You are on page 1of 43

ЕБОЛА – факти.

Актуелна епидемиолошка
состојба во светот

Прим. Д-р Гордана Кузмановска


Институт за јавно здравје - Скопје
КЛУЧНИ ФАКТИ
 Ебола вирусната болест (ЕВБ), Ебола хеморагична треска
 Сериозна, многу често фатална болест
 За време на епидемии - висока стапка на смртност, дури до 90%.
 Епидемии - во оддалечени села на Централна и Западна Африка, во
близина на тропските дождовни шуми
 Лилјаците од фамилијата Pteropodidae (лилјаци кои се хранат со
овошје и овошен нектар) - природен домаќин на Ебола вирусот
 Вирусот се пренесува на луѓето од дивите животни -
пренесување од човек на човек
 Тешките, сериозни форми на заболување - интензивна нега и
лекување
 Нема лиценцирано специфичен третман за лекување
 Не е достапна вакцина за употреба кај луѓе ниту животни.
ИСТОРИЈАТ

 Еболата за прв пат се појавува во 1976 година во Заир


(денешна ДР Конго)
 Географска распространетост - во близина на реката Ебола во
Заир, по што заболувањето го добива своето име (Ebola), типот на
ебола-вирусот подоцна е именуван како Zaire ebolavirus (EBOV)
 2 истовремени епидемии - во Nzara, Судан и во Yambuku,
Демократска Република Конго (Заир)
 Од 1976 – еболата се востановува како ендемска болест долж
базенот на реката Конго – екваторијална Африка
(истражувања во Конго, Заир, Судан, Камерун и ЦАР)
 Брегот на слоновата коска - 1994 година, случај на Ебола
(Taï Forest) кај лабораториски техничар, заразен при извршување
на обдукција на заразено шимпанзо.
Без секундарна трансмисија - пациентот преживеал.
Табела: Хронологија на претходни ЕВБ епидемии
Година Земја Вид Заболени Умрени Смртност
2012 ДР Конго Bundibugyo 57 29 51%
2012 Уганда Sudan 7 4 57%
2012 Уганда Sudan 24 17 71%
2011 Уганда Sudan 1 1 100%
2008 ДР Конго Zaire 32 14 44%
2007 Уганда Bundibugyo 149 37 25%
2007 ДР Конго Zaire 264 187 71%
2005 Конго Zaire 12 10 83%
2004 Судан Sudan 17 7 41%
2003 (Nov-Dec) Конго Zaire 35 29 83%

2003 (Jan-Apr) Конго Zaire 143 128 90%

2001-2002 Конго Zaire 59 44 75%


2001-2002 Габон Zaire 65 53 82%
20000 Уганда Sudan 425 224 53%
1996 Јужна Африка Zaire 1 1 100%
1996 (Jul-Dec) Габон Zaire 60 45 75%
1996 (Jan-Apr) Габон Zaire 31 21 68%

1995 ДР Конго Zaire 315 254 81%


Брег на
1994 Taï Forest 1 0 0%
слонова коска
1994 Габон Zaire 52 31 60%
1979 Судан Sudan 34 22 65%
1977 ДР Конго Zaire 1 1 100%
1976 Судан Sudan 284 151 53%
1976 ДР Конго 318 (473) 280 88%
Извор: Ebola virus disease, Fact sheet N°103. Updated April 2014
http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs103/en/
ЕВБ - епидемиологија
• Етиологија - Ебола вирус
Семејството Filoviridae
Род – filovirus
Ебола видови - Bundibugyo, Taï Forest (Ivory Coast), Reston, Sudan и Zaïre!

• Осетливост на вирусот - лесно се уништува со дезинфекциони средства –


сапун, хлорни препарати, варикина. Многу е осетлив на повисоки
температури, сончева светлина и сушење (само кратко време преживува
на површини изложени на сонце).

• Резервоар - Во Африка, лилјаците (fruit bats) - Hypsignathus monstrosus,


Epomops franqueti и Myonycteris torquata - можен природен домаќин на
овој вирус. Сезонски миграции на лилјаците – зголемен контакт со луѓе!
Географската дистрибуција на вирусот може да се преклопува со
спектарот на движење на овие лилјаци!
Природен резервоар на ЕВ
ЕВБ - епидемиологија

• Ебола вирус кај животни - Иако не-хумани примати биле извор на


инфекција кај луѓето, тие не се сметаат за резервоар туку како случаен
домаќин како што се и луѓето.
Од 1994 година, епидемии на Ебола се забележани и кај хумани примати
- кај шимпанзата и горилата.
Врвот во морталитетот од ЕВБ кај шимпанзата, горилата и одреден вид
на антилопи се совпаѓа со некои од претходните хумани ЕВБ епидемии.
ЕВБ епидемии кај примати се случуваат главно на крајот на дождовната
сезона, во дождовните шуми

