You are on page 1of 2

N

NAAC
CIIO
ONNA
ALLN
NAA GGRRUUP
PAAC
CIIJJA
A ZZA
AOOS
SIIGGUURRUUV
VAAW
WEE
A
ADDO
OSSI
IGGUURRI
ITTEEL
LNNA
APPO
OLLI
ISSA
A -- S
SKKO
OPPJJEE ПОНУДА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА
УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ

До
ОУ Владо Тасевски - Скопје
Брокер ВФП
Скопје, 29.08.2022

Предмет: Понуда за осигурување на ученици и студенти од последици на несреќен случај


(незгода)

Почитувани,

Осигурувањето на ученици и студенти од последици на несреќен случај (незгода), овозможува


ублажување на економските последици од настанатите несреќни случаи кои може да настанат било
каде и во било кое време во текот на денот, во севкупните човечки активности. Со ова осигурување
се опфатени следните ризици:
• Смрт како последица на несрќен случај;
• Трајна загуба на општата работна способност (инвалидитет) како како последица од настанат
несрќен случај;
• Дневен надомест;
• Трошоци за лекување од последиците на настанатиот несреќен случај.

Како несреќен случај се смета секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој
дејствувајќи однадвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица негова смрт, целосен
или делумен инвалидитет, преодна неспособност за работа или нарушување на здравјето кое бара
лекарска помош.
Како несреќен случај се сметаат особено следните настани: газење, судрување, удар со некаков
предмет, удар на електрична струја или гром, паѓање, лизнување, уривање, ранување со оружје, со
разни други предмети или експлозивни материи, убод со некаков предмет, удар или каснување на
животно и убод од инсекти, освен ако со таков убод се предизвика некаква инфективна болест.

Како несреќен случај се смета и следното:


• Труење со хемиски средства, освен професионални заболувања,
• Труење со храна кое за последица има смрт на осигуреникот,
• Инфекција на повреди предизивикана со несреќен случај,
• Труење поради вдишување на гасови или отровна пареа, со исклучок на професионални
заболувања,
• Изгореници со оган или електрицитет, со жежок предмет, течност или пареа, киселина,
лужина и сл,
• Давење и утопување,
• Гушење или задушување поради затрупување со земја, песок или сл.,
• Прснување на мускули, исколчување, прснување на зглобните врски, кршење на здрави
коски што ќе настане поради нагли телесни движења или ненадејни напрегнувања
предизвикани со непредвиден настан, доколку тоа непосредно веднаш е утврдено во
болница или друга здравствена установа,
• Дејствување на светлина, сончеви зраци, температура или лошо време, ако осигуреникот
бил изложен непосредно поради еден пред тоа настанат несреќен случај, или се нашол во
такви непредвидени околности што не можел да ги спречи или бил изложен поради
спасување на човечки живот,
• Дејствување на рентгенски или радиумски зраци, ако настанат нагло и ненадејно, со
исклучок на професионални заболувања.

AД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ Тел. ++389 2 3244 630, 2 3244 631 E-mail: info@insurancepolicy.com.mk
Бул. Климент Охридски бр.26, 1000 Скопје Факс: ++389 2 3244 639 www.insurancepolicy.com.mk
ГГГИ
И ЧЧЧУУУВВВАААМ
И МЕЕЕ ВВВРРРЕЕЕД
М ДН
Д НО
Н ОСССТТТИ
О ИТТТЕЕЕ!!!
И
N
NAAC
CIIO
ONNA
ALLN
NAA GGRRUUP
PAAC
CIIJJA
A ZZA
AOOS
SIIGGUURRUUV
VAAW
WEE
A
ADDO
OSSI
IGGUURRI
ITTEEL
LNNA
APPO
OLLI
ISSA
A -- S
SKKO
OPPJJEE ПОНУДА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА
УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ

Не се сметаат како несреќен случај:


• Сите заразни и професионални заболувања, како и последици од психички влијанија,
• Стомачна кила, кила на папокот, вродени и останати кили, освен оние што ќе настанат
поради директно оштетување на стомачниот ѕид, под непосредно дејство на надворешна
механичка сила на стомачниот ѕид, доколку веднаш по повредата е утврдена травматична
кила,
• Инфекција и заболувања што ќе настанат поради разни форми на алергија, сечење на
жулеви или други израстоци на цврста кожа,
• Анафилатичен шок, освен ако настапи при лекувањето поради настанат несреќен случај,
• Хернија дисци интервертебралис, сите видови лумалгии, дископатии, сакралгии,
миофасцитис, кокцигодини, ишијалгии, фиброзитис и сите промени на слабинско крстачната
регија означена со аналогни термини,
• Одлепување на мрежицата (аблацио ретинае) на претходно болно или дегенеративно
променето око, а со исклучок се признава одлепување на мрежицата на претходно здраво
око, доколку постојат знаци на директна надворешна повреда на очната јаболчица,
утврдена во здравствена установа,
• Последици што настанале кај осигуреникот поради алкохолно лудило (делириум тременс) и
дејство на дрога,
• Последици на медицински, особено оперативни зафати што се преземаат за лекување или
превентива заради спречување на болести,
• Патолошки промени на коските, патолошки епифизиолизи и патолошки скршеници,
• Системни невромускуларни болести и ендокрини болести.

Осигурувањето започнува во 24 часот во оној ден што е означен како почеток на осигурувањето, ако
поинаку не е договорено и престанува во 24 часот во оној ден што во полисата е договорен како
истек на осигурувањето.

Имајќи го гореизнесеното предвид и согласно Вашите реални потреби за осигурителна заштита на


учениците, Ви нудиме осигурување за годишна премија од 100 денари, со следните осигурени
суми:

Осигурени суми (денари) Годишна


Реден
Трошоци за премија по
број Смрт од незгода Инвалидитет Дневен надомест
лекување лице

1. 110.000 220.000 80 40.000 100


2. 150.000 300.000 / 80.000 100

Рок на важност на понудата: 7 (седум) дена


Во надеж дека со внимание ќе ја разгледате нашата понуда и ќе го прифатите нашиот предлог,
останувам
Со почит,

АД Осигурителна полиса

________________________

AД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ Тел. ++389 2 3244 630, 2 3244 631 E-mail: info@insurancepolicy.com.mk
Бул. Климент Охридски бр.26, 1000 Скопје Факс: ++389 2 3244 639 www.insurancepolicy.com.mk
ГГГИ
И ЧЧЧУУУВВВАААМ
И МЕЕЕ ВВВРРРЕЕЕД
М ДН
Д НО
Н ОСССТТТИ
О ИТТТЕЕЕ!!!
И

You might also like