You are on page 1of 2

Естетика

Вовед во естетика
Естетиката е филозофска гранка која се обидува да одговори на прашањето : Што е уметност,
што е убавото?

Основач на современата естетика е Александар Баумгартен ( 18 век) кој се залагал за


комплетно осамостојување на оваа наука. Почетоците на првите обиди за да се објасни
уметноста и убавината ги среќавамево културата и филозофијата на старите грци. Потеклото на
зборот естетика е од латинскиот збор aestetis = осет, чувство и грчкиот збор filia+ sofia= љубов,
мудрост = љубители на мудроста. Александар Баумгартен = естетика- наука за сетилно
познание.

Потекло на поимот уметност


Појавата на поимот уметност ја пронаоѓаме во културата на хелените и римјаните. Латински
ars, грчки tehne. Овие два поими опфаќале широко разбирање на уметноста. Значењето на
овие два термини е поинаков од она што ние денес го врзуваме за поимот уметност; во овој
период tehne и ars се однесувале на умеење, вештина, знаење ( да се произведе, да се
направи предмет: куќа, говор, да се води битка, да се скрои облека...) Сево ова е уметност,
сите овие активности се поврзани со знаење и вештина да се направи нешт врз правила за
создавање. Во овој период за прв пат се случува поделба на арс и техне според принципот на
употреба на видот на силата: а) ars liberals = слободни уметности ( оние кои користат само
интелектуална и духовна сила : граматика, логика, реторика, аритметика, геометрија,
астрономија и музика); б) ars vulgares = прости уметности ( механички уметности- среден век;
овој вид на уметност укажува на доминација на физички труд: вајарство, градежништво. Во 18
век французинот Шарл Бате го објавува своето дело “Убавите уметности сведени врз еден
принцип” . Во ова дело Бате не упатува на осовременување на поимот уметност, со што истиот
се доближува до денешното толкување и опсег. Во делото набројал пет уметности и тоа:
сликарство скулптура, музика, поезија и танц ( игра). Кон нив ги додал и сродните уметности:
архитектура и говорништво. Според оваа теорија уметностите постојат со единствена цел да ни
предизвикаат задоволство.

Античка естетика
Првите естетски ставови и концепции ги среќаваме во хеленските, римските филозофски
обиди за толкување. Во овој период во античката естетика е општо присутен поимот
“калогагија” (убаво + добро) кој ги обединува убавината и добрината во едно. Во овој период е
општо прифатена миметичка теорија за потекло на уметноста. Грчки: mimesis = имитирање,
Како основен принцип во античката теорија за убавото е хармонијата, сразмерот на деловите,
симетрија итн.

Прв за хармонијата во антиката зборува Хераклит кој ја објаснил истата како соединување на
спротивностите. Според него се во светот е хармонија и број- сразмерност. Движењето во
светот и промените настануваат токму поради соединување на спротивностите. Во антиката се
сметало дека уметноста, музиката претставува важен аспект во воспитно образовниот процес.
Хармонија= единство на спротивностите = Хераклит.

Основни елементи на естетското познание


Естетиката поточно естетското познание почива на сетилата. Се што дознаваме за светот,
елементарното наше познание се открива преку сетилните апарати. 1. Естетска свест- свесност
или знаење дека восприемаме уметничко дело. Сознание дека творештвото има естетски
квалитетии вредности. Изострено сознание за вредностите на уметничкото дело. 3. Естетскиот
суд претставува наша индивидуална оценка на делото. Оваа способност “ да се донесе суд за
уметничко дело” им припаѓа само на образованите и искусните. 2. Естетско доживување- =
Георги Страделов. Моментот во кој што се восприема уметничкото дело. Неговото влијание
врз нашата душевна состојба, чувствата, емоциите кои делата ги предизвикуваат кај субјектот.

Античка естетика ( продолжение)


Питагорејците ј создаваат естетиката на музиката како математика. Откривајќи ги соодносите
помеѓу бројките тие укажуваат на врската помеѓу математиката и музиката. На пример, тие
откриле дека постои врска помеѓу должината на жицата и јачината на тонот. Укажувале и на
моралниот аспект на музиката. Питагорејците ја објаснуваат световната музика како копија на
космичката музика.

Платон ( 427-347 п.н.е.)


1. Свет на идеи ( вечен, непроменлив)
2. Свет на копии ( материјален, променлив, пропадлив)
3. Свет на копии на копиите
4. Свет на уметноста

You might also like