You are on page 1of 12

МЕСОПОТАМИЈА – УМЕТНОСТ

СУМЕРСКИ РАНОДИНАСТИЧКИ ПЕРИОД /4 миленуим до 2350 г.п.н.е/


Теократската организација на сумерското општество (владеење преку верата, религијата)
свој одраз наоѓа како во архитектурата, така и во уметноста. Најзначајни домени во
уметничкото изразување се скулптурата, релјефот и применетата уметност, со
доминација на скулптурата.
Скулптура
Скулптурата вообичаено била сместена во храмот и со тоа ја гарантирала вечната
присутност на дарителот или постојаното оддавање на молитвена почест кон божеството
на кое му бил посветен храмот. Овој тип на скулптура е востановен врз основа на
сумерското верување дека дејството на усната молитва е краткотрајно, додека молитвата
преку скулптурата е трајна и континуирана.
Темите во овој период се претежно со сакрален карактер. Она што ги издвојува од
египетските е фактот што уште првите скулпторски мотиви се луѓе, а не божества. Најчест
мотив во сумерската сакрална скулптура во текот на целото нејзино постоење е фигура
на оранта, односно човечка фигура во канонизирана молитвена позиција. Во основа,
таквите скулптури/фигури претставуваат побожен верник кој се моли или дарува заветен
дар.
Канони
- Фронталитет – скулптурите се изработени за да се гледаат од предната страна (не
од бочната или задната);
- Хиерархија – големината на фигурите во една композиција е различна и
произлегува од општествената или религиозната позиција на личноста;
- Геометризација – човечката фигура е поедноставена и прилагодена кон
геометризмот и стереометријата на цилиндер, конус и топка;
- Позиција на телото – позицијата на телото е стоечка или седечка, рацете се
скрстени на градите; машката фигура е облечена со сукња од крзно, женската во
лесен фустан и наметка префрлена преку едното рамо;
- Израз – изразот на лицето е замислен, очите се неприродно големи, широко
отворени и обрабени со линија изведена со земјена смола, устата е рамна
стисната). Огромните очи се сретство за презентација на моќ и резултираат во
впечаток на психолошка напрегнатост или непосредност на комуникацијата;
- Пропорциите не се поставуваат во служба на убавината на телото.
Друг мотив кој најчесто се применува е животинска фигура која ги презентира боговите.
Овие претстави најчесто претставуваат компилација од различни елементи од различни
суштества, кои сочинуваат нереални суштества со предоминација на животинска фигура
(човечка глава со тело од животно кое на грбот има крила, на вратот грива, на главата
рогови и сл.).
Стилски карактеристики
Основна карактеристика на ранодинастичката сумерска скулптура претставува
тенденцијата за стилизација на формите. Станува збор за концептуален реализам. Тој

1
подразбира поедноставување на формите на деловите на човечкото тело со нивна
геометризација преку сведување на формите на конус, цилиндер, топка, круг.
Скулптурата се уште не е излезена – ослободена од камениот блок и најчесто во
скулптурите кои покажуваат фигури во седечки став нозете не се извајани, туку се
недефиниран анатомски сегмент втопен во блокот. Рацете се цврсто поврзани со горниот
дел од телото. Помеѓу телото и неговите делови – раце, нозе и сл., најчесто не постои
шуплина. Оттаму, монументалната скулптура во Месопотамија во науката и теоријата се
дефинира и како скулптурален релјеф, а не како чиста скулптура.
Димензии на скулптурите
Монументалната скулптура е ретко застапена. Димензиите во главно се мали и во таа
смисла сумерската скулптура наполно е спротивна во однос на монументалните
димензии во египетската скулптура. Причините за оваа антимонументалност произлегле
од фактот што квалитетен камен за обработка се набавувал многу тешко, како и од
различното поимање за верата во однос на египетското.
Материјал
Како основен материјал користен е во главно алабастер, поретко мермер, бронза, дрво,
како и комбинации од повеќе материјали во една скулптура.

Женска глава, од градот Урук, 3500-3000 г.п.н.е, мермер, 20 см

Главата се смета дека припаѓала на


култна статуа на некоја божица или
кралица. Таа е редок пример на
скулптура со приближни димензии на
човек. Очите и веѓите првобитно биле
изведени со вметнување на друг
материјал во вдлабнатините, а черепот
бил прекриен со перика или можеби
шлем од злато и бакар. Телото се
претпоставува дека било изведено од
дрво. Меко заоблените образи, фините
лаци на веѓите и усните, комбинирани со
неподвижниот поглед на огромните очи
создаваат рамнотежа помеѓу
сензуалност и строгост, достојни за
божица или кралица.

