You are on page 1of 196

Пензионерски дневник трет дел

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

                

30.7.2020 г.  Четврток,

Со денешниот ден го започнувам третиов дел од дне-


вникот.Кога започнав да го пишувам пред околу четри месеци не
верував дека сеуште и по четри месеци ќе пишувам,и по напи-
шани повеќе од 450 страници пишувањето во дневников ми стана
секојдневна пријатна рутина.
Вчера додека одмарав по ручекот се сетив на скопскиот
шарлатан со прекор Боки 13.

      
Уште кога се појави во Скопје и Србија пред повеќе од 15 години.
Дебељушкаст со женски,педерасти манири и женска гардероба го
сврте вниманието на македон- ската,но и на србската
јавност.Уште кога се појави ми беше многу антипатичен,бидејки
такви типови воопшто не поднесувам.Со дречливи женски
чанти,со женски чевли и полу женска гардероба на скоро сите
мажи им беше анти- патичен.Со оперирани усни и женска фризура
изгледаше многу женски.Тие луѓе се според мене за
жалење,бидејки во тело на маж природата,сперматозоидите од
таткото и келиите од мајката направиле женска особа.Не се тие
криви што се два пола во едно тело.
Пред двеипол години Боки 13 отвори своја телевизија,што
многу од нас изненади,бидејки за отварање на телевизија од
калибарот кој се рекламираше требаат многу пари.Ги ,,собра‘‘
моментално најпознатите новинарски имиња од Македонија и
започна ударно да се пробива на медиумскиот пазар во нашата
мала земја.

1
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Со многу јака екипа новинари брзо стана една од нај популарните
и најгледаните телевизии.Се прашував прво од каде толку пари
за ваков проект, а второ од каде пари за големи плати на повеќе
новинари,бидејки тие не работат за помалку од 1000 или 1200
евра месечно.Целиот балон од сапуница пукна кога пред крај на
мината година излегоа на виделина некои негови измамнички
проекти и реќетирања на некои ,,тајкуни‘‘ од републикава.
Шарлатанот Боки е веќе седум,осум месеци во притвор,а обвинет
е во две афери.Во првата по завршеното судење доби затворска
казна од 7 години,а втората афера со повеќе обвиненија е во
судска расправа.
Несватлово ми е како многу врвни политичари од СДСМ
наседнале на неговите трикови и измамнички финти.Сите тие се
трудеа да ја добијат неговата наклоност и да покажат дека се
добри пријатели со него.Зашто?
Се чини дека аферава со рекетирање на Тајкунот Орце Камчев е
многу по длабока и оди кон врвот на СДСМ.
Очигледно е дека кога ,,пукнаа‘‘ аферите со ова педерче тој
е ,,пуштен‘‘ низ вода,како што се вели во жаргон,но Боки знае
многу валкани работи за врвните луѓе од СДСМ,кои прети дека ќе
ги открие.
Како што скоро целото судство е искорумпирано и труло сеуште
ништо не се знае со случајот на Боки 13,како и со пресудата на
бившата шефица на Специјалното обвинителство Катица Јанева.

Специјалното обвинителство беше формирано да го гони


големиот криминал и корумпираните судии и политичари,но за
жал госпоѓата Катица Јанева комплетно подбаци и го избрука
целото Јавно обвинителство иако во него имаше и чесни и
одлични обвинители и обвинителки.

      

2
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
      

30.7.2020 г.  Четврток,

Денешново утро стандардно.станување рано,кафенце


и спремање за возење точак.Вчера беше многу топло 38-39 сте-
пени,но ние посебно не ја осетивме врукината.со вклучување за
климите,една потоа друга и повторно првата во нашиов стан
беше сосема пријатно.Дури сношти кога излеговме кон паркот да
прошетаме и за свртам некој круг ја осетивме врукината која
сеуште беше во топлиот воздух.Мало разладување се осети
после 20 и 30 часот кога дувна многу слабо ветерче,но доволно
малку да освежи.Додека го пиев утринското кафе се сетив на
вчерашното интервју на со нашиот режисер Владимир Милчин.

3
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

  
По политичка ориентација е левичар,и беше голем подржувач на
СДСМ.Во последниве години е голем критичар на политиките и
владеењето на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Во неговите одговори на новинарката остро ги критикуваше овие
партии како и ДУИ кој е во власта околу 15-16 години а скоро
ништо значајно нема направено за албанскиот народ за да живее
подобро и да има малку подобар стандард.
Скор во се што кажа потполно се служувам со Милчин,бидејки
истото и јас го мислам за нашиве најголеми партии.

Единствена цел и прв приоритет им е да дојдат на власт,за да


имаат пристап до трезорот,односно до парите на народот и да си
земаат колку што можат повеќе.За граѓанството се секираат колку
и за минатогодишниот снег.
По добиениот глас од нив сега веќе не е интересен народот.
Политичарите го забораваат до следните избори,кога повторно
по којзнае кој пат ќе го спомнуваат во секоја втора реченица.
Додека го возев точакот низ паркот се сетив на еден од
моите омилени актери Џек Николсон.Меѓу многу одлични
филмови во кои сме го гледале во изминатите години средечно
ме изнасмеа една негова мисла која има длабоко значење и
гласи:
,,На возраст од 70 и повеќе години никогаш немој да му веруваш
на прдежот бидејки еден ден многу ќе те разочара.‘‘

4
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

     
Штета што овој голем актер не снима повеќе филмови,веројатно
поради возраста.

Моментално во Скопје,како и секоја година е изгор врело,од


35 до 40 степени.Вирусот си работи и се шири,со обзир на неди-
сциплината  и неидговорноста на граѓанството,а така за жал ќе
биде уште многу долго,додека не се вакцинираат барем 80 до 100
илјади граѓани.Повеќе пати и двајцата размислуваме дали има
резон да отидеме негде во Републикава.Охрид не доаѓа во
предвид поради тоа што е веќе преполн.
Во Дојран исто има доста гости бидејки никаде не е примаат
поради големите бројки на заразени од Короната.Помисливме и
на Берово и езерото,но некако сами не ни се оди.

  
Инаку Берово е идеално за летните месеци,посебно за пензио-
нери како што сме ние.Да не е епидемијава со вирусот и да имаме
друштво,уште еден пар за дружење и играње карти сигурно би се
одлучиле за Берово,но вака некако многу се мислиме.
До пред десетина години можевме и сами да уживаме на
одмор,но сега веќе малку потешко.
Кумата Мира не кани заедно да одиме во нивната викендица во
Отешево во почеток на септември, но и за таа опција многу се
мислиме,од повеќе причини.Една од нив е што гости повеќе од

5
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
три дена и најмилите гости стануваат проблем.Од друга страна да
се спремаме и пакуваме само за три дена на оваа возраст нема
баш некој резон.
Добра комбинација е 7 дена во Грција на море со пријатели,но
поради Короната за жал  не можеме да ја реализираме.
Останува сега за сега да дремеме во Скопје и да чекаме да
поминат вруќините и да се намали заразата со вирусот.

         

31.7.2020 г.  Петок,

Денес очекуваме да се опариме како што се вели во


народот.Наиме чекаме да ни префрлат пензии на трансакционите
сметки и да го покриеме минусот кој го имаме со регистрацијата
на колата- Фокусот.
Вчера беше многу топло.39 степени во Скопје, но бидејки немаше
никакво ветре топлината се осеќаше дури до 21часот,а можеби и
покасно.Стандардно отидов со точакот со паркот и свртев еден
круг.еднав на една празна клупа од каде можев во целиот видо
круг да гледам во зелената трева.Ча чуствував топлината која
скоро да не се намалуваше иако беше поминато 20 часот.Потоа
свртев пеш еден круг и се вратив дома.
Околу 21 часот без најава дојде внуката Срна со нивното куче
Џои.Носеше маска,како и ние двајцата.Направивме муабет околу
се и сешто,а потоа си замина бидејки Џој беше нестрплив и нер-
возен.Веројатно сака да шета,а не да се ,,мува‘‘ по станови.
Сабајлево станав малку зашеметен,веројатно од вруќината,
бидејки ноќеска беше доста топло,што не е нешто необично за
слопските летни ноќи.
Го пијам утринското кафе и брзам да излезам со точакот право
кон паркот.Стандардно свртев три круга,нормално пполека сега
за сега,а покасно би требало да забрзувам со возењето.
Додека го возев третиот круг една теткица страшно ме изнервира.
На празната асвалтирана патека кеде полека го возев точакот
пред мене одеше една возрасна жена.уште од далеку зазвонив со
ѕвончето,но таа не реагираше и слободно си одеше посредина на

6
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
патеката.се приближив и заѕвонив повторно,но таа не реагираше
како да е глува. Дојдов до неа и полека сакав да ја поминам од
левата страна каде имаше сосема тесен пролаз.

Патеката беше водена од околните прскалки и поливање со долго


пластично црево,па предното тркало се отклизна малку и јас
полека заедно со точакот се навалив и паднав во тревата.Бидејки
многу полека возев падот беше како во успорен филм и воопшто
не се повредив. ,,Госпоѓата‘‘ да не речам некој многу погрден
збор,туку само занесената,игнорантски настроена некултурна
баба тогаш се заврте и додаде:
,,Да не Ви треба помош?‘‘
,,Не благодарам,‘‘ одговорив луто.
Додека одговарав се мислев дали да и се истурам и да ја напра-
вам ,,партал‘‘ како би рекле младите,но се воздржав бидејки ако
на секого му одвраќам ќе треба цел ден само тоа за зборам,што
ми е многу мрско и ме нервира.
,,Ви паднал телефонот,‘‘ рече таа и покажа кон мојот мобилен кој
лежеше во тревата испаднат од падот.Ја погледна ладно и
луто,го земав телефонот,се качив на точакот и заминав по
патеката.Таа џукела не најде засходно дури ни да се извини
поради тоа што се случи,за што и таа беше делумно виновна.
Кога се вратив дома се пресоблеков и со фокусот отидов
во ,,Сити Мол‘‘ да ги погледам и пробам патиките ,,Адидас‘‘ кои ги
бендисав на ,,Сајтот‘‘ на ,,Спорт Вижн‘‘.Тамо по сите прописи
продавачите и продавачките носеа маски,а секако и јас.
Љубезиот дечко на компјутерот веднаш го најде избраниот модел
и донесе еден пар број 44,5 да ги пробам.
Десната беше горе доле добра,но левата малку тесна.Донесе пола
број поголеми-45 кои одлично ми одговараа.
,,Колку е цената со попуст,зар не ?‘‘ прашав нестрпливо иако 
знаев од нивната интернет страница дека чинат 3200.оо ден. со
попуст.
,,Сега ќе видам,‘‘ рече и повторно побара на компјутерот.
,,Овој модел на ,,Адидас‘‘ со попуст чини 2200,оо денари‘‘ рече
тој.
Отворив очи многу изненаден и помислив,
,,Веројатно погрешил и видел за друг модел,‘‘ не не реков ништо.

7
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

,,Дали имате наша картица?‘‘ праша веднаш.


,,Немам,немам картица од вашата фирма,‘‘ одговорив.
,,Сега ќе Ви отворам.Бесплатна е,‘‘ додаде повторно тој.
Ги дадов моите генерали и бројот на телефон за да добивам 
најнови информации за разни поппусти,и конечно кога ја подадов
мојата ,,Мастер ‘‘ картица рече,
,,Со сите попусти и бонус за прво купување кај нас цената ќе биде
1650.оо денари.‘‘
Го погледнав со чудење и се прашував дали се шегува или
стварно толку чинат овие прекрасни бели патики токму по мој
вкус. Ја отштампа сметката и заедно со картицата ми ја подаде.
Ја погледнав сметката и стварно цената беше 1650,оо. Неверо-
јатно. 
Бев спремен да платам 3200,оо за овој модел,бидејки претхо-
дните два пара патики кои сеуште ги носам чинеа 4000,оо и
вториот 3100,оо денари,а не се воопшто подобри од овие кои сега
ги одбрав и ги купив.
,,Чувајте ја сметката.Ако има проблем,можете да ги замените во
рок од 14 дена,или да Ви ги вратиме парите.‘‘
Се заблагодарив и многу задоволен со ќесата и патиките во неа
заминав.Одејки кон Фокусот си помислив,
,,Баш ми е драго што и кај нас има фирми кои работат потполно
исто како и во европските земји,на пример како во Германија и
некоја скандинавска земја.‘‘

8
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сношти планирав да возам точак како ипретходните денови,
но за жал големиот ветер,а потоа и дождот не ми дозволија да си
направам уште еден ќеиф.      

 
1.8.2020 г.  Сабота,

Како скоро секој ден,и денес станување во 6 часот и


веднаш спремање во гардероба за возење точак.Времето е обла-
чно и малку свежо во споредба со последните неколку дена.
Со паркот бев за дивно чудо потполно сам.Буквално немаше
никој сем мене,што никогаш до сега не се случило.Свртев два
круга и седна на клупа малку да здивнам,иако возев сосема по-
лека.На ,,Стикот‘‘ кој го купив пред околу две недели и одговара
со едниот приклучок на новиот мобилен телефон предедна
седмица снимив повеќе аудио книги меѓу кои и неколку од нобе-
ловецот Орхан Памук.Ја вклучив книгата ,,Истамбул‘‘ и одслушав
скоро едно поглевие кое ми се бендиса бидејки Истамбул како
град многу го бендисувам и се вбројува во неколку те светски
метрополи кои највеќе ги сакам.Иако најмалку 8-9 пати сум го
9
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
посетил,како приватно така и службено,повторно со радост би
отишол во овој прекрасен град.

         
Во книгата,барем во тоа поглавие кое го ислушав сабајлево многу
сликовито и реално е опишан градот со сите свои белези и специ-
фичности.
Слушајки ги поедините описи се подсетив на првата посета на
Истамбул далечната 1985 година кога со Гордана и свастиката
Бети отидовме на гости кај нивните пријатели чичко Јакуп и тетка
Мушареф.Престојувавме една недела,при што посетувме многу
интересни знаменитости.Не се сеќавам зашто не ја
посетивме ,,Топ Капи‘‘ како многу значајна знаменотост од
предходните векови.Посебно ми се бендиса црквата-
џамијата,односно музејот ,,Аја Софија‘‘ која е доминантна во
центарот на градот.Исто така многу интересна е така
наречената ,,Покриена чаршија‘‘ или како што турците ја
викаат ,,Капали Чарши‘‘.

10
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Од двете страни на стотиците  уличиња наредени се мали
дуќанчиња со најразлична роба,како и мали гостилници, слатка-
рници и продавничиња за храна и разни зачини.
Истамбулската гастрономска понуда е посебна приказна.
Стотици, или илјадници мали
гостилници,слаткарници,ресторанчиња и убаво големи ресторани
наредени низ градот,но долж бредот на Босфор нудат огромен
избор на разни ориентални јадења,слатки и пијалоци.Оваа
ориентална кујна посебно ја бендисувам вероја- тно поради
фактот дека и нашата е доста слична бидејки да не заборавиме
дека околу 500 години сме биле под турско роп- ство,така да
нашите кулинарските специјалитети се многу слични, или исти со
турските.
Кога ќе поминете низ улиците каде има повеќе гостилници и
слаткатници ќе ве опие прекрасниот мирис на разните јадења.
 Излозите на слаткарниците преполни со најразлични слатки
многу силно осветлени што им дава посебна убавина.Ретко кој
минувач може да одолее на оваа понуда од безбој разни слатки,
од кои највеќето прелеани со шербет.
Истамбул е нешто посебно,нешто што тешко може да се опише со
зборови.Треба да се доживее и тогаш може вистински да се цени
овој извонреден град.

Додека возев низ паркот во еден момент се подсетив на


најпознатата германска направа за кодирање во втората светска
војна која се вика ,,Енигма‘‘.

Машината,направата за кодирање наречена ,,Енигма‘‘ е досега нај


совршен и најдобаар уред за кодирање и декодирање на шифри

11
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
во целиот свет.Во поедноставен облик била измислена од пол-
ската тајна служба многу пред втората светска војна.Германските 
стручњаци за кодирање потоа за неколку години ја усовршиле и 
направиле практично да не може да се ,,пробие‘‘.
Со примена на оваа направа во сите родови на војската,а
посебно во морнарицата германската армија нижела големи
победи.
Американските конвои кои носеле храна,гориво и оружје за
британските сојузници многу често биле откривани од герман-
ските извиднички авиони,а потоа уништувани од нацистичките
подморници.
Британците брзо го сватоле значењето на оваа направа и се
организирале да ја ,,пробијат‘‘ односно да го дешифрираат
кодирањето за да можат да ги имаат сите врски и наредби кои ги
изравале нацистичките штабови кон капетаните на подморниците
и другите војни германски бродови.
Ангажирале десетина познати математичари меѓу кои бил и Алан 
Туринг.Сите работеле дено-ноќно но долго време не можеле да го
откријат принципот на шифрирање и дешифрирање на оваа
фантастична направа иако имале еден примерок заробен од исто-
чниот фронт.По долготрајна многу напорна работа
математичарот туринг успеал да го ,,разбие‘‘ шифрирањето и со
тоа спасил десе- тици илјади животи пред се на британски и
американски мор на- ри, но и огромни количини оружје,гориво и
храна која патувала од Америка до Англија во поморски конвои. 
За оваа феноменална направа многу е пишувано.Писателот
роберт Харис напишал и книга со наслов ,,Енигма‘‘, а истата е и
екранизирана.Иако сум го гледал овој филм пред пет,шест години
Сакам повторно да го гледам и затоа вечерва повторно
го ,,симну- вам‘‘ од интернет.Исто така има и друг филм за овие
настани околу работата на откривањето на шифрата кој се
вика ,,Имитејшн геим‘‘ во кој е вклучена и работата на Алан
Туринг.

12
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

   
Овој генијален научник и математичар,за жал немал среќа во
животот.Според сексуалната ориентација бил хомосекцуалец што
во времето по втората светска војна било забрането и
казнувано.Бил осуден и казнет со неколку години затвор.
По изржувањето на казната не можел да се помири со односот на
друштвото кон овој тип луѓе,и по неколку години извршил само-
убиство со јадење  јаболко во кое претходно вбризгал јак отров.
Вечерва околу 19 часот отидовме кај ќерката Сања на кафе
како што таа ги нарекува неофицијалните посети.Како и секој пат
не понуди со повеќе работи,а ние се одлучивме за сладолед и
ладна лубеница.
Внукот Филип сабајле замина со другари во Охрид, а Сања со
двете ќерки планира да одат од 10 ти август исто во Охрид во
некој хотел со сопствен базен.Зетот мора да работи бидејки
сеуште е нов на новата работа,така да  многу зафатен.
Сања не вика и ние да одиме во истиот хотел каде цените се
пристојни,околу 27 евра за полупансион по особа.Ние се многу
мислиме бидејки малку е ризично за нашата возраст да се
шеткаме во Охрид и тоа во хотел.Ќе видиме.Имаме уште време за
одлука.
Додека ние разговаравме на балконот сите со маски и на
безбедно расојание на отворено внуките гледаа фотографии од
минатите десетина години кои ги имам на екстерниот ,,Хард диск‘‘
кој го донесов кај нив.Многу интересни и убави спомени од разни
летувања во Грција со внуците,како и разни родендени во Скопје.
Фотките се неверојатно убаво подсетување на некои прија-
тни и весели моменти во минатите години кога тие беа мали,а ние
малку помлади и секако поубави.Ха,ха,ха.
 

13
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

2.8.2020 г.  Недела,

Вториот ден од викендов започнува стандардно со утри-


нско кафе и возење точак низ паркот.Веднаш по станувањето во 6
и 30 и средувањето,без да пијам кафе го грабнав точакот и право
кон паркот.Тамо немаше жива душа.Буквално никој.На раат изво-
зев два круга и седнав на клупа да си починам малку.Не сакам да
форсирам иако имислам дека имам сила уште за два,три круга.
Се подсетувам на критиките од синот кој многу често ме крити-
кува  дека многу форсирам и затоа успорувам.Сепак не треба да
заборавам дека не сум повеќе млад со своите 73 години.
Додека седев ја пуштив аудио книгата ,,Третиот близнак‘‘ од
многу популарниот писател Кен Фолет кој веќе има напишано
повеќе од дваесет романи.Тој е еден од моите омилени
автори,како по содр- жината,така и по жанрот кој најчесто е
шпијунажа,научни трилери, но и историски романи.

     
Многу интересен роман како по содржината,но и по стилот на
пишување.
Сум прочитал повеќе негови романи и сите многу ги бендисувам.

14
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Читајки ги неговите книги се обидувам да го впијам стилот и
начинот на пишување,а потоа колку што можам да го
прифатам,да не речам грубо да го ископирам.Во
книжевноста,пишувањето копирањето не е ниту можно,ниту
пожелно,ниту добро.Најдобро е секој да пишува со својот стил и
начин на изразување,но јас се тешам дека не сум ниту
писател,ниту книжевно едуциран за пишување,а талент можеби
во промили.Како што и порано напишав мене за сега ова ми
причинува големозадоволство,што мене ми е најбитно.Немам
намера да издавам било која од напишаните книги,ниту
дневникот.Ги пишувам за своја душа и свое задоволство,а
познато е дека задоволството нема цена.
Вечерва стандардно отидовме до паркот.Јас свртив два
круга,а Гордана испешачи исто два круга.На враќање се јави
внуката Срна да провери дали сме веќе дома,бидејки поминувала
по нашата улица со електричниот тротинет.Се сретнавме на
плочникот наспроти нивната зграда.
Срна ми понуди да го пробам по втор пат тротинетот што јас со
радост прифатив.свртив еден круг по тротоарот до семафорите
кај хотелот на ,,БС‘‘ и брзо се вратив до местото каде што тргнав.
Тротинетот одлично се движи,секако ако се умее убаво да се
управува.Потоа и Гордана сврте едно половично
кругче.Задоволни од се се вративме дома. 
Претходно се чув со Сања и ја замолив утре да види дали има
двокреветна соба во истиот хотел ,,Белви‘‘каде ќе бидат и они  во
истиот термин  и да резервира.По долго и темелно размислување
решивме и ние да им се придружиме со намера да носиме маски
цел ден,сем кога ќе влегуваме во вода.
Сношти Сања ни испрати прекрасни фотки од хотелот каде се
гледа и сопствениот базен и плажата.
Се надевам дека ќе има слободна двокреветна соба во термин од
10.8 до 16.8. За да бидеме заедно со ќерката и внуќите.
Хотелот изгледа сосема солидно според сликите.Ако има место
лично ќе се увериме во ова.

15
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

   
Сакаме да земеме полу пансион,бидејки со цел пансион многу ќе
јадеме и ќе се поправиме што не е добро за нашата возраст.
Малку е ризично во однос на персоналот во кујната,но тоа е тоа.
Инаку ние сигурно ќе бидеме дисциплинирани и насекаде ќе
носиме заштитни маски.

3.8.2020 г. Понеделник,

Првиот ден од неделата секогаш бил еден од најуба-


вите бидејки е почеток на нови свежи желби и надежи,секако
после петокот како последен ден од работната седмица.
Денес за среќа,или за жалост на некои како нас е продолжен
викенд и неработен ден,бидејки вчера беше втори август кој е
државен празник,па така според законот за државни празници се
померува неработниот ден ако се падне во недела.
Скопје денес е полу празно,а можеби и уште по празно.Лето
е,почеток на август и врв на летната сезона да годишни одмори,
посебно во овие услови на досегашни ограничувања,како во
движењата,така и во патувањата.
Надвор е многу топло,околу 36 степени,но со уредите за разладу-
вање некако се справуваме со врукинава.Во младоста и на два-
јцата скоро да не ни сметаа високите температури,но сега во овие
години многу ни сметаат вруќините.
Се подсетив на ноќешниот сон на кој како во магла се
сеќавам.

16
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во него бев лекар,со бел мантил и околу мене имаше неколку


медецински сестри и ми се чини уште еден лекар.Во некоја
болница лекувавме болни пациенти,а јас давав инструкции која
терапија треба да ја дадеме за да се подобри нивната состојба.
Досега никој пат не сум се сонувал како доктор во бел мантил,
иако таа професија ми  беше желба уште од детството.
Веројатно преокупацијата со пандемијава и секојдневните слики
и информации од медиумите за заразените и излекуваните,како и
на многу битната улога на докторите во овој процес доведе до
мое сонување за неостварената желба да станам доктор.
Додека лежев и дремев по ручекот сонот не ми доаѓаше што
не е вообичаено,бидејки обично многу брзо по легнување
заспивам.Мислите ми летаа низ минатото и изминатиот живот.
Се сетив на студиите,работата во ,,Раде Кончар‘‘ и на многу убави
моменти со сопругата и заедничките патувања низ Европа.
Во овие моменти ме фаќа голема тага и чуство дека се убаво
поминало и дека останува само уште малку време до крајот
на ,,претставата‘‘ наречена живот.
За среќа овие тажни илоши мисли кратко ме држат,а потоа
повторно се враќам во нормала,односно во нормале секојдневен
живот,кој тече и немилостдно се движи напред кој крајот.
Попладне го вклучив преку лап топот на телевизорот фил-
мот ,,Имитеишн геим‘‘ каде се зборува за познатиот матема- тичар
од Британија Алан Туринг кој ја ,,пробил‘‘ Нацистичката направа
за шифрирање и дешифрирање на воени пораки во втората
светска војна наречена ,,Енигма‘‘.

17
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Филмот е извонреден,во кој многу сликовито претставен целиот


процес на работа со разбивањето на ,,Енигма‘‘ како и животот и
работата на овој голем научник и голем математичар.Иако овој
филм за прв пат сум го гледал пред десетина години со
задоволство го гледав по втор пат,бидејки во најголем дел сум го
заборавил.

4.8.2020 г.  Вторник,

Сабајлево започна нормален секојденевен ден.Се


разбудив скоро како секој ден пред 6 часот.Додека лежев и се
расонував на ум ми дојде мојата личност,јас конкретно.Си ги
наброив моите перформанси,како физички така и карактерни.
Веднаш се запрашав:д,,Дали би сакал да бев малку повисок,да
речеме 185-190 сантиметри,наместо моиве 173‘‘.Потоа
продолжив:
,,А да бев малку по згоден и подобро граден,а.‘‘ 
,,Можеби и малку по паметен и по вреден,и по комуникативен,а
помалку зло памтило и понекогаш малку злобен?‘‘
‘‘Тоа би биле идеални карактерни и физички особини,‘‘ си
помислив,но таква особа најверојатно не постои.Тоа би било
превише идеално.‘‘
,,Сепак добар сум си и ваков како што ме створила природата со
сите мани и врлини,‘‘  заклучив мудро и станав од креветот.
Се средив набрзина бидејки сонцето веќе добро светеше и
грееше.Се облеков набрзина во кратки панталони,кратки бели

18
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
чорапчиња,црвена мајца со кратки ракави,како и белите ,,стари‘‘
патики ,,Најки‘‘ кои сега по перењето со детерџент и трљањето
крвнички со груба четка изгледаат солидни и многу бело,иако се
доста стари.Отидов со паркот и свртев два круга,а потоа по
рутина се одмарав на клупа во сенка и продолжив да ја слушам
аудио книгата ,,Третиот близнак‘‘ која е многу интересна,токму по
мој вкус.
Потоа се вратив дома и по лесниот доручек отидов прво до
работилницата за поправка на гуми каде ги допумпав гумите на
точакот,а потоа и до пазарот ,,Буњаковец каде купив овоштие за
следните две дена.И натаму,но и на враќање возев под сенка
колку што можев,но сепак кога дојдов дома бев добро испотен
како од возењето,така и од вруќината.
Сега добро освежен и измиен ги куцам овие редови со вклучен
клима уред во дневната соба.
Пред два дена ја дочитав првата книга од Петер Хандке ,,Несреќа
без желби‘‘ која не беше воопшто лоша иако на почетокот не ја
бендисав,веројатно поради многу лошиот превод.
Сега се спремам да ја читам втората книга од истиот
автор ,,Стравот на голманор од пенал‘‘.
Насловот е малку чуден,но веројатно нема да биде ниту
досадна,а ниту пак лоша.Се надевам.

       
Бидејки за сабајлево немав некоја посебна задача ниту желба
започнав да ја читав оваа книга.Читањето книги во последниве

19
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
години по слабо ми оди, и највеќе зависи од моменталното
расположение кое за жал често се менува од повеќе причини.
Една од нив слабата здравствена состојба,друга е датумот на
производство,сваќајки дека многу години поминале и дека оста-
нато е само уште малку време до тргнувањето кон вечноста.
Во вакви моменти кога ниту ми се чита некоја книга,ниту ми се
гледа некој филм,а уште помалку ми се работи нешто друго,
пишу- вањево многу помага,бидејки тоа скоро секогаш е добро за
попо- лнување на часовите со лошо расположение.
Сега седнав во спалната соба со вклучена клима да пишувам
уште малку бидејки ништо друго не ми се прави.

Пензијата ја сватив како период кога треба да се прави тоа што


сакаме,секако во согласност и без правење глупости кои не би ги
одобрувала мојата поубава половина.Сметам дека не би било
воопшто фер да правам нешто што на Гордана би и било многу
мрско,но и на децата Сања и Мартин.
Во врска со последново познавам многу луѓе кои во овие години,
по 70 тата одеднаш почнуваат да прават глупости и да ги срамо-
тат како децата така и сопругата.
Од никогаш не сум ги сакал луѓето кои немаат срам,што
веројатно  ми останало од мајка ми која постојано не учеше дека
срамот и моралот се многу важни во животот.Луѓе без морал и
без срам се ништо,чиста нула.
Одкога ја прочитав книгата ,,Несреќа без желби‘‘ каде низ
целата книга авторот пишува за животот и несреќите на својата
мајка,дојдов на идеа и јас да напишам книга или некаков расказ за
мојата мајка Евгенија каде би го раскажал ои опишал од мој агол
како син нејзиниот делумно несреќен живот,во кој светла точка
бевме ниа, трите нејзини деца.Се двоумам малку бидејки ако
сакам да пишувам вистина,а секако дека сакам,ќе мора да пишу-
вам и за татко ми,а тоа не сакам никој да го чита,иако многу наши
роднини и фамилијарни пријатели,како и комшии убаво го позна-
ваат и го знаат неговиот карактер и понашањето низ животот.
За сега ќе чекам извесно време,а потоа ќе одлучам дали да
напишам се што знам и што сум чуствувал или тоа ќе го оставам
за понатаму.

20
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

5.8.2020 г.  Среда,

Сабајлево станав доста рано,бидејки во 9 часот треба да


одам во клуниката ,,Систина‘‘ кај мојот уролог доктор Лековски.
Обавезно темелно туширање рано сабајле и потоа право кон
клиниката.
Секој пат кога треба да одам на Урологија нестрплив сум што по
брзо да одам и да завршам работа.Иако ова е неминовно и го
практицирам три години кај истиот доктор,сепак малку се чуству-
вам нелагодно и тажно.За среќа оваа соостојба брзо поминува и
повторно се враќам во нормала по околу два,три часа.
Сабајлево разговаравме пиејки кафе за овоштието кое ни се
нуди во Скопје во последниве 20 тина години.Констатиравме дека
тешко може да се најде убаво и вкусно овоштие.На оваа не
наведе
ќерката Сања која пред 4-5 дена донесе грозје која го добила од
колешката Верче која има големи лозови насади во валандов-
скиот крај и винарија.Бидејки имаше доста донесе околу 2 кило-
грами и ние да пробаме.Грозјето беше црно,со големи цврсти
зрна,за нас непозната сорта и многу слатко.Такво грозје не сме
јаделе во последните 20-30 години.Неверојатно,но кога вечерта
ни кажа дека ова грозје комплет го извезуваат низ европските
земји и Русија,се стана јасно.Веројатно истото се случува и со
праските и јаболките кои ги има кај нас во солидни насади.
Колку што можам во моментов да се сетам од овоштието кое го
има во нашата земја само црешни и јагоди јадеме и сме јаделе со
одличен квалитет и вкус.тоа е веројатнопоради тоа што јагодите
се многу нежни како за транспорт,така и за тракност,а најквали-
тетните црешни кои доаѓаат од охридскиот регион се во мали
сепаратни количини кои не можат да се извезуваат во такви коли-
чини.

21
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    
Црешите,секако најдобрите-охридските се едно од моите омилени
овоштија,иако сите ги сакам и ги јадам.
Оваа година веројатно поради ситуацијата со пандемијата јаде-
вме и јадеме доста скапо овоштие.Најдоброто што се нудеше и се
нуди во нашава околина,во ,,Капиштец‘‘ и на ,,Рузвелтова‘‘ со
цените е скоро исто како и во Германија и други европски земни.
Одлични цреши јадевме по цени од 2,5 до 3 евра за килограм,но
тоа е тоа.
Овоштието многу го сакам уште од детството.Буквално сите
овоштија.Би можел да јадам цел ден само овошје.
Кога бев дете и во младоста мислам дека уште повеќе го
сакав,веројатно поради тоа што не можев да си го дозволам кога
сакам и колку сакам.
         Надвор е многу облачно.До пред малку многу врнеше.Ова
лошо време ми одговара од неколку причини.Прво да се разлади-
ме маку по високите температури последниве денови,а второ 
несигурно е дали ќе престане да врне до попладне и дсли
придвечер ќе може да возам точак во паркот.
Останува да чекам и да видам.😷🤔
      На вакво,никакво време ми дојде мислата за нашите
животи,на секој човек уште од детството па до самиот крај.
Животот е голем океан во кого пловиме секој со својот чамец или
кајче,ако сакате.Пловењето,со која брзина и со кој успех доста
зависи лично од нас.Колку сме способни,цврсти,истрајни и
упорни,толку по лесно и успешно ќе пловиме.
Секако тука доста големо влијание има и времет,односно среќата
како пандан за времето.Без среќа не можеме далеку да стигнеме.
Многу од нас по кратко време се откажуваат со тешката борба со
невремето и олујите кои се јавуваат по пат и потонуваат на
дното,а само силните и упорните со малку среќа успешно пловат

22
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
низ океанот наречен живот со самиот крај кој за жал секогаш се
покажува како многу по лош од замислениот.
Додека сме сами,неоженети пловиме сами со своите
желби,мисли и хирови.Кога ќе запловиме во брачните води на
истиот чаме пловиме со сопругата,а потоа заедно и со своите
деца.

    
Кога ќе пораснат децата едно по едно го напуштаат тој фамили-
јарен чамец и запловуваат сами на свој чамец,или со својот
брачен партнер.
Во ова пловење кон некој замислен феноменален остров  каде се
е убаво и пријатно,или рај како што го викаат во библијата, некој
пат има бури,немирно море,а понекогаш е мирно и прекрасно.
Мора да сме цврсти и упорни за да ги пребродиме сите бури и
олуји.
Попладне дојде внуката Срна да не види.Сите носевме
маски и седевме на безбедно растојание.Разговаравме за повеќе
работи меѓу кои и за летовањето во Охрид каде ќе бидеме во
истиот хотел.Сигурно ќе ни биде забавно и весело како и секаде
каде сме биле заедно.
Вечерва времето се подобри,но сеуште беше свежо.Со ќеиф
отидов со точакот до паркот и свртев три круга.По краток одмор
се вратив дома.
Ја земав пеглата,шишето за фајтување, даската за пегла-
ње,како и повеќе мајци кои сакам да ги испеглам.
Скоро сите планирам да ги носам во Охрид и затоа ги испеглав
сите осум мајци.За да не правам само една работа одеднаш,ја
слушав и повремено фрлав поглед на нашата пеачка на забавни
мелодии Ребека која гостуваше кај познатиот Буљаш,како што јас
го именувам Јанко-Јади бурек.

23
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Од секогаш изгедала солидно,и пее добро,но дека е толку
интелегентна и паметна не сум знаел.
Посебно ме изненади нејзиниот силен и цврст карактер кога
зборуваше за нај стариот син кој е болен од Аутизам и како после
таква состојба во фамилијата се одлучила да имаат уште едно
дете,а потоа излегло дека се близнаци.Тие се живи и здрави со
сите нишани,како што велат старите.
Кога ја велам оваа фраза ,,како што велат старите‘‘ обавезно си
се насмевнувам,бидејки и јас сум веќе во таа група на ,,мудраци‘‘.
 

06.8.2020 г.  Четврток,

           Добро утро дневниче,најдобар пријателе.Зашто најдобар.


Па затоа што немам куче,а ,,добрите" пријатели полека за жал ме
напуштаат.Зашто? Интересно прашање,со познат одговор.
Повеќе пати сум се прашувал и секогаш заклучувам дека за жал
во животот повеќе или помалку се се сведува на интерес.
Некои се дружат со нас за да имаат друштво,а некои од можна
корист и слично.Некои луѓе многу сакаат да се дружат со
образовани,успешни и пријатни особи,но само ако и тие нив ги
ценат,бидејки секој има по неколку врлини и способности за
нешто.Проблемот е што колку што некој е помалку образуван,или
помалку имтелегентен,толку повеќе е во заблуда дека е многу
паметен и дека знае скоро се.
Тие ,,паметни‘‘ луѓе ниту  во сон не слушнале,а и да слушнале не
ја сватиле суштината на познатата мисла на големиот грчки
фило- зов Сократ кој рекол:
,,Сега знам дека ништо незнам.‘‘

24
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Пријателството е многу голема работа и многу значајно во
животот на секој од нас.Секој сака да има пријатели,но на праша-
њето зошто некои луѓе имаат многу пријатели,а други многу
малку не е лесно да се одговори.Првенствено поради фактот дека
скоро сите ние,луѓето или ако сакате човечките суштества имаме
многу големо,а понекои и преголемо мислење за себе,и сметаме
скоро секогаш дека проблемот со пријателството е во дтугите,а
не во нас,што е многу погршна теза.Проблемот е првенствено,
спо- ред  моето скромно мислење во нас самите.
Работата,или као што обично се вели обострана,и во двете лич-
ности кои претендираат да бидат пријатели.Некои луѓе со самата
појава и лик,кој најчесто е одраз на карактерот привлекуваат
пријатели и сите сакаат да се дружат со нив,а други пак обратно,
сите ги одбегнуваат.Тука е убаво да се спомене мудрата мисла на
некој многу паметен кој рекол:
,,Некои луѓе ќе ве сакаат,било што добро или лошо да
направите,а други нема никогаш да ве сакаат што и да
направите.‘‘
Оваа мисла е многу вистинита,бидејки сите ние самата појава на
некоја особа ни е одбивна,било по гардеробата,изгледот или по
понашањето.А од друга страна некои луѓе имаат ,,мила ѕвезда‘‘ и
на сите им се бендисуваат како личност првенствено.
Но тоа е тоа.Природата ни дала карактер и надворешен изглед и
ние не можеме многу да промениме колку и да се трудиме.
Тие луѓе кои немаат многу пријатели од разни проминенции и
занимања,во кои и јас спаѓам, пишувањето дневник,односно
прифаќање на дневникот како еден од најдобрите пријатели е
одлична опција.Понекогаш,дури често,ми доаѓаат овие зборови:
,,Ти дневниче секогаш си верен и ми стоиш на располагање во
секое време.Стрпливо примаш се што ќе напишам без да комен-
тираш и ,,попуваш".Знаеш да чуваш тајни,нормално ако јас ги
чувам и не зборувам за нив на други лица.‘‘
Тие што имаат куче исто можат да му се исповедаат и зборуваат
се и сешто без да им замери или одговори миленикот,но
чувањето куче има доста обврски,скоро исто како и мало дете.
Оваа комбинација со дневник мене за сега ептен ми одговара,се
додека имам што да пишувам во него,а да не биде секој ден скоро
исто.Мислите и размислувањата сосема другачие звучат и изгле-
даат кога ќе се стават на хартија,односно кога ќе се одкуцаат во
дневникот.
25
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од хотелот ,,Белви‘‘ ни потврдија една двокреветна соба,но


за жал без поглед кон езерото од 10.8. до 16.8. Кога ќе престојува
и ќерката со внуците во истиот хотел и термин.
Од денес полека почнувам да одвојувам работи кои ќе ги носам
во Охрид и ги ставам по стара навика на креветот во работната
соба кој сега е  празен бидејки внуците поради пандемијата не
смеат да спијат кај нас.
Сношти додека одмарав на клупа во паркот по извозени три
круга ја отворив аудио книгата за учење англиски јазик ,,Франкен-
штајн‘‘ од британската писателка Мери Шели. Ова звично видео
пропратено со текст на англски јазик е одлична опција,барем за
мене,бидејки воедно слушам убава книга,во скратен и поедно-
ставен облик,и учам,повторувам англиски,а побнекогаш и возам
точак во исто време додека слушам.Убавина.Три во едно,како
што е познатата ТВ реклама за ,,Нес‘‘ кафе.

