You are on page 1of 29

Е-ОБУКА

РАБОТА ВО НЕДЕЛА И НА ПРАЗНИЦИ

ЗРО И ЗАКОН ЗА ТРГОВИЈА

Јануари / Февруари 2022 Данијела Јаќимовиќ


Правна Рамка
1. Закон за изменување и дополнување на ЗРО
(„С. Весник на РСМ” бр. 288/21), во примена од 1 јануари 2022
2. Правилник за определување на помошни или придружни дејности на основната
дејност на работодавачот и определување на работни места во дејности кои имаат
карактер на помошни и придружни работи на основната дејност на работодавачот
3. Правилник за Известување за работа во недела (299/21)
4. Закон за изменување и дополнување на Законот за трговија
(„С. Весник на РСМ” бр. 295/21), во примена од 1 јануари 2022
Од 1 јануари 2022

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН ВО СИТЕ ДЕЈНОСТИ

Измените на Законот за работните односи


објавени во Сл. В. бр. 288/2021
НЕДЕЛА - ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР
 Неделен одмор (134)
 Ден на неделен одмор е недела. или друг ден во неделата.
 По исклучок, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата
во дејностите кај кои техничко - технолошкиот процес не може да се
прекине и постои потребата од континуитет во работата, а кои се
таксативно наброени:
 - 43 дејности, од кои
 - 2 групи: Дејности кои имаат карактер на помошни или придружни
дејности во функција на извршување на наброените и работни
места во овие дејности.
1. одгледување на животни, 01.4 22. информативни услужни дејности (хостирање, обработка на податоци, интернет портали) 63
23. прикажување на филмови, 59.14
2. мешовито фармерство, 01.5 24. фотографски дејности 74.2
3. вадење на јаглен и лигнит, 05 25. ветеринарни дејности, 75
26. изнајмување и давање под закуп (лизинг) на моторни возила, 77.1
4. вадење на руди на метал, 07
27. дејности на приватна заштита (80.1) и услуги на заштита со помош на сигурносни системи,
5. печатење и издавање на весници, 18.1 (80.2)
6. производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити, 10.71 28. дејности на повикувачки центри, 82.2

7.производство на пиво, само во процесите поврзани со варење, квасна припрема и 29. општи дејности на јавната управа, само за итни и неодложни работи поврзани со одржување
следење, ферментација, филтрација и енергетска поддршка на овие процеси, 11.5 на седници, инспекциски надзори, чување на шуми, а кои работи се од витално значење за
државниот и јавниот интерес, 84.11
8. производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, 21
30. работи на одбраната, 84.22
9. производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси, 22.21 31. судски и правосудни дејности, 84.23
10. производство на индустриски гас, 20.11 32. работи на јавниот ред и безбедноста, 84.24
11. производство на метали, 24 33. дејности на пожарникарската служба, 84.25
34. дејности за здравствена заштита, 86
12.аптеки, 47.73
35. дејности на социјалната заштита сосместување, 87
13. снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, 35
36. креативни, уметнички и забавни дејности, 90
14. снабдување со вода, (36) отстранување на отпадни води (37), управување со отпад (38) и 37. дејности на музеите, 91.02
дејности на санација на околината (39),
38. дејности на зоолошки градини и природни резервати, 91.04
15. копнен, цевоводен (49), воден (50) и воздухопловен транспорт (51), 39. спортски, забавни и рекреативни дејности, 93
16. складирање и помошни дејности во превозот, 52 40. погребни и слични дејности, 96.03

17. објекти за сместување, 55 41. царинска служба на гранични премини, 84.11


18. дејности за подготовка на оброци и служење на храна, 56 42. дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности, врз основа на склучен
договор со работодавачот од дејностите од овој став и (Правилник 299/21)
19. филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма 59.1
20. емитување на програма, 60 43. работни места од други дејности кои имаат карактер на помошни и придружни работи за
непречено извршување на основната дејност на работодавачот (Правилник 299/21).
21. телекомуникации, 61
ПОМОШНИ И ПРИДРУЖНИ ДЕЈНОСТИ
СПОРЕД ПРАВИЛНИКОТ
 Помошни и придружни дејности, се дејности кои кумулативно
исполнуваат два услови:
а) се извршуваат согласно однапред склучен ДОГОВОР ЗА ДЕЛОВНО-
ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА помеѓу работодавачите, и
б) го опслужуваат работењето на работодавачот, кај кој работниот
процес не може да се прекине и има потреба од КОНТИНУИТЕТ ВО
РАБОТАТА (таксативно наброени дејности).
РАБОТНИТЕ МЕСТА КОИ ИМААТ КАРАКТЕР НА
ПОМОШНИ И ПРИДРУЖНИ РАБОТИ
 работните места да не се составен дел од главниот работен процес преку кој се остварува основната
дејност на работодавачот и да се неопходни за непречено одвивање на главниот работен процес во
останатите денови од неделата и со кои би се избегнале значителни штети врз безбедноста и здравјето на
луѓето или животната средина (обезбедување на имотот и средствата за работа, одржување и следење на
состојбата на средствата за работа и сл.).

