You are on page 1of 3

1

Сектор -Здравствено Осигурување

+389 2 3288 845/9

Предмет: Понуда за приватно здравствено колективно осигурување


број 20 –07-06-2022

Почитувани,

Грижата за здравјето треба да биде еден од главните приоритети во животот на еден


човек. Вложувањето во здравствено осигурување е вложување во поздрав и посреќен
живот. Единствено здрави можеме да го постигнеме она што го сакаме и да уживаме
во животот. Затоа е важно, во случај на болест, да си обезбедиме себеси и на нашите
најблиски најдобра можна лекарска помош и нега.

Нашето мото е подобро да се делува превентивно отколку да се лекува.


Што е MеdUNIQA?

MеdUNIQA приватно здравствено осигурување е осигурување кое овозможува лекување


во најдобрите приватни и државни здравствени установи по избор на осигуреникот.

Кој може да биде осигуреник?

• секој кој има статус на осигуреник во системот на задолжително


здравствено осигурување (ФЗОМ).
• Семејства и фирми со 10 и повеќе вработени
• лица од 1 година до 60 *максимум 65 години старост

Што покрива ова осигурување и кои се придобивките со MedUNIQA?

• Амбулантно-специјалистичко и болничко лекување


• Преглед, дијагностика и лекување во здравствени установи во рамки на
избраниот пакет без франшиза
• Без броење на прегледи
• Без подлимити за одредени ризици
• Без агрегат за новонастанати хронични болести, по приемот во осигурување
• Пакет превентивна нега, еднаш годишно, согласно избраниот пакет
• Заштеда на време - без одложување на преглед
• Здравствените услуги се користат без плаќање преку идентификација со
MedUNIQA здравствената картичка во рамки на мрежата на MedUNIQA при
што се обезбедува привилегиран третман

UNIQA АД. Скопје, Друштво за осигурување Седиште: Скопје


Бул. Илинден бр.1 1000 Скопје Македонија ГПШ 65,12
Телефон: ++389 2 3288 800 ЕДБ: 4030004518463
Интернет: www.uniqa.mk e.mail: info@uniqa.mk ЕМБС: 5896100
2

Кај болничкото лекување се покриваат 100% од трошоците до годишниот лимит

во зависност од избраниот пакет.

*Бременост и породување ,покривање на трошоци поврзани со бременост и породување


во рамки на договорениот лимит.

*Трошоци поврзани со бременост т.е трошоци за хормонално лекување поврзано со


бременост и трошоци за лекување на стерилитет не се предмет
на обештетување.(покривање на трошоци)

*Покривање на трошоци за препорачани контролни прегледи ,поврзани со ново


констатирани болести и нивно следење.
Каренца

Каренцата се јавува само при првото осигурување и не важи кај


последователните осигурувања

Во првите 2 месеци исклучиво се покриваат трошоците направени како резултат на несреќен


случај-незгода

Обврската на Осигурувачот во врска со здравствена заштита на трудница, започнува по истек на


периодот на чекање од 10 (десет) месеци.

Индикативна пресметка на годишна премија, пријавена просечна пристапна


возраст,различни пакети на покритие,различна динамика на плаќање.

KOMFORT - 30 000€
average age annual payment semi-annual payment quarterly payment monthly payment
31 291,87 314,57 317,81 324,30
Per employeeTotal-€ 291,87 314,57 317,81 324,30

Дефинитивна годишна премија по вработен се пресметува по евалуација на здраствениот


прашалник,за секое лице,вработен ,член на семејство согласно процедурата за проценка
на ризик.(за ново вработени)
За новонастанати болести по датумот на склучувањето на договорот и во време на траење на
осигурувањето ограничувањето е до максималната годишна осигурана сума на одбраниот пакет
на осигурување.
3

Напомена: Осигурителното покритие не опфака трошоци во врска со естетско или


корективно лекување,без разлика дали истото е вонболничко и болничко лекување.

Секој вработен има право еднаш годишно на превентивен преглед(преглед без


медицинска индикација) до максимум 1600 денари.

Исклучена е обврската на осигурувачот за надомест на настанати трошоци за лекување на осигуреното лице кое
боледува и се лекува од следните претходни здравствени состојби:

• хронична шеќерна болест со компликации • заболување на моторни неурони


• алцхајмерова болест • парализа/параплегија
• аневризма на церебрални артерии и големи артерии • Паркинсова болест
од системската циркулација • хронични белодробни заболување
• ангина пекторис • мускулна дистрофија
• состојба по кардио – васкуларна инсулта (срцев удар) • пресенилна деменција
со функционални пореметувања • ревматоиден артритис
• цироза на јетра • душевни нарушувања
• тумор на мозок со неурални испади • епилепсија
• хронични бубрежни заболувања од умерен и тежок • СИДА, комплексен синдром поврзан со СИДА (АРЦС)
степен и сите болести поврзани со вирусот ХИВ
• малигни болести на сите органи и/или во врска со него.
• мултипла склероза

Осигурувањето може да се договори за период од една година.


Постапка за обезбедување осигурително покритие (конфирмација)

• Најмалку 2 дена пред планираната посета на лекар,треба да испратите


барање - писмено известување за закажување на термин во здравствена
установа по Ваш избор во рамки на мрежата на MedUNIQA.
- Директна конфирмација на трошоците кај амбуланто и болничко лекување во
рамки на мрежата партнери на МедУНИКА.
- Во случај на итен неопходен медицински третман, директно се
упатувате во здравствената установа, без поднесување на
барање - писмено известување

• Во случај на користење здравствени услуги, надвор од мрежата на здравствени


установи MedUNIQA, плаќањето го прави осигуреникот, а направените трошоци се
рефундираат со приложување на фактури, фискални сметки, медицинска
документација и сл.

Осигурувачот го задржува правото на измена на оваа понуда во случај на


пресметковни и други грешки.

Со почит,

Уника АД Скопје
Датум:
Љубен Русомароски
Генерална дирекција 07.06.2022
Раководител

UNIQA АД. Скопје, Друштво за осигурување Седиште: Скопје


Бул. Илинден бр.1 1000 Скопје Македонија ГПШ 65,12
Телефон: ++389 2 3288 800 ЕДБ: 4030004518463
Интернет: www.uniqa.mk e.mail: info@uniqa.mk ЕМБС: 5896100

You might also like