                   
Книгата е извонредна иако слушав само еден дел.Според
овој роман екранизирани се повеќе филмови во последните 50-60
години.Нестрплив сум да продолжам да ја слушам оваа книга,но
според моите секојдневни планови,кои најчесто се многу обемни,
ќе ја дослушам до крај кога ќе возам точак,или ќе се одмарам во
паркот.
Сабајлево е дожливо,врне и доста е тмурно.Ништо од
возење точак.Затоа имам доста време дома да завршам некои
работи.Додека гледав вртејки ги видеата на ,,Јутјуб‘‘ наидов на
многу интересен видео канал на некој си кој поставил многу,дури
премногу, околу 770 видеа со приказни и мниги со текст и аудио
за учење англиски јазик.Ова ,,откритие‘‘ многу ме израдува, биде-
јки на едно место сега ги има скоро сите видеа со текст и звук.

Надвор сеуште врне,а јас се обидувам да напишам нешто,


што не би било досадно,или да се повторувам.На телевизорот се

26
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
прикажува филмот  ,,Зелената книга‘‘,кој доби оскар за најдобар
филм во 2019 година.
Првиот пат кога го гледав го оценив како просечен,но сега
кога го загледав по втор пат сватив дека се работи за извонреден
филм кој заслужено го доби највидсокото признание во
филмската уметност,а тоа е оскар за најдобар филм.

      
Сценариото за филмот е напишано според вистинските ликови.
Црнецот пијаност стварно постоел,патувал и свирел низ Америка,
како и возачот кој го придружувал на тие патувања.Полека
станале многу добри пријатели и другари кои останале пријатели
до крајот на нивните животи.
Во филмот на извонреден начин е преставено прашањето на
дискриминацијата на црнечкото население во пеесетите о
почетокот на шеесетите години.Преку брошурата ,,Зелената
книга‘‘ која содржи упатства за црнците каде смеат,каде не да
влегуваат,и сите други детали околу дозволеното за обоените во
америка,а посебно во јужниот дел какде се во најголем број и
каде расната дискриминација е нај изразена.
Преку ликот на црнецот пијанист и неговиот изнајмен возач со
кого патуваат низ Америка и каде црнецот свири на концерти и
забави преставени се карактерите на два разни лика сосема
спротивни ,но и слични во некои основни морални принципи кои
треба да се почитуваат во животот.

7.8.2020 г. Петок,

Д
     ,, обро утро драги дневниче.Повторно сме,како и секој
ден заедно.Стрпливо чекаш да напишам нешто интерени и паме-

27
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
тно.Јас немам такви претензии,бидејки сум свесен за моите кни-
жевни квалитети и преформанси,и затоа не се надевај многу дека
ќе добиеш нешто многу битно и интересно.‘‘
Денес времето не е добро.Облачно и свежо.Од вчерашниот
долго- траен дожд се е сеуште влажно и мокро.Затоа сабајлево,за
жал не отидов да возам,а за вечер ќе видиме,веројатно нема да
врне и ќе може да се вози.
Познато е дека во секоја лоша работа има и нешто добро.Така и
со вчерашното лошо,врнежливо време.Ноќеска беше свежо и
убаво се спиеше,што е битна и убава работа.
Многу ме радува новиот телефон бидејки има неколку
предности во однос на претходниот,а најбитни се многу појакиот
звук кој е изузетно битен за мене,нова верзија на оперативниот
систем ,,Андроид‘‘ со која доста побрзо се влучуваат сите
содржини на интернет,а посебно видеата на ,,Јутјуб‘‘,и трето што
има поголем екран и по долготрајна батерија.

       
Полека ова уредче или ,,Гаџет‘‘ како што го викаат на ,,Запад‘‘ и
мене ми стана нераздвоен другар,без кого тешко би функциони-
рал нормално.
Покрај стандардните пораки,видеа и разни информации и сите
други подсетници кои до скоро ги пишував на разни
ливчиња,сега ги ставам,пишувам во подсетникот кој го викаат  ,,р
имајндер‘‘ и памти буквално се.Вакви и слични апликации има
безброј буква- лно за се и сешто што ќе ни падне на памет.
Веднаш штом ќе станам го земам во рака да видам што се слу-
чило  во светот и што има ново на информативните портали, како
и на ,,Јутјуб‘‘.
Денес веќе штампаните весници,односно дневни новини веќе
ретко кој од младите луѓе ги купува и чита,бидејки се има на

28
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
информативните портали и може да се читаат секаде и во секое
време бесплатно.Сите дневни весници ги има на интернет и се
достапни за секого.
Меѓу најдобрата која редовно ја користам е платформата ,,Грид‘‘
каде буквално има се.

     
Покрај најновите вести од сите новини има и многу колумни од
разни новинари кои ги пишуваат за разни весници како и за
престојните културни и спортски манифестации како и  ТВ про-
грами,филмови и се друго интересно за корисниците на интернет.
Од вчера планиравме да одиме до трговскиот центар ,,Веро‘‘
наспроти Народната банка,каде има голема продавница ,,Џамбо‘‘
и да си купиме некои работи за одморот во Охрид.Околу 11 часот
тргнавме,а претходно застанавме пред библиотеката ,,Браќа
Миладиновци‘‘ каде го паркирав Фокусот,а јас за тоа време
скокнав со пазарот ,,Буњаковец ‘‘ и купив овоштие и зеленчук.
Кога се вратив Гордана уште чекаше пред влезот,бидејки дозо-
луваат само еден по еден да влегува внатре,нормално според
протоколот за заштита од вирусот Корона.Бидејки пијам лек за
поголемо измокрување,а пијам и многу вода,го прашав портирот
на влезот дали може да влезам и да отидам до тоалетот.
Тој грубо одби со објаснение дека сите тоалети се затворени,а
отворениот на приземје е само за персоналот.Му обласнив дека и
јас сум член на библиотеката,но тој категорично и грубо одби да
ме пушти внатре.Почекав неколку минути,а потоа повторно се
вратив на портирницата и му објаснив дека пијам лек за поголемо
измокрување и дека имам проблеми со простатата.Тој ме
гледаше бледо,а потоа се сврте кој неговиот колега кој исто така
седеше во
портирницата и со поглед  го праша.Другиот грубо и просто ми
рече:
,,Добро бе,ајде оди тамо и сврши работа.‘‘

29
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Го погледнав,но не реков ништо,бидејки морав да отидам до
тоалетот.Завршив работа,и излегов со горчлив вкус во грлото и
помислив,
,,Со ваков однос кон луѓето на обичните вратари и портири нема
шанси да не примат во европската унија уште 20-30 години,а
можеби и повеќе.‘‘
Овој пример повторно по кујзнае кој пат го потврди моето,и не
само моето мислење дека уште долго не сме зрели за тоа евро-
пско друштво.Нашиов народ за жал е доста прост и недоволно
или подобро кажано слабо образуван,а моралните,етичките, 
другите основни принципи во животот малку се почитуваат и
практикуваат, посебно во последните 20 тина години.
Огромен дел од народот воопшто не се ниту свесни,ниту го
чуствуваат  нивното примитивно и просто однесување и мислад
дека се е во ред со нивното однесување кон останатите,како и во
почитувањето на законите и одредбите. Жалосно,но тоа е тоа.
Многу лош пример на народот даваат и политичарите со своето 
просто,алчно и лоповско однесување и делување.
Вечерва да се пролуфтираме отидовме со паркот каде јас свртев
два круга со точакот,а Гордана испешачи малку.Додека седевме
на клупа се јави внукот Дарон и се договоривме да се најдеме
наспроти Министерството за економија каде има округол Види-
ковец со дрвени клупи.Набргу дојде снаата со внукот и кучето
Бартон.Поседовме на долгите клупи,ние со маски,а тие на безбе-
дно растојание. Во меѓу време Гордана се слушна со синот
Мартин и му кажа дека сме резервирале соба во хотел ,,Белви‘‘ во
Охрид.Тој се изненади и убаво ја искара велејки дека тоа е голема
глупост и дека не може да биде безбедно.Ова малку не освести и
сега сме во голема дилема дали да откажеме,што според ќерката
не е никаков проблем, или сепак да одиме.
Останува оваа дилема да преспие и утре сабајле дефинитивно да
решиме дали ќе одиме или ќе откажеме.

30
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

8.8.2020 г.  Сабота,

Како и претходните викенди,така и овој започна стан-


дардно.Утринско кафе,две големи чаши со вода на празен желу-
дец,во кој исцедив еден лимон,токму според препораките на нут-
риционистите и докторите.Потоа  со точакот кон паркот да се
извози сабајлешната тура низ истиот.Бидејки станав многу рано,
околу 5 и 30 часот имав време и малку да се позабавам со пишу-
вање.Брзав да напишам отприлика тоа што сум мислел низ полу
сонот во утринските часови пред да станам.
Ноќеска слабо спиев,што не е мој обичај. Обично солидно спијам
Иако често станувам еднаш или два пати за во тоалет,но тоа
веро- јатно е нормално за мојата возраст.Синоќешната дилема
околу одењето во Охрид за два дена остана да лебди во воздухот
и мислите.Обидувајки се да ја игнорирам некако сум заспал.Знам
дека сум сонувал повеќе работи,претежно лоши,но за среќа на
ништо не се сеќавам сем на утринскиот полу сон,полу јаве.
Се прашувам дали тоа беше последица или одраз на двете фотки
кои ми ги испрати сестра ми преку ,,Вајбер‘‘ на кои сме цала моја
фамилија додека бев беќар.Покрај мене седи Гордана,а лево
сестра ми Вита.До неа снаата Горде,а позади братот Таки,мајка
ми 
Евгенија и татко ми.Снимени сме на некоја пољана на Водно.
Веројатно за втори мај или така некако,бидејки сме со облека со
долги ракави.Оваа фотка ја имам и јас на хартија и повеќе пати
сум ја гледал.На неа сите имаме среќни и весели лица.Дури и
мајка ми изгледаше весело и среќно,иако најчесто беше озбилна,
со загрижен поглед,бидејки и животот и беше сличен со татко ми
кој беше со чуден табиет и многу незгоден.

31
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тој беше шегаџија,па дури и кога не треба се обидуваше да биде
интересен.Оваа фотографија е една од ретките каде сме сите
заедно,а единствена на која сите изгледаме среќно.
Братот Таки беше скоро оженет,бидејки јас и Гордана сеуште се
забавувавме.Тоа беше или 1971,или 1970 година.Апаратот на
татко ми ,,сам‘‘ не сликаше,бидејки имаше опција ,,Ауто клипс‘‘ со
која по избрано кратко време сам фотографира.Овој фото апарат
кој беше модел од пред втората светска војна се отвараше за
сликање и се правеше ,,мев‘‘ од платно во отворена положба,
спремна за сликање.

Кога бев многу мал,на шест,седум години многу сакав токму јас
да гоносам околу вратот овој фото апарат.Дури имам и неколку
слики со футролата околу вратот.На фотката погоре,која ја најдов
на интернет е токму тој модел кој го имавме,а сигурно сеуште
стои во некое ќоше во станот на мајка му,каде сега живее снаата
со синот.
Се одалечив малку од идеата да напишам нешто за сабајлешниот
полу сон. Низ мислите ми помина дл од животот,а посебно после-
дните 20 тина години.Иско на јаве сматрам дека не сум љубо-
морен,посебно не сега по 60 тата,во сон или полу сон понекогаш
сонувам дека мојата Гордана флертува со некој друг маж,што
мнпгу ме изнервирува и натажува.Тоа е веројатно поради тоа што
сеуште ја сакам,што тешко може да се каже за обратната ситу-
ација.
Љубовта е многу итересен,сладок,но и имагинарен поим.Кај
некои луѓе дпаѓа и полека заминува,а кај други останува до крајот
на животот.
Сабајлево по утринското кафенце го јавнав точакот и право
кон паркот.Со радост свртев три круга, или како што велат
хрватите ,,са гуштом‘‘,а потоа малку одмарав на клупа и слушав
аудио книга на англиски со наслов ,,Афричка пустоловина‘‘ која

32
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
беше многу интересна,така да продолжив да ја слушам и кога
возев уште два круга.Ја дослушав со задоволство.

             
Книгата е за тинечџери,но има убава содржина и јаки пораки.
Текстот е малку упростен токму за учење англиски јазик.Ме
радува што практично целиот текст го разбирав,сем два,три
збора,што не е никаков проблем.Во новата апликација ,,Видео
плејер‘‘ која ја симнав за новиот мобилен телефон има опција да
слушање на видеото со брзина која може да се избира,малку
побрзо,повеќе брзо,како и за поспоро има повеќе брзини на
репродукција.Оваа можност многу ми одговара,бидејки видеата
со аудио од порталот ,,ББЦ лрнинг инглиш‘‘ се доста брзи,и ако
има повеќе непознато зборови многу брзо оди напред и нешто не
го разбирам до крај.Во вакви случаи избирам по спора репроду-
кција,на пример 0,9 или 0,8 од нормалната и се е во ред.Истото се
случува при слушање и гледање видеа од платформата ,,Бритиш
кансл лрн инглиш‘‘.
За разлика од овие две видеата и текстот на платформата ,,ВОА
лрнинг инглиш‘‘ која е американска се по спори така да нема
потреба од успорување.
По возењето свратив во маркетот ,,КАМ‘‘ и купив некои работи за
домаќинство и јадење и се вратив дома каде ме чекаше госпожата
да слушне што мислам во врска со синоќешната голема дилема
околу одењето во Охрид.Јас долго размислував за тоа и
заклучив дека сепак за нијанса сум повеќе да одиме одколку
не.Гордана која го слушна мојот одговор изјави дека таа е повеќе
да не одиме одколку да одиме.За Сања мислев дека е повеќе за
33
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
да одиме,но сум згрешил.И таа е повеќе да не одиме по сите
можни ризици од заразување кои во детали ги изложи
Мартин.Сума сумарум 3:1 за да не одиме,па така дефинитивно,за
жал решивме да не одиме.
Гордана се јави на Сања која потоа ја откажа собата.Така несла-
вно,но здравствено сигурно се заврши нашата авантура со одење
во Охрид на краток одмор уште пред да започне.
Куќата која ја гради синот,односно мајсторите кои ја градат е
при крај и сакаме повторно да ја водиме како се изгледа бидејки
многу работи се вградени и завршени.Чекаме синот да најде
слободен термин денес,утре,да не однесе и покаже што се е
завршено во споредба со последната посета од пред 15-20 дена.

9.8.2020 г.  Недела,

Денот за вистински одмор започна стандардно со


утринско кафенце и возење точак во паркот.По извозени три
круга низ паркот седнав на клупа малку да се одморам.Секој пат
бирам клупа со поглед кон големата зелена површина покриена
со убава трева.Паркот беше празен,сем две лица кои ги шетаа
нивните кученца.Тихо,мирно и фантастично надополнето со
извонредниот поглед кон тревниот парк.Зелената трева оросена
со утринската роса ја полни душата и срцето.Слушањето книги во
ваква атмо- свера е голем ќеиф и одлична релаксација,барем за
мене.Во ова време на ограничено движење,и изабегнување на
кафеани и ресторани овакава релаксација е прав мелем и големо
уживање.

34
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    
Овој преубав парк е изграден пред околу 8-9 години.Пред тоа на
ова место имаше многу ,,Канадски тополи‘‘ кои беле насадени
пред околу 40 ина години.Просторот беше неравен,без патеки и
не урбанизиран ниту уреден.Многу не радува парков кој за
македо- нски услови икритериуми е одличен.За жал по некој пат
кантите за отпадоци,кои ги има во доволен број не ги празнат
вработените во ,,Паркови и зеленило‘‘, но тоа е тоа,македонска
работа и аљка- вост.Одржувањето на паркот е просечно,иако има
многу луѓе задо лжени за ова одржување.
Било како било овој парк е прекрасна работа,посебно за нас пен-
зионерите кои масовно го користиме. Покрај нас и младите бара-
чни парови со мали деца и бебиња доста го користат.
По утринското возење се вратив дома и веднаш уште по ладо-
вина отидов на мојот омилен пазар,а тоа е ,,Зелен пазар‘‘.

   
Пазарување,посебно на мојот пазар ми преставува големо
задоволство.Љубител сум на Шќембе чорба која многу добро ја
спремаат во едно ресторанче на јужниот влез од пазарот.До деке-
мври минатата година често седнував на чорба било сам или
сонекој пријател.Оваа година,за жал воопшто не сум бил на
чорба 
прво поради операцијата,а потоа поради вирусот Корона,но и
поради  гихтот кој ме нападна на крај на месец април.

35
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сеуште го избегнувам црвеното месо,црвеното  вино и ракијата.
Истото важи и за шкембе чорба.
Времето конечно се поправи, и полека се стпли,а од утре се
очекуваат и високи 32-35 степени. Август е и во Скопје, но и
повеќето градови во Македонија летните жештини се нешто
нормално.
Утре ќерката Сања со внуките ќе одат во Охрид во
хотелот ,,Белви‘‘ каде и ние требаше да одиме,но поради вирусот
и суге- стиите на синот се откажавме.Штета.Вечер ке одиме кај
Сања да се поздравиме со нив и да ги честиме внуките со некој
денар за летовањето. Нормално со маски и седење на балкотот
така да безбедноста ќе биде потполно запазена.

10.8.2020 г. Понеделник,

Добро утро дневниче,пријателе.еве ме мене повторно кај


тебе за да ти соопштам,напишам нешто.Започна нова седмица,но
наместо сега да патуваме кон Охрид јас седам пред лап топот и
си куцам што ќе падне на памет.Времето е оправено.Сончево и
доста топло.По рутинската тура со точакот низ паркот право
дома.
Синојка отидовме да видиме до каде стигнале со довршува-
њето на градбата на новата куќа во населбата ,,Влае‘‘ која се
наоѓа од другаата страна на реката Вардар кон населбата ,,Ѓорче
Петров‘‘ кој е практично споена со градот.

 
Не изненади се што видовме.Знаевме дека ќе биде убава куќа со
сите новини во граде жништвото, но сепак не воодушеви се што
видовме.Подното греење е една од новите и модерни работи кои

36
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
се вградени.Огромната дневна соба го голема кујна со ,,отрво‘‘ за
припремање јадења како и голема трпезарија,кои се сите во еден
заеднички простор.Одлични детски соби со свое извонредно купа
тило,спална со сопствено прекрасно купатило, и  голем и долг
балкон.Некои работи се довршуваат,а на крај ке остане да се
посее со трева големиот двор и да се засади некаква жива ограда
долж страничниот простор кој ги оделува со соседната куќа од
левата страна.Внуците се посебно реадосни на новата куќа и
весело трчаа и се задеваа низ сите соби,но и во дворот.
На крајот си заминавме со големи импресии од се што видовме и
отидовме кај Сања да се поздравиме со неа и внуките кои денес
заминаа за Охрид.
Вчера еден пријател ми испрати мал смешен видео клип со
една шега,на кој слатко се изнасмеав.Сакав да го ставам тука
дневниче за да го видиш и ти,но и останатите кои можеби во
иднина ќе го отворат овој дневник,но за жал не може да се
испрати од ,,Вибер‘‘ на лап топот,а потоа да го ,,симнам‘‘ и префр-
лам тука.Ретко кој виц или шега,но и видео клип волку ме засме-
ал. По доста долго барање во огромниот албум со слики во ,,ЈПГ‘‘
формат на екстерниот ,,Хард диск‘‘ конечно ја најдов сликата од
1967 година на која сум сликан со мајка ми и Таки и Вита на стара-
та  железничка станица.

    
Сестра ми Вита ми ја бараше оваа слика  на која сите сме млади и
солидно изгледаме.Јас војник на редовно отсаство,во униформа
и донекаде згоден,но и млад на 20 години.
Прекрасен спомен.Фатен е моментот кога сите сме весели и
здоволни од се што имаме и што се случува.
Многу убаво се сеќавам на тоа лето кога бев на редовно отсаство
при одслужувањето на воениот рок.Со гордост шетав во војни-
37
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
чката униформа низ градот и имав чуство дека сите гледаат во
мене,но и јас гледав безброј војници кои шетаа низ градот.
Пред одење во војска,морам да признаам,слабо ги приметував
војниците кои шетаа низ градот,иако и тогаш ги имаше приближно
во ист број како и кога бев на отсаство.
Брат ми, кој за жал не го примава за одслужување на воената
обврска бидејки беше многу слаб,имаше голем мерак да биде
војник,и повеќе пати ја ставаше мојата ,,Титовка‘‘ на глава со
коментар,
,,Гледај,нели ми стои одлично.‘‘
Ние го тешевме малку на шега дека многу убаво му стои капата,но
дека е подобро што не го земаат во војска,бидејки вијската е
голема ,,заебанција‘‘.
Тоа лето,многу верно се сеќавам шетавме на скопското корзо,кое
во таа година во главном беше на плоштадот низ средината во
два смера.Имав чуство дека многу девојки ме загледуваат и дека
ме бендисуваат,но тоа беше само мое интимно чуство.Дали
стварно беше така,никој не знае,ниту ќе знае.
Ја гледам сликата и мислите ми летаат во тие денови кога бев
војник и кога имав стотина желби и големи амбиции.Бев млад,за
некои девојки симпатичен,но со многу високи критериуми кога се
однесува до девојките.Тие на кои им бев многу симпатичен и кои
сакаа да се забавуваат со мене,јас не ги бендисував некои делу-
мно поради изгледот,гледиштата за животот,а некои поради,
според мене слабата интелегенција.
Од секој пат ме интересирале паметни и убави девојки,но таква
во тоа време на младоста не можев да запознаам и таа да сака да
се забавува со мене.Во тој период пред и по војската,се до запи-
шувањето на факултет имав неколку кратки врски од 3-4 недели,
по што јас раскинував бидејки девојките не беа тоа што јас го
барав,а не сакав да ги лажам и да се влечкам со нив и понатаму.
Пред ручек ми се припи пиво,и бидејки не сум пиел од пред
три или четри дена,кога со ручекот испив една чаша,решив да
испијам една мала лименка  Амстел.
Ладното пивце со малку кашкавал одлично ми дојде,но по
ручекот и стандардното дремење од околу еден час,кога станав
малку ме болеше главата.
Прва помисла ми беше дека веројатно е од пивото.Сега додека ги
куцам овие реченици сеуште имам мала главоболка која се
обиду- вам да ја решам со повеќе кратно плискање ладна вода на
38
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
слепо- чницата и на очите.Оваа терапија досега во последните
неколку години успешно делува,а за овој пат ќе видам по еден,
два часа.

11.8.2020 г.  Вторник,

Денес планирам ако не биде многу топло по обаве-


зното возење точак да отидам со точак до централата на Коме-
рцијална банка и да си го подигнам /ваучетор од 2000,оо денари
кои кумулативно се добива со користење на мојата Мастер
дебитна картичка.Планирам да го подарам на Гордана,со кој може
да си купи што сака  по желба во повеќе од 40 продавници во
Трговскиот центер ,,Сити мол‘‘.
Сабајле околу 8 и 30 часот го јавнав љубимецот и дирекно кон
плпштадот каде се наоѓа Комерцијалната банка.Уживав возејки се
по обележаната патека на тротоарот.На неа имаше доста велоси-
педисти,од кои повеќето девојки.Во банката строго се почитуваат
протоколите за заштита од вирусот.По мало чекање завршив
работа и добив две ,,гифт‘‘ картички од по 1000,оо денари.
Потоа расположен и весел свратив на пазарот ,,Буњаковец‘‘ кој
ми беше уз пат и купив заленчук и овоштие.Брзав да се вратам
порано дома,бидејки после 10 часот е веќе доста топло.
Возејки се кон центарот мислите ми одлетаа на синоќешната
прошетка со Гордана до паркот и седењето на клупа.Додека се
одмаравме јас зборував,како што правиме најчесто,а госпожата
слушаше.За да има нешто за разговор раскажував нешто за сес-
тра ми од еден дијалог со неа од пред околу две години. Збору-
вавме за гојазноста и потребата од водење сметка за килогра-
мите.Бидејки сум по зборлив од гордана,многу често јас збору-
вам, а таа слуша. Во последниве години,одкога се пензионирав
немам веќе некоја посебна желба,како што имав порано,да збору-
вам и да раскажувам нај различни случки и обични работи.

39
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Веќе повеќе години сум приметил дека јас сум доста по искрен и
отворен од госпожата,што не ми се бендисува.Сметам дека и
двата партнери,сопружници треба да се максимално отворени и
искрени еден спрема друг.Но за жал,во нашиот случај не е баш
така.Веројатно и во најголем број од брачните двојки е слично,
што мене не ми се бендисува.
Во нашиов случај јас се обвинувам себеси за ваквиот однос,и
мислам дека не треба да сум толку отворен и искрен пшосебно со
обзир на спротивната страна.
Се обидувам да се корегирам во овој однос,но тешко ми оди.
Едноставно се заборавам и започнувам да зборувам повеќе од
што треба.Штета за мене.
Пред да отидам до банката најдов една интернет платформа
за 1000 бесплатни аудио книги што многу ме израдува.

     
Но набрзо видов дека сите книги се на англиски јазик.За жал
мојот англиски не е толку добар за да можам да читам книги,и
белетристика,и скоро се да разбирам.Штета.
Многу ме радува слушањето на аудио книги од повеќе аспекти.
Прво и нај битно е што може да се слушаат и да се вози точак,а

40
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Второ што паралелно жоже да се прават и други работи,како на
пример да се вежба со рацете,тегчиња и слично,или со нозете.
Трето исто така битно е што многу книги можат да се стават во
мобилен телефон и да се слушаат било каде,во парк,на плажа,во
автобус или авион.
Пред кратко време се јавив на внукот да видам како е, и што
прави, и да го поканам на пастрмалии кои тој многу ги сака.
Тој веднаш се јави со ктаткото,
,,Здраво дедо,што правиш.‘‘
Не чека јас прво да го прашам како е,бидејки јас се јавувам.Потоа
на моето прашање,
,,Ние сме добри,ти што правиш,,‘‘ кратко одговара,
,,Добар сум,кажи.‘‘
Не разговара,туку само кратко прашува зашто се јавувам.

Го поканив на ручек и две пастрмалии, тој кратко,


,,Може,во колку саат?‘‘

    
,,Во 13 и 45 минути,ако ти одговара,‘‘ одвратив,а тој заврши со,
,,Добро,ќе дојдам,ај чао.‘‘
Зашто две пастрмалии? Прво затоа што не се многу големи.А
второ, внукот е голем,сеуште раст и има голем запетит за тоа што
го сака.Инаку кога ние јадеме пастрмалии од овој тип-замрзнати,
доволни ни се две за двајцата.
Другите внуци разговараат со нас,но не и Филип.Сакам да
верувам дека како ќе расте ќе се промени,барем малку.
Сите внуци меѓу себе се доста различни,но така имора да
биде.Секој со својот карактер и  наследени и стекнати особини.
Некој повеќе личи на еден родител,има карактер делумно на некој
од дедовците или бабите,или родителите,а другите имаат други
комбинации на наследните особини.
41
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Независно од тоа сите поеднакво ги сакам и сметам дека секој од
нив треба го следи својот карактер,но и ако може и сака да се
угледа по некои добри работи на брат или сестра.Ова е многу
тежок захтев бидејки секој од нив,барем на оваа сеуште детска
возраст мисли дека тоа што го прави е вистинското.Но тоа е тоа,и
ние,посебно дедовците и бабите трба да ги прифатиме такви
какви што се, и да не се трудиме да ги менуваме,бидејки нема да
има никаков ефект.
Некоја ситна примедба или предлогче веднаш нема да има
ефект,но можеби покасно,по повеќе години ќе се сетаат што сме
ги советувале и тогаш евентуално ќе не послушаат.

12.8.202 г.  Среда,

Денес е голем и битен ден за Гордана,но и за мене.


Сабајлево во 8 часот има закажано преглед на очите кај
нејзината докторка офтамолог Биљана Трифуновска во кли-

42
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
никата ,,Систина‘‘, а потоа решавање на Катарактата на едно-
то око со вметнување на мулти фокална леѓа.Оваа поста-
пка,или мала-лесна операција трае неполни  десет минути и
се врши со Ултра звук.Тоа е доста одавно рутинска опера-
ција,која секојдневно се врши на повеќе пациенти,и до сега
имаат извр шено повеќе илјади вакви мали операции,од кои
сигурно најмалку 99 проценти се успешни.
Ноќеска многу слабо и лошо спиев.Веројатно е поради
синоќешната средба со сестра ми и жучните дискусии и
полемики околу живеачката во овој дел на градот,па и
населбата ,,Влае‘‘ во споредба со населбата ,,Кисела вода‘‘,
каде живее постарата нејзина ќерка.Имавме многу
спротивставени гледишта и секој упорно се обидуваше да ги
докаже своите ставови со некои аргументи.Полемиката беше
доста бучна и жучна,што во принцип воопшто не ми се
бендисува,но таа ме повлече со своите,по мене погрешни и
пристрасни ставови.Ме нервираат луѓе кои мислат и така
зборуваат дека се тоа што тие го прават е нај паметно и нај-
добро.Не ми е јасно како не сваќаат дека не постои човек кој
секогаш правел и прави се нај добро.Тоа е идеализам и
голема илузија.Тоа што за некого е најдобро,за друг не е, а
дури може и да биде лошо или многу лошо.
И најголемите умови,лидери,мудри луѓе сваќале и сваќаат
дека по некој пат поради разни причини,или едноставно
поради погрешни гледишта,правеле гршки,и ќе прават во
иднина.
Тоа е суштината на работите,но многу е чудно што повеќе
луѓе не го сваќаат тоа,или сакаат да веруваат,и самите себе
се уверуваат дека е најдобро и најисправно тоа што тие го
прават.
Бидејки по природа сум многу емоционален, вакви
полемики ниту ги сакам,ниту ги почнувам.Едноставно ми се
одвратни, но за жал,понекогаш несвесно ги прифаќам и
влегувам во дискусија и полемика,а потоа се кајам зашто
воопшто сум полемизирал кога знам каков ќе биде исходот.
Цело време надмудрување и субјективни гледишта кои
многу често се многу пристрасни.Во однос на овие
размислувања има една многу убава мисла која гласи,
43
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
,,Да се расправаш со идиот е како да играш шах со голуб.
Колку да си добар,тој на крајот на играта ке се исќења на
шаховската табла.‘‘
После било какви полемики со некои пријатели или
роднини,или дури и комшии,вечерта обавезно слабо и лошо
спијам,бидејки несвесно  ми се враќа ,,филмот‘‘ и повторно
ги доживувам сите жучни дискусии и надмудрувања.
Има многу луѓе кои уживаат да полемизираат и да се надму-
друваат и докажуваат.Такви имам и во фамилијата,но и
пријатели.Мене едноставно тоа ме возбудува и ми прави
нелагодно чуство.Овие особини,според мене делумно се
наследни,но делумно и стекнати во детството и младоста.
Мајка ми Евгенија беше потполно истата.Не сакаше да се
надмудрува и многу да филозофира и полемизира.И во оваа
особина јас личам на неа,што посебно ми се допаѓа.За раз-
лика од неа татко ми многу сакаше да се прави паметен,иако
не беше баш многу,и сакаше да се докажува и наметнува.
Сестра ми во тој и во некои други работи е на него.
И тој сѐ што правеше мислеше и зборуваше дека тоа е супер
и дека тоа е многу добро и умно,иако во многу случаи беше
далеку од добро и умно.
За жал,како и сите деца имаат некои наследни особини од
едниот,а други од другиот родител,така ијас имам некои
наследни особини и од татко ми,кои со големи напори се
трудам да ги поништам или максимално намалам.
Познавајки се себеси,барем така сакам да верувам,мислам
дека ги знам моите слаби точки,или поточно речено лоши
особини,и се обидувам да не ги правам или да ги намалм
колку што е можно повеќе,а дали секогаш успевам,тоа е
големо прашање.
Како што претходно Гордана закажа ставање леќа на
десното око,односно решавање на катарактата во
клиниката ,,Систина‘‘ сабајле рано се упативме на клиниката.
Веднаш ја примија и се се заврши за помалку од два часа
заедно со сите припреми и одмарање по интервенцијата.Се
се заврши успешно,во што воопшто не се сомневавме
бидејки овие интервенции се голема рутина во оваа
44
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
клиника.Секојдневно се прават најмалку 15,а понекогаш и
повеќе вакви мали операции.По успешно завршената работа
во 10 часот заминавме дома.
По пат свративме кај мојот стоматолог каде ја оставив дол-
ната протеза за корекција бидејки едната жичана куќичка се
скрши.Уште од дете сум слаб со забите и скоро секоја
година морав да вадам по еден заб,така да сега на мојава
возраст,за жал, останаа многу малку.

13.8.2020 г.  Четврток,

Помина половина од седмицата,и во неа се случија доста


битни работи.Сабајлево стандардно извозев набрзина четри
круга во паркот и веднаш се вратив дома.Потоа веднаш отидовме
на клиниката ,,Систина‘‘ на Офтамологија на контрола.Гордана се
качи во одделот кај нејзината докторка,а јас останав да седам  на
клупа на задниот дел од клиниката со прекрасен поглед на реката
Вардар и убаво подкастрената трева.Уживав во фантастичниот
поглед и размислував.
,,Се радувам што ме прават среќен малите работи како на пример
одличните нови бели патики ,,Адидас‘‘,а пред тоа уште по радо-
сен  со купување на новиот мобилен телефон кој за сега е одли-
чен по сите мои критериуми.Го користам максимално од утро до
легнување навечер.
На враќање по пат застанавме во марќетот на ,,Тинекс‘‘ наспроти
Драмскиот театар и испазаривме овоштие и зеленчук.
По полувина час се јави мојот стоматолог со информација дека е
средена мојата протеза.Повторно се облеков и отидов да ја
земам.Тој пријатно ме изненади бидејки без пари ја дотерал,а
зашто не знам.Расположен се вратив дома и припремив ручек.
Направив пире кое го вежбам за да го научам добро.Со убава
салата ручавме,а Гордана претходно си испржи една кременадла.
Доброто расположение сеуште ме држи и планирам вечер повто-
рно да возам точак,а Гордана малку да пешачи.

45
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Додека седев покрај реката Вардар се сетив на повеќе мои прија-
тели.Сегашни,но и поранешни.
Повторно и по којзнае кој пат заклучив дека за губењето на многу
мои пријатели во главном сум самиот виновен,бидејки сум голем
кусурџија,односно ситничар.

    
Сите пријатели ги гледам како на ,,ренген‘‘ и многу ми сметаат
неискрености и нивен личен интерес во нашето пријате- лство.
Секако дека и јас имам многу мани и недостатоци,но мислам и
сакам да верувам дека во скоро сите пријателства сум се трудел
да бидам коректен и толерантен.
Најверојатно тие со нивните очи другачие ме гледале и доживу-
вале. Секој пат сум сметал дека пријателите трба да се
максимално искрени еден кон друг,без задни и нечесни намери,
поради некој интерес и корист.
Мислам дека многу добро се познавам себеси,а една од моите
карактерни особини е мала арогантност,која јас ја толкувам како
интегритет,која покрај големата ситничавост и многу лесно
лутење дури и за ситници е пресудна за губењето на повеќето
пријатели.
Тука не ги бројам пријателите кои се дружеле со мене со
потенцијален интерес дека можеби ќе можам и ќе сакам да им
завршам некоја бирна работа или услуга.Сега кога сум одавно во
пензија и кога не можам и да сакам да им помогнам со моето
работно место во ,,Раде Кончар‘‘ не сум повеќе интересен.
Такви пријатели не ми требаат,ниту порано ми требале,а уште
помалку сега.
Секој од нас си има свој карактер и табиет,и тоа треба да се
респектира.Мислам и сакам да верувам дека се трудам овој

46
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
принцип да го почитувам,но сметам дека многу квази
пријатели,но и некои роднини не го почитуваат.
Во прилог на оваа мала анализа на моето пријателство со лудето
е и моментот дека сите се замислувам повеќе од тоа што сме,но
за жал некои се замислуваат многу,многу повеќе од тоа што се.
Уште еден момент кој не е за занемарување е дека во минатото,но
и сега повремено,за жал зборувам повеќе од тоа што треба,па ја
кажувам вистината  и кога  не би требал,а тоа ги погодува многу
луѓе.
Сите  сакаме да слушаме убави зборови за себа,а не суровата
вистина која многу боли.Некој пат спонтано,без контрола ја
кажувам на пријателите и мислам дека тоа скоро никој не ми го
проштева,иако е гола вистина.
Многу луѓе кои се дебели и имаат 10-15 килограми повеќе и се
свесни за тоа,не сакат кога некој друг ќе им каже дека се дебели и
треба да ослабнат.

