You are on page 1of 13

ВЕРТИКАЛНА КОНФИГУРАЦИЈА

1. Вовед
Вертикалната конфигурација на зграда вклучува два аспекта од архитектонската форма
– обвивката на зградата по висина и извишување на вертикалната конструкција во двата
ортогонални правца. Најдобро можно сеизмичко однесување се добива кога и
тридимензионалната распределба на масата и вертикалната конструкција на зградата се
регуларни. Тоа значи отсуство на следните вертикални нерегуларности кои повеќе
пати после земјотреси се покажало дека иницирале тешки оштетувања:
- Масата на еден кат значително поголема од соседен
- Вертикалната конструкција на еден кат пофлексибилна/послаба од соседен (мек/слаб
кат)
- Кратки столбови
- Дисконтинуитет на носиви ѕидови
- Нагли промени по висина
- Згради на косина

Поголемиот дел од нерегуларностите, како хоризонталните нерегуларности разгледани


во претходната Глава, се опишани и дефинирани повеќе или помалку детално во
кодовите за асеизмичко проектирање. Секоја нерегуларност на конфигурацијата го
менува динамичкиот одговор на зградата и ја зголемува конструктивната и
неконструктивната штета. Некои мали или умерени нерегуларности се прифатливи за
градежните конструктори и прописите за проектирање и се третираат со примена на
пософистицирани техники на проектирање. Примерот на тешка меѓукатна конструкција
е еден таков случај. Локалното зголемување на напрегањата или релативното катно
поместување од една особено тешка меѓукатна конструкција, која можеби носи базен,
се идентификува од градежниот конструктор кој потоа ја проектира конструкцијата со
попрецизни постапки од вообичаените. Други нерегуларности посочени погоре толку
сериозно влијаат на сеизмичкото однесување на зградата што треба по секоја цена да се
избегнуваат.
Сите возможни примери на лоши конфигурации неможат да се предвидат или
разгледаат во оваа книга. Лошите вертикални конфигурации повлекуваат
дисконтинуитет на токот на сили или компликации кои ги погодуваат конструктивните
елементи и со кои неможат да се справат без тешки штети. Секогаш кога вертикалните
конфигурации отстапуваат од препораките дадени во Глава 5, нивната сеизмичка
соодветност треба да биде проблематизирана и потоа внимателно проценета.
Следните поглавја ги разгледуваат најчесто забележаните проблеми на вертикалната
конфигурација, и од конструктивен и од архитектонски аспект. Земајќи предвид дека
архитектите посакуваат згради со облик по висина или внатрешна конструкција кои
доведуваат до појава на една од овие непосакувани конфигурации, прикажани се
методи за постигнување на архитектонските намери без сериозно нарушување на
сеизмичкото однесување.

2. Меки катови
Конфигурации со мек кат опишуваат конструкции каде еден кат од зградата е
пофлексибилен и/или послаб од тој над него од аспект на сеизмички сили. Наместо

