You are on page 1of 2

Хемија план

1. Хемијата се дели на органска и неорганска, теориска и


експериментална, аналитичка и препаративна.
-Супстанца е она од што се изградени организмите и телата во
природата, она од што се направени материјалите и она од што се
изградени системите.
- Супстанца е се она од живата и не живата природа што има
определена маса и зафаќа определен простор
- Поделба на супстанци
- агрегатна состојба
- хемиски состав – чисти супстанци, смеси
- Чисти супстанци се делат на елементи и соединенија.
- Елементи се прости супстанци кои со хемиска реакција не можат да се
разложат до по прости чисти супстанци.
- Соединенија се чисти супстанци кој можат да се добијат со хемиска
реакција од елементите
- Кога елементот може да постои во повеќе од една стабилна форма,
тие претставуваат алпрости форми

2. Смеса е мешавина на две или повеќе чисти супстанци.


- Хомогени и хетерогени смеси
- Хомогени смеси се оние каде не постои видлива разлика меѓу
супстанците што се измешани.
- Хетерогени смеси се оние смеси каде постои видлива разлика,
меѓу супстанците што се измешани.
- Заеднички карактеристики:
Составот на смесите е променлив
Секоја од компонентите во смесата си ги задржува своите
карактеристични својства
Својствата на смесата зависат од количеството и својствата на
учесниците во неа
Одделените состојки на смесата можат да се раздвојат со физики
постапки. Пр.: дестилација, филтрација, центрифугирање,
сублимација и др.
Хемија план
3. Својствата на супстанцата се делат на физички и хемиски.
- Физичките доаѓаат до израз при физички промени односно не се
менува составот на супстанците.(агрегатна состојба)
- Хемиски својства доаѓаат до израз при хемиски промени односно
кога супстанците со хемиски реакции прикажуваат во други
супстанци. (горење, корозија).
Основни хемиски закони
- Закон на Лавоазје (закон за запазување на масата)
При протечувањето на хемиска реакција, вкупната маса на
учесниците во реакцијата не се менува.
- Закон на Пруст (закон на постојаните масени односи)
Соединенијата имаат постојан состав т.е. во нив елементите се
застапени во постојани масени односи
-Закон за повеќекратните масени односи (Закон за далтон)
Доколку два елемента образуваат повеќе од едно соединение
тогаш со определено количество од едниот елемент се сврзуваат
количества од другиот елемент чии маси стојат во меѓусебен однос
како мали цели броеви.
- Авогадров закон
Исти волумени од различни гасови при што иста температура и
притисок содржат ист број на единки
Авогадров број
Авогадров број,— бројот на молекули во еден мол супстанца.
4. Хемиски симболи се меѓународни ознаки за елементите или за
атомите на елементите
Хемиска формула претставува симболичен приказ за називот на
соединението.
Хемиска равенка претставува симболичен исказ на хемиската
реакција.
Мол е количество супстанца што има ист број единки колку што има
атоми во 12 грама јаглерод со масен број 12, се вика авогадров број
изнесува 6,022....
- Валентност е бројот на хемиски врски што ги образува еден атом.

You might also like