You are on page 1of 34

ПСАЛТИР

Хвалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на


Добриот Му прилега похвала.

Правило за читање на Псалтирот


По молитвите на светите отци наши, Господи Иисусе Христе, Боже наш,
помилуј нѐ. Амин.
[Во периодот од Слегувањето на Светиот Дух (Духовден) до Пасха (Велигден)
почнуваме со Слава Ти Боже... и Цару Небесен...]
Слава Ти, Боже наш, слава Ти.
Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сѐ исполнуваш,
ризницо на добрините, Животодавче, дојди и всели се во нас, и очисти нѐ од секаква
нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши.
[Напомена: од Пасха Христова до Томина Недела Псалтирот не се чита.
Во периодот од Томина Недела до Спасовден место Слава Ти Боже... и Цару
Небесен... трипати се пее тропарот:]
Христос воскресна од мртвите со смртта - смртта ја победи и на оние во
гробовите живот им подари!
[Во периодот од Спасовден до Духовден, се почнува веднаш со Трисветото
(Свети Боже:)]
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нѐ. Трипати.
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови.
Амин.
Пресвета Троице, помилуј нѐ. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико,
прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости,
заради Твоето име.
Господи, помилуј. Трипати
Слава, и сега:
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое;
да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го
денес и прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги проштеваме на нашите
должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.
Тропари на глас 6.1
Помилуј нѐ, Господи, помилуј нѐ, зашто немаме никакво оправдување. Оваа
молитва како на Владика Ти ја принесуваме ние грешните, помилуј нѐ.
Слава: Господи, помилуј нѐ, зашто во Тебе се надеваме; не гневи се многу на
нас, ниту спомнувај ги нашите беззаконија, но погледни и сега како добросрдечен и
избави нѐ од нашите непријатели, зашто Ти си Бог наш, и ние, Твоите луѓе, сите сме
дело на Твоите раце, и Твоето име го повикуваме.
И сега: Дверите на милосрдието отвори ни ги, благословена Богородице, ние
кои се надеваме на тебе да не погинеме, но да се избавиме преку тебе од беди, зашто
Ти си спасение на христијанскиот род.
Кога се почнува псалтирот, односно, кога се почнува првата катизма се чита
оваа молитва. Инаку се чита веднаш: Дојдете...
1
Ако е празник, или во очи празник, тропарот на празникот, сабота вечер или
недела – тропарот на гласот. Објаснето подетално кај тропарите по второто
Трисвето.
Молитва кон Сесветата Живоначална Троица:
Сесвета Троице, Боже и Создателу на целиот свет, поитај и управувај го моето
срце, разумно да почне и со добри дела да ја заврши оваа боговдахновена Книга
(Псалми), што Светиот Дух ја изговори со устата Давидова и што сега ќе ја говорам
јас недостојниот. Знаејќи го своето незнаење, Ти припаѓам молејќи се, и од Тебе
помош барајќи: Господи, управувај го мојот ум, и утврди го моето срце од
изговореното со устата да не се досадувам, туку од разбирање на изговореното да се
веселам, и да се подготвам за творење на добри дела, со кои се учам и говорам; со
добри дела просветен, да бидам учесник на судот од десната страна, со сите Твои
избраници. И сега, Владико, благослови, воздивнувајќи од срце, да пеам со јазик,
вака говорејќи:
Дојдете да се поклониме на Царот, нашиот Бог.
Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Христа – Царот и нашиот Бог.
Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Самиот Христос, нашиот Цар и Бог.
[Во периодот меѓу Томина Недела и Спасовден, место трикратното „Дојдете
да се поклониме“ трипати го кажуваме пасхалниот тропар: Христос воскресна од
мртвите со смртта - смртта ја победи и на оние во гробовите живот им подари! ]

Се читаат катизмите, поделени на слави.


Таму каде што пишува Слава: помеѓу псалмите го читаме ова:
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух. И сега и секогаш и во сите векови.
Амин.
Алилуја, Алилуја, Алилуја, Слава Ти Боже! Трипати
Господи помилуј! Трипати2
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух. И сега и секогаш и во сите векови.
Амин.
На последната Слава:
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух. И сега и секогаш и во сите векови.
Амин.
Алилуја, Алилуја, Алилуја, Слава Ти Боже! Трипати
2
По трикратното Господи помилуј: на првата Слава овде може да се
прочита молитвата за живите:
Спаси ги, Господи, и помилуј ги рабите Твои: Блаженејшиот Архиепископ наш
г. г. Стефан (или Високопреосвештенејшиот Митрополит наш г. Петар (името на
локалниот епископ)), духовникот мој (името), родителите мои (имињата),
роднините (имињата), началниците, наставниците, благодетелите (имињата) и сите
православни христијани.
На втората Слава, на истото место може да се прочита молитвата за
покојните:
Упокој ги, Господи, душите на починатите раби Твои: (родителите мои, ако се
починати) роднините, благодетелите (имињата) и сите православни христијани и
прости им ги сите согрешенија волни и неволни и дарувај им Царство Небесно.
Надеж наша Господи, слава Ти!

Поделба на псалтирот на катизми и слави:


Катизма 1: 1–3; 4–6; 7–8.
Катизма 2: 9–10; 11–13; 14–16.
Катизма 3: 17; 18–20; 21–23.
Катизма 4: 24–26; 27–29; 30–31.
Катизма 5: 32–33; 34–35; 36.
Катизма 6: 37–39; 40–42; 43–45.
Катизма 7: 46–48; 49–50; 51–54.
Катизма 8: 55–57; 58–60; 61–63.
Катизма 9: 64–66; 67; 68–69.
Катизма 10: 70–71; 72–73; 74–76.
Катизма 11: 77; 78–80; 81–84.
Катизма 12: 85–87; 88; 89–90.
Катизма 13: 91–93; 94–96; 97–100.
Катизма 14: 101–102; 103; 104.
Катизма 15: 105; 106; 107–108.
Катизма 16: 109–111; 112–114; 115–117.
Катизма 17: 118,1–72; 118,73–131; 118,132–176.
Катизма 18: 119–123; 124–128; 129–133.
Катизма 19: 134–136; 137–139; 140–142.
Катизма 20: 143–144; 145–147; 148–150.

По катизмата:
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нѐ. Трипати.
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови.
Амин.
Пресвета Троице, помилуј нѐ. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико,
прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости,
заради Твоето име.
Господи, помилуј. Трипати
Слава, и сега:
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое;
да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го
денес и прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги проштеваме на нашите
должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.
Тропари, глас 634:
Господи, чесниот празник на Твојот пророк Црквата ја направи небо, ангелите
ликуваат со луѓето; по неговите молитви Христе Боже, во мир насочи го нашиот
живот, за да Ти пееме: Алилуија.
Слава: И сега: Богородице, големо е мноштвото на моите гревови, кон Тебе
прибегнав, Чиста, имајќи потреба од спасение; посети ја мојата немоќна душа, и
моли Го Твојот Син и наш Бог, да ми даде прошка на гревовите што ги сторив,
единствена благословена.
Потоа, Господи помилуј, четириесетпати.
За време на Великиот Пост ја читаме и молитвата на свети Ефрем Сирин:

3
Овие тропари задолжително се читаат само кога не е празник или недела, а
сме го прочитале целиот Псалтир, т.е. 20. катизма. Инаку можат да се читаат
тропарите на глас 2. или 4.(види подолу) или дневните тропари
Во очи на празник или празникот, до неговото оддание го читаме празничниот
тропар, ако има светечки празник во периодот на попразнеството прво го читаме
тропарот на светецот Слава: И сега на празникот, ако е сабота вечер или недела
– воскресниот и богородичнит тропар(за време на попразненство, место
богородичниот, го читаме празнчниот тропар) на владеачкиот глас – гласот го
гледаме од календарчето
4
Или тропарите:
Тропари, глас 2:
На Твојот пречист образ се поклонуваме, Благи, просејќи опростување на
нашите гревови, Христе Боже. Зашто Ти доброволно си примил со телото да се
издигнеш на крстот, за да нѐ избавиш нас, кои си нѐ создал, од ропството на ѓаволот.
Затоа благодарствено Ти пееме: Спасителе наш, Кој си дошол да го спасиш светот,
со радост сѐ си исполнил.
Слава: И сега: Бидејќи си извор на милосрдието, удостој нѐ со твојата милост,
Богородице. Погледни на луѓето што грешат, и, како секогаш, покажи ја својата
сила, зашто надевајќи се на тебе, извикуваме: „Радувај се”, како некогаш, Гаврил,
Архистратигот на бестелесните.
Или тропарите:
Тропари, глас 4:
Богородице Дево, радуј се благодатна Марие, Господ е со тебе, благословена си
ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си го родила
Спасителот на нашите души.
Слава: Крстителу Христов, спомни нѐ сите , да се избавиме од нашите
беззаконија, зашто Тебе Ти се даде благодат, да се молиш за нас.
И сега: Молете се за нас, свети апостоли и сите светии, да се избавиме од беда и
неволја, зашто во вас стекнавме застапници пред Спасителот.
Под Твојата добросрдечност прибегнуваме, Богородице, не презирај ги нашите
молитви во неволја, туку избави нѐ од опасност, едина чиста, едина благословена.
Господи и Владико на мојот живот, дух на мрзливост, безволност, властољубие
и празнословие, не давај ми. Метанија.
Дух, пак, на целомудреност, смиреност, трпение и љубов, даруј ми, на Твојот
раб. Метанија.
Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го
осудувам мојот брат, зашто си благословен во вечни векови. Амин. Метанија.
По завршетокот на целиот Псалтир, односно по 20. катизма, со внимание ја
кажуваме оваа молитва:
Многумилостив и премилостив Господи, човекољубив Дарителу на секое добро
и Цару на сета вселена, многуименит Владико и Господи, јас сум беден и сиромав, и
се осмелувам да го повикам Твоето чудно, страшно и свето име, од коешто сите
небесни сили треперат од страв; долу на земјата си восхитил со промислата од
Твоето неискажливо човекољубие, со испраќањето на Твојот возљубен Син,
Когошто со неразделното Божество си Го оттргнал од беспочетните прегратки на
Твојата слава, за да го устрои единството на луѓето со ангелите. Сети се, Господи, за
смирението на мојата тага; јас, којшто сум кал и прашина. Те повикувам Тебе,
неискажливата Светлина, обземен од немоќта на телото, коешто милостиво го
понесе Твоето Слово, и со Својата смрт ги ослободи нашите души од ропството на
ѓаволот; за да ги удостои да бидат во заедничарење оние, што со вера го зедоа
Твојот јарем врз себе, да ги удостои со Твојата слава, од којашто лажливиот сатана
отпадна. Помилуј ме мене, помрачениот со гревовни помисли, изведи го мојот ум,
покриен со трњето на мрзливоста и непослушноста; утврди го моето срце да гори по
Тебе, испрати им на моите очи извор на солзи, и на крајот од исходот на мојата
душа, направи ме беспорочен мене, Твојот угодник, упатувајќи ме кон Тебе усредно
да се подвизувам. Спомни ги, Господи, моите родители преку Твоето милосрдие, и
сите мои ближни, браќата и другарите, и соседите и сите православни христијани, и
спаси ме по молитвите на сите светии. Прими ги овие псалми и молитви, кои ги
кажував пред Тебе за сите, и нека не Ти биде одвратно ова мое молење со воздишки;
зашто си милостив и човекољубив, и Тебе беспочетниот Отец Те славиме, со Твојот
единороден Син, и со Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

