You are on page 1of 3

ДМБУЦ ‘‘Илија Николовски – Луј’’ Скопје

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ПРЕДМЕТОТ


ПИЈАНО
за учебната 2022/2023

проф. Благовесна Булоска


Цели и задачи на наставата:

II одд. основно образование

● Мотивирање за работа преку користење интернет и дигитални уреди

● Развивање на креативните можности кај ученикот, правилен став при


свирење на инструментот, запознавање со музичката реченица (фраза),
препознавање на поедноставни дводелни и троделни композиции;

● Развивање на музичката меморија, идентификување на едноставни


музички форми, вештина на брзо читање на нотен запис, совладување
на артикулациски техники кои се предвидени да се усвојат: портато,
стакато и легато во позиционо свирење, координираност на двете
раце;

● Совладување на композиции со полифон карактер, меморирање на


композициите.

Наведените содржини се опфатени како основна наставна литература во


следните композиции:

Распеани и разиграни прстиња 1 - Л.Пиперковска


Почетно училиште за пијано 1 - Ј. Кршиќ
Свирење на пијано – А. Николаев
Композиции по слободен избор Мајкапар, Роули, Кабалевски и Гнесина.
План за одржување на одделенски час

Во текот на месец септември е планиран одделенски час за учениците од


основното одделение. Се разговара во однос на зададена прграма и материјали,
планови за дополнителни активности надвор од редовните часови, пријавување на
аудиции и конкурси. Одделенскиот час има информативен карактер и служи како
појдовна точка од каде би се движеле веќе планираните програми и настани за
учебната 2022/2023. Учениците се известуваат за годишната програма и план како
и кодексот на однесување за време на часовите.
Дополнително може заеднички да се разгледаат идеи за нова програма или
разменат информации за натпревари, концерти или семинари.
Учениците добиваат задолженија поврзани со почетокот на учебната година.

You might also like