14.8.2020 г.  Петок,

Дојде и последниот работен ден во оваа недела. Рано 


утро. Во 5 и 30 кога станав тихо,мирно и малку свежо.Полека се
намалува денот и сега не е веќе многу светло во 5 и 30,како што
беше пред околу еден месец.                                                  
Планирам и денес со задоволство да возам,но треба да почекам
до 7 часот за да и ставам капки во десното око на Гордана.Потоа
шибам право кон паркот.
Синојка додека одмаравме на клупа госпожата се слушна со
синчето и меѓу другото разговараа и за финансии и трошкови.

47
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
На прашање како стоите со трошковите му спомна дека овој
месец имаме многу трошкови кои планираме да ги покриеме од
пензиите во неколку месеци,но сега сме во ,,дебел‘‘ минус.
Мартин се понудил да ни позајми колку што треба за да го
покриеме минусот,а потоа да му ги враќаме на рати,бидејки како
што рекол ,,има многу готовина‘‘.Малку не изненади оваа изјава,
бидејки градат куќа со многу големи трошоци и големи срества.
И двајцата си рековме ,,дај боже стално да има доста пари‘‘
бидејки на нивна возраст никојпат парите не се ниту многу,ниту
доволни.Денес ќе чекам да ми се јави и да отидам да ги земам
парите и да се покриеме нс тековните сметки.Потоа кога ќе
стигнат пензиите ќе вратиме една рата,а наредните пензии
остатокот.Имаме заштедено нешто евра,но не сакаме да ги
трошиме бидејки доста тешко се штедат и купуваат,а многу лесно
е да се продадат или потрошат.
Синот е по пророда штедлив. Има голема ,,жица‘‘ на дедо му Ѓоко
само во тој поглед. Има влашка жица,како што се вели во
народот.
За разлика од него ќерката Сања е сосема спротино.Таа е голем
галант,понекогаш и преголем за наши сваќања.Ги троши парите
без да му се секира.За неа важи мудрата мисла,која веројатно е
вистинита и гласи:
,,Колку повеќе даваш толку Господ ти дава и тебе повеќе.‘‘
До пред извесно време таа беше и превише галантна за
наши умерени сваќања.Но сега колку што можам да приметам
малку се вразуми,или ретерира,како што е сега модерно да се
каже.Сепак си мислам има и кај неа,за среќа, една многу,многу
тенка влашка жица.Млада е и ќе ствара со сопругот уште многу
години,но сепак треба да се мисли и на школувањето на
децата.Најголемите внуци планираат заедно со ќерката Сања и
зетот Нико да ги пратат во странство на студии,најверојатно во
Германија каде има извон- редно образование и релативно не
многу скапи студии.
Додека седев на клупа и одмарав ми се вратија сеќацвањата
во изминатите години.Се подсетив на многу мали,но и големи
грешки кои сум ги направил, и веднаш се сетив и на корекциите и
поправките кои потоа следеле.Повторно заклучив дека добра
48
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
работа во секоја од тие грешки е што многу брзо сум сваќал дека
сум погрешил и веднаш сум превземал мерки кои најчесто вроду-
вале со успех и со тоа сум ги корегирал тие грешки. 
Донесувањето на погрешни одлуки мнпогу често се должење на
брзоплето и рискантно одлучување,без многу анализи на сите
добри,но и лоши страни.Тоа е одлика на младоста.Брзо и без
многу размислување да се носат секакви одлуки,и потоа,по
извесно време да сватам дека сум направил грешка, морам брзо
да ја корегирам таа грешка.Овие накнадни акции за среќа скоро
секој пат ми успевале.Познавам многу луѓе кои биле и сеуште се
големи зихераши, и се плашат од вило каква акција која има и
најмал ризик.
Затоа тие скоро ништо не можат да постигнат во животот.Ако не
се преземе некој потег или акција,не може ни да се
погреши.                                         
Некои луѓе,како и сите други прават грешки,но за жал поради
тврдоглавост или не сакање да се признае грешката и да се
корегира продолжуваат цел живот да го живеат со гршките.
За моја среќа најголемите и најбитните одлуки во животот ми беа
правилно донесени меѓу кои најважни се:
- Одлука да студирам и завршам Електо технички   факултет по
секоја цена,
- Да се оженам со сопругата Гордана која е изузентна личност во
секој поглед и многу убава.
-Да се вработам во ,,Раде кончар‘‘ контактори каде го поминав
скоро целиот работен век.
- Да шетаме по Европа над нашите финансиски можности.
- Да уплатиме трособен стан во населбата Тафталиџе со 
неверојатно големи кредити.
- Да купуваме акции кога беше голема јагма и кога многу растеа,
а потоа да ги продадеме добар дел кога беа нај високи и да си
купиме трособен стан на ,,Рузвелтова‘‘ улица.
- Да шетаме како пензионери  по Јадранско море,Њујорк, Барце-
лона, Брисел,Амстердам и Кападокија.

49
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
- Да се дружиме со кумовите Коле и Мира и да се вклучиме во
нивното друштво од ,,СИЗ‘‘ за домување.
Има уште доста одлуки кои биле правилни,но да оставиме нешто
и за друга прилика.

15.8.2020 г.  Сабота,

Добро утро дневниче, драг и верен пријателе.       


Денес повторно стандардно.Станување,кафенце,малку на лап
топ,а потоа со ќеиф возење низ паркот.Додека возев помислив на
двете ,,Гифт‘‘ картички од по 1000,оо денари кои ги добив и ги
подарив на моето верно другарче да се части и да си купи што
сака во трговскиот центар ,,Сити Мол‘‘ каде важат овие картички. 
,,Добар потег направив,‘‘ заклучив мудро.
,,Нека си купи нешто убаво,нека се израдува малку во овие тешки
и лоши времиња на ограничувања со вирусот Корона.‘‘
Од претходниот ден планирав да си направам уште еден ќеиф,а
тоа е одење на ,,мојот‘‘ пазар,како што си го нарекувам ,,Зелен
пазар‘‘.Покрај уживањето ќе купам и доста зеленчуци и овоштија,
за да имаме два дена.Кога влегувам од јужната страна,што
најчесто го правам кога одам на пазаров морам да поминам
покрај гостилницата на овој влез каде приготвуваат одлична
шкембе чорба.Лиги ми течат и ме тераат да влезам и нарачам
една врела чорба,но самодисциплината која многу сакам да ја
имам и се трудам да ја упражњавам,не ми дозволува и со тешко
срце,но одлучно продолжувам понатаму и влегувам на пазарот
со помислата,                                                                                          ,,У
ште е рано за шкембе чорба.Нека поминат уште неколку недели.‘‘ 
Кога нешто е забрането,желбата се  дуплира или триплира.Но тоа
е тоа,морам да бидам јак и да издржам уште извесно време.
Вчера попладне продолжив да ја читам книгата ,,Обавешта-
јац  столеча‘‘ каде се опишува животот на еден од најголемите
шпијуни во минатиот век Рудолф Абел.

50
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

   
Овој извонреден руски шпијун многу млад се инфилтрирал во
високите раководни структури на нацистичка Германија и многу
долго време испраќал изузетно важни информации за плановите
и престојните акции на хитлеровата машинерија.Вистинското име
му е Вилијам Фишер,но нај познато име му е Абел.Во текот на
големата и долга шпијунска работа користел повеќе имиња зави-
сно од тоа кеде работел и во која функција.По втората светска
војна се префрлува во Соединетите американски држави каде
продолжува со својата шпијунска работа.Откриен е 1960 година и
уапсен,но по извесно време е заменет со американскиот пилот
Пауерс кој бил соборен со својот шпијунски авион У2 од страна
на советската против воздушна армија. Замената е извршена во
Берлин на еден од мостовите кои ја делеле западната- америка-
нската со источната-Советска воена зона.За овој многу значаен
руски шпијун напишани се многу книги иснимени доста фил-
мови,од кои еден од најдобрите,според мене е филмот ,,Мостот
на шпијуните‘‘ со актерот Том Хенгс во главната роља.
Уште од младешките години ме одушевуваа книгите од
жанрот на шпијунажа како и филмовите од овој жанр.
Книгата за шпијунот Абел сум ја читал пред повеќе од 30 години и
потполно сум ја заборавил.Затоа сега ја читам повторно со голе-
мо задоволство. 

Сакав денес да уплатам денари на мојата трансакциона


сметка и да го покријам минусот,но сношти прочитав на сајтот на
Комерцијална банка дека во сабота не работи ниту една експози-
тура,ниту централата.Од службеникот кој е дежурен за кредитни
картици добив информација дека можам на некои банкомати да

51
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
уплатам само книжни банкноти на својата трансакциона сметка,но
малку ми е шубе,што би рекле старите скопјани.Ќе ги уплатам
сепак класично со уплатница на шалтер во понеделник.Сигурно е
сигурно.Класика си е класика. Денес одејки кон пазарот на
банкоматот во ,,Буњаковец‘‘ само  ќе пробам да уплатам 100,оо
денари колку за проба да видам како функционира уплата преку
банкомат.                                                                                            
Отидов до мојот ,,Зелен пазар‘‘ и изнакупив како и секогаш многу
зеленчуџи и разни овоштија.На крајот купив и две големи кеси со
замја за саксии кои ми ги нарача Гордана.Натоварен како магаре,
иако имав количка едвај се довлечкав до автомобилот. Потоа и
во тинекс морав да купам нешто со износ над 200,оо денари за да
имам бесплатем паркинг.                                                                  
Секое одење на пазар претерувам со купување.Скоро секое
овоштие не се расипува за неколку дена,но како се вели,колку
има толку се јаде.
На враќање се сетив дека сакам да пробам како оди постапката со
уплата преку банкомат и свртев кон трговскиот
центар ,,Буњаковец‘‘ каде на банкоматот
на,,Комерцијалнабанка‘‘уплатив  100,оо денари колку за проба.Се
беше во ред и кога се вратив дома и се средив малку отидов до
клиниката ,,Жан Митрев‘‘ за да ми извадат ктв од вена и направат
анализа за коагулација.На касата за наплата,која се врши пред
вадењето крв бев непријатно изненаден кога девојката ми
соопшти дека оваа сега анализа чини    1000,оо денари, а не
600,оо денари како што беше претходниот пат.Малку ме
изнервира бидејки доста долго чекав на шалтерот и износот кој
ми беше голем и неприфатлив.
Си заминав кон банкоматот на кој може да се уплаќа готовина и
уплатив 30.000,оо денари со што во целост го покрив минусот на
мојата трансакциона сметка.
Со половично завршени од планираните работи,но сеуште добро
расположен се вратив дома и седнав малку на лап топов да
напишам уште нешто.
Попладне се спремав повторно да возам точак.Времето многу се
наоблачи,но уас упорно верував дека ќе можам да извозам
неколку круга пред да заврне.На излегување Гордана ме разочара
со зборовите,

52
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
,,Погледни низ прозорецот.Почнаа големи капки да паѓаат.За
некоја кинута ќе ти заврне."
Како поќиснат се соблеков и сигорно се спасив од наќисну-
вање.Штета.
Се тешам со мислата,
,,Утре сабајле ваљда нема да врне.Ќе возам,ќе  се изнавозам и за
вечерва,само да не врне."😥

16.8.2020 г. Недела,

Денешниов ден планирам да го поминам мирно и без


многу активности. Дали ќе биде така ќе видиме на крајот на денот.
Вчера вечер,бидејки не возев точак вежбав малку со две шишиња
од 1,5 литри кисела вода,но полни со обична вода.Ги користам
како некакви тегови,бидејки моментално теговите за раце кои ги
имам се од 3 кг.Додека вежбав се сетив на мојата омилена тв
серија ,,Хустле‘‘- Преваранти на ,,ББЦ‘‘ која е за мој вкус извон-
редна.

  

53
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ги обожавам филмовите со преваранти,како и сериите.Оваа
серија е високо професионално направена со одлична екипа на
актери,но и одлична режија.
Оваа екипа од пет преваранти не се обични лопови.Тие изведу-
ваат големи превари,но само на луѓе кои на нечесен начин се
збогатиле,и кои заслужуваат да им се одземат 200-400 или 600.000
фунти без никаква фрижа на совест.

Оваа серија сум ја гледал најмалку три пати,а повремено си


поштам една или две епизоди како посластица и секој пат повто-
рно и повторно заклучувам дека за големи,озбилни превари
потребна е голема интелегенција,храброст, искуство и
ладнокрвност.
Неделно летно сабајле малку другачие од останатите,
бидејки надвор е облачно и доста свежо.Во овој летен месец
август нормално е наутро да биде сончево и повеќе топло
одколку ладничко,но тоа времето,некогаш е топло,а некогаш не.   
Станав многу рано,пред 6 часот,делумно нерасположен бидејки
слабо спиев.Дали поради тмурното време или поради ложиот сон
не знам.Расположжението малку ми го поправи дигиталната вага
на која ја мерам тежината секое утро.Покажа доста помалку од
моето очекување,а тоа беше 75,6 килограми.
Пред околу три месеци си поставив цел да ослабнам до 76 макси-
мум 77,о кг. а денес извонредни 75 ипол килограми.Морам тука да
застанам,што значи можам да внесувам малку повеќе од поста-
вените гранични 1900-2000 калории дневно. 
Познато е дека никоја диета не е успешна ако не се промени начи-
нот на исхрана,и постојано да се храниме како и за време на
диетата со малку повеќе контролирана количина.
Како и сега и претходно повеќе пати ми се потврди теоријата дека
една од најбитните работи за ослабнување и одржување на
тежината е запишувањето на се што јадеме како и количината
изразена во калории.На тој начин многу се води сметка за горната
граница која сме си ја поставиле и нема никаков проблем да се
симнат 5-7 или повеќе килограми за два,три месеци.

54
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
За луѓето кои имаат огромен апетит како јас исто е битно да се
јаде по малку.Наместо една праска, половина сега,а половина
покасно поеден час на пример.
Секако да сето ова е потребна јака самодисциплина и упорност
која за среќа ја имам и со овој режим на исхрана само ја тестирам.
Додека ги пишувам овие редови дневниче мој сакам да ти кажам
повторно нешто за  животот,а тоа многу сликовито и оргинално е
кажано со следната мудра мисла,
,,Животот е колекција на грешки.Никој пат нема да ги дознаеш и
сватиш ако не ги направиш лично.‘‘
Ова ми се потврди по којзнае кој пат вчера на мојот пазар кога
набрзина купував праски,бидејки скоро се веќе имав купено.
Една женичка веројатно од околината на Скопје,со скромен и
чесен лик ги фалеше нејзините ,,Нектарини‘‘ како многу слатки
бидејки биле ридски.Иако беа малку поскапи решив од неа да
купам по шетање на повеќе тезги каде нудеа праски и друго
овоштие.

   
Нејзините ,,Нектарини‘‘,убаво наредени и со солиден изглед ги
мамеа купувачите,па така и мене ме измамија.Со повеќе годишно
искуство во пазарење по пазари, не верувам на убаво наредените
тезги со одлично овоштие на врвот за да се привлечат купувачи,а
позади и подолу обично има слаба роба. 
Овој пат,за жал се излажав,малку поради чесниот изглед на
теткицата,а малку поради изгледот и фалбите за кои морам да
признаам поверував дека се точни,што беше моја грешка.
Кога дојдов дома и подетално ги прегледав праските,да видам
што сум купил,видов дека неколку од нив од задната страна,која

55
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
беше скриена на тезгата има малку трули делови.Оваа вочка
заедно со јагодата е многу нежна и многу брзо трули ако е малку
оштетена.Сето ова го знам многу одавно и внимавам што и од
кого купувам овоштие и зеленчук,но овој пат селанката буквално
ме превари.Парите не се битни,бидејки со слабата роба изгубив
40-50 денари,што е помалку од едно евро,но најбитно е што
дозволив една навидум проста и не многу бистра жена да ме
изигра и измами.Овој факт ме погоди,бидејки се замислувам дека
сум искусен и префриган кого тешко кој може да го излаже и
превари,бидејки не верувам ниту во зборови,ниту во тоа што
гледам.Повторно во мислите мидолета една многу мудра
реченица која оди вака,
,,Верувај само половина од тоа што го гледаш и ништо од тоа што
го слушаш.‘‘
Оваа голема вистина многу пати се потврдила и се потврдува,
посебно на нашите простори со сите политиканти и квази
политичари кои зборуваат се нај,нај и секој пат токлму тоа што
сака народот јаден да го слушне,а мислат сосема друго и секој
пат само на себе.
Драги дневниче.Ти благодарам што стрпливо ги примаш моиве
дрдорења во облик на некако срочени реченици и ниту коме-
нтираш,ниту ги исмејуваш,а најмалку игнорираш.Ете ова е едната
причина поради која те имам прогласено,со причина за еден од
моите најдобри пријатели.
Лошото искуство со бабата,теткицата од пазарот и нејзините
ридски многу слатки праски,по којзнае кој пат ме научи дека не
треба во ништо да се верува,туку прво и обавезно да се прове-
рува.
Ете затоа некој мудар човек рекол и напишал дека животот е
колекција на грешки.Во иднина цврсто и доследно ќе се
управувам на овие збориви и повеќе кратно се ќе проверувам.
Горчливиот вкус од преварата на бабата полека заминува,бидејки
сепак ова го сметам за корисна лекција која по којзнае кој пат ме
подсети дека треба многу да внимавам на се, за да немам
горчлив вкус во устата,барем не многу често.
Додека го возев љубимецот мислите ми одлетаа на минатата
година кога имав повремени болки во препоните по кратко пеша-
56
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
чење или возање точак.Ме облеа чуство на задоволство и радост
што веќе повеќе месеци немам никакви болки и можам да пеша-
чам и возам без проблеми.Со големо внимание проценувам колку
долго и со кое темпо да возам или да пешачам,за да на претерам
и повторно да има проблеми.

17.8.2020 г.  Понеделник,

Добро утро дневниче, верен пријателе.Често мислам


на тебе и секој пат се радувам што те имам и што веднаш го
прифати нашето пријателство,без никаква резерва ниту некакво
барање или контра услуга.Секој пат си тука блиску до мене,во
мојот лап топ и таблет,но и во мобилниот телефон.Никој пат не
одбиваш да се дружиме,ниту приговараш за било што.секој пат си
расположен да ги слушнеш моите размисли и гледања на животот
и случу- вањата.

    

57
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Твоето постојано пребивалиште е некаде во облаците,но за
десетина секунди секој пат веднаш доаѓаш на повик било во лап
топот,таблетот или мобилниот телефон.Оваа твоја потполна
лојалност и кооперативност посебно ја ценам,но и другите извон-
редни твои квалитети исто така.
Заслужуваш многу повеќе да се пишува за тебе и твојот карактер
и врлини,но сепак јас за сега тука ќе завршам,за да имам шанса и
друг пат да те фалам и пишувам се нај,нај за тебе и сите твои
врлини.
Мислејки се дали моментално имам уште нешто на ум да напишам
се сетив на една многу добра мудра мисла,
,,Никојпат не објаснувај ништо.Луѓето го слушаат само тоа што ги
интересира и што сакаат да го слушнат.‘‘
Прв пат кога ја прочитав оваа мисла,малку се замислив и заклу-
чив дека стварно е така,мислејки на повеќе примери од моите
односи и дискусии со пријатели и роднини.
Посебно специфичен е фактот дека многу луѓе воопшто не го
слушаат соговорникот туку само чекаат момент кога да се уфрлат
и почнат тие да прикажуваат тоа што сакаат да го кажат.ништо не
слушаат,а камо ли да запаметат нешто што кажал другиот.
           Денес,но и во повеќе наврати во минатите месеци разми-
слувам за мојов пензионерски живот.Со големо нетрпение го
чекав денот кога ќе заминам во пензија,бидејки во последните
неколку години на работниот век веќе имаше многу проблеми.
       Газдите,а посебно најголемиот и нај амбициозен акционер
Киријас  гледаше и чуствуваше дека фирмата оди надолу.За таа
ситуација беше највеќе тој крив со своите фикс идеи од кои ниту
една не се реализира.Вината постојано ја префрлуваше на
Секторските менажери,од кои еден бев и јас.За се бевме ние
виновни иако главната вина ја носеше тој.Со таквата непријатна
ситуација едвај се справував во последните две,три години,и
затоа едвај чекав да заминам во пензија.
Првата,но и следните неколку години многу убаво ми дојдоа по
нервозите што ги имав додека работев.
Потоа полека почнав да сваќам дека,за жал веќе не сум играч од
првиот тим во животот.Третманот на сите пријатели и роднини

58
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
полека се менуваше,што мене во почетокот не ми се бенди-
суваше,но потоа сватив дека тоа е суровата реалност на животот
и дека морам да се помирам со тој статус на играч од втората,или
третата постава.
За среќа брзо се помирив со судбината на секој пензионер па и на
мојата и продолжив колку што можам по реално да гледам на
работите и на моето здравје во прв ред.
Последниве неколку години сум сосрма ,,кул",како што би рекле
младите и не се грижам скоро за ништо,сем за своето здравје,кое
за жал е доста слабо.Ме навасаа неколку болести,и за среќа досе-
га  добро се носам со сите нив.😎
Се трудам да бидам задоволен со тоа што го имам и што сум го
постигнал во животот,а според мене не е воопшто малку.
Тука е убаво да се каже следната многу мудра мисла, која гласи:
,,Ако имаш фамилија која те сака,неколку добри пријатели,кров
над главата и храна на масата ти си посреќен одколку што
мислиш."
Феноменална мисла.Сето погоре кажано во оваа мисла го имам и
затоа се чуствувам среќен иако на оваа возраст од некои убави
работи морав да се откажам,но тоа е тоа.Природата и биологијата
си го прават своето и никој не е поштеден од тоа.😥

Сабајле скокнав по возењето во паркот до


лабораторијата ,,Авицена‘‘ каде по информацијата дека анализа
на густината на крвта,наречена ИНР чини само 400,оо денари,
платив,ми замаа крв и околу 13 часот на интернет ги добив
резултатите од кои видов дека ИНР е 1,98.Долна граница е 2,оо
што значи дека не е лошо.Крвта ми е за нијанса по ретка од
идеалната која треба да биде меѓу 2,00 и 3,оо.Оваа информација
ме смири бидејки немав направено,не знам зашто,ваква проверка
скоро 4 месеци.
Останува утре да се однесе мокраќа на Микро биологија за
анализа на присаство на бактерија во урината.Ќерката Сања која
вчера се врати многу задоволна од Охрид утре ќе предаде мустра
за анализа.
18.8.2020 г.  Вторник,
59
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

М
            ногу пати напишав дека пишувањето на дневников ми
причинува големо задоволство,но сепак повторно сакам да
нагласам дека сум среќен што започнав и што сеуште сакам да
пишувам дневник.
Пишувањето книга е исто така феноменална работа,но за жал
моментално немам некоја ,,јака" и оргинална идеа за која вреди
да се напишат 200 до 250 страници.Имав идеа да пишувам млад
брачен пар кој се иселува во Торонто и нивниот живот и љубов
во туѓина,но некако ми се чини дека слично сум пишувал  и во
прет- ходните книги.Додека не добијам некоја друга силна идеа ќе
продолжам само да пишувам во дневников.                                    
Ако не добијам можеби ќе ја напишам книгата за животот на млад
брачен пар во Торонто.
Секој ден ги посматрам луѓето околу себе.Некој по длабоко,
аналитички,а некој само површно,бидејки ги проценувам со само
неколку погледи.Секој пат,или поточно,многу често заклучувам
дека е многу вистинита мислата,
,,Светот е книга и тие што непатуваат читаат само една страница.‘‘
Според мене,и не само според мене оваа мисла е изузетна биде-
јки многу кажува,секако кој може да ја разбере.
Патувањето низ светот значи додатно, многу битно,па дури и
најбитно образование,но само за тие кои можат и се трудат да го
разберат животот и се што гледаат патувајки низ разни земји.

60
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

     
Некои се дудуци,како што се вели во жаргон, во овој поглед и
патувањето многу малку им значи во нивната глупоќа и тврдо-
главост мислејки дека тие се доволно паметни и мудри за да
примат и сватат некои работи кои патувајки ги гледаат и осозна-
ваат.
Ма радува што имав прилика повеќе пати да патувам најчесто низ
европските земји,како приватно,така и службено и да се запозна-
вам и учам од културите и обичаите на разни народи.
Највеќе мислам дека научив патувајки и престојувајки во Герма-
нија.Овој народ е специфичен и генијален на свој начин. Дисци-
плиниран,вреден,лојален кон државата,чесен и исполнителен.
Сите овие особини од секогаш ме фасцинирале,бидејки кај
најголемиот дел од нашиов мал народ многу малку,или скоро да
ги нема.
Задоволен сум на Господ што ми даде шанса и прилика често да
патувам и да учам.
Сакам да верувам дека повеќе мои врлини и добри особини ги
стекнав копирајки ги истите од европските народи,а највеќе од
германците.

Сега,посебно во последните 15 тина години скоро за секоја моја


мала или голема дилема се прашувам,

61
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
,,Што би направил во оваа ситуација некој вистински германец,
интелектуалец,или обичен граѓанин?‘‘
Едно обично преоѓање на премин за пешачи зборува многу за
карактерот и почитувањето на прописите и законите на секој
човек.Нашиов народ,но и останатите на Западниов Балкан скоро
сите проаѓаат на црвено светло,претрчуваат,па поминуваат дури
и на неколку метри од ,,Забрата‘‘ и на црвено светло.Оваа
навидум ситна работа многу кажува за карактерот на луѓето, кој
најчесто значи,
,,Абе ајде,ти ќе ми кажуваш мене каде и кога јас да ја преминам
улицата.‘‘
Жалосно е што и многу наши образувани граѓани го прават ова,а
сигурно патувале низ европските земји и во Германија каде секој
многу внимава кога треба да се премине улицата и каде.
Верувам дека и во скандинавските земји е исто како и во Герма-
нија,иако за жал сеуште не сум бил во тие земји.
Бидејки секое сабајле,во последниве 6-8 недели возам точак во
блискиот парк,одејки натаму ги гледам луѓето кои ја преминуваат
доста прометната улица пред паркот и скоро сите преминуваат
кој каде сака и кога сака,а обавезно на црвени семафори.Можеби
е некаков,само на нив познат пркос или инает кон власта и
законите,кој знае.Само тие си знаат, но жалосно е според мене
што најмалку 95% од народот така се однесува,што многу лошо
зборува за нас како народ.Потоа се чудиме зашто Европската
Унија одолговлечува и буквално не зафркава околу почетокот на
преговорите за прием во тоа друштво.На нив се им е многу јасно
кој сме,какви сме и што сме.
Само изгледа дека на нашиов народ не му е јасно,сем на мал број
чесни исклучоци,во кои сакам да верувам дека и јас
припаѓам.Толку за сега.Друг пат повеќе.
Повеќе пати сум размислувал за интелегентните и образо-
вани луѓе и среќата.Среќата е внатрешно чуство и скоро да нема
врска со образованието,ниту со интелегенцијата.Многу умни и
образовани личности се несреќни бидејки имаат многу по високи
захтеви за нештата и на светот и случувањата во животот гледаат
со други очи,многу по различни од помалку образуваните и не

62
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
баш интелегентви кои често се многу среќни токму поради
нивните недостатоци.
Ако на ова се додаде и емотивниот елемент тогаш е јасно дека
највеќе патат паметните,образувани и емотивни личности.
Знаејки ја оваа вистина се обидувам да бидам равнодушен за
многу битни работи,кои не можам да ги променам,бидејки сум и
образуван и емотивец,а сакам да верувам и дека сум прилично
интелегентен.Некои ваквото владеење го толкуваат како
нечуствителност и апатичност,но тука многу грешат.тоа е само
обид да се остане реален и мирно да се плови низ најчесто многу
разбранетиот живот.
Сабајле кратко постанувањето пребарувајки по Интернет
сајтовите за аудио книги ја најдов Стихозбирката ,,Бели Мугри‘‘
од нашиот познат книжевник и поет Коста Солев Рацин.
Ја вклучив песната ,,Ленка‘‘ и слушајки толку ме возбуди што
скоро се насолзив.Изузетна песна во секој поглед.
Зборовите се толку фасцинантни и толку убаво вткаени во
песната што допираат скоро до секого кој ја чита,и сака во
суштина да ја разбере.

63
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

              
Емоциите ми бликанаа во моментот на слушањето на песната
делумно од помислата на мајка ми во тој момент и нејзината
тажна судбина со татко ми. За наша среќа,на нејзините три
деца,таа остана до крајот на животот цврста и силна и не се
предаде на лошите случки во текот на животот,кои не беа
малку,ниту мали.                                                                                 
Овие факти многу добро ги знаеа нејзините сестри и нивните
сопрузи кои го следеа нејзиниот живот,а највеќе јас кој знаев
скоро се непријатно што и се случувало.
Таа во моменти на тага и чемер ми раскажуваше по некоја
непријатна случка,а јас немо и многу радознало ја слушав.

64
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Можеби истите некогаш и ги раскажувала и на сестра ми,во што
не сум сигурен.

19.8.2020 г.  Среда,

Добро утро секое утро.Поздравот од моја


страна ,,Херр Дневниче‘‘ значи повеќе работи.Прво почит кон
пријателот.Второ, моја култура,а трето и не помалку важно е дека
за среќа сеуште сум жив и можам да те поздравам.
Денес малку се успав,не знам зашто,и станав пред 7 часот.Брзав
са се средам и да испијам кафе до 7 часот,да ставм една капла
лек во десното око на Гордана, а потоа право кон паркот,се
разбира со љубимецот.
Во утринските часови,кога се паметат соништата,ѓи сонував и
мајка ми и татко ми.Во дворот на некоја амбуланта,или болница
дојдов со Фокусот,но на влегување пред металната врата една
женичка брзајки претрча пред колата за многу малку ја бутнав.
Закочив,излегов од возилото и со брз чекор дојдов донеа.За
среќа ништо не беше повредена,бидејки само сум ја допрел.
Татко ми исто така беше до неа и објаснуваше дека не е ништо.
Потоа се видов со мајка ми која седеше на клупа и чекаше да ја
повикаат кај докторот на преглед.Разговаравме кратко и потоа се
разбудив.Станав радосен што ја видов мајка ми и што разговара-
вме.
Понекогаш,а во последно време се почесто помислувам на мајка
ми и секој пат се натажувам сеќавајки се на некои непријатни
моменти и гњавњето и малтретирањето на татко ми.Се сеќавам
на неговите довикувања од малата соба,која додека бевме момци
јас и брат ми беше наша момачка соба.Постојано му требаше
нешто и кога беше здрав и добар,а за да не станува од креветот

65
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
викаше многу гласно ,,Евгеније,Евгеније‘‘.Мајка ми веднаш одеше
и добиваше разни наредби во стилот,
,,Донеси ово,донеси оно,..‘‘
Покасно се сети на нова финта.Чукаше на ѕидот кон дневната
соба со тупаница или некој друг предмет.Мајка ми јадна веднаш
иташе да види што сака.Кога беше лошо расположена поради
него често велеше на влашки ,,Анапудиље‘‘ што значи
ЛОШОТИЛАК,но внимаваше да не ја слушне бидејки беше многу
нервозен и ќе галамеше повторно.Додека бев студент повеќе пати
бевме во конфликт и се каравме поради неговото однесување
посебно кон мајка ми,но немаше фајде,бидејки беше многу
тврдоглав и смета- ше дека за се тој има право,што нормално
најчесто не беше точно. Многу според мене  непријатни работи од
негова страна ќе ги паметам до крајот на животот.
Сношти по желба на моето верно другарче отидовме со
Фокусот со центарот и убаво се прошетавме низ плоштадот и
главната улица ,,Македонија.‘‘
Гордана се дотера и ги стави новите чевли кои ги купи пред
три,четри дена, а јас нормално со новите ,,Адидас‘‘ патики и
мојата омилена жолта ,,Голф‘‘ мајца која ја носам само за излегу-
вање во град како што вообичаено се вели.Многу работи и кафе-
ани се промениле за последните 10 тина месеци од нашето после-
дно излегување во центарот на градот и седнување со друштвото
на вечера во некој ресторан било покрај реката Вардар или во
некој од блиските ресторани.
Седнавме на клупа на самиот плоштад и посматравме,или
што би рекле младите ,,кулиравме‘‘.Потоа прошетавме наоколу и
повторно седнавме на друга клупа.Разговаравме на разни ошти
секојдневни теми.Плоштадот беше преполн со шетачи,како млади
но и возрасни и пензионери.Големиот изузетно убав водоскок
под огромниот споменик на Александар велики на коњ за жал
делуми- чно и минимално работеше.

66
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

      
Срамежливо околните мали водоскоци,како и наредените во
круг лавови исфрлаа мали млазеви со вода што бешеше бледа
слика на вистинскиот огромен водоскок со јаки исфрлања на
вода и преливање на разни бои од рефлекторчињата поставени
во самиот водоскок додека беше нов.

Повторно и двајцата заклучивме дека македончето ќе направи


нешто добро и убаво кое трае и работи само додека е ново,а
потоа кога малку нешто ќе затаи или расипе,за жал нема кој да го
сервисира или поправи.
По доста долго шетање и седење на клупа се вративме дома.Ги
соблеков внимателно новите патики и им се обратив,
,,Добро нови патичиња.Се надевам дека сега сте задоволни со
првото ваше шетање низ центарот на градот.Бевте во главна
улога во вашето преставување на скопската јавност.Сега можете
и треба мирно да одмарате во кутијата и стрпливо да чекате ново
шетањеСе надевам дека нема да треба долго да чекате за за ве
прошетам повторно низ градот.‘‘
Тие немо,но задоволно ме гледаа.Потоа педантно ги сместив во
нивната оргинална кутија,да одмараат до следното шетање.

67
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

20.8.2020 г.  Четврток,

Задоволни се приближуваме кон крајот на седмицата.Зашто


задоволни? Бидејки овие денови,како и претходните седмици
работите со здравјето се стабилизираа и секојдневно можам да
возам точак.
Во зори се разбудив многурано и потоа не можев да заспијам.
Мислите ми одлетаа на изминатите 30 тина години и на станот
кај ,,Млечен Ресторан‘‘ на девети кат каде живеевме 31 година.Се
подсетував на станарите,комшиите со кои живеевме и каде се
сега тие.
Се сетив на комшиите кои за жал повеќе ги нема,починале,но и на
тие кои се одселиле.
Прво ми падна на памет докторот,анестиологот Славко Крстевски
од осмиот кат.Изузетна личност.Чесен,паметен,сака да помогне
на секого,и многу вреден.Тој ми остана најдобар пријател од
зграда- та  кој на пријателството никогаш не гледал како можност
за некоја корист.Сите останати комшии пријстелството го гледале
од аспект на некоја можна корист.Додека жевеевме во станот,во
кулата запо- знав многу разни карактери било мажи,но и нивните
сопруги.
Госпожата Гордана во последниве 5-6 години многу често ме
ословува со додавката ,,бе‘‘. Мики бе, земиго тоа бе, види бе и
слично.Мали искри и меѓусебни обвинувања и коментари рано
сабајле кои воопшто не беа ниту потребни,а уште помалку неоп-
ходни.
Тоа прилично ми смета,сум и кажал дека ми смета и таа
понатаму веројатно спонтано продолжува со такво ословување,
кое воопшто не го применува кон другите луѓе,ниту спрема
роднини,ниту пријатели.
Смешно е за вакви ситници да полемизираме и се докажу-
ваме,па макар и на кратко.Со години сите луѓе,а со тоа секако и

68
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ние доста се менуваме скоро во секој поглед,но нелои карактерни
особини остануваат и во староста излегуваат на површина, биде-
јки во младоста од разни причини вешто сме ги криеле.
Тоа е тоа за жал. По многу,многу години брак,за жал скоро
кај сите брачни парови на моменти се јавува некаква
нетрпеливост.
Зашто е тоа така јас тешко можам да си го објаснам,но психоло-
зите и психијатрите сигурно имаат објаснување.
Стандардно,на мое големо задоволство по ставање капка во
окото на Гордана во 7 часот отидов на возење низ паркот.Извозев
и повеќе од планираното, дури 7 круга,иако планирав само 5.
На враќање купив неколку врсти малку овоштие и потоа во 10
часот повторно со точакот скокнав до лабораторијата ,,Хемолаб‘‘
да ја проверам коагулацијата-ИНР направено во ,,Авицена‘‘ и да
се информирам за нивните услуги и цени.
Пријатно ме изненади информацијата дека ИНР чини 400,оо
денари комплет со шема од специјалист Трансфузиолог.
Одлично. Следниот месец обавезно кај нив ќа направам анализа
на крвта за ИНР за мали пари,наместо 1000,оо денари во
клиниката ,,Жан Митрев‘‘.

21.8.2020  Петок,

          Добро утро секое утро, драги пријателе мој бележниче.


Завршува полека седмицата како и секоја друга.Стандардно
кафенце по станување,а потоа право кон паркот,се разбира со
точакот.Возајки се подсетив на култниот филм ,,Однесено со
виорот‘‘ кој по трет пат го гледавме синојка.И по 75 години од
премиерната изведба овој антологиски филм сеуште е актуелен
кај филмофилите.Феноменалната глума на главните актери
Вивиен Ли и Клерк Гебл како и извонредната режија,заедно со
останатите ликови го прават ова дело без временско.

69
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

          
Филмот е екранизирање на романот од авторката Маргарет Мичел
која во својот живот го напишала само оваа извонредна книга.
Во филмот се многу сликовито претставени многу од основните
човечки особини,како алчноста,себичноста и љубомората преку
ликот на Скарлет О‘ Хара,но и многу нај племенити особини како
искрената љубов,племенитоста,чесноста,лојалноста и
великодушноста преку ликот на Миланија кој го тумачи Оливиа
Де Хевиленд.Ликот на Ред Батлер е посебна приказна.
Шармантниот снаодлив женскарош поседува и повеќе племенити
особини како  гордоста,љубовта кон најблиските,пожртвуваноста
и реално гледање на нештата.
Во оваа љубовна драма исто така убаво е претставена граѓан-
ската војна меѓу Севернот и Југот во Америка со сите типични
американски карактеристики,како и американското друштво во
деветнаесетиот век.
Вчера на Гордана и јави кумата Мира дека мајка ѝ починала.
Денес ќе одиме на погреб кој е во 12 часот.Долго се мислевме
дали треба да одиме со обзир на вирусот Корона 19 и можноста
за зараза,но заклучивме дека ако стоиме на 7-10 метри со маски
на отворено и не се ракуваме ниту одиме во капела,шансите за
зара- за се практично нула. Сигурни сме дека ќе и биде мило на
кумата што и ние ќе ја испратиме мајка ѝ  во вечното
почивалиште,иако таа велеше дека не треба да одиме со обзир на
протоколите со заштитата од вирусот каде се забрануваат
собирања и за погреби, сем за најблиските од фамилијата. 