1
енергијата од земјотресот да се апсорбира со
дуктилно течење на челичните арматурни
прачки, или конструктивните челични пресеци
во зоните на пластични зглобови, или
конструктивни осигурувачи низ целата
конструкција како што е прикажано на Сл.
5.44(b), во конфигурации со мек кат
енергијата од земјотресот се концентрира на
мекиот кат (види Сл. 5.44(а)). Сериозни штети
се причинети особено на столбовите од
мекиот кат. Штом овие конструктивни
елементи се оштетат природата на земјотресот
е да не се поместува и да оштетува други
елементи. Наместо тоа, земјотресот ја
интензивира енергијата и моќта на
оштетување на истиот кат. Често
конструкцијата над уништениот мек кат е
виртуелно неоштетена. Таа е заштитена од
„пожртвуваното“ делување на мекиот кат.
Зградите со мек кат се осудени, бидејќи
столбовите на мекиот кат немаат носивост да
ја апсорбираат сеизмичката штета и да
продолжат да ја носат тежината на зградата
над нив.
Боксот претставува соодветна аналогија за
однесувањето на мек кат. И боксот и
земјотресот се насилни. Тие удираат и
повредуваат. Боксерот се обидува да најде и
потоа да ги искористи слабости на
противникот. Откако ќе ја најде, таму го насочува нападот и ударите. Процесот на
„омекнување“, кога повредениот ја намалува реакцијата и одбраната се до свирежот за
нокаут. Штом мек кат е најден, земјотресот го насочува неговото разурнувачко
внимание на релативно мал број вертикални елементи на тој еден кат се додека зградата
не почне да се тетерави или доживее лом.
Од сите проблеми на вертикалната конфигурација, мекиот кат е најсериозен и е
убедливо најраспространета причина за колапс на повеќекатни згради. Толку голем
број на згради во сеизмички активни региони низ целиот свет имаат релативно отворен
прв кат и се изложени на формирање на механизам на мек кат. Извештајот од
земјотресот во Кобе од 1995 година покажува дека колапс на приземјето било
најзастапен механизам на лом во малите комерцијални и повеќенаменски згради (Сл.
9.1). што се однесува до големи комерцијални и станбени згради, кои во најголем број
случаи се регуларни од кај улицата, извештајот посочува: „Парцијален или целосен лом
на еден кат на зградите беше вообичаен „механизам на лом“..... Катот кој доживеал
парцијален или целосен лом варира од зграда до зграда ....“ Колапс причинет од мек кат
често се јавува во било кој земјотрес во населени места (Сл. 9.2).

2
Сликата 5.44(а) прикажува
однесување на мек кат на
приземје предизвикано од
слаби столбови и јаки греди.
Пред да доживее штета, тој
кат можеби не бил послаб од
катот над него но
сеизмичките сили на
смолкнување и моментите на
свиткување во столбовите од
рамките растат кон основата
на зградата. Тие ги
достигнуваат максималните
вредности во приземјето
правејќи го поповредлив. Во
отсуство на пристапот на
проектирање според
капацитет, столбовите се
обично послаби од гредите
така што столбовите доживуваат штети. Штом ќе почне „омекнување“ за време на
земјотресот прогнозите се многу лоши.
Меките катови се исто така предизвикани и од други нерегуларности во
конфигурацијата како што е илустрирано на Сл. 9.3. Сеприсутниот мек кат предизвикан
од комбинација на отворено приземје и рамки со исполна од ѕидарија (Сл.
9.3(а))детално е разгледан во Глава 10. Како што е споменато погоре ако е
нерегуларноста на мек кат разумно мала, сеизмичките прописи може да дозволат
системот да ги прифаќа хоризонталните сили. Како и да е, градежниот конструктор
мора да превземе специјална анализа и обезбеди елементи во катот со дополнителна
носивост и дуктилно димензионирање. Во потешки случаи на мек кат дури и
најсовршен конструктивен проект неможе да спречи лошо однесување при проектен
земјотрес. Така што се поставува прашање: „Дали е возможно зградата да има визуелни
карактеристики соодветни на мек кат од архитектонски причини а сепак да се однесува
задоволително за време на земјотрес; и ако може, како?“

