You are on page 1of 5

Физика план

1. Супстанцата е составена од честички (молекули) кои се во постојано


движење. Ова движење е хаотично.
- Поради движењето на молекулите тие имаат кинетичка енергија.
- Кога супстанцата е во цврста состојба молекулите не можат да се
движат, туку вибрираат.
- Правилниот распоред на молекулите во тврдите тела се вика кристална
структура.
- Она што ги држи молекулите заедно се викаат привлечни меѓу
молекуларни сили – тие се еластични.
Како последица од дејството на меѓу молекуларните еластични сили,
молекулите имаат потенцијална еластична енергија.
- Збирот од кинетичка и потенцијална енергија на сите молекули се вика
внатрешна енергија. – Кај тврди тела Ек=0, в. н. = Еп - Кај течности в.н =
Ек + Еп - Кај гасовите Еп=0, па в.н = Ек
- Топло тело е тело со поголема в.н енергија.
- Ладно тело е тело со помала в.н енергија.
- Топлина е дел од в.н што се пренесува од топло кон ладно.
- Единица мерка за топлина е Џул.
- Заклучок – Иако температурата на супата во тенџерето и чинијата е иста,
во тенџерето има повеќе топлина бидејќи има голем број молекули.
- Температура е физичка величина која го определува степенот на
загреаност на телото и мерка за Ек на молекулата во тоа тело.
- Термометар е инструмент за мерење на температура. Постојат
дигитален и аналоген (живин и алкохол).
- Температурна скала на целзиус. – Оваа температурна скала е
конструирана на две точки: температура на која водата мрзне и
температура на која водата врие.
- Температурна скала на Келвин. – Оваа температура е конструирана врз
основа на една точка, температура на која молекулите престануваат да
вибрираат, таа температура се вика апсолутна и изнесува -273,15 С® или 0
К. Тоа е најниската температурата во природата. Т=(т+273,15)к.
- Температурна скала на фаренхајт.

2. Постојат три начина на пренесување на топлина.