70
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Денес очекувам ќерката Сања да ги земе резултатите од
анализата на мокраќата и се надевам дека немам бактерија.Ќе
видиме.
Лап топов ,,Леново‘‘ кој го имам веќе околу 6 години норма-
лно работи ако не се симнува се и сешто како што правам јас,но
тоа го правам бидејки сакам да конвертирам во мп4 разни видеа,
како и да симнувам разни книги и филмови.Пред околу една
година ми го сменија хард дискот кој се расипа и до ден денес
работи но во последновреме доста по споро.Набргу ќе мора да се
преформатира целиот компјутер што планирам да го направи
сервисерот кој го замени хард дискот.   

22.8.2020 г.  Сабота,

Повторно прв ден од викендот со рутинско


пиење кафенце и потоа директно со точакот на
возење.    Додека одмарав на клупа по една тура
возење поми- слив на јадење и веднаш на ум ми дојде
салата од печени пиперки со лукче и магданосче и се
разбира зејтин и малку оцет.
Извонредно мезе за чаша ладна жолта комова
ракија пред ручек или евентуално чаша ладно Узо со
коцка мраз.

   

71
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Да не ја заборавиме и белата комовица,како што ја викаат во
народот која е сосема истата со  жолтата комовица само што во
полседнава има ставено тревки за да добие жолта боја.
Фантазија,која за жал моментално не смеам да ја
практикувам,но искрено се надевам дека за некоја недела ќе
можам барем еднаш на две недели да се замезам со чашка ладна
ж‘та како што вообичаено се вика во нашава мала но многу убава
земјичка.
Седев пред лап топот и го пиев утринското кафе Госпожата
гледаше две епизоди од многу популарната американска
серија ,,Сексот и Градот‘‘ кои претходно ги снимив за неа.

    
Серијата е ок,но некои епизоди се многу слаби за мој вкус бидејки
пренагласен е сексот и превише отворените секс сцени што малку
наликува на порнографија.Особено Саманта,која е превише прео-
купирана со сексот.

    
Од сите четри женски лика,кои се сосема различни и по лик и по
тип на жена,односно карактер највеќе ја бендисувам Шарлот по
изгледот,но и по карактерот.

72
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Од оваа серија сум гледал неколку епизоди,а можеби и
повеќе,но Гордана многу ја сака и затоа и снимив повеќе епизо-
ди,а пред една година ги симнав и двата играни филмови кои се
снимени за животот на овие четри другарки.
Сношти по шетањето во паркот и моето возење неколку
кругови,Гордана испешачи малку,а потоа се вративме дома и по
вечерата веднаш вклучивме филм од мојата збирка снимени
филмови на ДВД дискови.Го одбрав филмот ,,Пакет‘‘ со еден од
моите омилени актери Џин Хекман.

     
За мој вкус филмот е извонреден,бидејки се работи за завера и
атентат во времето на ,,Студената војна‘‘.Покрај него во главните
рољи игра и Томи Ли Џонс.Приказната е многу интересна и возбу-
дливо раскажана.По трет пат го гледав овој одличен,многу инте-
ресен и возбудлив филм,но сепак ми беше интересен.Секое ново
гледање на некој филм забележувам други детали и
гледишта,што посебно ме радува.Во првото гледање на
филмовите многу сум 
Сконцентриран на текстот за да разберам се,а во второто и
третото гледање повеќе обрнувам внимание на други исто така
многу битни детали,кои претходно ското да не сум ги забележу-
вал.Актерот Хекман е одличен во секој смисол,според мој вкус и
има освоено многу светски награди,а нај значајни се двата
Оскари тоа еден во 1972 година за главна роља во
филмот ,,Француска врска‘‘. 
Другата статуетка ја добил во  1993 година за спорена улога во
филмот ,,Неза- боравени‘‘.Веке повеќе години за жал не снима
филмови бидејки е доста стар.Моментално има 90 години и
сешште добро се држи.

73
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Вчера околу 11 часот отидовме на гробиштата ,,Бутел‘‘ каде
во 12 часот ја погребаа мајката на кумата Мира.Масксимално
заштитени,со маски и на безбедно растојание присаствуваме на
овој тажен настан.Потоа ги посетивме вечните почевалишта на
мојата мајка Евгенија,братот Таки и татко ми,каде положив свежо
цвеќе и запалив четри свеки.Потоа го посетивме и гробот на
родителите на Гордана,повторно со цвеќе и свеќи.Додека бев на
гробиштата низ главата ми поминуваа мисли за задгробниот
живот,за кој никој не може со сигурност да трвди дека навистина
постои.Првенствено мислев на мајка ми која се повеќе ме преоку-
пира како поминуваат годините и како што стареам.Се прашував
што прави сега,секако нејзиниот дух кој живее во гробот каде е
погребана,дали ме гледа,што си мисли за мене кога положувам
цвеќе на нејзиниот гроб и кога ја бакнувам нејзината слика на
надгробниот споменик.Секоја помисла на неа многу ме натажува
и повторно и повторно помислувам дека за жал многу малку сум
направил за неа додека беше жива.
Мислам дека сум требал да направам многу повеќе бидејки таа
заслужуваше многу со тоа што целиот свој живот како наешто
највредно за секој човек го жртвуваше за мене,мојот брат и
сестра.
Се прашував гледајки го огромниот број надгробни споменици и
ретките обични и запуштени гробови што прават тие луѓе,нивните
духови сега,каде се движат и што мислат за нивните нај блиски,а
посебно тие чии гробови се многу запуштени и кои не се посету-
ваат со години.
Си помислив,
,, Што ќе рече мајка ми, кога и јас ќе заминам во тој вечно
пребивалиште на десетици и десетици илјади скопјани,но и други
луѓе од разни краеви и од разни националности,кога ќе се стре-
тнеме и кога ќе ме види стар со бела коса и бела брада.‘‘
Дали се се израдува што ме гледа, дали ќе се лути што не сум ја
осетувал почесто и дали ми опростила што додека беше жива
само еднаш неделно ја посетував.

74
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

     
При секоја посета на гробиштата заклучувам дека животот е
многу краток.Материјалните добра,богатството и статусот во
животот се многу малку важни и битни,а најважно е дека
љубовта,срцето, внатрешното чуство и внатрешната среќа се
најбитните работи во животот.Исто така многу битна е и
вистината дека се е привре- мено, се поминува, и ништо не е
вечно.
Убава е мислата за оваа вистина,која гласи,
,,Се што доаѓа, доаѓа за да помине.Ништо не доаѓа за да остане за
стално.‘‘
Секој ден додека возам точак и додека се одмарам на клупа
ја слушам книгата ,,Третиот близнак‘‘ од писателот Кен Фолет.
Многу ја бендисувам книгата, стилот на пишување и
коимплетната раскажувачка вештина и извонредните описи на
најразлични дета љи.  Се воодушевувам на се што има овој автор
напишано,се разбира на сите 6-7 книги кои сум ги прочитал.Од
интернет симнав повеќе книги во ,,пдф" формат од овој автор,но
за жал само неко- лку во аудио формат.
            

23.8.2020 г.  Недела,

       Ден за одмор среде лето,кое за  среќа полека заминува.Не


сакам да ја менувам стекнатата рутина со возење низ паркот,па
така и сабајлево тргнав со љубимецот кон паркот.Имам намера да
свртам само 2 или максимум три круга,бидејки повремено чуству-
вам мала нелагодност,минимална болка во десните
препони.Дали е од возењето или од друго нешто кој знае? За

75
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
секој случај ќе намалам и ќе се обидам да откријам во што е
проблемот.🤔🤔
Бидејки ноќеска слабо спиев што е веројатно резултат на малата
болка на долниот десен дел на градите,која ја осеќам во некои
положби на телото и при допир на болното место,дефинитивно
се откажав од денешното возење точак.Ќе морам да прекинам и
со вежбите за рацете и градниот кош,а потоа ќе видам дали
можеби болките се од вежбањето или од некој удар на кој не се
сеќавам или пак е нешто озбилно што не е многу за чудење на
овие години. 
На секое отварање на програмот ,,Докс‘‘ и овој фајл на
првата страница е фотката од скопското передче Боки 13 кој не го
поднесувам ниту како лик ниту во понашањето,а најмалку во
облекувањето.Размислував дали да ја тргнам оваа фотка,но
сепак таа е одличен репрезент на неговата личност и карактер за
кој пишував.
Поради болките,кои сепак без проблеми ги
трпам,расположението ми е лошо.Можеби тоа е делумично и од
ноќешните сништа,на кои воопшто не се сеќавам.Сигурен сум 
дека нешто сонував,но конкретно што,не се сеќавам.Штета.
Вчера конечно ја дочитав книгата ,,Обавештајац столеча‘‘ каде
главен лик е шпијунскиот живот на еден од најголемите шпиуни
на сите времиња Рудолф Абел.
Последните 60 тина страници ги отегнав бидејки не беа многу
интересни.Во нив се зборуваше за неговото судење по фаќањето
од страна на ,,ФБИ‘‘ во 1958 година во САД.
На крајот од книгата сосема на кратко пишување за завршетокот
на неговиот живот како советски полковник во Москва, по раз-
мената со американскиот пилот и шпијун Пауерс во Берлин 1962
година.Авторот напишал дека последната година од животот како
седумдесет годишен старец ја поминал боледувајки од канцер на
белите дробови.Зборовите седумдесетогодишен старец посебно
ме погодија,бидејки јас моментално имам три години повеќе и не
се чуствувам многу стар.Свесен сум секако дека млад одавно
веќе не сум,но старче,или суштински стар не се чуствувам,иако
понекогаш некои изјави од некои луѓе зборуваат спротивно од

76
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
моите чуства.Тоа е тоа.Нај битно е,како што е многу познато како
се чуствуваме,а годините се само бројка.Во ова сакам да верувам
Бидејки тоа ми дава сила и јак мотив да продолжам понатаму со
што поголема сила и надеж за остварување на некои мали цели
кои планирам да ги реализирам до крајот на мојов живот.
Чекам да дојде 8 и 30 часот и да летнам со Фолусот
со ,,Зелен пазар‘‘ кој е мој омилен пазар и да изнакупам зеленчук
и овоштие.Порано повеќе уживав во купувањето низ пазарот,но
сега веројатно поради епидемијава со вирусот и обавезното
носење маски гледам набрзина да купам сѐ што треба иведнаш да
си заминам.Шеткањето и одбирањето на намирниците пред
купување го сведов на минимум токму поради вирусот и зашти-
тата од можна зараза.
Глупоста нема граници,а нај тргични се глупите луѓе кои
мислат дека не се дибеци.Ова е позната вистина  потврдена
безброј пати.На пример денес на пазар покрај другите зеленчуци
барав убави патлиџани за салата.
На една тезга ми се бендисаа, си одбрав 4 големи одлични
патлиџани и чекав да ги измери продавачот. Едно човече до мене
кому исто му мереше дечкото кој ги продаваше патлиџаните
искоментира гледајки како ги одбирам,
,,Не треба да се бираат доматите,треба да замате поред.‘‘
Ме изненади коментарот на човекот.Го погледнав остро и реков,
,,Што се мешате.Вие продавате или купувате?‘‘
Тој изненаден ме погледна и веројатно не свати што сакав да
кажам, и рече,
,,И јас купувам патлиџани,но не го одбирам.‘‘
,,Тоа е Ваш проблем,не мој.вие можете што сакате да правите со
Вашите пари и робата што ја купувате.Јас за мои пари купувам
тоа што сакам.‘‘
Тој замолча,а продавачот без коментар ги измери моите
патлиџани.Малку ме изнервира идиотот кој комертираше
глупости,но потоа си реков,

77
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
,,Не се нервирај со секој идиот,бидејки за жал повеќето од
граѓаните се слични.Тоа е тоа. Господ на некого му дава памет,а
на друг малку или скоро ништо.

24.8.2020  Понеделник,

Ноќеска формално започна првиот ден од оваа седмица,а


сабајлево стандардно го започнав со кафенце и вклучување на
лап топот.Потоа пеш до паркот,но со туркање на точакот со
намера таму малку да возам.Прво седев на клупа наспроти
прекрасната зелена трева и слушав аудио книга.Уживав  и се
релаксирав во вистинска смисла на значењето релаксација.
Синојка бидејки на нашиве тв канали немаше некој добар
филм, од мојата колекција снимени филмови го пуштив холи-
вудскиот филм ,,Без излез‘‘ со актерот Кевин Костнер и Џин
Хекман во главните рољи.

      
Филмот е доста стар,но многу добар.Двајцата актери се мои
омилени актери,а девојката,љубовницата на двајцата е ,,авион‘‘.
Таа е неверојатно згодна со фантастично тело.Имало и има многу
убави актерки,но ова е нешто посебно.Има некоја харизма и
огромен шарм со својата убавина и понашање.Приказната во
78
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
филмот е исто така одлична за мој вкус на љубител на шпијунски
филмови,како и трилеро, но и убави љубовни романси.

Во филмот многу убаво е преставена познатата вистина дека 


,,Никој пат не смее слепо да са верува во некого и нешто,бидејки
нејчесто ќе бидеме изневерени.‘‘Преубавата љубовница е
актерката Шен Јанг која во тие години 1987 и малку покасно беше
една од најшармантните и најубави актерки за мој влус.
Актеркава Шон Јанг има мила физономија,или што би рекле
некои ,,беби феис‘‘.

      
Оваа актерка заедно со уште неколку други,како Еми Адамс,Ен
Хатавеј,Шерлиз Терон и Никол Кидман се нај атрактивните
актерки во Холивуд. 
Филмов го глеав по трет или можеби четврти пат,но и овој пат
како и претходните ми беше многу интересен бидејки
забележував некои работи кои пред тоа не сум ги приметувал или
на сум им обрнувал големо внимание.
Синојка бидејки не излегувавме никаде побаравме некој
добар филм од мојата колекција и го одбравме фантастичната
драма за нобеловецот,математичар Џон Неш, ,,Убавиот Ум‘‘.

79
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

       
Оваа  приказна за неговиот живот и неговата болест е извонреден
пример за генијалноста,љубовта,но и верноста во бракот.
Шизофренијата од која тој боледува уште од студентските денови
е фантастично претставена преку наводната завера, неговиот
другат со кого наводно ја дели студентската соба и малото
девојче кое го сака и често се јавува во неговите халуцинации.
Џон Неш добил Нобелова награда за врвни постигнувања во
математиката во 1994 гидина.Тој многу години продолжил да
живее со шизофренијата и воедно да предава на Универзитетот
во Пристон.
Познато е во науката дека меѓу генијалноста и лудилото постои
сосема тенка линија,која за жал некогаш е на едната ,а друг пат на
другата страна.
На шега често си мислам,
,,Фала му на господ што не сум генијален.Подобро просечен и
нормален,одколку генијален и луд.‘‘
Попладне однесов ручек ќофтенца со кашичка за фамили-
јата на Мартин,бидејки вчера Сања го нарача ова јадење за
нејзините деца.Ова беше како што велат старите,                        ,,Дв
е муви со еден потег.‘‘
Снаата на работа зафатена,синот дома многу ангажиран со
работа преку интернет со неговите потчинети во фирмата,а
децата сакаат порано да ручаат,па затоа јас им го однесов
ручекот.
Потоа во ,,Сити Мол‘‘ на банкоматот од Комерцикјална банка
уплатив 5000  денари да го покријам минусот на тековната
сметка.За среќа овој модерен модел на банкомат кој има опција и
за уплата работеше за разлика од претходниот наспроти
80
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Поликлиниката ,,Букурешт‘‘ кој беше привремено надвор од
употреба.
Дојдов дома и веднаш на лап топот ја отворив мојата тековна
сметка да проверам дали е се во ред,кога пријатно изнена-
дување,на мојата имаше + 3200,оо денари пребацено
од ,,Макпетрол‘‘ наиме диви- дента за двете акции кои ги
поседувам кај нив.Истиот износ го имаше ина сметката од
Гордана за нејзините две акции.Сега сме и двајцата позитивни и
немаме гајле.  Кога ќе дојдат пензиите ќе дадеме прва рата
14000,оо дена- ри на Мартин,а потоа исто и во следните два
месеци.со тоа ќе се одфитаниме за позајмицата.

25.8.2020 г.  Вторник,

Вториов ден од оваа седмица започна стандардно и


рутински.Решив повторно да одам до паркот,но пеш и со туркање
на точакот и таму да ја посматрам прекрасната зелена трева и
слушам аудио книга.Сепак малку возев,ама навистина малку.
Само половина круг бидејки сеуште повремено имам многу мала
болка,за која верувам дека се јави од големо форсирање со
возењето во последнава седмица.Вчера поладне немаше ништо
интересно на нашите тв канали вклучив една епизода од репри-
зирањето на нашата драмска серија ,,Инсајдер‘‘.

81
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

                         
Оваа современа тв серија која ја гледавме пред две години е
според мене најдобра тв серија снимена во последните 15 тина
фодини.Целата актерска екипа е одлична,но ирежијата исто така.
Сценариото е современо и зборува за работењето на екипа
новинари во  еден неделен часопис.
Сем директорот кој го глуми познатиот србски актер Светозар
Цветкович,останатите актери се од Македонија и сите млади
одлични актери,сем познатата Силвија Стојановска и Јордан
Симонов.Бидејки ја снимам целата реприза на оваа серија,по
желба понекогаш си пуштам ппо една епизода и уживам гледајки
ја оваа одлична серија.
Вчера го сварив мојот омилен специјалитет СУТЛИЈАШ.
Едноставна посластица останата од уште од времето на турското
робство на овие простори.

   

Како и во секоја друга работа убавината,или вкусот ако сакате,


доаѓа од деталите и ситните финтички.Скоро секој знае да свари
82
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
сутлијаш,но секој го припрема на  различен малку поразличен
начин.Самата технологија на припре- ма,количината,времињата и
слични ситници го даваат вкусот.
Мојот сутлијаш го бендисуваат скоро сите кои го пробале,а
највеќе јас си го бендисувам,што е и најбитно.
Утрово додека одмарав на клупа во паркот пред мене
помина еден комшија од кулата каде живеевме до 2004 година,а
каде сега живее фамилијата на ќерката Сања.Комшијата кој е 4-5
години по стар од мене често шета низ паркот,но во последнава
година,годинаипол не ме поздравува.Неверојатно.
Пред 25 - 30 години се дружевме,тој доаѓаше кај нас,но и јас одев
кај него дома.Не гледам причина зашто се налутил,бидејки во
последните години не комунициравме,ниту се дружевме,но сепак
се поздравуваме.
Едина причина евентуално може да биде што е лут на ќерката и
зетот,бидејки кога го реновираа вториот стан кој го купива,а е
веднаш до првиот,порано наш стан,имаше бука од работа на
мајсторите кои ги менуваа прозорите и поставуваа нова влезна
врата.
Тогаш тој ,,Господин‘‘ од Струмица се качил кај ќерката и се
расправал со зетот за буката и работата на мајсторите. Поголема
глупост не сум слушнал кога дознав дека протестирал за гала-
мата.  Како можат да работат мајсторите и да копаат и проширу-
ваат простор за поголема врата а да биде тихо.Апсурд.Но ете на
него му сметала галамата од машината за рушење и копа- ње.Кога
слушнав за оваа глупост не можев да поверувам дека поранешен
професот на факултет може да резонира толку глупо и непроми-
слено.Веројатно поради тоа и мене ми е лут.Каква глупост повто-
рно.
Низ животот запознаваме многу луѓе, и колку повеќе ги запозна-
ваме толку повеќе го осознаваме нивниот карактер и мнгу мани и
врлини.Сите сме различни,но сепак постојат некои морални
норми на кои треба,според мене,сите да се држат.
Во нашата мала земја колу што ми е познато има повеќе од 4000
професори и наставници,или доценти на сите околу 160 факул-
тети.Познавам многу професори и професорки кои предават на
разни факултети,а искрено кажано,воопшто не го задоволуваат
83
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
тој статус на професор на факултет.Жалосно е кој се ги подучува
студентите низ нашава мала земја.уште по залосно е што
сите,или скоро сите мислат дека се нешто посебно ако предаваат
некој предмет на некој факултет.Факултетското образование со
себе подразбира одредено знаење од таа област,но останатите
норми и начин на понашање,како и морални норми зависат лично
од секој професор.
Така е и со мојот поранешен комшија и уште многу други прија-
тели,сегашни или поранешни кои скоро во ништо не можат да
бидат пример за студентите на кои им предаваат некој предмет,
како и самата настава и полагањето на испитите.

      
За наставниците и учителите во средните и основните училишта
ситуацијата е уште по лоша.За жал скоро целиот наставнички
персонал,со ретки исклучоци воопшто не ги интересира што и
колку ќе научат децата и младинците.Ги интересира едино да
помине времето и да заврши часот,идносно полугодието,а потоа
и учебната година.

26.8.2020 г.  Среда,

84
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Овој ден е средина на седмицата,или како што го викаат


германците Митвох,што повторно значи средина на неделата.
Малку се успав и постанување пред 7 часот,веднаш ставив капка
во десното око на Гордана и без да пијам кафе право кон паркот
со точакот се разбира.Свртев неколку круга и седнав да се
одморам на клупа облеана со утринското сонце.Убавина.

             
Тревата пред мене со фантастична зелена боја наросена со
утринска роса константно ме маѓепсуваше.Ја слушав аудио
книгата ,,Третиот близнак‘‘ и уживав.
Секое утро додека седам на клупа со нозете ги тргам позади
отпушоците од цигари фрлени околу и пред секоја клупа.
Постојано се гадам од аљкавоста на нашиот народ гледајки ги
разните кеси,шишиња од сокови,хартија и сличен отпад околу
многу бројните канти за отпадоци.Затоа со секое седнување на
клупа прво ги тргам позади отпушоците со нозете за да не ги
гледам и да го расипувам прекрасниот поглед кон тревникот и
зелената трева.
Додека ја слушав книгата во која на многу убав начин е преста-
вено клонирањето на луѓето и ДНА на секој човечко суштество  и
наследните особини од родителите, се подсетив на нашите деца.
Синот за среќа има многу повеќе наследни карактерни особини на
сопругата,што е нормално за машките деца,синовите,а многу
помалку на мене.Тоа ме радува бидејкијас имам повеќе лоши или
подобро речено слаби особини од Гордана.Тоа е тоа и никој не
може да го промени,било да се однесува на мене или на синот.

85
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ќерката исто за среќа има доста наследни особини од Гордана,но
и некои од мене,што е исто сосема нормално за женските деца,
односно ќерките.
Нај битната работа во сите овие карактерни особини на децата е
што за среќа и двајцата во скоро секој поглед се подобри од нас
родителите,на што сум посебно поносен,бидејки нашата мисија
како родители во потполност е исполнета.
Многу одвно,уште од студентските денови ги научивме ,,да
фаќаат риби‘‘ во што се многу успешни,наместо само да им
даваме риби за да ги нахраниме.Многу жалосно е кога ќе видам
деца на пријатели и роднини како многу години,а веројатно и до
крајот на животот се закачени за родителите,највеќе за мајките,
како пијавици и немилосрдно и бесрамно ги цицаат  и искористу-
ваат.
Додека ги пишувам овие реченици се сетив на најпознатиот
србски шпијун Душко Попов кој го викаат србски Џемс Бонд и
неговата автобиографскакнида ,,Шифра трицикал‘‘ која ја имам и
сакам веднаш да почнам да ја читам.
Овој шпијун бил двоструки агент за време на втората светска
војна и многу успешно давал многу битни информации на брита-
нската МИ6 тајна служба.

Ја најдов книгата ,,Шифра Трицикл‘‘ и планирам попладне да


почнам да ја читам.

              

86
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Додека работев сабајлево на лап топ на србската национална
телевизија гостуваше уредничката на културно-литературната
редакција која посочи еден србски книжевник со неговите
препораки за најдобри книги коиобавезно треба да се прочитаат,а
тоа се :
-,,Браќа Карамазови‘‘ од Фјодор Достојевски,
-,,За јунаците и гробовите‘‘ од Нобеловецот Ернесто Сабато и
-,,Алиса во земјата на чудата‘‘ од  Керол Левис.
Првата сум ја читал пред 50 години во војска кога дежурав на
телефонската централа и скор цела сум ја заборавил.Ја најдов на
порталот ,,Балкандаунлоад‘‘ во пдф формат и веднаш ја симнав.
Потоа ја најдов на ,,ЈуТјуб‘‘ каналот во аудио формат и исто така
веднаш симнав три поглавја кои планирам утре или задутре да ги
слушам,а во меѓу време ќе ги симнам останатите поглавија.
Уште од мал многу дум ги сакал мнигите,но за жал како пуберте-
тлија не читав многу.Ниту во средното училиште не читав
многу,бидејки требаше доста да се учи,а спортот и шетањето со
другарите ми беа приоритетни после учењето.

       
Многу читав во војска бидејки имав многу слободно време,и да го
прекратам читав книги.
Како студент читав повремено по некоја посебно интересна
книга,но не многу бидејки мораше многу да се учи за да завршам
што побрзо и по успешно.Во работниот век повремено читав по
некоја книга,а највеќе на летовање на плажа.

87
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Од кога се пензионирав почнав многу повеќе да читам книги
бидејки сега имам доста време,а книгите многу ги сакам.
Многу ја бендисувам мудрата миска за книгите која оди вака,
,,Книгата е единствената работа во светот која кога ќе ја купиш се
збогатуваш.‘‘
Ја најдов и втората книга од препорачаните и ја симнав од
Интернет во пдф формат.Ќе чека на ред да ја прочитам после
мнигата од Душко Попов.
Секој ден размислувам за темата и идеите за мојата нова
книга,но за жал сеуште немам јака и доволно добра идеа која
заслужува да биде ставена на хартија,односно да се напише
книга.

Моментално до нашата зграда од левата страна се гради


нова зграда која според досега изграденото ќе биде голема.Секој
ден ги посматраме од нашиот прозор кој гледа кон градилиштето
работниците и мајсторите кои работат на изградбата на објектот.
Многу интересно и жалосно е што скоро сите работници многу
слабо и многу малку работат.Исто како и во социјализмот,а
можеби и уште помалку.
Балканска филозофија на работење и забушавање.Со вакво-
никакво работење не за чудо становите уште многу да поскапат и
да достигнат дури и 2000 евра по метар квадратен. Жалосно и
трагично,но тоа е тоа.Ова е Балкан,не е за жал Герма- нија,ниту
Јапан,а ниту Кина.
Понекогаш се прашувам зашто морам да пишувам скоро секој ден
за филмовите кои ги гледаме,и стално истиот одговор,
,,Затоа што навечер во последниве 5 месеци одкога не задеси
оваа напаст со вирусот немаме друга забава навечер сем шетање
во паркот и потоа гледање некој филм.‘‘
Во почетокот на карантинот имаше многу балети и опери од
повеќе театри и тогаш скоро сите ги пратевме,а потоа се стишаа и
моравме да прејдеме на филмови,што според мене воопшто не е
лошо.

88
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Околу 19 часот скокнав со точакот до паркот каде малку
извозев,потоа малку пешачев, и повремено седев на клупа и ја
слушав книгата ,,Третиот близнак‘‘.Убаво се размрдав и пролуф-
тирав и ведар се вратив дима да вечерам и да гледам некој филм.

27.8.2020 г.  Четврток,

Полека одминува и оваа недела,но за жал вирусот


скоро да не се намалува.Комисијата за заразни болести повреме-
но дава податоци со помалку тестирани и нормално помалку
заразени,но вирулентноста постојано е над 8-9 дури и до 10 %
што е многу висока.Едино вчера падна на 6% што не е лошо во
споредба со 9-10%. Гледам дека кај северниот сосед веќе е околу
1% а често и помалку, ако се точни податоците кои ги прикажу-
ваат.Истото важи и за нашата земја.
Денес за жал се треба да се зема со резерва,бидејки најчесто сѐ
што се гледа и слуша на телевизииве е со некаква намера од
некој фактор, а најчесто од партијата која е на власт.
Ноќеска слабо спиев.Прво ме разбуди Госпоѓата кога си
легнуваше веројатно после 01 часот со тоа што случајно или
намерно го вклучи светлото во спалната соба,а потоа и телевизо-
рот.Во текот на ноќта станував уште два пати за во тоалет и
конечно станав доста рано,околу 5 и 30 часот.
Вклучувањето на телевизорот одкога ќе си легнам одавно е
регуларна работа за гордана,бидејки тешко заспива,а гледајки
некој филм полека задремува.Не се противам бидејки прво јас
многу лесно заспивам и со вклучен тв апарат,а второ и помагам
по лесно и по брзо да заспие.Што да правам,љубов.
Сваќањата за љубовта ми се многу силни и емотивни.Мислам
дека за тој што се сака треба да се прави сѐ,буквално сѐ.Сигурен
сум дека ако треба за тие што ги сакам би направил се возмо-
жно,па дури и невозможно.За нив,ако треба,без никакво разми-
слување и двоумење би отишол на пример и до Гренланд, Ама-
зон,или Нов Зеланд за да набавам лек или нешто неопхпоно.

89
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Повеќето луѓе сматрам дека не се спремни за такви жртви,дури и
за тие што ги сакаат.Сите сме различни,како во
карактерите,изгледот,но и во страста,во љубовта,во амбицијата,
истрајноста, лојалноста, моралот и многу други особини.
Покрај генетиката и ДНА на секој човек,кое не може да биде во
никој случај исто,многу битно и влијателно е и воспитувањето и
средината.Дури и еднојајчаните близнаци стануваат различни
личности ако растат во различни средини и различно се воспиту-
ваат.Сите овие работи многу убаво се претставени и објаснети во
книгата ,,Третиот близнак‘‘ од писателот Кен Фолет.
Вчера симнав уште неколку книги во електронска форма ( ПДФ) и
планирам да ги прочитам,но пред нив имам неколку други книги
кои чекаат на ред да бидат прочитани.
Книжевното творештво во светот е огромно.Како океан кој
секојдневно се дополнува со вода,а не се празни.Постојат
десетици и десетици милиони книги,а секој ден се пишуваат и
излегуваат во јавноста илјадници нови и нови книги.

          
Читањето е еден од најголемите благодети кои ги имаат луѓето,но
зажал многумина во светот не ги користат доволно и на висти-
нски начин.
Познато е дека книгата е најдобар пријател на човекот која е секој
пат,насекаде и во секое време на располагање.
Многу вистинит и многу битен факт кој многумина го забораваат и
не му обрнуваат големо внимание.Многу битно е да се всади
љубовта кон книгата кај децата уште од рана возраст,која за жал
во последните дваесетина години многу ретко и скоро да не се
прави.На училиште наставниците,барем во најголем дел од
нив,тоа не го прават,бидејки и тие ниту читале многу,ниту сега

90
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
читаат.Исто така најголем дел од родителите немаат време за
читање трчајки по пари и материјални добра,а мора да се признае
дека најголемиот дел од нив слабо или никако не читале додека
биле ученици или студенти.
Уште од пред многу години патувајки низ Европските земји ме
импресионира кога гледав дека многу од патниците во возови-
те,автобусите и авионите читаат книги додека патуваат, што кај
нас е многу ретка глетка.
Знаењето, начитаноста и општата култура кај нас за жал одавно
не е приоритет кај младите и кај останатиот народ.Парите и
материјалните добра се прв приоритет.Штета.
Пред извесно време се слушнав со еден мој пријател кој ме
праша што правам,каде сум.кога му кажав дека сум во библиотека
да вратам книги и да земам нови се изнасмеа и искоментира,
,,Што во библиотека.Земаш книги.Читаш книги.‘‘
,,Нормално,земам.Што има чудно во тоа.‘‘
,,Во денешно време читаш книги?‘‘
,,Читам секако.Одкога се пензионирав многу повеќе.Сега имам
многу слободно време.Наместо во обложувалници, јас читам
книги.‘‘
Ме изненади и зачуди неговиот коментар,па си реков,
,,Еве како се однесуваат многу од нашите ,,интелектуалци‘‘ и
факултетлии.Да не е жалосно,би било смешно.‘‘
Кога завршив со земањето книги во библиотеката,одејки накај
дома се сетив на времето пред 35-40 години кога живеевме во
населбата ,,Синѓелич‘‘.Тогаш учев Германски јазик во Центарот за
странски јазици.По работното време во ,,Раде Кончар‘‘ со автобус
одев на часови.По пат за да не губам време,но и прилично амби-
озен, читав лекции од германскиот курс и се припремав за часо-
вите. Потикнат од примерите во Германија каде многу се чита во
автобусите и возовите и одејки дома со автобус продолжував да
читам и учам Германски.За жал секогаш бев единствен кој чита за
време на возењето со автобус. Некои од патниците со чудење ме
посматраа,а други скоро да не  забележуваа дека читам.

91
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Времето е еден од најбитните фактори во животот кое немило-
срдно постојано се движи и поминува.Ако не го искористиме
нема повторување ниту враќање назад.На овој немилосрден факт
многу луѓе се сеќаваат откога ќе поминат многу години и ќе
остарат без на направат скоро ништо во животот.

Многу убава и вистинита е мислата:


,,Времето е како река.Не можеш да допреш иста вода два пати,
бидејки токот кој поминал нема веќе никогаш повторно да поми-
не.‘‘

28.8.2020 г.  Петок,

Денес е повторно последен ден во неделата.За сега планот


е стандарден.Кафенце,кратко на лап топ и потоа со точакот во
паркот.Малку се успав,и станав дури во 7 и 15 минути.Веднаш се
спремив и право кон паркот.Возејки и пешачејки со задоволство
ја дослушав книгата ,,третиот близнак‘‘.Одмарав на клупа и поми-
слив на солидното расположение со кое се разбудив и за кое
доста размислував додела сеуште лежев во креветот.
 Што е тоа што ги прави или треба да ги прави луѓето среќни.
Многу интересно и битно прашање. Парите,моќта, популарноста,
обрзованието,љубовта,или нешто друго.Многу години наназад се
обидувам да одговорам на ова прашање и секогаш заклучувам
дека разни работи ги прават луѓето среќни.Во разни периоди од
животот разни нешта не прават среќни,но едно е заедничко.  Сре-
ќата  е внатрешно чуство на секој човек.Внатрешно задоволство
и убаво чуство од нешто кое во тој момент го радува и го
усреќува.
Додека бевме деца,нов модел на точак,или нова голема кукла за
девојчињата,не  усреќуваше.додека бевме многу млади, на 18-20-
92
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
22 години,нова згодна девојка на која сите ќе ни завидуваат не
правеше среќни и задоволни.Во работниот век ново повисоко
работно место и по голема плата исто така не правеше среќни.
Раѓање на првото дете,а потоа и на второто е огромна радост и
голема среќа за секој брачен пар.
Секако дека искрената љубов меѓу сопружниците ги прави и
двајцата многу среќни што е најбитната работа во бракот заедно
со децата како нормална последица на нивната љубов.

Незаборавни и најсреќни се годините кога децата се мали и


постојано со своите родители,за разлика од годините кои доаѓаат
кога тие ќе пораснат и малку ќе се одалечат од своите родители и
полека ќе се осамосталуваат.

   
Несватливи ми се браковите без деца,без потомство кое ќе го
продолжи фамилијарното стебло односно фамилијарната лоза.
Кога зборуваме за среќата,според моето скромно мислење многу
битно е да бидеме реални и да  гледаме на работите реално.
Леѓе кои претерано идеализираат и сонуваат неостварливи
работи често остануваат несреќни бидејки добар дел од сони-
штата не се оствариле затоа што биле претерано нереални.
Добро,да не речам пдлично е често да си ја повторуваме многу
јаката и мудра мисла која гласи,
,,Ако имаш фамилија која те сака,неколку добри пријатели,кров
над главата и храна на масата ти си посреќен од колку што
мислиш.‘‘

93
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Многу е едноставно.Ако сме скромни и реални и се радуваме на
малите нешта тогаш сигурно ќе бидеме и среќни.

29.8.2020 г.  Сабота,

Започнува првиот ден на викендов,нормално и


стандардно како секој претходен викенд.Планот за сабајлево е да
одам прво на ..Зелен пазар‘‘ и да изнакупам многу зеленчици и
разни овоштија,а потоа треба да одиме во куќата на Мартин која е
практично готова,сем оградата и дворот кој треба да се ископа и
посади трева.Се понудив на синот да помогнам нешто колку што
можам,но тој одби со коментар дека сум стар и не треба да
работам тешки работи.Малку ме погоди тешкиот збор СТАР,но за
жал тоа е чиста вистина. На 73 годишна возраст не може да се
биде млад,колку и да се чуствувам другачие.
Ноќеска,за жал повторно слабо спиев,посебно во утринските
часови.Станав многу рано,околу 5 часот и веднаш на лап
топ.Некако пишувањето ми стана,за среќа, вентил за оддишување
на лошото расположение и лошите мисли.Нормално дека сите
лоши-црни мисли не ги пишувам и објаснувам,тоа би било преви-
ше интимно.Некои работи,мисли и чуства треба обавезно да се
чуваат само за себе.Немам ниту потреба,а уште помалку желба
тие чуства да ги делам со друг,или со други.Никој не го интере-
сираат проблемите на другиот,а најмалку внатрешните,интимни
чуства.Многу убава и секако многу точна,е мислата:
,,Никој пат не ги кажувај своите проблеми на
другите.Дваесет проценти од луѓето не ги интересираат,а
останатите 80% ќе се радуваат на твоите проблеми.‘‘
Многу мудро и точно дефинирано.Секоја чест за мудрецот кој ја
напишал оваа мисла.

Додека ги читам книгите од разни автори,а посебно од мојот


омилен писател Кен Фоллет размислувам колку е талентиран-

94
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
надарен за пишување овој автор кога на токлу убав и сликовит
начин ги опишува случките и личностите во секоја нова книга.
Приказните-дејствијата во книгите се посебни и тие исто така ме
одушевуваат,веројатно и поради фактот дека и јас се обидувам
да створам некоја интересна приказна,а потоа и да пишувам на
широко за неа,но некако не ми оди.Писателот му доаѓа некако
како композитор,но не на сложување на ноти во убава форма за
слушање,туку во сложување на збориви и мисли,исто така во
интересна и убава форма за читање.
Со пишувањево полека заминува лошото расположение кое е
можеби поради соочување со фактот дека најубавите и најсла-
тките,нај возбудливите моменти и периоди се веќе зад мене и
дека,за жал не се останати многу убави нешта кои треба евенту-
ално  да се случат.Веројатно и Госпожата мисли слично,но тоа
само таа го знае и го чува тоа чуство само за себа,исто како и
јас,со таа разлика што сепак јас го ставив на хартија,пардон го
одкуцав и сега е во меморијата на огромниот систем
наречен ,,Интернет‘‘ складиран кој знае каде во светот и во кој
Сервер.