3
За среќа на естетското задоволство на
архитектите, корисниците на објектите и
целата јавност која сака витки столбови и
некој степен на проектантска разноликост,
одговорот е громогласно „Да“. Една од двете
стратегии се применува: или раздвојувањето
или разграничување. Раздвојувањето вклучува
изолирање од токот на сили на оние крути и
јаки елементи – како ѕидови од исполна и
високи греди – кои доведуваат соседните
елементи – како столбови – да бидат релативно
пофлексибилни и послаби. Разграничувањето
го опишува пристапот во проектирањето
според кој јасно се разграничува конструкција
само за гравитациони товари и конструкција за
сеизмички сили и се осигурува дека избрани
елементи примарно носат или сеизмички или
гравитациони товари. Следните примери ја
илустрираат примената на овие стратегии.
Замисли дека ти проектираш зграда чија што
фасада е модулирана од витки столбови и
високи греди (Сл. 9.4). Како можеш да го
обезбедиш овој од архитектите посакуван
распоред без да создадеш опасна „слаби
столбови – јаки греди“ конфигурација? Прво
пробај да ја примениш стратегијата на
раздвојување. Ова значи раздвојување на
опасната прекумерна носивост на гредите од
рамките со цел да постигнеш посакувана
„слаби греди – јаки столбови“ рамка.
Отстранете ги долу и горе челни елементи кои
често се изведуваат монолитно со гредите.
Гредите стануваат послаби од столбовите и
рамката станува потенцијално дуктилна.
Гредата исто така станува пофлексибилна,
така што тој аспект треба да биде проверен од
инженер. Можеби димензиите на столбот ќе
бараат зголемување за да ги прифатат
проектните сеизмички сили. Потоа покријте ги
гредите, кои се сега послаби од столбовите, со челни панели. За панелите може да се
одбере било каков материјал (Сл. 9.5). Панелите се конструктивно одвоени од рамките
за да спречат да учествуваат во прифаќањето на силите и да се избегне
неконструктивна штета. Користи некој од пристапите за димензионирање дадени во
Глава 11. Наместо закачените панели, челни можат да се оформат од лесни рамки и
покривач закачен директно на гредата.
Доколку од било која причина стратегијата за раздвојување е неприфатлива, тогаш
земете го разграничувањето како можно решение. Во овој пристап сеизмички
проблематичната конфигурација на рамка останува на фасада но е ослободена од било
какви очекувања да носи хоризонтални сили со обезбедување на алтернативен покрут

4
систем на друго место во основа. Внатрешните
рамки и носиви ѕидови на Сл. 9.6 ги прифаќаат
сите хоризонтални сили бидејќи се покрути и
појаки. Тие се така проектирани така да
периферните рамки треба да носат само
гравитациони товари. Градежниот конструктор
може дури намерно да ги омекне столбовите на
сеизмички проблематичните рамки воведувајќи
зглобови на врвот и дното на секој столб. Што
би довело тие воопшто да не навлечат
хоризонтални сили. Независно дали е
спроведено омекнување или не, периферните
рамки мора да се флексибилни и евентуално да
поседуваат одредена дуктилност. Тие мора да ги
доживеат истите хоризонтални поместувања
како и појаката алтернативна сеизмички отпорна
конструкција без штети, истовремено
прифаќајќи ги гравитационите сили.
Што ако, како проектант, потребна ви е двојна
катна висина во приземјето, или било каде по
висината на зградата (Сл.9.3(b))? Почни со тоа
дека рамка со толку флексибилен мек кат мора
да се исклучи од примарниот сеизмички отпорен
систем. Така што задржете ја нивната
нерегуларна конфигурација и проектирај ги да
носат само гравитациони сили. Пак обезбеди
алтернативна покрута конструкција да ги
прифати сите сеизмички сили (Сл. 9.6).
Градежниот конструктор треба да провери дали
рамките со мек кат можат да ги издржат
предвидените хоризонтални поместувања без
штети.
Најмалку два други пристапа се можни. Прво, да
се воведат греди без плочи (Сл. 9.7(а)). Со ова
може да се добие посакуван простор соодветен
на двојна катна висина, а при тоа да се избегне
мек кат враќајќи ја регуларноста на рамката.
Сега кога тежината на нивото без кат е многу
полесна отколку катот над тоа, посебна анализа
и проектирање е потребно. Ако идејата на
вметнување греди заради обезбедување на
регуларност е неатрактивна, разгледај ја
опцијата на мега-рамка (Сл.9.7(b)). Катната
висина на таквата рамка е удвоена. Кај
алтернативните катови гредите се зглобно
врзани со столбовите за да се спречи нивно
учество како елементи на рамката. Главниот
недостаток на решението со мега-рамката е тоа
што димензиите на рамката се значително