А. Пренесување на топлина со кондукција (топлосповодливост).
Физика план
Б. Пренесување на топлина со конвекција (струење)
В. Пренесување на топлина со радијација (зрачење)
- Кондукција - Овој начин на пренесување топлина е карактеристичен за
тела во цврста агрегатна состојба.
- Молекулите на крајот што се загрева почнуваат силно да вибрираат.
Преку хемиски врски овие вибрации се пренесуваат на соседните
молекули, од нив на другите молекули, се до другиот крај на телото.
- Кондукција е пренесување на топлина со меѓусебно заемно дејство на
молекулите од потоплиот кон поладниот крај .
- Материјалите што добро спроведуваат топлина се викаат спроводници.
Сите метали (Fe,Zn,AL,Sn,Ni,Li,Mg,Na,Au,Ag)
- Материјалите што лошо или воопшто не пренесуваат топлина се викаат
изолатори. (дрво,пластика,хартија,стакло,гума,стиропор,пурпена)
- Конвенција – овој начин на пренесување топлина е карактеристичен за
флуиди. – Ако волуменот се зголеми густината се намалува. – Ако
волуменот се намалува густината се зголемува.
- При загревање на течноста се зголемува просторот меѓу молекулите
поради што се намалува густината. Поради тоа топлата течност станува
полесна и почнува да се качува нагоре. Ладната течност на површината е
по тешка поради што просторот меѓу молекулите е помал, а густина
поголема и ако потешка се паѓа надолу.
- Конвенција е пренесување на топлина со движење на молекулите кај
флуидите поради разлика во густината на делови од тие флуиди.
- Аномалија на вода – наместо со загревање од 0 степени до 4 таа
напротив на 4 степени се собира и има најголема густина.
- Топлиот воздух што се загреал од површината на земјата како полесен
се движи нагори, а на негово место доаѓа потежок (поладен) воздух од
горните слоеви на воздухот.
3. Како Сонцето ја загрева Земјата?
Растојанието помеѓу Земјата и Сонцето е околу 150 милиони километри, а
просторот помеѓу нив е вакуум ( празен простор). Тоа значи дека нема
молекули кои би пренесувале топлина со кондукција или конвекција.
Затоа е воведен нов начин на пренесување на топлина со РАДИЈАЦИЈА
или ЗРАЧЕЊЕ.
Физика план
- Сонцето како најголем извор на енергија за планетата Земја својата
енергија ја ослободува ( емитира) во вид на зраци или бранови кои
можат да бидат:
- инфрацрвени (топлински)  
  бранови
- видливи бранови
- ултравиолетови бранови
Пренесувањето на топлина од едно на друго тело со помош на топлински
(инфрацрвени) зраци (бранови) се нарекува радијација (зрачење)
4.Кога едно зрачење паѓа на една површина, во зависност од својствата
на таа површина, зрачењето може да се
А) рефлектира (одбие)
Б) апсорбира (впие)
В) трансмитира ( помине)
- А. Рефлексија на зрачењето
Доколку топлинско зрачење паѓа на непровидна светла и сјајна површина
тогаш најголем дел од зрачењето ќе се рефлектира ( одбие)
Б.Апсорпција на зрачењето
Доколку топлинско зрачење паѓа на темна и матирана површина, тогаш
најголем дел од зрачењето ќе  се апсорбира (впие).
В. Трансмисија на зрачењето
Доколку топлинско зрачење паѓа на провидна површина,
тогаш најголем дел од зрачењето ќе  се трансмитира (пропушти).
Ефект на стаклена градина
- За заштита на растенијата од ладно тие се затвораат во стаклена
градина. Растенијата во стаклената градина ја апсорбираат  топлинат од
Сонцето и се загреваат и потоа самите зрачат топлина. Тоа топлинско
зрачење стаклото не го трансмитира, туку го рефлектира и затоа во
градината е потопло отколку надвор. Оваа појава се нарекува  ЕФЕКТ НА
СТАКЛЕНА ГРАДИНА.
- 6.Својства  на топлинско ( инфрацрвено) зрачење:
- Инфрацрвените зраци се невидливи за окото на човекот затоа што
немаат доволно енергија да стигнат до мрежницата на окото и да
предизвикаат светлински впечаток. 
- Инфрацрвеното зрачење има силно изразено топлотно дејство. 
Физика план
- Постојат разни извори на инфрацрвено зрачење. Околу 50% од
зрачењето на  Сонцето отпаѓа на инфрацрвено зрачење 
- сите тела, без разлика на нивната природа, на температура повисока
од апсолутната нула, целосно зрачат инфрацрвено зрачење
- - Некои супстанции силно го апсорбираат инфрацрвеното зрачење, а
други се наполно провидни за ова зрачење. На пример, водата која е
провидна за видливиот дел од спектарот, како и за ултравиолетовите
зраци, речиси наполно го апсорбира инфрацрвеното зрачење
- За животот на Земјата од посебно значење е способноста на
инфрацрвените зраци да поминуваат низ атмосферата. Поминувајќи
низ атмосферата, слабее инфрацрвеното зрачење. Поради
апсорпцијата од водената пареа, само мал дел од инфрацрвеното
зрачење што го зрачи Земјата ја напушта атмосферата. На тој начин таа
игра улога на топлотна изолација која не дозволува ноќе Земјата брзо
да се лади. 
5. - При загревање или ладење на телата тие можат да ја променат
својата агрегатна состојба. Овие промени на агрегатната состојба на
супстанцата се познати и како ФАЗНИ ПРЕМИНИ. Постојат 6 вакви
премини и тоа: • топење • испарување • кондензација • стврднување •
сублимација • ресублимација
- 2. Топлина и фазни премини - Топење е преминување на супстанцата од
цврста во течна состојба. За оваа промена телото треба да прими
топлина.
- Испарување е преминување на супстанцата од течна во гасовита
состојба. За оваа промена телото треба да прими топлина
- Кондензација е преминување на супстанцата од гасовита во течна
состојба При оваа промена се ослободува топлина.
- Стврднување е преминување од течна во цврста состојба. При ова
преминување се ослободува топлина.
- Сублимација е преминување од цврста во гасовита состојба и за неа
телото треба да прими топлина
- Ресублимација е преминување од гасовита во цврста состојба и при ова
преминување се ослободува топлина
Физика план
- Процесот на преминување на една течност во гас се нарекува
испарување. Разликуваме: А) испарување преку ветреење Б) испарување
преку вриење
- Во процесот на испарување,независно дали е преку ветреење или преку
вриење, течноста ја апсорбира топлината и таа топлина што е потребна за
да молекулите од течна состојба преминат во гасовита состојба се
нарекува ЛАТЕНТНА ТОПЛИНА НА ИСПАРУВАЊЕ.
- Испарување преку ветреење Испарувањето преку ветреење настанува
на било која температура. Во овој процес молекулите кои се наоѓаат во
близина на површината на течноста добиваат доволно кинетичка
енергија за да можат да ја напуштат течноста и да преминат во гасовита
гасовита состојба.
- Фактори од кои зависи брзината на испарување преку ветреење А)
Природата (Видот) на течноста Различни течности испаруваат ( ветреат) со
различна брзина. Ако во еднакви по форма садови налееме исто
количество на различни течности ( вода, алкохол, зејтин, бензин ) прв ќе
испари алкохолот, па бензинот, па водата и на крајот зејтинот.
Б) Големината на слободната површина на течноста Колку е поголема
површината на течноста толку поголем број на молекули истовремено
можат да преминат во гасовита состојба.

You might also like