 работните места да се засебни во рамките на главниот работен процес, а без чие непречено
функционирање не би можел да се одвива главниот работен процес во останатите денови од неделата,
доколку со прекин на работите на тие работни места значително би се влијаело врз квалитетот на крајниот
производ, односно во остварувањето на главниот работен процес (термичка обработка и складирање на
репроматеријали и суровини, континуитет во дел од производствен процес за делумна обработка и
припрема на процесот за останатите денови од неделата и сл.) и

 работните места да се придружни работи во работниот процес, да се дел од главниот работен процес
и/или да се реализираат со користење на информациско-комуникациски технологии, од чие непречено
одвивање зависи непрекинатото обезбедување на услуги од страна на работодавачот, во рамки на неговата
основна дејност (надзор и одржување на ИТ системи преку кои се реализираат финансиски трансакции,
обезбедување на грижа за корисници и сл.).
РАБОТНИТЕ МЕСТА КОИ ИМААТ КАРАКТЕР НА
ПОМОШНИ И ПРИДРУЖНИ РАБОТИ
 Овие работните места од трите точки мора да се утврдени
во:
 АКТОТ ЗА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА на работните места и
 ИЗЈАВАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА со
проценката на ризик за секое работно место кај
работодавачот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА
ДО ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД
 СЕ ВРШИ ЕДНАШ ГОДИШНО (Известување од ДИТ од 15 јануари 2022
година (линк: https://dit.gov.mk/?p=10349)
 Образецот - Известување за работа во недела се доставувува до
ДИТ на електронска адреса: rabotavonedela@dit.gov.mk или во
хартиена форма до подрачните одделенија на ДИТ или седиштето на
ДИТ во Скопје.
 Образецот на Известувањето може да се преземе од следниот линк:
http://dit.gov.mk/
РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИДРУЖНИ
И ПОМОШНИ ДЕЈНОСТИ
 Работодавачите од придружни и помошни дејности го доставуваат до ДИТ
Известувањето за вршење на работа во недела најдоцна пет дена од
денот на склучувањето на договорот за деловно-техничка соработка
(Правилник)

 Во Известувањето, покрај број и датум на склучување на договорот,


определуваат и:
 работни места (назив),
 нужен број на работници (извршители) на тие работни места со образложение
на причината за нивното ангажирање и
 работното време во кое ќе се извршуваат.
ПРАВА НА РАБОТНИЦИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА
 Во сите таксативно наброени дејности, како и во помошни и придружни
дејности, работникот има право на:
 ДОДАТОКОТ НА ОСНОВНА ПЛАТА за работа во недела од најмалку 50% за
секој час поминат на работа доколку со закон и колективен договор не е
утврден повисок износ на додатокот и
 КОРИСТЕЊЕ НА НЕДЕЛЕН ОДМОР во наредните седум дена.
 Напомена: Истите права ги има и работникот кој, на барање на
работодавачот, е должен да работи во недела во случај на природна и друга
несреќа или хаварија заради заштита на животот и здравјето на луѓето и
спречување на материјална штета.
ДОДАТОК НА ОСНОВНА ПЛАТА ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА

 Додатокот на плата за работа во недела, се вклучува во


групата на додатоци на основна плата од чл. 106, став 3 од ЗРО
кои произлегуваат од распоредот на работното време, покрај
додатокот за работа:

 во смени, ноќна работа, работа на дежурство, продолжена


работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници
определени со закон, работа во недела и додаток за работен
стаж.
ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И МЕРКИ
 Ако инспекторот на трудот при инспекцискиот надзор констатира дека кај
работодавачот работи работник во недела, спротивно на член 134 од ЗРО, со
решение ќе му забрани на работодавачот вршење на работа во работната
просторија или работниот простор каде е утврдена неправилноста, во
траење од 15 дена, ќе му издаде прекршочен платен налог.
 Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог или не го
плати, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување на
прекршочна постапка, согласно Законот за прекршоците.
 Ако работодавачот го повтори прекршокот, забрана за работа во траење од
30 дена и поведување прекршочна постапка.
НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ЗА ВРЕМЕ НА ЗАБРАНА
 За време на забраната за работа, работодавачот:
 е должен на работниците да им исплатува НАДОМЕСТ НА
ПЛАТА во висина од исплатената плата на работникот во
претходниот месец и ПРИДОНЕСИ од плата и
 НЕ СМЕЕ да го намали бројот на вработените.
Од 1 јануари 2022

НЕДЕЛА И ПРАЗНИЦИ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ


ВО ТРГОВИЈА

ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА
Измените на објавени во Сл. В. бр. 295/2021
Tрговија на големо и Трговија на мало
 ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ТРГОВИЈА НА ГОЛЕМО во недела и на државни
празници и други празници БЕЗ ИСКЛУЧОЦИ.

 ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ТРГОВИЈА НА МАЛО во недела и на државни


празници и други празници СО ИСКЛУЧОЦИ.

 СИТЕ РАБОТОДВАЧИ кои вршат трговија на ГОЛЕМО и трговија на


МАЛО МОЖАТ ДА РАБОТАТ на верски и национални празници.

 РАБОТОДАВАЧИТЕ НАДВОР ОД ТРГОВИЈА, МАЖАТ ДА РАБОТАТ НА


СИТЕ ПРАЗНИЦИ.
По исклучок (член 25 став 5), ТРГОВИЈАТА НА МАЛО може да се врши во НЕДЕЛА И НА
ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ, во следните продавници:
1. специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани,
цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со
Законот за туристичка дејност (во период од осум часа што самите ќе го утврдат);
2. продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со
храна, пијалоци и тутун (од 00:00 до 24:00 часот);
3. продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална
ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2 (од 10:00 до 20:00 часот);
4. на штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали
и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела;
5. продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои
трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и
6. на зелени пазари (од 08:00 до 14:00 часот).
ПРОДАВНИЦИ ВО КОЛЕКТИВНИ СТАНБЕНИ /ДЕЛОВНИ ЗГРАДИ

Продавниците што се наоѓаат во колективни


станбени згради и деловно станбени згради работат
од 6 часот до 23 часот (претходно: до 24 часот)

ОПФАТ НА ТУРИСТИЧКИ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ НА
ТРГОВИЈА НА МАЛО - Министерсто за економија

 Езерски туристички места: Охрид, Струга, Дојран и Преспа

 Планински туристички места: Попова Шапка на Шар Планина, Маврово


на Бистра, Нижеполе и Копанки на Пелистер, Крушево на Бушева Планина и Пониква
на Осоговските Планини
 Рурален и алтернативен туризам: Берово, Брајчино и Вевчани

 Скопје како туристичка дестинација: Старата Скопска Чаршија, Скопскиот


плоштад, Кањонот Матка и Скопското Кале

 Стари чаршии како туристичка атракција: Старата Скопска


Чаршија, Охридската, Струшката, Битолската и Прилепската Чаршија.
ОБВРСКА ЗА ЗА ПЛАЌАЊЕ НАДОМЕСТОК ОД 2%
ОД ВКУПНИОТ ПРИХОД
 Се утврдува надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во
претходната година во недела и на празници, за трговците на мало кои вршат
дејност во:
 ПРОДАВНИЦИТЕ НА БЕНЗИНСКИ СТАНИЦИ во чии рамки се врши трговија на
мало претежно со храна, пијалоци и тутун и
 ПРОДАВНИЦИ, КИОСЦИ И ШТАНДОВИ ВО ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ (МОЛОВИ)
кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2

 За продавниците на бензиските станици за остварен приход ќе се смета само


приходот остварен од продажба на храна, пијалоци и тутун, без прометот од
продажбата на нафтени деривати.
15 ЈАНУАРИ - РОК ЗА УПЛАТА НА НАДОМЕСТОКОТ
 Надоместокот од 2% се уплаќа секоја година до 15 јануари во
тековната година на сметка на Буџетот на РС Македонија.
 10 дена пред уплатата на надоместот (до 5 јануари) до: Управата за
јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот
инспекторат за труд се доставува ПОТВРДА за евидентирање на
работното време од Централниот регистар.
 Уплатата за прв пат ќе се врши до 15 јануари во 2023 од приходот
остварен во недела и на пазници во 2022 година на образец (ПП-50)
– Известување на Министерството за економија.
ПРИЈАВУВАЊЕ РАБОТА ВО НЕДЕЛА И ЗА ДРЖАВЕН ПРАЗНИК
ДО ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД
 Известување за работа во недела – се доставува ЕДНАШ ГОДИШНО на електронска адреса:
rabotavonedela@dit.gov.mk или во подрачни одделенија.
 Известување за работа на празник - Се однесува на државни празници и други празници
• За Државни празници на РМ се сметаат:
• 24 Мај, Св. Кирил и Методиј - Ден на сесловенските просветители;
• 2 Август, Ден на Републиката;
• 8 Септември, Ден на независноста;
• 11 Октомври, Ден на народното востание;
• 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и
• 8 Декември, Св. Климент Охридски
• За Празници на РМ се сметаат:
• 1 Јануари, Нова година
• Божиќ, првиот ден на Божиќ, 7 јануари според православниот календар;
• Велигден, вториот ден на Велигден, според православниот календар;
• 1 Мај, Ден на трудот и
• Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам. (Електронска адреса за достава: prijava@mtsp.gov.mk )
ПРАВА НА РАБОТНИКОТ ВО ТРГОВИЈА НА МАЛО
 Работниците кои ќе работат во недела и на државен празник во трговија на
мало во продавниците изземени од забраната за работа, имаат право на:

 ДОДАТОКОТ НА ОСНОВНАТА ПЛАТА за работа во недела и на државен


празник во износ од најмалку 100%, за секој час поминат на работа и

 ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР да им биде друг ден во неделата.