По тропарите може да се прочита и дневниот Апостол и Свето Евангелие, па


продолжуваме со:
Достојно е, навистина да те ублажува Богородице, присноблажена и
пренепорочна и мајка на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, нетлено Бога
– Словото што Го роди, вистинска Богородице, Тебе ние те величаме.
[Помеѓу Томина Недела и Спасовден, трипати:
Христос воскресна од мртвите со смртта - смртта ја победи и на оние во
гробовите живот им дари!]
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови.
Амин!
Господи помилуј! Трипати
Господи благослови!
Господи, Иисусе Христе, Боже наш, (во и во очи недела, и од Томина Недела до
Спасовден додаваме: Кој си воскреснал од мртвите,) по молитвите на Твојата
Пречиста Мајка, на светиот пророк и боготец Давид, (на името на светецот, кој ни
е заштитник на домот или чие име го носиме), (на името на светецот кој се слави
тој ден) и на преподобните и богоносни отци наши и на сите светии, спаси и
помилуј нè зашто си Благ и Човекољубец. Амин!
По молитвите на светите отци наши, Господи Иисусе Христе, Боже наш,
помилуј нѐ.
Амин.

Правило за читање на Псалтирот, за покојни

По молитвите на светите отци наши, Господи Иисусе Христе, Боже наш,


помилуј нѐ. Амин.
[Во периодот од Слегувањето на Светиот Дух (Духовден) до Пасха (Велигден)
почнуваме со Слава Ти Боже... и Цару Небесен...]
Слава Ти, Боже наш, слава Ти.
Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сѐ исполнуваш,
ризницо на добрините, Животодавче, дојди и всели се во нас, и очисти нѐ од секаква
нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши.
[Во периодот од Томина Недела до Спасовден место Слава Ти Боже... и Цару
Небесен... три пати се пее тропарот: ]
Христос воскресна од мртвите со смртта - смртта ја победи и на оние во
гробовите живот им подари!
[Во периодот од Спасовден до Духовден, се почнува веднаш со Трисветото
(Свети Боже...)]
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нѐ. Трипати.
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови.
Амин.
Пресвета Троице, помилуј нѐ. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико,
прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости,
заради Твоето име.
Господи, помилуј. Трипати
Слава, и сега:
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое;
да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го
денес и прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги проштеваме на нашите
должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.
Тропари, глас 8.
Ти, Кој во длабока мудрост сè човекољубиво устројуваш и секому она што е
полезно му го даваш, единствен Создателу, упокој ја (ги) душата на работ Твој
(рабината Твоја, душите на рабите Твои), зашто надеж полагаше (полагаа) во Тебе,
Творецот и Ѕидателот, и Бог наш. Двапати
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови.
Амин!
Богородичен: Тебе за крепост и пристаниште Те имаме, и благопријатна
молителка кон Бога, Кого си Го родила, Богородице безневестна, спасение на
верните.
Дојдете да се поклониме на Царот, нашиот Бог.
Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Христа – Царот и нашиот Бог.
Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Самиот Христос, нашиот Цар и Бог.
[Во периодот меѓу Томина Недела и Спасовден, место трикратното „Дојдете
да се поклониме“ трипати го кажуваме пасхалниот тропар Христос воскресна од
мртвите со смртта - смртта ја победи и на оние во гробовите живот им подари! ]

Се читаат катизмите, поделени на слави.


На Славите читаме:
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух. И сега и секогаш и во сите векови.
Амин.
Алилуја, Алилуја, Алилуја, Слава Ти Боже! Трипати
Господи помилуј! Трипати
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух. И сега и секогаш и во сите векови.
Амин.
Упокој ја (ги) Господи душата (душите) на покојниот раб Твој (покојната
рабина Твоја, покојните раби Твои) (имињата). Поклон
И колку и да згрешил (згрешила, згрешиле) како човек (луѓе), Ти како
Човекољубив Бог прости му (ѝ, им) и помилуј го (ја, ги). Поклон
Од вечните маки избави го (ја, ги). Поклон
Во Небесното Царство вброј го (ја, ги). Поклон
И за нашите души полезно сотвори. Поклон

По катизмата:
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нѐ. Трипати.
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови.
Амин.
Пресвета Троице, помилуј нѐ. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико,
прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости,
заради Твоето име.
Господи, помилуј. Трипати
Слава, и сега:
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое;
да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го
денес и прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги проштеваме на нашите
должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.
Тропари глас 6.
Единствен си по природа Животворец, Христе, и навистина си неиспитливо
море од добрини; (сега) преставениот Твој раб (преставената Твоја рабина,
преставените Твои раби) удостој го (ја, ги) со Твоето царство, зашто Ти си
единствен Кој имаш мноштво милости и бесмртност.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови,
Амин;
Богородичен: Раѓајќи Го, Владичице, изворот на животот, избавителот на
светот, Господ Иисус, Него усрдно моли Го, (сега) преставениот Твој раб
(преставената Твоја рабина, преставените Твои раби) да го (ја, ги) удостои со
бесконечен живот, зашто ти си единствена помош на христијаните.
Господи помилуј! Дванаесетпати.
Молитва:
Спомни го (ја, ги) Господи, Боже наш, Твојот раб (Твојата рабина, Твоите
раби), кој (кои) се престави (преставија) во вера и надеж на вечен живот, и како
Добар и Човекољубив, Кој ги простуваш гревовите и ги искоренуваш неправдите,
намали ги, остави ги и прости му (ѝ, им) ги сите волни и неволни гревови: избави го
(ја, ги) од вечните маки и од пеколниот оган, и дај му (ѝ, им) наследство и
насладување на Твоите вечни добра, подготвени за оние кои Те љубат. Дури и ако
згрешил (згрешила, згрешиле), но не отстапил (отстапила, отстапиле) од Тебе, без
сомневање верувал (верувала, верувале) во Отецот и Синот и Светиот Дух, во Тебе –
Бог во Троица славен, и Единица во Троица, и Троица во Единство, православната
вера ја исповедал (исповедала, исповедале) до последната своја воздишка. Затоа
биди милостив кон него (неа, нив), а неговата (нејзината, нивната) вера сметај ја
како дела, и како Милостив, упокој го (ја, ги) со Твоите светии. Бидејќи нема човек
што живеел, а не згрешил, само Ти си Единствениот без грев и Твојата правда е
вечна правда, и Ти си единствен Бог на милостите, штедростите и човекољубието, и
Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во
вечни векови, Амин.
Достојно е, навистина да те ублажува Богородице, присноблажена и
пренепорочна и мајка на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, нетлено Бога
– Словото што Го роди, вистинска Богородице, Тебе ние те величаме.
[Помеѓу Томина Недела и Спасовден, трипати:
Христос воскресна од мртвите со смртта - смртта ја победи и на оние во
гробовите живот им дари!]
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови.
Амин!
Господи помилуј! Трипати
Господи благослови!
Господи, Иисусе Христе, Боже наш, Кој од мртвите си воскреснал и со живите
и мртвите владееш, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и
богоносни отци наши и на сите светии, душата на работ Твој (рабината Твоја,
душите на рабите Твои), кој (која, кои) од нас се престави (преставија), во
селенијата на праведните настани ја (ги) и во пазувите Авраамови упокој го (ја, ги),
и во праведните вброј го (ја, ги), и нас помилуј нè зашто си Благ и Човекољубец.
Амин!
По молитвите на светите отци наши, Господи Иисусе Христе, Боже наш,
помилуј нѐ.
Амин.

