You are on page 1of 17

НОВИ ТЕХНОЛОГИИ

1. Вовед
„Ново“ е релативен поим. Споредено со распонот на историјата на архитектурата,
целата дисциплина на земјотресното инженерство, како што е потенцирано во Глава 3,
може да се смета за нова. Само пред триесет години примената на принципот на
капацитет им овозможи на градежните конструктори да проектираат конструкции
отпорни на колапс. За потребите на оваа глава, „ново“ се однесува на достигнувања кои
генерално се помлади од дваесет години.
Една од возбудливите карактеристики од ангажманот во така млада дисциплина е
потенцијалот за понатамошни иновации. Идеите за унапредување на сеизмичката
отпорност на објектите се далеку од исцрпени. Со секое зголемување на
пресметувачката моќ, претставувањето на нов сеизмички хардвер – како што се
придушувачите (дампери) – или после впечатоците од штетите нанесени на зградите, се
нови идеи на површината на сеизмичката носивост. После внимателна анализа многу
од нив ќе бидат отфрлени, но одредени можат да станат предвесници или директно да
водат до значајни идни достигнувања.
Иако не го искусуваат брзиот технолошки развој очигледен во некои други полиња –
како што се информатиката или телекомуникациите – достигнувањата во асеизмичкото
проектирање не покажуваат знаци на опаѓање. Сега кога истражувачите и
изготвувачите на кодови (прописи) им обезбедија на градежните конструктори методи
за спречување на колапс на конструкциите под дејство на јаки земјотреси, барем во
развиените земји вниманието се врти кон намалување на конструктивните и
неконструктивните штети. Во чинењето на поправките од земјотреси доминираат
износите на неконструктивните штети дури и ако потенцијалните штети од неработење
се исклучени. Градежните конструктори се сè повеќе свесни за потребата да се намалат
овие економски влијанија и да ги подобрат методите со кои оваа повредливост и
нивните решенија се пренесени на архитектите и нивните клиенти.
Видовите на технологиите за сеизмичка отпорност разгледани во оваа глава покриваат
голем спектар. Почнувајќи со сеизмичката изолација, едноставен но револуционерен
пристап да се „надитри“ земјотресот, потоа се концентрира на направи за апсорпција на
енергијата, често познати како придушувачи (дампери). Потоа, достигнувањата во
проектирање на избегнување на штети се разгледани. После посочувањето на тековната
потреба од иновативни конструктивни конфигурации забележани поради нивниот
потенцијал за апсорбирање на енергијата, два предложени проектни пристапи кои во
моментот се во подем, се претставени. Од двете, проектот базиран на однесување
побрзо ќе стане релевантен за архитекти. Иако премногу комплексен и временски
захтевен при проектирање за да биде баран од многу сопственици на згради во
моментот, но сигурно ќе влијае на развојот на идните кодови. Овој пристап на
сеизмичко проектирање, кој вклучува холистички пристап на асеизмичкото
однесување, има за цел да достигне поголема прецизност во предвидувањето и
ограничувањето и на конструктивните и на неконструктивните штети и загуби. Главата
завршува со преглед на неколку други технички достигања и идни трендови во
прописите за сеизмичка отпорност на згради.

2. Сеизмичка изолација

Концептот на сеизмичка изолација – често позната како базна изолација – е стар повеќе
од сто години. Првиот патент бил понуден 1909 од англиски физичар кој предложил

1
пудра од талк како средство за изолација на
носиви ѕидови од нивните темели. Примената
на сеизмичка изолација на реални конструкции
не почнала се до доцните 1970-тите. Од тогаш,
приближно 2000 згради ширум светот биле
изолирани, најмногу во Јапонија, САД, Европа
и Нов Зеланд. Јапонија доживеа драматичен
пораст на сеизмичката изолација после
земјотресот во Кобе од 1995 година. Сега 1500
згради се изолирани. Од нив, и во однос на
статистиките од другите земји, половина се
станови. Со сеуште свежи трауматични
сеќавања од Кобе, некои Јапонци се подготвени
да платат за придобивката од зголемената
безбедност што ја обезбедува сеизмичката
изолација. Речиси сите скоро изградени
болници во Јапонија се сеизмички изолирани;
како и зголемен број во САД и Нов Зеланд.

