You are on page 1of 1

4. Методолошки пристап во изучувањето на администрацијата и административното право.

Методи за проучување на предметот на административното право: Правно-аналитички ( се обезбедува


институционално и правно објаснување на предметот на проучување), Социолошки ( за да може успешно да
ја објасни положбата и улогата на администрацијата во политичкиот систем), Историски и Компаративен.

5. Извори на административното право

Во рамките на општите правни извори влегуваат општите правни акти-правните прописи, со кои се создаваат
општи правни правила во одредени општествено-економски подрачја и области. Основни извори на
административното право се: уставите, законите, подзаконските акти, обичајното право, судската практика,
управната практика и науката.

5.1. Уставот како извор на административното право- Со уставот се обезбедува највисока правна заштита.
Уставот се јавува како посреден извор на административното право, бидејќи уставните одреби во најголем
број случаи се изразени и разработени преку закони кои се општо задолжителни за администрацијата.

5.2. Законите како извор на административното право-Законите претставуваат најзначаен извор на


административното право особено тргнувајќи од општоприфатеното начело на законитост кое за
администрацијата означува должност, сите нејзини акти и мерки да се засноваат врз законот.
Карактеристики: За одредена материја доколку постојат и општ и посебен закон, важи правилото дека се
применува посебниот закон. Согласно принципот на забрана на ретроактивно дејство на законите, по
правило тие важат од моментот на донесување т.е. не можат да имаат повратно дејство. Само по исклучок
одредени законски одредби можат да имаат повратно дејство т.е. да важат наназад и за ситуации настанати
пред донесување на законот, доколку тоа е изрично предвидено со самиот закон или се врши во јавен
интерес. Во првата група закони кои наедно се сметаат и за најзначајни извори на административното право
се вбројуваат: Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за државни
службеници, Законот за општа управна постапка, Законот за управните спорови, Законот за локална
самоуправа, Законот за Владата на РМ и Законот за установи. За нивно донесување е потребно
квалификувано, односно двотретинско мнозинство во Собранитето на РМ.ќ

5.3. Подзаконските акти како извор на административното право - Како општи акти на Владата се сметаат
уредбите, одлуките, општите насоки, упатствата и заклучоците додека подзаконски општи акти на органите на
републичката управа се правилници, наредби и упатства. Подзаконските акти секогаш се донесуваат врз
основа и во согласност со закон. Тоа значи дека постоењето на подзаконски правен акт подразбира постоење
на закон. Со подзаконски акт не може да се доуредува материја која претходно не е уредена со закон. Покрај
тоа, со подзаконските општи акти не може да се засноваат нови овластувања и обврски за субјектите освен
оние кои веќе се уредени со закон.

You might also like