5
поголеми отколку кај нормална рамка со цел да се контролираат зголемените вредности
на поместувањата, свиткувањето и смолкнувањето како резултат на поголемата катна
висина. Столбовите исто така треба да се проектираат да ги прифатат инерцијалните на
средина од висината кои се пренесуваат од алтернативните катови.
Арнолд и Реитхерн препорачуваат неколку други можности како што е зголемување на
димензиите и/или бројот на столбови на мекиот кат или проектирање на надворешни
контрафори да делуваат како носиви ѕидови или рамки со спрегови на тој кат.

3. Кратки столбови
Откако бевте информирани за опасностите од
високи столбови подгответе се да научите за
опасностите од кратки столбови.
Конструктивните екстреми се неприфатливи во
сеизмички отпорни системи. Кратките столбови
треба да се избегнуваат исто толку упорно како
и витки столбови.
Има два типа на проблеми со кратки столбови;
прво, доколку некои столбови се пократки од
други во рамка, и второ, доколку столбовите се
толку кратки што се природно крти. Кратките
столбови од вториот тип обично се столбови со
нормална должина но се спречени да се виткаат
и поместуваат од парцијални ѕидови од исполна
или многу високи челни греди.
На Слика 9.8 прикажани се примери каде
столбовите, некои пократки од другите во иста
рамка, кои предизвикуваат сеизмички
проблеми. Конструктивниот проблем кој
произлегува од оваа конфигурација илустриран
е на Сл. 9.9. Два столба заедно, еден кој има
двојно помала висина од другиот, прифаќаат
хоризонтални сили. Односот на крутоста со
хоризонталните сили многу зависи од висината
на столбот; уствари обратно пропорционално
со должината на куб (L3). Оттука пократкиот
столб осумпати покрут од другиот, така што
тој се обидува да прифати скоро осум пати
поголема сила од подолгиот столб. Тешко дека
е доволно јак да прифати толку голем дел од
хоризонталната сила и може да доживее лом.
Овој тип на проблем на краток столб може да
се надмине на неколку начини, некои од нив
веќе беа опишани. Примена на пристапот на
разграничување ќе ја ослободи рамката со еден
или повеќе кратки столбови од било каква
одговорност за сеизмичка носивост. Носиви
ѕидови или рамки со спрегови се обезбедуваат
на друго место во основа (Сл. 9.6). Доколку

6
гредите кои ги врамуваат столбовите и ги
оформуваат како кратки на Сл. 9.8(а) се
потпрат зглобно на двата краја, што ефективно
ги дуплира должините на столбовите и ги прави
сите еднакви што се однесува до сеизмичката
отпорност. Се разбира, тоа креира сценарио на
мек, кат кое потоа треба да се третира.
Алтернативен пристап на конструкцијата на Сл.
9.8(а) е комплетно да се занемари сеизмичката
носивост на долгите столбови и сите сеизмички
сили да се прифатат со четири еднобродни
рамки; по две во секој правец за да се обезбеди
симетрична конфигурација.
На страната на косината, кратките столбови
може да се продолжат со нивно продолжување
со шипови (Сл. 9.10). Ако шиповите се
монолитни со столбовите и изолирани од
подлогата со ракави или шахти кои дозволуваат
неспречени хоризонтални поместувања, тогаш
кратки столбови се избегнати. Конечно, треба
да се провери да не се јави мек кат заради
ваквата конструктивна модификација.
Сега да се вратиме на кратките
столбови кои имаат многу мала
должина на која можат слободно да
се деформираат хоризонтално
(Сл.9.11). Како правило на палец
краткиот столб има неспречена или
слободна должина помалку од
дупло од ширината. Проблем е што
слободната должина е прекратка за
да дозволи формирање на дуктилни
пластични зглобови. Во случај на
сеизмичко претоварување столбот
доживува лом на смолкнување. За
да се симулирате кршење на столбот
на потполно крт начин скршете
морков со раце. Штом дијагонални
прснатини на смолкнување се
оформат во армиранобетонски столб
намалената носивост на
гравитациони товари често води до
лом (Сл. 9.12 и Сл. 9.13).
Гуевара и Гарсија го опишуваат
таквиот тип на краток столб, таму
каде слободната должина е
ограничена од ѕид од исполна, како
„заробен столб“. Тие објаснуваат
каде во згради типично се јавуваат