2
Статуи од храмот на богот Абу, од Тел Асмар, 2700-2500 г.п.н.е
Стилските карактеристики на концептуалниот реализам можеби на најдобар начин се
читаат во оваа композиција. Композицијата е сочинета од 12 мали фигури од кои
најголемата е висока 76 см и веројатно го претставува богот на вегетацијата Абу или
кралот. До него е нешто пониската женска фигура на божица или кралица.
Божествата (или кралот и кралицата) се разликуваат од останатите фигури во
композицијата по својата големина, во што го препознаваме канонот на хиерархија.
Телата и физиономиите се строго упростени и шематизирани – рацете и нозете се
округли и цевчести (цилиндри), а долгите сукњи кои ги носат се толку мазни што
наликуваат на машинска обработка.

Посебно значаен сегмент во уметноста претставуваат пронајдените луксузни предмети во


гробниците во Ур, кои биле сохранувани заедно со починатите кралеви. Тоа се најчесто
предмети од секојдневниот живот со посебен акцент на уметничката обработка: златен
накит, обетки, нараквици, наметка на кралицата изработена со златни монистри, златни
садови, оружје, музички инструменти (лира, харфа) и сл., а поретко и предмети од
сакрален карактер. Музичките инструменти се посебно обработени во скапи уметнички
техники како интарзија и инкрустација, со вметнување на седеф, злато, плочки од школки,
лапис лазулит.

3
Јарец и дрво, жртвена скулптура од гробница во Ур, 2600 г.п.н.е, дрво, злато и лазулит

Оваа мала скулптура претставува јарец


кој се искачува на дрво. Животното е
чудесно живо и полно со сила, додека
загледува помеѓу гранките на
симболичното дрво. Посветено е на
богот Талмуз, кој е симбол на
мажественоста во природата. Оваа
поврзаност на животните со божествата
е честа тема во месопотамската
уметност низ сите епохи на нејзиниот
развиток.

Украсна плоча од харфа, од гробница во Ур, 2600 г.п.н.е, украсна плоча на резонаторот
од харфа
Уметникот кој ја создал харфата се нашол пред мошне тешка задача да ја синтетизира
уметноста во еден употребен предмет каков што е музичкиот инструмент. Резонаторот со
трапезна форма е поделен со хоризонтални линии на четири полиња. Во секое поле се
наоѓаат животински и човечки фигури. Животните извршуваат човечки дејности на еден
мошне жив и точен начин – вол и лав носат храна на некоја невидлива гозба; магаре,
мечка и антилопа свират на харфа со биковска глава (забележливо е дека харфата
припаѓа на истиот тип како и инструментот на кој е прикажана оваа плоча). Во најдолното
поле, еден човек-шкорпион и јарец носат некакви предмети извадени од еден голем ќуп.
Можеби овие сцени делуваат хумористично, но тука мора со внимание да се анализира
прикажаното, бидејќи во него се крие преносно значење. Контекстот на овие сцени сѐ
уште е непознат.

4
АКАДСКИ ПЕРИОД
Во 2350 г.п.н.е., акадскиот крал Саргон го присоединил Сумер кон Акад и продолжил да ја
шири територијата кон Персија, Сирија и други територии сѐ до Средоземното море. Овој
крал почнува да ја шири идејата за голема, обединета монархија, на чие чело стои
боготворен крал (слично на Египет).
Во скулптурата и релјефот, соодветно на новонастанатата ситуација во која кралевите
водат постојани, но успешни војни и ја шират државата и нејзината слава, се појавуваат
нови теми кои главно се врзани со глорификацијата на кралевите. Сакралните теми
негувани во теократскиот Сумер во претходниот период, постепено се напуштаат.
Главните домени на твори се скулптурата и релјефот.
Основните теми во скулптурата и релјефот се историски. Тие се бават со конкретни
личности и конкретни настани кои се случиле во одреден момент: портрети на кралеви и
принцови, војни и воени победи, градителски потфати на кралевите (утврдување на
градовите, градење на храмиви и сл.).
Во однос на присуството на каноните, канонот на хиерархија и понатаму се задржува. Во
релјефот се појавува поголема слобода која се изразува со примена на канонот на
хиерархија и наизменичност само кај кралските личности, додека останатите се