        
Овие ,,чудовишта‘‘ од компјутери кои ги поседуваат нај големите
светски компании од областа на информатиката содржат и чуваат
милиони,а можеби и милијарди најразлични информации и пода-
тоци кои се интимни и тајни, атие можат да допрат и да ги отворат
во секое време.Овој поразителен факт покажува дека не постои
тајна во светот,сем тие кои се во нашите глави и не ги откриваме
на никој,која е вистински тајна.

95
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Само нештата кои се во нашиот ум,или мозок поконкретно кажано
се тајни сами за себе ако не сме ги кажале на никого ниту на јаве,
но и ниту на сон.
За овие нешта околу тајните скриени за сите,сем за специјали-
стите за компјутери,кои популарно ги викаат ,,Хакери‘‘ има доста
пишувано,но секогаш има место уште многу да се пишува,но
потрeбна е солидна приказна која треба да се замисли или пото-
чно речено да се измисли и направи донекаде реална и можна.

                    
Според информациите кои повремено протекуваат во
јавноста по заслуга на новинарите кои со тоа имаат одлични
бомбаст вести, ниту еден систем на заштита на податоци
складирани во било кој ,,најсигурен‘‘ сервер во светот,не е 100%
сигурен.
Овие напишани реченици околу ,,сигурноста‘‘ на податоците
складирани во серверите ме потикна уште повеќе да
размислувам за некоја приказна во врска со овој факт.Треба да
се замисли, измислат некои драматични и интересни случки
поврзани со откривање на некој ,,тајни‘‘ складирани во
мемориите на овие огромни сервери.
Идеава ми се допаѓа иако веројатно не е воопшто нова.
Сигурен сум дека многу други потенцијални или вистински
писатели размислувале и пишувале за овие работи,но јас
досега,морам да признаам не сум читал ништо такво. Си ветив во
овие моменти дека на составам некоја приказна и ќе направам
МАПА бна истата,а потоа ќе ја прегледам критички и ќе проценам
дали вреди за тоа да се напише книга.Потоа ако одговорот е да,ќе
седнам и ќе ја напишам.Многу ме радува што пишувањево веќе не
ми е никаков проблем,па дури и ме радува,како што веќе порано
сум напишал.Тоа е тоа.Седни Мики,си реков и
96
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
размислувај,бележи идеи,формулирај ги и ставај ги на
хартија,бидејки само така ќе можешнешто да склопиш,а да не
биде обично и досадно.
Попладнево по краткиот одмор, сиеста,како што ја нареку-
ваат пладневната дремка шпанците седнав да пишувам,да правам
мапа за новата книга која треба за биде модерна приказна за
врвните политичари во светот кои се енормно обогатени на
нечесен начин и земање-крадење на дел од тоа богатство со
пробивање на компјутерските системи на швајцарските банки,
каде најчесто тие ги чуваат ,,валканите‘‘ богатства.
Мислам дека идеава не е воопшто лоша.Треба да ја замислам
убаво да биде пратена со неколку љубовни врски,интриги и
обрти,за да биде интересна.Се надевам дека ќе смислам солидна
приказна која го одсликува денешното време полно со најразли-
чен сајбер криминал.

30.8.2020 г.  Недела,

Станав сабајле со мислата многу повеќе да се ангажирам


околу идеата за нова книга поврзана со доверливи,тајни,интимни
податоци кои се складирани во некои сервери по светов,и кои
можат да не бидат повеќе тајни,пробиени од Хаќери кои сакаат да
се збогатат на брз и прост начин,без голем труд и долгогодишна
работа. 
        Додека возев кон паркот се сетив на вчерашната посета на
куќата на синот која е комплетно готова од внатре сем лајсни на
завршетоците на паркетот,односно на спој со ивиците на
ѕидовите,но тоа е ситна работа.Останува утре да севбетонираат
влезните скали и оградата,како и ,,цоклето" околу куќата.Се би
требало да се заврши за 5-6 дена максимум.Куќата е одлична,иако
има,како и во секоја новоградба некои многу мали ситници кои
можело да бидат по педантно изведени,но тоа е тоа.Нашите мај-
стори  во главном не се многу педантни.

97
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Со мајстори секогаш тешко се излегува на крај.Тие обично ,,знаат"
се најдобро,што воопшто не е точно.
Од никога не сум сакал да се расправам со никого,а најмалку со
мајстори.Ако плаќам треба да направат како што сакам,а не да
филозофираат и да ме убедуваат што е подобро.😟
Потоа ја извозев турата низ паркот инпо малмодмор се вратив
дома.Брзав да одам порано на пазар за да не ме фати вруќината.
Синојка на спортскиот канал ,,СК‘‘ се пренесуваше финалето
во тенис Синсинати,но во ЊуЈорк помеѓу Новак Џокович и Милош
Раонич.
Почетокот го пропуштив бидејки возев во паркот,но вториот и
третиот сет ги проследив со внимание.
Иако Милош е Црногорец чии родители се иселиле во
Канада,сите навиваме за Џокович бидејки е Србин од поранешна
Република на заедничката ддржава СФРЈугославија.

          
Во третиот сет беше многу љута борба на живот и смрт,но поиску-
сниот и малку подобар, првиот рекет во светот сепак на крајот 
победи.
Кога се вратив од паркот и возењето веднаш тргнав кон
Фокусот кој е паркиран на паркингот позади зградата со намера
да одам на пазар.Но желбите по некогаш не се исполнуваат како
што е планирано.Заверглав да ја стартувам колата,но слушнав
само ,,так-так‘‘.Повторно се обидов,но повторно истиот познат
звук. Не  запали фокусот и одењето на ,,Зелен пазар‘‘ за денес
отпадна. По тоа со точакот отидов до поблискиот
пазар ,,Буњаковец‘‘ каде изнакупив зеленчук и овоштие.Ќе мора
за ден два да го решам овој проблем,било со поправка,ако не е
до акомулаторот,или со купување нов акомулатор.
98
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Одмарајки на клупа,но и додека возев или го туркав точакот ја
слушав аудио книгата ,,Последниот воз за Истамбул‘‘ од турската
писателка Ајше Кулин.
Одслушав само четри поглавија,но од досегашното сум многу
задоволен,и ми се бендисува како стилот на лесно
пишување,така и содржината.
 Приказната за две сестри од богата фамилија и нивните животни
патишта во периодот на втората свтска војна е извонредно убаво
преставена и сликовите опишана.

                         
Еден од основните драматуршки елементи е фактот дека
сопругот на помалата сестра Себика е евреин,а таа муслиманка.
Живеат во Периз токму поради верските прерасуди на
родителите и нивните пријатели и роднини. Сигурен сум дека и
во понатамошниот дел од книгата ќе биде истотака интересно и
полно со неочекувани случки.

31.8.2020 г.  Понеделник,


99
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Започнува нова седмица со нови планови,кои верувам ако


не сите,ама барем најголемиот дел од нив треба да се остварат,а
останатите веројатно ќе се реализираат во наредните недели.
Пред два дена,поточно предсинојка повторно немаше ништо
интересно на тв каналите и го одбрав филмот ,,Бескрајно
заљубен‘‘ кој го прикажува животот и творештвото на еден од
најголемите светски композитори Лудвуг Ван Бетовен.

       
Овој генијален композитор е еден од моите омилени заедно со
Моцарт.Неговата музика е безвременска и буквално генијална
како за љубителите на класичната музика,така и за останатите
луѓе кои сакаат убава музика.Експертите и големите познавачи на
класичната музика го сметаат за еден,а некои и за најголем,од
неколкуте врвни композитори на овој тип музика.
Сите негови симфонии се извонредни,а мене лично највеќе ми се
допаѓа петата наречена Ероика,како и композицијата ,,За Елиза‘‘.
Заедно со овие две е исто така мојата омилена девета
симфонија ,,Ода на радоста‘‘ од која едно делче е земено како
химна на европската унија.Позната е неговата трагична судбина
со губи- токот на слухот и подоцнежното компонирање иако веќе
воопшто не слушал.
Ноќеска многу слабо спиев.Се разбудив по полноќ и не можев да
заспијам.Станав и отидов во дневната соба каде Гордана веќе
седеше и гледаше некој филм. И она не можела да заспие и
станала пред мене.Седев малку и тогаш ми дојде на памет пора-
нешното искуство со пиев чај и мед кога не можев да заспијам.

100
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сварив два чаја за двајцата,но овој пат од Маточина,или Микс од
Валеријана,кој е токму тој чај.Кога се подолади ставив во мојот
полна лажичка мед и потоа полека го испив.Си легнав и набрзо
заспав.Утрово се разбудив многу рано,дури пред пет часот.
Лежејки во топлиот кревет,згреан во текот на ноќта од моето
тело,
Размислував генерално околу љубовта и заедничкото живеење.
Гледајки ги највеќе брачните парови од роднините,пријателите,
познаниците и комшиите повторно заклучив дека ништо не е
вечно,па ни љубовта како најубав и најголем феномен заедно со
времето кој исто така огромен и необјаснив феномен.
Во младоста и средното доба партнерите кои многу се сакаат,а
такви има доста,иако повеќето се тие  кои малку се сакаат,
воопшто не ги забележуваат маните на партнерот.Поточно,ги
игнорираат сите недостатоци и ги гледаат од позитивната страна
како нешто специјално и ,,слатко‘‘.
Како поминуваат годините големата љубов полека малку спла-
снува,и тогаш почнуваат некои недостатоци на секој партнер да
се гледаат со вистински очи.Како се смалува љубовниот занес,
така се повеќе мани излегуваат на површина се приметуваат и
стануваат очигледни во очите на партнерот.
По многу години брачен живот,кога љубовта е многу,многу
смалена и останале само мали делчиња од истата,сите мани и
пороци доаѓаат до полн израз,па дури и во поголем од стварниот.
Овој феномен е изразен кај сите брачни парови,сем многу,многу
ретки исклучоци кои скоро и да не постојат.Зашто е тоа така, спо-
ред мене е тешко да се објасни.
Како и за сите битни и специфични фемомени и животни
ситуации,така и за овој некој мудар човек рекол:
,,Кога си заљубен,одбиваш да видиш било каква лоша работа за
твојот партнер.‘‘
Многу ,,силна‘‘ и точна мисла,која потполно и убаво преставува
се за што погоре пишував.
Сабајлево треба да го решам проблемот со Фокусот кој не се
стартува.Прво мајстор-ауто електричар трба да констатира дали е

101
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
во прашање акомулаторот или можеби некој друг квар,а потоа да
купам акомулатор,бидејки според звукот при обид за стартување
веројатно е дотрајан акомулаторот и ќе треба да го заменам со
нов.
Утрово не отидов да возам бидејки уште рано треба да се зани-
мавам со поправка на колата.Убавото задоволство со возењето
низ паркот и слушањето на аудио книга денес ми е ускратено,но
се надевам од утре дека ќе продолжам по старата шема.
Од годинешново летовање нема ни трага ни глас,што би се
рекло.Епидемијата со вирусов не задржа дома во Скопје.
Бидејки најверојатно полека се намалува заразата,вчера имаше
рекордно малку заболени,само 39 лица од 817 тестирани,а тоа е
помалку од 5%,што воопшто не е лошо за Македонија,каде до
пред двадена процентот беше околу 9 до 10 %.Формално би
можеле сега да отидеме некаде на 7 до 10 дена,но,има едно голе-
мо НО,синот ќе се сели во новата куќа на 5-6 септември и не е во
ред токму тогаш ние да не сме во Скопје и да помогнеме колку
што можеме.

01.9.2020 г.  Вторник,

Конечно дојде толку очекуваниот  први септември,односно


есента,иако календарски сеуште трае летото.Уште рано
сабајле,во 8 часот со два кабли со големи ,,штипки‘‘ на секој крај
ја стартував колата замајки струја од акомулаторот на Фокусот од
ќерката. 

         

102
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Интересно е што овој апарат,ако може така да се нарече,е едимка
без која возилото е практично мртво.Може да се вози само ако се
стартува од друго возило,но се додека не се исклучи,или ,,угаси‘‘
моторот.Потоа мора повторно да се стартува од друго возило со
пригодни кабли.
За да се среди Фокусот морав ургентно да купам нов акомулатор.
Откога го стартував возилото веднаш отидов до продавницата за
акомулатори каде купив нов,јак извор на струја,кој продавачот го
монтира на местото на стариот дотрајан акомулатор.
Сега Фокусот е среден и повторно може да се вози.Иако во
овие месеци ретко го користиме,највеќе поради ограничените
движења од епидемијата,добро е што е се во ред и кога треба ќе
го возиме.
Синот интензивно го празни нивниот подрум во станот каде
сеуште живеат.
Бидејки за околу една седмица треба да се одселат во новата
куќа која е практично готова,сем дотерување на местото околу
куќата, ограда и слично.Затоа морам да ги земам ,,зимските‘‘ гуми
за Фокусот и пластичното буре за киселење залка од
подрумот.Со средената кола тоа ќе може да се направи без
проблем, само не знам каде да ги однесам. 
Времето е сеуште многу топло.И денес,како и вчера имаме
високи температури во Скопје,околу 36-37 степени,но за среќа не
ја осеќам многу вруќината,бидејки во нашата спална соба е по
свежо од дневната соба.Тоа е поради вовлеченоста на собата кон
внатре, и фактот дека воопшто дирекно не ја грее сонцето. Затоа,
но и за да бидам сам и да можам да пишувам најчесто седам во
спалната соба,нормално со лап топот пред мене и со вкључен тв
апарат,но без звук!!
Синојка по врфаќањето од паркот и по  вечерата, околу 21 и
триесет го ,,пуштив‘‘ филмот за доаѓањето на власт на Hитлер.
Филмот се вика ,,Раѓањето на чудовиштето‘‘.

103
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

                                    
Филмот е извонреден,но на половина почнав да заспивам и затоа
си легнавме,а вториот дел ќе го гледаме веројатно вечер.
Од секогаш ме интересирале случувањата во Европа и светот
пред,за време и по втората светска војна.Но како што стареам
интересот уште повеќе ми се зголемува.
Уште кога бев многу млад, на 14 -18 години често си мислев.
Штета што не сум живеел во воените времиња за да можев да
одам во партизани,на кои многу им се воодушевував,посебно на
храбрите,неустрашиви борци кои често и загинуваа во борбите со
германскиот окупатор.

            
Обавезно ги гледав сите партизански филмови кои се прикажуваа
во градските кина,а нив ги имаше на претек.Во секој од нив се
величаше борбата и храброста на партизаните и нормално како и
во секој филм од Холивуд завршуваше со среќен победоносен
крај, Хепи енд како што би рекле во англиското говорно подрачје.

104
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

02.9.2020 г.  Среда,

              Повторно средниот ден во седмицата започна сосема


стандардно и обично, со утринско кафенце,вклучување на лап
топот,а потоа со велосипедот дирекно кон паркот.
Синојка не повика Сања да се видиме пред нејзината зграда,каде
се одржуваше некое мало такмичење каде деца се натпреваруваа
во спретно восење велосипед.Учествувала и внуката Леа која
одлично вози точак.Потоа заедно со ќерката отидовме до паркот
каде по кратко шетање разговаравме седејки на две клупи,со
обавезните заштитни маски.Таа е зборлива и професијата пра-
вник,и функцијата во фирмата потполно и одговара.
Цело време не забавуваше со раскажување што се се случувало
оваа седмица,но и што интересно ќе се случува до крајот на
истата.Од многу зборување заборави да ме праша што бидна со
акомулаторот и дали купив нов.
Секој пат кога ќе се спомене претхосниот систем, соција-
листичката Југославија веднаш помислувам на Лидерот- Пред-
седателот Јосип Броз Тито.

    
Тој како што е добро познато беше ЛИДЕР од светски маштаб.

105
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сите големи светски лидери во повоените години од 1945 до 1980
година многу го почитуваа и ценеа.
Тој однос го имаа највеќе поради неговите неверојатни спосо-
бности и вроденото лидерство,но и поради големата вештина со
која ја водеше нашата заедница-Држава составена од повеќе
народи и националност.                                                       
Носталгијата кон претходниот систем е присастна скоро кај сите
граѓани постари од 50 години.
Додека бевме во социјализмот многумина мислеа дека ако
прејдеме во ново капиталистичко друштвено уредување веднаш
ќе има благосостојба и дека ќе тече малтене ,,мед и млеко‘‘ што е
голема илузија.Прост и недоволно образуван нарпд,или
поединци ако сакате,може да мисли дека само од себе ќе биде
многу подо- бро.Во капиталистичките западни земји пред се се
работи многу повеќе одколку кај нас,и нормално платите се многу
поголеми. Нема државна администрација неколку пати поголема
од потре- бната,каде се работи најчесто многу малку и
неефикасно.
Само политичарите од првиот ешалон,без никаква одговорност и
чесност живеат како ,,бубрег во лој‘‘ со многу бенефиции и удоб-
ности на сметка на јадниот работен народ,особено на сметка на
слабо платените професии,рударите,земјоделците,текстилните
работници и слични професии.
               Сабајле Госпожата по завршетокот на доручекот,уште со
последниот залак во устата ,,ме замоли" читај учтиво нареди да и
помогнам малку во чистењето на работната соба,а за почеток
чистење на библиотеката.Додека заедно ја бришевме од прашина
секоја книга посебно,и полиците се разбира многу убави спомени
ми доаѓаа на памет врзани со дкоро секоја книга.Кога сме ги
купувале и каде во првите години од нашиот брак,како и остана-
тите стручни книги,од кои повеќето ги купував во Загреб.Со  една 
пауза за три часа ја средивме работната соба.😀

3.9.2020 г.  Четврток,

106
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Стандардно утро,со кафенце,лап топ,а потоа кон паркот со


точак нормално.Но кога малку подлабоко ќе се помислам не е
секој ден исто сабајлето и станувањето.На тоа влијаат многу
фактори.Покрај здравјето,многу битно е,посебно во пензио-
нерските години кога преку ноќ се сумираат случките, пости-
гувањата,поразите и односите кон другите најчесто во мина-
тото,но и понекогаш и во сегашноста.
Пред да станам,лежејки на ум ми дојдоа повеќе луѓе и изминатото
време и помислив како за секој од нив имам по неколку замерки
во нивниот однос кон мене, ,,респектот‘‘, но и нивниот катактер.
Заклучив по којзнае кој пат,бидејки имав доволно долго време да
се запознаам самиот себе,во текот на овие 70 тина години, дека
сум бил и за жал сеуште сум голем кусурџија,како што би рекле
старите скопјани.Значи дека многу очекувам од другите луѓе во
нивниот однос кон мене и од нивното вкупно однесување кон
сите останати.Оваа лоша особина ме прати уште од детските
години.Непотребно и дури доста штетно е да се очекува премногу
од другите,бидејки ниту јас воопшто на сум идеален,и имам како
и останатите доста недостатоци и лоши особини.Тоа е делумно
наследено од родителите,и предците,а делумно и сткнати во
текот на животот.
Заклужив дека многу по добро и по безболно е да не обрнувам
внимание на останатите луѓе и едноставно да си го живеам
животот по мое.Веднаш се сетив на многу мудрата мисла во
врска со овој заклучок:
,,Најдобар начин да се избегне разочарување е да не се очекува
ништо од никого.‘‘

Изузетно паметна и длабока мисла која многу кажува ако се


разбере по длабоко.
Луѓето треба да се прифаќаат такви какви што се,со сите нивни
мани и врлини,бидејки ништо не можеме да промениме,а веро-
јатно и дали би сакале,сем кај внуците и децата.
Тоа е тоа и кога ќе се свати на вистински начин животот и се што
се случува секојдневно ќе биде многу по убаво и поинтересно,а
што е исто така многу битно и ние ќе бидеме многу посреќни.

107
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сношти го повторно го гледавме филмот ,,Амадеус‘‘.Како што од
името на филмот може да се заклучи,станува збор за еден од
најпознатите композитори на класична музика Вофканг Амадеус
Моцарт.

       
Зборот одличен за овој филм се слаба оценка,посебно за
љубителите на класична музика во кои јас и моето верно
другарче се вбројуваме.Филмот многу сликовито ја претставува
генијалноста на Моцарт,но и неговиот трагичен завршеток на
краткиот животен пат.Тој починува со само 33 години.      
Режисерот Милош Форман успеал на извонреден начин да ни ја 
долови неговата музика,неговиот карактер и неговиот емотивен
живот кој бил пресуден за неговата прерана смрт.
Филмов има освоено најголемо признание од областа на филм-
ската уметност,а тоа се статуетките Холивудскиот ,,ОСКАР‘‘, која
ја добил во осум категории.
Сценариото е напишано врз база на театарската представа каде
се третира ривалството меѓу Мозарт и дворскиот композитор
Антонио Салиери.
Во осумте ,,Оскари‘‘ кои ги освоил еден е за најдобар филм
добиена во 1984 година.
За овој феноменален филм може многу да се пишува,но овде ќе
застанам за да можам во некоја друга прилика,друг пат повторно
да се навратам на Моцарт и филмот ,,Амадеус‘‘.
Утрово е малку по свежо и облачно.Сепак извозев два круга
и малку пропешачив со одмарање и седење на клупа што многу
ме полни со енергија и ми го подобрува расположението.

108
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
По пат,враќајки се дома се мислев дали можеби е добро да
прошетаме до центарот,бидејки времето не е топло ,а можеме и
да видиме нешто низ продавниците  во Градскиот трговски
центар.
Кога влегов дома гордана ме изненади со ,,предлогот‘‘ повторно
да помогнам во чистењето и средувањето на работната соба.
Денес наумила двокрилната врата да се чисти,бидејки можеби ќе
дојдат внуците Михаела и Дарон на гости со спиење,па мора се да
блиста.Досега повремено доаѓаше жена за чистење која често
работи кај Сања дома Ајрие,но со коронава не сакаме да ја
викнеме,бидејки во населбата каде што живее воопшто не се
запазуваат мерките за заштита од вирусот.

4.9.2020 г.  Петок,

Петок си е петок, и сите знаат дека е последен работен ден


во неделата.На моменти помислувам драги дневниче дека полека
се заситувам и дека можеби наскоро ќе немам за што да пишувам,
а потоа ми доаѓаат идеи,кои некогаш се нови и ниви,но некогаш и
не баш,бидејки за слични работи веќе сум пишувал.Ти веројатно
веднаш ќе се сетиш и ќе си речеш,
,, Овој мој пријател Мики повторно пишува за некои работи  за
кои веќе пишувал.Да се повторуваат исти размислувања не е баш
многу интересно,‘‘
Ова е вистина ако се повторувам,но сепак сматрам дека при
секое повторно навраќање на некои работи не е се
исто.Суштината,тоа што сакам да го кажам сигурно е исто,но
начинот на кој го кажу- вам, се надевам дека е различен.
Немам обичај да се враќам назад и да барам дали икаде сум
пишувал за некои мои опсервации.тоа би било малку превише за
моево моментално трпение,кои за жал не е големо.
За многу работи во животот од никогаш не сум имал трпение,што
често е лошо.Но,за некои работи е добро брзо и одлучно да се
делува,бидејки ако многу се премислувам можеби воопшто нема
109
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
да преземам ништо.Тука е многу интересна старата мисла која
вели:
,,Железото се кова додека е вруќо,бидејки кога ќе се олади е веќе
касно.‘‘
Така е за многу работи во животот,но за некои е подобро да се
има трпение и да се почека малку.Во овие експлозивни времиња
полни со разни непредвидливи случки не е лошо да се биде
малку по трпелив и воздржан.
Се мислев дали утрово воопшто да возам,бидејки нешто ме
наболува ,,половината‘‘ како што би рекле нашите родители,да не
речам старите,бидејки и ние веќе спаѓаме во таа категорија.
Сепак одлучив да провозам малку,а потоа морам да купам компи-
ри за ручек,бидејки внуците нарачаа пире со ќофтиња.
Додека одмарав на клупа,гледам во прекрасната зелена
трева и убаво обликуваните мали дрвја помислувам на животот и
многу негови непознаници и мистерии кои ги пратат како позна-
тите,но и непознатите луѓе.Помислив меѓу другите и на светски
нај познатата ,,плавуша‘‘ во пеесетите и шеесетите години,а тоа е
актерката Мерлин Монро.

         
Кариерата и животниот пат на оваа по многу работи неверојатна и
контраверзна личност се сложени и  несватливи.Имала психички
трауми уште од тинејџерски години,бидејки мајка и се оставила и
премажила.Во текот на краткиот живот кој најчесто несреќно го
живеела,се мажела неколку пати,но секогаш несреќно завршу-
вала.Иако била многу пожелна и атрактивна актерка на крајот од
пеесетите години, во психата и срцето била многу несреќна.

110
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Затоа еден ден одлучила да си го одземе животот со преголема
доза на апчиња за спиење.
Повторно се повторува познатата вистина дека парите и славата
не се секогаш предуслов за среќа и радост во животот.
Слична судбина имаше и светски најпознатиот рок пеач и
танчер Мајкл Џексон.

  
Овој неверојатно добар пеач и врвен танчер имал многу психички
проблеми и трауми.Фантастично богат и славен,но и покрај тоа
многу несреќен и трауматизиран.На крајот се самоубил бидејки не
можел повеќе да живее и да се бори со своите трауми и кош-
мари.
На нас кои не сме богати, и имаме толку колку што ни е потребно
за еден нормален и пристоен живот овие примери само ни го
потврдуваат фактот дека сепак и ние сме среќни,а можеби и
многу посреќни од стотици илјадници,а можеби и многу милиони
богати луѓе кои живеа несреќно и тажно.

5.9.2020 г.  Сабота,

Првиов ден од викендот е ден пред формалното пресе-


лување на синот со фамилијата во новата куќа која е завршена од
111
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
внатре,како и од надвор,сем дотерување на оградата и дворот.  
Денес повторно како и во претходните два дена ќе бидат внуците
Михаела и Дарон јак нас преку цел ден за да можат синот и снаата
да се спакуваат и однесат некои кршливи работи во новата куќа.
Пред неколку дена се понудивме да помогнеме околу
селењето,но синот одби со образложение дека сум стар.Синојка
кога ги земаа децата Мартин ме праша дали можам да помогнам
со посматрање на селењето,за да нема некои непожелни работи и
ситуации. 
Ке треба да поседам пред куќата додека се внесуваат работите за
да нема изненадувања.Во ова време на разни ,,Гаџети‘‘ како
моби- лни телефони и таблети времето не е проблем,а посебно за
мене, бидејки имам се е сешто на мибилниот телефон. Можам со
часови са слушам аудио книги,разни видеа за учење англиски
јазик,или пак разни видеа со припрема на разни јадења,кои во
последно време ми се многу интересни.Исто така можам и да
читам разни мудри реченици на англиски јазик кои исто ги имам
на телефонот.

     
Мобилниве телефони се вистинско чудо.Покрај многу функции за
комуникација со останатите корисници сегашнива ,,Паметни‘‘
телефони нудат мнгу други функци кои мене многу ми користат.

Сега кога влеговме во септември времето е по пристојно,во


смисол на вруќини преку ден,а утрата се доста свежи.Ноќите исто
така се свежи,па спиењето е сосема солидно во однос на свежи-
ната.
Сабајлево брзам са отидам со љубимецот до паркот и да
извозам неколку круга,а потоа да купам некои зеленчуци и ово-
штие.Внуците повторно ќе бидат кај нас,па можеби ќе треба околу
9, или 9 и 30 да ги земам и донесам кај нас.

112
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
        Ги донесов внуците кај нас,нормално сите носевме маски,а
дома највеќе седиме во различни соби,па нема потреба од
носење маски.
         На пладне се фатив да спремам ручек,бидејки планот е
денес да јадеме леќа која сите ја сакаат.Ја спремив,сварив за да
не заборавам како се припрема.

6.9.2020 г.  Недела,

Денес е ,,Д‘‘ ден за синот и неговата фамилија.Формално


денес дефинитивно ќе се преселат во новата куќа.И јас сум
вклучен во процесот на селењето,но само како надзор и пратење
на комплетното пренесување на големите ствари.Камионот со
кого ќе се пренесат сите преостанати работи сабјлево во 9 часот
треба да биде пред нивната зграда и да запоичнат со товарање на
мебелот и ,,белата техника‘‘.
Сабајле  пред да станам се подсетив на сите наши селења од стан
во стан во тек на нашиов брачен живот.

     
Селењето како процес не сум го сакал од никој пат,но зажал е
неминовно при префрлувањето од едно во друго живеалиште.

113
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Во западните земји,а посебно во Америка многу фамилии живеат
во наместени рентирани станови и куќи,така да при селење од
едно во друго живеалишта не носат никаков ,,крупен‘‘ мебел,туку
само некои лични ситни работи кои ги сместуваат во багажникот
од сопственото возило.
Во последните неколку стана во кои сме живееле,за среќа има
лифт и носењето на мебелот е по едноставно,сем во кулата на
улица ,,Партизанска‘‘ каде живеевме на седми кат,а лифтовите
беа многу мали и мораше мебелот да се пренесува преку степе-
ниците,што беше многу незгодно и мачно.
Нешите работници кои го ,,носат‘‘ мебелот од станот во камион и
обратно,не се воопшто внимателни и така често некои работи
малку се оштетуваат.Нивна цел е на што полесен начин и што
побрзо да ги пренесат сите работи,а  другото  е помалку важно.
Низ мислите ми поминаа сите поранешни станови,мебел и
селења од еден во друг,кои во тие години не ми изгледаа толку
мачни како сега.
Иако мојата задача беше надгледување и внимавање на стварите
и целиот процес по околу седум часа присаство со повремено
седење на монтажно столче сепак малку се заморив.Ме радува
фактот дека очекував повеќе да ме измори ова селење,но без
проблеми издржав што е многу битно.
Во текот на самото утоварување синот беше нервозен,што не е за
изненадување,бидејки тој секогаш се сака да биде како што зами-
слил,но во овој случај тоа беше невозможно.
По првата ,,тура‘‘ пренесување на мебел и ,,бела техника‘‘ со
комбито кое го најмил синот,се јави ќерката да праша како оди
работата и дали сум се заморил за да ме замени.Немаше потрба
од таква замена бидејки воопшто не бев уморен по два и пол часа
присаство на селењето.Повровно и поврората ,,тура‘‘ се јави
Сања да провери далитреба да дојде,но и тогаш не беше неопхо-
дно.По којзнае кој пат се потврди фактот дека ќерките повеќе се
грижат за родителите од синовите.Веројатно е тоа генетски и
природно,но грижата на ќерката е уште поголема од останатите
ќерки кои ги познаваме,за своите родители.Некои од тие ,,добри‘‘
ќерки гледаат што можат повеќе да искористат и да ,,исцицваат‘‘

114
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
од родителите,што според мене,и не само според мене е краен
безобразлук и срамота.
Селењето успешно заврши околу 14 и 30 минути и потоа се
прибрав дома на ручек.
По убавиот и обилен ручек,залиен со чаша убаво црвено
вино ,,Вранец‘‘ си легнавме,како и секој ден да се одмориме
малку.
Вечер планирам стандардно да се прошетаме низ паркот и
да провозам малку со точакот.Околу 19 часот се мислев дали да
извозам или не,бидејки сепак малку се осеќав уморен од дене-
шниот напорен ден за моја возраст.
Одлучив да останам дома,а по 21 часот да ги однесеме внуците
кои се моментално кај Сања во новата куќа за да си спијат по прв
пат во новите кревети.
Разговарав со Госпожата дали да одиме некаде една недела или
10 тина дена.Во обзир доаѓаат само Албанија и турција,бидејки во
другите земји не не примаат поради пандемијата со Ковит виру-
сот.Во Турција не сака Гордана и остана само Албанија.Валона ја
фалеше другарот Томче и веројатно ќе одиме тамо,но кога сеуште
не знаеме.Зависи од докторите во ,,Систина‘‘ бидејки и двајцата
треба да одиме,Гордана на контрола,а јас кај доктор Лековски.
Утре ќе провериме сѐ, и дефинитивно ќе одлучиме каде и кога.

7.9.2020 г.  Понеделник,

Конечно помина вчерашниот ден кој беше многу напорен и


тежок како во физички,но и психолошки,бидејки селење на фами-
лија од едно живеалиште во друго не е обична,ниту едноставна

115
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
работа.Утрово е ведро,светло и свежичко,бидејки да не забора-
виме дека веќе навлеговме во септември.
Го пијам утринското кафенце со половина банана и малку диња
како за почеток.Претходно испив една голема чаша ладна вода со
исцеден пола лимун.Втората чаша со вода и лимун ја пијам со
кафето.И денес веднаш постанувањето следуваше мерење на
дигиталната вага која покажа одлична тежина- 76,3 кг. Ова малку
ме развесели бидејки целта во смалувањето на тежината,односно
слабеењето беше да постигнам околу 76 килограми,поточно меѓу
76 и максимум 76,9 ја постигнав и се одржува.
Во принцип сѐ полесно се постигнува одколку потоа тоа да
се одржува.Така е и со одржувањето на оваа тежина.Ќе биде
тешко да се одржува,но цврсто сум решен никако да не преминам
77 килограми.Разлозите се познати на сите,а тоа се:
Прво од здравствени причини.Слабите луѓе имаат помалку
проблеми со здравјето за било која болест.
Второ.Многу по лесно и по свежо се чуствувам со оваа тежина.
Трето.Многу по лесно и убаво се движам и качувам по скали кога
немам вишок килограми.
Основните правила за слабеење се прости и едноставни само
тешко се почитуваат на подолг рок.Ме радува што мислам дека
полека се навикнав да јадам помалку од претходно кога воопшто
не водев сметка колку и што јадев.

Интересно е што пред 35-40 дена кога започнав да водам сметка


колку внесувам и да ги бројам калориите неколку кратки панто-
лани кои ги добив на поклон од зетот,бидејки веќе не ги бенди-
сува,а се носени само неколку пати,тешко ги закопчував и
размислував како са се прошират.Сега по скоро месециполовина
лесно го закопчувам,а треба и каиш да носам за да не ми спадну-
ваат.

116
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

     
Во процесот на слабеење како што е ногу добро познато покрај
намалувањето на количината на храна,многу битна е и физичката
активност.возењето точак и пешачењето се и во овој поглед
извонредни.
Не е воопшто лесно да се избегнуваат вкусни продукти како што
се сланина, чварки, шќембе чорба, свинско месо и морски
плодови.Секој пат кога сум во дилема дали да каснам нешто
мрсно и недозволено,мислата ми оди кон отоците на палците од
стапалата кога имав напад на Гихт.Затоа се стопирам и не земам
ништо од недозволеното.Не е лесно но мора така да биде.Само
контролата е голема работа и трба да се трудам да ја одржувам.
За сега добро ми оди,а се надевам дека и во иднина така ќе биде.

8.9.2020. Вторник,

Д
        енес е дежавен празник.Надвор е сончево,мирно и многу
тихо.Не поминуваат автомобили пред нашата зграда како во нор-
мални,работни денови.Стандардно станување,кафенце и возење
низ паркот.Додека бев отсатен Гордана се слушнала со ќерката и
ја обавестила дека имаме намера да одиме на одмор во Албанија,
конкретно во Валона.Ќерката се зачудила и категорично не ја
прифатила нашата идеа за вакво летување.Долг пат,повеќе од
400 километри,граница,чекање и слични примедби.Ја одвратила
со зборовите не одобрувам одење во албанија оваа година.

117
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Бидејки синот го послушавме да откажувањето летувањето во
хотелот ,,Белви‘‘,моравме сега да ја послушаме и ќерката бидејки
имаше доста јаки аргументи.
Следна варијанта остана само одење во Охрид во апартман и
големо внимавање на плажа и во ресторани каде ќе седнуваме на
ручек,или вечера.
Решивме набрзина да одиме во Охрид на една недела.Проверив
во ,,Систина" кога ќе биде на работа мојот уролог Лековски и
дефиниравме да одиме 6 дена од среда 9 ти до вторник 15
септември.Јас ќе морам на 16 среда да бидам во Скопје и да одам
кај доктор Лековски.Претходно се надевам дека ќе ми закаже
сестрата Јадранка за среда.Во спротивно ќе морам да чекам уште
два дена и да одам најкасно во петок.
Со дефиниран термин за Охрид седнав на лап топот и побарав
апартмани за тој термин.Имаше многу,како во центарот,така и
пошироко.Одбрав четри кои ни одговараа и планирав следниот
ден,кога ќе стигнеме во градот да го видиме прво рангираниот во
нашиот избор,а потоа ако евентуално не го бендисаме,да одиме
кај вториот и така натаму.
Во меѓу време Гордана се слушна со синот за да го обавести дека
во среда заминуваме за Охрид.Тој прво се зачуди што така
изненадно решивме, а потоа некако се сложил да одиме.Ќерката
ис сото претходно се сложила да одиме во Охрид.
Околу 19 и 30 отидовме кај Мартин да го видиме новиот голем
телевизор од 70 инчи ,,лед" Филипс кој го монтирал во дневната
соба,а за што претходно не поканил.
Телевизорот е одличен,а терасата позади куќата исто така
прекрасна.
Во разговор тој ме подсети да побарам апартмани и на
сајтовите ,,Пазар 3 " и ,,Реклама 5 ".
Кога се вративме дома веднаш седнав на лап топот и побарав
уште апартмани.Меѓу другите вниманието ми го сврте поволната
понуда од 1200 денари за апартман- студио во ,,Охридати" многу
блиску до езерото и до ,,Биљанини Извори".Се јавив на
телефонот посочен на огласот и сопственикот ми дообјасни
околу 11 те апртмани кои ги нуди.Веднаш ми понуди попуст и

118
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
утврдивме цена од 1000 денари за ноќ,што е многу поволно.Се
договоривме следниот ден кога ќе стгнеме во Охрид да се
слушнеме за детали околу положбата,местото и доаѓањето до
апартманите.

9.9.2020 г.  Среда,

Конечно се раздени денот на тргнување за Охрид .


Обично пред патување и летување ноќта слабо спијам највеќе со
мислите како ќе биде.Како ќе  патуваме.Како ќе се сместиме.Овој
пат малку различно од стандардното.Спиев сосема нормално
како да нема никаде да патуваме.
Претходниот ден се спакувавме во два куфери,со многу гарде-
роба,но бидејки сами патуваме нема проблеми од повеќе работи
и куфери.
Сабајле испивме кафе да се расониме,проверивме дали се сме
спакувале и ги однесовме сите работи во Фокусот.Куферите на
задните седала,а останатото во багажникот.Две торби ставив
меѓу задните седишта и во осум часот тргнавме.На првата
бензинска пумпа наполнив 30 литри гориво и преку Ѓорче Петров
и Маврово се упативме кон Охрид.На ,,Стража" каде се нудат
најубавите мекици во Македонија застанавме,Гордана купи за
двајцата по една и продолживме кон нашето нај убаво охридски
езеро.
Пред влезот во градот сецслушнавме со газдата Љупчо и со
негово упатство стигнавме пред апартманите.