Убавината на сеизмичката изолација е


нејзината концептуална едноставност.
Замислете зграда поставена на подвижни
лежишта. За време на земјотрес зградите
остануваат скоро статични додека темелите,
изложени на енергијата на сеизмичките
бранови, се движат интензивно напред-назад
заедно со подлогата. Лизгањето на подвижните
лежишта ги реализира релативните движење
помеѓу конструкцијата и подлогата (Сл. 14.1).
Вертикалната изолација не е потребна земајќи
го предвид одличното однесување на зградата
под дејство на вертикални осцилации.

Иако концептот е едноставен, неговата имплементација е покомплицирана. Доколку


контактот помеѓу конструкцијата и темелите е скоро без триење, што ќе се случи при
напад на ветар? Иако ТВ репортерите ќе се упатат кон зградата која ќе биде оддувана
по улицата, жителите би биле помалку одушевени. Секој систем за сеизмичка изолација
мора да биде отпорен на ветар. Исто така треба да има механизам за центрирање за
постојано да ја принудува изолираната конструкција да се враќа во оригиналната
позиција за време на земјотрес. Конечно, потребно е придушување. Тоа го намалува
сеизмичкиот одговор на конструкцијата и ги редуцира релативните хоризонтални
поместувања за кои лежиштата и други детали треба да се димензионираат. Користејќи
ја терминологијата воведена во Глава 3, сеизмичката изолација го намалува
сеизмичкиот одговор во конструкцијата со зголемување на периодата на слободни
осцилации и зголемување на придушувањето. Овие две интервенции се прикажани на
Сл. 14.2 која го илустрира ефектот од изолацијата на типично придушен и
конвенционално прицврстена зграда со периода од 0.5 секунди. За време на проектен
земјотрес максималното забрзување е дадено со точката А. Обезбедувањето на
хоризонтално флексибилен изолационен контакт ја зголемува периодата на, да речеме
2.5 секунди. При вака прилично подолга периода на вибрации сеизмичкиот одговор е
значително помал, и е уште повеќе намален со дополнителното придушување

2
обезбедено помеѓу конструкцијата и темелите. Точката B означува максимално
забрзување на изолираната зграда, типично 20 до 25 проценти од А.

Способноста на сеизмичката изолација да го намали сеизмичкиот одговор или


максималните забрзувања на зградите се потврдени со набљудување и мерење на
осцилациите за време на неколку земјотреси. За време на земјотресот во Нортриџ, Лос
Анџелес од 1994 година, сеизмички изолираната Клиника на Универзитетот на Јужна
Калифорнија остана негребната, додека девет соседни болници биле тешко оштетени и
морале да бидат евакуирани. Следниот извадок ги сумира мерењата на забрзувањата на
два објекта во различни земјотреси; универзитетската болница, спомената погоре, и
компјутерски центар од Јапонија за време на земјотресот во Кобе од 1995 година:

Измереното максимално забрзува на тлото ... беше 0.49g, додека


максималното забрзување во најголемиот дел од зградата беше помало од
0.13g, и максималното забрзување на врвот беше 0.21g како резултат на
амплификација на двата најгорни ката. Анализирајќи ја зградата без
изолација, Алшер и др. Заклучиле дека забрзувањата во круто потпрената
зграда биле во рангот на 0.37g до 1.03g, и штети на содржината на
зградата и прекин на употребата би биле скоро сигурни.

Компјутерскиот центар на поштенските заштеди на Западна Јапонија


доживеал земјотрес со максимално забрзување на подлогата од 0.4g во
земјотресот од 17 јануари, 1995 година во Кобе (DIS1996).
Компјутерскиот центар не доживеа штети, и максималното забележано
забрзувања во зградата беше 0.12g. Соседните вклештени згради со
приближно иста висина беа исто така инструментирани, и максималното
забележано забрзувања на врвот беше 1.18g.