5
прикажуваат во различни позиции и движења. Во релјефот се прават и првите обиди за
перспективно прикажување на просторот.
Кралска глава (Саргон??), Нинива, 2300-2200 г.п.н.е, позлатена бронза

Бронзената глава е пронајдена во


Нинива, Асирија, каде е донесена после
воените пљачкосувања на Сумер и
претставува извонреден примерок од
скулптурата од акадскиот период. Без
оглед на тоа што очите се оштетени, таа
е сѐ уште величествена и возбудлива.
Лицето е прекрасно врамено со коса, а
брадата е изработена со извонредна
прецизност. Иако стилизацијата и
геометризацијата се очигледни, тие
сепак не ја минуваат границата на
реалноста (карактеристика на
концептуалниот реализам во
месопотамската уметност). По своите
квалитети оваа глава се вбројува во
најголемите творби на сите времиња.

Стела на Нарам-син, Суза, 2300-2200 г.п.н.е, камен

Внукот на кралот Саргон, Нарам-Син, се


овековечил себе си и својата победничка
војска во релјефот на оваа голема
камена плоча. Тука веќе не постојат
статичните линии на телата, како и
хоризонталните линии за прикажување
на сцените во различни планови на
времето и просторот, а кои беа
карактеристични за постарата сумерска и
акадска епоха. Имено, кралските војници
напредуваат по коси линии со што се
изразува нивното искачување по
планината, како и продор во просторот
(обид за перспектива).

6
Над сите фигури стои самиот Нарам-Син прикажан во триумф додека непријателските
војници бараат милост. Иако тој е подеднакво активен како и неговите војници, неговата
изолирана положба и големина му даваат надчовечки статус (канон на хиерархија). Над
него нема ништо друго освен небески тела, односно неговите „добри ѕвезди“. Оваа стела
претставува најстар познат историски документ кој ја глорифицира славата на еден
освојувач.

НОВОСУМЕРСКИ ПЕРИОД 2150-1500 г.п.н.е.


Власта на акадските кралеви во 2150 г.п.н.е. завршува, а еден помал сумерски град
Лагаш (Тело), на чело со својот крал Гуде успева да ја задржи својата независна
положба. Во тоа време настанува повраток кон традиционалното теократско владеење и
најголемиот процут на сумерската скулптура со профан карактер и тоа во доменот на
портретот. Кралот Гуде, согласно старите теократски традиции отпочнува големи
градежни зафати за обнова на старите и оштетени храмови, како и изградба на нови,
украсувајќи ги со сакрална скулптура. Покрај сакрална скулптура, под влијание на
обичаите на претходните акадски кралеви да се глорифицираат себе си и своите
потфати, Гуде поставил сопствени скулптури во сите обновени и новоизградени храмови
и светилишта.
Пронајдени се повеќе од 20 скулптури на Гуде, сите изработени во диорит, материјал кој
бил омилен кај египјаните. Сите се изработени со многу поголеми амбиции отколку
нивните претходнички од Тел Асмар, но во основа кај сите се чувствува враќање кон
типовите на оранти и кон концептуалниот реализам, заснован на конусно-цилиндричниот
геометризам (кралот Гуде најчесто е претставен во положба на молитва).
Кралот Гуде со архитектонски план – „Архитект“, Лагаш (Тело), 2150 г.п.н.е., диорит
Скулптурата наречена „Архитект“
претставува седечка фигура на кралот
Гуде, кој држи архитектонски план врз
своите нозе, кој го поднесува на боговите
на одобрување. И кај оваа скулптура се
забележува доследното спроведување
на заоблувањето на телото, рацете и
облеката и нивно сведување на конусно-
цилиндрични форми. Нозете се скриени
во полуцилиндричната форма на
сукњата, а стапалата се обработени во
релјеф. Тоа е всушност карактеристика
на месопотамското мешање на
скулптурата и релјефот во едно дело
(скулптурален релјеф). Но, овде се
чувствува и една нова димензија
карактеристична за епохата, а тоа е
нагласување на напрегнатоста на
мускулите на рацете и рамениците.

7
Глава на кралот Гуде, Лагаш (Тело), 2150 г.п.н.е., диорит

Се смета дека портретната глава на


кралот Гуде е многу помалку
индивидуална од онаа која го
претставува кралот Саргон од Нинива, но
скулпторскиот третман овде е многу
оддалечен од геометриската
едноставност на статуите од Тел Асмар,
најдени во храмот на богот Абу. Каменот
во случајот на овој портрет е обработен
до совршенство, со што се овозможила
одлична игра на светлоста по лицето.