Додаток – тропари
Воскресни тропари
Глас 1.
Од каменот запечатен од Јудеите, и од војниците кои го чуваа Твоето пречисто
Тело, воскресна тридневен, Спасителе, дарувајќи му живот на светот. Затоа
небесните Сили Ти воскликнуваа животодавче. Слава на воскресението Твое
Христе! Слава на Царството Твое! Слава на домостројот Твој, единствен
човекољупче!
Слава: И сега: Богородичен: Кога Гаврил ти проговори: Дево, радуј се, заедно
со гласот, во тебе, светиот ковчег, се воплотуваше Владиката на сите, како што кажа
праведниот Давид. Се покажа поширока од небесата, носејќиго создателот твој.
Слава на Оној Кој се вселил во тебе! Слава на Оној Кој произлегол од тебе! Слава на
Оној Кој нас нè ослободи преку твоето раѓање!
Глас 2.
Kога слезе кон смртта, Животе бесмртен, тогаш адот го умртви со блескот на
божеството. Кога пак, мртвите ги воскресна од подземјето, сите небесни Сили
извикуваа: Животодавче, Христе Боже наш, слава Ти.
Слава: И сега: Богородичен: Сите твои тајни, Богородице, над смислата се, сите
се преславни, со чистота запечатена и со девство зачувано, те познаваме како мајка
нелажна, која Бога вистинскиот го роди, Него моли Го да се спасат нашите души.
Глас 3.
Да се веселат небесните, да се радуваат земните, зашто направи држава со
мишката Своја Господ, со смртта смртта ја сотре, стана првороден од мртвите, од
утробата на адот нè избави, и на светот му даде голема милост.
Слава: И сега: Богородичен: Тебе која посредуваше на спасението на нашиот
род, те воспеваме Богородице Дево, зашто во тело од тебе примено, Синот твој и
наш Бог, примајќи преку крстот страдање, нè откупи нас од распаѓањето, како
човекољубец.
Глас 4.
Ведрата проповед за воскресението, од Ангелот научувајќи ја Господовите
ученички, и прародителската осуда отфрлувајќи ја, на Апостолите фалејќи им се
велеа: смртта се обезоружи, воскресна Христос Бог, подарувајќи му на светот
голема милост
Слава: И сега: Богородичен: Од вечност скриената и за Ангелите непозната
тајна, преку тебе, Богородице, на оние на земјата им се објави. Бог Кој се воплоти во
неслиено соединување и Кој заради нас крст доброволно прими, преку кого го
воскресна првостворениот, ги спаси од смрт нашите души.
Глас 5.
Собеспочетниот Логос на Отецот и Духот, од Дјева се роди за спасение наше,
да Го воспееме, верни, и да му се поклониме, зашто благоволи со телото да се
искаче на крст и да претрпи смрт, и да ги воскресне мртвите со Своето славно
воскресение.
Слава: И сега: Богородичен: Радуј се, порто Господова непроодна! Радуј се,
тврдино и покриву на оние кои притекнуваат кон тебе! Радуј се, небурно
пристаниште и неискусобрачна која во тело го роди твојот Творец и Бог! Не
намалувај да се молиш за оние што ја воспеваат и ѝ се поклонуваат на рожбата
твоја!
Глас 6.
Ангелските сили и оние кои Те чуваа на Твојот гроб замреа, а Марија стоеше во
гробот барајќи го Твоето пречисто тело. Си го пленил адот, без да пробаш од него.
Си ја сретнал Дјева, дарувајќи живот. Ти, Кој воскресна од мртвите, Господи, слава
Ти.
Слава: И сега: Богородичен: Ти, Кој благословена ја нарече Твојата мајка,дојде
на страдање со волна одлука. Заблескувајќи на крстот го побара драговолно Адама,
велејќи им на Ангелите: радувајте се со Мене, зашто се најде загубената драхма.
Боже наш, Кој сè мудро си устроил, слава Ти.
Глас 7.
Си ја разрушил смртта со Твојот крст, на разбојникот рајот си му го отворил, на
мироносиците плачот си го претворил [во радост], и на Апостолите си им заповедал
да проповедаат дека воскресна, Христе Боже, Ти Кој му даруваш на светот голема
милост.
Слава: И сега: Богородичен: Како богатство на нашето воскресение, оние кои
се надеваат на тебе, Севоспевана, од јамата и длабочината на грешките подигни ги.
Ти, пак, која го роди нашето спасение, спаси ги виновните во гревот. Пред раѓањето
Дјева, и во раѓањето Дјева, и по раѓањето, пак, исто така си Дјева.
Глас 8.
Од висините си слегол Милосрден, тридневното погребение да го примиш, за
нас да нè ослободиш од страдањата. Животу и воскресение наше, Господи, слава Ти.
Слава: И сега: Богородичен: Ти, Кој заради нас беше роден од Дјева, и
распнување претрпи, Благи, со смртта смртта ја разоружа и воскресението го покажа
како Бог. Не презирај ги оние кои ги создаде со раката Твоја, покажи го
човекољубието Твое, Милостив, прими ја Богородица, која Те роди, која посредува
за нас, и спаси го, Спасителе наш, народот отчаен.