3
Сеизмичката изолација на седумкатната универзитетска болница го намалила нејзиното
максимално забрзувања на приближно половина од тоа на подлогата. Но како што
посочува Бил Робинсон, сеизмичката изолација е поефикасна од тоа:

Оваа седумкатна болница беше изложена на забрзување на подлогата од


0.49g, додека забрзувањето на врвот беше само 0. 21g – намалување со
фактор 1.8. Болницата Олив Вју, поблиску до епицентарот на
земјотресот, доживее забрзување на најгорниот кат од 2.31g споредено со
забрзувањето на подлогата од 0.82g, зголемено со фактор 2.8. Споредбата
на сеизмички изолираната, со оловно-гумени лежишта, универзитетска
болница и неизолираната, Болницата Олив Вју, укажува на предност со
фактор 1.8 × 2.5  5 во корист на изолираната болница.

Однесувањето на јапонскиот компјутерски центар покажува дури поголема редукција


на максималното забрзување. Не само што конструкцијата на сеизмички изолираната
зграда доживеала помало максимално забрзување од нејзиниот темел, но за разлика од
круто потпрената зграда, таа не го зголемува значајно забрзувањето по нејзината
висина.

Слични впечатливи редукции во забрзувањата на конструкцијата биле измерени во


згради за време на два послаби недамнешни јапонски земјотреси. Не само што
станарите и содржината на сеизмички изолирани згради доживуваат значително
послаби забрзувања, секое движење се доживува како слабо напред-назад или од една
на друга страна нишање со периода на осцилации во границите на 2.0 до 3.0 секунди.
Ова е многу слабо нишање споредено со интензивните тресење во конвенционални
згради. Во изолираните згради речиси целото релативно поместување помеѓу темелите
и кровот се случува во рамнината на изолацијата. Конструкцијата има тенденција да се
движи како круто тело како спротивност од вклештена зграда каде значителни
релативни катни поместувања се јавуваат. Без дилема сеизмичката изолација
претставува атрактивна опција за згради кои мора да бидат функционални веднаш
после катастрофален земјотрес или во кои е сместена скапа или незаменлива содржина.

Иако концептуално убедлив и со импресивни иако ограничени искуства, сеизмичката


изолација дефинитивно не е лек за сите сеизмички болести. Следните согледувања ја
ограничуваат неговата примена:

- Флексибилни згради, генерално со повеќе од десет ката со периоди на сопствени


осцилации поголеми од 1.0 секунда може да не профитираат значително од
„поместувањето на периодата“ во границите на 2.0 до 3.0 секунди.

- Локациите со дебели меки слоеви имаат свои долги периоди на осцилации со


кои изолираниот систем со слични периоди може да влезе во резонанса.

- Релативно широките хоризонтални дилатации кои треба да овозможат


релативни поместувања помеѓу конструкцијата и темелите од ред величина од
400 мм може да претставува сериозна загуба на корисна површина за згради во
густо населени урбани средини.

- Првичната цена на сеизмички изолирана зграда генерално е неколку проценти


поскапа од соодветна круто вклештена. Но, како што посочува Рон Маис,
доколку клиентот одлучува во однос на земјотресното осигурување, заштедата

4
од годишни уплати кои се инвестирани може да го покријат чинењето на
изолацијата во рок од три до седум години. Кога ќе се случи катастрофален
земјотрес веројатно неосигурените штети од прекин на работата ќе ги надминат
првичните пресметки на чинењето особено ако содржината на зградата има
некоја значителна вредност.

- Некои актуелни прописи сеуште имаат многу конзервативен пристап во однос


на овој систем кој ретко бил тестиран на реални згради. Тие ги ограничуваат
неговите потенцијални предности и го придушуваат ентузијазмот на
проектантите со нешто што некои ги сметаат за преобемни аналитички и
експериментални процедури. За среќа оваа ситуација се подобрува.

Сеизмички изолирана зграда сеуште има потреба од вертикална конструкција како што
се носиви ѕидови или рамки. Како било која зграда, силите од ветар треба да се
прифатат иако е изолирана, сеизмичките сили бараат соодветни токови на сили. Но,
таму каде се очекува значителна штета на дуктилна конструкција на вклештена зграда
под дејство на проектен земјотрес, конструкцијата на изолираната зграда вообичаено ќе
биде неоштетена. Сеизмичката изолација исто така овозможува згради со обично
неприфатливи конфигурации или само со минимална вертикална конструкција да се
однесуваат поволно.

Хоризонталната флексибилност и способноста


за центрирање на системот за сеизмичка
изолација вообичаено се постигнуваат со
механизам на лизгање или смолкнување.
Контролирано однесување како круто тело на
витки конструкции исто така е постигнато во
неколку конструкции, вклучително во зградата
Хермес спомената во Глава 3.