119
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Го одбравме најубавиот,иако тој тврдеше деа сите се исти,но
имаа разни погледи и беа на разни спратови.Се сместивме во
одличниот апартман и попладнето отидовме на блиската плажа
на почетокот од патеката за пешаци и велосиледи кај ,,Биљанини
извори".Водата бисѕра и на наше големо изненадување не беше
ладна како што ја знаеме од претходните доаѓања во Охрид.
Се освеживме капејки се во прекрасното езеро и околу 17 часот
задоволни од денот,сместувањето,а највеќе од убавата вода,се
вративме во апартманот.
По туширање и лесна вечера со овоштие и ,,питички" понесени од
дома,како и јогурт излеговме во центарот каде убаво се проше-
тавме,но и попат купивме некои работи кои ни требеа за
престојот.😀

10.9.2020 г. Четврток,

         Се разбудив во големиот ,,француски лежај" во апартманот


доста рано.Немаше ни седум саат кога станав.Тихо,тихо,да не ја
разбудам Госпоѓата,но таа веќе беше будна и лешкареше со
затворени сино залени очи.Со тие шармантни очи,умиљат поглед
и прекрасна почава ме освои на прва во пауза меѓу две преда-
вања на втора година факултет во далечната 1970 година.
Од тогаш еве 50 години сма заедно и солидно го тераме зема-
љскиот живот.
По доручекот кој никогаш не го прескакам уште од детски
години,се спремивме набрзина и ср упативме со Фокусот
кон ,,Лагадин" кој ни го препорачаа,со чиста вода и убави плажи.
На првата фина плажа ја паркиравме колата на 10-15 метри од
брегот и се наместивме со столиците на расклопување близу до
брегот.

120
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
По кратко сончање влеговме ви чистата и бистра вода,која не
беше воопшто ладна и се искапевме.Натаму стандардно секој со
мобилниот во рака се посунчавме и повторно уште еднаш се
искапевме.Задоволни од водата,топлото сонце и целиот амбиент
околу 13 часот се вративме во апартмснот и ручавме.
Се одморивме и попладне повторно ср упативме кон охридските
плажи.Застанавме пред хотелот ,,Парк" и се сместивме на
нивната убава плажа,бидејки ни кажаа дека дозволуваат престој и
на надворешни лица.

   
Хотелот,,Парк‘‘ со преубавите терасите и сопствената плажа која
е одлична,а водата бистра,но малу плитка во првите 50 тина
метри.Се сончавме, Гордана се избања два пати,а јас само еднаш,
бидејки на вторпто влегување во вода,кое обично го правам
многу полека здогледав водна змија на 5-6 метри од мене.По 7-10
секунди зарони и повеќе не се појави.Не се плашам од водни
змии,бидејки не се отровни, но не ми беше пријатно,па одев на
спротивната страна 20-30 метри со намера таму да се избањам.И
покрај големото растојание од местото на појавување сепак не ми
беше пријатно да се капам и пливам во тој момент и полека
отидов до скалите на бетонската плажа и се вратив кај Гордана.И
ја раскажав случката и се изнасмеавме кога објаснив дека ако
некој од хотелот ме посма- трал сигурно помислил дека не знам
да пливам и затоа се шетам низ водата.
Планиравме да се визиме со бродот кој нуди ноќно разгледување
на Охрид од вода,но имаше ветрче и одлучивме следниот ден да
го изведеме ова разгледување.

121
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

11.9.2020 г.  Петок,

П
      оследен работен ден за трудбениците,а за нас трет ден од
престојот.Стандардно кафенце и доручек,а потоа рано кон
охридските плажи.Денес планираме повторно кон ,,Лагадин", но
малку понатаму каде видовме убави малу плажи.Ќе видиме.
Времето е како и претходните денови одлично.Ведро,тихо
сончево и топличко,но не премногу.
Вчера и прекчера водата беше одлична.Не беше ладна како што
обично е во Охрид,и како ја паметиме од порано.Обично зависи
од конкретното лето,колку било топло и дали имало дождови.
Сабајлево за промена продолживме кон хотелот ,,Десарет", но по
пат ја бендисавме плажата во сред селото ,,Пештани" кое сега е
позната туристичка населба полна со вили,хотелчиња и убави
куќи наредени покрај патот кој води до ,,Свети Наум" каде се
изворите на реката Дрим и многу познатиот манастир со голема и
преубава црква ,,Свети Наум".
Се лоциравме на големата плажа во ,,Пештани" на безбедно
растојане од другите капачи и гости.

       
Времето е супер,како и бистрата вода заедно со одличниот
пристап и влез во езерото.Седев повеќе во сенка која ја форми-
раа дрвјата на плажата, бидејки вчера малку ,,изгорев" што
досега не ми се случило,но секој пат има ,,за прв пат".
Уживав во извонредниот поглед на езерото,на кајчињата кои се
лулаа усидрени блиску до брегот,како и на неколку глисери кои

122
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
исто беа усидрени близу до брегот.Многу галеби леткаа над
бистрата вода крај брегот надевајки се на некое невнимателно
ребче кое би изронило на мазната езерска површина.
Околу 12 и 30 завршивме со претпладневното сончање и капење
и се вративме во апартманот каде ручавме,а потоа
обавезната ,,Сиеста", како што би рекле мудрите шпанци,кои
редовно дремат по обилниот ручек.
           Вечерта по 20 часот,како што планиравме се упативме кон
центарот и паркиравме во близина на шеталиштето од брегот.Од
тамо поаѓа бродот со голема отврена платформа со кого сакавме
да го разгледаме Охрид од вода.

          
Извадивме два билета,кои беа зачудувачки ефтини,само 100,оо
денари по особа и се сместивме на горната палуба.
По кратко време бродо делумно се наполни и тргна.Искусниот
капетан полека и умешно го водеше големиот брод недалеку од
брегот,но и објаснуваше преку разглас за историјата на древниот
Охрид и многубројните познати цркви кои беа осветлени во
темната,но ведра ноќ.Дуваше малку ветер,кој повеќе се
чуствуваше кога забрза бродот и се упати кон брегот од левата
страна на езерото.Бевме спремни на ветер и студ при разгле-
дувањето и носевме џемперчиња и тренерка со која се огрна
Гордана,бидејки на ивицата од бродот повеќе дуваше ветер.
Погледот на Охрид навечер од вода е величествен.Осветлен со
безброј мали светла,но и посилни за поголемите објекти,како и
црквите изгледаше фантастично.Гледајки разни осветлени
објекти капетанот ги редеше хотелите крај брегот кои ги
знаевме,и на чии плажи одевме,но само од копно.Од вода и

123
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
навечер изгледаа сосема поинаку и по различно,но исто така
фантастично.😎
По релативно долгата прошетка и разгледување на градот од
вода
по враќање на пристаништето задоволни се вративме во апарт-
манот каде малку поседовме на балконот и со ладно пивце и мезе
ги средувавме впечатоците кои беа многу импресивни.
12.9.2020 г.  Сабота,

               В
еќе убаво загазивме во нашето мини летување.
Дојдовме практично на половина.Како и претходните денови,така
и денес по доручекот отидовме кон хотелите од левата страна на
брегот со намера денес да ја ,,пробаме" плажата на
хотелот ,,Метропол" или некој друг во близината.
По пат се предомисливме и проџолживме кон хотелот ,,Десарет"
каде се паркиравме и сместивме на убавата плажа со малку
пoсетители што во оваа ситуација ни одговара во потполност.

         
Попладне по обилната скара и ладнокто пиво во
ресторанот ,,Орфеј" кој е блиску до апартманот се одморивме
убаво и долго,а вечерта отидовме до центарот каде убаво се
прошетавме.

124
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
13.9.2020 г.  Недела,

В
             ториов ден од викендов го започнување со планирање
за дружбата со кумовите со кои треба за се сретнеме и капеме и
дружиме до вечер.Околу 9 часот се јави кумата со реченицата:
,,Ние влегуваме во Охрид,каде да се најдеме"?
Набрзина се спремивме,испивме лекови и веднаш се упативме
кон бензинската пумпа на излез од градот на пат кон ,, Свети
Наум" и најпознатите хотели со убави плажи.Се најдовме и
заедно секои со своето возило се упативме кон ,,Пештани" каде
има одлична плажа,а се надевавме дека нема да има гужва.Така и
беше.На целатавплажа немаше повеќе од десетина фамилии со
или без деца.Сите беа на безбедно растојание од најмалку два
метри.Се лоциравме и ние на безбедно растојание од два метри и
уживавме во муабетите,топлото сонце и прекрасната глетка на
тихото и кристално чисто езеро.
По околу еден час се избањавме во прекрасната бистра вода,и
потоа го продолживме интересниот муабет,бидејки се немаме
видено повеќе од осум месеци.
По уште едно капење во 13 и 30 отидовме заедно на ручек во
блискиот мал но солиден ресторан каде ситебчетворица
јадевме ,,пици" со шопски салати и ладни пивца кои одлично
одеа со вкусните италијански ,,пици".

           
На крајот по солидниот ручек,кој на мое инсистирање го платив
бидејки претходно тие не частеле ручек и сега ние бевме на
ред,се разделивме многу задоволни од одличната дружба.Тие
отидоа до градот да се прошетаат малку,а ние во апартманот,каде

125
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
по десертот од порцијата сладолед со неколку резенки диња сити
и презадоволни си легнавме да дремнеме малку.
Вечерта околу 17 и 30 се спремивме за шетање и отидовме на
ќекот кај ,,Биљанините извори " каде убаво се прошетавме и се
одморивме на една клупа.Времето беше прекрасно,со мало
ветерче кое одлично не освежуваше.По пат свративме во
познатиот ,,Куба Либре" клуб каде се собираат младите гости и
Охриѓани и преку ден,но и до касните вечерни часови.

         
Го разгледавме,но не седнавме,бидејки сите гости беа млади
момци и девојки.Во овој клуб пред околу месец дена внуката
Срна скоро секој ден одела со другарките,но и внукот Филип исто
така.😎

14.9.2020 г.  Понеделник,

Н
         ашето кратко летување полека се ближи кон својот крај,
бидејки во среда сабајле морам да сум во Скопје.По договарање
со сестрата Јадранка во ,,Систина‘‘ за контрола кај доктор
Лековски стандардно право кон плажите на левиот брег од
езерото кои ги има многу.
Решивме претпладнево да одиме на плажата на
хотелот ,,Метропол", а попладне ако воопшто одиме на плажа,да
одиме кај хотелот ,,Бетон".Додека седев во удобната столица за
плажа и гледав и слушав видео како да се научк да Е размислува
на англиски,како многу битен елемемт за течно говорење на
англиски дојдов на одлична идеа д се обидам фа го пишувам
дневникот на англиски.Кристално јасно е дека тоа воопшто не е
лесно и едноставно,но си реков:

126
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
,,Зашто да не се обидам.Не мe чини ништо,само ќе дознаам дали
можам и колку е тешко.Ако можам и пишувањето личи барем
малку на мешто,можам д продолжам,ако не,секогаш можам д
престанам и да си продолжам по старо.                                           
Тakа дa еве зaпочнувам со мојот експеримент.
+++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++

We are stil on the hotel ,,Metropol" beach.The weather is some times


sony,some times cloudy.It changed many times this morning.
Gordana taked a bad once,but I feel a litle cold and I decided not go in
water this morning.In the afernoon I will see.
About 13 hour finish with staing on the beach and drive home.
We have a light lunch, and finish with fruit and ais krem.Like every
day after lunsh sleap a litle and about 17 hour drive again on the
beach before the hotel ,,Beton".
Ariving in the apartmant before meal, I payed at the owner of those
objects 4 six night 6000,oo denars,and asked if he will agree to stay
tomorow a litle longer in apartment after noon.He agree with
pleasure,because there is no another guests in our apartment.
After writing a few sentences,must admit that it' s havy 4 me to write
in english my diery.🤔
So my dear diery,you see that it' s  not easy to write in english,but I do
my best to go on writing.Ofcause the are many mistakes,but ,,Rome
wasn' t build in a day", as one good sentens sead.
In the afternoon agaih on the bich,but this time the nierest one before
hotel ,,Aura", old name ,,Beton" hotel.The weather i a litlevsony,but in
some moments there are some clouds in front of the sun.This is not
problem,because the temperature is stil high.Watter is also not cold.It
is very good to swim and engoy in kristal clear water.😀

127
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

15.9.2020 г.  Вторник,

              The last day of our stay in  Ohrid.It's a pity we must be tonight
at home,because tomorow I must go in ,,Sistina" klinik 4 control
and… In morrning after breakfast paking and then at the bich to bath
4 the last time.
Many people from Ohrid sees that the best period 4 retaered people to
stay on the Ohrid lake is september,because water is stil god,not
cold,therecaren' t croud with huge number od turist and a litel
chieper.Ideal 4 people who are retired.
This are very important facts,and thats why we will plan to come
again next year again in september .
Always when we travel or go on holiday, the day of our start and
come back we couldn't sleap normaly.Me and Gordana are exiting
about thinking if every thing is good prepare,and not to be late 4
starting or go back home.
I get up early.It was about 6 and 30 minutes.After morning cooffe and
half banana and light breakfast,we start to packing all clotes we have
here on holiday.
It' s always easier to put all things- clotes in travels bags now than   in
case when we go on holidays.
After about half an hour we were finish with packing.
Now we intend to go on the beach 4 last time.😀
After nice,delitios and light meal and a litle nape- ,,Siesta" and a cup
of cooffe start driving with our Fokus toword Skopje,our home.

16.9.2020 г.  Среда,

             W
e arived safely at home yesterday evening.After taking a
bad to refresh and eating some light we go to bed.Watched tv very

128
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
short and soon fall asleap,because we were tired.At 73 years is not
like 30 or 40  or 50.At those days distance of about 200 kilometer was
almost nothing.
Spending last few hours on the beach we are listening the best songs
acording our taste.
Yesterday and ths day before I downloaded a out 20 best songs and
now we e goyistening them and loking in fantasting vew in the blue
distance of the Ohrid lake.
I went to ,,Sistina" klinik to control with doctor Lekovski.Everything
went regulary,as many times before.😀                                              
After control I went to my theet doctor Ivanovski to  corect my
down ,,prothese".                                                                                        
Now I lie in my bed in sleaping room ans write those sentences.    
After good rest listening the daily news,and waitng to listen the
newest number from komisionery of health about corona19.
Riding a bicucle is 4 me very important.There a few reasons about
that.Frst I like very much riding.Sekond:
About my bad blud circulation especialy in legs,its very good and
nesesery to .kve,and very good to ride bicucle.But in winter is almost
unpossible 4 me to ride,because is too cold.Thats why I must find a
way to do this excersise at home.
There are some halter 4 back bicucle circle.My son Martin has I think
two different models,and may be he don't need both at the same
moment.We will see.My thinking are,must have this to ride my bicucle
at home in winter.
17.9.2020  г.  Четврток,

           Time and days goos on like before.Almost everything is okey.


Yesterday evening,when I spoke with my daughter Sanja,she order
bean as a meal for thear family.I’m not a very good cook,but one of
the about 12 to 15 simple meals I know to prepare is Macedonien
bean.Every one of my family like my bean meal,especialy grand
children.Our son family also like my bean so I put 1kg. Bean in the
biggest pot we have.Every body knows that all meals are better when
are preparing slowly,so I make the pot with plenty water,oil and onion

129
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
on very low heat.Bean doesn’t need to be mixed during cooking,so I
went to super market to by fruit and vegetable.
My wife watched the cooking,so I have time to go to my theet doctor
to take corrected  my  down artificially theets.
Dear diery.I’m sure you notice that now I write shorter than
before, when was writing in my native language.This is normal
because my english is far from being so good like macedonian.          
The weather is not so hot,but still is warm,about 30 degrees in Skopje
in the hotest hours.                                                                                    
In the afternoon we went walking to our park and were siting on the
bench,but also walking a little.

18.9.2020 г.  Петок,

The last day od this week is slowly going away.The wea-


ther this morning is mostly cloudy.We can’t see a sign of son,and
there is possibility of rain in a few hours.I make my mind to walk a
little and to by some things from super market.
It’s very heavy 4 me to write some feelings and delikate explanation in
english,because my knowledge od this language is not so big and
rich.So I decided from time to time to write in my mother language -
macedonian,and some times to write in english.
**********************************************************************************
Морам да продолжам на македонски,бидејки мојот фонд на
зборови,за жал не е многу голем за да можам да пишувам
специфични изрази и зборови кои објаснуваат посебни чуства и
малку по необични,не секојдневни работи кои не се учат на било
кои курсеви за странски јазици.
Сабајлево се разбудив доста рано и како и други денови во
последно време лежејки и расонувајки се размислував за разни
работи,меѓу другите и за радоста и среќата во животот.                 
130
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Се подсетив на многу моменти кога сум бил многу среќен,на
други кога сум бил многу радосен,но и на некои ретки моменти
кога сум бул доста тажен и несреќен.
Радоста и среќата според мене се многу слични чуства и се
преклопуваат меѓусебе во многу елементи. Не сум ги анализирал
ниту читал стручни написи и научни анализи за секое од овие две
чуства така да малку ги разликувам.Овие два многу битни поими
или мислени именки ако сакате се изузетно битни за секој човек
во било кој период од животот.Затоа тука е чичко Гугл кој знае
скоро  се и мое да одговори скоро на секое прашање.
Укуцав ,,среча и радост разлике‘‘ и се ,,отворија‘‘ многу веб
страници каде се анализираат разликите и се дефинираат и двата
поими.Првата и можеби нај едноставната дефиниција е следната:
Radost je rezultat našeg unutarnjeg mira i zadovoljstva, dok
je sreća rezultat vanjske sile koja nam donosi zadovoljstо.

               
Добро е да се познаваат и разликуваат овие две величенствени и
можеби најбитни чуства во животот на секој човек.Затоа продо-
лжив да читам околу тие чуства.
Многу луѓе,или поточно повеќето луѓе ги поистоветуваат овие
два поими и веруваат дека среќата исклучиво зависи од нас
самите, што не е многу точно,бидејки како што вели дефиницијата
која е најблиска до вистината среќата доаѓа во главном од
надвор, односно од другите било луѓе или дејствија и случувања.
За разлика од среќата радоста потекнува од нас самите,односно
доаѓа од внатрешноста и мирот на секој од нас.
Според мене во некои случаи доаѓа до преклопување на овие две
многу битни чуства,што не е воопшто лошо,па дури и убаво.
131
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Вечерва околу 19 часот се слушнавме со синот и се договоривме
да ги посетиме и видиме до каде се со средувањето во новата
куќа,бидејки не отидоа на викенд во Охрид,ниту во Берово.
Стигнавме и веднаш ни покажаа што е довршено во однос на
последната посета пред околу две недели.Се е извонредно.
Кујната,детските соби,купатилата,дневната соба како и тремот
позади куќата.Поседовме прво внатре,а потоа и на тремот.Кучето
koe го крстија Бартон беше на моменти малку палаво на што ние
не сме навикнати,бидејки не сме љубители на кучиња,ниту мачки.

       
Но тоа е тоа.Внуците,Снаата,а и синот донекаде се љубители на
кучиња и затоа имаат куче.
Си поседовме скоро два часа и потоа се вративме нормално
дома.Ноќта кога се разбудив во ниедно време,низ мислите ми
помина прекрасната куќа и среденоста на просториите.Се под-
сетив на нашите станови во кои сме живееле од венчавката па до
денес.Разликата е огромна во однос на становите и куќата на
синот.Истото е и со становите на ќерката Сања.И таа има два
големи трособни стана кои се споени и извонредно средени и
уредени.Ме обрадува мислата на синот,ќерката и нивните
фамилии.Тие досега постигнале многу повеќе од нас во нашиот
скоро 50 годишен брак.Заклучив задоволно дека сепак нашата
мисија на овој свет бела,и сеуште е успешна,бидејки нашите деца
кои се огледало на родителите постигнале многу повеќе од нас,а
сеуште имаат време да постигнат уште повеќе.
Ние не сме имале такви шанси и можности како нашите деца.Тие
за среќа  живеат во друго време и околности,за разлика од
нашето време кога платите беа доста помали во споредба со
нивните сегашни,се растураше бившата држава и пропаѓаа скоро
сите фабрики и фирми.                                                                             
132
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
За среќа ние успеавме,со многу труд, посветеност и снаодливост
да се одржиме и да ,,пливаме‘‘ релативно добро до
пензионирањето.Како резултат на сиот тој труд сега имаме
солидни пензионерски примања со кои можеме убаво да живееме
и да си дозволиме по некое патување,без никакви финансиски
проблеми и големи штедења.Само сега,за жал има еден ,,мал‘‘
проблем,а тоа е здравјето, кое полека но постојано се влошува
кај двајцата.
Во овој однос малку можеме да подобриме со поголема грижа за
секој проблем во врска со здравјето,но биологијата-старењето на
организмот не може никој да го сопре.
Госпожата гордана често има обичај да ми каже:
,,Ти си ја гледаш душичката,‘‘ што е потполно точно.Јас тоа ниту
сакам,ниту има потреба да го кријам.Во последните десетина
години сватив дека сепак нашето здравје треба да биде прв и
основен приоритет,што во младоста,за жал не беше.Трчавме по
кариера и пари,а здравјето ни беше во втор или во трет план.
Штета.Сега ги чуствуваме некои од последиците на таквото
немарно однесување кон најважаната работа во животот,а тоа е
нашето здравје.Парите и богатството се менлива и минлива
категорија.Денес ги имаш,а утре можеби не,кој знае.Во историјата
на светот низ годините,а посебно на нашиов Балкан има безброј
примери на богати,дури и многу богати фамилии и
поединци,кои ,,преку ноќ‘‘ банкротирале,или војната,од било кој
вид одеднаш однела се,пари,наќит,куќи,богатство,дури и животи.
Многу вистини ги научивме,за жал малку доцна,но сепак некаква
утеха е фактот дека скоро сите млади се однесувале и се однесу-
ваат исто како и ние во младоста.Не случајно некој мудрец го
измислил слоганот:
,,Младост,лудост,‘‘ во кој има многу вистина и кој кажува се.
Да не е така,ниту ние,ниту многу други упорни и ,,сонувачи‘‘ не би
постигнале тоа што сме ние сега,во однос на образованието,
кари- ерата,и преживувањето во тешките времиња кога се
растури државата.
Ние го започнавме нашиот заеднички брачен живот буквално од
нула,што би се рекло.Со упорност,посветеност,многу труд и

133
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
голема храброст постигнавме доста.Храброст да земамме огро-
мни кредити за стан,но и потрошувачки многу бројни кредити.
Храброст и да купуваме акции пред 13-14 години кога истите
лудуваа и растеа ненормално многу,и да профитираме скоро 50
тина илјади евра.Многу наши пријатели и роднини ниту во сон не
би вложувале во акции,кои наеднаш можат да ,,паднат‘‘ и да се
изгуби скоро се,но тоа е тоа.Кој не рескира,не може ниту да
добие.
Повторно се сетив на мудрата мисла:
,,Среќата ги прати храбрите,‘‘ која најчесто е точна,бидејки ако не
се рескира,не може ниту да се профитира.

19.9.2020 г.  Сабота,

Првиов ден од викендот го планирав за одење на мојот


омилен пазар,а тоа е ,,Зелен пазар‘‘.Скоро секој ден во подсе-
тникот од мобилниот телефон упишувам неколку позиции кои
треба да ги набавам,но полека до сабајлето тие неколку најчесто
стануваат 12 до 15 позиции.                                                            
Вчера ја проверив состојбата на мојата трансакциона сметка и ме
обрадува состојбата.Комерцијална банка ми уфрлила 4000,оо
денари наиме корекција на грешка при уплата на банкомат.
Пред два дена одејки кон забарот доктор Саше застанав пред
експозитурата на Комерцијалната банка преку која ја добивам
пензијата и од која имам три кредитни картици и трансакциона
сметка.Извадив 6000,оо денари од мојата картица,а од сметката
на Гордана,бидејки таа е сеуште доста позитивна,а јас бев малку

134
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
во негатива.Потоа со мојата мастер-маестро картица уфрлив на
тој банкомат три пати по 2000,оо денари.

  
За жал банкоматот ја регистрирал само првата банкнота од
2000,оо денари,а другите две не.Малку возбуден се јавив во
централата на банката како ме смирија со објаснување дека се ќе
биде проверено и исправено.
Во експозитурата пополнив изјава за грешката и ми ветија дека за
3 до 4 дена ќе ми се вратат парите,односно уплатат на мојата
сметка.Смирен се вратив дома и чекав да видам кога сето тоа ќе
биде исправено.За среќа вчера веќе беа парите уплатени на моја-
та трансакциона сметка.Целата работа среќно и брзо се завши.
Ме подсетија дека најдобро е при уплата сите банкноти одеднаш
да ги вметнам,со што не би можело да се јави ваква аномалија.
Сабајлево пред да заминам кон мојот омилен пазар барам по
сајтовите со гласи некој половен уред ,,Орбитрек‘‘ за вежбање кој
силно го препорачува синот за моја возраст,на кој треба да веж-
бам дома кога времето ќе биде лошо и студено.

135
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

   
Веб страницата со огласи ,,Реклама5‘‘ е полна со понуди за
половни и нови вакви справи.Има многу типови и подврсти така
да сеуште не сум сигурен кој тип одговара за мене.Обавезно пред
да купам половен,ако воопшто се одлучам за купување,сакам да
го пробам малку за да видам како ќе ми оди.Не ми се брза бидејки
сеуште времето е убаво и топло.Имам доволно време,скоро еден
месец да бирам,пробам и одлучам дали да набавам еден поло-
вен.Користените не се скапи.Има дури и да 60-80 евра што не е
некој голем износ, и кој без проблеми може да се купи.
На враќање од пазар.одејки кон Фокусот паркиран пред
маркетот ,,Тинекс‘‘ со полна количка зеленчук и овоштие се
слушнав со сервисерот за Ламинати од фирмата ,,Лав Комерц‘‘ од
која го купивме,а тој дечко го намести пред скоро две години,при
што вети дека ќе намине за околу еден час.

            
Побрзав дома и по извесно време се јави и дојде да го види
проблемот со подигање на ламинатот кај кујната.Веднаш
констатира дека причината е подигање на паркетот кој е под
136
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ламинатот поради истекување на вода под паркетот.Одличивме
итно да се санира проблемот.го извади ламинатот под кој имаше
подигнат паркет,како и тој паркет и сега треба да чекаме околу
една седмица убаво да се исуши бетонската ,,кошулица‘‘ за да
нема мирис на ,,мувла‘‘ и влага.Потоа ќе стави ,,стиродур‘‘ од два
милиметра,за да се изравни со остана- тиот паркет,а над него
постоечкиот ламинат.Бидејки станот го осигуруваме секоја
година,во понеделник ќе пријавиме и се надеваме дека сигурно ќе
ни се признае се,и замена на паркет и работната рака.
Сабајле се договаравме по враќање од пазар да одиме на
водно,каде можеме малку да пешачиме и малку да читаме во
сенка на некоја клупа од средно Водно.Овој план денес отпадна
поради мајсторот за ламинати,но и поради тоа што ќерката
нарача колач за нив за денешниот нивни излет.Се надевам дека
утре ќе можеме да отидеме до водно и да прошетаме на чист
воздух.

20.9.2020 г.  Недела,

Втор ден од викендов започнува и се мислиме што и како


да го поминеме овој ден.Додека го пиеме утринското кафенце,на
лап топов земав да напишам нешто.
Како што гледаш мој драги дневниче јас упорно се трудам секој
ден да пишувам по нешто иако често нема ништо ново и инте-
ресно. За среќа скоро секогаш се подсетувам на некои случки од
минатото така да со нив ги пополнувам тие денови.
Бидејки вчера не можевме да одиме на Водно,денес
планираме да отидеме бидејки времето моментално е сосема
добро. Сонцето полека срамежливо се појавува од малите разре-
тчени облачиња кои малку го затскриваат,но тоа упорно се про-
бива меѓу нив.

137
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Околу 10 и 30 часот се облековме како за на излет и со
фокусот тргнавме кон средно Водно.Се паркиравме на патот кон
манастирот ,,Пантелемон‘‘,бидејки на региуларниот обележен
паркинг на самото средно Водно е многу скапо.Сто денари за
првиот час,а потоа по пеесет за секој нареден.За пензионери е
премногу па решивме во иднина да се качуваме на Водно со кола
само во работните денови кога е бесплатен паркингот,а има и
многу помалку гужва и галама.

     
Трим патеката која се протега од левата страна на централниот
дел од средно Водно е одлична од повеќе аспекти.Не е многу
стрма,дури на некои делови се пешачи по равен дел.Има сенки по
патеката,како и масички клупи за одмарање од масивно дрво.По
оваа патека се движевме полека,бидејки и двајцата немаме
конди- ција за пешачење. Со мал одмор по пат по пешачење од
околу еден час се вративме во сенките на средно водно каде
повторно се одмаравме на дрвените клупи.Околу 13 часот
задоволни од малиот и краток излет со пешачење,се вративме
дома на ручек.
Вчера нешто пред пладне на тв каналот ,,Ал Џезаира‘‘
репризно го прикажуваа серијалот за Југославија додека не се
распадна и сегашноста од познатиот новинар Горан Милич.

138
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

  
Се прикажуваше епизодата за Хрватска,а во серијалот се опфа-
тени сите поранешни републики,а сега посебни дражави.На врвно
професионален начин и споредбен пристап се споредуваат случ-
увањата пред 1991 година, и сегашните.Во сите епи зоди изборот
на соговорниците е одличен,но и прашањата исто така.
Секогаш уживам кога го слушам бидејки на многу вешт и интере-
сен начин ги води емисиите,и поставува паметни и битни праша-
ња кон своите соговорници.
Сношти како што претходно планиравме.излеговме околу 17
часот со фокусот до центарот на Скопје да се прошетаме малку. 
 Госпожата се жалеше дека  понекогаш е досадно да шетаме само
низ паркот.Како и безброј пати досега јас ревносно ги исполнувам
нејзините желби.
Плоштадот беше прилично исполнет со луѓе,повеќето млади кои
шетаа со своите фамилии,со мали деца и бебиња во колички,но
имаше и многу млади девојки и жени кои беа со марами околу
главата,најверојатно од албанска националност кои исто така
шетаа со своите дечковци или сопрузи.Сите клупи околу
плоштадот беа зафатени,некои само со по еден,а други и со
повеке луѓе,но ние сепак продолживме полека,чекор пред чекор
да се шетаме низ главната скопска улица,поранешната
улица ,,Маршал Тито‘‘,а сега улица ,,Македонија‘‘.

139
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

     
Се подсетив на нашите прошетки низ истиве места пред дваесет и
повеќе години.Сега се беше многу различно како на плошта-
дот,така и низ главната улица. Скоро сите поранешни продавници
сега се претворени во големи кафетерии со ,,истурени‘‘ тераси со
што просторот од улицата сега е преполовен.
На целиот тек на оваа најпозната улица во нашиот град останата е
само продавницата за чевли ,,Пеко‘‘ која сеуште гордо се спро-
тивставува на напливот од интересот за профит на брз и поедно-
ставен начин од алчните скопски мангупи,кои имаат пари да купат
некој поранешен дуќан и да го преуредат во модерна кафетерија.
Се сетив на нашите чуствва кои ги имавме додека шетавме по
оваа улица,држејки се да раце,весели и многу среќни.
Сега,за жал тие чуства се малку,или можеби малку повеќе смале-
ни ,вероватно поради многуте години поминати заедно.
По запознавањето пред 50 години,и брак од пред скоро 48 години
некои чуства се смалени,но за среќа основните и најјаки сеуште
постојат барем кај мене.За Гордана не можам да гарантирам,
бидејки сепак тоа се внатрешни најдлабоки чуства кои ги имаме
повеќе или помалку или можеби се залажуваме дека ги имаме.
Се подсетив на киното ,,Култура‘‘ кое се наоѓаше во попречно
уличе наспроти продавницата на ,,Пеко‘‘,кое сега,за жал не
работи повеќе.
Секоја среда,пред околу дваесетина години билетите за кино
преставите беа на половина цена и во тие среди заедно со
кумовите редовно одевме во ова кино на скоро сите филмови
кои се прикажуваа.Потоа заедно бавезно малку шетавме низ
главната улица,а понекогаш и седнувавме во блиските
слаткарници на слатки,кафе или пивце.Нашите деца,како и

140
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
нивните сеуште беа студенти и имавме многу муабет околу
нивните студентски живо- ти и стидии.Во тие години не бевме
свесни дека еден ден, кој брзо дојде,ќе завршат,ќе се вработат,ќе
се одомат,оженат,омажат и ќе си заминат,а ние ќе останеме сами.

21.9.2020 г.  Понеделник,

Стандардно започнува нова седмица.Треба да се раду-


ваме што сме се разбудиле и што за среќа сме сеуште живи.
Сношти бидејки немаше ништо интересно на нашите тв канали,
побарав на архивата со филмови и тв серии на ,,ЏБО он денанд‘‘
и најдов новопоставен биографски филм за познатата ,,Блуз‘‘
пеачка Бети Смит со многу познатата актерка Латифа Квин во
главната роља.

     
Биографските филмови се во групата на мои омилени филмови,
бидејки во скоро сите се опишува на специфичен начин животот
на познати актери,пеачи,писатели.композитори и научници.
Филмот е професионална направен во манирот на Холивудските
филмови,а главниот лик извонредно го толкува актерката Латифа
Квин.Бил номиниран и за највисоката награда од областа на

141
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
кинематографијата ,,Оскар‘‘ во 2019 година,но за жал не ја
освоил.
Одлучив денес да побарам нов протетичар за да проверам
дали стварно нема друго подобро решение за мојов проблем со
забите.Од сваќата Ванѓа добив телефон од искусен и фален
протетичар со кој договорив утре да се видиме.
Во меѓу време ја однесов долната протеза на корекција,бидејки
десната жичка за држење попушти.
Ќе морам да се позабавам малку повеќе со овој проблем,бидејки
другите моментално ги држам под контрола.
Контактирав и со сестра ми за стоматолог,но нејзината забарка
била наводно пребукирана,а од друга страна не е многу задово-
лна од нејзините услуги.Во разговорите со сваќата и сестра ми и
двете малку ме ,,давеа‘‘ додека добив информации за име и
телефон од забарите.Се прашувам дали и за мене остранатите
така мислат кога разговарам на телефон со некого,или сум јас
превише критичен и ситничар во оценките.Кој знае,можеби и
едното и другото !!  
Времето е одлично.ведро,сончево,и не многу топло.Се
размислувам утре да скокнеме повторно до средно водно со
кола,а потоа повторно малку да пешачиме,но и да читаме книги за
време на одмарањето,или да слушам некои аудио книги на
мобил- ниот со слушалки.Ќе видиме утре сабајле.

Денешниот ручек мораше,барем за мене да биде со меки проду-


кти, што би се рекло ,,лапни голтни‘‘,бидејки долната протеза
остана за корекција кај стоматологот.
По ,,обилниот‘‘ и одличен ручек кој покрај пире содржеше и
Цазики и пинџур,на крајот со десерт Ванилици.Сега се спремаме
за контрола на Гордана на Офтамологија во ,,Систина‘‘.

22.9.2020 г.  Вторник,

142
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Денес веќе се захухтува оваа седмица.Додека размислувам


и одлучам што и како денес ја отворив ,,Веб‘‘ страницата на пор-
талот Реклама 5 и повторно продолжив со пребарување половни
Направи за вежбање ,,Орбитрек‘‘.  

Бидејки не сум сигурен дали ќе ми одговара обичен ,,Орбитрек‘‘


без седало и можност за возење како собен велосипед барав
доста долго кимбиниран,со можност за тренинг и со стоење,но и
со седење и возење.Половни не успеав да најдам,а нови се доста
скапи.Имам време месец,а можеби и повеќе да размислувам и
барам,пред да се одлучам дали воопшто да купам.
Денес планот за ручек е компир јанија со свинско месо,а за мене
само компири,бидејки сеуште внимавам и не јадам ,,црвено
месо‘‘.
Рано сабајле додека сеуште нема гужва во маркетот ,,Веро‘‘
отидов со точакот и купив едно кило одлично свинско месо.
Потоа стандардно повозев низ паркот,и пропешачив малку.
Се јави мојот стоматолог и рече дека с корегирана протезата,па
брзо се вратив дома и по 15  тина минути отидов да си ја земам.
Корегирана и дотерана и сега,за сега е се во ред.За покасно ќе
покаже времето.
Возејки кон ординацијата на забарот размислував за повеќе
работи,но една ми се залепи во мислите.Си помислив на повеќе 
делумни пријатели,или колеги со кои малку сум се дружел во
минатото и заклучив дека за жал полека тоа пријателство се
гасеше,според мене,не по моја вина.Имам чуство дека кога сме се
запознале малку подобро,тие мои пријатели заклучиле дека не се
многу одушевени од нашето дружење и пријателство,и полека,
полека истото се смалуваше,за да на крај воопшто не се дружиме.

143
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сакам да верувам дека не било до мене,ниту моја грешка.
Едноставно веројатно заклучиле дека не сум некој тип или лич-
ност со кого би сакале и ппонатаму да се дружат.
Меѓу нив има и доста кои станале мои пријатели само од можна
корист,а сега кога сум пензионер таа можност веќе не постои.
Како и сите луѓе и јас имам многу мани, и далеку сум од
идеална личност.Си ги знам скоро сите мои мани,но за жал тоа е
тоа.Мислам дека се трудам да ги намалам колку што можам,а
колку успевам тоа е друго прашање.
Тука,во ова размислување убаво се вклопува мислата:
,,Некои луѓе ќе Ве сакаат било што да направите,а други нема да
Ве сакаат исто така било што да направите.‘‘
Таков е животот,и такви сме сите ние.Тоа важи и за мене,но и за
сите останати луѓе.
Мислите ми одлетаа на мојата љубена сопруга Гордана со која
поминав 50 години од запознавањето,регистрацијата и заедни-
чкиот живот до ден денешен.
Како и сите други и таа има по некоја мана,бидејки не постои
човек на планетата кој е идеален, но нејзините мани се по малу-
бројни од моите.Навикнат сум на повеќето од нив и не ми
сметаат.
Од друга страна моите мани,во последно време за жал нејзе
доста и сметаат.Но тоа е тоа.Се трудам да не правам некои
работи кои и сметаат,но секогаш не успевам во тоа.
По којзнае кој пат заклучив дека многу зборувам,што во најдобар
дел е мана.Морам многу повеќе да се трудам да зборувам што
помалку со сите луѓе,па и со Госпожата.
Повторно се сетив на мислата:
,,Кога молчиш луѓето можат да си помислат дека си глуп,но кога
ќе прозбориш сите дилеми веќе не постојат.‘‘
Осто така многу ја бендисувам една мисла која често си ја
повторувам,а гласи:
,,Кога зборуваш,повторуваш нешто кое веќе го знаеш,но кога
слушаш можеш да научиш нешто ново.‘‘

144
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сите овие мисли се многу вистинити и добро е да се
практикуваат колку што е можно повеќе.