Празнични тропари
Почеток на индиктот (Нова година) (1/14 септември)
Глас 2: Создателе на целата творба, Кој си ги поставил времињата и годините
под Своја власт, благослови го венецот од годината на добрината Твоја. Господи,
чувај ги во мир народот и Градот Твој, по молитвите на Богородица и спаси нè.
Преподобен Симеон Столпник (1/14 септември)
Глас 1: Столб на трпението си постанал, ревнувајќи на праотците, преподобни.
На Јов во страдањата, на Јосиф во искушенијата, и во заедница со Бестелесните си
во тело. Симеоне, отче наш, моли го Христа Бога, да ги спаси нашите души.
Претпразненство на Рождество на Пресвета Богородица (7/20 септември)
Глас 4: Од коренот Есеев и од бедрата Давидови, Богоотроковица Марија денес
ни се раѓа. Затоа сите се радуваат и се обновуваат; радувајте се заедно небо и земјо;
фалете ја татковини на народите. Јоаким се весели и Ана торжествува, извикувајќи:
неплодната ја раѓа Богородица, хранителката на нашиот живот.
Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица – 8/21 септември до 12/25
септември)
Глас 4: Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто
од Тебе изгреа Сонцето на правадата – Христос, Бог наш; уривајќи ја клетвата, ни
даде благослов; уништувајќи ја смртта, ни дарува живот вечен.
Светите и праведни богоотци Јоаким и Ана (9/22 септември)
Глас 1: Јоаким и Ана, кои според законската благодат беа праведни,
богодадениот Младенец ни Го родија. Затоа денес Божјата црква светло
торжествува, весело празнувајќи го вашиот чесен спомен, славејќи Го Бога, Кој ни
го издигна достоинството на спасението нам, кои сме во домот Давидов.
Претпразненство на Воздвижение на чесниот и животворен Крст (13/26
септември)
Глас 4: Животворниот Крст на Твојата добрина, кого што си ни го подарил нам
недостојните, Господи, Ти го принесуваме во молитва; спаси ги луѓето и Твојот град
кој се моли, по молитвите на Богородица, единствен Човекољупче.
Воздвижение на Чесниот Крст (Крстовден – 14/27 септември до 21 септември/4
октомври)
Глас 1: Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство.
Дарувај им победа над непријателите на сите наши православни христијани и со
крстот Свој заштити го Твоето наследство.
Собор на Македоснките светители (прва недела во месецот октомври)
Глас 4: Со божествена проповед го просветивте народот македонски, и со
лачите на евангелскта вистина ја украсивте Вселената, светители сефални. Славејќи
Го Христа Господа, Кого Го засакавте од својата младост како Божји угодници
станавте жители на небесата, столбови и заштитници на Македонската Црква.
Усрдно го празнуваме вашиот спомен и ви се молиме: Бидете застапници пред
Христа, нашиот Бог, за мир и спасение на нашите души.
Свети Апостол и евангелист Јован Богослов (26 септември/9 октомври)
Глас 2: Апостоле, возљубен на Христа Бога, побрзај да го избавиш народот кој
не може сам да се брани. Tе прима паѓајќи пред тебе, ти кој падна на градите на
Оној Кој те прими. Него моли го, Богослове, и натежнатата магла од незнабошците
да ја растера, барајќи за нас мир и голема милост.
Покров на Пресвета Богородица (1/14 октомври)
Глас 4: Денес, благоверен народе ведро да празнуваме, покриени со твоето
доаѓање, Богомајко, и гледајќи кон твојот пречист лик, умилно да говориме: Покриј
нè со твојот чесен покров и избави нè од секое зло, молејќи го Синот твој, Христос
Бог наш, да ги спаси нашите души.
Преподобен Јован Кукузел (1/14 октомври)
Глас 5: Слаткогласната лира управувана од Бога, божествениот и милозвучен
славеј, многугласната песна на Седржителот, Јован Богоносниот, кој во Атон
секогаш преку песнотворење ги разгласува божествените тајни, во песни да се
прослави.
Свети апостол Тома (6/19 октомври)
Глас 2: Ученик Христов бивајќи, на божествениот апостолски собор
соучествуваше. Преку неверство Христовото воскресение си го потврдил, и на
Неговото пречисто страдање преку допир си се уверил, Томо сефален, и сега за нас
моли мир и голема милост.
Недела на светите Отци
Глас 8: Препрославен Си, Христе Боже наш, Кој Си ги основал светилата на
земјата, отците наши, и преку нив кон вистинската вера сите нас нè упати,
многумилосрден, слава Ти.
Света Великомаченица Злата Мегленска (13/26 октомври)
Глас 8: Како сепаленица и жива жртва си се принела на Христа, твојот Женик и
сесрдно призирајќи ја срамната измама на мачителите и телесно в оган фрлена си ја
прославила твојата девствена убавина, гулабице неосквернета, Злато сезлатна преку
твоите молитви да добиеме од Господа бескрајна веселба и голема милост.
Глас 4: Со твоето доблесно трпење, си ги престрашила беззаконите мачители,
кога прифати поскоро да умреш за Христа од сѐ срце, отколку без Крстот да живееш
срамно, великомаченице Злато богоизбрана, бидејќи со твојата смрт верните се
озарија со светлина, а мачителите во срам се облекоа. А ние верно ти викаме: Моли
Му се на Христа Бога за нас непрестајно.
Преподобна Мајка Параскева (Света Петка – 14/27 октомври)
Глас 4: Го засака пустинскиот и тих живот и ревносно тргна по Христа, твојот
жених. Неговиот благ јарем, во својата младост примајќи го, со крсниот знак храбро
се вооружи против духовниот непријател. Со испоснички подвизи, со постот и
молитвите, и со солзните капки си го изгаснала жарот на страстите, достојнославна
Параскево. И сега во небеските дворови со мудрите девојки, стоејќи пред Христа,
моли се за нас кои го почитуваме Твојот свет спомен.
Свети 40 битолски преподобни маченици (15/28 октомври)
Глас 4: На Битола благоуханите цветови, и сопричесници на мачениците
Христови, светите Четириесет од душа да ги чевствуваме. Зашто тие, возвестувајќи
ја православната вера, мракоподобната агарјанска заблуда ја изобличија; и поради
отсечените божествени глави, од раскошот на рајот се насладуваат.
Свети апостол и евангелист Лука (18/31. октомври)
Глас 5: На делата апостолски раскажувач, и писател на Христовото радосно
Евангелие, на она што е ненапишано за Црквата Христова, Лука севоспеаниот, со
свештени песни светиот Апостол да го пофалиме, како лекар кој човечките немоќи,
болестите на природата, и раните на душата ги исцелува, и се моли непрестано за
нашите души.
Свети Константин Кавасила, архиепископ Охридски (18/31 октомври)
Глас 3: Живот возвишен, блажен, поживеа, и ја украси твојата нарав, на словото
благо сопатнику, стана правило на свештениците, ти најблескава ѕвездо на Мизија,
но, спомни си сега Константине, за твоето стдао и добри пастири за него испроси.
Преподобен Јован Рилски (19 октомври/1 ноември)
Глас 1: Темел на покајанието, цртеж на умилението, образец на утехата на
духовното совршенство, твоето рамноангелно житие беше, преподобни. Ти кој во
молитви, и пости, и во солзи пребиваше, отче Јоване, моли го Христа Бога за душите
наши.
Преподобен Прохор Пчински (19 октомври/1 ноември)
Глас 1: Жител на пустината и Ангел во тело, и чудотворец си се покажал,
богоносни отче наш Прохоре. Со пост, бдение, молитва, небесните дарови откако ги
прими, ги лекуваш болните и душите на оние кои ти притекнуваат. Слава на Оној
Кој ти даде крепост, слава на Оној Кој те овенча, слава на Оној Кој преку тебе им
прави на сите излекување.
Свети Иларион Мегленски (21 октомври/3 ноември)
Глас 3: Чудо на сведоштвото се објави, преку делата си засветлил со
добродетелите Божји, мноштвото на оние кои монахуваа си го напасил, цркви на
Бога си му подигнал, архијерејските катедри си ги очистил не плашејќи се од
еретичкиот напад, светителу Иларионе. Умирајќи како да спиеш, телото твое
нераспадливо се сочува, и им дава исцелување на болните од различни болести, а
демоните ги изгонува. Заради тоа те молиме, моли да се спасат нашите души.
Свети Јаков, брат Господов (23 октомври/5 ноември)
Глас 2: Како Господов ученик, си го примил, праведни, Евангелието, како
маченик го имаш неописливото, смелост како брат Божји, да се молиш како јерарх.
Моли го Христа Бога, да ги спаси душите наши.
Свети великомаченик Димитриј (Митровден – 26 октомври/8 ноември)
Глас 3: Како голем херој во бедите Те најде вселената, страдалнику,
победувајќи ги незнабошците. Па, како што ја скрши Лиевата гордост, а го поттикна
на смел подвиг Нестора, така, Свети Димитрие, на Христа Бога моли се, да ни
дарува голема милост.
Тропар на земјотрес (26 октомври/8 ноември)
Глас 8: Ти, Кој ја гледаш земјата и правиш таа да се тресе, од заканата на
страшниот земјотрес избави нè, Христе Боже наш, и испрати ни ја Твојата богата
милост и спаси нè, по молитвите на Богородица.
Св. маченица Параскева, наречена Петка (28 октомври/10 ноември)
Глас 4: Премудрата и сефалена Христова маченица Параскева, откако стекна
машка храброст и ја отфрли женската немоќ, го победи ѓаволот и го посрами
мачителот, извикувајќи и говорејќи: Дојдете, телото мое со меч исечете го и со оган
изгорете го, зашто јас, радувајќи се, одам кон Христа, мојот Младоженец. Христе
Боже, по нејзините молитви, спаси ги душите наши.
Светите бесребреници Кузман и Дамјан (Свети Врачи – 1/14 ноември)
Глас 8: Свети бесребреници и чудотворци, Козмане и Дамјане, нашите слабости
посетете ги, дарови добивте, дарови давајте ни.
Собор на свети Архангел Михаил (Свети Архангел – 8/21 ноември)
Глас 4: Водачи на небеските војски, ние, недостојните, Ве молиме секогаш, со
Вашите молитви да нè заштитите под покривот на крилјата на Вашата бестелесна
слава, чувајќи нè нас што усрдно паѓаме и воскликнуваме: Од беди избавете нè како
чиноначалници на небеските сили!
Свети Нектариј Егински (9/22 ноември)
Глас 1: Верни да го прославиме Нектариј, чедо на Селиврија и заштитник на
Егина; вистински пријател на добродетелта, кој се појави во последните времиња
како благочестив слуга Христов: зашто точеше обилно исцеленија врз оние кои со
почит извикуваа: Слава на Христа Кој те прослави; слава на Оној Кој те возвелича;
слава на Оној Кој преку тебе сите ги исцелува.
Света Матрона Цариградска (9/22 ноември)
Глас 2: Заради љубовта Господова, преподобна Матроно, си ја замразила
желбата за спокој, со постот просветувајќи се духовно, по твоите молитви прогони
ги демонските напади, зашто храбро си ги победила и ѕверовите.
Свети маченик Мина (11/24 ноември)
Глас 4: Како собеседник на бестелесните и содружник на страдалците, преку
верата собрани Те славиме, Мино, испроси мир на светот и голема милост за нашите
души.
Свети Јован Милостив (12/25 ноември)
Глас 8: Во твоето трпение си ја стекнал твојата награда, оче преподобен, во
молитвите постојано трпејќи, бедните засакувајќи ги си им угодил, моли се на
Христа Бога, Јоване Милостив, блажене, да бидат спасени нашите души.
Свети Јован Златоуст (13/26 ноември)
Глас 8: Од устата твоја благодатта што засветли како огнена светлост,
вселената ја просветли. Богатства на несреброљубие на светот му стекна, висината
на смиреномудрието нам ни ја покажа. Но, со твоите зборови воспитувајќи, отче
Јоване Златоусте, моли го Логосот, Христос Бог, да ги спаси нашите души.
Свети апостол Филип (14/27 ноември)
Глас 3: Апостоле свети Филипе, моли го милостивиот Бог, да ни даде
отпуштање на грешките на душите наши.
Глас 6: Богоглаголив Филипе, вселената се украсува, Етиопија ликува како со
венец украсена, откако преку тебе се просветли, свечено го слави твојот спомен,
зашто сите си ги научил да веруваат во Христа, и животот си го завршил достојно на
Евангелието. Поради тоа етиопската рака смело се подава кон Бога. Него моли Го да
ни дарува милост голема.
Свети апостол и евангелист Матеј (16/29 ноември)
Глас 3: Апостоле свети и Евангелисте Матеје, моли го милостивиот Бог, да ни
даде отпуштање на грешките на душите наши.
Глас 3: Откако од царинарницата ревносно тргна кон Христа Владиката, Кој те
повика, и Кој од љубов дојде на земјата меѓу луѓето, си станал избран апостол и
велегласен благовесник на Евангелието за сите луѓе. Затоа го славиме твојот чесен
спомен, богоглаголив Матее; моли Го милостивиот Бог да им подари прошка на
гревовите на душите наши.
Претпразненство на Воведение во храмот на Пр. Богородица (20 ноември/3
декември)
Глас 4: Ана сега ја заветува радоста на сите, откако го израсна спротивниот
плод на жалоста ‒ Единствената Приснодева, која денес ја воведува молејќи се и
веселејќи се во храмот Господов, како вистински храм на Бога Словото и Мајка
Пречиста.
Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста – 21 ноември/4 декември до 25
ноември/9 декември)
Глас 4: Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на
луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Нејзе
и ние велегласно ѝ извикуваме: Радувај се, исполнување на промислата на
Создателот!
Света Екатерина (24 ноември/7 декември)
Глас 5: Сефалената невеста Христова ја воспеваме, Синајската заштитничка, и
наша помошничка и застапничка, зашто светло ги замолчи ласкањата на
нечестивите со мечот на Духот. И како маченичка овенчана, проси за сите голема
милост.
Свети Климент Охридски (25 ноември/8 декември)
Глас 4: Со зборови си ги упатил народите во верата Божија; со делата си се
издигнал, преблажене, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил
оние што пристапуваат верно кон Тебе, со знаменија си ја осветлил темнината.
Поради тоа го славиме Твојот божествен спомен, Клименте.
Светиот отец наш и свештеномаченик Климент папа Римски (25 ноември/8
декември)
Глас 4: Свештеномаченику, кој со Божја помош правиш преславни чудеса,
восхитувајќи ги краиштата на вселената, натприродно го разделуваш составот на
морските води за оние што, во чест на твојот спомен, ревносно доаѓаат во твојата
богосоздадена црква при твоите мошти чудесни. И, по сенародното приоѓање,
чудотворно правиш морето да го прими својот единствен тек. Чудесен Клименте,
моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.
Свети 15. Тивериополски маченици (28 ноември/11 декември)
Глас 3: Голема пофалба и крепост градот тивериски имаше, јерарси,
свештеници и левити кои идолската лага ја разобличија. Овие петнаесеторица,
полкови од демони изгонуваат и здравје на верните им даруваат.
Глас 4: Со постење телото го умртвивте, и словото на благочестието го
проповедавте, ги презревте земните и Христа го возљубивте, мудри страдалници
петнаесет. Доблестомудрено на мачителите им се спротивставивте, и со венци
страдалнички се овенчавте, и исцеление им излевате на оние кои ви пристапуваат.
Света Варвара (4/17 декември)
Глас 8: Света Варвара да ја почитуваме, зашто ѓаволските мрежи, Сечесната, ги
искина и како птица од нив се ослободи со помошта и оружјето на Крстот.
Свети Андреј Првоповикан (30 ноември/13 декември)
Глас 4: Како првоповикан од Апостолите и на врховниот роден брат, Владиката
на сите, Андреје моли Го, мир на вселената да ѝ дарува, а на душите наши голема
милост.
Свети Нектариј Битолски (5/18 декември)
Глас 1: Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос, си го осветил карејскиот скит
и те воспита градот Битола, оче наш Нектарие. Просбетли ги сите што со љубов те
чествуваат и непрестано моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прославил,
слава Му што те облагодатил, слава Му на Оној што преку тебе ни даде исцеление.
Свети Сава Осветени (Богати Сава 5/18 декември)
Глас 8: Со течењето на твоите солзи, неплодноста на пустината си ја обработил,
и со воздишките од длабина, сто трудови си оплодоносил, и светилник на вселената
си станал, блескајќи со чудеса, Саво, отче наш, преподобни. Моли го Христа Бога,
да бидат спасени душите наши.
Свети Никола (6/19 декември)
Глас 4: Вистината на сè како правило на верата, образец на кротоста и учител
на воздржливоста Те покажа на стадото Твое; заради тоа си го придобил со
смирението – возвишеното, а со сиромаштвото – богатството; оче
свјаштеноначалниче Никола, моли го Христа Бога да ги спаси нашите души.
Зачнување на света Ана кога ја зачна Пресвета Богородица (9/22 декември)
Глас 4: Денес се скршени оковите на бездетноста, зашто Бог ја услиши
молитвата на Јоаким и Ана: Он им ветува јасно, иако не се надевале, дека ќе ја родат
Богоотроковица, од која се роди Неописливиот Кој стана човек, и Кој им заповеда
на ангелите да ѝ пеат: Радувај се благодатна, Господ е со тебе.
Недела на Праотците
Глас 2: Во верата Праотците си ги оправдал, преку нив си ја предвенчал
Црквата на незнабошците. Се фалат во слава Светителите, оти од нивното семе има
плод благославен, онаа која бессемено Те роди. По нивните молитви, Христе Боже,
помилуј нè.
Свети Спиридон Чудотворец (12/25 декември)
Глас 1: Богоносен Спиридоне, оче наш, си се покажал како бранител и
чудотворец на Првиот собор. Ти од гроб мртовец си извикал и змија во злато си
претворил, и кога си пеел молитви, сослужители ангели си имал, пресвети. Слава на
Оној што Ти дал сила, слава на Оној што Те овенчал, слава на Оној што преку Тебе
на сите им дава исцеление.