Спектар на специјални конструктивни


компоненти ги обезбедуваат овие механизми.
Лежишта од олово и гума, со внатрешни челични
плочи за да се ограничат вертикалните
деформации предизвикани од силите во
столбовите или ѕидови кои ги потпираат, се
популарни (Сл. 14.3). Како што врвот на
лежиштето се поместува еластичноста на гумата
обезбедува еластични повратни сили.
Придушувањето е обезбедено од внатрешен чеп
од олово (Pb), или од друга направа за
придушување. Понекогаш гумата е дефинирана
со природно високи карактеристики на
придушување. Придушувачи со сферно лежиште
со триење, како тие во Аеродромот на Сан
Фракциско бараат помалку вертикален простор
(Сл. 14.4 и 14.5). Внимателно закривен сад, кој

5
предизвикува столбот над него да лизга назад надолу кон најниската точка, обезбедува
механизам за центрирање. Две згради во Нов Зеланд се темелени на долги шипови
одвоени од околното тло за да се обезбеди долга периода потребна за сеизмичка
изолација (Сл. 14.6). Градежен конструктор потребно е да ги дискутира предностите и
недостатоците на секој систем за изолација со архитект пред да го направи конечниот
избор.
Кога се проектира сеизмички изолирана конструкција, архитектот и градежниот
конструктор треба да соработуваат за голем број на оригинални проектантски
решенија. Најважното е изборот на рамнината на изолацијата. Дали изолаторите треба
да се сместат под нивото на најнискиот кат или може да се лоцира на врвот од конзолни
столбови на приземјето (Сл. 14.7 и 14.8)? Доколку првата можност е избрана, тогаш

6
треба да се најде начин да се смести поширока дилатација заедно со соодветно
покривање на фугата. Покривачот на фугата е проектиран да обезбеди незначително
ограничување на релативните поместувања попреку или подолж на фугата (Сл. 14.9). За
поткрената рамнина на изолација проектантските предизвици вклучуваат решавање на
деталите на неколку вертикални елементи, како што се покривач кој ја преминува
рамнината на изолацијата, за да овозможи хоризонтални поместувања без
ограничување или штети.

Врските на инсталациите на изолирани згради


мораат исто така да ги обезбедат релативните
поместувања. Цевките за гас, вода и
канализација, како и електро и
комуникациските инсталации треба да имаат
капацитет да ги поднесат проектните
поместувања без кинење (Сл. 14.10). Дури и
лифтовското јадро и нивните подлоги кои се
симнуваат под приземјето потребно е да се
одвојат од тлото. Ништо не смее да ги спречи
неограничените хоризонтални поместувања
помеѓу изолираната конструкција и темелите.

Сеизмичката изолација е возможна опција и за


нови згради и за постоечки кои имаат потреба
од сеизмичко зајакнување и ретрофит.
Забележливо во САД и Нов Зеланд, голем број на згради од носива ѕидарија,
вклучително на такви со историска и културна важност, се сеизмички изолирани (Сл.
14.11 и 14.12). Во многу ситуации, вклучително претходните два случаја, само
сеизмичката изолација не е доволна за обезбедување на соодветно сеизмичко
однесување. Нови конструктивни елементи, како што се рамки со спрегови или носиви
ѕидови, се исто така потребни. Сеизмичката изолација на постоечки ѕидани
конструкции бара значителни конструктивни напори во зоната на темелење. Секој ѕид
и столб од постоечките конструкции треба да се пресечат за да се оформи рамнината на
изолација. После зајакнување на постоечките темели и основи на ѕидовите, се
вметнуваат лежиштата. Тие ја потпираат целата тежина на конструкцијата и
истовремено обезбедуваат хоризонтална флексибилност, а некогаш и придушување
исто така.

