You are on page 1of 2

Дигестивен систем или системот за варење на храната

Дигестивниот систем се состои од:


Дигестивен тракт (органите низ кои поминува храната)
Дополнителни органи (жлезди кои лачат сокови што го помагаат варењето на храната)

1.Усна празнина
Во усната празнина се сместени забите со кои ја кинеме и џвакаме храната. Тука исто така храната се омекнува
под дејство на плунката, а јазикот учествува во мешање на храната.
2. Голтка
Потоа изџваканата храна, јазикот ја бутка кон голтката со која голтаме и ја пренесуваме храната на
хранопроводот.
3. Хранопровод
Хранопроводот претставува мускулна цевка која ја пренесува храната до желудникот
4. Желудник
Во желудникот храната се вари (дигестира) под дејство на желудочната киселина, но исто така и се дроби со
стегање и опуштање на желудникот како мускулест орган.
5. Тенко црево
Во тенкото црево хранливите материи се впиваат во  крвта и се разнесуваат до сите органи во телото.
6. Дебело црево
Дебелото црево ги транспортира непотребните материи и мала количина вода до аналниот отвор, преку кој
храната ќе се исфрли како измет.

Дополнителни органи во Дигестивниот систем се жлездите: црн дроб и панкреас.


Тие се помошни органи кои излачуваат сокови, кои го помагаат варењето на храната.
7. Црн дроб
 Црниот дроб лачи жолчка која учествува во варењето на маснотиите и ги чисти отровите од крвта. Исто така ги
разложува хемикалиите, лековите, алкохолот и др.
 8. Панкреас
 Панкреасот е жлезда со две функции. Тој лачи панкреасен сок кој ги разградува хранливите материи. А исто така
лачи хормон инсулин кој го разградува шеќерот во крвта.

You might also like