Недела пред Рождество Христово, на светите Отци.
Глас 2: Колку се возвишени делата на верата! Трите свети момчиња се радуваа
во печката како во извор на вода за одмор. И пророк Даниил во јамата со лавови
личеше на пастир на овци! По нивните молитви, Христе Боже, спаси ги душите
наши.
Претпразненство на Рождество Христово (20 декември/2 јануари - 24
декември/6 јануари)
Глас 4: Некогаш, заедно со старецот Јосиф од семето Давидово, во Витлеем се
попишуваше и Марија, која во утробата носеше бессемена Рожба. Кога дојде
времето за раѓање, а во гостилницата немаше ниедно место, на Царицата ѝ се
покажа пештерата како красна палата. Христос се раѓа, за да го воскресне порано
паднатиот образ.
Свети свештеномаченик Игнатиј Богоносец (20 декември/2 јануари)
Глас 4: Οткако стана учесник во животот на апостолите, и наследник на
нивните престоли, во практиката на добродетелите, боговдахновени, го најде патот
кој води кон богосозерцание. Поради тоа, ширејќи го Словото на вистината, си
пострадал дури до крв за верата, свештеномаченику Игнатие. Моли Го Христа Бога,
да ги спаси душите наши.
Свети Наум Охридски (23 декември/5 јануари и 20 јуни/3 јули)
Глас 4: Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот; живеејќи со дух,
телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се
подвизаваш и безбојното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас со
Твоите молитви избави нè од искушенија.
Рождество на нашиот Господ Иисус Христос (25 декември/7 јануари до 31
декември/13 јануари)
Глас 1: Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлина на
знаењето; во неа, пак, оние што им служеа на ѕвездите од ѕвездата се учеа Тебе да
Ти се поклонуваат, Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,
Господи, слава Ти.
Недела по Раѓањето Христово.
Глас 2: Јосифе, благовести му ги на богоотецот Давид чудесата: пред твои очи
роди Дева; прослави со пастирите; се поклони со мудреците; од ангелите вест
прими. Моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.
Преподобен Никодим Тисмански и Прилепски (26 декември/8 јануари)
Глас 1: Родениот од Дева, Началникот на Пастирите, го следеше, отче наш
Никодиме. Со пост, бдеење и молитви, стана жител на небото, исцелувајќи ги
душите на оние што со вера ти пристапуваат. Затоа велиме: Слава Му на Оној што
те прослави и сила ти даде; и преку тебе дава исцелувања.
Свети првомаченик и архиѓакон Стефан (27 декември/9 јануари)
Глас 4: Првомаченику Христов и апостолу, содобар подвиг си се подвизавал и
си го изобличил безбоштвото на мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од
рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога
Му се молеше, извикувајќи: Господи, не замај им го ова за грев!
Свети Гаврил Светогорец (30 декември/12 јануари)
Глас 8: Голем украс на епископите, убавина на светителите, правило на
монасите, на пустиниците слава, подател на милоста, светилник на расудувањето,
верни, откако се собравме, да го прославиме учителот на кротоста, божествениот
грижник, премудриот архиереј, великиот светител и отец наш, Гаврил епископот
Велички, Ѕвездата, темните луѓе што ги просветува, и сите верни што ги озарува.
Затоа, припаѓајќи кон кивотот на неговите мошти, со љубов ја целиваме и пееме:
свет од светите, не престанувај да Го молиш Христос Бог, да ги спаси душите наши.
Обрезание на Господа Иисуса (Василица – 1/14 јануари)
Глас 1: Ти што седиш во висините на огнозрачен престол со Беспочетниот Отец
и Божествениот Твој Дух, си благоволил да се родиш на земјата од Девојка,
недопрена од маж, Твоја Мајка, Иисусе. Поради тоа, си бил и обрезан како човек
осмодневен. Слава на Твојатасеблагаодлука;слава наТвојата грижа; слава на Твојата
милост, единствен Човекољупче.
Свети Василиј Велики (Василица – 1/14 јануари)
Глас 1: Твојата проповед се рашири по целата земја; таа го прими Твоето слово,
со кое божествено учеше; си ја објаснил суштината на сè што постои; човечките
обичаи си ги украсил, небеска светлино, оче преподобен, моли го Христа Бога да ги
спаси нашите души.
Претпразненство на свето Богојавление (2/15 јануари - 5/18 јануари)
Глас 4ː Кога се вознесе Илија, реката Јордан се врати назад (удрена) со кожувот
на Елисеја, и водите се разделија на две страни, па тој помина како по суво, како
вистинска праслика на крштението, со чија помош текот на овој живот го минуваме.
Христос се јави на Јордан за да ги освети водите.
Свето Богојавление (Водоци – 6/19 јануари до 14/27 јануари)
Глас 1: Кога во Јордан се крштеваше, Господи, се потврди поклонувањето на
Света Троица: гласот на Отецот сведочеше за Тебе и Те нарече Свој сакан Син; и
Духот, во вид на гулаб, ја потврди вистината на Тоа сведоштво. Се јави, Христе
Боже, и го просвети светот, слава Ти.
Свети пророк претеча и крстител Јован (7/20 јануари и 29 и 30 август/11 и 12
септември)
Глас 2: Претечо, споменот за праведникот е во пофалбите, а Тебе Ти е достатно
сведоштвото на Господа. Навистина си се покажал најславен меѓу пророците, зашто
си се удостоил во брановите да го крстиш Проповеданиот. Страдајќи за вистината, и
на оние во адот со радост им го објави Бога, Кој се јави во тело, земајќи го гревот на
светот и нам давајќи ни голема милост.
Преподобен Теодосиј Велики (11/24 јануари)
Глас 8: Со течењето на твоите солзи, неплодноста на пустината си ја обработил,
и со воздишките од длабина, сто трудови си оплодоносил, и светилник на вселената
си станал, блескајќи со чудеса, Теодосије, отче наш, преподобни. Моли го Христа
Бога, да бидат спасени душите наши.
Свети Јоаникиј Ракотински (11/24 јануари)
Глас 3: Живот богољубив мина, преподобен Јоаникие,којшто си овенчан од
Иисуса Владиката, Подвигоположникот. Така, твориш чудеса преку моштите свои
за сите што доаѓаат и верно ти се молат. Затоа прими благодарен глас: Радувај се
рамен со древните светии.
Преподобен Гаврил Лесновски (15/28 јануари)
Глас 8: Доброволно заљубувајќи го Христа над сè, и украсувајќи се со кротост,
смиреност, и трпение, целиот свој живот на земјата пред Него си го поставил.
Бидејќи во небесните живеалишта си добил наследство, со делот на праведниците си
се удостоил. Со нив моли се, да бидат спасени нашите души.
Преподобен Антониј Велики (17/30 јануари)
Глас 4: Ревнителот Илија по начинот на живот поддржувајќи го, Крстителот по
правите патеки следејќи го, отче Антоније, на пустината жител си бил, и вселената
си ја утврдил со молитвите твои. Затоа, моли го Христа Бога, да ги спаси нашите
души.
Свети Атанасиј и Кирил, архиепископи александриски (18/31 јануари)
Глас 3: Со делата на православието блеснувајќи, секое злославие го угасивте,
победници победоносно украсени станавте, сè обогатувајќи со благочестие. Црквата
многу ја украсивте, достојно го најдовте Христа Бога, Кој ни дарува нам голема
милост.
Свети Атанасиј Велики (18/31 јануари)
Глас 3: Свештеноначалнику Атанасиј, Ти си бил тврдина на Православието и со
божествените догмати си ја утврдил Црквата. Си проповедал дека Синот е
едносуштен со Отца и си го посрамил Арија. Оче преподобни, моли го Христа Бога
да ни дарува голема милост.
Преподобен Евтимиј Велики (20 јануари/2 февруари)
Глас 4: Весели се пустино која немаш родено, развесели се ти која си немала
болки, зашто тебе ти ги намножи чедата маж на посакувањата на духовните, со
побожност насадувајќи, со воздржание воспитувајќи во совршенството на
добродетелите. По неговите молитви, Христе Боже, смири го животот наш.
Свети Максим Исповедник (21 јануари/3 февруари)
Глас 8: Водачу на Православието, учителе на благочестието и чесноста,
светилнику на вселената, на оние кои монахуваат боговдахновен украсу, Максиме
премудар, со учењата твои сите си ги просветил, кавалу на Духот, моли го Христа
Бога, да се спасат душите наши.
Свети Григориј Богослов (25 јануари/7 февруари)
Глас 1: Пастирскиот кавал на богословието твое, ги победи трубите на
риторите, зашто барајќи ги длабочините на Духот, и добар углед си стекнал. Но,
моли го Христа Бога, отче Григорије, да ги спаси нашите души.
Свети Три Светители (30 јануари/12 февруари)
Глас 1: Три најголеми светители на трисолнечното Божество ја просветија
вселената со лачите на божествените догмати. Овие медоточни реки на премудроста
сите созданија со водите на богопознанието ги напоија. Василиј Велики и Григориј
Богослов, со славниот Јован – златоговорливиот јазик, сите ние собраните ги
љубиме, поклонувајќи им се, со песни ги почитуваме. Зашто тие за нас на Светата
Троица секогаш се молат.
Претпразненство на Сретение (1 /14 февруари)
Глас 1: Небесниот хор на Небесните Ангели, кога погледна на земјата, гледа
како е носен во храмот, како Дете од безбрачна Мајка, Првородениот пред сите
созданија. Затоа радувајќи се заедно со нас, пее песна претпразнична.
Сретение Господово (2/15 февруари до 9/22 февруари)
Глас 1: Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од Тебе изгреа Сонцето
на правдата – Христос нашиот Бог, Кој ги просвети оние што беа во мракот. Весели
се и ти, старче праведен, зашто си Го примил во прегратките Ослободителот на
нашите души, Кој ни дарува воскресение.
Свети свештеномаченик Харалампиј (10/23 февруари)
Глас 4: Како цврст столб на Црквата Христова и неугаслив светилник на
вселената се јави мудар Харалампие, заблеска во светот со страдание, разрушувајќи
ја идолската темнина блажене, затоа со смелост Христа моли Го, да ги спаси душите
наши.
Свети маченик Георгиј Кратовски (11/24 февруари)
Глас 4: Од рана возраст со света желба на Господа си Му се предал, со сета
душа Христа Единиот си Го засакал и Него, Кој е вистинскиот Бог во Троица
почитуван, пред нечестивите Турци си Го проповедал. Со венец маченички си се
украсил, славен, и кон небеските жители си се придружил. Премудри Георгиј, моли
го Христа Бога да ја чува татковината Твоја и да ги спаси православните и градот,
кои секогаш ги прославуваат Твоите подвизи.
Успение на св. Кирил, учителот славјански (14/27 февруари)
Глас 4: Од пелени грижливо премудроста сестра себе си ја направи, богогласни,
гледајќи ја пресветла, како девојка чиста, која примајќи ја, ја привлече, украсувајќи
ја со неа својата душа и ум како со златни монисти, и се најде како втор Кирил,
блажени, по името и разумот, премудри.
I и II наоѓање на главата на св. Јован Крстител (24 февруари/8 или 9 март)
Глас 4: Откако засветли од земјата, главата Претечева на верните им испушта
зраци на нетлени исцеленија; од висините собира мноштво ангели, а на земјата го
свикува родот човечки, едногласно да Му оддава слава на Христа Бога.
Свети новомаченик Агатангел Битолски (27 февруари/11 или 12 март)
Глас 3: Преисполнет со Евангелието, јавувајќи се красно пострада, Агатангеле
мачениче, та прелеста душегубна си ја разорил на Агара; затоа, пак, моли Го
Владиката да им даде на сите, што ти го чествуваат преозарениот твој спомен,
приснопламена љубов кон Него и спасение вечно, свети.
Свети четириесет маченици (9/22 март)
Глас 1: Со страдањата на светите, кои за Тебе пострадаа, биди умолен, Господи,
и сите наши болести, Ти се молиме, исцели ги, Човекољупче.
Преподобен Кирил, игумен Лешочки (12/25 март)
Глас 3: Благоуспешен насадителу на духовното лозје и праведен игумене на
Лешочката света обител, ревносен исполнителу на монашките правила и
проповеднику на Христовата света наука, огледало на добродетелите и утешителу
на грешните души, си засветлил во слава низ пределите полошки, преподобен оче
Кириле, моли се за спасение на нашите души.
Преподобен Алексиј човек Божји (17/30 март)
Глас 4: Откако се издигна на добродетелта, и умот си го очисти, си ја достигнал
крајната желба. Кога твојот живот го украси со бестрастие, и со чиста совест
прифати извонредно постење, пребивајќи во молитвите како бесплотен, како сонце
си засветлил во вселената, преблажени Алексие.
Претпразненство на Благовештение (24 март/6 април)
Глас 4: Денес е почеток на севселенската радост, радосно да торжествуваме,
зашто, ете, Гаврил со страв и чудење доаѓа при Богородица и ѝ носи радосна вест:
Радувај се, благодатна, Господ е со тебе.
Свето Благовештение (Благовец – 25 март/7 април)
Глас 4: Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна:
Синот Божји станува син на Дева и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да
извикаме кон Богородица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!
Свети Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј (27
март/9 април)
Глас 1: Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со
меч го запечативте. Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и
Аверкие христодушен подвижнику, нечестието го изобличивте; затоа пред Христа
застапете се и нам да ни ја дарува, со силата на Духот Божествен, посакуваната
рајска светлина.
Успение на св. Методиј, учителот славјански (6/19 февруари)
Глас 4: На Твојот светител Методиј, Христе, правејќи му сјајно торжество на
успението, милоста Твоја одозгора подај ни ја, а отвори ги и дверите на Царството,
разреши ги оковите наши од многуте гревови, преку застапништвото на светиот
Твој ученик, отецот наш.
Свети свештеномаченик Кипријан Слепчански (17/30 април)
Глас 3: Велик ревнител за Православието, и нов маченик на Христа Бога, се
покажа мудар Кипријане, заблудата агарина презирајќи ја, и сите страдања машки ги
претрпе. Оче преподобен Христа Бога моли Го, да ни дарува милост голема.
Свети великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден – 23 април/6 мај)
Глас 4: Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на
немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомачени–ку Георгие,
моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.
Свети апостол и евангелист Марко (25 април/8 мај)
Глас 3: Откако се научи кај врховниот Петар, си бил апостол Христов и како
сонце си засветлил на сите страни, блажен, бидувајќи украс на Александрија. Преку
Тебе Египет се ослободи од измамите, како светол столб црковен со твоето
евахгелско учење сите ги просвети. Затоа Твојот празник го почитуваме и радосно
ликуваме, богогласен Марко, моли Го од Тебе проповеданиот Бог дани даде прошка
на гревовите на нашите души.
Свети пророк Еремија (1/14 мај)
Глас 2: Господи, празнувајќи го споменот на Твојот пророк Еремија, преку него
Те молиме: Спаси ги душите наши.
Свети благоверен цар Борис (2/15 мај)
Глас 6: Исполнет со страв Божји, живеалиште си бил на Духот Свети.
Утврдувајќи ја верата Христова, престолот и жезолот на царството си ги оставил,
богоблажени царе Борисе. Вселувајќи се, пак, во пустината, си процветал во
подвизите, и си нашол благодат пред Господа. А сега, стоејќи пред престолот на
Севишниот, моли го Христа Бога да му дарува на нашиот народ мудрост и сила, нам
пак, кои тебе ти се молиме, спасение на нашите души.
Пренос на моштите на свети Атанасиј Велики (2/15 мај)
Глас 3: Столб си бил на православието, со божествените догмати потпирајќи ја
Црквата, свештеноначалниче Атанасије, зашто проповедајќи го на Отца Синот
едносуштен, си го посрамил Арија. Отче преподобен, Христа Бога моли го, да ни
дарува нам голема милост.
Свети Јоаким Крчовски (10/23 мај)
Глас 5: Ревноста твоја по Христа Господа, наставник те направи на
православните, вистината која ослободува ја полагаше пред секоја душа Човечка, о
Јоакиме пастиру Божји, моли се за нас оче свети, непрестајно да стражариме над
себеси, по твоите свети молитви.
Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски (11/24 мај)
Глас 4: Богомудри Кириле и Методиј, еднакви по дух со апостолите и учители
на словенските земји, Владиката на сите молете Го словенските народи да ги утврди
во Православието и едномисленоста, да го смири светот и да ги спаси нашите души.
Пренос на моштите на свети Никола Чудотворец (9/22 мај, односно 20 мај/2
јуни)
Глас 4: Дојде денот на сесветлото торжество, градот Бари се радува, а со него и
целата вселена ликува, со песни и пеења духовни, зашто денес е светото торжество,
на пренесување на чесните и многуцелебни мошти на светителот и чудотворец
Николаја, кој засветли како сонце незаодно со светлозарни зраци, растерувајќи го
мракот на искушенија и неволи од оние што со вера викаат: Спасувај нѐ, како наш
застапник, велики Николае.
Света Лидија Филипјанка (20 мај/2 јуни, односно 27 март/9април)
Глас 1: Чествувајќи Го Господа со правост на мислата, преку Павла благодат
спозна, превоспеана Лидијо. Во Филипи кон Христа прва ти, со домот твој кон Бог
се приопши; ради тоа ние сега со славословија те почитуваме: слава на Тој крепост
што ти дал, слава на Тој што те овенчал, слава на Тој што низ тебе и нам ни дава
благодат.
Свети рамноапостолни Константин и Елена (21 мај/3 јуни)
Глас 8: Господи, откако го виде на небото знакот на Твојот Крст, слично на
Павле, не од луѓе беше повикан Твојот апостол меѓу царевите, престолниот град во