• Ебола вирус кај луѓе - За време на епидемија, лица изложени на поголем


ризик се здравствените работници, членовите на семејството и други во
близок контакт со заболени и починати од Ебола.
ЕВБ – епидемиологија: Начин на пренос

• Директен контакт со крв или други телесни течности


(семена течност, мајчино млеко, плунка, урина, фецес, повратени маси),
ткива или органи од инфицирани луѓе - живи или мртви.
• Незаштитен сексуален контакт со заболен, до седум недели по
оздравување; ракување со телото на починатиот (погребални
процедури)
• Директен контакт со крв и други телесни течности или органи од
диви животни, живи или мртви - мајмуни, шумски антилопи и лилјаци.
• Индиректен контакт - преку медиуми (предмети, околина)
контаминирани со телесни течности (крв, секрети, екскрети).
ЕВБ - епидемиологија
• Луѓето се заразни додека нивната крв и секрети го
содржат вирусот!
• Ризик од инфекција - исклучително низок, освен ако не се
работи за директно изложување (здравствени и
хуманитарни работници, членови на семејството и други
блиски контакти).
• Начин на јавување
• епидемиска форма во земјите на екваторијална Африка
• спорадична појава импортирани случаи било каде во светот,
со можност за епидемиско ширење.
ЕВБ - епидемиологија

• Нема типична полова и возрасна дистрибуција

• Географска распространетост врзана за климатските


фактори кои фаворизираат појава и пренос на ЕВ (студии)
• Висока висока апсолутна влажност и пониска температура - во
области на влажни дождовни шуми, каде што
температурата е умерена (тропски региони).

• Имунитет – после прележана болест се смета дека останува


долготраен имунитет против соодветниот сој на Ебола вирус
– во траење од најмалку 10 години

• Период на инкубација - од 2 до 21 ден (во просек 8-10 дена)


Симптоми и знаци

 Болеста започнува ненадејно со појава на треска, болки во


мускулите, слабост, главоболка и болки во грлото.

 Во следната фаза –
 повраќање, дијареа,

исип,
нарушена функција
на црн дроб и бубрези,
проследено со внатрешно
и надворешно крварење
и мулти-органска инсуфициенција.
Лаб наоди, ДДг

 Лабораториски наоди –
 ниски бели крвни клетки и тромбоцити,
покачени црнодробни ензими.

 Микробиолошка потврда –
 3 дена по почетокот на треската (RT-PCR)

 Диференцијална дијагноза:
 маларија, тифус, шигелоза,
колера, лептоспироза, чума,
рикециози, рекурентна треска,
менингитис, заразна жолтица
и други вирусни хеморагични
трески.
Дијагностика

Дефинитивна дијагностика (конфирмативна) на цела крв


- примена неколку видови на тестови:
 ЕЛИСА
 тестови за детекција на антиген
 тестови за неутрализација на серум
 RT-PCR
 електронска микроскопија
 вирусна изолација на клеточна култура.

Примероците хуман материјал се со екстремен биохазард!


Тестирањето треба да се спроведе под максимални услови
за спречување биолошка контаминација (biosafety level 4)
Слика 1. Систем на тројно пакување
Дијагностика

Период од инфекцијата Достапни дијагностички тестови

• ELISA
• IgM ELISA
По неколку дена од почетокот на симптомите
• PCR
• Вирусна изолација

Подоцна - во текот или по оздравување • IgM и IgG антитела

• Имунохистохемиско тестирање
Ретроспективно кај починати лица • PCR
• Вирусна изолација

Извор: http://www.cdc.gov/vhf/ebola/diagnosis
Третман

 Не постои каузална терапија, нема вакцина!


