You are on page 1of 3

Маркетинг

Производ: амбалажа, функции, бренд, дизајн

Цена: ниски, престижни

Промоција: реклама

Дистрибуција:

Поради индустриализациајта кон крајот на 19 век повеќе не било проблем дали некој
производ го има на пазарот го има на пазарот или не; туку дали со своите специфични
карактеристики ги задоволува се поделикатните барања на купувачите. Исто така, поради
централна улога, што ја имаат потрошувачите пазарната економија, уште повеќе се зголемува
нивното значење и бизнисите почнуваат да се натпреваруваат за тоа како да ги привлечат. Од
таа конкурентска борба произлегуваат бенефиции или користи за сите страни па така
купувачите добиваат секогаш нови и подобри производи и бизнисите добиваат повеќе профит.
Зборот МАРКЕТИНГ потекнува од анго-францускиот збор што значи пазар. Според
маркетингот, купувачот има централна улога и фирмата работи за да ги задоволи се
поделикатните потреби на купувачите. Маркетингот е настојување да се понуди најдобриот
производ по најдобра цена наместо таа цена што им одговара на купувачите и за тоа треба да
бидат информирани. Од тука произлегуваат четири инструменти на маркетинг : производ,
цена, промоција и дистрибуција.

Производот во маркетинг

Производот е физички резултат од дејноста на фирмите или на бизнисите; ги задоволува


потребите на потрошувачите. Фирмите според маркетинг концепт се трудат да понудат што
поразличен производ кој ги задоволува најситните барања на купувачите. Освен прозводите
фирмите нудат и услуги за кои важат истите правила на различност и деталност. Во
маркетингот производот опфаќа неколку белези и тоа ја прави неговата комплексност.

 Белези:
А) Дизајн – обликот и бојата на производот. Се настојува тој да биде економски,
односно производот да биде прилагоден на финансиските можности на средината.
Б) Квалитет- тоа се однесува на карактеристиките што ги има производот за да ги
задоволи што подобро потребите на купувачите.
В) Функционалност – колку повеќе функции има некој производ, толку е попривечен.
Г) бренд- збор, слоган и знак што го прави производот впечатлив. Пример, Nike- just do
it.
Марките носат предност и за производителите и за купувачите. Предноста на
купувачите се гаранција за квалитет и потесен избор. Предности за производителите се
независна ценовна политика и лесно лансирање на производ.
Животен циклус во маркетингот

Иноватори – Рани прифаќачи – Рано мнозинство – Доцно мнозинство – Влечковци

Воведувањето на еден производ се нарекува лансирање на производ затоа што се


очекува пораст на продажбата. Животниот циклус на производот по воведувањето
опфаќа неколку фази и тоа: 1. Иноватори- тоа се поединци или фирми кои имаат
деловна политика за истражување и развој: фирмите што се лидери во некоја област
обично вложуваат во иновации и развој и така го движат пазарот ( опшеството) напред.
2. Рани прифаќачи- луѓе кои први сакаат да го имаат производот без разлика на цената
која е највисока во оваа фаза и покрај можните проблеми кои би се појавиле кај
производот. Тоа се оние луѓе кои први купиле електричен автомобил. 3. Рано
мнозинство – оние што ќе го купат производот и ќе забележат дека нема проблеми со
користењето на производот, а во случај за поправка на производот би имало доволно
сервиси. 4. Доцно мнозинство – ќе го купат производот кога веќе не се исплати да го
користат стариот. Пример, би купиле електричен автомобил кога повеќе не би можеле
да го користат стариот автомобил. 5. Влечковци – не сакаат нови производи.

Цената во маркетингот и економијата

Цената се формира под влијание на понудата и побарувачката но и пред се треба а ги


покрие трошоците во работењето.
Цената во економијата : сума што купувачот му ја дава на продавачот за некој
производ или услуга. Кога цената ќе се помножи со количината на производи или
услуги се добива нивната вредност. Оваа вредност на производите и услугите се
пресметува на ниво на фирми и институции. Тоа е во областа на микро економијата.
Бруто домашен производ е збир на пазарната вредност на сите финални производи и
услуги произведени во една национална економија ви една година.
 Според податоците во 2014 година БДП на МК изнесува 8,57 милијарди евра од кои
3,67 милијарди припаѓале на скопскиот регион. Истата година БДП по глава на жител
( per capita) изнесува 4,149 евра во МК, а по региони Скопскиот регион изнесува 5,959
евра, притоа скопскиот регион учествува со 42,8 % во БДП, а најмалку има во
северноисточниот регион. Нето домашен производ се добива кога од БДП ќе се
одземат странските инвестиции. Цената во маркетингот служи за привлекување на
купувачите и постојат два основни вида на цени:
1. Промотивни цени; а) намалени цени за поголеми пакувања; Б) драстично
намалени цени.
2. Психолошки цени; а) цени што завршуваат на 9; б) престижни цени, создаваат
статус.
Дистрибуцијата како инструмент во маркетинг

ДИСТРИБУЦИЈА се сите активности од произведување на производот до неговата достава на


купувачите. Дистрибуцијата како и другите инструменти на маркетинг имаат улога да ги
направи купувачите задоволни при што треба да го донесат производот на место и време што
ним најногу им одговара. Постојат две поделби на дистрибуцијата: физичка и онлајн.

1. Физичка а) директна е кога производителот преку својата мрежа на продавници им


продава дирекно на своите купувачи, притоа има предност затоа што е во директен
контакт со корисниците и може да добие feedback за производот, а како негативност
може да се наведе помалата достапност на производот во продажба.
б) индиректна - кога производителот користи посредници. Посредниците се трговија
на големо и мало. Предноста на трговијата на големо е во економија од обем и
добиваат пониски цени од производителот затоа што купуваат поголеми количини од
нив. Колку е подолг овој синџир толку цената е поголема, затоа трговијата на мало
некогаш се задржува за да добие пониски цени од производителите.
2. Онлајн е виртуелна продажба на производите кои не ги гледаме во живо.
а) веб-сајт – фирмата продава производи преку сопствен веб сајт.
б) апликација или платформа
в) агрегати- тие здружуваат многу веб сајтови на продавачи од една страна, а од друга
страна се купувачите кои купуваат онлајн ( пример на EBAY)
г) Flash продажба – понуди кои важат краток период ( пример Grouper)
д) Дистрибуција во два чекори- кога нешто се купува и продава онлајн.

You might also like