Твои раце го предаде, па, по молитвите на Богородица, секогаш чувај го во мир,
единствен Човекољупче.
Свети вмч. Јован Владимир, чудотворец (22 мај/4 јуни)
Глас 4: Крстот кој тебе ти се јави во блесок од небото, на сите си им го
проповедал, просветлувајќи ги верно незнабошците, Владимире славни. Преку
откупот, пак, со крвта твоја заблескувајќи, си се удостоил со награди нелажни
стоејќи пред Троица. Затоа смело моли го Христа да нè спаси нас.
III наоѓање на главата на свети Јован Крстител (25 мај/7 јуни)
Глас 4: Како божествена ризница скриена в земја, Христос ни ја откри главата
твоја нам, пророче и Претече. Сите, пак, кои се собраа на ова наоѓање, со песни,
богоглаголиви Спасителот да го воспееме, Кој нè спасува нас од распаѓање преку
твоите молитви.
Свети Варлаам Охридски (28 мај/10 јуни)
Глас 1: На Охрид си пофалба, на Велес украс, на мачениците слава и
епископска пофалба, Варлааме богомудар оче наш и на Христа страдалнику, со
венец нетлен се овенча и во висините заблеска. Слава Му на Оној што ти даде
крепост, слава Му на Оној што те овенча, слава Му на оној што преку тебе точи
исцеленија.
Свети свештеномаченик Еразмо Охридски (2/15 јуни)
Глас 4: Мудар, Твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол
хитон свештенички. Пролевајќи ја крвта своја маченичка, си се удостоил со вечна
награда и стоејќи пред Светата Троица, се молиш за нас, кои Те прославуваме.
Свети апостоли Вартоломеј и Варнава (11/24 јуни)
Глас 3: Апостоли свети, Вартоломеје и Варнаво, молете го милостивиот Бог, да
ни даде отпуштање на грешките на душите наши.
Свети Јован Шангајски и Санфранциски (19 јуни/2 јули)
Глас 5: Грижата што ја пројави за твоето стадо во неговото патешествие е
праобраз на молитвите твои, кои за цел свет постојано се принесуваат: така
веруваме, откако ја познавме твојата љубов, светителу и чудотворче Јоване. Сиот од
Бога осветен преку свештенодејствието на Пречистите Тајни, секогаш со нив
укрепуван, си брзал кон страдалниците, најутешлив исцелителу. Побрзај сега да ни
помогнеш и нам, кои со сето срце те почитуваме. Побрзај сега да ни помогнеш и
нам, кои со сето срце те почитуваме.
Глас 1: Дарот на светителството си го преумножил, откако со проповедање на
словото си ги подражавал апостолите; со бдеењето, со постот и со молитвата се
вброи меѓу преподобните, поднесувајќи клевета и потсмев со кротост. Поради тоа,
Христос те прослави со чудеса, што изобилно ги излеваш на сите оние што со вера
прибегнуваат кон тебе. И сега, спасувај нѐ со твоите молитви, светителу Христов,
достоен за восхит Јоване.
Рождество на свети Јован Крстител (24 јуни/7 јули и 25 јуни/8 јули)
Глас 4: Пророку и претечо на Христовото доаѓање, ние, што со љубов Те
почитуваме, не знаеме како подостојно да Те прославиме. Со Твоето славно и чесно
раѓање се разреши неплодноста на родилката и безгласноста на татко ти, а на светот
му се проповеда овоплотувањето на Синот Божји.
Свети апостоли Петар и Павле (Петровден – 29 јуни/12 јули и 30 јуни/13 јули)
Глас 4: Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете Го
Владетелот на сите да ѝ даде мир на вселената, а на нашите души – голема милост.
Свети апостоли
Глас 3: Апостоли свети и учители на вселената, молете Го Владетелот на сите
да ѝ даде мир на вселената, а на нашите души – голема милост.
Свети бесребреници Кузман и Дамјан Римски (1/14 јули)
Глас 8: Свети бесребреници и чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги
нашите немоќи, на дар примивте, на дар дајте ни.
Положување на чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна (2/15 јули)
Глас 8: Богородице Приснодево, заштито на луѓето, ризата и појасот на твоето
пречисто тело си го дарила на твојот град како моќна ограда, останувајќи нетлена и
по твоето бессемено раѓање, зашто во тебе се обновува и природата и времето. Затоа
те молиме да му даруваш мир на твојот град, а на душите наши милост голема.
Преподобен Атанасиј Атонски (5/18 јули)
Глас 8: На твојот живот во тело Ангелските чинови беа збунети, како со тело
кон невидливите сплетки си одел, сеславен, и си ги повредил демонските војски.
Затоа, Атанасије Христос тебе ти врати со богати дарови. Заради тоа, отче, моли да
се спасат нашите души.
Преподобен Сисој Велики (6/19 јули)
Глас 1: Пустински жител, и во тело ангел, и чудотворец си се покажал,
богоносен отче наш Сисое. Откако со пост, бдеење, молитва прими небесни дарови,
ги исцелуваш болните, и душите на оние што со вера приоѓаат при тебе. Слава Му
на Оној што ти даде крепост; слава на Оној што те овенча; слава Му на Оној што,
преку тебе, на сите им дава исцеленија.
Света Недела (7/20 јули)
Глас 3: Со твојата чудесна победа непријателските сили докрај беа победени,
Недело преславна. Темницата од идоложртвувањето, пак, со светлоста на чесниот
крст многу далеку си ја прогнала. Дево чиста, на Христа Бога моли се, да ни дарува
голема милост.
Свети великомаченик Прокопиј (8/21 јули)
Глас 4: Твојот маченик Прокопиј, Господи, прими венец нераспадлив од Тебе,
нашиот Бог, зашто, имајќи ја Твојата поткрепа, ги порази мачителите и ја скрши
немоќната дрскост на демоните. По неговите молитви, спаси ги душите наши.
Свети свештеномаченик Панкратиј епископ Тавромениски (9/22 јули)
Глас 4: И по нарав заедничар со апостолите, и како преемник на нивниот
престол, со практиката на добродетелите, си го нашол патот што води кон
божественото созерцавање. Поради тоа си пострадал дури до крв заради верата,
ширејќи го словото на вистината, свештеномаченику Панкратие. Моли Го Христа
Бога, да ги спаси душите наши.
Свети архангел Гаврил (13/26 јули)
Глас 4: Архистратигу на небесните војски, ти се молиме секогаш ние
недостојните, со твоите молитви да нè оградиш, под стреата на крилата на твојата
нематеријална слава. Чувај нè нас кои пред тебе паѓаме усрдно и извикуваме: Од
опасностите избави нè како чиноначалник на вишните сили.
Света великомаченица Марина (17/30 јули)
Глас 4: Јагницата Твоја, Иисусе, Марина со силен глас вика: Тебе,
Младоженецу мој, Те љубам и, Тебе барајќи Те, се подвизувам и со Тебе се
распнувам, и во Твоето крштение се погребувам, и заради Тебе страдам, та со Тебе и
да царувам; и умирам за Тебе, за и да живеам со Тебе. Но, како жртва непорочна,
прими ме мене, која со љубов се жртвував за Тебе. По нејзините молитви, како
Милостив, спаси ги душите наши.
Свети пророк Илија (Илинден – 20 јули/2 август)
Глас 4: Ангел во тело, столб на пророците, втор претеча на Христовото
доаѓање, Илија славен, откако одозгора му испрати благодат на Елисеј, овој болести
прогонуваше и прокажени очистуваше. Затоа на оние што го почитуваат им дава
исцеление.
Успение на света Ана, мајката на Пресвета Богородица (25 јули/7 август)
Глас 4: Богомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го
роди Животот. Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде што е
живеалиштето на оние што се веселат, радувајќи се во слава, и просејќи очистување
на гревовите на оние што те почитуваат со љубов, секогаш блажена.
Света преподобнамаченица Параскева − Петка (26 јули/8 август)
Глас 1: Откако твојата ревност ја направи слична на твоето име, во наследство
ја прими твојата жива вера, маченице Параскево. Затоа излеваш исцеленија, и се
молиш за душите наши.
Свети Седмочисленици (27 јули/9 август)
Глас 1: Со пофалбени венци да ги овенчаме славните Седмочисленици, кои
како светила блеснаа и Триединиот Бог ни го благовестеа: Кирила со Методија,
Климента, Наума со Сава и Горазда со Ангеларија. Цврсти столбови на Црквата и
боговдахновени заштитници на нашиот збор; прогонувајќи го бесовското
незнабожечко учење од нас, на Христа Бога молете се да ја утврди нашата Црква и
да им дарува на нашите души мир и голема милост.
Свети великомаченик Пантелејмон (27 јули/9 август)
Глас 3: Страдалнику свети и лекару Пантелејмоне, моли Го милостивиот Бог,
да ни дарува прошка на гревовите на нашите души.
Седумте свети Макавејски маченици (1/14 август)
Глас 1: Со болките на светиите кои пострадаа за Тебе, биди замолен, Господи, и
сите наши болки исцели ги, Човекољупче.
Преподобен отец наш Максим Исповедник (13/26 август)
Глас 8: Наставнику на православието, учителу на набожноста и на чистотата,
светилнику на вселената, боговдахновен украсу на монасите, Максиме премудри, со
твоите учења си ги просветил сите; флејто духовна, моли Го Христа Бога, да ги
спаси душите наши.
Претпразненство на свето Преображение (5/18 август)
Глас 4: Христовото Преображение да го пресретнеме, светло празнувајќи го
претпразненството, верни и да запееме: Дојде денот на божествената веселие, на
гората Таворска оди Владиката, да ја заблеска славата на Своето Божество.
Свето Преображение на Господа Христа – Спасителот (6/19 август до 13/26
август)
Глас 7: Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на
Твоите ученици славата Твоја, колку што можеа (да ја видат). По молитвите на
Богородица и нас грешните да нè осветли Твојата вечна светлина. Слава Тебе,
Дарителу на светлината.
Свети Спасо Радовишки (8/21 август)
Глас 3: Божествен плод на Радовиш, голема пофалба на Солун, си се покажал,
новомаченику Спасо; храбро си Го исповедал Господа и заради Него си ја пролеал
својата крв. Затоа моли Го Бога да им подари на оние кои те слават, непрестаен мир
и голема милост.
Претпразненство на Успение на Пресвета Богородица (13/26 август)
Глас 4: Заиграјте народи, плескајќи со рацете верно, и со љубов соберете се,
радувајќи се денес, и светло воскликнете сите со веселие: Мајката Божја треба
славно да се пресели од земните кон вишните, која секогаш како Пресвета
Богородица со песни ја славиме.
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица – 15/28 август до 23
август/5 септември)
Глас 1: Богородице, и во раѓањето си го сочувала девството, а по своето
успение не си го оставила светот, туку си се преселила во живот. Мајко на Животот,
и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души.
Неракотворен образ Христов (16/29 август)
Глас 2: На Твојот пречист образ се поклонуваме, Благи, просејќи опростување
на нашите гревови, Христе Боже. Зашто Ти доброволно си примил со телото да се
издигнеш на крстот, за да нѐ избавиш нас, кои си нѐ создал, од ропството на ѓаволот.
Затоа благодарствено Ти пееме: Спасителе наш, Кој си дошол да го спасиш светот,
со радост сѐ си исполнил.
Свети Јоаким Осоговски (16/19 август)
Глас 1: Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел
во тело и чудотворец.Откакопрекупост,бдениеи молитва прими небески дарови, Ти
ги лекуваш болните и душите на оние што со вера Ти пристапуваат. Слава на Оној
што Ти дал сила; слава на Оној што Те овенчал; слава на Оној што преку Тебе сите
ги лекува.
Преподобен Пимен Велики (27 август/9 септември)
Глас 8: Со пролевањето на твоите солзи, бесплодната пустина си ја направил да
процвета и, со твоите длабоки воздишки, твоите подвизи си ги умножил по стопати,
и си бил светилник на вселената, сјаејќи со чудеса, отче наш Пимене. Моли Го
Христа Бога, да ги спаси душите наши.
Полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица (31 август/13 септември)
Глас 8: Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето, ризата и појасот на
твоето пречисто тело си ги дарила на твојот град како моќна ограда, останувајќи
нетлена поради твоето бессемено раѓање, зашто во тебе се обновува и природата и
времето. Поради тоа те молиме, мир на твојот град да му даруваш, а на душите наши
милост голема.
Триодски тропари
Сабота месопусна (Задушница) и сабота пред Духовден
Глас 8: Ти Кој со длабочината на мудроста човекољубиво сè Си устроил, и Кој
полезното на сите им го раздаваш, единствен Создателе, упокој ги Господи душите
на слугите Твои, зашто на Тебе надежта ја положија, Творецот, и Вообличителот, и
Богот наш.
Богородичен: Тебе за крепост и пристаниште Те имаме, и благопријатна
молителкавкон Бога, Кого си Го родила, Богородице безневестна, спасение на
верните.
Великомаченик Теодор (Првата сабота од Велигденскиот Пост)
Глас 2: Голем бранител на верата, во изворот на пламенот, како во мирна вода
да е, светиот маченик Теодор се радуваше. Изгорен од огнот, како сладок леб ѝ се
принесе на Троица. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги нашите души.
Недела на Православието (Прва недела од Постот)
Глас 2: На Твојот пречист образ се поклонуваме, Благи, просејќи опростување
на нашите гревови, Христе Боже. Зашто Ти доброволно си примил со телото да се
издигнеш на крстот, за да нѐ избавиш нас, кои си нѐ создал, од ропството на ѓаволот.
Затоа благодарствено Ти пееме: Спасителе наш, Кој си дошол да го спасиш светот,
со радост сѐ си исполнил.
Свети Григориј Палама (Втора недела од Постот)
Глас 8: Светилнику на Православието, на Црквата потпора и учителе, добрино
на монасите, на богословите заштитнику непобедлив, Григорије чудотворче,
тесалониска пофалбо, проповедниче на благодатта, секогаш моли се да бидат
спасени душите наши.
Крстопоклона Недела
Глас 1: Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство.
Дарувај им победа над непријателите на сите наши православни христијани и со
крстот Свој заштити го Твоето наследство.
Преподобен Јован Лествичник (Четврта недела од Постот)
Глас 1: Жител на пустината и Ангел во тело, и чудотворец си се покажал,
богоносни отче наш Јоване. Со пост, бдение, молитва, небесните дарови откако ги
прими, ги лекуваш болните и душите на оние кои ти притекнуваат. Слава на Оној
Кој ти даде крепост, слава на Оној Кој те овенча, слава на Оној Кој преку тебе им
прави на сите излекување.
Преподобна Марија Египетска (Петта недела од Постот)
Глас 8: Во тебе, мајко, со сигурност се спаси она што е по икона. Примајќи го,
пак, крстот си го следела Христа, и дејствувајќи си поучувала вистински да се
занемарува телото, зашто е минливо, а да се внимава, пак, на душата, нешто што е
бесмртно. Затоа и со Ангелите се радува, преподобна Марије, духот твој.
Лазарева сабота и Цветници
Глас 1: Христе Боже, за да нè увериш во општото воскресение, пред Твоите
страдања, го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, носејќи како децата знаци на
победата, Ти викаме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е
Оној што иде во името Господово!
Воскресение Христово (Велигден до саботата пред Томина Недела и во
вторникот пред Спасовден)
Глас 5: Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на тие во
гробовите живот им даде.
Светол (Источен) Петок – Балаклија
Глас 4: Како многуцено богатство и река од изобилни течења на чудата, си им
го подала на сите овој извор животочен, Дево, ти која болестите од различни
страдања ги лекуваш, оросувајќи го пламенот на жалостите и болките, сите
вчудувајќи ги со твоите необични и прекрасни чуда.
Глас 5: Извирајќи ја божествената вода на бесмртноста и изливајќи го текот на
животот секогаштечечки, притекнуваме верно кон твојот животоприемен извор, а на
оние кои нив ги црпат, подај им Дево изобилно здравје, и излекување, и избавување
од лоши случувања.
Томина Недела
Глас 7: Преку запечатениот гроб, живот од гробот си изгреал, Христе Боже, и
преку вратите заклучени пред учениците си застанал, Воскресение на сите, прав Дух
кој преку нив нас нè обновува, по големата Твоја милост.
Недела на светите жени Мироносици
Глас 2: Ангелот покрај гробот кој застана, на жените Мироносици им
воскликнуваше: Мирото на мртвите им приличи, Христос, пак, се покажа туѓ на
распаѓањето. Но, извикајте: Воскресе Господ, подавајќи му на светот голема милост.
Благообразниот Јосиф, симнувајќи го од дрвото Твоето пречисто тело, во чист
чаршав го завитка, и со мириси во нов гроб погребувајќи го, го постави. Но,
тридневен си воскреснал, Господи, подавајќи му на светот голема милост.
Преполовение на света Педесетница (Премудрост Христова до следната среда)
Глас 8: На преполовението на празникот, жедната моја душа напој ја со водите
на благочестието, зашто на сите, Спасе, си им воскликнал: Оној кој е жеден нека
дојде кај Мене и нека пие. Извору на животот, Христе Боже, слава Ти.
Вознесение Христово (Спасовден до петокот пред Духовден)
Глас 4: Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со
ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Син Божји,
Избавителот на светот.
Света Педесетница (Духовден до саботата пред неделата на сите Свети)
Глас 8: Благословен си, Христе Боже наш, Ти ги направи премудри
риболовците, испраќајќи им го Светиот Дух; преку нив ја улови вселената,
Човекољупче, слава Ти.
Недела на сите Свети
Глас 4: Со крвта на мачениците Твои од целиот свет, како со кадифе и висон
Црквата Твоја се украси. Преку нив Ти воскликнува, Христе Боже: На народот Твој
милосрдијата Твои испрати му ги, мир на граѓаните Твои дарувај им, а на душите
наши голема милост.