Третман

 Третманот е симптоматски,
не постои каузална терапија!
 Интензивна нега, оксигенација
 Крвен притисок, рехидратација
(раствори кои содржат електролити
или интравенски течности).
 Потенцијален специфичен третман
 Цела крв, серум од опоравени лица
 Моноклонални антитела, РНК-лекови
 Други лекови - во ранa фазa на
тестирање
Иако третманот е симптоматски,
ефикасен е за намалување на смртноста кај заболените!!!
 Нови терапии со нови лекови се евалуираат.
Вакцина

 Две напредни вакцини:


од вирусот (VSV-EBO) и
аденовирус (ChAd-EBO) во процес на испитување на
безбедноста!
 Неколку вакцини се тестираат, но сéуште не се достапни за
клиничка употреба.
 Не постои достапна вакцина против Ебола вирусот!
 Во отсуство на ефективен третман и вакцина, подигање на
свеста за факторите на ризик за Ебола инфекцијата и
заштитните мерки за поединци може да се единствен начин
да се намали заразувањето и смртта кај луѓето.
Вакцина
Превентивни мерки

Во Африка, за време на ЕВБ епидемии – информација


и едукација за намалување на ризикот фокусирана
на неколку фактори:
 Намалување на ризикот од пренос од диви животни
на луѓе преку контакт со инфицирани лилјаци или
мајмуни/сирово месо од диви животни
 Користење на заштитна
облека при ракување
со животни
 Темелно термичка
обработка на продуктите
од животинско потекло
Превентивни мерки

 Намалување на ризикот за пренос од човек на човек, при близок


контакт со заразени/умрени лица, нивни телесни течности
(директен, индиректен)
 Користење на лична заштитна облека при грижа за болните дома
 Одржување на лична хигиена - редовно миење на раце - во болница
и дома
 Информација и едукација на
населението за природата на
болеста и мерките за контрола
на епидемијата, вклучувајќи
го и погребот на умрените –
безбедно и навремено
погребување,
во погодени те заедници
Превентивни мерки

 Рана изолација на заболените


за спречување на трансмисија
- дома и во заедницата.
 Карантинска болест –
изолација на контактите и рана детекција на нови
случаи преку внимателно следење на појава
на симптоми кај изолираните контакти.
 Превенција и контрола на инфекција во здравствени
установи - пренос на здравствените работници - ако нема
соодветни услови или не се спроведуваат строги мерки
за контрола на инфекцијата.
Превентивни мерки
 Да се има во предвид:
Не секогаш е можно идентификување на лица со ЕВБ на почетокот,
првичните симптоми може да биде неспецифични!
 Примена на стандардни мерки на претпазливост постојано и со сите пациенти
(хигиена на рацете, респираторна хигиена, употреба на лична заштитна опрема,
практики за безбедно инјектирање и употреба на др.инвазивни методи)
Превентивни мерки

 Рана лабораториска
дијагностика – ран третман и стоп на пренос
 Лабораториските работниците се изложени на ризик –
примероците инфективен материјал да бидат ракувани од строго
обучен персонал во соодветно опремени лаборатории, по
стандардни протоколи за работа!

 Општествена мобилизација за побрзо


справување со епидемија на ЕВБ
Состојба во свет – Главни факти

 Во март 2014 година, МЗ на Гвинеја ја извести СЗО за


епидемија на ЕБВ која се развива многу брзо во шумските
области на југо-источна Гвинеја и главниот град Конакри.
 До мај, пријавени првите случаи од Сиера Леоне и Либерија -
болеста се пренела со движењето на заразени луѓе меѓу овие
земји.
 На 20 јули 2014 година, лице со симптоми на Ебола патува со
авион од Либерија до Лагос, Нигерија. Заразува голем број на
контакти од аеродромот и здравствени работници во
болницата каде бил хоспитализиран. Кластерот во Нигерија,
резултира со терциерни случаи и нов кластер, со три
потврдени случаи.
Состојба во свет – Главни факти

 На 26.08.2014, МЗ на ДР Конго ја извести СЗО за епидемија на


ЕВБ во провинцијата Equateur.
 Примарниот случај - бремена жена која колела диво животно
донесено од нејзиниот сопруг ловец.
 До 28.09.2014 година, регистрирани се 70 заболени од ЕВБ и
42 смртни случаи. Ниту еден од нив немал историја на
патување во ЕВБ зафатените земји во Западна Африка.
 Оваа епидемија не е поврзана со епидемиите во Гвинеја,
Либерија и Сиера Леоне.
 До 26.11.2014 регистрирани се 15.935 случаи на заболени
лица од Ебола вирусна болест (ЕВБ), како и 5.689 пријавени
смртни случаи (35,7%).
Состојба во свет – Главни факти

 Пријавени се 600 случаи во трите најзафатени земји во


изминатата недела.
 Инциденцата е стабилна во Гвинеја, стабилна или во
опаѓање во Либерија, но се зголемува во Сиера Леоне.
 Над 70% од пациентите со ЕВБ во Гвинеја се изолирани, а > 80%
од потребните тимови за безбедно и достоинствено
погребување се активни. Се следат >80% од контактите.
 Либерија и Сиера Леоне известуваат дека помалку од 70% од
пациентите се изолирани, со широка варијација меѓу различни
региони во овие држави. Се следат >80% од контактите.
 Околу 25% од потребните тимови за безбедно и достоинствено
погребување се активни и во двете земји.
Состојба во свет