Стела на Хамураби, 1760 г.п.н.е., диорит, 2 м висина


Хамураби бил крал и основач на
вавилонската династија (1792-1750
г.п.н.е.). Најзначајно достигнување на
Хамураби бил неговиот законик, кој
претставува прв закон во тогашниот свет.
Законикот е испишан на оваа висока
стела од камен. Творбата е подеднакво
значајна и како уметничко, релјефно
дело и како историски споменик. На
горниот дел од стелата се наоѓа релјеф,
кој треба да посведочи дека самиот
законик е дело на божествена промисла.
На него е претставен Хамураби како стои
пред богот на сонцето Шамаш, кој воедно
е и бог на правдата. Богот седи на
престол поставен на возвишение. Од
неговите рамења избиваат пламени
јазици. Хамураби стои пред богот, со
подигната рака во знак на почит и му
поднесува на богот извештај за
завршената заповед или можеби го
прима (како Мојсие на Синај), словото на
законот кое треба да го донесе.

8
АСИРСКИ ПЕРИОД
Иако асирците рано ја населиле Месопотамија и ја примиле месопотамската култура,
најстарите споменици од асирската уметност потекнуваат од 12 век п.н.е. Најзначајните
споменици се појавуваат дури од 10 век п.н.е., кога кралот Асурнасирпал почнал да ја
гради својата палата во Нимруд.
Доминантен домен во уметноста во овој период е релјефот, кој главно се поставува како
внатрешна декорација на ѕидовите од кралските палати. Скулптурата, според степенот на
застапеност има секундарно значење и претставува продолжена традиција на т.н.
скулптурален релјеф, кој се негуваше уште во сумерскиот период и кој подразбираше
мешање на слободна скулптура со релјеф во една иста творба.
Намена и цел
Ликовната уметност која се развива во асирскиот период е во функција на глорификација
на кралот. Истата генерално е сместена во архитектонската рамка на кралската палата, а
не во храмовите, што е сосема различно во однос на сумерскиот период. На тој начин, во
асирскиот период уметноста се синтетизира со профаната архитектура на еден
симбиотички начин, кој е сосема нов за Месопотамија. Како што во архитектурата
изградбата на кралската палата претставува најзначајна активност, така нејзиното
украсување претставува основна задача во уметноста при што се величаат личноста и
активностите на кралот – жител на палатата.
Основните теми и мотиви се: историски, сакрални и профани. Историските теми се
среќаваат во доменот на релјефот и според степенот на примена се доминантни.
Карактеристики на историските теми
Асирскиот историски релјеф секогаш говори за конкретно време, личност и места, при
што главниот протагонист е кралот. Во темите доминираат наративни циклуси со битки
кои секогаш се помешани со сцени од воениот живот. Се прикажуваат кралевите како
предводници на војската, како директно учествуваат во војувањето, настани пред и по
војната, принесување на жртви на боговите и сл. Мотивите и содржините најчесто
претставуваат воени походи на кралевите, што е сосема разбирливо со оглед на тоа дека
се работи за еден воинствен народ во силна географска експанзија. Во претставите нема
ниту драма, ниту хероизам – исходот од борбата воопшто не е доведуван под прашање.
Мотивите, компонирани од мноштво на истоветни човечки фигури – војници, бесконечно
се повторуваат, што понекогаш резултира во монотоност или чиста декоративност.
Профаната тематика во скулптурата и релјефот позиционирани на архитектонските
објекти, односно палатите во Нимруд, Кујунџик, Корзабад претставуваат сцени од животот
на кралевите. Кралевите се прикажуваат во различни ситуации: раководат со градежни
работи, делат правда, во лов на диви животни и сл.
Асирската скулптура и релјеф го достигнуваат својот максимум во разновидноста на
темите, како и во реализмот и деликатноста во прикажувањето кога ги претставуваат
животните. Во таа смисла, лавовите претставуваат главна инспирација и една од
омилените теми на уметниците. Основни протагонисти на овие теми кралот кој лови и
лавовите кои напаѓаат или се повредени и умираат.