7
На неколку модерни згради исто така им бил обезбеден сеизмички ретрофит со
примена на сеизмичка изолација. Кога Универзитетот Викторија од Велингтон откриле
дека, дури и при умерен земјотрес нивната библиотека може да биде сериозно
оштетена, уништени книгите и библиотеката неоперативна неколку години, донеле
одлука да ја подобрат сеизмичката отпорност на зградата (Сл. 14.13). Во зафат кој
може да се опише како најдобра и најсофистицирана сеизмичка хирургија, на секој од
шеснаесетте столбови по ред гравитационите товари биле потпрени на привремени
челични потпори и хидраулички преси. После два реза со абразивна жица бетонските
блокови во основата на секој столб биле отстранети и вметнати потпори од гума и
олово (Сл. 14.14). Отворот конструиран околу трите страни на подрумот на зградата
дозволува хоризонтални поместувања. Тој е покриен со лизгачка плоча. Целата
операција била завршена без да се наруши функцијата на библиотеката. Единствената
разочарувачка карактеристика на проектот е како реновирањето на архитектонските

8
детали на сеизмичката изолација ги одбива и радикалните хируршки зафати и начинот
како библиотеката е сега флексибилно потпрена на нејзините темели.

Во заклучокот, сеизмичката изолација концептуално е најдобар начин да се „надмудри“


земјотресот. Иако има ситуации за кои изолацијата е несоодветна, таму каде е
применета најголемиот дел од сеизмичката енергија која во спротивно би довела до
значителни штети на конструкцијата и содржината е спречена да влезе во
конструкцијата. Тоа е најблиску што може да дојдеме до „сеизмички сигурна“
конструкција. Изолираните згради се нишаат под дејство на интензивни и насилни
потреси на јаки земјотреси со не појаки од благи движења.

9
3. Придушувачи

Придушувачите ја имаат истата функција како


шок апсорберите во моторните возила. Тие ја
апсорбираат енергија на осцилации во системот,
намалувајќи ги забрзувањата и поместувањата за
да обезбедат поудобна вожња. Придушувачите се
исто така познати, генерички како дисипатори
(трошачи) на енергија. Тие ја трансформираат
динамичката енергија во топлина, било со
редукција на хоризонталните поместувања во
зградите (и оттука штетите) или овозможувајќи на
проектантите повитки конструктивни елементи.
Улогата на придушувачите во сеизмичката
изолација каде што тие досега најчесто се
користени веќе беше спомената. Но
придушувачите исто така можат да се сместат во
конструктивниот систем; можеби како
дијагонални членови во нови па дури и во
постоечки рамки за да ја апсорбираат енергијата и
да ги намалат релативните катни поместувања
(Сл.14.15).

Облиците, материјалите и методите за


апсорбирање на енергијата варираат значително
меѓу придушувачите (Сл. 14.16). Во класичен
вискозен придушувач, како тие што понекогаш
можат да се најдат лабораториите по физика, клип
со отвор е принуден да се движи во цилиндар
исполнет со течност (Сл.14.17). Отпорот на
придушувачот е пропорционален со брзината на
клипот. Во придушувач со оловен истиснувач,
цилиндарот е исполнет со олово наместо течност.
Поместувањето е минимално додека не се
достигне носивоста на оловото. Тогаш притисокот
на челичниот врв предизвикува оловото да се
деформира пластично, овозможувајќи врвот да се
движи во рамките на челичниот цилиндар
(Сл.14.18). Тенок филм (слој) од виско-еластичен
материјал, кој апсорбира енергија кога ќе се
изложи на смолкнување, е основа на друг тип на
придушувач. Доколку виско-еластичниот
материјал се отстрани и слоеви на метал се споени
со болтови во вметнатите отвори, добивате
почеток на придушувач на триење. Способноста
на мек челик, било деформиран при свиткување
или торзија води кон друг пакет на направи за
придушување, веројатно наједноставни.
Придушувачи кои ги прилагодуваат „легурите кои
памтат облик“ кои апсорбираат енергија, но после
сепак се враќаат во првобитна форма се во фаза на

10
истражување и допрва треба да се инсталираат во сеизмички отпорни системи.