Дневни тропари
Понеделник
Глас 4: Водачи на небесните војски, ве молиме секогаш ние недостојните, со
вашите молитви да не заштите под покривот на крилата на вашата бестелесна слава,
чувајќи нѐ нас, кои сесрдно ви се обраќаме и пееме: од беди избавете нѐ, како
чиноначалници на небесните сили.
Богородичен, глас 4: Откако се воспита во храмот, во Светињата на светињите,
облечена со вера и премудрост и неизмерна девственост, архистратигот Гаврил ти
пренесе од небото поздрав: “радувај се”; радувај се благословена, радувај се
преславна, Господ е со тебе.
Вторник
Глас 2: Споменот на Праведник со пофалби; тебе ќе ти биде доволно сведоштво
од Господа, Претечо, зашто си се, навистина, покажал пославен и од пророците,
бидејќи си се удостоил во реката да Го крстиш Проповеданиот. Затоа, откако
пострада за вистината, со радост им благовести на оние во адот за Бога, Кој се јави
во тело, Кој го зеде гревот од светот и ни даде голема милост.
Богородичен, истиот глас: Со тебе, Богородице и секогаш Дево, постанавме
учесници на Божествената природа бидејќи овоплотениот Бог си ни го родила.
Затоа, по должност, сите побожно те величаме.
Среда и петок
Глас 1: Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство.
Победи на сите православни христијани наши, над противниците дарувај им, пазејќи
го со крстот Твој, Твоето жителство.
Крстобогородичен: Имајќи ја твојата заштита, Пречиста, во твоите молитви
искупени од опасности, со крстот на твојот Син отсекогаш чувани, сите по
должност, набожно те величаме.
Четврток
Глас 3: Апостоли свети, молете Го Бога, Милостивиот да ни даде прошка на
прегрешенијата на нашите души.
Втор, глас 4: Правило на верата и пример во кротоста, учител на воздржаноста,
те покажа на твоето стадо Вистината на сите нешта. Затоа, со смиреност си стекнал
големина, со сиромаштово - богатство, оче, свештеноначалниче Николае, моли го
Христа Бога, да се спасат нашите души.
Богородичен: Словото на Отецот, Го познавме, Богородице, Дево, Христа,
нашиот Бог, Кој од тебе се воплоти, единствена чиста, единствена благословена.
Затоа непрестано пеејќи, те величаме.
Сабота
Глас 2: Апостоли, маченици и пророци, светители, преподобни и праведни, кои,
борбата добро сте ја завршиле и верата сте ја сочувале, имајќи слобода кон
Спасителот, молете Го за нас, како благ, да ги спаси, молиме, нашите души.
Втор, истиот глас: Спомни ги Господи, како благ душите на Тоите раби, и сѐ
што згрешија во животот, прости им. Никој не е безгрешен, само Ти можеш и на
починатите да им дадеш покој.
Богородичен: Мајко света на неискажливата светлина, со ангелски песни,
почитувајќи те, побожно те величаме.