23.9.2020 г.  Среда,

Повторно средниот ден во седмицата.Од сношти плани-       


раме да одиме на Водно,но сега со книги,слушалки за мобилен
телефон и нешто за заблажување,секако заедно со вода.
Сабајлево,за жал времето не е добро,барем не моментално за на
Водно.Ноќеска врнело дожд малку,а може и во теков на денот
повторно да врне.Пешачењето на Водно ќе мора да почека некој
подобар ден во следните неколку.Синојка случајно го вклучив тв
каналот ,,Цинемакс‘‘ каде се прикажуваше филмот ,,Изгубена
надеж‘‘ со многу познатата Холивудска актерка Анет Бенинг во
главната роља.

      
Филмот е извонредна семејна драма,во кој сценарието и режисе-
рот на многу сликовит начин го преставуваат современиот брак
со сите проблеми и дилеми,но и фамилијата како основна и
најбитна единка во животот на луѓето.Извонредната актерка

145
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Бенинг повторно го покажа својот голем талент и актерски
вештини во специфичната улога на сопруга и мајка.
Многу убаво е преставен односот меѓу сопружниците и партнери
по многу години брак, како и односот  на сопругата кон мажот кој
веќе не го смета за ништо посебно и на се му наоѓа мани и
грешки.
Размислувајки за филмот се сетив на многу бракови кои ги знам
каде е иста ситуацијата.По многу години брак,кој во првите 20 или
повеќе години бил одличен,сопругата ги вади ,,розевите очила‘‘
со кои го гледала сопругот и тогаш доаѓаат до израз сите негови
недостатоци-мани и хирови,кои сега изгледаат дури и многу
поголеми од вистинските и кои најчесто многу ја нервираат.
Ја гледав само втората половина од филмот,бидејки тогаш се
вклучив во филмот,но потоа го најдов во архивата на тв кабел-
скиот канал ,,Макс Тв‘‘ на кој сме приклучени и планирам денес
или утре да го гледам комплетно од почеток до крај.
Бидејки немам некои итни планови за денес,испланирав да
отидам до мојата матична докторка и замам упат за микро биоло-
шка анализа на мокраќа,за да проверам дали е средена бакте-
ријата Ентерококус со која се борев пиејки антибиотици.
Вчера добивме поклон голем преспански крап,околу 1,5
килограми од кумата Мира која купила неколку при нивниот
престој во нивната викендица крај преспанското езеро.Малку е
незгодно поклон без повод,но таа е таква кога ќе си науми нешто
никој не може да ја запре.

   
Гордана го припреми во рерна со кромид и компири и морам да
признаам дека излезе извонредно.
146
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Со бело одлично вино ,,Траминец‘‘ кое и двајцата многу го сакаме
и омилената шопска салата кралски ручавме.Малку се
прејадо,бидејки кога имаме одличен ручек тешко застанувам со
јадење и пиење.Потоа нормално убава долга дремка или како што
велат  шпанците ,,Сиеста.‘‘

24.9.2020 г.  Четврток,

И оваа седмица полека се ближи кон крајот.За жал времето 


и денес е облачно и врнежливо.Познато е дека и расположението
доста зависи од времето,но ќе се обидам мане денес времето да
не ми го расипе доброто расположение.Додека го пијам утрин-
ското кафе Госпожата случајно го вклчи филмот ,,Фати ме ако
можеш‘‘ со Леонардо ди Каприо во главната роља.

147
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

     
Веќе беше на околу половина,но бидејки е одличен и забавен
филм продолживме да го гледаме,иако сме го гледале неколку
пати.Покрај Ди каприо и инспекторот кој го брка преварантот
Леонардо го ,,игра‘‘ исто многу познатиот актер Том Хенгс.
Покрај забавниот карактер овој филм има и неколку многу битни
пораки,од кои првенствено извонредно е прикажана важноста на
фамилијата и родителската љубов како за децата,но исто така и
за сопружниците.
Додека го пишував ова,мој драги дневниче,ти стрпливо и со
внимание ја пратиш мојава работа со пишување.Тоа посебно ме
радува,бидејки пензионерите најчесто скоро никој не сака многу
да им обрнува внимание,што нас понекогаш тешко ни паѓа.         
Но тоа е тоа.Гола сурова вистина.

Повеќе пати сум размислувал за реалноста и повторно


заклучувам дека во животот многу битно е да се биде реален,
колку што е можно повеќе.Истото важи и за овој пензионерски
период од животот.Јасно е како ден дека не сум ниту на 30,ниту
40,а ниту на 50 години.Физичките можности,рефлексите,изгледот
и машкоста се далеку помали од истите во младоста и средните
години.Ако сме свесни за овие факти,а имаме и младешки дух,
што е одлично,животот и во овој период може да биде убав.
Секој период од животот има свои убавини,но и потешкотии и
проблеми.Тоа треба на секого да му биде јасно.
Здравјето е приказна за себе.Сега во овие години на може да се
очекува да бидеме исто здрави како во младоста.Tоа би било
лудост,кога некој би мислел дека е возможно.
Синојка лежев во спалната соба,гледав вести на тв
каналот 3 и потоа чекав да започне дебатната емисија ,,Само
148
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
вистина‘‘ во која понекогаш гостува само едно лице и тогаш тоа е
интервју.Додека  чекав повремено вежбав со моите прирачни
тегови од 1,5 кила,а тоа се две шишиња од минерална вода полни
со обична вода од водовод.Имам оргинални тегови од 3
килограми,но моментално мислам дека сепак подобро е со овие
од по 1,5 кила,а покасно би прешол на потешките.
Пријатно ме изненади почетокот на оваа емисија кога видов дека
гостин е познатиот и популарен микро-биолог од скопскиот
Медецински факултет Никола Пановски.

     
Овој доктор кој е професор по предметот микто биологија многу
ревносно ги прати сите случувања со вирусот Ковид 19 како кај
нас,така и во балканските земји,но и пошироко.Интересно е да се
слуша бидејки реално и стручно ги објаснува сите работи околу
вирусот и мерки кои би требало според него да се преземат.
Штета што не е вклучен во комисијата за заразни болести која од
околу 20 членови има околу половина директори на здравствени
установи кои членуваат по службена линија,а не се стручни во
врска со пандемијата и не се ниту вирусолози,ниту инфектолози.
Иако по политичка определба најверојатно сеуште е член или
симпатизер на СДС тој отворено и културно ги изнесува сите
промашувања и грешки кои ги направи комисијата за заразни
болести,а ги има многу.Затоа сме многу лоши со бројките како на
заразените,а со бројот на починатите на милион жители сме на
прво место во Европа.Се ќеиф ја проследив оваа емисија и
дознав и научив доста нови работи околу вирусот и неговото
можно пренесување,но и во врска со вакцината која е во завршна
фаза на развој и испитување во повеќе земји од светот.
Моево пишување за битните настани според мене понекогаш
можеби на некого ќе му биде досадно или неинтересно,но убеден

149
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
сум дека мене и можеби на некои други кои мислат слично како
јас,по една или повеќе години кога скоро се ќе се заборави,ќе
бидат интересни да се прочитаат и на скоро се да се подсетиме.

25.9.2020 г.  Петок,

Започна и последниот работен ден.Денес планираме


да одиме на Водно.Времето моментално не е лошо.
Пијам кафенце за да се расонам и повторно помислувам на
мојата најнова идеа да започнам секој ден дома да пешачам во
место неколку пати во денот,за почеток по 7-8 минути и
истовремено да случам и гледам некое видео било на англиски
јазик или некоја аудио книга.Ако тоа ми оди како што сакам,и ако
не се откажам по 5-6 дена можеби би купил половно ,,Орбитрек‘‘
или комбинирана направа со собен велосипед.Ќе
видиме.Времето ќе покаже.
Се подсетувам секој ден на учење и повторување на
англискиот јазик преку слушање и воедно чирање на текстот од
аудио книги кои ги има во огромен број на каналот ,,ЈуТјуб‘‘.

    
Овој начин на учење и повторување на англискиот јазик многу ми
одговара и многу го сакам.Од една страна се слуша јазикот и
паралелни може да се прати текстот со што многу се олеснува
разбирањето.Повеќето од книгите или кратките приказни скоро

150
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
комплетно ги разбирам,сем неколку зборови кои не се проблем
бидејки се разбира според контекстот на реченицата.                     

Во мобилниот телефон ,,симнав‘‘ многу вакви видеа,така да сега


можам насекаде да ги слушам и читам текстот,било да сум во
паркот, на Водно или друго место.Често вакви видеа гледам и
слушам и на лап топот,но и на таблетот.Исто така американскиот
канал ,,Воа‘‘ има огромен број одлични видеа со текст,како од
историјата кои многу ги сакам и слушам,така и биографии на
познати светски личности  од разни области.
Скоро секој ден на србскиот ТВ канал РТС1 околу пладне
репризно  се прикажува по една епизора од Серијалот ,,Нешто
лепо‘‘ кој содржи дваесетина епизоди.

    
Раскажувач-наратор во овој серијал е многу познатиот србски
актер Драган Николич,кој за жал не напушти и замина во вечноста
пред неколку години.текстот е извонреден,но и кажувањето на
текстот е исто така одлично,со што овие кратки епизоди се
извонредни и можат да се глдаат повеќе пати.
Содржината на видеата е многу интересна.На пример има две
епизоди за стареењето,потоа за среќата,за свадбите,за љубовта и
многу други.
Времево утрово е одлично.Ведро,а полека се стоплува.Се
спремаме набрзо да одиме со фокусот на Водно.Сега ќе бидеме
по спремни со разни додатни ,,Гаџети‘‘ и книги за читање.
Пред одење на Водно отидов до Поликлиниката ,,Букурешт‘‘ каде
има таканаречена ,,Инсулин апотека‘‘ и од неа подигнав Инсулин
и игли кои следуваат за еден месец за Гордана. 

151
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
На враќање брзав и ја оставив колата пред зграда,бидејки
намераваме веднаш да тргнеме кон Средно водно.Кога се
качивгоре со станот видов дека ми ги нема клучевите од
возилото кои обично ги држам во предните џебови од
панталоните. 

  
Побарав и низ станот на вообичаените места каде би можеле
да бидат,но за жал не ги најдов.Помислив дека можеби ми
останале на долната влезна врата кога ја отклучував или ми
испаднале по пат.Отидов долу и проверив,но ништо.Клучевите ги
немаше. Почнав малку да се нервирам како и зашто сум ги
изгубил.Ме нервираше самата помисла дека сум станал
заборавен,односно малку сенилен.Кога сакав повторно да се
качам горе во станот и повторно проверам каде би можеле да
бидат зазвонив на домо- фонот за да ми отвори Гордана и
повторно се испипав на сите џебови од панталоните.Тигаш на
задниот лев џеб опипав здебе- лување,а потоа ги опипав и
клучевите.Во меѓувреме се симна и Госпожата и одидовме кон
Водно.Расположението кое ми беше доста солидно поради
одењето на излет и пешачење со оваа немила случка драстично
ми се намали.

По пат Годрана се зезаше на моето објаснување дека


никогаш не ги ставам клучевите во задниот џеб од панталоните
со коментар дека не зборувам вистина,што уште повеќе ми го
расипа ќеифот за одење на излет.
Интересно колку еден мала работа може во миг да ми го промени 
расположението.Не знам како е кај другите луѓе,но кај мене е
вака.

152
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Многу ситни и неважни нешта можат да ми го подобрат момента-
лното расположение,но и обратно,можат да ми го влошат.Некои
луѓе,меѓу кои и јас припаѓам се многу осетливи,дури и на ситни-
ци, што воопшто не е добро,но тоа е тоа.
Други се тотално неосетливи,или како што се вели во народот,
тие се ,,ѓон‘‘ и ништо не може да ги поремети,ниту допре.

26.9.2020 г.  Сабота,

Започнува уште еден викенд,но сега во есен и со


пониски утрински и дневни температури.
Со седнување на лап топ веднаш ми дојде на памет синоќешниот
концерт на отворено пред Македонската опера и балет.

              
Го проследивме заедно со кумовите, а билетите ги извадив
преку интернет.Мерките на заштита од вирусот беа на
одлично ниво.Столиците во групи по две една до друга беа
на растојание од два метри,а оперските пеачи беа на

153
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
десетина метри од првиот ред.Исто така и музичарите,кои
носеа маски.За публиката беше задолжително носење маска
и претходна дизинфекција со мерење температура.
Во однос на пеачите сем еден кој беше доста слаб, другите
беа просечни.Балетската нумера наречена ,,Болеро‘‘ со
нумерата ,,Болеро‘‘ од Морис Равел беше слаба. Балерин-
чињата беа под просечни,а и кореографијата според моите
скромни критериуми беше слаба.
Сепак,сума сумарум,што би се рекло беше сосема просечно
за наши прилики и македонско ниво.Гала како што беше
најавено,за жал воопшто не беше.Гала концерт подразбира
нешто големо и величанствено,што сигурно не беше.
Се радувам што ќе одам на мојот пазар,бидејки треба да
набавам повеќе зеленчуци,но и овоштија да викендов кој
започна.
Сабајлево,за жал времето е никакво.Облачно,студено и
врне ситно дожд.Одењето на пазар се стопиранеколку часа,а
можеби ќе се прфрли за утре,во колку дождот до пладне не
престане.
Вчера предвечер додека гледав трелевизија и рсботев на
лап топот,чекајки да дојде време за на концертот пред МОБ
На ТВ каналот три започна емисијата ,,Само интервју‘‘ во
терминот на уште по популарната ,,Само вистина‘‘.Гостин
беше познатиот и во јавноста доста ценет новинар Сашо
Ордановски.

  
Темата беше моменталната политичка и здравствена  ситуа-
ција во нашата  Северна Македонија.Јас,како и многу други,
го ценам овој новинар,како солиден и доста реален новинар,

154
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
иако е симпатизер или можеби и повеќе на СДС.Тој беше и
доректор на македонската Радио Телевизија пред околу 25
тина години.Моментално пишува колумни за некои интернет
портали и весникот ,,Слободен Печат‘‘ кој е многу наклонет
кон СДС и нивните политики.

Покрај се декларира како политички аналитичар,и според


мене доста добро ги анализира политичките случувања и
политичките партии во нашата ,,Оаза на мирот‘‘ како што ја
нарече нашиот најдобар и најискусен политичар и пред-
седател Киро Глигоров.
На интернет платформата ,,Грид‘‘ која моментално е
најдобра,а можеби,според мене и најпопуларна има покрај
најновите вести во Македонија и пошироко и дел за објаву-
вање колумни од сите електронски и штампани весници и
портали.Секој ден има најмалку десетина колумни од кои
повеќето се нови,а некои се прикажуваат и по неколу дена,
зависно колку се читани и интересни.
Гледајки дека во последно време колумните станаа хит и
многу популарни,како и кој се пишува колумни изгубив воља
и јас да напишам некоја колумна.Дури и ,,лигушот‘‘ кој ја
водеше ТВ емисијата ,,Јади бурек‘‘,не можам никако да му
запаметам името и презимето,започна да пишува колумни.
         Дотичната ,,персона‘‘ која се замислува како одличен
новинар,а според мене и според многумина е под поросечен и
прост и често многу вулгарно новинарче, не заслужува повеќе
простор во мојов дневник од една до две реченици,но во
негативен контекс се разбира.Толку за ,,Господинот‘‘ од ,,Јади
бурек‘‘.
За разлика од него и слични на него,има многу добри
колумнисти,одлични новинари и книжевници кои имаат што да
кажат и што да напишат за многу теми и случувања во нашата
земја.Меѓу нив е секако писателот Венко Андоновски кој,како што
е познато,има напишано повеќе одлични книги,кои се преведени
на повеќе светски јазици,а има добиено и доста награди за своето
книжевно творештво.

155
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Покрај многу познатите книги: ,,Вештерка‘‘, ,,Папакот на
светот‘‘, ,,Кандид во замјата на чудата‘‘, ,,Ќерката на
математичарот‘‘, ,,Граница‘‘ и многу други, овој многу плоден
писател пишува и драми кои се многу успешно изведувани во
нашите  театри.  

 
Пишува и многу често колумни,кои се солидни и сите имаат јасни
и големи пораки.Собрани и издадени во книга,најдобар дел од
неговите  колумни можат да се прочитаат токму во таа книгата со
наслов ,,Колумни‘‘.
Како поминуваат годините,и како полека но сигурно стареам
сваќам дека во животот покрај здравјето и љубовта,најбитни се
пријателството и другарството,а потоа помалку важните богат-
ството,парите и материјалните добра.За жал во денешно време
добри и одани пријатели се мнногу ретки,посебно за мене и
моите многу строги критериуми за вистинските пријатели.За овие
многу битни вредности вреди да се пишува повеќе пати,така да
се наде- вам драги дневниче дека и овој пат ќе имаш разбирање и
нема да ти биде досадно да ги примиш овие мои размислувања.
Во однос на сето ова се сетив на извонредната мисле која оди
вака:
,,Најдобар пријател многу тешко се наоѓа,тешко се напушта и
никогаш не се заборава.‘‘
Некои луѓе,пријатели посебно ги памтиме цел живот,иако тие не
се веќе меѓу нас,или не живеат повеќе во наша близина.
Интересни се односите меѓу луѓето.Некои ни се симпатични уште
на прв поглед,било да се жени или мажи,а други антипатични без
да кажат било што.Понекогаш самиот изглед на личноста не го

156
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
бендисувам, и сум сигурен дека таа личност не може да ми биде
во никој случај пријател.

27.9.2020 г.  Недела,

Вториов ден од овој викенд со душа го чекав, бидејки ако


не врне дожд сакам обавезно да отидам до паркот во кој
оосгојано возам и свртам неколку ,,кругови".
Додека пијам кафе седејки пред лап топот се подсетив на мојата
фирма ,,Раде Кончар" каде работев цел работен век и на
огромниот труд и нервози додека ги конструиравме
прекинувачите КП125 и КП250, кои се најсложени ниско напонски
апарати.

     
На ,,Гугл" ја најдов мојата фирма и нејзиниот производен
програм.Овие производи за жал веќе не се произведуваат.
Cегашната инженерска и производна екипа нема капацитет ниту
знаеење за производство.😥😎
Се сетив повторно на многу мудрата мисла  која гласи:
,, Најдобар начин да се избегне разочарување е да не се
очекува ништо од никого."
Ова важи за сите луѓе,како од фирмите каде сме работеле, но и
од пријателите,роднините,па дури и од најблиските.
Животот за жал е суров,а луѓето најчесто го гледаат само
интересот и ништо повеќе.

157
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сабајлево со радост ги чекавме внуците Михаела и  Дарон
кој ни се најавија за на гости.Околу 8 и 30 часот се јави Дарон и
рече дека има промена на планот.Одлучиле да не дојдат денес на
гости бидејки биле малку настинати. Веројатно поради можноста
да се асимптоматски носители на вирусот,не сакаат да не заразат
во колку го имаат вирусот.
Сепак се договорив кога ќе оздрават да дојдат на гости,а тоа
може да биде и идниот викенд.
Моментално повторно нестрпливо го чекаме мајсторот за
местење ламинати од фирмата ,,Лав‘‘ комерц кој треба да го
пререди еден дел од ламинатот под кој беше подигнат паркетот и
кој го извади пред една недела.
  Со мало каснење стигна мајсторот и доста брзо го пререди
скоро целиот паркет бидејки не беше деформиран ниту
оштетен.Младиот мајстор за ламинати брзо и убаво го среди
проблемот и многу корекно се однесуваше.😀😷
Ние нормално носевме маски,а тој не.Сега,за среќа дневната соба
каде практично во главном го поминуваме секој ден и кујната се
повторно во ред и средени.
 На вестите во 16 часот нови непријатни вести со заразените
од вирусот.Ново заразени околу 12% што е премногу.Вчера и
претходните денови беше 9,5%,а некои донови и помалку.

     
Најверојатно овие бројки се резултат на зголемената неди-
сциплина на граѓаните,а посебно на младите кои присаствуваат
на разни собири,забави и концерти.
Резервите со горни мајци и ,,голф‘‘ мајци со кратки ракави
скоро ми се потрошија и затоа по дремката- ,,Сиестата‘‘ седнав
да пеглам.Последниве 6-7 години редовно сам си ги пеглам
158
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
кошу- лите и мајците со кратки и долги ракави . Одавна  сум во
форма и пеглам без проблем.Нормално гледам телевизија и
паралелно си пеглам.

  
Најчесто пеглам многу работи.Седум,осум или повеќе кошули и
мајци.Така беше и денес.
Околу 19 часот морав да се прошетам со точакот до паркот и да
извозам неколку круга.Воедно,како и секогаш,поминав од
маркетите да докупам нешто.Само ,,Тинекс‘‘ работеше и тамо си
купив убави,дебели,црвени пиперки,ми се чини сорта ,,Капија‘‘
кои потоа ги испеков во рерна,се разбира на ефтина тарифа на
струјата.
Кога ги завршив сите планирани работи,на крајот ми остана само
да се истуширам.Освежен и нормално почист од пред тоа,како и
по секое друго туширање или бањање седнав да видам што има
за гледање на телевизија.На некој тв канал со филмови се
прикажуваше некој од мојот омилен жанр со ,,ЦИА‘‘ и ,,МИ6‘‘,но и
нарачани убиства.Беше одмината половината,но заинтересира и
останав да го гледам.Филмот се вика ,,Ритам Секција‘‘, но името е
амо метафора за содр- жината.По завршувањето ме
интересираше и првата поло- вина,па веднаш го најдов на
најголемата Интернет платфо- рма за филмови ,,ИМДБ‘‘ и преку
големиот пиратски портал ,,Замунда‘‘ го ,,симнав‘‘.

159
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

                
Сега се мислам кога да го гледам од самиот почеток,бидејки овој
тип на филмови спагаат во групата на мои омилени.

28.9.2020 г.  Понеделник,

Викендов заврши успешно првенствено по пререду-


вањето на дел од паркетот и ламинатот на тој дел.
Седам пред лап топов и се мислам што да пишувам.Пред
станување се сетив на синоќешната информација од Госпожата
која се слушнала со снаата и која кажала дека купиле Робот
усисивач.Во прв момент кога слушнав малку се изненадив,но
потоа се соземав и сватив дека веројатно е нормално нашите
деца  во 2020 година да имаат вакви автомати кои сами чистат по
станот или куќата.

     

160
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Се сетив на далечната 1989 или 1990 година кога на Саемот за
Апарати за домаќинството ваков Робот усисивач видовме во
Келн Германија каде бев со колегата од ,,Раде Кончар‘‘ Јанчич.
Пред 30 години се чудевме на ваков собирач и чистач на ѓубре во
живеалиштето,но ете дочекав и моите деца да имаат ваков уред.
Добро е,си помислив задоволно.Светот оди напред,но и нашите
деца грабат со крупни чекори што е одлично.
Ние во ,,наше‘‘ време, во 70 тите и осимдесетите имавме релати-
вно скромни плати,во споредба со денешните на децата. 
 Во тие години користевме усисивач марка ,,Искра‘‘ кој го
набавивме со замена за некои подароци од нашата свадба. 
Бевме задоволни и среќни со класичен-нормален усисивач,кој
сосема солидно се справуваше со прашината и ситното ќубре во
нашиот стан.
Повторно,по којзнае кој пат помислив на нашите деца и конста-
тирав задоволно дека сепак многу сме успеале во животот со тоа
што сме створиле вакви наследници на нашата релативно скро-
мна фамилија.

 
Имам чуство дека сите,или скоро сите добри особини од нас ги
добиле тие,е дури и повеќе бидејки нешто добиле во гените и од
нашите родители и дедовци и баби.
И двајцата се одлично образувани,многу интелегентни и ги
разбираат многу добро сите животни предизвици и одлично се
справуваат со сите.
Познавам многу пријатели и роднини чии деца,за жал ни малку не
се на лик на родителите,но тоа е тоа.Гените од кои сме создадени

161
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
се многу голем феномен кој сеуште не е многу познат и доволно
истражен.
       Времево беше доста облапно и малку зароси утринава,но
покасно се разведри и тргнав со точакот кон
пазарот,,Буњаковец".
Пензијата стигнала па извадив пари од банкоматот за втора рата
од долгот кон синот,но и за трошок.
Купив некои работи за јадење и земја за цвеќињата на Гордана.
Прилично натоварен морав да го буткам точакот наместо да го
возам.Полека,полека, некако со мака го добуткав до  влезот на
нашата зграда.Со винтијагата во едната, со другата го држев
точакот и се мислев како да отворам врата кога од неа излезе
комшиката од станот до нас со ќеркичката.Ме виде и не сум
сигурен дали отпоздрави на моето ,,Добар ден".Си излезе и ја
остави вратата сама да се затвори.Каков простотилук,си поми-
слив.За жал таа не е едина.Повекето од народот така се однесува.
Старите и мудрите велат дека тоа е домашно воспитание,а јас би
додал и од слабо и лошо образование.😥😷

29.9.2020 г.  Вторник,

Првиот ден од оваа седмица го истуркавме,сега на ред е


вториот.Како ќе го поминеме ќе видиме.За почеток денот

162
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
започнува со едно мое успивање до скоро 8 часот,што е многу
ретко.Моментално времето е солидно.сонцето повремено се
јавува позади ретките облечиња.Проверив сега на мобилниот
какво ќе биде времето во текот на денот и сателитската прогноза
вели дека ќе врне дожд меѓу 11 и 14 часот.Според оваа прогноза
треба да го планирам моето претпладне.
Денешниот план е да одам на забар и да се консултирам околу
мојот проблем со долното забало.

    
Сите знаеме дека одењето на забар не е многу пријатна акти-
вност,но што се мора не е толку страшно,ниту многу тешко.
Од дете имам многу слаби заби,што го наследив од мојата мајка
Евгенија која исто така имаше многу слаби заби.Од дете одам на
забари и ги поправам забите,но по извесно време еден по еден
мораше да се вадат.Стотици пати сум бил на забар,многу упорно
ги поправав,на за жал генетското наследство за забите е по јако
од самото поправање.Како студент често спемав испити,и повто-
рував додека чекав во чекалните на забарите,но сепак не успеав
да сочувам многу од забите.Тоа е тоа.За среќа некои од наслед-
ните  болести од татко ми,јас не ги имам.
         Во стоматолошката ординација кај ,,Млечен ресторан" каде
отидов за второ или трето мислење за мојот проблем со забите,
младата докторка која за среќа е протетичар ми понуди опција
која и јас мислев да на изведам со уверување дека новата долна
протеза сигурно ќе биде подобра од сегашнава,а прегу Фондот ќе
чини многу малку.
           За време на ручекот,кој патем беше одличен, спанаќ со
оризче и јајце во него,разговаравме со Гордана за се и сешто.
Таа имаше песимистичко гледиште не нашиов живот во момен-
тов,со што јас воопшто  не се сложувам.Кризата и

163
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ограничувањата со пандемијата ќе поминат,како што поминува и
се друго.Догодина на лето,се надевам дека ќе биде веќе
нормализирано и ќе можеме и понатаму да патуваме каде што
сакаме.
Јас сум голем оптимист скоро за се.Мислам дека работите ги
гледам доста реално,и се надевам дека се ќе биде добро.

Многу мудра е мислата:


,,Песимистот гледа проблем во секоја шанса,а оптимистот гледа
шанса во секој проблем." 😀
За скоро сите работи и случки во живото горната мисла е многу
вистинита и мудра.

30.9.2020 г.  Среда,

             Д
еновите нормално се нижат како монистри на ѓерданот
на животот и ,,векот".Ноќите и утрата се веќе студени.Навлеговме
во есента која сем пожолтени листови кои полека паѓаат носи и
тмурно време и дождови.
Секое годишно време си носи свои убавини,но и повремени
помалку убави работи.Се зависи од нашето моментално чуство за
убавина,среќа и расположение.Во младоста и есента,како и
зимата ни беа прекрасни,иако имаа и лоши моменти и периоди со
дождови,снегови,студ и тмурно време.
164
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Доволно беше со саканата да се држам за рака,задоволен и
среќен што ја имам најубавата и најмилата девојка,а најлошото
време тогаш ми изгледаше сосема добро,дури и  убаво.
Тоа е занесот на младешките години,кој сега,за жал,на овие
години веќе не постои.
Во студентските години бев полн со амбиции,соништа,надежи за
големи работи кои ме очекуваат во животот.Повеќето,или скоро
сите се остварија што е сосема добро,но се изгубија големите
соништа и големите очекувања.
Сега,на оваа возраст полека главна и основна преокупација ми
станува,и не само мене, грижата за сопственото,но и за здравјето
на моето верно другарче.Секој пат ќе постои дилема дали прв
приоритет во овој период треба да ни биде здравјето,или можеби
некои други задоволства и хоби бидејки и тие полека заминуваат
како што поминуваат гидините.
Сношти барав некој филм за гледање во архивата на
понудата од пакетот на ,,Телеком‘‘ кој го имаме и случајно заста-
нав кај еден непознат фински филм за стар трговец-антиквар со
уметнички склики.Филмот се вика ,,Последна зделка‘‘.

      
Го вклучив и го изгледавме со голем интерес,бидејки беше инте-
ресен и неизвесен до самиот крај.
Дедото има мала галерија на слики и на крајот на животот
открива дека на престојната аукција на уметнички слики се нуди
слика на многу познат сликар Иља Репин кој не се подпишал на
сликата и таа се води како слика од непознат автор.
Сликата е многу вредна,а старецот ја купува на аукција за малку
пари.Потоа ја нуди за дедетострука вредност,но за жал итриот

165
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
трговец кој трба да ја купи открива дека е купена ефтино и се
обидува многу да ја ,,симне‘‘ цената.
По повеќе нечесни потези на аукциската куќа,сепак внукот кој ја
добива сликата во наследство по смрта на дедото,успева да ја
задржи за да ја продаде подоцна за вистинската висока цена.
Во овој многу интересен филм,на оргинален и  невообичаен
начин се прикажани некои животни односи и обврски на родите-
лите,нивните деца и внуци,како и суровоста на животот во кој
често некои многу битни работи ги откриваме многу доцна.
Додека сме млади,многу амбициозни, полни со големи надежи и
очекувања,парите најчесто ни бегаат и неможеме да ги дофатиме
и имаме.Кога сме веќе стари и на крајот од патот тие се веќе тука,
но и кога ги има,веќе не се интересни,бидејки дошле многу
доцна,често предоцна.
Често се подсетувам на една многу инспиративна анегдота,или
кратка случка која гласи:
,,Некој сиромав човек цел живот купувал по некое ливче ,,сречќа‘‘
со надеж дека можеби еден ден ќе добие главен згодиток кој
треба да изнесува милиони.Скоро никогаш не добивал ништо,или
многу малку,но еден ден на возраст од 80 години ја добил
главната ,,премија‘‘ која изнесувала многу милиони долари.
За жал веќе бил многу стар и милионите не му значеле буквално
ништо.Изградил во центарот на градот каде живеел големо и
најлуксузно јавно ,,ВЦ‘‘ каде на влезот на голема мермерна плоча
пишувало ,,Народе пишајте у моју сречу.‘‘
Оваа малку смешна и чудна анегдота на  многу сликовит и мудар 
начин зборува за богатството и поседувањето на парите кои ги
немаме кога највеќе ни се потребни,а доаѓаат најчесто предоцна.
На моја голема среќа секој ден се подсетувам,но и слушам
или и гледам видеа на англиски јазик за познати личности од
минатото поставени на платформата ,,ВОА Леарнинг енглиш‘‘.
Оваа платформа за учење англиски е според мене нај добра и
најголема од многу аспекти.Содржи безброј видеа со вести,
интересни нешта од разни облеасти,но и многу видеа со тект од
американската историја,и многу биографии на личности од
областа на спортот,филмот,музиката,науката и други области.

166
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

  
Посебно интересни ми се видеата со биографии на светски
познати актери,музичари и писатели,но и научници се разбира.
Овие биографии се многу интересни бидејки повеќето од нив
имале многу возбудлив,интересен,но некои од нив  и несреќен
живот.Меѓу најинтересните кои сум ги слушал и читал повеќе
пати се биографиите на:
Чарлс Лимберг,Алберт Ајнштајн,Ернест Хемингвеј,Мерлин Монро,
Леонард Берштајн, Џемс Стјуард,Хенри Форд,Амелиа Ерхард,
Франклин Рузвелт, Елизабет Тејлор,Џеси Овенс,Вилма Рудолф и
многу други.
Сите овие многу славни и познати личности имале многу интере-
сни животи,но посебно голем впечаток ми оставија биографиите
на американскиот претседател Франклин Рузвелт.

                      
Потоа првиот пилот кој го прелетал атланскиот океан Чарлс
Лимберг и познатиот актер Џемс Стјуарт.
Многу од видеата за кои пишувам ги имам ,,симнато‘‘ на мобил-
ниот телефон и на ,,таблетот‘‘ за да можам да ги читам и слушам
било каде,без да сум приклучен на интернет.
Кога пред извесно време слушнав за кавадарчанецот Борче
Стаменов дека поправа половни компјутери и ги подарува на
социјални случаи,кого со голем респект го ценам и му честитам

167
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
на хуманоста,решив веднаш мојот монитор кој веќе не го
користам да го донирам на некого преку Борче.Денес го најдов
телефонот од фирмата каде работи и профилот на ,,Феисбук‘‘ и
се обидувам да стапам во контакт со него за да каже каде да го
предадам мониторот.

                                
Добро би било кога повеќе луѓе би донирале некои работи,облека
и уреди кои повеќе не ги користат,а на сиромашните им се многу
потребни.Слушнав пред извесно време дека и со донираните
уреди некои мангупи и преваранти прават бизнис.Ги земаат како
да се социјални случаи,а потоа ги продаваат преку интернет
страните ,,Пазар 3‘‘, ,,Реклама5‘‘ и слични платформи.
И класичниот телевизор ,,Филипс‘‘ кој веќе не го користиме би го
податил на некој сиромав кој стварно би го користел,не не знам
како и на кој.Ќе морам малку да испитам со снаата сузе која е по
упатена во донирањето облека и други работи.
             Времето за моја среќа е доста добро и оклу 12 часот го
јавнав точакот и тргнав по ,,Партизанска" да завршам некои
задачи.Во ,,Зегин" си купив очила за читање,бдејки едни изгубив
пред некој ден.Доста солидни,а ефтини.На пазарот ,,Буњаковец"
купив кори за пита и кравјо сирење,бидејки планирам да напра-
вам ,,питички" по рецепт од Сања,кои многу ѓи бендисувам.
Продолжив до Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза" каде ги
подигнав резултатите од Микро биолошката лабораторија за
мојата урина. Ме израдува негативниот  наод каде пишува дека
немам повеќе бактерија во мокраќата.

168
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

01.10.2020 г.  Четврток,

Влегуваме во втората половина на оваа седмица,повторно


со големи очекувања,како и во претходните седмици,но дали ќе
се реализираат сите ќе видиме.Времето ќе покаже.
Денес станав рано,околу 5 часот.Времето е мирно и тихо.Ми се
чини дека е облачно,но сеуште убаво не може да се види од
прозорците на дневната соба.
Го пијам утринското кафенце,кое е обавезно наутро за расо-
нување и освестување.
Мислите ми летаат,но прво ми доаѓа на памет вирусов-коронава и
големиот број на новозаразени кој го објавија вчера попладне,а
тоа е скоро 200 луѓе,од кои најголем број од Скопје.Процентот во
однос на тестирани повторно е над 10,што е многу висок број.
Нашиот северен сосед србија има во последниов месец скоро
секој ден под еден процент ново заболени граѓани.Тие се нај-
добри на Балканов,а ние,за жал нај лоши.
Кога би биле само во оваа категорија уште би било добро,но ние
сме нај слаби,нај лоши во сите категории,како здравството, обра-
зованието,културата,науката,производството и се останато.   
Многу блиску до нас,или заедно со нас е единствено Косово.
Тоа се суровите и вистински факти,се друго се само приказни со
кои нашите политичари-политиканти го лажат простиот народ,кој
го преставува најголемиот дел од граѓанството.

169
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сегашниве на власт, СДС на чеко со Заев го лажат народот со
ветувања кои се нарекуваат ,,ќе‘‘. Се ќе биде многу подобро,но во
иднина,за некоја година или поточно некоја деценија,само треба
да се издржи сега,а утре и во иднина ќе биде многу подобро.
Овие шарени лаги за прост народ ми личат на надежта која ја
даваат свештениците-поповите кои ветуваат многу убав и среќен
живот по смрта, во рајот каде се е прекрасно.

        
Самата верба и надеж за подобро утре како поим воопшто не е
лоша,дури и пожелна и потребна,но сепак треба да се живее во
овој момент,сега и тука.Пропуштениот момент и моментален
живот никогаш не може да се надомести,ниту врати.
Повторно се сетив на многу мудрата мисла во врска со
моментот,со времето,која оди вака:
,,Времето е како река.Не можеш да зафатиш иста вода два пати,
бидејки токот кој поминал нема никогаш повеќе повторно  да
помине.‘‘
Оваа мисла треба секогаш да се има на ум и да се раководиме
според неа,бидејки кажува се.Треба да се живее овој момент,
сега, а за иднината никој не знае што и како ќе биде.За некои таа
вооп- што нема ни да дојде.
На моменти се подсетувам на времето поминато во упорна
работа на новите производи кои ги контруиравме во секторот за
Развој на ,,Раде Кончар‘‘ во тек на многу години.
Тешка и макотрпна работа е од бел лист хартија поставен
на ,,Кулман‘‘ табла за цртање и конструирање да се дојде до про-
изводство на квалитетен и конкурентен производ за светскиот
пазар.

170
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тоа беше во првите 15 тина години од мојата инженерска работа,а
потоа дојдоа компјутерите и работата малку се олесни,но и многу
забрза.Наместо од бел лист хартија,прејдовме од празен екран на
мониторот,да се конструира комплетен нов производ,и потоа да
се води целиот процес до сериско производство на истиот.