 Напомена: За работа на ВЕРСКИ И НАЦИОНАЛНИ ПРАЗНИЦИ, кога не


постои забрана за работа во ТРГОВИЈА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈА НА МАЛО
додаток на работа за празник е 50%, по час т.е. празничната дневница
изнесува 150% согласно ОКДПС / 142% согласно ОКДЈС.
Табеларен приказ на надоместоците за работа во НЕДЕЛА и за ДРЖАВЕН ПРАЗНИК
Споредбен преглед ЗАКОН ЗА ТРГОВИЈА З РО
Трговија на мало и на големо, во Сите дејности (освен трговија), во
ЗАБРАНА ЗА РАБОТА
недела и на државен празник недела
Трговија на мало: Таксативно наброени - 41 и Придружни
ИСКЛУЧОК
Продавници од член 25 став 5 и помошни -2

100% по час 50% по час


РАБОТА ВО НЕДЕЛА
(дневница зголемена за 100% = 2 дне.) (дневница зголемена за 50% = 1,5 дне.)

РАБОТА НА ПРАЗНИК
100% (недела) +100 (празник) 50% (недела) + 50% (празник)
ВО НЕДЕЛА
(дневница зголемена за 200% = 3 дне.) (дневница зголемена за 100% = 2 дне.)

Додатоци
РАБОТА НА ПРАЗНИК 100% по час 50% по час според ЗП и ОКДПС
ВО РАБОТЕН ДЕН (дневница зголемена за 100%, плус: (дневница зголемен за 50%, плус:
надомест на плата 100% = 3 дневници) надомест на плата 100% = 2,5 дне.)
РАБОТА НА ПРАЗНИК 100% по час 50% по час според ЗП и ОКД
ВО НЕРАБОТЕН ДЕН НА
(дневница зголемена за 100% = 2 дне.) (дневница зголемен за 50% = 1,5 дне.)
РАБОТНИКОТ

Ден на неделен одмор Друг ден во неделата Друг ден во неделата


ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И МЕРКИ
 Ако инспекторот на трудот при инспекцискиот надзор констатира дека кај
работодавачот во трговија работи работник во недела и празник, спротивно на
ЗТ со решение ќе му забрани на работодавачот вршење на работа во
работната просторија или работниот простор каде е утврдена неправилноста,
во траење од 15 дена и ќе му издаде прекршочен платен налог.
 Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог или не го плати,
надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување на прекршочна
постапка, согласно Законот за прекршоците.
 Ако работодавачот го повтори прекршокот, забрана за работа во траење од 30
дена и поведување прекршочна постапка.
НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ЗА ВРЕМЕ НА ЗАБРАНА

 За време на забраната за работа:

 работодавачот е должен на работниците да им исплатува


НАДОМЕСТ НА ПЛАТА во висина од исплатената плата на
работникот во претходниот месец и ПРИДОНЕСИ од плата и
 НЕ СМЕЕ да го намали бројот на вработените.
ГЛОБА И ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ ЗА ПРАВНО ЛИЦЕ
 Глоба за прекршокот на ПРАВНОТО ЛИЦЕ, во зависност од тоа дали е микро,
мал, среден или голем трговец ќе му се изрече во износ од:
 800 до 1.000 евра за микро трговец,
 1.600 до 2.000 евра за мал трговец,
 3.000 до 6000 евра за среден трговец,
 7.000 до 10.000 евра за голем трговец.

 На правното лице може да му се изрече прекршочна санкција забрана за


вршење одделна дејност поврзана со сторениот прекршок во траење од три
месеци до шест месеци.
 Задолжителна понуда на Прекршочен платен налог.
ГЛОБА ЗА ОДГОВОРНО ЛИЦЕ и ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ
 Глоба зa ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ во правното лице за истиот прекршок
изнесува од:
 50 до 100 евра за микро трговец,
 100 до 200 евра за мал трговец,
 200 до 350 евра за среден трговец,
 350 до 500 евра за голем трговец.

 Глоба зa ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ за истиот прекршок изнесува од 150


до 250 евра во денарска противвредност.
Благодарам за вниманието

You might also like