7
кратки столбови и зошто се толку
популарни. Тие исто така прикажуваат
неуспешни обиди на неколку меѓународни
истражувачки групи да го подобрат
однесувањето на кратки
армиранобетонски столбови, заклучувајќи
дека најдобро решение е да се
избегнуваат. Доколку врамена ѕидарија
или носиви ѕидови од ѕидарија (Глава 5) се
потребни да функционираат како ѕидови
носиви на смолкнување и ѕидаријата е со
делумна висина, Гуевара и Гарсија
препорачуваат да се продолжи ѕидаријата
до ивиците на столбовите на кратка зона,
така што дијагонални притиснати
спрегови можат да дејствуваат на врската
столб-греда и на тој начин да се избегне
лом на краток столб (Сл. 9.14).
Глава 10 прикажува како неконструктивни
со непотполна висина ѕидови од исполна
се одвојуваат за де се спречи
конфигурации на краток столб. Ист
пристап важи и во случај на
армиранобетонски ѕидови од исполна.
Алтернативно проектантот може да
пополни еден или повеќе прозорци за да
се формираат ѕидови со доволна носивост
и крутост за да ги прифатат сеизмичките
сили без оштетување на кратките столбови
(Сл. 9.15). Забележете дека и доколку јака
исполна се одвои од рамки како што е прикажано, дуктилноста на рамки е редуцирана
како резултат на ефектот што исполната го има на јакоста и крутоста на гредите.
Гредите неможат да се виткаат кога рамката осцилира, така што се формираат големи
пукнатини на спојот столб-греда. Некои инженери дефинираат тенки хоризонтални

8
процепи, долги најмалку колку висината на гредата, да
се исполнат со мек материјал на секој крај од
исполната. Овој детаљ води до избегнување на
екстремни концентрации на деформации на свиткување
на краевите од гредите.

4. Дисконтинуитет изместувања на носиви ѕидови


Погледнете ја зградата на Сл. 9.16. На горните нивоа
силите во y правец се прифатени од носиви ѕидови на
секој крај, но на приземјето левиот ѕид, Ѕид 1, има
дисконтинуитет. Периферните рамки ги прифаќаат
силите во x правец. Доколку е погодена од земјотрес во
y правец, движењето на тлото ќе предизвика усукување
на столбовите од приземјето под Ѕидот 1. Нивната
„мекост“ спречува Ѕидот 1 да ја обезбеди сеизмичката
носивост која можеби се очекува од него и претставува
најлош можен случај на мек кат. На другиот крај од
зградата основата на Ѕидот 2, кој е континуиран, се

