You are on page 1of 2

Реализам -1(515 збора)

Реализмот како книжевен правец се појавува во 19 век и претставува реакција на


романтизмот.Основни карактеристики на овој правец се одразувањето на животната стварност
сликањето на реалните човечки односи во опшествето,како и сликањето на типични карактери
во типични .Најзначајни книжевни споменици на епохата на реализмот претставуваат делата
на Балзак и Достоевски, „Чичко Горио“ и „Злосторство и казна“ кои, всушност претставуваат
слика на општеството во тој период.
Францускиот реалист Оноре де Балзак како брилијантен набљудувач на животот ги
вооочува, а потоа и ги анализира спротивностите што владелее во општеството во негово
време. Се одлучува за романот како форма бидејќи романот овозможува да се сликаат
настани и личности во детали.Одбирајќи типични ликови во типични средини создава потресна
слика на животот во француското општество.Тоа го прави во романот „Чичко Горио“, во кој
преку пансионот на г-ѓа Вокер го отсликува француското општество
Користејќи го методот на набљудување Балзак, создава повеќе типични ликови: тип на татко,
тип на неблагодарни ќерки, тип на злосторник, тип на млад и неискусен човек.
Во романот Балзак на еден специфичен начин ни го слика ликот на чичко Горио, користејќи се
со реалистичкиот метод со чија помош ни ја предава трагедијата на еден несреќен татко, чија
несреќа станува толку голема колку што расте и неговата љубов кон неговите ќерки за кои што
си го жртвувал животот. Понижувајќи се до најниски граници тој самиот ја зголемува својата
трагедија и својот живот го турка во една безизлезна ситуација.
Достоевски, слично на Балзак , во својот роман „Злосторство и казна“ дава слика на
руското општество.Реално го слика го големиот град, во кој бедотијата и мизеријата одат
паралелно со копнежот и мечтите за успех и слава.Тој социјален и психолошки амбиент
Дотоевски го претставува како типична средина во која се одвива драмата од личниот живот
на младиот Расколњиков.
Раскољников е претставник на цел еден слој во велеградот, претставник на младата
сиромашна интелегенција којашто во тоа време живеела во големите градови и сонувала за
својата иднина и понатамошна кариера. Опседнат од размислите дека светот е неправеден
тешкиот осаменик извршува убиство со што ги наруши моралните норми Дали тоа беше
неговата преголемата желба да им помогне на најблиските или само сакаше да ја провери
идејата дека и тој им припаѓа на семејството на необични луѓе на кои се им е дозволено. „Јас
не убив човек, туку принцип“. Раскољников крајно е измачуван од чувството на изделување и
изолирање од другите луѓе. Тој претставува бунт на индивидуалист, човек потиснат од
неволностите на животот.
Раскољникот покажува дека додека некој донесува решение, тој всушност се нурнува во еден
силен водовртеж кој го носи човекот и до места за кои и не сонувал во моментот кога го
донесувал решението. Така настанува и реализмот .. уметноста на стварноста
Значењето на делата од реализмот е големо. Тоа се потврдува и преку делата на
Оноре Де Балзак и Достоевски во кои е насликана јасната, морбидна и сурова слика на
општеството во тоа време. Делата ја отсликуваат трагичната безизлезност на еден човек во
еден неприфатлив и апсурден поредок на нештата. Реализмот останал како траен белег во
литературата не случајно: читателот сопствените впечатоци ги препознава во секоја слика од
делата на реалистите.

You might also like