You are on page 1of 1

ПРЕДМЕТ : ПОНУДА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕЦА

Почитувани,

Колективното осигурување од последици на несреќен случај (незгода) овозможува ублажување на


економските последици од несреќни случаи кои може да настанат било каде и во било кое време
во текот на денот во севкупните човекови активности. Со ова осигурување опфатени се следните
ризици:
- Смрт како последици на несреќен случај
- Трајна загуба на општата работна способност(инвалидитет) како последица од настанат
несреќен случај
- Смрт од болест
- Преодна неспособност за работа (дневен надомест) како последица на настанат несреќен
случај
- Трошоци за лекување од последици на настанатиот несреќен случај
Како несреќен случај се смета секој ненадеен и од волјата на осигурникот независен настан, кој
дејствувал од надвор и нагло врз телото на осигуреникот има за последица негова смрт , целосен
или делумен инвалидитет, преодна неспособност за работа или нарушување на здравјето кое бара
лекарска помош.
Како несреќен случај се сметаат особено следните настани: газење, судрување, удар со некаков
предмет удар на електрична струја или гром, пагање, лизнување, уривање, ранување со оружје, со
разни други предмети или експлозивни материи, убод со некаков предмет, удар или каснување на
животно и убод од инсекти освен ако со таков убод се предизвика некаква инфективна болест.
Осигурувањето започнува во 24 часот во оној ден што е означен како почеток на осигурувањето, ако
поинаку не е договорено и престанува во 24 часот во оној ден што во полисата е договорен како
истек на осигурувањето.

Понуда А
ОПФАТЕНИ ГОДИШНА ПРЕМИЈА
РИЗИЦИ 100
Смрт од незгода 85.000
Инвалидитет 170.000
Трошоци за лекување 15.000

Параметри за осигурување
 Осигурително покрите 24 часа во денот
 Територијално покритие - неограничено

Ви благодариме за довербата и се надеваме на успешна соработка.

Со почит,
Скопје, 22.08.2022 год. ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

НАПОМЕНА: Осигурувачот го задржува правото на измена на параметрите во понудата во случај на пресметковни и други грешки.

You might also like