9
поместува заедно со подлогата. Како резултат на поголемата целокупна носивост и
крутост на Ѕидот 2, во споредба на Ѕидот 1, Ѕидот 2 има тенденција да ги прифати
инерцијалните сили од целата зграда. Двата различни профила на поместување се
прикажани на Сл. 9.16(d). Бидејќи Ѕидот 1 скоро да не прифаќа инерцијални сили
поради дисконтинуитетот, од друга страна Ѕидот 2 е во полна моќ зградата доживува
сериозна торзија. До одреден степен, но ограничено од ограничениот крак на сили
помеѓу нив и нивната природна флексибилност, двете рамки во x правец се обидуваат
да се справат со торзијата. Бидејќи зградата ротира околу нејзиниот CoR (центар на
крутост) кој се наоѓа блиску до Ѕидот 2, столбот кој е најоддалечен од CoR доживува
најголеми поместувања и тешки оштетувања (Сл. 9.17).
Што е решение на таков проблем?
Веројатно најдобра опција е двата
ѕида да се направат неконструктивни.
Проектирајте ги било од лесен
материјал или користете
неконструктивни преградни панели за
да се обезбедат потребните
архитектонски карактеристики.
Користејќи го истиот принцип како за
зградата од Сл. 9.16 обезбедете и нови
рамки зад неконструктивните ѕидови
(Сл. 9.18(а)). Друга можност е да се
додаде еден поместен еднокатен ѕид
позади Ѕидот 1 (Сл. 9.18(b)). Како што
е подолу објаснето, решението, кое

носи голем број на архитектонски и


конструктивни компликации, подобро е да се
избегнува. Глава 4 ги разгледува решенијата кои
не се идеални, каде дијаграмот го прикажува
токот на пренос на сеизмичките сили на
смолкнување низ дијафрагмите од основата до
погорните пресеци на ѕидот на изместениот ѕид
под нив. Ваква ситуација одговара на Ѕидот 1.
два јаки столба, секој на по еден од краевите на
Ѕидот 1 мора да ја издржат вертикалната торзија
и силите на притисок за да се спречи нивно
превртување под дејство на силите од
меѓукатните дијафрагми по неговата висина.
Како што е споменато во Глава 4, овие столбови
се испуштени, аксијалните сили кои се резултат
на моментот на превртување може да бидат
прифатени со две решетки или греди. Тие морат
да останат еластични за време на проектниот
земјотрес за да се спречат постојаните
поместувања надолу, на ѕидот. Според
правилото на палец, висината на решетката
треба да е помеѓу една и две висини на распонот
на конзола, зависно од висината на зградата. Во
многу случаи такви високи елементи, кои треба

10
добро да се вклопат во телото на зградата за да добијат доволно вертикално потпирање
за да се стабилизираат, не се архитектонски прифатливи (Сл. 9.18(c)). Бидејќи решетки
или високи греди создаваат конфигурација на јаки греди - слаби столбови, во
приземјето ќе бидат потребни носивите ѕидови во x правец, исто така целото приземје
треба да се проектира како дијафрагма за пренос на сили. Друга причина поради која
решението за изместен ѕид не е идеално е фактот што на приземјето така се создава
торзија за сили во y правец, поради ексцентрицитетот помеѓу CoR и CoM.
Опасноста која произлегува од изместени
ѕидови потпрени на конзолни греди се
трагично и многу пати за време на пет турски
земјотреси во деведесеттите години на
дваесеттиот век. После категоризација на
штети на згради во извештајот се заклучува:
„Зградите со од архитектонски причини
нерегуларни конфигурации беа тешко
оштетени или доживеале лом за време на
земјотресот. Конзолите на нерегуларните
згради повторно потврдија дека се примарна
причина/извор на сеизмички штети. Многу
згради кои имаат регуларни конструктивни
системи но (дури и) грубо димензионирани се
однесуваат добро со мали штети“.
Слика 9.19 прикажува помалку екстремен
дисконтинуитет на ѕидот. Голем отвор го
ослабува најнапрегнатиот регион од ѕидот
креирајќи неповолен мек кат.
Традиционалната инженерска мудрост би
препорачала пристапи како што се погоре
посочени, такви како проектирање на ѕидот
како неконструктивен, но со примена на 3-D
анализа и проектни алатки достапни на
современите градежни конструктори,
со внимателно димензионирање може
да се постигне прифатливо сеизмичко
однесување. Кога се пристапува на
проектирање на елемент со
дисконтинуитет како овој, најважно е
проектантот прво да го дефинира
дуктилниот механизам на лом (Сл.
9.19(b) или (c)), и потоа со примена на
принципот на проектирање според
капацитет како што е опишано во
Глава 3, за да се обезбеди сигурно
дуктилно однесување. Еден пристап е
да се проектира пластичен зглоб на
приземјето и на соодветен начин да се
димензионира столбот а ѕидот над
него да се зајакне за да се избегнат
предвремени штети. Друг пристап