                               
Конструкторската и проектанската работа за жал недоволно се
цени,најмалку од другите одели и сектори,кои се исто така доста
важни и битни,но никогаш  колку работата на конструкторот.
Токму затоа во сите фирми најголем дел од инженерскиот и
техничарскиот кадар буквално бегаат од конструкторската
работа,бидејки е најтешка и најодговорна.
Ова можеби звучи малку субјективно,но со гаранција е точно.
Уште во почетокот на мојата инженерска работа го сватив овој
факт,но нешто внатрешно ме тераше да останам и продолжам со
работата во конструктивното оделение,а потоа многу години и
како Раководител и Управник-Менаџер на Секторот за Развој на
нови производи,се до пензионирањето.
Често се прашувам како воопшто издржав толку многу години со  
водење развој  на нови производи.Малку ми помогна мислата
која ја научив пред многу.многу години,а таа е:
,,Кога учиш во тек на работното време ти си преплатен со платата
која ја добиваш,а кога само работиш,а не учиш,тогаш си под-
платен.‘‘
Имајки го ова на ум,се трудев секој ден,ако не повеќе,барем еден
или два часа да учам,било од областа на конструирањето, компју-
терските вештини,од областа на ел.техниката или пак англиски
или германски јазик со читање на некој стручен напис или стру-
чна книга.Следејки го ова во тек на целиот работен век и покрај

171
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
доста тешката работа успеав многу да научам од сите овие
области,како и странските јазици кои ми се омилени.
  
 
                          

2.10.2020 г.  Петок,

Евего стигна и последниот работен ден во оваа седмица.


Утрово се разбудив многу расположен идоста свеж.веројатно сум
сонувал нешто убаво,но не можам да воопшто да се сетам на
ништо. Познато е дека сонот е многу голем феномен,кој сеуште не
е до крај истражен.И човечкиот мозок е огромен феномен и делу-
мно истражен,бидејки некои појави и однесувања кои се норма-
лно последица на некоја активност на мозокот сеуште не се
докажани и откриени.
Со утринсково кафенце кое го пијам додека ди куцам овие
зборови имам и парче-,,шрангличка‘‘ темно чоколадо во устата
кое полека се топи со секоја голтка кафе.

Извонреден вкус на пекрасно јако кафе со дополнителен многу


малку горчлив вкус на темното чоколадо. 

172
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Извонредно е чуството,барем за сега, да се пие кафе со првите
реченици напишани во дневникот со свеж ум и одлично распо-
ложение.Феноменално чувство на убавина и задоволство.
Сношти не израдува ќерката Сања со нејзината посета и
слаткиот музбет кој го водевме,поточно кој во главном таа го
водеше,а ние слушавме со голем интерес.Покрај сите интересни
информации за нејзините деца,случувањата на работа за време
на кризава со вирусот,слишнавме и некои интересни анегдоти со
постоечката власт и министрите.Подсебно добра беше таа со
поздравот на минстерот за Внатрешни работи на Ромите при
некој празник.
Времето е одлично.Ведро,сончево и светло.Расположението
супер,така да се надевам дека ќе ме држи цел ден.Сабајлево се
подсетив на еден мој искрен одговор при одмарање со Госпожата
во паркот на клупа.Повторно заклучив дека многу брзам со
одговорите и искреноста,кои потоа ми се удираат од глава.
Седевме и разговаравме за се и сешто.Двајцата убаво распо-
ложени и весели.Зборував за моите проблеми со забите и
честите поправки,како и вадењето на еден по еден заб.
Ме праша зашто има голем проблем со долната протеза и јас
објаснив дека немам многу заби доле и затоа има проблеми со
држењето на истата.
,,Стварно,колку заби имаш доле,‘‘ ме праша таа.
,,Погоди,‘‘ одговори со насмевка.
,,Три,четри,‘‘ продолжи гордана.
,,Качи,качи,‘‘ реков смеејки се.Таа исто се насмевна и додаде,
,,Пет,шест.‘‘
,,Качи,качи,‘‘ озбилно реков.
,,Седум,осум,‘‘ рече и ме погледна прашално.
Јас се насмеав и застанав размисливајки за момент дали да
кажам искрено,или не.Заклучив дека не треба да  има тајни меѓу
нас и реков,
,,Не,немам ниту осум,ниту седум,‘‘ и повторно застанав во
недоумица дали да кажам точно или да излажам.

173
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
,,Три,три,‘‘ процени таа и ме погледна повторно прашално.
Јас,почнав да се смеам и потврдив со клатење на главата.
Госпожата искрено се изнасмеа,а јас тогаш се свестив дека се
зафркнав што бев искрен,и помислив дека ова може да го
искористи како штос или анегдота и да каже на децата,вниците
или дури и на пријателите,што воопшто не би било,според мене
во ред.

Седев до неа и си велев,


,,Повторно устата ти е по брза од мозокот,како и во многу други
прилики во животот.‘‘
,,Оваа информација не е за други луѓе,‘‘ реков конечно,обидувајки
се да ја поправам глупоста со искреноста.
,,Не се секирај,нема да кажувам на никој,‘‘ одговори Гордана со
насмевка.
Според претходно договореното пред 10 часот отидов кај новата
забарка.
Пријатно ме изненади заштитата од короната како на неа
личн,така и на сестрата,но и на мене исто така.Тоа мене многу ми
се бендиса.Второ ме бендиса педантноста на забарката и
внимателното земање отисок, бидејки сум многу,многу гадлив.
Сега помина се без никакви проблеми,многу лесно и елегантно.
Сега за сега сум доста задоволен од оваа протетичарка-забарка,а
за понатаму ќе видиме.
Македонскиот народ,поточно македонецот ги сака пиперките
и доматите.Тоа е во генот на нашиот народ,и јас не сум ни
најмалку поразличен од останатите во овој поглед.Синојка на
враќање од шетањето во паркот свративме во супер
маркетот ,,Кам‘‘ кој е наспроти паркот.Покрај другите продукти
купивме и ,,зелени‘‘ и ,,црвени‘‘ ,,дебели‘‘ пиперки кои планирав
да ги испечам во рерна,што и го направив по 22 часот,се разбира
на ефтината тарифа на струјата.,,Зелените‘‘ останаа за денес,па
сабајлево ги испеков и нив.Планот е да ги спремам со магдонос,
лук и зејтин се разбира.Ова мезе,или салата и двајцата многу го

174
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
сакаме било со или без ж-та пред ручек или како додаток за
вечера или ручек.

3.10 2020 г.  Сабота,

Првиов ден од викендов започнува стандардно.За


денес имам доста планови,меѓу кои прв е одење на мојот пазар и
набавка на заленчуци за утрешниот неделен ручек кој сакам да
биде Ѓувеч со свинско месо,а за мене истиот ѓувеч само без
месото. Нормално купување и на неколку вида овоштие,бидејки
ги обожавам сите овоштија,а и Госпоѓата исто така.Тргнувам со
список од десетина позиции,а на крајот се враќам дома натоварен
како магаре со дваесетина.За да биде паркирањето бесплатно
обавезно свратувам во ,,Тинекс‘‘ на чии паркинг го оставам
Фокусот и купувам уште 6-7 позиции да чинат повеќе од 200,оо
денари.
На враќање според вториот дел од утринскиот план за набавки
треба да поминам од суоер маркетот на ,,Рамстор‘‘ во
населбата ,,Капиштец‘‘ кој ми е уз пат и докупам уште некоја тегла
со ајвар и љутеница за поените кои вчера ги добив со купување
ајвари од другиот нивни супер маркет во ,,Ситимол‘‘.
За ручек денес сме викнати да излеземе со друштвото од ,,СИЗ‘‘
от каде работеше кумата Мира со кои многу пати сме излегле
заедно во разни ресторани низ Скопје и Македонија.

    
Овој пат поради вирусот и заштитата од него планот е да се
најдеме во гостилницата ,,Вршац‘‘ која се наоѓа на насипот пред

175
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
градскиот стадион и има многу маси на отворено.Таму сме биле
повеќе пати на ќебапчиња со ладно пиво кои популарно кај нас се
викаат ,,десетка со кромид‘‘,ако станува збор за 10 кебапи.
За вечер планираме да одиме кај синот и видиме до каде се со
последните ситници кои треба да се довршат во нивната нова
куќа,но претходно треба да ја потврдат нашата планирана посета.
Планот со кебапите и пивото се реализира доста успешно,
појачано со по една жолта за мене и кумот и узо за кумата и
нормално шопски за сите посебно.Шопската извонредно оди со
жолта,што се потврди и денес.Гордана само пиво и десетка.
Времето беше убаво и топличко,а компирчињата кои ги јадев со
две кебапчиња исто така беа одлични и супер се сложуваа со
ладното пиво.Со пријатен разговор останавме во гостилницата на
отворено до 16 и 30 часот по што се вративме право дома и
нормално јас легнав да се одморам малку.
Посетата на синот не се реализира,бидејки снаата е зафатена и
отишла за Берово со колегите од адвокатската канцеларија.
Синот Мартин утре ќе трча на маратонот,но само 21 километар
(полу маратон) како и секоја година во последните 5 години.
Предлогот ние да ги чуваме децата кај нас не го прифати,за да не
заштител од вирусот,така да тие ќе останат сами дома.

4.10.2020 г.  Недела,

По вчерашниот исполнет ден со многу разни работи и


случувања,сабајлево станав со малку планови за вториот ден од
викендот.Дали така ќе остане или ќе се промени нешто ќе покаже
времето.
Вчера пред пазарот од продавница за кори купи 550 грама тенки
кори и сирење,а сабајле планирам повторно да направам пити-
чки,бидејки ќерката ми ги нарача,но овие ќе бидат со малки корек-
ции во однос на количина на зајтин која во претходните била

176
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
малку, и со одсолено кравјо сирење.Верувам дека овие ќе бидат
уште подобри од претходните,кои исто така беа добри,но малку
суви и малку со солено сирење.Искуството треба повторно да се
потврди и овој пат.Секое ново правење се надевам дека за нија-
нса ќе бидат по добри.
Вчера,поточно попладне додека се одмарав од ,,напотното‘‘ изле-
гување со пријателите и жолтата ракија и шопската салата заедно
со ладното пиво,,,појачани‘‘ со порција компирчиња и две кебап-
чиња ја вклучив емисијата ,,Само интервју‘‘ на тв каналот 3,
Каде гостин беше познатиот во јавноста епидемиолог Драган
Данаиловски. Посебно инрересно ми беше што ќе каже за
моменталната катастрофална ситуација со вирусот,бидејки
бројките се застрашувачки.Со 245 новозаразени во едно дено-
ноќје се искачуваме високо во европски рамки.За жал,нај веро-
јатно бројките во следните месеци ќе бидат уште по лоши.
Покрај Пановски кој е микро биолог, професорот Данаиловски е
епиодемиолог и конкретно се бави со вирусите,бактериите во
ситуации на епидемиии и пандемии.

      
Низ интервјуто и тој го повтори моето мислење за заразата и
однесувањето на многу граѓани во однос на носењето маски и
почитување на мерките за заштита.Наиме и тој смета дека осно-
вно е слабото,или поточно лошото образование во нашава замја
во последниве 30 години,но и домашното воспитување на секој
поединец.
Тој нагласи истотака дека скоро е невозможно да се промени
поведението и начинот на размислување на тие кои не го
признаваат вирусот и многу опасните последици од заразата.

177
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Секој може во однос на себе лично да се однесува како што
сака,во бидејки не живееме на пусто остово туку во заедница со
други луѓе треба да се почитуваат некои норми кои важат и се
пропишани за сите.Во спротивно би настанал хаос ,што и се
случува на моменти на некои јавни собирања и групни дружби на
млади луѓе,кои воопшто не ги почитуваат мерките на заштита.
Скоро сите или богами сите негови ставови и јас ги делам бидејки
се логични,разумни и според него едини со кои брзо и ефикасно
ќе ја неутрализираме оваа напаст наречена Ковид 19.Во спро-
тивно епидемијата ќе трае со години и тотално ќе ја уништи и така
многу слабата и анемична наша економија,а со тоа ќе имаме и
многу поголема сиромаштија и проблеми на секое поле.

Со оваа пандемија целиот свет се стави на тест,и сеуште е на


него,со кој се покажува и потврдува моменталната ситуација со
етичкото и примерното однесување на секој народ,но и нивото на
здравствената заштита во секоја земја поединечно.
Последново посебно важи за нашата мала и сиромашна замја,во
која за жал во последните 30 тина години на сите полиња наместо
нагоре,скоро се оди надолу. Штета.
Познато е многу одамна дека покрај личниот многу битен и важен
е заедничкиот интерес на заедницата,државата во целина. Во
напредните и богати земји овие инереси се многу нагласени и тоа
е еден од фаскторите за нивниот напредок и подем како народ и
држава. Една од тие земји како пример е Германија каде не треба-
ше да се донесат закони и казнени мерки за да се почитуваат
заштитните мерки од вирусот.Доволно беше пораката од канцела-
рката ангела Меркел дека треба да се излегува што помалку,да се
почитуваат трите основни правила за заштита и германците вед-
наш ги почитуваа бараните мерки на оснесување.Затоа имаа
многу малку заразени и уште помалку починати граѓани од оваа
опасна зараза. 
        Денес се одржува скопскиот маратон кој веќе е традици- 
онален и се одржува повеќе години.
На овој маратон повеќе пати трчаа синот и снаата,но само на
полумаратонот кој е долг 21 километар.Оваа година трчаше само
синот,а ние отидовме да гледаме и да го бодриме при проаѓањето

178
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
наспроти зградата на Сања.Маратонот веќе беше започнат кога
стигнавме на улицата низ која трчаа маратонците.
Се спремив со мобилниот телефон да го сликам додека трча,но
за жал во тој момент разговарав со еден колега од факултет и
касно ми кажа ќерката дека  е веќе пред нас.

           
Респект кон сите учесници во маратонот,поради упорноста,
истра- јноста и издржливоста.Секако и карактерот,кој е многу
битен за учество и завршувањето на трката.Трчањето и
исѕрчувњето на маратонот е пред се докажување на самиот себе
дека нешто може да се оствари само ако се има јака воља и
посветеност.

5.10 2020 г.  Понеделник,

179
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Секој нов понеделник имаме повторно прв ден во неделата.


Ха,ха,ха,што би рекле злобниците,но јас некако морам да го запо-
чнам секојдневното пишување.Ти драги дневниче гледам не се
буниш,ниту имаш нешто против околу моето ,,инспиративно‘‘
пишување. Мене ми е изузетно битно да не прескочам ниту еден
ден,за да го задржам континуитетот во пишувањето.
Сабајлево стандардно.На мобилен телефон уште по сабајле
пензионерите пријатели постираат и испраќаат фотки и видео
клипови.Колегата од ,,Кончар‘‘ Оливер е нај ревносен.Многу ја
бендисав таа што ја испрати денес:

        
Ако реално и детално размислиме за секое доба наведено
погоре,ќе видиме и сватиме дека се е вистина.Во разни периоди
од животот имаме различни желби,потреби и амбиции.
Стандардно како и секое сабјлe по седење и ,,работа" на лап
топ, ( пишувањето дневник е нормално работа за пензионери
посебно!! ), следи пиење лекови,  потоа доручек,кој никогаш не го
прескокнувам.
Го почитувам правилото дека тоа е најбитен оброк во текот
на денот.Веднаш по којзнае кој пат се подсетив на мислата:
,,Доручкувај сам; Ручај со пријателот,а вечерата дај ја на
непријателот." 😀
Оваа реченицс ксжува се,за тој што сака да ја применува и следи.

180
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
По секогаш солидниот доручек следи месѕење кревет во
спалната соба.Од секогаш ме нервирале растурени нешта,било
соба или биро,или било што.
Првичниот план да отидам до ,,УЈП" и расчистам со акцијста ,,Мој
ддв", бидејки не сум добил ништо на трансакциската сметка,а има
веќе повеќе од 1200, оо денари кои треба да ми се префрлат,се
менува бидејки Госпожата сака да оди во трговскиот
центар ,,Џамбо", а јас како добар сопруг и најверно
другарче,нормално ќе и правам друштво.Мојот план се померува
за утре.Ќе видиме дали и утре ќе се реализира.
          Отидовме во Трговскиот центар ,,Џамбо",прошетавме ни
маркетот ,,Џамбо" и купивме некои работи за станот.На враќање
застанавме во ,,ГТЦ" каде сакав да видам и купам сомотски
пантолани,кои со задоволство ги носам уште од студентски
денови.Ја најдовме со претходно прашување продавницата која
држи такви пантолани.Одбрав,пробав,добив зелено светло од
Гордана и без двоумење ги купив.Сега останаа да ги скратат
ногавиците.Потоа застанавме во една продавноца за женска
гардероба каде Госпожата си купи блузичка сомкопчање,по мој
совет дека супер и стои.Таа е малку по неодлучна од мене и
ваков совет секогсш и треба.Јас и ќерката сме многу одлучни.Ако
нешто ми се бендисува,а не е прескапо веднаш го купувам.
Двајцата задоволни и расположени се бративме дома.

Ќеифот беше поголем и поради многу убавите- ниски цени на


купените работи.
Повторно се повтори познатата вистина дека и малите,ситни
нешта можат да не орасположат и направат радосни и задоволни.
😀😀.

6.10.2020 г.  Вторник,

181
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

                С
тадардно тркалање на пензионерските денови.
Облачно и тмурно утро.Прогнозата вели дека така ќе остане цел
ден,а можеби и ќе заврне околу пладне.Желбата да отидам со
точакот до ,,Рамстор" во ,,Капиштец" дефинитивно отпадна
поради опасноста од дожд.
Одавно заклучив дека сум станал зависник од купување,
посебно храна и продукти за домаќинство.Од детинството сакам
да купувам разни зеленчуци,овоштија и останата храна.Оваа
манија е веројатно од фактот дека сум голем гурман и ,,лапач‘‘.
Бев голем ,,лапач‘‘ до пред некоја година,но сега веќе за жал не
сум толку многу по јадењето.
Желбата и страста по храната и пијалоците(но во умерена
количина) полека стивнува и се нама- лува.
Ова веројатно се должи на годините и на фактот дека повеќе не
се одушевувам скоро на никое јадење,ниту било кој
пијалок.Штета.
Во трговскиот центар каде оридовме со Гордана,додека таа
шеташе по продавниците и бутиците за женска облека јас бесце-
лно шетав низ трговскиот центар.Во делот со мали гостилници
застанав и малку ги разгледував понудите со разни турски и
кинески јадења.Иако имаше многу голем избор на најразлични
јадења,гледајки ги извонредните слики од истите,но и изложените
јадења во витрините останав за жал доста ,,ладен‘‘ кон сите овие
понуди.Пред 10 и повеќе години,а посебно во младоста многу се
воодушевував на разни убави јадења од разни земји.Патувајки
низ Европа,но и пошироко со задоволство пробав и јадев од нив-
ните домашни јадења,но сега веќе таа желба делумно се изгуби.
Штета.
             Пред два дена по втор пат купив на ,,Зелен пазар" млади
клавчиња- пченка ,,Шечерац".Денес Гордана ги свари и повторно
се одушевивме од извнредниот сладок вкус.

182
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

   
И двајцата сакаме млади варени клавчиња,а посебно вакви многу
благи.Познато е дека пченката,било варена,печена или само
малку ,,бланширана" е многу здрава и се препорачува во секоја
форма и варијанта.
Секој ден околу 12 и 30 часот на тв каналот ,,РТС1‘‘ го пратиме
квизот ,,Слагалица‘‘ веќе 4-5 години.

        
Уживаме во пратењето на овој квиз и проверка на нашето зна-
ење,или незнаење на поедини одговори.Сите делови од квизот се
интересни на свој начин и со внимание ги следиме.
Околу 21 часот, се разјасни дека нема да одиме кај синот на
гости,бидејки претходно не се јавуваше на мобилен,затоа што
веројатно спиеле,и покасно Госпожата се аслушна со синчето и
дозна дека одмарале,а потоа не го видел пропуштениот повик,
демек.Побарав во архивата со филмови на ,,Телеком‘‘ и по
солидно пребарување најдов филм кој го прикажува дел од
животот на актерот и многу популарен пеач во 60 тите и седум-
десетите години,Френк Синатра.

183
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

       
Тој беше,и сеуште е светски познат актер,пеач и
забавувач.Глумел во многу филмови,а за фолмот ,,Од сега до
вечноста‘‘ добил и ,,Оскар‘‘.
Во филмот е обфатено неговото блиско пријателство со амери-
канскиот председател Џон Кенеди,пред и по изботот за предсе-
дател.Филмот е доста интересен за нашата генерација кои ги
паметиме ѕвездите на Холивуд од времето на 60 тите и седум-
десетите,како Дин Мартин,Семи Дејвис јуниор,и се разбира
Мерлин Монро.

7.10.2020 г.  Среда,

За денешниов ден имам доста планови.се надевам дека


сите,или скоро сите ќе ги реализирам.Сабајле ште рано,рано го
приставив да се вари гравчето за децата Сања,Мартин и за нас се
разбира.Брзав што порано да почнам за да се свари до 10 часот
кога планирам да одам до ,,УЈП‘‘ во врска со акцијата ,,Мој ДДВ‘‘.
Сакам да одам со точак,но времево е облачно и тмурно.Ако не
заврне до 10 часот сепак ќе одам со точак и чадор за секој случај.
На враќање треба да си ги земам купените сомотски пантолани
кои останаа да се скратат ногавиците.

184
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Следи ручек околу 14 часот и потоа во 15 часот имам закажано кај
забарката за продолжување со работата околу моите заби.
Откога отидов во пензија почнав по често да размислувам
за себе,за својот живот и личниот, внатрешен живот и
задоволство.
Полека почнав за сваќам дека пријателите,но и останатите луѓе се
битни во одредени периоди од животот,и дека сепак на крајот
секој останува сам со себе и својот живот.Повеќе пати помислу-
вам и се подсеќавам на многу впечатливата мисла во врска со
ова,која гласи:
,,Сакај се себеси најпрво,бидејки ти си особата со која треба да го
поминеш целиот остаток на својот живот.‘‘
Многу ,,јака‘‘ и многу битна мисла која не смееме никогаш да ја
занемариме,ниту заборавиме.
Во младоста скоро сите од нас трчаме по образование,кариера,
Работа,пари,брак,фамилија,деца, и шетање,а најмалку мислиме
лично на себе и своето внатрешно задоволство и лична
среќа,што е лошо.
Сега кога скоро сите овие работи сме ги завршиле можеме и
треба да си посветуваме многу време на себе лично.Тоа се
обидувам да го правам и за среќа најчесто успевам.
               Поради мали болки во препоните кои оовторно се јавија
шетањето кое го планирав за денес го оставив евентуално  за
утре или задутре.Малку ме нервира ситуацијата дека не ја знам
причи- ната за овие болки.Затоа останувам дома со лежење и
мирување па ќе видиме што ќе се случува понатаму.
По ручекот легнав сосема малку да се одморам пред одење на
забар.Требаше Госпожата да ме разбуди во 14 и 30 часот,ако сам
не станам до тогаш.Сум заспал и се разбудив во 14 и 50 часот.
Гордана заборавила да ме разбуди,што на момент малку ме
изнервира,но брзо за среќа брзо ми помина.
Закаснив малку што не беше страшно,а во принцип сум многу
точен и скоро никогаш не каснам никаде и за ништо.

185
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Кога се вратив од забар дома второ разочарување.Бројката на
новозаразени астрономски голема,повеќе од 300 нови забо-
лени,или повеќе од 16 % во однос на тестираните.

          
Жалосна и трагична состојба.Ако вака продолжи набргу ќе се
исполнат сите болници и тогаш ќе имаме уште полоша состојба.
Преку неодговорниот однос на добар дел од народот кон вирусот
и оглушување на сите мерки и препораќи за ова светско зло кое
хара низ целиот свет,се гледа нивото на свесниста,културата и
образованието на секој поединец,но и на целата држава.
На овој пример многу сликовито се гледавзашто сме меѓу нај
неразвиените земји во Европа,и со нај низок стандард.

8.10.2020 г.  Четветок,

Започнува нов ден,кој веројатно ќе биде сличен на


претходниот.Сабајлево вртејки по тв каналите на ,,24 вести‘‘
каналот случајно го затекнав разговорот со нашиот најпознат и
нај признат филмски режисер Милчо Манчевски.

186
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    
Ме радува што и ние како многу мала земјичка имаме
голем,извонреден филмски режисер од светски калибар.Тој е
поз- нат и признат во целиот свет,посебно со култниот
филм ,,Пред дождот‘‘ кој 1994 година ја доби престижната
наградата ,,Златен Лав‘‘  на филмскиот фестивал во
Венеција.Овој филм се прикажу- ваше и сеуште се прикажува во
кино салите низ целиот свет и освои многу филмски награди.
Најновиот негов филм ,,Врба‘‘ е номиниран за
европскиот ,,Оскар‘‘  и се надевам дека ќе го освои.
Манчевски има снимено,режирано повеќе филмови од кои нај
познати се,покрај ,,Пред дождот‘‘, ,,Прашина‘‘, ,,Мајки‘‘, и најно-
виот ,,Врба‘‘. Моментално се припрема за снимање на нов филм
кој ќе се вика ,,Кајмак‘‘, за кој сум скоро сигурен дека ќе биде
истомногу квалитетен и гледан како и претходните негови фил-
мови.
Во разговорот-интервјуто Манчевски покрај општите проблеми во
филмската уметност нагласи дека уметниците,а со тоа и филм-
ските уметници не треба да дозволат да бидат инволвирани во
било каква политика со што би избегнале загрозување и валкање
на нивната уметност и уметнички израз.
Здравствените проблемчиња за среќа ми стивнаа,но за секој
случај и денес ќе мирувам и повремено лежам,за да се смири
целата ситуација.
И денес времето е облачно и тмурно,а Госпожата се понуди
да ,,скокне‘‘ до ГТЦ каде треба да се подигнат скратените
сомотски пантолани кои ги купив пред три дена.
Во последно време,посебно по полнење на 70 години
почнав понекогаш да мислам на крајот на мојов убав и доста

187
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
исполнет живот. Повеќе пати во мислите правев и правам биланс
на се што поминало и се што сум постигнал во мојов
живот.Заклучокот е секогаш добар и позитивен.Треба да се биде
реален и секој да се позмнава добро себеси и своите
способности и карактер.Само така може да се живее среќно и
задоволно.За среќа мислам и убеден сум дека доста реално ги
гледам работите околу мене и во мене и веројатно тоа е
основниот фактор заштум задоволен и најчесто среќен скоро со
се што ми се случува.
            Во 11 часот го вклучив тв каналот ,,РТС1" каде започна
епи- зода  од тв серијата ,,Санта Марија де ла Салуте".Оваа
одлична тв серија се репрозира по кратко време втор пат,но
сепак заслужува да се следи.

9.10.2020 г.  Петок,

           Дојде и очекуваниот последен ден од продолжениот викенд


поради празникот единаесети октомври.Времето доста залади.
Вистинска есен.За жал во наредниов период најчесто нема да
можам да возам тпчак бидејки ќе биде се поладно и
дожливо.Помислувам на статичен точак и ,,Орбитрек‘‘,во едно и
половен се разбира,но не сум сигурен дали ќе бидам толку
упорен и истраен да возам секој ден по два,три пати по десетина
минути !!!
Повторно мислата:
,,Ако не си сигурен во нешто,немој воопшто да го правиш.‘‘
Има многу вистина во оваа мисла и повеќе пати се потврдила
дека е апсолутно точна.Токму затоа сум на сто ума.Сакам да
вежбам и возам прво поради циркулација на нозете,која е доста
слаба и лоша,а второ поради кондиција и општо здравје,кое сега
е прв приоритет.
Станав доста рано во 05 и 15 минути и по варење кафе и
пиење води со лимон седнав и почнав по малку да пишувам.

188
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
По 06 часот започна полека да се разденува и да се јавува новиов
ден. Дува ветерче,тмурно е и доста студено.Вистинска есен.
И денес не планирам да шетам натаму наваму,како што правев до
пред два дена,бидејки сакам да се средам комплетно.
Планот за денес во однос на јадењето е Мусака за ручек, за нас и
за синчето со фамилијата.Неговата Госпожа,како и нашата ќерка
не се многу по спремањето на секојдневни јадења.
За некои интересни специјалитети спремни се да ги пробаат,но за
жал секој ден треба да се јаде,а децата и фамилијата јадат и
обични секојдневни  јадења. 
Тука се уфрлуваме јас и мојата Гордана.Јас со моето прочуено
гравче,а таа со повеќе стандардни македонски јадења.Ова го
правиме највеќе поради внуците,но и поради децата.
            Случајно ,,шарајки" по платформата ,,ЈуТјуб" случајно го
најдов видеото каде е прикажано полетување на Боинг 737 од
Аеродромот во Буенос Аирес со капетан жена.Со задоволство го
гледав прво поради тоа што овој тип патнички авион,многу
познат и популарен во 80 тите и 90 тите години,а мене омилен,и
поради исто така многу битниот факт дека жените пилоти посебно
ги ценам.

     
Според мене,и не само според мене,жените се многу подобри од
мажите во многу професии и делатности.Ова е така бидејки тие
имаат вградено во нивните гени по голема љубов,внимание и
претпазливост од нас мажите за повеќе професии,посебно таму
каде тоа е посебно важно.

189
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

10.10.2020 г.  Сабота,

Стандарден,но продолжен викенд започна сабајлево.     


Секој ден со самото станување се вклучува рутинско мерење на
тежината на дигиталната вага и пишување покасно на прочита-
ната  вредност во тертратката каде запишувам што,колку и со која
калорична вредност сум јадел во текот на денот.Ако е меѓу 76,0 и
76,9 килограми тогаш е одлично,бидејки вредноста од 76 кила
беше и сеуште е мојата цел поставена пред 3-4 месеци.Тогаш
тежев 81 килограм што бе загрижи,бидејки ја осеќав зголемената
тежина,како во движењето,така и чуството на тромавост што го
носат вишокот на тежина.За здравјето и бенефитите од по малата
тежина да не зборувам многу.Познато е дека зголемената тежина
е штетна по сите основи,и за секој дел од телото,како и целоку-
пното здравје.Ме расположи вредноста која ја прочитав,а тоа е
76,1 кило.Вагата понекогаш покажува различни вредности,
веројатно од положбата во која са наместени четрите сензори на
сите ќошиња затоа за точна ја земам вредноста која ќе ја прочи-
там три пати истата едно по друго. 
Вчера по 11 часот гледав уште една епизода од тв
серијата ,,Санта Марија де ла Салуте‘‘ која ја репризира тв
каналот ,,РТС1‘‘.

Серијата е извонредна и во неа е преставен животот на


големиот србски поет и книжевник Лаза Костич.Најпозната негова
поема е ,,Санта Марија делла Салуте‘‘.
190
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

                       
Во оваа извонредна поема тој ја опева неговата најголема љубов
Ленка Дунџерски на многу суптилен и сензитивен начин.

Santa Marija della Salute


Oprosti, majko sveta, oprosti,što naših gora požalih bor,na kom se, ustuk svakoj zlosti,

blaženoj tebi podiže dvor;prezri, nebesnice, vrelo milosti,što ti zemaljski sagreši stvor:

Kajan ti ljubim prečiste skute, Santa Maria della Salute.

Zar nije lepše nosit’ lepotu, svodova tvojih postati stub,nego grejući svetsku lepotu

u pep’o spalit’ srce i lub;tonut’ o brodu, trunut’ u plotu,đavolu jelu a vragu dub?

Zar nije lepše vekovat’ u te, Santa Maria della Salute?

Oprosti, majko, mnogo sam strad’o,mnoge sam grehe pokaj’o ja;sve što je srce snivalo
mlado,

sve je to jave slomio ma’,za čim sam čezn’o, čemu se nad’o,sve je to davno pep’o i pra’,

na ugod živu pakosti žute, Santa Maria della Salute.

Trovala me je podmuklo, gnjilo,al’ ipak neću nikoga klet’;štagod je muke na meni bilo,

da nikog za to ne krivi svet: Jer, što je duši lomilo krilo,te joj u jeku dušilo let,

sve je to s ove glave sa lude, Santa Maria della Salute!

191
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Tad moja vila preda me granu,lepše je ovaj ne vide vid;iz crnog mraka divna mi svanu,

k’o pesma slavlja u zorin svit, svaku mi mahom zaleči ranu, al’ težoj rani nastade brid:

Šta ću od milja, od muke ljute, Santa Maria della Salute?

Ona me glednu. U dušu svesnu nikad još takav ne sinu gled;tim bi, što iz tog pogleda
kresnu,

svih vasiona stopila led,sve mi to nudi za čim god čeznu’,

jade pa slade, čemer pa med, svu svoju dušu, sve svoje žude, 

svu večnost za te, divni trenute!  Santa Maria della Salute.

Zar meni jadnom sva ta divota?Zar meni blago toliko sve?Zar meni starom, na dnu života,

ta zlatna voćka što sad tek zre?Oh, slatka voćko, tantalskog roda,što nisi meni sazrela pre?

Oprosti meni grešne zalute, Santa Maria della Salute.

Dve u meni pobiše sile, mozak i srce, pamet i slast.Dugo su bojak strahovit bile,

k’o besni oluj i stari hrast: Napokon sile sustaše mile,vijugav mozak održa vlast,

razlog i zapon pameti hude, Santa Maria della Salute.

Pamet me stegnu, ja srce stisnu’,utekoh mudro od sreće, lud, utekoh od nje — a ona svisnu.

Pomrča sunce, večita stud, gasnuše zvevde, raj u plač briznu,smak sveta nasta i strašni sud.

O, svetski slome, o strašni sude, Santa Maria della Salute!

U srcu slomljen, zbunjen u glavi, spomen je njezin sveti mi hram.Tad mi se ona od onud
javi,

k’o da se Bog mi pojavi sam: U duši bola led mi se kravi, kroz nju sad vidim, od nje sve
znam,

192
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
za što se mudrački mozgovi mute, Santa Maria della Salute.

Dođe mi u snu. Ne kad je zove silnih mi želja navreli roj, ona mi dođe kad njojzi gove,

tajne su sile sluškinje njoj. Navek su sa njom pojave nove, zemnih milina nebeski kroj.

Tako mi do nje prostire pute, Santa Maria della Salute.

U nas je sve k’o u muza i žene, samo što nije briga i rad, sve su miline, al’ nežežene,

strast nam se blaži u rajski hlad; starija ona sad je od mene, tamo ću biti dosta joj mlad,

gde svih vremena razlike ćute, Santa Maria della Salute.

A naša deca pesme su moje, tih sastanaka večiti trag; to se ne piše, to se ne poje,

samo što dušom probije zrak. To razumemo samo nas dvoje, to je i raju prinovak drag,

to tek u zanosu proroci slute, Santa Maria della Salute.

A kad mi dođe da prsne glava o mog života hridovit kraj, najlepši san mi postaće
java,
moj ropac njeno: “Evo me, naj!” Iz ništavila u slavu slava, iz beznjenice u raj, u raj!
U raj, u raj, u njezin zagrljaj! Sve će se želje tu da probude, dušine žice sve da
progude,
zadivićemo svetske kolute, zvezdama ćemo pomerit’ pute, suncima zasut’ seljanske
stude,
da u sve kute zore zarude, da od miline dusi polude Santa Maria della Salute.

Не сум некој голем љубител на поезијата,морам да бидам искрен,


но оваа поема многу ја бендисав.
Лаза Костич покрај книжевната делатност бил и пратеник,а
зборувал и осум светски јазици.Со еден збор бил гение на тие
години во кој живеел и творел.

193
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

11.10.2020 г.  Недела,

По вчерашниот убав есенски ден се надевам дека и дене-


шниот ќе биде барем сличен.Утрово ветува дека ќе имаме добар
ден.Вчера се јави внуката Леа и не покани заено со неа и мајка ѝ
Сања да одиме денес во Зоолишка градина.Ние се разбира со
задоволство прифативме и чекаме да ни јават во колку часот ќе
тргнеме.Ние мораме са се вратиме дома пред 15 часот бидејки
финалето на турмирот во Прис ,,Роланд Гарос‘‘ во кој се
среќаваат ,,Нашиот‘‘, од бившата заедничка држава СФРЈ  Новак
Џокович и шпанецот Рафаел Надал. Овој меч,сигурен сум ќе биде
борба на живот и смрт,бидејки и Надал е врвен играч и беше дури
прв рекет во светот пред да стане Џокович.
Моментално, веќе повеќе од 18 месеци Новак е на прво место во
тениската ранг листа,односно прв реќет во светот.Во приватниот
живот овие великани од тениските терени се добри другари.

        
Со нетрпение го очекуваме овој меч кој ќе биде посластица за
сите љубители на тенисот.Терминот е малку незгоден.Токму во
време кога по ручек одмарам,и затоа  ќе морам да го снимам за
да го проследам покасно.

194
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Додека ги пишувам овие реченици се сетив на последниот меч во
четврт финалето од пред три дена,каде се сретнаа Џокович и
грчкиот моментално најдобар тенисет Циципас.
Новак со многу труд и солидна игра успеа некако да го победи
овој млад играч кој е дури 11 години помлад од него.
Вчера повторно на платформата-каналот ,,Ју Тјуб‘‘ најдов
видеа од британскиот најпознат Интернет портал на ,,ББЦ‘‘ за
учење англиски јазик кои траат 6 минути и се викат ,,6 минути
англески‘‘.Извонредни видеа од разни области на современото
живеење каде покрај дијалозите има и текст,но и се наведени
некои нови зборови со објаснение на значението.
Овакви видеа слушав и гледав уште пред 8-10 години и многу ги
бендисував.Сега,со новиот телефон,кој има многу голема
меморија веднаш ,,симнав ‘‘ повеќе од 15 видеа. Денес,но и во
наредните денови планирам со уживање да гледам по неколку
вфакви видеа.Во нив читачите на текстот зборуваат брзо,како во
нормалниот секој дневен разговор,за разлика од видеата од
американскиот портал ,,ВОА лрнинг инглиш‘‘ каде видеата ги
читаат  доста по споро,што е многу по лесно да се разберат скоро
сите зборови и текст.

    
Скоро секој пат кога ќе наидам на одлични видеа за учење
англиски јазик посебно се радувам и веднаш ги проследувам. 
Ако не сум во можност тој момент,обавезно ги ,,симнувам‘‘ за да
ги гледам и слушам покасно.Имам досега ,,симнато‘‘ многу видеа
од најдобрите Интернет портали за учење англиски јазик,така да
имам многу повеќе материјал за учење одколку што можам да
стигнам и преслушам.

195
Пензионерски дневник трет дел
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Во третиов дел од дневников изнапишав доста работи на
повеќе од 239 листа и ред е сега полека да го привршам и
започнам нов четврти дел.
Искрено се надевам дека оваа манија,ако може така да се нарече
моево куцкање по тастатурата-пишување дневник,ќе ме ,,држи‘‘
уште долго време,бидејки сеуште ми преставува задоволство
пишувањето.
Некој можеби ќе примети зашто воопшто ставам фотки од скоро
секој настан за кого пишувам,но според мене тоа е одличен начин
да се дообјасни тоа што сакам да го кажам и што го опишувам во
кратки црти.

Толку да овој трет дел.


Ќе продолжам во следниот со нов ден 
И нови случки и нови мисли,.....

196

You might also like