народното
собрание и Сенатот.

Последните години и неговата смрт


Кога Виктор Иго во 1870 се вратил во Париз, народот го прогласил за народен херој. За краток период после
неуспешните избори за Народното собрание добил мал мозочен удар, ја доживеал опсадата на Париз,
неговата ќерка завршила во умоболница, а неговите два сина умреле. Неговата ќерка Леополдина се удавила
во бродолом во 1843, неговата сопруга Адел умрела во 1868, а неговата верна љубовница Жилиет Друе
умрела во 1883, две години пред смртта на Иго.

Во 1881 Виктор го прославил својот 79 роденден. Во чест на тоа му била направена голема прослава. Му
била направена најголемата парада во француската историја. Народот марширал од “Авени д'Елеј”
до Елисејските Полиња и до самиот центар на Париз. Народот марширал 6 сати за да помине пред станот на
Иго, а тој седел на прозорецот и го гледал народот. Секој чекор од парадата бил направен и испланиран во
чест на Виктор Иго.

Виктор Иго умрел на 83 години. Неговата смрт била испратена со јавно жалење и плачење. Во светот не го
цениме само како еден од најдобрите писатели, туку и како борец за Третата Република и демократијата во
Франција. Повеќе од 2 милиони луѓе биле на неговиот погреб. Тој бил погребан во Пантеон.

Делата на Виктор Иго

 Нови оди (Nouvelles Odes, 1824),Биг Жаргал (Bug-Jargal, 1826),Хан од Исланд (Han d'Islande, 1823),Оди
и балади (Odes et ballades, 1826),Кромвел (Cromwell, 1827)
 Ориентални песни(Les Orientales, 1829)
 Последниот ден на еден осуденик (Le Dernier jour d'un condamné, 1829)
 Ернани (Hernani, 1830)
 Богородичната црква во Париз (Notre-Dame de Paris, 1831)
 Марион Делорм (Marion De Lorme, 1831)
 Есенски лисја (Les Feuilles d'automnes, 1831)
 Кралот се забавува (Le roi s'amuse, 1832)
 Лукреција Борџија (Lucrèce Borgia, 1833)
 Марија Тјудор (Marie Tudor, 1833)
 Мирабо (Mirabeau, 1834)
 Мешавина, литература и филозофија (Littérature et philosophie mêlées, 1834)
 Клод Ге (Claude Gueux, 1834)
 Анжело (Angelo, 1835)
 Песни од самракот (Les Chants du crépuscule, 1835)
 Внатрешни гласови (Les Voix intérieures, 1837)
 Руј Блаз (Ruy Blas, 1838)
 Зраци и сенки (Les Rayons et les ombres, 1840)
 Рајна (Le Rhin, 1842)
 Бирграви (Les Burgraves, 1843)
 Наполеон Малиот (Napoléon le Petit, 1852)
 Казни (Les Châtiments, 1853)
 Писма до Луј Бонапарта (Lettres à Louis Bonaparte, 1855)
 Контемплации(Les Contemplations, 1856)
 Легендата на вековите (La Légende des siècles, 1859)
 Клетници (Les Misérables, 1862)
 Вилијам Шекспир (William Shakespeare, 1864)
 Песни од улиците и од шумите (Les Chansons des rues et des bois, 1865)
 Морските работници(Les Travailleurs de la mer, 1866)
 Париз (Paris-Guide, 1867)
 Човекот кој се смее (L'Homme qui rit, 1869)
 Страшната година (L'Année terrible, 1872)
 Деведесет и третата (Quatre-vingt-treize, 1874)
 Моите синови (Mes Fils, 1874)
 Пред егзилот (Actes et paroles — Avant l'exil, 1875)
 Егзил (Actes et paroles - Pendant l'exil, 1875)
 После егзилот (Actes et paroles - Depuis l'exil, 1876)
 Легендата на вековите - втор дел (La Légende des siècles - nouvelle série, 1877)
 Уметноста да се биде дедо (L'Art d'être grand-père, 1877)
 Историја на едно злосторство - прв дел (Histoire d'un crime - 1re partie, 1877)
 Историја на едно злосторство - втор дел (Histoire d'un crime - 2e partie, 1878)
 Папа (Le Pape, 1878)
 Религии и религија (Religions et religion, 1880)
 Магаренце (L'Âne, 1880.)
 Четирите ветрови на духот (Les Quatres vents de l'esprit, 1881)
 Торквемада (Torquemada, 1882)
 Легендата на вековите - дополнителна серија(La Légende des siècles - série complémentaire, 1883)
 Архипелагот во Ламанш (L'Archipel de la Manche, 1883)
 Театар на слобода (Théâtre en liberté, 1886)
 Крајот на Сатаната (La fin de Satan, 1886)
 Видени нешта - прв дел (Choses vues - 1re série 1887)
 Сите струни на лирата (Toute la lyre, 1888)
 Алпи и Пиренеи (Alpes et Pyrénées (carnets de voyage), 1890)
 Бог (Dieu, 1891)
 Франција и Белгија (France et Belgique (carnets de voyage), 1892)
 Сите струни на лирата - нова серија (Toute la lyre - nouvelle série, 1893)
 Кореспонденција (Correspondances - Tome I, 1896)
 Кореспонденција (Correspondances - Tome II, 1898)
 Мрачни години (Les années funestes, 1898)
 Видени нешта (Choses vues - 2e série, 1900)
 Пост-скриптум на мојот живот (Post-scriptum de ma vie, 1901)
 Последна ракатка (Dernière gerbe, 1902)
 Илјада франка награда (Mille francs de récompense, 1934)
 Океан. Куп камења (Océan. Tas de pierres, 1942)
 Камења (Pierres, 1951)

You might also like