Библиски песни
1. Првата песна Мојсеева: 2Мојс. (Исх) 15:1–19.
2. Втората песна Мојсеева: 5Мојс. (Втор) 32:1–43.
3. Молитвата на пророчицата Ана, мајката Самуилова: 1Цар. 2:1–10.
4. Молитвата на пророкот Авакум: Авк 3:1–19.
5. Молитвата на пророкот Исаија: Ис. 26:9–19.
6. Молитвата на пророкот Јона: Јона 2:3–10.
7. Молитвата на пророкот Азарија: Дан. 3:26–56.
8. Песната на трите момчиња: Дан. 3:57–88.
9. Величај Го душо моја Господа, Молитвата на Пресвета Богородица: Лк 1:46–
55 и химната на св. пророк Захарија: Лк 1:68–79.

ТЕБЕ, БОЖЕ, ТЕ ФАЛИМЕ


– химна на свети Амвросиј Медиолански, од стари времинња се печатела во
псалтирите, како благодарствена химна
Тебе, Боже, Те фалиме,
Тебе, Господи, Те исповедаме,
Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича;
Тебе (те фалат) сите ангели,
Тебе – небесата и сите сили,
Тебе – херувимите и серафимите
Непрестајно Ти извикуваат:
Свет, Свет, Свет е Господ Саваот,
Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава;
Тебе преславниот апостолски хор,
Тебе пофалниот пророчки број,
Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство,
Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква,
Отецот со непоимливо величие,
Твојот почитуван вистински и еднороден Син,
И Светиот Утешител – Дух.
Ти, Цару на славата, Христе,
Ти на Отца си присносуштен Син:
Ти за избавување го прими човекот,
Не се згнаси од Девствената утроба;
Ти го победи осилото на смртта,
Им го отвори на верниците Царството Небесно.
Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот,
Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме.
Затоа Тебе Те молиме:
Помогни им на Твоите слуги,
Коишто си ги искупил со Чесната Крв.
Удостој ги со Твоите светии
Да царуваат во Твојата вечна слава.
(се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:)
Спаси ги, Господи, Твоите луѓе,
И благослови го Твоето наследство,
Издигни ги и вознеси ги во вековите;
Во сите денови да Те благословуваме Тебе
И да го фалиме Твоето име во вечните векови.
Удостој нè, Господи, во овој ден
Да се сочуваме од грев.
Помилуј нè, Господи, помилуј нè:
нека биде Твојата милост на нас, Господи,
како што се надевавме на Тебе.
На Тебе, Господи, се надеваме,
Да не се посрамиме во вековите. Амин.

Во слава и чест на Светата, Единосушна, Животворна и Неразделна Троица –


Отецот, Синот и Светиот Дух – нашиот Бог, ова правило го приреди чтецот
Методија Петрески, на 2(15) декември 2020 л.Г. според Псалтирот на Михајло
Даскалот (ракопис од 16-17. Век) и современите словенски правила.

Користена литература:
– Часослов на македонски јазик (САС на МПЦ, Скопје 2014)
– Псалтир во издание на Повардарска епархија (превод на молитви и тропари ј.
Јани Мулев, Свети Ѓорѓи Полошки, 2011, Велес)
– Православна светлина, бр. 21.
– Одговарања на народот на Литургиите (превод на АЕМ г. Јован
Вранишкоски)
– Православен молитвеник во издание на Дебарско–кичевска епархија (Канео,
2013, Охрид)

You might also like