 Според активноста на вирусот и распространетоста


на болеста, моментално зафатените земји се делат
во три категории:
 земји со широко-распространета и интензивна
трансмисија (Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне);
 земји со еден до неколку случаи или со
локализирана трансмисија (Шпанија, САД и
Мали); (Нигерија и Сенегал – завршена епидемија)
 земји кои се соседи или имаат силни трговски
врски со земјите со активна трансмисија.
Слика 2. Дистрибуција на ЕВБ случаи во Западна
Африка, вкупен и број во последните 21 ден
Состојба со епидемијата во Либерија
заклучно со 26.11.2014

Случаи Вкупен број


Вкупен број на случаи
(потврдени, веројатни и сомнителни)
7.168
Број на смртни случаи 3.016
Број на случаи меѓу здравствени
работници 342
Број на смртни случаи меѓу здравствени
работници 172
42,1%; 50,3%
Извор: EBOLA RESPONSE ROADMAP SITUATION REPORT – 26 November 2014
Состојба со епидемијата во Сиера Леоне
заклучно со 26.11.2014

Случаи Вкупен број


Вкупен број на случаи
(потврдени, веројатни и сомнителни) 6.599
Број на смртни случаи Број на смртни
1.398
Број на случаи меѓу здравствени
работници
136
Број на смртни случаи меѓу здравствени
работници 105

21,2%; 77,2%
Извор: EBOLA RESPONSE ROADMAP SITUATION REPORT – 26 November 2014
Состојба со епидемијата во Гвинеја
заклучно со 26.11.2014

Случаи Вкупен број


Вкупен број на случаи
(потврдени, веројатни и сомнителни)
2.134
Број на смртни случаи 1.260
Број на случаи меѓу здравствени
97
работници
Број на смртни случаи меѓу здравствени
работници
56

59%; 57,7%
Извор: EBOLA RESPONSE ROADMAP SITUATION REPORT – 26 November 2014
Состојба во останати земји поврзани со епидемијата во
Западна Африка (Нигерија, Сенегал, Шпанија, САД, Мали)
заклучно со 26.11.2014

Случаи Вкупен број


Вкупен број на случаи
(потврдени, веројатни и сомнителни) 34
Број на смртни случаи 15
Број на случаи меѓу здравствени
работници
17
Број на смртни случаи меѓу здравствени
работници 0

44,1%; 0%
Извор: EBOLA RESPONSE ROADMAP SITUATION REPORT – 26 November 2014
Состојба со епидемијата во ДР Конго
заклучно со 26.11.2014 – одјавена епидемијата

Случаи Вкупен број


Вкупен број на случаи
(потврдени, веројатни и сомнителни)
66
Број на смртни случаи 49
Број на случаи меѓу здравствени
8
работници
Број на смртни случаи меѓу здравствени
работници
8
* Оваа епидемија не е поврзана со епидемијата во Западна Африка
74,2%; 100%
Извор: EBOLA RESPONSE ROADMAP SITUATION REPORT – 26 November 2014
ЕВБ кај здравствени работници

 Експозицијата на здравствените работници на –


алармантна!
 Досега, 592 здравствени работници развиле ЕВБ, а 340
починале како резултат на ЕВБ (леталитет од 57,4%).
 2 здравствени работници од Мали, 11 во Нигерија, 1 во
Шпанија и 3 во САД.
 Во текот на последната недела, 8 здравствени работници
се пријавени во Либерија и 3 во Сиера Леоне.
 Продолжуваат истражувањата за експозицијата на
здравствените работници, а раните индикации покажуваат
дека значителен дел од инфекциите се случиле надвор од
центрите за лекување и нега.
ЕВБ кај здравствени работници

 Зајакната потреба за придржување кон мерките за


превенција и контрола на инфекцијата во здравствените
установи и ЕВБ објекти за третман
 СЗО спроведе ревизија на упатствата за личната заштитна
опрема (ЛЗО) на здравствените работници кои
обезбедуваат директна грижа за пациентите
 Ажуриран водичот во согласност со потребите во
тековната ЕВБ епидемија
 Сеопфатна задолжителна обука, за употреба на личната
заштитна опрема и обука за сите корисници пред да се
вклучат во клиничката нега - од суштинско значење за
заштита на здравствените работници и пациентите.

You might also like