9
Помеѓу делата со верска (сакрална) тема најзначаен е „Крилестиот бик“ кој претставува
фантастично суштество со човечка глава и животински делови на телото. Ваквите бикови
се поставувани како украс при влезовите на утврдените палати и имаат улога на
симболични чувари на портите. Во асирската уметност ваквите типизирани фигури на
крилести бикови имаат колосални димензии. Крилестите бикови од палатата на Саргон II
во Корзабад од крајот на 8 век п.н.е. се високи преку 4 м.
Во стилска смисла, крилестите бикови претставуваат синтеза на слободна скулптура
(предниот дел кој се набљудува фронтално) и висок релјеф (бочната страна). Заради
оптичка илузија, со намера да се гледаат сите четири нозе на бикот од било кој агол на
набљудување, тој се претставува со пет нозе.

Типолошкиот пример на асирскиот


крилест бик има човечка глава крунисана
со круна околу која се обвиткуваат
неколку пара рогови. Други елементи од
животни кои се претставуваат во
неговата презентација се: лавовска грива
и орловски крилја. Овие четири елементи
(бик, човек, лав и орел) го соединуваат
она што во најголема мера ја изразува
силата на умот, физичката сила и
доминација.
Останатите дела со сакрален карактер изведени во висок релјеф и вградени околу
портите или фасадите не ѕидините го претставуваат најчесто Гилгамеш како скротител на
лавови, крилести божества со човечка форма кои извршуваат одредени дејствија и сл.
Стилски карактеристики
Асирскиот релјеф нема за цел да ја прикаже убавината на формите, туку јасно да го
раскаже настанот. Во таа насока, релјефот секогаш е дополнет со текст, со кој настанот
се толкува и се наведуваат имињата на местата и личностите. Овие текстови поради
клинестиот карактер на писмото честопати се испишани на облеката. Една од
карактеристиките на асирскиот релјеф претставува ритмичкото повторување на исти
форми или положби на човековата фигура. Човечките фигури на релјефот се поставуваат
скоро секогаш во исти план. Во овој тип на монументален релјеф не се бараат и не се
реализираат перспективни ефекти во длабочината на просторот. Во монументалниот
релјеф застапен на асирските палати се применува канонот на наизменичност сличен на
оној во Египет, во кој се меша анфас и профил. Во типологијата на лицето не постојат
варијации, најчесто ликот не е индивидуализиран. Единствената разлика во типовите е во
тоа што некои лица се претставени со брада, а некои без неа. Лицата без брада се слуги,
евнуси и личности од понизок ранг, додека лицата со долга, фризирана брада се кралеви,
достоинственици и војсководци. Должината на брадата е знак на општествен статус.
Останатите црти на лицето во монументалниот релјеф подразбираат широко отворени
очи, снажен и при врвот заоблен нос, моќни усни и вилица. Облеката е прикажана со

10
голема точност и уметникот со помош на неа ги прецизира општествениот статус на
личноста или неговата народност.
Во ликовна смисла, суштинската разлика помеѓу сумерскиот и асирскиот релјеф е во тоа
што во асирскиот постои тенденција за силно нагласен орнамент – секоја кадрица во
брадата, секој детал на обетките, на нараквицата, на облеката и сл. се изведува со крајна
мунициозност. Линиите на мускулите и тетивите на рацете и нозете се нагласуваат до таа
мера што се претвораат во анатомски орнамент.
Асурнасирпал II во лов на лавови, Нимрод, 850 г.п.н.е., варовник
Една од омилените теми на асирската уметност (релјеф) е ловот на лавови. Овие сцени
од кралските ловови презентираат церемонијлни борби, а не вистински лов. Церемониите
се изведувале на таков начин што во слободен простор, ограден со кралските војници,
бие пуштани животни со цел кралот да ги усмрти, со што била потенцирана неговата моќ.
Ваквите сцени се мошне драматични и секогаш главен актер е самото животно, полно со
величествена снага.

11
Релјеф од портата на Иштар, Вавилон, 6 век п.н.е.
Навуходоносор II (605-562 г.п.н.е.) бил градител на последниот Вавилон. Во него, тој за
себе изградил луксузна летна резиденција каде се наоѓале и вавилонските висечки бавчи.
Градот бил опколен со двоен одбранбен ѕид и имал осум големи порти, секоја од нив
посветена на по едно божество. Северната порта била посветена на божицата Иштар,
била обложена со емајлирани тули и украсена со преку 500 релјефи на лавови (симболи
на божицата Иштар), змејови (симболи на богот Мардук) и бикови (симболи на богот
Адад).

12

You might also like