Спрег за спречување на извивање


е друг тип на конструктивна
направа која може да дисипира
(троши) енергија (Сл. 14.9 и
14.20). Се состои од еден
внатрешен челичен елемент со
способност за носење на сили на
затегање или притисок кој исто
така функционира како
конструктивен осигурувач – тече
и апсорбира енергија.
Надворешна цевка и инјективна
смеса меѓу надворешните и
внатрешните елементи обезбедува
внатрешниот елемент да не се
извива и исто така обезбедува
високо дуктилно и безбедно
однесување. Во зависност од носивоста на спрегот може да се третира како
придушувач, или ако е многу јак, или како дијагонален елемент од рамка со спрегови.
Проектирањето на спрегови за спречување на извивање спречува било каква можност
за извивање и ги минимизира нивните штети кога се деформираат во пластичната
област. Тие се препорачливи за концентрично спрегнати челични рамки чии што

11
дијагонали се изложени на извивање. Тие се
исто така алтернатива на ексцентрично
спрегнати рамки чии што оштетени зони на
осигурување потешко би се поправале после
јак земјотрес.

Придушувачите разгледани погоре се


класифицираат како пасивни, наспроти
активните системи кои се потпираат на
компјутерски-контролирани хидраулички
клипови или други направи. Концепциски,
активните системи претставуваат возбудлив
напредок во однос на пасивните направи.
Идејата конструктивните елементи или
направи да одговараат на сигнали од сензори за
намалување или дури елиминирање на влезот
на сеизмичката енергија во зграда и
најатрактивно, особено за луѓе одушевени од
високотехнолошки решенија. За жал, иако се
концепциски едноставни, практичната
апликација на активната контрола е сеуште
години далеку од примена а и тогаш веројатно
ќе биде прилично скапа. Иако во 1998 година повеќе од дваесет згради во Јапонија
имале активни компјутерси-контролирани системи за редукција на осцилации од ветар,
само четири продолжиле да работат и за време на земјотрес. Акира Нишитани го
сумира дострелот во оваа област во Јапонија:
...активната контрола сеуште има долг пат пред себе до достигнување на
главната цел: да се има доверлив активен систем за контрола кој може да
обезбеди конструктивна сигурност дури и за време на јак земјотрес. За да
се постигне тоа, неколку проблеми треба да се решат, на пример, како да
се обезбеди надворешна енергија која е потребна или како да се направат
системите помалку зависни од надворешна енергија и како да се подигне
доверливоста и робустноста на системите за активна контрола.

12
4. Избегнување на штети

Земајќи предвид дека најдобриот начин за избегнување на штети, сеизмичката


изолација, е несоодветна во многу ситуации, истражувачите истражуваат други методи
на избегнување штети – особено на конструктивните елементи. Во голема мера,
спрегови за спречување на извивање ја постигнуваат оваа цел но гломазните
дијагонални спрегови често се архитектонски неприфатливи. Истражувачите
предлагаат неколку методи каде оштетените конструктивни осигурувачи се лесно
заменливи но ниеден не е широко применет.

Индустријата на монтажни бетонски


конструкции во САД спонзорира
истражување кое предложи систем за
избегнување на штети за монтажни
бетонски системи рамки и носиви
ѕидови (Сл. 14.21 и 14.22). Два
суштински елемента на овие системи
се способноста за внатрешно
центрирање и дисипација на
енергијата било со лесно заменливи
осигурувачи или осигурувачи кои
остануваат неоштетени. Неограничени
(незалиени) постнапрегнати кабли, кои
дозволуваат релативни ротациони
движења помеѓу компонентите како
што се греди и столбови, и при тоа ги
враќаат назад во оригиналните
позиции, се централни во двата
система. Однесувањето на враќање
назад е исто како кај детските играчки
кои се состојат од дрвени делови кои
се врзани со внатрешно еластично
јаже. После торзирање (усукување) на
играчката еластичното јаже ја враќа
играчката во првобитна форма.
Дисипацијата се постигнува со прачки
од мек челик или други дуктилни
направи кои течат кога се напрегнати
на смолкнување, како во вертикалните
празнини на носивите ѕидови, или се
издолжуваат при затегање или
смачкуваат под притисок кога се
сместуваат во гредите на рамките.
Додека однесувањето на овие
вертикални системи ослободени од
штети за нив самите е одлично,
градежните конструктори треба
особено да внимаваат на тоа како тоа
влијае на сеизмичкото однесување на
меѓукатните плочи. Додека е
препорачливо од аспект на

13
избегнување на штети да се одвојат плочите од гредите на рамките, тоа ја намалува
суштинската улога на меѓукатните плочи да ја има улогата на катна дијафрагма
ефикасно да ги поврзе конструкцијата на секој кат.