11
пресекот на ѕидот на првиот кат да се планира како регион „осигурувач“. Тоа значи
дека пресекот на приземјето и ѕидот над првиот кат ќе бидат појаки отколку
„осигурувач“ така што штетата ќе се појави само во специјално димензионираната
област.
Во екстремни примери на неправилно распореден ѕид (Сл. 9.20), се применуваат истите
принципи. После компјутерската анализа со цел да се проучи индиректниот ток на
сили, треба да се одреди позицијата на „осигурувачот“ и истиот да се димензионира
соодветно за да ги прифати штетите пред било кој друг конструктивен елемент од токот
на сили. Поради неговата конструктивна нерегуларност и комплексност, како и
тешкотијата да се примени принципот на проектирање според капацитет, а сето тоа
води до зголемување на трошоците на градба, овој систем не се препорачува.

5. Вовлекувања
Вовлекување е место каде димензиите во основа на катот над одредено ниво во
повеќекатна зграда е намалено (сл. 9.21). Сеизмичките кодови ги категоризираат
зградите со нагли вовлекувања како нерегуларни. Софистицирани конструктивни
анализи го квантифицираат „ефектот на жлеб“ од вовлекувањето, но иако градежните
конструктори ги избегнуваат жлебовите секаде каде е возможно поради
концентрацијата на напрегања, вовлекувањата можат задоволително да се проектираат.
Потребата од 3-D моделирање на згради со вовлекување може да се согледа од Сл.
9.21(b). Иако вертикалната нерегуларност за x правец може да биде проектирана,
осцилациите во y правец ќе индуцираат торзија како резултат на промената на
позициите на CoR и CoM после секое вовлекување.

12
Подиум и кула формираат прилично тешка конфигурација со вовлекувања (Сл. 9.21(а)).
Проектантите се соочени со повеќе избори. Може да ја третираат зградата како
единствена конструкција. Во овој случај покривот на подиумот веројатно
димензиониран како дијафрагма за да ја принуди рамката на подиумот да придонесе на
хоризонталната носивост на приземјето (Сл. 9.22(а)). Алтернативно, проектантите
можат да доделат мала или воопшто никаква хоризонтална носивост и да ги врзат круто
со примарната конструкција на главната кула, која тогаш ја прифаќа сеизмичката сила
од целата зграда. Конечно, подиумот може сеизмички да се раздвои од кулата. Тогаш
кулата станува регуларна конструкција со попредвидливо сеизмичко однесување.
Третманот на сеизмичките дилатациони фуги е разгледуван во Глава 8. Конструктивно
независниот подиум, мора да е самиот сеизмички носив, затоа е потребно да има
сопствена сеизмичка конструкција. Конечниот избор треба да се направи само после
дискусија помеѓу архитект и градежен конструктор. Се разбира во случај кога кулата во
основа е сериозно вовлечена од подиумот, фаворизира раздвојување за да се избегнат
дополнителни компликации од појава на торзија.

6. Згради на косина
Згради на косини веќе беа споменати при ситуации поврзани со кратки столбови
(9.21(b)). Конструктивни можности за проектантите сега се резимирани на Сл. 9.23. Во
првите две опции земјата е или ископана и потпрена, или јака и крута платформа е
формирана од потпорни ѕидови. Алтернативно, решението од Сл. 9.23(c) може да се
усвои за да се обезбеди регуларна конфигурација на зградата.

13

You might also like