You are on page 1of 1

"Сид" е трагикомедија напишана од Пјер Корнеј.

Таа се смета како негова


најдобра драма. За луѓето, делото претставувало нешто совршено и ако некое дело
било прекрасно велеле: "убаво како Сид". Ова било трагедија која се разликувала од
античките трагедии, така што на крајот доаѓа до пресврт и се случува нешто што не
сме очекувале.
Главни ликови се дон Родриго и Химена и основниот мотив е судирот помеѓу
љубовта и семејната чест. Химена е вљубена во Родриго, но не е сигурна за мислењето
на нејзиниот татко за Родриго. Тој бил благонаклонет кон дон Родриго, но имало еден
проблем. дон Гомез, таткото на Химена, му бил љубоморен на таткото на Родриго
поради тоа што тој бил избран за воспитувач на принцот. Во жестока караница помеѓу
двајцата, дон Гомез му удира шлаканица на дон Диего. Тој бара од неговиот син да ја
одмазди неговата чест и тука доаѓа до првата дилема помеѓу љубовта и семејната чест
во ова дело. Дон Родриго, растргнат помеѓу неговта љубов кон Химена и неговата
љубов кон татко му, ја одбира семејната чест и го предизвикува дон Гомез на двобој.
Во овој двобој, Родриго го совладува Гомез. Химена бара казна за убиецот на
нејзиниот татко. Дон Родриго се чувствува виновно и ѝ приоѓа на Химена, нудејќи ја
својата глава како цена за убиството. Тука се случува втората дилема помеќу љубовта
и семејната чест. Химена ја посакува смртта на убиецот на татко ѝ, но истовремено
не сака да го загуби саканиот. Дон Родриго ја совладал војската на Маврите и целиот
град го славел како јунак, но Химена сеуште ја посакувала неговата смрт. Таа
организирала двобој каде што Родриго би бил убиен, а таа ќе се омажи за победникот.
Тој ѝ приоѓа и ѝ соопштува дека доброволно ќе умре во двобојот за нејзината чест, а
таа предводена од нејзината љубов кон него, му вели да се бори чесно. Дон Санчо,
кој бил противникот на Родриго, пристигнува кај Химена со мечот на Родриго. Таа тоа
го разбира како да го убил Родриго, но тој бил сеуште жив. Таа признава за
нејзината љубов пред кралот, а тој и соопштува дека Родриго е жив. Кралот го
искпраѓа Дон Родриго во војна со Маврите, а ветува дека по една година, Химена ќе
се омажи за него.
Во ова дело, Корнеј ја претставува борбата помеѓу љубовта и семејната чест
кај Родриго и Химена. Родриго ја одбрал честа така што го убил дон Гомез, а Химена
ја одбрала љубовта кон Родриго.

You might also like