Од архитектонски аспект овие


монтажни бетонски конструктивни
системи се многу слични по форми и
димензии со монолитните армирано-
бетонски конструкции (Сл.14.23).
Двата бетонски система, монтажни и
лиени на лице место, доживуваат
слични сеизмички поместувања и
забрзувања кои предизвикуваат
неконструктивни штети и
конструктивни штети на специјално
проектирани монтажни бетонски
елементи за време на проектни
земјотреси. Се очекува да се мали и
лесно поправливи.

5. Иновативни конструктивни
конфигурации

Потрагата по иновативни
конструктивни конфигурации за
надмудрување на земјотресот сеуште
е многу актуелна, после многу
различни идеи во тек на векови.
Навистина, бројот на оние кои трагаат
вклучува повеќе од само градежни
конструктори. За тоа сведочат
патентот на физичари за базна
изолација, атрактивниот иако сеуште
со недостатоци обид да се користи мека почва како систем за сеизмичка изолација на
Империјал хотелот во Токио, на архитектот Франк Лојд. Откривањето на финалниот
„отпорен на земјотрес“ систем или конфигурација останува интригантен предизвик.

Истражувачите и инженерите од практиката ги споделуваат па дури и ги „опипуваат“


нивните идеи во стручни инженерски списанија и технички конференции. При тоа
признавајќи дека сеуште патуваат кон крајната цел, тие ја одржуваат во живот
потрагата, надевајќи се дека нивните идеи можат да бидат реализирани или да
инспирираат други. Како пример, прелиминарната анализа сугерира дека сеизмички
изолираната бетонска покривна плоча проектирана да не осцилира во иста фаза со
повеќекатната конструкција под неа има потенцијал да го редуцира габаритот на
вертикалната сеизмичка конструкција. Други истражувачи предлагаат намерно
воведување на дисконтинуитети во конструкцијата и потоа поврзувани на различните
делови со направи за апсорбирање на енергија со цел да се намали вкупното ниво на
сеизмичката сила (Сл. 14.24). Во два различни труда Ерик Елсесер го илустрира
историскиот развој на повеќекатниот сеизмички рамковен систем на Западниот Брег на
САД. Потоа во духот на охрабрување на иновациите, предлага возможни конфигурации
и конструктивни системи со извонредни карактеристики на апсорпција на енергијата.

14
Сите овие идеи бараат дополнителни анализи
и тестирања. При тој процес еден или два
може да се применливи на одредени проекти.
Но повеќето, како семињата од дрвја или
тревки, лежат успани. Кој знае дали и кога
еден ден тие можат да фатат корен и созреат
во плод?

6. Пристапи за проектирање

Два нови пристапа при проектирање на


конструкции добиваат моментум во
професијата на градежни конструкции. Еден
од двата проектирање базирано на
поместувања има помалку импликации за
архитектите иако обезбедува порационална
основа за постигнување на прифатливи нивоа
на однесување при проектен земјотрес.
Наместо градежниот конструктор да
спроведува сеизмичка анализа во рамките на
која ќе пресметува крутост и периода на
сопствени осцилации на зградата а после тоа
да определува инерцијални сили,
проектирањето базирано на поместувања
започнува со дефинирање на максимални
прифатливи поместувања а потоа
определување на сили кои таквата состојба ги
предизвикува. Проектирање базирано на
поместувања веројатно може да го замени
актуелниот пристап на проектирање базиран
на сили.

Сеизмичко проектирање базирано на однесување, кои има значително повеќе


последици за архитектите и нивните клиенти, е вториот нов пристап при проектирање.
FEMA 349 нуди појаснување:

Концептот на асеизмичко проектирање базирано на однесување има за цел


да им обезбеди на инженерите способност да проектираат згради кои
имаа предвидено и доверливо однесување и им дозволува на сопствениците
да ги квантифицираат очекуваните ризици на нивните згради и да изберат
ниво на однесување кое одговара на нивните потреби обезбедувајќи при тоа
основно ниво на сигурност. Овој пристап на проектирање користи концепт
на цели, овозможувајќи му на сопственикот да дефинира прифатливо ниво
на штети на зградата доколку доживее земјотрес со одреден интензитет.
Ова создава „лизгачка скала“ со која зградата може да биде проектирана
да се однесува на начин кој ги задоволува економските и безбедносните
цели на сопственикот.

Асеизмичкото проектирање базирано на однесување, кое има многу похолистички


пристап на асеизмичкото проектирање од повеќето современи пристапи кои се
концентрираат на однесување за заштита на човечки животи, во моментот се развива.

15
Кога се применува на одредена зграда, методот започнува со изложување на
пресметковниот модел на низа од записи од реални земјотреси приближно еднакви на
проектниот земјотрес. Потоа, со користење на база на податоци која ги поврзува
конструктивните и неконструктивните штети и чинењето на поправките со
максималните поместувања и забрзувања, вкупното чинење на санацијата може да се
определи. Евентуално, загубите кои што се настанати поради некористење и жртви
може да се пресметаат.

Со таква софистицирана и моќна алатка за моделирање на штетите и загубите од


неработење, архитектите и градежниците ќе можат да ги квантифицираат многу од
работите за кои клиентите сакаат да бидат информирани и за кои треба да носат
одлуки. Нуди потенцијал за многу подетални објаснувања на проектните алтернативи
во однос на финансиските импликации од сеизмичкото однесување. Дури иако овој
пристап на проектирање не се користи во проектните бироа на градежните
конструктори на дневна основа, поради сегашната комплексност, ќе биде корисна при
споредба на однесувањето на различни конструктивни системи и неизбежно ќе влијае
на развојот на сеизмичките прописи.

Концептот на асеизмичкото проектирање базирано на однесување бил применет при


подобрување на сеизмичката отпорност на кампусот на Универзитетот Беркли
Калифорнија. Целта асеизмичкото однесување била, да се ограничи времето во кое
универзитетот нема да работи после земјотрес, на триесет дена. Во однос на една од
главните лаборатории, Мари Комерио потенцира многу детална процена на
повредливоста на опремата во лабораторијата и други содржини на зградата. После
компјутерското моделирање и тестовите на виброплатформа на избраната
лабораториска опрема, штетата на опремата била определена и измерена, за истата да
се ограничи, соодветни времиња на прекин на работа биле земени.

7. Други достигнувања

Опциите за асеизмичко проектирање растат со развојот и воведувањето на нови


конструктивни материјали. Последните години композитни материјали зајакнати со
влакна станаа дел од главните токови на асеизмичкото однесување. Карбонски влакна,
приближно десет пати појаки од мекиот челик со ист напречен пресек, се комбинираат
со вештачка гума во конструктивни апликации. Како резултат на високата цена на
композитите тие се користат повремено и воглавно за сеизмичко зајакнување. Тие се
користеле за утегнување на слабо армирани столбови со периферно обвиткување , и за
прифаќање на силите на дијагонално затегање во ѕидови од неармирана ѕидарија (Сл.
14.25).

Легурите кои го паметат обликот имаат потенцијал да ја зголемат ефективноста на


придушувачите. Веројатно е дека својствата кои им овозможуваат да бидат издолжени
или собрани и да апсорбираат енергија, а потоа да се вратат во оригиналната позиција,
ќе бидат користени за подобрување на дисипацијата на енергијата. Челикот и други
видови на кратки влакна додадени на бетонот овозможуваат намалување на димензиите
на конструктивните елементи; исто како самовградувачкиот и ултра-јаките бетони.
Многу од овие достигања ги прошируваат конструктивните можности кои ги
подржуваат архитектонските барања, како што е конструктивна виткост.

Постојаниот развој на компјутерскиот хардвер и софтвер исто така им одат од рака на


градежните конструктори, а од тука и на архитектите. Компликуваните конструктивни

16
конфигурации, кои некогаш би било невозможно да се проектираат да бидат безбедни
со одредена сигурност – како што е зградата во Пекинг (Глава 6) – сега тоа е возможно.
Порано, таквите геометриски комплексни згради би биле упростувани во почетните
фази на проектирање и сеизмички одвоени во посебни конструкции со цел потоа да се
моделираат и анализираат. Идните технички унапредувања може само да продолжат да
обезбедуваат нови можности и решенија на проблемите за подобрување на сеизмичкото
однесување на зградите. Архитектите и нивните клиенти ќе бидат први меѓу
корисниците.

17

You might also like